гласачко ливче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glasachko-livche/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Apr 2024 14:57:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гласачко ливче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glasachko-livche/ 32 32 Уште пет лица фатени во обид да го сликаат гласачкото ливче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ushte-pet-litsa-fateni-vo-obid-da-go-slikaat-glasachkoto-livche/ Wed, 24 Apr 2024 14:57:45 +0000 https://republika.mk/?p=770221

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека во текот на денешниот изборен ден регистрирало пет случаи во кои гласачи го фотографирале гласчкото ливче во Радовиш, Скопје, Охрид и Берово. Претходно МВР информираше за уште два вакви случаи, за изборен материјал оставен на автомобили, за исцртани графити на две локации и за пронајдена испукана димна бомба на едно избирачко место.

Во 11.10 часот е пријавено дека во село Коџалија, општина Радовиш на избирачко место број 1602 С.А. од село Коџалија го фотографирал гласачкото ливче. Околу 12.15 часот е пријавено дека на избирачко место број 2683/1 во Скопје А.С. (40) од Скопје го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случаите, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат попладнево од МВР.

Случај на фотографирање на гласачкото ливче е регистриран и околу 12.15 часот, кога е пријавено дека А.И.(48) од Охрид на избирачко место број 1271 во Охрид го фотографирал гласачкото ливче. Тој е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во 12.35 часот е пријавено дека на избирачко место бр.0006 во Берово, Д.Т.(42) го фотографирал гласачкото ливче. Д.Т. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во 13.57 часот е пријавено дека на избирачко место 2555 во Скопје С.С. го фотографирала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во денешното соопштение од МВР.

Претходно портпаролот на МВР Тони Ангеловски информираше дека МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, како што рече, генерално, се одвива мирно, без проблеми.

На прес-конференцијата покрај петте случаи на фотографирање на гласачките ливчиња за кои попладнево соопшти МВР, Ангеловски информираше за уште две фотографирања на гласачко ливче, едно во Штип и едно во Скопје. Во село Бучим, радовишко, пак, од страна на претседателот на избирачки одбор било пријавено дека едно лице му го покажало гласачкото ливче на еден набљудувач.

Портпаролот на МВР соопшти и дека на подрачје на општина Чаир во Скопје на паркирани возила биле оставани летоци во врска со изборниот процес, а на две локации во Скопје се забележани испишани графити.

На едно гласачко место во Скопје, покрај испишан графит, околу 06:30 часот претседателот на избирачкиот одбор пријавил дека во ходникот била пронајдена испукана димна бомба. Од страна на полициски службеници се преземени потребните мерки и активности и гласањето и на ова избирачко место се одвива непречено, рече на прес-конференцијата Ангеловски.

Како што истакна, МВР апелира граѓаните и учесниците во изборите и во останатиот дел од гласањето на овој изборниот ден да се воздржат од инциденти, а доколку се забележи какво било нарушување на изборниот процес граѓаните веднаш да ја известат полицијата на броевите 192 и 112 или да пријават во најблиската полициска станица.

The post Уште пет лица фатени во обид да го сликаат гласачкото ливче appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека во текот на денешниот изборен ден регистрирало пет случаи во кои гласачи го фотографирале гласчкото ливче во Радовиш, Скопје, Охрид и Берово. Претходно МВР информираше за уште два вакви случаи, за изборен материјал оставен на автомобили, за исцртани графити на две локации и за пронајдена испукана димна бомба на едно избирачко место.
Во 11.10 часот е пријавено дека во село Коџалија, општина Радовиш на избирачко место број 1602 С.А. од село Коџалија го фотографирал гласачкото ливче. Околу 12.15 часот е пријавено дека на избирачко место број 2683/1 во Скопје А.С. (40) од Скопје го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случаите, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат попладнево од МВР.
Случај на фотографирање на гласачкото ливче е регистриран и околу 12.15 часот, кога е пријавено дека А.И.(48) од Охрид на избирачко место број 1271 во Охрид го фотографирал гласачкото ливче. Тој е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во 12.35 часот е пријавено дека на избирачко место бр.0006 во Берово, Д.Т.(42) го фотографирал гласачкото ливче. Д.Т. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во 13.57 часот е пријавено дека на избирачко место 2555 во Скопје С.С. го фотографирала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во денешното соопштение од МВР.
Претходно портпаролот на МВР Тони Ангеловски информираше дека МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, како што рече, генерално, се одвива мирно, без проблеми. На прес-конференцијата покрај петте случаи на фотографирање на гласачките ливчиња за кои попладнево соопшти МВР, Ангеловски информираше за уште две фотографирања на гласачко ливче, едно во Штип и едно во Скопје. Во село Бучим, радовишко, пак, од страна на претседателот на избирачки одбор било пријавено дека едно лице му го покажало гласачкото ливче на еден набљудувач. Портпаролот на МВР соопшти и дека на подрачје на општина Чаир во Скопје на паркирани возила биле оставани летоци во врска со изборниот процес, а на две локации во Скопје се забележани испишани графити.
На едно гласачко место во Скопје, покрај испишан графит, околу 06:30 часот претседателот на избирачкиот одбор пријавил дека во ходникот била пронајдена испукана димна бомба. Од страна на полициски службеници се преземени потребните мерки и активности и гласањето и на ова избирачко место се одвива непречено, рече на прес-конференцијата Ангеловски.
Како што истакна, МВР апелира граѓаните и учесниците во изборите и во останатиот дел од гласањето на овој изборниот ден да се воздржат од инциденти, а доколку се забележи какво било нарушување на изборниот процес граѓаните веднаш да ја известат полицијата на броевите 192 и 112 или да пријават во најблиската полициска станица.

The post Уште пет лица фатени во обид да го сликаат гласачкото ливче appeared first on Република.

]]>
Врховниот суд ќе му дозволи на Трамп да биде на гласачкото ливче https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vrhovniot-sud-ke-mu-dozvoli-na-tramp-da-bide-na-glasachkoto-livche/ Thu, 08 Feb 2024 21:16:26 +0000 https://republika.mk/?p=741997

Дерек Мулер, експерт за изборно право на Правниот факултет Нотр Дам, кој поднесе неутрален поднесок во кој ги анализираше клучните правни прашања, откако Врховниот суд на САД ги слушна усните аргументи, рече дека судиите најверојатно ќе го вратат Доналд Трамп на гласачкото ливче во Колорадо.

Се чинеше дека судиите се загрижени дека една држава може да влијае на целиот процес на претседателски избори и оти се потребни одредени насоки од Конгресот пред да се преземе таква вонредна мерка, рече Мулер, додавајќи дека изгледа „дека Судот е склон да дозволи политичкиот процес да се одвива“.

Мулер рече дека неколку судии изразиле непријатност поради тоа што државите ја спроведувале забраната без некакви насоки од Конгресот.

Не е изненадувачки да се види како судиите изразуваат непријатност поради предлогот Врховниот суд на САД да треба да влезе во ваков вид фактичко и правно мочуриште, рече Милер.

Поранешниот претседател Доналд Трамп ги изнесе своите забелешки откако Врховниот суд на САД ги сослуша усните аргументи во случајот за неговата подобност да биде на претседателското изборно ливче.

Добрата вест е дека водиме во речиси секоја анкета, рече Трамп во коментарите од неговата резиденција на Флорида.

The post Врховниот суд ќе му дозволи на Трамп да биде на гласачкото ливче appeared first on Република.

Кој нема да извади нова лична карта до 12 февруари нема да може да гласа на изборите за претседател во мај!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-nema-da-izvadi-nova-lichna-karta-do-12-fevruari-nema-da-mozhe-da-glasa-na-izborite-za-pretsedatel-vo-maj/ Mon, 14 Aug 2023 13:02:05 +0000 https://republika.mk/?p=672052

Кој нема да стаса до 12 февруари идната година да ги замени личните документи со нови, на коишто го пишува новото уставно име на државата, нема да има право да гласа на мајските претседателски избори, пишува „Плус инфо“.

Вакви гласини веќе подолго време се шират во политичките кругови, а дека постои реална опасност многу наши сограѓани да го загубат демократското право на глас ни потврдија и од Државната изборна комисија (ДИК).

Оттаму за Плусинфо велат дека опасноста демне, но дека сепак постои надеж оти навреме ќе се изнајде преодно решение за да не се случи да има оштетени граѓани.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлагаат сите граѓани коишто имаат валидни лични документи да имаат право да гласаат на претстојните претседателски избори, бидејќи, како што посочуваат, станува збор за документи издадени од домашните институции, а политичката одлука за промена на државното име не смее да биде причина за ускратување на правото на глас.

Пратеникот од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, искрено се надева оти власта нема да биде толку безобразна и навистина да им оневозможи на дел од граѓаните да го остварат правото на глас само затоа што во личната карта не го пишува новото државно име.

Не би сакал ни да помислам дека власта подготвува такво сценарио, бидејќи таквиот потег би бил крајно безобразен

– За еден човек да го искористи своето право на глас, потребно е да приложи личен документ за идентификација. Со тој документ гласачот може да гласа, а избирачкиот одбор го користи документот за да види дали гласачот е навистина тој што се претставува дека е. Така што, секој валиден документ, без разлика каков наслов носи, би требало да е валиден за гласање. Но, за ова прашање Државната изборна комисија (ДИК) треба да изгради принципиелен став и на тој начин да ги заштити правата на гласачите, без разлика на политичките одлуки кои можеби измениле наслови на некои нивни лични документи – истакна Милошоски за Плусинфо.

Повеќе на Плусинфо.мк

The post Кој нема да извади нова лична карта до 12 февруари нема да може да гласа на изборите за претседател во мај!? appeared first on Република.

]]>

Кој нема да стаса до 12 февруари идната година да ги замени личните документи со нови, на коишто го пишува новото уставно име на државата, нема да има право да гласа на мајските претседателски избори, пишува „Плус инфо“. Вакви гласини веќе подолго време се шират во политичките кругови, а дека постои реална опасност многу наши сограѓани да го загубат демократското право на глас ни потврдија и од Државната изборна комисија (ДИК). Оттаму за Плусинфо велат дека опасноста демне, но дека сепак постои надеж оти навреме ќе се изнајде преодно решение за да не се случи да има оштетени граѓани. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлагаат сите граѓани коишто имаат валидни лични документи да имаат право да гласаат на претстојните претседателски избори, бидејќи, како што посочуваат, станува збор за документи издадени од домашните институции, а политичката одлука за промена на државното име не смее да биде причина за ускратување на правото на глас.

Пратеникот од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, искрено се надева оти власта нема да биде толку безобразна и навистина да им оневозможи на дел од граѓаните да го остварат правото на глас само затоа што во личната карта не го пишува новото државно име.  
Не би сакал ни да помислам дека власта подготвува такво сценарио, бидејќи таквиот потег би бил крајно безобразен
– За еден човек да го искористи своето право на глас, потребно е да приложи личен документ за идентификација. Со тој документ гласачот може да гласа, а избирачкиот одбор го користи документот за да види дали гласачот е навистина тој што се претставува дека е. Така што, секој валиден документ, без разлика каков наслов носи, би требало да е валиден за гласање. Но, за ова прашање Државната изборна комисија (ДИК) треба да изгради принципиелен став и на тој начин да ги заштити правата на гласачите, без разлика на политичките одлуки кои можеби измениле наслови на некои нивни лични документи – истакна Милошоски за Плусинфо.
Повеќе на Плусинфо.мк

The post Кој нема да извади нова лична карта до 12 февруари нема да може да гласа на изборите за претседател во мај!? appeared first on Република.

]]>
Гласачките ливчиња за изборите на 20 август поскапи за 600.000 денари, се јавил само еден понудувач https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/glasachkite-livchinja-za-izborite-na-20-avgust-poskapi-za-600-000-denari-se-javil-samo-eden-ponuduvach/ Thu, 11 Aug 2022 14:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=539188

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 60-та седница, ја усвои Предлог-одлуката за измена и дополнување на финансискиот план за распределба на средства за изборите за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на Општина Тетово.

ДИК ги усвои и барањата за акредитација на набљудувачи на изборите поднесени од Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција Мак Сонце – девет набљудувачи и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) – шест набљудувачи.

Четвртата точка, утврдување на изгледот на гласачкото ливче, поради безбедносни причини за заштита и тајноста на содржината, ДИК ја разгледуваше без присуство на медиуми.

Пред да биде усвоена првата точка, потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху, ја образложи потребата од донесување одлука за измени на финансискиот план за изборите.

– Според барањата кои ни пристигнаа од Комисијата за јавни набавки, пристигнати се понуди повисоки од финансискиот план кој ДИК го усвои претходните избори. Бидејќи немаме време да објавуваме нови постапки, треба да донесеме одлука за измени и дополнување на финансискиот план. Се работи за три ставки, и тоа во делот на паравани, гласачки ливчиња и беџови за набљудувачи. Во делот за беџови на набљудувачи треба да додадеме 5.000 денари, за паравани 30.000 денари и за гласачки ливчиња околу 600.000 денари, соопшти потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху.

Таа истакна дека за одреден дел на постапки имаат само еден понудувач.

– Треба да направиме анализа зошто ни се случува за гласачките ливчиња да имаме само по еден понудувач, нагласи Шеху.

Изборите за градоначалниcи на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на Општина Тетово треба да се одржат на 20 август.

The post Гласачките ливчиња за изборите на 20 август поскапи за 600.000 денари, се јавил само еден понудувач appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 60-та седница, ја усвои Предлог-одлуката за измена и дополнување на финансискиот план за распределба на средства за изборите за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на Општина Тетово. ДИК ги усвои и барањата за акредитација на набљудувачи на изборите поднесени од Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција Мак Сонце – девет набљудувачи и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) – шест набљудувачи. Четвртата точка, утврдување на изгледот на гласачкото ливче, поради безбедносни причини за заштита и тајноста на содржината, ДИК ја разгледуваше без присуство на медиуми. Пред да биде усвоена првата точка, потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху, ја образложи потребата од донесување одлука за измени на финансискиот план за изборите.