гласачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glasachi/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 11:25:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гласачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glasachi/ 32 32 Спасовски: Со законот за локална самоуправа ќе се манипулира со волјата на избирачите, ние сме против https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-so-zakonot-za-lokalna-samouprava-ke-se-manipulira-so-voljata-na-izbirachite-nie-sme-protiv/ Wed, 11 Sep 2024 11:25:50 +0000 https://republika.mk/?p=815353

СДСМ го искажа својот став за измена на законот за локална самоуправа, а тоа е дека сме против ова законско решение, истакна пратеникот Оливер Спасовски.

Опозициската партија смета дека на овој начин се нарушуваат демократските принципи и е спротивно на уставните начела со кои граѓаноите ги носат одлуките за локалната власт.

„Сметаме дека носењето на вакво законско решение во кое без одлука на граѓаните ќе можеме да вршиме промена на градоначалници во одредени општини, на тој начин се одзема правото на граѓаните и се манипулира со волјата на избирачите. Исправно е да кажеме јасно и гласно дека ваков закон не може да добие поддршка. Кога станува збор за изборите, последниот збор мора да го има граѓанинот. Ќе се соочиме со состојба кога по одржувањето на избори повторно се создава пракса во која ќе може на некој од градоначалниците да му престане мандатот и потоа до крајот на мандатот да раководи друг“, рече Спасовски.

Пратеникот го коментираше и ставот на ДУИ дека ќе го поддржи законот за локална самоуправа.

„И покрај тоа што партијата која сега ја предводи владата, тоа е ВМРО-ДПМНЕ, пред целата јавност кажа дека ДУИ е дефакторизирана и било каква соработка со ДУИ е невозможна, ние гледаме добра коалиција на дело затоа што ова е веќе второ законско решение. Сосема се јасни работите и ќе им бидат и награѓаните дека таа нишка, врска којашто постои е длабока, а причините за одлуката ќе излезат на вииделина“, рече Спасовски.

Собранието денеска ја почна 14. седница на која на предложениот дневен ред се 31. точка, меѓу кои Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка, со којшто, меѓудругото, се предвидува вршителот на должност градоначалник во општините каде по сила на закон им престанал мандатот на избраните градоначалници да можат да ја извршуваат оваа функција до изборот на нов прв човек на општината. За да се изгласа овој закон потребно е двотретонско мнозинство. По парламентарните избори во земјата и изборот за министри и пратеници, в.д градоначалници има во Аеродром, во Гостивар и во Сарај.

The post Спасовски: Со законот за локална самоуправа ќе се манипулира со волјата на избирачите, ние сме против appeared first on Република.

]]>

СДСМ го искажа својот став за измена на законот за локална самоуправа, а тоа е дека сме против ова законско решение, истакна пратеникот Оливер Спасовски. Опозициската партија смета дека на овој начин се нарушуваат демократските принципи и е спротивно на уставните начела со кои граѓаноите ги носат одлуките за локалната власт. „Сметаме дека носењето на вакво законско решение во кое без одлука на граѓаните ќе можеме да вршиме промена на градоначалници во одредени општини, на тој начин се одзема правото на граѓаните и се манипулира со волјата на избирачите. Исправно е да кажеме јасно и гласно дека ваков закон не може да добие поддршка. Кога станува збор за изборите, последниот збор мора да го има граѓанинот. Ќе се соочиме со состојба кога по одржувањето на избори повторно се создава пракса во која ќе може на некој од градоначалниците да му престане мандатот и потоа до крајот на мандатот да раководи друг“, рече Спасовски. Пратеникот го коментираше и ставот на ДУИ дека ќе го поддржи законот за локална самоуправа. „И покрај тоа што партијата која сега ја предводи владата, тоа е ВМРО-ДПМНЕ, пред целата јавност кажа дека ДУИ е дефакторизирана и било каква соработка со ДУИ е невозможна, ние гледаме добра коалиција на дело затоа што ова е веќе второ законско решение. Сосема се јасни работите и ќе им бидат и награѓаните дека таа нишка, врска којашто постои е длабока, а причините за одлуката ќе излезат на вииделина“, рече Спасовски. Собранието денеска ја почна 14. седница на која на предложениот дневен ред се 31. точка, меѓу кои Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка, со којшто, меѓудругото, се предвидува вршителот на должност градоначалник во општините каде по сила на закон им престанал мандатот на избраните градоначалници да можат да ја извршуваат оваа функција до изборот на нов прв човек на општината. За да се изгласа овој закон потребно е двотретонско мнозинство. По парламентарните избори во земјата и изборот за министри и пратеници, в.д градоначалници има во Аеродром, во Гостивар и во Сарај.

The post Спасовски: Со законот за локална самоуправа ќе се манипулира со волјата на избирачите, ние сме против appeared first on Република.

]]>
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-opshtinite-debar-i-tsentar-zhupa-poveke-glasachi-od-zhiteli/ Fri, 19 Apr 2024 16:24:06 +0000 https://republika.mk/?p=768081

Во општините Дебар и Центар Жупа, во единствениот избирачки список запишани се поголем број лица, отколку, што, според пописот од 2021 година, има резидентно население.

Во општина Дебар со право на глас се запишани 19.334 лица, наспроти 15.412 колку што според пописот има жители, додека во соседната општина Центар Жупа резидентно население има 3.720 а во единствениот избрачки список се запишани 7.393 лица со право на глас.

-На прв поглед овој податок збунува, но тоа е појава која е присутна и во други општини, како што повеќе изборни циклуси наназад е и соседната општина Маврово и Ростуше. Тоа е поради масовната миграција присутна во овој крај. Поконкретно бројот на гласачи е поголем бидејќи во него се и нашинците кои се во странство а поседуваат лични документи на нашата држава, изјави за МИА, Неџип Илјаз претседател на Општинската изборна комисија за Центар Жупа.

Подговоките за престојните избори течат непречено.

-Денеска во Дебар заврши петневната обука на 270 членови за 27 избрачки избори, како и за ОИК. На трети април  успешно заврши четиридневната обука во Центар Жупа за 160 членови на 16 избирачки одбори и ОИК, рече за МИА, Али Реџа одговорен на тричлената екипа обучувачи.

Според првите луѓе на ОИК разгледани се доставените барања и документацијата и одлучено е во вторник во домашни услови да гласаат 32  изнемоштени  и болни лица во општина Дебар и 5 во Џентар Жупа, колку што и се пријавиле.

Двете општини се дел од петтата изборна единица, ќе се гласа на 27 односно, 16 гласачки места, кои главно се сместени во простории на училиштата

The post Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители appeared first on Република.

]]>

Во општините Дебар и Центар Жупа, во единствениот избирачки список запишани се поголем број лица, отколку, што, според пописот од 2021 година, има резидентно население. Во општина Дебар со право на глас се запишани 19.334 лица, наспроти 15.412 колку што според пописот има жители, додека во соседната општина Центар Жупа резидентно население има 3.720 а во единствениот избрачки список се запишани 7.393 лица со право на глас. -На прв поглед овој податок збунува, но тоа е појава која е присутна и во други општини, како што повеќе изборни циклуси наназад е и соседната општина Маврово и Ростуше. Тоа е поради масовната миграција присутна во овој крај. Поконкретно бројот на гласачи е поголем бидејќи во него се и нашинците кои се во странство а поседуваат лични документи на нашата држава, изјави за МИА, Неџип Илјаз претседател на Општинската изборна комисија за Центар Жупа. Подговоките за престојните избори течат непречено. -Денеска во Дебар заврши петневната обука на 270 членови за 27 избрачки избори, како и за ОИК. На трети април  успешно заврши четиридневната обука во Центар Жупа за 160 членови на 16 избирачки одбори и ОИК, рече за МИА, Али Реџа одговорен на тричлената екипа обучувачи. Според првите луѓе на ОИК разгледани се доставените барања и документацијата и одлучено е во вторник во домашни услови да гласаат 32  изнемоштени  и болни лица во општина Дебар и 5 во Џентар Жупа, колку што и се пријавиле. Двете општини се дел од петтата изборна единица, ќе се гласа на 27 односно, 16 гласачки места, кои главно се сместени во простории на училиштата

The post Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Условот еден кандидат да победи во првиот круг е за него да гласаат 50 проценти плус еден граѓанин, од сите луѓе запишани во избирачкиот список https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-uslovot-eden-kandidat-da-pobedi-vo-prviot-krug-e-za-nego-da-glasaat-50-protsenti-plus-eden-graganin-od-site-luge-zapishani-vo-izbirachkiot-spisok/ Mon, 04 Mar 2024 18:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=751237

Во вечерашното гостување во ,,Тема на денот" на Сител тв, претседателот Стево Пендаровски говорејќи за анкетите за претстојните претседателски избори истакна дека претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицковски говори дека нивниот кандидат ќе води со над 100 илјади гласови, без притоа да каже како ќе биде соодносот во вториот круг.

,,Сите нивни прогнози се базираат на првиот круг. Никој никогаш не станал, со 7 кандидати, претседател во првиот круг. Значи анкетите кои јас ги знам, а ги знаат и во ВМРО-ДПМНЕ, е дека во вториот круг јас сигурно го добивам нивниот кандидат"

Во оваа насока претседателот Пендаровски образложи дека условот еден кандидат да победи во првиот круг е за него да гласаат 50 проценти плус еден граѓанин, од сите луѓе запишани во избирачкиот список, значи околу 900 илјади граѓани, што, како што истакна претседателот Пендаровски е апсолутно невозможно.

Истакна дека тој ја очекува поддршката од сите етнички заедници, затоа што како што посочи, никој не може да стане претседател ако не добие широка граѓанска поддршка.

„На изборите ја очекувам поддршката од сите етнички заедници и од сите политички партии кои се репрезенти на тие етнички заедници. Многу пати сум го кажувал тоа и го тврдам: не можеш да станеш претседател ако не те поддржат сите, во една значајна бројка“ посочи Пендаровски.

Според Пендаровски, широката поддршка е нужна не само заради одзивот туку пред се и за понатамошниот политички легитимитет и кредибилитет на претседателот.

The post Пендаровски: Условот еден кандидат да победи во првиот круг е за него да гласаат 50 проценти плус еден граѓанин, од сите луѓе запишани во избирачкиот список appeared first on Република.

]]>

Во вечерашното гостување во ,,Тема на денот" на Сител тв, претседателот Стево Пендаровски говорејќи за анкетите за претстојните претседателски избори истакна дека претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицковски говори дека нивниот кандидат ќе води со над 100 илјади гласови, без притоа да каже како ќе биде соодносот во вториот круг.

,,Сите нивни прогнози се базираат на првиот круг. Никој никогаш не станал, со 7 кандидати, претседател во првиот круг. Значи анкетите кои јас ги знам, а ги знаат и во ВМРО-ДПМНЕ, е дека во вториот круг јас сигурно го добивам нивниот кандидат" Во оваа насока претседателот Пендаровски образложи дека условот еден кандидат да победи во првиот круг е за него да гласаат 50 проценти плус еден граѓанин, од сите луѓе запишани во избирачкиот список, значи околу 900 илјади граѓани, што, како што истакна претседателот Пендаровски е апсолутно невозможно. Истакна дека тој ја очекува поддршката од сите етнички заедници, затоа што како што посочи, никој не може да стане претседател ако не добие широка граѓанска поддршка. „На изборите ја очекувам поддршката од сите етнички заедници и од сите политички партии кои се репрезенти на тие етнички заедници. Многу пати сум го кажувал тоа и го тврдам: не можеш да станеш претседател ако не те поддржат сите, во една значајна бројка“ посочи Пендаровски. Според Пендаровски, широката поддршка е нужна не само заради одзивот туку пред се и за понатамошниот политички легитимитет и кредибилитет на претседателот.

The post Пендаровски: Условот еден кандидат да победи во првиот круг е за него да гласаат 50 проценти плус еден граѓанин, од сите луѓе запишани во избирачкиот список appeared first on Република.

]]>
До ДИК досега 209 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/do-dik-dosega-209-elektronski-prijavi-za-registratsija-na-glasachi-od-dijasporata/ Thu, 29 Feb 2024 15:06:38 +0000 https://republika.mk/?p=749725

До попладневните часови пристигнати се вкупно 209 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората за претстојните парламентарни и претседателски избори, информираат за МИА од Државната изборна комисија (ДИК).

Од ДИК посочуваат дека од вкупниот број пријави 53 се прифатени, девет се одбиени, а за 147 пријави во тек е на обработка.

Ппријави од дипломатските претставништва се уште не се пристигнати до ДИК.

Согласно Роковникот на ДИК, доставувањето на пријавите за гласање на изборите е до 20 март, в среда.

The post До ДИК досега 209 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората appeared first on Република.

]]>

До попладневните часови пристигнати се вкупно 209 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората за претстојните парламентарни и претседателски избори, информираат за МИА од Државната изборна комисија (ДИК). Од ДИК посочуваат дека од вкупниот број пријави 53 се прифатени, девет се одбиени, а за 147 пријави во тек е на обработка. Ппријави од дипломатските претставништва се уште не се пристигнати до ДИК. Согласно Роковникот на ДИК, доставувањето на пријавите за гласање на изборите е до 20 март, в среда.

The post До ДИК досега 209 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората appeared first on Република.

]]>
Мнозинство од Американците сметаат дека Бајден не е ментално способен да биде претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mnozinstvo-od-amerikantsite-smetaat-deka-bajden-ne-e-mentalno-sposoben-da-bide-pretsedatel/ Tue, 06 Feb 2024 18:50:44 +0000 https://republika.mk/?p=741153

Околу 59 отсто од гласачите во САД сметаат дека американскиот претседател Џо Бајден е се помалку ментално способен за да се кандидира за реизбор во ноември, покажуват резултатите на анкета спроведена од агенцијата „Расмусен Репортс“.

Една третина од испитаниците или 33%, не се согласуваат со мнозинството за менталното здравје на Бајден, но повеќето се сомневаат дека медиумите го прикриваат когнитивниот пад на претседателот, се вели во соопштението за печатот што го објави „Расмусен Рипортс“.

Анкетата е спроведена меѓу 943 возрасни гласачи во САД од 28 до 30 јануари. Маргината на грешка при земање примероци е +/- 3 процентни поени со 95% ниво на доверба.

Во јануари, анкета на „АБЦ Нуз/Испос“ откри дека само 28% од Американците веруваат дека Бајден ја има менталната острина потребна за да биде претседател. Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, тогаш одговори дека наодите од анкетата за слабата острина и физичкото здравје на претседателот Бајден се збунувачки, земајќи го предвид тоа што тој го постигнал во последните три години.

The post Мнозинство од Американците сметаат дека Бајден не е ментално способен да биде претседател appeared first on Република.

]]>

Околу 59 отсто од гласачите во САД сметаат дека американскиот претседател Џо Бајден е се помалку ментално способен за да се кандидира за реизбор во ноември, покажуват резултатите на анкета спроведена од агенцијата „Расмусен Репортс“. Една третина од испитаниците или 33%, не се согласуваат со мнозинството за менталното здравје на Бајден, но повеќето се сомневаат дека медиумите го прикриваат когнитивниот пад на претседателот, се вели во соопштението за печатот што го објави „Расмусен Рипортс“. Анкетата е спроведена меѓу 943 возрасни гласачи во САД од 28 до 30 јануари. Маргината на грешка при земање примероци е +/- 3 процентни поени со 95% ниво на доверба. Во јануари, анкета на „АБЦ Нуз/Испос“ откри дека само 28% од Американците веруваат дека Бајден ја има менталната острина потребна за да биде претседател. Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, тогаш одговори дека наодите од анкетата за слабата острина и физичкото здравје на претседателот Бајден се збунувачки, земајќи го предвид тоа што тој го постигнал во последните три години.

The post Мнозинство од Американците сметаат дека Бајден не е ментално способен да биде претседател appeared first on Република.

]]>
Брнабиќ: Не е точно дека во Белград има фантомски гласачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/brnabik-ne-e-tochno-deka-vo-belgrad-ima-fantomski-glasachi/ Mon, 13 Nov 2023 10:14:39 +0000 https://republika.mk/?p=700986

Не е точно оти партијата организира пријавување на живеалиштето на жителите од другите градови во Белград за да гласаат на изборите на 17 декември, тоа не е можно бидејќи списоците се поврзани во единствен избирачки список, па затоа постои централен регистар на населението, изјави денеска Ана Брнабиќ, објавуваат српските медиуми.

Брнабиќ, која е и премиер во оставка, во изборната програма на телевизијата „Хепи“ рече дека „додека не постоеше единствен избирачки список, (до) 2012 година, секоја општина чуваше свој избирачки список, тогаш беше сосема можно еден ист човек да гласа на две места во Србија“.

Од каде ги населуваме овие луѓе, пред секои избори ја повторуваат таа приказна. Ако му се верува на Драган Ѓилас, Србија денес би имала 60 милиони жители. Не можеме да крадеме затоа што го уредивме системот. Ако народот рече дека не нѐ сака, не нѐ сака. Ќе бидеме сериозна, стабилна опозиција, изјави Брнабиќ.

Таа рече дека приказната за фантомските гласачи, за кои претставниците на опозицијата тврдат дека се пријавуваат на адреси во Белград, е „приказна за хаосот што сакаат да го направат од 18 декември“.

Сега го подготвуваат теренот од 18 декември повторно да направат хаос во Србија. Ако дојдат на власт, не им е јасно како функционира сега системот, тој избирачки список повторно би го правеле на хартија. Бројот на гласачи се ажурира на секои три месеци. Денеска да пријавиш човек што живее во Ниш да гласа во Белград и да кажеш дека тоа е од 300 до 500 луѓе дневно, тоа е апсолутно невозможно, рече Брнабиќ.

Според неа, „да има зрнце вистина“ за приказните за регистрација на фантомски гласачи би реагирале Европската Унија и Соединетите Американски Држави, како и набљудувачката мисија на ОБСЕ, ОДИХР и други.

The post Брнабиќ: Не е точно дека во Белград има фантомски гласачи appeared first on Република.

]]>

Не е точно оти партијата организира пријавување на живеалиштето на жителите од другите градови во Белград за да гласаат на изборите на 17 декември, тоа не е можно бидејќи списоците се поврзани во единствен избирачки список, па затоа постои централен регистар на населението, изјави денеска Ана Брнабиќ, објавуваат српските медиуми. Брнабиќ, која е и премиер во оставка, во изборната програма на телевизијата „Хепи“ рече дека „додека не постоеше единствен избирачки список, (до) 2012 година, секоја општина чуваше свој избирачки список, тогаш беше сосема можно еден ист човек да гласа на две места во Србија“. Од каде ги населуваме овие луѓе, пред секои избори ја повторуваат таа приказна. Ако му се верува на Драган Ѓилас, Србија денес би имала 60 милиони жители. Не можеме да крадеме затоа што го уредивме системот. Ако народот рече дека не нѐ сака, не нѐ сака. Ќе бидеме сериозна, стабилна опозиција, изјави Брнабиќ. Таа рече дека приказната за фантомските гласачи, за кои претставниците на опозицијата тврдат дека се пријавуваат на адреси во Белград, е „приказна за хаосот што сакаат да го направат од 18 декември“. Сега го подготвуваат теренот од 18 декември повторно да направат хаос во Србија. Ако дојдат на власт, не им е јасно како функционира сега системот, тој избирачки список повторно би го правеле на хартија. Бројот на гласачи се ажурира на секои три месеци. Денеска да пријавиш човек што живее во Ниш да гласа во Белград и да кажеш дека тоа е од 300 до 500 луѓе дневно, тоа е апсолутно невозможно, рече Брнабиќ. Според неа, „да има зрнце вистина“ за приказните за регистрација на фантомски гласачи би реагирале Европската Унија и Соединетите Американски Држави, како и набљудувачката мисија на ОБСЕ, ОДИХР и други.

The post Брнабиќ: Не е точно дека во Белград има фантомски гласачи appeared first on Република.

]]>
Азири: Скоро пола од албанското гласачкото тело не е во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aziri-skoro-pola-od-albanskoto-glasachkoto-telo-ne-e-vo-makedonija/ Thu, 12 May 2022 20:32:36 +0000 https://republika.mk/?p=501669

Пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците, Елми Азири вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на Тв21 посочи дека најголем број иселеници кои што избегале од оваа земја се Албанци.

Има и Македонци, ама претежно се Албанци. Скоро пола од албанското гласачкото тело не е во Македонија - порача Азири.

The post Азири: Скоро пола од албанското гласачкото тело не е во Македонија appeared first on Република.

]]>

Пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците, Елми Азири вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на Тв21 посочи дека најголем број иселеници кои што избегале од оваа земја се Албанци.
Има и Македонци, ама претежно се Албанци. Скоро пола од албанското гласачкото тело не е во Македонија - порача Азири.

The post Азири: Скоро пола од албанското гласачкото тело не е во Македонија appeared first on Република.

]]>