ѓунер исмаил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gjuner-ismail/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jul 2024 11:43:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ѓунер исмаил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gjuner-ismail/ 32 32 Ѓунер Исмаил вчера не гласал за претседател на партијата: СДСМ сè повеќе заличува на трговец – поединец https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/guner-ismail-vchera-ne-glasal-za-pretsedatel-na-partijata-sdsm-se-poveke-zalichuva-na-trgovets-poedinets/ Mon, 01 Jul 2024 11:43:55 +0000 https://republika.mk/?p=792399

Поранешниот министер и висок функционер на СДСМ, Ѓунер Исмаил, излезе со своја реакција по вчерашните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ.

„Вчера, иако имав 'активна регистрација', не гласав, бидејки не бев во земјата. Можно е да има слични случаи како мојот, ама сеедно. По којзнае кој пат, вербата во тоа дека ќе има доволно броен електорат па СДСМ ќе си добие легитимно избран претседател. Сепак, сакам да дадам на знаење на многу мои пријатели, другари дека И ДА БЕВ ВО ЗЕМЈАТА НЕМАШЕ ДА ГЛАСАМ заради многу причини меѓу кои и ПОНУДАТА за гласање заради која не бев воопшто среќен. Секако, дополна на мојот став беа и реакциите на Другарката Славјанка за која, не кријам, да не се откажеше ќе гласав.
Нејзините реакции колку и да беа умерени и со должно внимание кон секој учесник во предизборието, како и раководството на Партијата во оставка и од кое се очекуваше, освен целосна воздржаност/објективност, сепак да проба да стави некаков ред во “базата“ за да барем од таа страна бидеме сигурни дека сепак газиме на патот на демократизација на Партијата и дека здравите елементи ќе можат да дојдат до израз и да почнат со процесите на заздравување на Партијата, објави на Фејсбук Исмаил.

Понатаму тој пишува:

Да, Партијата заради широкиот спектар на причини, (историски)околности, кадровски потенцијал, а особено важно, менталитет, многу често заличуваше на ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ, што граѓаните не пропуштија да го видат и соодветно го санкционираа. Историјата на оваа еволуција е долга. Почнувајки од годините кога земјава ни беше скоро под буквална окупација и заради што Партиските, ама и личните премрежја, вклучително и менталитетот на преживување, а ако е можно, патемно се разбира и некој ќар да се фати, доведоа до чудни сојузништва од кои за некои (пазарења од кои некои прилично гнасни) знаевме а за некое дознавме предоцна, вклучително и вчера. Тие, пазарењата, овозможија и на сите да ни е јасно Киднапирање НЕ на Шарената Револуција, туку на сите вредности кои тогаш се промовираа, а кои во рацете на менталитетот Трговец-поединец доведоа до многу неубав епилог. На пример, геслото “Нема правда-нема мир“ денес предизвикува громогласно смеење, а и пдсмев на сите кои од оваа фаза на, ЃОА, ослободување на Заробената Држава, продолжија да ја третираат правдата како Vileda крпа, во кафеанските седенки за тоа дали Зделката ќе биде со шест или седум нули!

Ако се прашувам за тоа што најмногу ме разбеснува тогаш тоа е ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА на злосторничкиот проект Скопје 2014 кој земјата ја поставаи на пиедесталот на Светска Престолнина на кичот, тотално уништувајки ја секоја можност земјата да биде нормална според ликот и креативните идеите од кои никогаш не сме оскудевале. Тој процес на легализација не беше некаков писмен акт туку пресметан процес на ОСОЈУЗУВАЊЕ со изведувачите, подизведувачите и сите кои на еден или друг начин дебело се офајдија од злосторот. Но, да се вратиме на Партијата со прашањето: ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРАВИ? Ние кои памтиме троа подолго знаеме дека престои долга битка. Знаеме дека заробувањето на партијата, а што е евидентно го стори истиот менталитет и Ороводците на тој менталитет од кој, да не се самозалажуваме, сите сме заразени помалку или повеќе, па ќе треба да појдеме од самите себе. Ќе има добволно храбри, чесни другарки и другари кои ќе се нафатат со процесот на ослободување на Партијата, како за почеток, а за понатаму….
п.с. Се надевам дека на сите мои пријатели и другари им е јасно дека со овај првичен пост нема да се застане и дека, не само преписката, ќе се оди до уште многу моменто со кои ќе се обидам да осветлам барем едеен дел по патот кој го изодевме и кој ќе го одиме“ пишува Исмаил.

The post Ѓунер Исмаил вчера не гласал за претседател на партијата: СДСМ сè повеќе заличува на трговец – поединец appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер и висок функционер на СДСМ, Ѓунер Исмаил, излезе со своја реакција по вчерашните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ.
„Вчера, иако имав 'активна регистрација', не гласав, бидејки не бев во земјата. Можно е да има слични случаи како мојот, ама сеедно. По којзнае кој пат, вербата во тоа дека ќе има доволно броен електорат па СДСМ ќе си добие легитимно избран претседател. Сепак, сакам да дадам на знаење на многу мои пријатели, другари дека И ДА БЕВ ВО ЗЕМЈАТА НЕМАШЕ ДА ГЛАСАМ заради многу причини меѓу кои и ПОНУДАТА за гласање заради која не бев воопшто среќен. Секако, дополна на мојот став беа и реакциите на Другарката Славјанка за која, не кријам, да не се откажеше ќе гласав. Нејзините реакции колку и да беа умерени и со должно внимание кон секој учесник во предизборието, како и раководството на Партијата во оставка и од кое се очекуваше, освен целосна воздржаност/објективност, сепак да проба да стави некаков ред во “базата“ за да барем од таа страна бидеме сигурни дека сепак газиме на патот на демократизација на Партијата и дека здравите елементи ќе можат да дојдат до израз и да почнат со процесите на заздравување на Партијата, објави на Фејсбук Исмаил.
Понатаму тој пишува:
Да, Партијата заради широкиот спектар на причини, (историски)околности, кадровски потенцијал, а особено важно, менталитет, многу често заличуваше на ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ, што граѓаните не пропуштија да го видат и соодветно го санкционираа. Историјата на оваа еволуција е долга. Почнувајки од годините кога земјава ни беше скоро под буквална окупација и заради што Партиските, ама и личните премрежја, вклучително и менталитетот на преживување, а ако е можно, патемно се разбира и некој ќар да се фати, доведоа до чудни сојузништва од кои за некои (пазарења од кои некои прилично гнасни) знаевме а за некое дознавме предоцна, вклучително и вчера. Тие, пазарењата, овозможија и на сите да ни е јасно Киднапирање НЕ на Шарената Револуција, туку на сите вредности кои тогаш се промовираа, а кои во рацете на менталитетот Трговец-поединец доведоа до многу неубав епилог. На пример, геслото “Нема правда-нема мир“ денес предизвикува громогласно смеење, а и пдсмев на сите кои од оваа фаза на, ЃОА, ослободување на Заробената Држава, продолжија да ја третираат правдата како Vileda крпа, во кафеанските седенки за тоа дали Зделката ќе биде со шест или седум нули! Ако се прашувам за тоа што најмногу ме разбеснува тогаш тоа е ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА на злосторничкиот проект Скопје 2014 кој земјата ја поставаи на пиедесталот на Светска Престолнина на кичот, тотално уништувајки ја секоја можност земјата да биде нормална според ликот и креативните идеите од кои никогаш не сме оскудевале. Тој процес на легализација не беше некаков писмен акт туку пресметан процес на ОСОЈУЗУВАЊЕ со изведувачите, подизведувачите и сите кои на еден или друг начин дебело се офајдија од злосторот. Но, да се вратиме на Партијата со прашањето: ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРАВИ? Ние кои памтиме троа подолго знаеме дека престои долга битка. Знаеме дека заробувањето на партијата, а што е евидентно го стори истиот менталитет и Ороводците на тој менталитет од кој, да не се самозалажуваме, сите сме заразени помалку или повеќе, па ќе треба да појдеме од самите себе. Ќе има добволно храбри, чесни другарки и другари кои ќе се нафатат со процесот на ослободување на Партијата, како за почеток, а за понатаму…. п.с. Се надевам дека на сите мои пријатели и другари им е јасно дека со овај првичен пост нема да се застане и дека, не само преписката, ќе се оди до уште многу моменто со кои ќе се обидам да осветлам барем едеен дел по патот кој го изодевме и кој ќе го одиме“ пишува Исмаил.

The post Ѓунер Исмаил вчера не гласал за претседател на партијата: СДСМ сè повеќе заличува на трговец – поединец appeared first on Република.

]]>