Ѓуешево Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gjueshevo/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jan 2022 16:58:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ѓуешево Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gjueshevo/ 32 32 Камион се преврте на терминалот кај Деве Баир, колона товарни возила со часови заглавена на Ѓуешево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kamion-se-prevrte-na-terminalot-kaj-deve-bair-kolona-tovarni-vozila-so-chasovi-zaglavena-na-gjueshevo/ Wed, 12 Jan 2022 16:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=443867

Камион со турски регистарски ознаки вечерва се превртел на терминалот кај Деве Баир, поради неисчистен снег. Причинета е материјална штета.

Превозници од повеќе држави, возачи на шлепери, повеќе од пет часа стојат заглавени во колона пред граничниот премин Ѓуешево, кај границата помеѓу Македонија и Бугарија.

Како што изјавуваат превозниците, во повеќеметарската колона од бугарската страна на границата се наоѓаат превозници од повеќе држави, Македонија, Турција, Романија, Србија, а застојот се прави поради неисчистениот терминал на Деве Баир, на нашиот граничен премин.

Секоја година наидуваме на истиот проблем, неколку години по ред и првиот снег е веднаш пречка за непречено одвивање на сообраќајот. Снегот не е повеќе од десет сантиметри, но проблемот е што нема никој што го чисти терминалот, па преминување преку него е потешкотија и веќе шести час сме тука, премрзнати во колона, изјави еден од превозниците.

Апелираат надлежните конечно да се вклучат во решавање на проблемот бидејќи, како што посочуваат, се ограничени со работни часови коишто можат да ги поминат возејќи.

Патничките моторни возила што минуваат на терминалот од Македонија кон Бугарија се движат непречено.

The post Камион се преврте на терминалот кај Деве Баир, колона товарни возила со часови заглавена на Ѓуешево appeared first on Република.

]]>

Камион со турски регистарски ознаки вечерва се превртел на терминалот кај Деве Баир, поради неисчистен снег. Причинета е материјална штета. Превозници од повеќе држави, возачи на шлепери, повеќе од пет часа стојат заглавени во колона пред граничниот премин Ѓуешево, кај границата помеѓу Македонија и Бугарија. Како што изјавуваат превозниците, во повеќеметарската колона од бугарската страна на границата се наоѓаат превозници од повеќе држави, Македонија, Турција, Романија, Србија, а застојот се прави поради неисчистениот терминал на Деве Баир, на нашиот граничен премин.
Секоја година наидуваме на истиот проблем, неколку години по ред и првиот снег е веднаш пречка за непречено одвивање на сообраќајот. Снегот не е повеќе од десет сантиметри, но проблемот е што нема никој што го чисти терминалот, па преминување преку него е потешкотија и веќе шести час сме тука, премрзнати во колона, изјави еден од превозниците.
Апелираат надлежните конечно да се вклучат во решавање на проблемот бидејќи, како што посочуваат, се ограничени со работни часови коишто можат да ги поминат возејќи. Патничките моторни возила што минуваат на терминалот од Македонија кон Бугарија се движат непречено.

The post Камион се преврте на терминалот кај Деве Баир, колона товарни возила со часови заглавена на Ѓуешево appeared first on Република.

]]>