гладни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gladni/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Aug 2024 09:50:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гладни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gladni/ 32 32 Цивилите во Појасот Газа се гладни, жедни и болни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tsivilite-vo-pojasot-gaza-se-gladni-zhedni-i-bolni/ Fri, 30 Aug 2024 09:50:06 +0000 https://republika.mk/?p=811491

Заменик генералниот секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања, Џојс Мсуја изјави дека ситуацијата во Појасот Газа, каде што продолжуваат израелските напади, е „повеќе од безнадежна“, пренесува Анадолија.

Во обраќањето пред членовите на Советот за безбедност на ОН, Мсуја предупреди на тешката хуманитарна ситуација со која се соочуваат палестинските цивили во Газа.

Таа ја повтори длабоката загриженост на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за ситуацијата на окупираниот Западен Брег и неговиот повик за итен прекин на сите израелски операции.

„Од 7 октомври 2023 година, повеќе од десет пати известувавме до Советот за безбедност на ОН за страдањата на цивилите, жените, мажите и децата“, рече Мсуја.

Таа потсети дека се почести се вестите за злоупотреба на палестински затвореници во Израел.

Мсуја, исто така, истакна дека хуманитарните работници на ОН се „соочени со предизвик без преседан“ поради различните опструкции на Израел.

Таа нагласи дека настаните во Појасот Газа во последните 11 месеци ја доведоа во прашање посветеноста на светот кон меѓународниот правен поредок, кој е дизајниран да спречи токму такви трагедии.

„Ова не тера да се запрашаме: Што се случи со нашето основно чувство за хуманост“, рече Мсуја.

Таа уште еднаш го предупреди светот дека цивилите во Појасот Газа се гладни, жедни, болни и без покрив на главата.

The post Цивилите во Појасот Газа се гладни, жедни и болни appeared first on Република.

]]>

Заменик генералниот секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања, Џојс Мсуја изјави дека ситуацијата во Појасот Газа, каде што продолжуваат израелските напади, е „повеќе од безнадежна“, пренесува Анадолија. Во обраќањето пред членовите на Советот за безбедност на ОН, Мсуја предупреди на тешката хуманитарна ситуација со која се соочуваат палестинските цивили во Газа. Таа ја повтори длабоката загриженост на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за ситуацијата на окупираниот Западен Брег и неговиот повик за итен прекин на сите израелски операции. „Од 7 октомври 2023 година, повеќе од десет пати известувавме до Советот за безбедност на ОН за страдањата на цивилите, жените, мажите и децата“, рече Мсуја. Таа потсети дека се почести се вестите за злоупотреба на палестински затвореници во Израел. Мсуја, исто така, истакна дека хуманитарните работници на ОН се „соочени со предизвик без преседан“ поради различните опструкции на Израел. Таа нагласи дека настаните во Појасот Газа во последните 11 месеци ја доведоа во прашање посветеноста на светот кон меѓународниот правен поредок, кој е дизајниран да спречи токму такви трагедии. „Ова не тера да се запрашаме: Што се случи со нашето основно чувство за хуманост“, рече Мсуја. Таа уште еднаш го предупреди светот дека цивилите во Појасот Газа се гладни, жедни, болни и без покрив на главата.

The post Цивилите во Појасот Газа се гладни, жедни и болни appeared first on Република.

]]>
Третина од храната во светот се фрла, тоа е доволно да се нахранат сите сиромашни и гладни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tretina-od-hranata-vo-svetot-se-frla-toa-e-dovolno-da-se-nahranat-site-siromashni-i-gladni/ Sun, 01 Jan 2023 09:45:31 +0000 https://republika.mk/?p=592435

Глобалните климатски промени, економските проблеми, политичката нестабилност, епидемиите и конфликтите ја заострија кризата со храна ширум светот, отежнувајќи го пристапот до прехранбени продукти за стотици милиони луѓе.

Војната во Украина и блокадата на извозот на жито го влошија проблемот со гладта во светот, покрај локалните воени конфликти, големите суши, прекумерното трошење на ресурсите, негрижата на богатите држави, неможноста да се достави хуманитрана помош…

Хуманитарните агенции се трудат да се подготват за уште покритични нивоа на глад, бидејќи се соочуваат со годишен јаз од 14 милијарди евра во трошоците за безбедноста на храната. Руската интервенција во Украина, европската житница, сериозно ги потресе светските пазари на храна. Триесет и шест земји се потпираат на Украина и Русија за повеќе од половина од нивниот увоз на пченица. Повеќе од 60 држави се борат да платат за увоз на храна. Високите цени на енергијата и нестабилноста на пазарите на храна извршија дополнителен притисок врз земјите во развој кои немаат пари.

Поставената цел на ОН да се стави крај на гладот ​​до крајот на деценијата, изгледа подалеку од кога било.

Во ноември, светската полулација ја надмина бројката од осум милијарди луѓе. Според податоците на Светската здравствена организација и на Агенцијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), од глад или болести поврзани со недостиг на храна, годишно во светот умираат 9 милиони луѓе, од кои една третина се деца, а половината се под петгодишна возраст.

Со тешкотии во пристапот до храна или потхранети се 860 милиони луѓе, пред се во Африка и Азија. Две милијарди имаат недостаток на микронутриенти – витамини и минерали, а милиони деца страдаат од заостанување и слабеење, смртоносни форми на недоволна исхранетост.

Дебели или со прекумерна тежина над 2 милијарди луѓе

Наспроти тоа, огромни количини храна се фрлаат, и се зголемува бројот на дебели и луѓе со прекумерна тежина. Околу 815 милиони лица во светот се дебели, а 1,73 милијарди имаат прекумерна тежина, најголем дел во богатите и развиени земји.

Само во САД, на програми за слабеење годишно се трошат над 60 милијарди долари.

Според податоците на Обединетите нации, околу милијарда тони храна секоја година завршуваат во ѓубре. Дури една третина од целата храна произведена на глобално ниво се губи или се фрла. Околу 61 отсто од храната која се фрла е од домаќинствата, 28 проценти од ресторани и 13 од маркети.

Сликовито прикажано, количината на храна што се фрла годишно, може да наполни 23 милиони камиони, кои ако се поредат еден по друг, би формирале колона доволно долга за да ја обиколи Земјата седум пати.

Храната што се фрла и се троши залудно е повеќе од доволна за да се нахранат сите гладни во светот.

Во Македонија се фрлаат 83 килограми храна годишно по човек

Податоците на специјализираните агенции и статистички институции, покажуваат дека и земјава не е исклучок од глобалниот тренд. Секој поединец во земјава, според Извештајот за индексот на фрлена храна на ОН, во просек фрла околу 83 килограми храна годишно.

Македонија е рангирана на осмото место во светски рамки по количина фрлена храна според бројот на жители. Околу 30 отсто од храната произведена или увезена во Македонија никогаш не се консумира.

Процените се дека фрламе меѓу 10 и 12 илјади тони храна со кои може да се обезбедат по три оброка дневно за 26.000 граѓани, а вкупните вишоци надминуваат 100.000 тони.

The post Третина од храната во светот се фрла, тоа е доволно да се нахранат сите сиромашни и гладни appeared first on Република.

]]>

Глобалните климатски промени, економските проблеми, политичката нестабилност, епидемиите и конфликтите ја заострија кризата со храна ширум светот, отежнувајќи го пристапот до прехранбени продукти за стотици милиони луѓе. Војната во Украина и блокадата на извозот на жито го влошија проблемот со гладта во светот, покрај локалните воени конфликти, големите суши, прекумерното трошење на ресурсите, негрижата на богатите држави, неможноста да се достави хуманитрана помош… Хуманитарните агенции се трудат да се подготват за уште покритични нивоа на глад, бидејќи се соочуваат со годишен јаз од 14 милијарди евра во трошоците за безбедноста на храната. Руската интервенција во Украина, европската житница, сериозно ги потресе светските пазари на храна. Триесет и шест земји се потпираат на Украина и Русија за повеќе од половина од нивниот увоз на пченица. Повеќе од 60 држави се борат да платат за увоз на храна. Високите цени на енергијата и нестабилноста на пазарите на храна извршија дополнителен притисок врз земјите во развој кои немаат пари. Поставената цел на ОН да се стави крај на гладот ​​до крајот на деценијата, изгледа подалеку од кога било. Во ноември, светската полулација ја надмина бројката од осум милијарди луѓе. Според податоците на Светската здравствена организација и на Агенцијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), од глад или болести поврзани со недостиг на храна, годишно во светот умираат 9 милиони луѓе, од кои една третина се деца, а половината се под петгодишна возраст. Со тешкотии во пристапот до храна или потхранети се 860 милиони луѓе, пред се во Африка и Азија. Две милијарди имаат недостаток на микронутриенти – витамини и минерали, а милиони деца страдаат од заостанување и слабеење, смртоносни форми на недоволна исхранетост.

Дебели или со прекумерна тежина над 2 милијарди луѓе

Наспроти тоа, огромни количини храна се фрлаат, и се зголемува бројот на дебели и луѓе со прекумерна тежина. Околу 815 милиони лица во светот се дебели, а 1,73 милијарди имаат прекумерна тежина, најголем дел во богатите и развиени земји. Само во САД, на програми за слабеење годишно се трошат над 60 милијарди долари. Според податоците на Обединетите нации, околу милијарда тони храна секоја година завршуваат во ѓубре. Дури една третина од целата храна произведена на глобално ниво се губи или се фрла. Околу 61 отсто од храната која се фрла е од домаќинствата, 28 проценти од ресторани и 13 од маркети. Сликовито прикажано, количината на храна што се фрла годишно, може да наполни 23 милиони камиони, кои ако се поредат еден по друг, би формирале колона доволно долга за да ја обиколи Земјата седум пати. Храната што се фрла и се троши залудно е повеќе од доволна за да се нахранат сите гладни во светот.

Во Македонија се фрлаат 83 килограми храна годишно по човек

Податоците на специјализираните агенции и статистички институции, покажуваат дека и земјава не е исклучок од глобалниот тренд. Секој поединец во земјава, според Извештајот за индексот на фрлена храна на ОН, во просек фрла околу 83 килограми храна годишно. Македонија е рангирана на осмото место во светски рамки по количина фрлена храна според бројот на жители. Околу 30 отсто од храната произведена или увезена во Македонија никогаш не се консумира. Процените се дека фрламе меѓу 10 и 12 илјади тони храна со кои може да се обезбедат по три оброка дневно за 26.000 граѓани, а вкупните вишоци надминуваат 100.000 тони.

The post Третина од храната во светот се фрла, тоа е доволно да се нахранат сите сиромашни и гладни appeared first on Република.

]]>