Глас за Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glas-za-makedonija/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Feb 2023 11:33:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Глас за Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glas-za-makedonija/ 32 32 Градот Скопје веднаш да свика седница за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија, барат од Глас за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradot-skopje-vednash-da-svika-sednitsa-za-nastradanite-vo-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija-barat-od-glas-za-makedonija/ Mon, 06 Feb 2023 11:33:09 +0000 https://republika.mk/?p=605414

Глас за Македонија изразува длабоко сочувство за постраданите граѓани на Турција и Сирија по ноќешниот катастрофален земјотрес.

Град Скопје и самиот пострада во 1963 година, а последиците беа санирани благодарение на несебичната помош и солидарност на целиот свет. Скопје беше прогласен за град на солидарноста. Денес во Скопје, како ретко каде, постои и ИЗИИС, институт за земјотресно инженерство.

Глас за Македонија го повикува Градот Скопје, веднаш, уште денес, да свика седница на која ќе се одреди точната помош која ние можеме да ја испратиме. Да не заборавиме колку животи беа спасени кај нас со полски болници, медицински персонал и медикаменти, откопувачи на рушевини, стручни луѓе кои знаеја да ги превенираат последиците од големиот број на афтершокови, привремени живеалишта.

Денес е потребна акција, брза, навремена, со олеснети административни процедури. И секако не ни треба политризирање и поделби.

Град Скопје, очекуваме итна акција за помош на постраданите. Секоја минута е важна.

 

The post Градот Скопје веднаш да свика седница за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија, барат од Глас за Македонија appeared first on Република.

]]>

Глас за Македонија изразува длабоко сочувство за постраданите граѓани на Турција и Сирија по ноќешниот катастрофален земјотрес. Град Скопје и самиот пострада во 1963 година, а последиците беа санирани благодарение на несебичната помош и солидарност на целиот свет. Скопје беше прогласен за град на солидарноста. Денес во Скопје, како ретко каде, постои и ИЗИИС, институт за земјотресно инженерство. Глас за Македонија го повикува Градот Скопје, веднаш, уште денес, да свика седница на која ќе се одреди точната помош која ние можеме да ја испратиме. Да не заборавиме колку животи беа спасени кај нас со полски болници, медицински персонал и медикаменти, откопувачи на рушевини, стручни луѓе кои знаеја да ги превенираат последиците од големиот број на афтершокови, привремени живеалишта. Денес е потребна акција, брза, навремена, со олеснети административни процедури. И секако не ни треба политризирање и поделби. Град Скопје, очекуваме итна акција за помош на постраданите. Секоја минута е важна.  

The post Градот Скопје веднаш да свика седница за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија, барат од Глас за Македонија appeared first on Република.

]]>