гламур Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glamur/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Sep 2022 13:07:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гламур Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glamur/ 32 32 Гламур на свеченото отворање на 79. издание на Филмскиот фестивал во Венеција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/glamur-na-svechenoto-otvoranje-na-79-izdanie-na-filmskiot-festival-vo-venecija/ Thu, 01 Sep 2022 13:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=546446

Гламурот се врати на свеченото отворање на 79-от Филмски фестивал во Венеција, а првпат по 2019 година филмските ѕвезди прошетаа слободно по црвениот тепих по ограничувањата кои беа воведени поради пандемијата со ковид-19.

Во трката за престижниот „Златен лав“ за најдобар филм, ќе се натпреваруваат 23 филмови, а фестивалот ќе биде во центарот на вниманието до 10-ти септември.

Претседателката на жирито, 61-годишната Џулиен Мур, блесна во фустан на модната куќа „Валентино“.

Оваа година фестивалот е замислен како „прозорец отворен кон светот“, истакна уметничкиот директор и филмски критичар Алберто Барбера.

Честа да го отвори натпреварувачкиот дел на фестивалот ја имаше филмот „White Noise“ на Ноа Баумбах, со Адам Драјвер, Грета Гервиг и Џоди Тарнер-Смит.

Филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска ќе ја доживее својата светска премиера на престижниот Венециски филмски фестивал. По премиерата на „Прашина“ на Милчо Манчевски во 2001 година, ова е прв мнозинско македонски филм што ќе доживее своја премиера во една од официјалните натпреварувачки програми – „Хоризонти“. Филмот на Стругар Митевска ќе се натпреварува во неколку категории меѓу кои најдобра режија и најдобар филм.

Официјалната проекција на „Најсреќниот човек на светот“ е закажана во петок, 02. септември во киносалата „Sala Darsena“ со почеток во 14.15 минути, а потоа на 03. септември во киносалата „Palabiennale“со почеток во 13.30 минути.

Џоди Тарнер-Смит , Џулијан Мур и Грета Гервиг беа меѓупрвите првите ѕвезди кои пристигнаа на премиерата на „White Noise“ и позираа на црвениот тепих, облечени во гламурозни креации во кои доминираше црна боја.

Сепак, и покрај впечатливите креации на актерките, вниманието на црвениот тепих оваа година го украде Хилари Клинтон. Поранешната државна секретарка на церемонијата на отворање на престижната Мостра беше стилизирана во нежно кафтан со тиркизна јака. Клинтон својот изглед на црвениот тепих го заокружи со масивни сребрени алки и мокасини во бела боја. Хилари беше придружувана од италијанскиот министер за култура Дарио Франческини.

Марија Карла Боскано оваа година беше една од најхрабрите гостинки на отворањето на овој престижен фестивал. Италијанската манекенка позираше на црвениот тепих во креација од Жан Пол Готје.

Иконата на францускиот филм Катрин Денев се закити со наградата Златен лав за животно дела на овогодинешното отворање на фестивалот. Во текот на нејзината кариера Денев работеше со некои од најголемите европски режисери, како Луис Буњуел, Франсоа Трифо, Маноел Де Оливеира, Роман Полански и Ларс фон Трир.

На црвениот тепих во следните денови се очекуваат да продефилираат уште многу звучни холувудски имиња. Шпанската актерка Пенелопе Круз е протагонистка во италијанскиот филм на Емануеле Криалезе насловен „The Immensity“, додека Австралијката Кејт Бланшет игра диригент на оркестар во „Tár“ на Тод Филд.

 

The post Гламур на свеченото отворање на 79. издание на Филмскиот фестивал во Венеција appeared first on Република.

]]>

Гламурот се врати на свеченото отворање на 79-от Филмски фестивал во Венеција, а првпат по 2019 година филмските ѕвезди прошетаа слободно по црвениот тепих по ограничувањата кои беа воведени поради пандемијата со ковид-19. Во трката за престижниот „Златен лав“ за најдобар филм, ќе се натпреваруваат 23 филмови, а фестивалот ќе биде во центарот на вниманието до 10-ти септември. Претседателката на жирито, 61-годишната Џулиен Мур, блесна во фустан на модната куќа „Валентино“. Оваа година фестивалот е замислен како „прозорец отворен кон светот“, истакна уметничкиот директор и филмски критичар Алберто Барбера. Честа да го отвори натпреварувачкиот дел на фестивалот ја имаше филмот „White Noise“ на Ноа Баумбах, со Адам Драјвер, Грета Гервиг и Џоди Тарнер-Смит. Филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска ќе ја доживее својата светска премиера на престижниот Венециски филмски фестивал. По премиерата на „Прашина“ на Милчо Манчевски во 2001 година, ова е прв мнозинско македонски филм што ќе доживее своја премиера во една од официјалните натпреварувачки програми – „Хоризонти“. Филмот на Стругар Митевска ќе се натпреварува во неколку категории меѓу кои најдобра режија и најдобар филм. Официјалната проекција на „Најсреќниот човек на светот“ е закажана во петок, 02. септември во киносалата „Sala Darsena“ со почеток во 14.15 минути, а потоа на 03. септември во киносалата „Palabiennale“со почеток во 13.30 минути. Џоди Тарнер-Смит , Џулијан Мур и Грета Гервиг беа меѓупрвите првите ѕвезди кои пристигнаа на премиерата на „White Noise“ и позираа на црвениот тепих, облечени во гламурозни креации во кои доминираше црна боја. Сепак, и покрај впечатливите креации на актерките, вниманието на црвениот тепих оваа година го украде Хилари Клинтон. Поранешната државна секретарка на церемонијата на отворање на престижната Мостра беше стилизирана во нежно кафтан со тиркизна јака. Клинтон својот изглед на црвениот тепих го заокружи со масивни сребрени алки и мокасини во бела боја. Хилари беше придружувана од италијанскиот министер за култура Дарио Франческини. Марија Карла Боскано оваа година беше една од најхрабрите гостинки на отворањето на овој престижен фестивал. Италијанската манекенка позираше на црвениот тепих во креација од Жан Пол Готје. Иконата на францускиот филм Катрин Денев се закити со наградата Златен лав за животно дела на овогодинешното отворање на фестивалот. Во текот на нејзината кариера Денев работеше со некои од најголемите европски режисери, како Луис Буњуел, Франсоа Трифо, Маноел Де Оливеира, Роман Полански и Ларс фон Трир. На црвениот тепих во следните денови се очекуваат да продефилираат уште многу звучни холувудски имиња. Шпанската актерка Пенелопе Круз е протагонистка во италијанскиот филм на Емануеле Криалезе насловен „The Immensity“, додека Австралијката Кејт Бланшет игра диригент на оркестар во „Tár“ на Тод Филд.  

The post Гламур на свеченото отворање на 79. издание на Филмскиот фестивал во Венеција appeared first on Република.

]]>