ѓубре Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gjubre/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 08:01:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ѓубре Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gjubre/ 32 32 Tрамп на митинг дојде во камион за ѓубре во „чест“на Бајден и Камала https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-na-miting-dojde-vo-kamion-za-gubre-vo-chest-na-bajden-i-kamala/ Thu, 31 Oct 2024 08:11:46 +0000 https://republika.mk/?p=832608

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп,  по навредливата изјава на претседателот Џо Бајден за неговите поддржувачи, кои ги нарече „ѓубре“, синоќа на еден од последните митинзи пред изборите, во Висконсин оддржа говор во флуоросцентен елек каков што носат ѓубреџиите, а на самиот настан допатува со камион за ѓубре.

„Како ви се допаѓа мојот камион? Тоа е во чест на Камала и Џо Бајден“, им рече Трамп на новинарите.

На митингот, тој потоа им се обрати на поддржувачите: „Морам да почнам со тоа што ќе реќам дека 250 милиони Американци не се ѓубре“, рече тој, осврнувајќи се на изјавата на Џо Бајден - која, како што подоцна се обиде да објасни, била гаф, поддржувачите на Трамп ги нарече - „ѓубре“.

Бајден пред два дена зборуваше за комичарот од митингот на Трамп во Медисон Сквер Гарден кој Порторико го нарече „пловечки остров на ѓубре“.

„ Па, дозволете ми да ви кажам нешто. Порториканците што ги знам се добри, пристојни, чесни луѓе“, рече Бајден на настанот, кој беше организиран за дополнително да ги охрабри гласачите да излезат на гласање и да ја поддржат Камала Харис.

„Единственото ѓубре што го гледам како лебди таму се неговите поддржувачи. Неговото демонизирање на Латиноамериканците е несовесно и неамериканско“, продолжи Бајден.

Белата куќа брзо се обиде да ја минимизира штетата.

Портпаролот Ендрју Бејтс рече дека Бајден мислел на „реториката со омраза“ на митингот во Њујорк, а не на поддржувачите на поранешниот претседател. Набрзо и самиот Бајден се огласи на социјалните мрежи.

„Претходно денес, ја нареков ѓубре реториката полна со омраза за Порторико што ја исфрли поддржувачот на Трамп на неговиот собир во Медисон Сквер Гарден - што е единствениот збор што можам да се сетам за да го опишам. Неговото демонизирање на Латиноамериканците е несовесно. Тоа е се што сакав да кажам. Коментарите на тој митинг не не одразуваат кои сме ние како нација“, напиша тој на

The post Tрамп на митинг дојде во камион за ѓубре во „чест“на Бајден и Камала appeared first on Република.

]]>

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп,  по навредливата изјава на претседателот Џо Бајден за неговите поддржувачи, кои ги нарече „ѓубре“, синоќа на еден од последните митинзи пред изборите, во Висконсин оддржа говор во флуоросцентен елек каков што носат ѓубреџиите, а на самиот настан допатува со камион за ѓубре.
„Како ви се допаѓа мојот камион? Тоа е во чест на Камала и Џо Бајден“, им рече Трамп на новинарите.
На митингот, тој потоа им се обрати на поддржувачите: „Морам да почнам со тоа што ќе реќам дека 250 милиони Американци не се ѓубре“, рече тој, осврнувајќи се на изјавата на Џо Бајден - која, како што подоцна се обиде да објасни, била гаф, поддржувачите на Трамп ги нарече - „ѓубре“.     Бајден пред два дена зборуваше за комичарот од митингот на Трамп во Медисон Сквер Гарден кој Порторико го нарече „пловечки остров на ѓубре“. „ Па, дозволете ми да ви кажам нешто. Порториканците што ги знам се добри, пристојни, чесни луѓе“, рече Бајден на настанот, кој беше организиран за дополнително да ги охрабри гласачите да излезат на гласање и да ја поддржат Камала Харис. „Единственото ѓубре што го гледам како лебди таму се неговите поддржувачи. Неговото демонизирање на Латиноамериканците е несовесно и неамериканско“, продолжи Бајден.   Белата куќа брзо се обиде да ја минимизира штетата. Портпаролот Ендрју Бејтс рече дека Бајден мислел на „реториката со омраза“ на митингот во Њујорк, а не на поддржувачите на поранешниот претседател. Набрзо и самиот Бајден се огласи на социјалните мрежи. „Претходно денес, ја нареков ѓубре реториката полна со омраза за Порторико што ја исфрли поддржувачот на Трамп на неговиот собир во Медисон Сквер Гарден - што е единствениот збор што можам да се сетам за да го опишам. Неговото демонизирање на Латиноамериканците е несовесно. Тоа е се што сакав да кажам. Коментарите на тој митинг не не одразуваат кои сме ние како нација“, напиша тој на

The post Tрамп на митинг дојде во камион за ѓубре во „чест“на Бајден и Камала appeared first on Република.

]]>
Касами со камери ќе ги лови сите кои фрлаат ѓубре надвор од контејнерите https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/kasami-so-kameri-ke-gi-lovi-site-koi-frlaat-gubre-nadvor-od-kontejnerite/ Wed, 09 Oct 2024 16:50:31 +0000 https://republika.mk/?p=824761

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, денеска имаш средба со претставници на компанијата Заубермахер на која биле дискутирани конкретни чекори за зачувување на животната средина и одржување на чистотата во градот. Се најавува дека секое прекршување ќе биде санкционирано со законски мерки согласно законот за јавна чистота.

-Во рамките на оваа соработка, ќе бидат поставени камери за мониторинг на сите клучни точки во градот, со цел следење и надзор на состојбата. Општина Тетово апелира до сите граѓани да ги почитуваат правилата и да не фрлаат отпадоци на несоодветни места. Секое прекршување ќе биде санкционирано со законски мерки согласно законот за јавна чистота. Да се ангажираме сите за чист град и здрава животна средина без отпадоци, се вели во изјавата на Касами, која ја пренесува Канцеларија за комуникации и односи со јавноста при Општина Тетово

Во соопштението, Општина Тетово упатува и молба до граѓаните кои имаат инертен отпад што не може да се фрли во контејнери да се обратат до Јавното комунално претпријатие (ЈКП), кое ќе се погрижи за транспорт на отпадот од нивните домови.

The post Касами со камери ќе ги лови сите кои фрлаат ѓубре надвор од контејнерите appeared first on Република.

Кривична пријава за стружанец, собирал ѓубре па го палел во нива https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-struzhanets-sobiral-gubre-pa-go-palel-vo-niva/ Sun, 22 Sep 2024 18:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=818787

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против К.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.

„На 6 септември 2024, пријавениот во трактор натоварил ѓубре, по што го исфрлил на нива и го запалил“, се наведува во билтенот на МВР.

The post Кривична пријава за стружанец, собирал ѓубре па го палел во нива appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против К.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност. „На 6 септември 2024, пријавениот во трактор натоварил ѓубре, по што го исфрлил на нива и го запалил“, се наведува во билтенот на МВР.

The post Кривична пријава за стружанец, собирал ѓубре па го палел во нива appeared first on Република.

]]>
Денеска средба Мицкоски – Арсовска поради проблемот со сметот во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-sredba-mitskoski-arsovska-poradi-problemot-so-smetot-vo-skopje/ Mon, 19 Aug 2024 07:43:51 +0000 https://republika.mk/?p=807830

Денес во 15.30 часот во Владата ќе се оддржи средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Средбата доаѓа по бројните реакции на скопските општини и ЗЕЛС и министерот за локална самоуорава Перински дека градот има акутен проблем со хигиената и складирањето на сметот.

Бараме одземање на надлежностите и ингеренциите, назначување на владин повереник и започнување на процес на расформирање на овие две јавни претпријатија и предвање на надлежностите но и обрвските на секоја од скопските општини, изјави претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓоргиевски.

Градот ќе заличи на нешто ако ние ги преземеме ингеренциите на Комунална хигиена и Паркови и зеленило, ветуваа скопските градоначалници и бараат овие јавни претпријатија да се расформираат. Тие забележуваат дека немаат комуникација со Градот.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински јавно ги повика надлежните институции, да преземат мерки и активности за да се утврди зошто градоначалникот на Град Скопје не постапува согласно со своите надлежности и со тоа го загрозува животот и безбедноста на скопјани.

Според Перински, недозволиво и опасно е по скопските улици да има неподигнат и расфрлан смет на секој чекор и тоа на енормно високи температури. Срамни и опасни се, смета министерот, неискосените тревни површини на јавните простори под градска надлежност, каде се рекреираат скопјани и играат најмладите. Истовремено, не постои соодветен збор за нередовниот и небезбеден јавен превоз, кој е единствен транспорт на илјадници граѓани.

Од друга страна премиерот Мицкоски прашан за коментар во врска со предлогот од Град Скопје кој понуди да учествува и формира посебно работно и координативно тело со Владата за решавање на проблемите во Скопје, Мицкоски одговори дека прифаќа сѐ што е во интерес на скопјани. Затоа што, рече, „градот мора да функционира нормално“, посочувајќи дека претстои и почеток на нова учебна година и граѓаните веќе се враќаат од годишните одмори.

Сѐ што е потребно ќе направам, и ќе се сретнам, и ќе формираме тим, сѐ што е потребно во интерес на скопјани, само проблемот да се реши. Не може вака, ние сега функционираме во ненормални услови, кои не личат на главен град на земја. За секое решение сум подготвен и доколку гледаме дека нема прогрес, тогаш мора да одиме радикално или, да се изразам со докторски речник – да не влегуваме ептен инвазивно во прикаската, па и во здравото да влеземе. Да се обидеме да го санираме тоа што може да се санира со разговор, со политика, со дипломатија. Доколку видиме дека тука нема прогрес, тогаш ќе мора инвазивно да влеземе во решавање на проблемот, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.Арсовска побара помош од Градот за проблемот со сметот. „Раководството на град Скопје е подготвено уште утре да седне на заедничка маса со Претседателот на Владата”, стоеше во дописот на Градот.

The post Денеска средба Мицкоски – Арсовска поради проблемот со сметот во Скопје appeared first on Република.

]]>

Денес во 15.30 часот во Владата ќе се оддржи средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Средбата доаѓа по бројните реакции на скопските општини и ЗЕЛС и министерот за локална самоуорава Перински дека градот има акутен проблем со хигиената и складирањето на сметот.
Бараме одземање на надлежностите и ингеренциите, назначување на владин повереник и започнување на процес на расформирање на овие две јавни претпријатија и предвање на надлежностите но и обрвските на секоја од скопските општини, изјави претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓоргиевски.
Градот ќе заличи на нешто ако ние ги преземеме ингеренциите на Комунална хигиена и Паркови и зеленило, ветуваа скопските градоначалници и бараат овие јавни претпријатија да се расформираат. Тие забележуваат дека немаат комуникација со Градот. Министерот за локална самоуправа Златко Перински јавно ги повика надлежните институции, да преземат мерки и активности за да се утврди зошто градоначалникот на Град Скопје не постапува согласно со своите надлежности и со тоа го загрозува животот и безбедноста на скопјани. Според Перински, недозволиво и опасно е по скопските улици да има неподигнат и расфрлан смет на секој чекор и тоа на енормно високи температури. Срамни и опасни се, смета министерот, неискосените тревни површини на јавните простори под градска надлежност, каде се рекреираат скопјани и играат најмладите. Истовремено, не постои соодветен збор за нередовниот и небезбеден јавен превоз, кој е единствен транспорт на илјадници граѓани. Од друга страна премиерот Мицкоски прашан за коментар во врска со предлогот од Град Скопје кој понуди да учествува и формира посебно работно и координативно тело со Владата за решавање на проблемите во Скопје, Мицкоски одговори дека прифаќа сѐ што е во интерес на скопјани. Затоа што, рече, „градот мора да функционира нормално“, посочувајќи дека претстои и почеток на нова учебна година и граѓаните веќе се враќаат од годишните одмори.
Сѐ што е потребно ќе направам, и ќе се сретнам, и ќе формираме тим, сѐ што е потребно во интерес на скопјани, само проблемот да се реши. Не може вака, ние сега функционираме во ненормални услови, кои не личат на главен град на земја. За секое решение сум подготвен и доколку гледаме дека нема прогрес, тогаш мора да одиме радикално или, да се изразам со докторски речник – да не влегуваме ептен инвазивно во прикаската, па и во здравото да влеземе. Да се обидеме да го санираме тоа што може да се санира со разговор, со политика, со дипломатија. Доколку видиме дека тука нема прогрес, тогаш ќе мора инвазивно да влеземе во решавање на проблемот, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.Арсовска побара помош од Градот за проблемот со сметот. „Раководството на град Скопје е подготвено уште утре да седне на заедничка маса со Претседателот на Владата”, стоеше во дописот на Градот.

The post Денеска средба Мицкоски – Арсовска поради проблемот со сметот во Скопје appeared first on Република.

]]>
Ако оваа недела нема подобрување во хигиената, можно е одземање ингеренции на Град Скопје од страна на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ako-ovaa-nedela-nema-podobruvane-vo-higienata-mozhno-e-odzemane-ingerentsii-na-grad-skopje-od-strana-na-vladata/ Wed, 14 Aug 2024 05:12:55 +0000 https://republika.mk/?p=806301

Aлармантни повици пристигнуваaт до Владата во врска со институции под ингеренции на Градот Скопје, рече вчера премиерот Христијан Мицкоски и нагласи да си ја вршат работата за што се платени, оти, инаку, ќе се разгледаат можностите за одземање на тие ингеренции. Според него, Скопје во моментот не личи на главен град на земја што е во НАТО и што е кандидат за членка на Европската Унија.

Алармантна е ситуацијата и секој ден имаме повици од граѓани. Се поставува прашањето дали можеби треба и како држава и како Влада, да направиме и некои дополнителни чекори за друг тип ингеренции и обврски што ги има Градот Скопје, а коишто гледаме дека не ги извршува навремено, посебно во делот на хигиената. Секојдневно граѓаните реагираат до Владата и затоа јас ова прашање ќе го отворам на наредната владина седница. Ова што денеска се случува во Град Скопје личи на сè, само не на главен град на земја која е дел од НАТО Алијансата и земја кандидат за членство во ЕУ, кажа Мицкоски.

Тој рече и дека можеби треба да се размисли за идејата, секоја од општините да добие право да формира свое комунално претпријатие, па да ги наследи основните средства од ЈП „Комунална хигиена“ и слично.

Нагласи дека граѓаните секојдневно реагирале до Владата и најави оти ова прашање ќе го отвори на следната седница. Ги повика надлежните во „Комунална хигиена“ во градот Скопје да работат за тоа што се платени, за што ги плаќаат граѓаните.

Се надевам дека со домаќинско работење во периодот што следи, ако воопшто можат тоа официјалните да го направат, ќе можат да си ги сервисираат обврските во периодот што следи и повикувам и апелирам, да се работи за интересот на граѓаните во главниот град, во сите општини, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат, настрана политичките тези, политичките фрустрации од едната или другата или од третата или од петта страна, тоа не е битно, граѓаните не ги интересира тоа. И ако видиме дека во оваа недела дена нема прогрес поврзан со ова прашање, на следната владина седница планирам отворено да зборувам и да одиме чекор понатаму она што е обврска на народна влада да го направи, а тоа е да дејствува во името на повиците коишто ги добиваме на дневна основа од скопјани, смета Мицкоски.

The post Ако оваа недела нема подобрување во хигиената, можно е одземање ингеренции на Град Скопје од страна на Владата appeared first on Република.

]]>

Aлармантни повици пристигнуваaт до Владата во врска со институции под ингеренции на Градот Скопје, рече вчера премиерот Христијан Мицкоски и нагласи да си ја вршат работата за што се платени, оти, инаку, ќе се разгледаат можностите за одземање на тие ингеренции. Според него, Скопје во моментот не личи на главен град на земја што е во НАТО и што е кандидат за членка на Европската Унија.
Алармантна е ситуацијата и секој ден имаме повици од граѓани. Се поставува прашањето дали можеби треба и како држава и како Влада, да направиме и некои дополнителни чекори за друг тип ингеренции и обврски што ги има Градот Скопје, а коишто гледаме дека не ги извршува навремено, посебно во делот на хигиената. Секојдневно граѓаните реагираат до Владата и затоа јас ова прашање ќе го отворам на наредната владина седница. Ова што денеска се случува во Град Скопје личи на сè, само не на главен град на земја која е дел од НАТО Алијансата и земја кандидат за членство во ЕУ, кажа Мицкоски.
Тој рече и дека можеби треба да се размисли за идејата, секоја од општините да добие право да формира свое комунално претпријатие, па да ги наследи основните средства од ЈП „Комунална хигиена“ и слично. Нагласи дека граѓаните секојдневно реагирале до Владата и најави оти ова прашање ќе го отвори на следната седница. Ги повика надлежните во „Комунална хигиена“ во градот Скопје да работат за тоа што се платени, за што ги плаќаат граѓаните.
Се надевам дека со домаќинско работење во периодот што следи, ако воопшто можат тоа официјалните да го направат, ќе можат да си ги сервисираат обврските во периодот што следи и повикувам и апелирам, да се работи за интересот на граѓаните во главниот град, во сите општини, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат, настрана политичките тези, политичките фрустрации од едната или другата или од третата или од петта страна, тоа не е битно, граѓаните не ги интересира тоа. И ако видиме дека во оваа недела дена нема прогрес поврзан со ова прашање, на следната владина седница планирам отворено да зборувам и да одиме чекор понатаму она што е обврска на народна влада да го направи, а тоа е да дејствува во името на повиците коишто ги добиваме на дневна основа од скопјани, смета Мицкоски.

The post Ако оваа недела нема подобрување во хигиената, можно е одземање ингеренции на Град Скопје од страна на Владата appeared first on Република.

]]>
Оти Скопје се дави во ѓубре? Од 40 лица пријавени за ноќна смена, само двајца собираат, а сите земаат плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/oti-skopje-se-davi-vo-gubre-od-40-litsa-prijaveni-za-nokna-smena-samo-dvajtsa-sobiraat-a-site-zemaat-plata/ Wed, 17 Jul 2024 08:25:00 +0000 https://republika.mk/?p=797579

Сите вработени во ЈП Комунална хигиена, кои не доаѓаа на работа, скопската градоначалничка за да се покаже пред јавноста ги избрка, но ги замени со други вработени кои исто така не одат на работа, откри во поткастот „Претрес“ Умејр Муамеди, поранешен советник на Данела Арсовска. Зборувајќи за ѓубрето низ главниот град, скопското комунално претпријатие и односите на Арсовска кон вработените, Муамеди, кој во тој момент вршел и комунални инспекции за состојбата низ Скопје, вели дека Арсовска исто така ја избркала директорката Косана Мазнева само затоа што била убедена дека работи против неа, иако, според него, таа многу добро раководела.

Во ноќна смена се пријавуваат повеќето од вработените, но не одат сите на работа. Плати земаат повеќе од другите, а на пример во Чаир имаше пријавено 40 лица за ноќна смена, а само двајца собираат ѓубре. Каде се другите? Оние вработени што ние ги гледаме како собираат и одат зад камионите и работат на +40 степени, се луѓе што земаат најниска плата, а овие „лордовите“ не одат на работа и земаат многу повисока плата, вели Муамеди.

https://www.youtube.com/live/otsAaTbFUN8?si=x2XdQ6jwifUQyIg4

The post Оти Скопје се дави во ѓубре? Од 40 лица пријавени за ноќна смена, само двајца собираат, а сите земаат плата appeared first on Република.

ЈП Комунална хигиена: Редовно го собираме и транспортираме отпадот во Центар, го повикуваме градоначалникот да казнува https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jp-komunalna-higiena-redovno-go-sobirame-i-transportirame-otpadot-vo-tsentar-go-povikuvame-gradonachalnikot-da-kaznuva/ Tue, 16 Jul 2024 12:27:05 +0000 https://republika.mk/?p=797395

ЈП Комунална хигиена-Скопје со допис ја информира јавноста дека на територијата на Град Скопје вклучително и општина Центар комуналниот отпад се собира и транспортира без никаков застој, односно во согласност со динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје, усвоена од страна на Советот на Градот Скопје.

„Редовно се врши според Планот за одржување на јавна чистота рачно и машинско метење и машинско миење на улиците. Како и во текот на целата година и ово ј период од годината поради високите температури се врши и миење на контејнерите и микролокациите на кои се поставени.

Апелираме до граѓаните одложувањето на комуналниот отпад да се врши соодветно – во контејнерите, а не до и околу нив со што ќе влијаеме на заштита на животната средина и ќе се избегне создавање на сметишта и диви депонии до контејнерите

Екипите на Претпријатието се исто така аактивни и преку спроведување вонредни активности во оваа скопска општина со собирање на неправилно одложениот кабаст отпад, каде што за изминатиот викенд е интервенирано на улиците Аминта трети , Средно Водно и ул. „164„ од која се собрани 15м3 различен отпад. Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат до несовесните граѓани да го почитуваат Законот за животна средина и да не го одложуваат отпадот на јавни површини туку да го одложуваат во садовите за таа намена , а кабастиот отпад бесплатно може да го однесат во Центарот за селекција на отпад во општина Карпош или за соодветен надомест да ги повикаат службите на Претпријатието кои ќе го подигнат и одложат соодветно“ се вели во соопштението на претпријатието

Од Комунална хигиена го повикаа градоначалникот на Центар да ги активира инспекциските служби при општината кои се надлежни и задолжени да го санкционираат секое прекршување на Законот за јавна чистота.

The post ЈП Комунална хигиена: Редовно го собираме и транспортираме отпадот во Центар, го повикуваме градоначалникот да казнува appeared first on Република.

]]>

ЈП Комунална хигиена-Скопје со допис ја информира јавноста дека на територијата на Град Скопје вклучително и општина Центар комуналниот отпад се собира и транспортира без никаков застој, односно во согласност со динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје, усвоена од страна на Советот на Градот Скопје. „Редовно се врши според Планот за одржување на јавна чистота рачно и машинско метење и машинско миење на улиците. Како и во текот на целата година и ово ј период од годината поради високите температури се врши и миење на контејнерите и микролокациите на кои се поставени. Апелираме до граѓаните одложувањето на комуналниот отпад да се врши соодветно – во контејнерите, а не до и околу нив со што ќе влијаеме на заштита на животната средина и ќе се избегне создавање на сметишта и диви депонии до контејнерите Екипите на Претпријатието се исто така аактивни и преку спроведување вонредни активности во оваа скопска општина со собирање на неправилно одложениот кабаст отпад, каде што за изминатиот викенд е интервенирано на улиците Аминта трети , Средно Водно и ул. „164„ од која се собрани 15м3 различен отпад. Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат до несовесните граѓани да го почитуваат Законот за животна средина и да не го одложуваат отпадот на јавни површини туку да го одложуваат во садовите за таа намена , а кабастиот отпад бесплатно може да го однесат во Центарот за селекција на отпад во општина Карпош или за соодветен надомест да ги повикаат службите на Претпријатието кои ќе го подигнат и одложат соодветно“ се вели во соопштението на претпријатието Од Комунална хигиена го повикаа градоначалникот на Центар да ги активира инспекциските служби при општината кои се надлежни и задолжени да го санкционираат секое прекршување на Законот за јавна чистота.

The post ЈП Комунална хигиена: Редовно го собираме и транспортираме отпадот во Центар, го повикуваме градоначалникот да казнува appeared first on Република.

]]>
ЛДП: Главниот град се гуши во смет, дали Скопје има градоначалник? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ldp-glavniot-grad-se-gushi-vo-smet-dali-skopje-ima-gradonachalnik/ Tue, 16 Jul 2024 10:45:22 +0000 https://republika.mk/?p=797326

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува остра реакција за нехигиената во главниот град, истакнувајќи дека насекаде се забележува отпад, од кој, поради високите температури, се шири неподнослива миризба.

Ужаснати сме од глетката со сметот во главниот град. Контејнерите се преполни, а улиците се многу валкани. Оваа состојба, покрај тоа што ја уништува сликата за Скопје, предизвикува и штети врз животната средина, како и врз здравјето на луѓето, потенцираат во писмениот допис од ЛДП.

Од партијата изразија огромна загриженост за проблемот и апелира одговорните институции веднаш да преземат чекори во насока на решавање на истиот.

Навистина е време да се работи во интерес на граѓаните и секој да си ги исполнува своите одговорности. Дали овој Град има надлежни институции кои работат соодветно под директива на градоначалникот? Дали Скопје воопшто има градоначалник кој ги исполнува своите надлежности?, наведоа од ЛДП.

Либерал-демократите нагласија дека крајно време е да се посвети внимание на унапредување на хигиената и на создавање на чисто и подобро Скопје.

Ги повикуваме граѓаните гласно да говорат за овој сериозен проблем и сите обединети да се спротивставиме на нечистотијата. Упатуваме апел до градоначалничката Арсовска да ја разбере сериозноста на проблемот и да преземе дејствија, согласно законите, заклучија од ЛДП.

The post ЛДП: Главниот град се гуши во смет, дали Скопје има градоначалник? appeared first on Република.

Скопјани без грам граѓанска култура: Ѓубрето го фрлаат каде што ќе стигнат https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopjani-bez-gram-graganska-kultura-gubreto-go-frlaat-kade-shto-ke-stignat/ Tue, 25 Jun 2024 14:19:04 +0000 https://republika.mk/?p=790697

Премногу ѓубре расфрлано околку контењерите. Ваква е секојдневната слика во главниот град Скопје.

viber_image_2024-06-22_10-28-01-259 (1).jpg

Доколку излезете од дома и поминете покрај контењетите треба да ги заобиколите затоа што ќе се соочите со непријатна миризба и купишта отпад околу кантите за ѓубре. За момент ќе се почувствувате дека сте на некоја депонија, а не во главниот град, пренесува порталот „страна.мк“.

viber_image_2024-06-22_23-57-43-227 (1).jpg

Од градското претпријатие Комунална хигиена секојдневно информираат дека тие се постојано на терен, но дека се соочуваат со зачестена појава на непрописно исфрлање отпад на јавни и сообраќајни површини, особено на микролокациите каде што се поставени и садовите наменети за одлагање на комуналниот отпад.

viber_image_2024-06-24_15-25-50-151 (1).jpg

Екипите на Претпријатието, за време на изминатиов викенд отстранија енормно количество отпад од диви депонии – вкупно 60 кубни метри кабаст, градинарски и мешан комунален отпад одложен до контејнерите лоцирани на улиците Македонска војска, Борис Сарафов, Лука Геров, Воин Драшковиќ, Мирче Козар, Христо Батанџиев и Никола Пушкаров во скопската општина Ѓорче Петров, на улицата Васил Чакаларов во општината Карпош, како и на улиците Христијан Тодоровски-Карпош и Џон Кенеди во скопската општина Чаир.

Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје уште еднаш апелираат да престане непрописното и несовесно исфрлање отпад на јавни површини, коешто резултира со создавање диви депонии, а воедно директно ја загадува животната околина и го загрозува јавното здравје, информираат пд претпријатите.

viber_image_2024-06-25_00-11-56-215 (1).jpg

Но, ѓубрето е тука и треба да се најде решение кое засега го нема, односно нема доволно волја да се реши проблемот. Во изминатиот период се споменуваше поимот комунална полиција која треба да стави ред да не се расфрла ѓубрето на сите страни, но засега нема ништо од тоа.

viber_image_2024-06-25_00-20-51-953 (1).jpg

Искуството кажува дека свеста на граѓаните е на најниско можно ниво, па затоа треба да се изнајде некое решение за Скопје да заличи како метропола.

The post Скопјани без грам граѓанска култура: Ѓубрето го фрлаат каде што ќе стигнат appeared first on Република.

]]>

Премногу ѓубре расфрлано околку контењерите. Ваква е секојдневната слика во главниот град Скопје. viber_image_2024-06-22_10-28-01-259 (1).jpg Доколку излезете од дома и поминете покрај контењетите треба да ги заобиколите затоа што ќе се соочите со непријатна миризба и купишта отпад околу кантите за ѓубре. За момент ќе се почувствувате дека сте на некоја депонија, а не во главниот град, пренесува порталот „страна.мк“. viber_image_2024-06-22_23-57-43-227 (1).jpg Од градското претпријатие Комунална хигиена секојдневно информираат дека тие се постојано на терен, но дека се соочуваат со зачестена појава на непрописно исфрлање отпад на јавни и сообраќајни површини, особено на микролокациите каде што се поставени и садовите наменети за одлагање на комуналниот отпад. viber_image_2024-06-24_15-25-50-151 (1).jpg Екипите на Претпријатието, за време на изминатиов викенд отстранија енормно количество отпад од диви депонии – вкупно 60 кубни метри кабаст, градинарски и мешан комунален отпад одложен до контејнерите лоцирани на улиците Македонска војска, Борис Сарафов, Лука Геров, Воин Драшковиќ, Мирче Козар, Христо Батанџиев и Никола Пушкаров во скопската општина Ѓорче Петров, на улицата Васил Чакаларов во општината Карпош, како и на улиците Христијан Тодоровски-Карпош и Џон Кенеди во скопската општина Чаир. Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје уште еднаш апелираат да престане непрописното и несовесно исфрлање отпад на јавни површини, коешто резултира со создавање диви депонии, а воедно директно ја загадува животната околина и го загрозува јавното здравје, информираат пд претпријатите. viber_image_2024-06-25_00-11-56-215 (1).jpg Но, ѓубрето е тука и треба да се најде решение кое засега го нема, односно нема доволно волја да се реши проблемот. Во изминатиот период се споменуваше поимот комунална полиција која треба да стави ред да не се расфрла ѓубрето на сите страни, но засега нема ништо од тоа. viber_image_2024-06-25_00-20-51-953 (1).jpg Искуството кажува дека свеста на граѓаните е на најниско можно ниво, па затоа треба да се изнајде некое решение за Скопје да заличи како метропола.

The post Скопјани без грам граѓанска култура: Ѓубрето го фрлаат каде што ќе стигнат appeared first on Република.

]]>
Војната со ѓубре продолжува: Уште 350 балони со смет паднаа од небото во Јужна Кореја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vojnata-so-gubre-prodolzhuva-ushte-350-baloni-so-smet-padnaa-od-neboto-vo-juzhna-koreja/ Tue, 25 Jun 2024 08:16:31 +0000 https://republika.mk/?p=790517

Северна Кореја во текот на ноќта лансираше околу 350 балони со ѓубре кон Јужна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската армија.

Тоа е петто вакво лансирање од крајот на минатиот месец, пренесува Јонхап.

Во текот на ноќта Пјонгјанг лансираше балони полни со ѓубре, а околу 100 балони пристигнаа главно во северните делови на земјата, но и во главниот град Сеул.

Kесите прикачени на балоните содржеле „најчесто отпад од хартија“, соопшти војската, додавајќи дека балоните не претставуваат закана за јавната безбедност.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ја осуди „провокацијата“ на Пјонгјанг.

Северна Кореја досега испрати повеќе од илјада балони со ѓубре на југот како одговор на пропагандните балони испратени на север од јужнокорејски активисти.

Околу 100 балони, главно со отпадна хартија и други отпадни материјали, слетале во Сеул и во северниот дел на провинцијата Кјонги, соопшти Генералштабот на корејската армија.

The post Војната со ѓубре продолжува: Уште 350 балони со смет паднаа од небото во Јужна Кореја appeared first on Република.

]]>

Северна Кореја во текот на ноќта лансираше околу 350 балони со ѓубре кон Јужна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската армија. Тоа е петто вакво лансирање од крајот на минатиот месец, пренесува Јонхап. Во текот на ноќта Пјонгјанг лансираше балони полни со ѓубре, а околу 100 балони пристигнаа главно во северните делови на земјата, но и во главниот град Сеул. Kесите прикачени на балоните содржеле „најчесто отпад од хартија“, соопшти војската, додавајќи дека балоните не претставуваат закана за јавната безбедност. Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ја осуди „провокацијата“ на Пјонгјанг. Северна Кореја досега испрати повеќе од илјада балони со ѓубре на југот како одговор на пропагандните балони испратени на север од јужнокорејски активисти. Околу 100 балони, главно со отпадна хартија и други отпадни материјали, слетале во Сеул и во северниот дел на провинцијата Кјонги, соопшти Генералштабот на корејската армија.

The post Војната со ѓубре продолжува: Уште 350 балони со смет паднаа од небото во Јужна Кореја appeared first on Република.

]]>
Комуналното од Тетово доби полициска пријава за оставено ѓубре сред улица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/komunalnoto-od-tetovo-dobi-politsiska-prijava-za-ostaveno-gubre-sred-ulitsa/ Fri, 15 Mar 2024 18:31:49 +0000 https://republika.mk/?p=755239

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до граѓаните и претпријатијата задолжени за одржување на јавната хигиена во Тетово целосно и безусловно да се придржуваат на Законот за јавна чистота и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, велат оттаму апелирајќи граѓаните да не ги оставаат отпадоците каде ќе стигнат, надвор од контејнерите и другите садови за таа намена, а претпријатијата редовно да го подигаат сметот и да не дозволат создавање на купишта со расфрлани отпадоци.

Зашто, неретко купиштата отпадоци или неправилно поставени контејнери го попречуваат нормалното и безбедно движење на возилата и пешаците, пред се и на некои потесни места и предизвикуваат застој во одвивањето на сообраќајот. Овој месец, на пример, СВР Тетово изготви соодветен поднесок против ЈКП „Шар“ од Тетово согласно член 12 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за неподигнат смет од јавни сообраќајни површини, оставен на самиот коловоз. Вакви поднесоци ќе се изготвуваат и во наредниот период со цел да се овозможи нормален сообраќаен проток низ градските улици и да се придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, а посебно на пешаците, велат од СВР Тетово.

Потсетуваат дека глобите за непочитување на оваа законска одредба се движат од 100 до 1000, односно до 10 илјади евра, зависно од тоа дали е физичко или правно лице и плус 500 евра за одговорното лице на правниот субјект.

The post Комуналното од Тетово доби полициска пријава за оставено ѓубре сред улица appeared first on Република.

Во некои планинските села не се собира ѓубре, општините да најдат решение, побараа од Националниот парк Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-nekoi-planinskite-sela-ne-se-sobira-gubre-opshtinite-da-najdat-reshenie-pobaraa-od-natsionalniot-park-shar-planina/ Fri, 09 Feb 2024 11:59:29 +0000 https://republika.mk/?p=742199

Директорот на Национален парк Шар Планина, Ибрахим Дехари одржа прес-конференција од која побара повеќе соработка од општините и нивно ангажирање во собирање и носење на сметот од селата во депонии. Според него за дел од планинските села нема систем за собирање и транспортирање на отпадот. Сега кога го нема снегот, Дехари вели дека ситуацијата е алармантна затоа што отпадот се забележува на сите страни.

Има појава, одат од градот за нагоре и го фрлаат отпадот на Шар Планина. Секако можам да одвојам три општини, како што се општина Тетово, Боговиње и Врапчиште каде има населени места или пак села во кои секако отпадот не се собира воопшто. Затоа апелирам до овие три општини да се организираат соодветно да го собираат отпадот да и да го пренесат во соодветните места. Секако ние сме секој ден на терен, а контактираме со овие луѓе. Не можеме да ги обвиниме нив заради тоа што нема собирање. Конкректно општина Тетово значи не собира никаков отпад во селата Ѓермо, Вејце и Бродец, Вешала и Бозовце. Во овие села никогаш не се собирал отпадот. Така со тој отпад е фрлен таму од со години на назад, истакна Дехари.

Тој вели дека ќе се обидат со организирање на акции да се подигне расфрланиот смет, но Националниот парк има потреба од повеќе соработка со општините.

- Да соработуваат за да најдеме соодветно решение за да го решиме овој проблем. Овој не е денешен проблем. Проблемот е одамна, секако. Ние како нова институција си стапивме во контакт со сите општини. Секако секоја општина имаат посебни карактеристики или па проблеми со отпадот. Така што мојот апел е соработка со националниот парк да си најдеме соодветно решение за да отвориме нови можности за посетителите како нашите од Република Македонија од нашите градови, па и за странците. Зато што многу е лоша сликата од како ќе ни дојде секој посетител прво што ќе види е разновиден отпад, па после ќе помине во тие најубавите места, дали врвови или па езера, истакна Дехари.

Во последните седум дена исто толку шумски пожари имаше на Шар Планина, па од таму НП апелираат граѓаните да бидат внимателни и да не се палат огнови и скари. ас/дма/

The post Во некои планинските села не се собира ѓубре, општините да најдат решение, побараа од Националниот парк Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Директорот на Национален парк Шар Планина, Ибрахим Дехари одржа прес-конференција од која побара повеќе соработка од општините и нивно ангажирање во собирање и носење на сметот од селата во депонии. Според него за дел од планинските села нема систем за собирање и транспортирање на отпадот. Сега кога го нема снегот, Дехари вели дека ситуацијата е алармантна затоа што отпадот се забележува на сите страни.
Има појава, одат од градот за нагоре и го фрлаат отпадот на Шар Планина. Секако можам да одвојам три општини, како што се општина Тетово, Боговиње и Врапчиште каде има населени места или пак села во кои секако отпадот не се собира воопшто. Затоа апелирам до овие три општини да се организираат соодветно да го собираат отпадот да и да го пренесат во соодветните места. Секако ние сме секој ден на терен, а контактираме со овие луѓе. Не можеме да ги обвиниме нив заради тоа што нема собирање. Конкректно општина Тетово значи не собира никаков отпад во селата Ѓермо, Вејце и Бродец, Вешала и Бозовце. Во овие села никогаш не се собирал отпадот. Така со тој отпад е фрлен таму од со години на назад, истакна Дехари.
Тој вели дека ќе се обидат со организирање на акции да се подигне расфрланиот смет, но Националниот парк има потреба од повеќе соработка со општините. - Да соработуваат за да најдеме соодветно решение за да го решиме овој проблем. Овој не е денешен проблем. Проблемот е одамна, секако. Ние како нова институција си стапивме во контакт со сите општини. Секако секоја општина имаат посебни карактеристики или па проблеми со отпадот. Така што мојот апел е соработка со националниот парк да си најдеме соодветно решение за да отвориме нови можности за посетителите како нашите од Република Македонија од нашите градови, па и за странците. Зато што многу е лоша сликата од како ќе ни дојде секој посетител прво што ќе види е разновиден отпад, па после ќе помине во тие најубавите места, дали врвови или па езера, истакна Дехари. Во последните седум дена исто толку шумски пожари имаше на Шар Планина, па од таму НП апелираат граѓаните да бидат внимателни и да не се палат огнови и скари. ас/дма/  

The post Во некои планинските села не се собира ѓубре, општините да најдат решение, побараа од Националниот парк Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Папки со лични документи и истории расфрлани пред Министерство за здравство како ѓубре https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/papki-so-lichni-dokumenti-i-istorii-rasfrlani-pred-ministerstvo-za-zdravstvo-kako-gubre/ Thu, 08 Feb 2024 09:01:20 +0000 https://republika.mk/?p=741734

Куп папки, досиеја и документи со лични податоци се расфрлени вчера, во вечерните часови пред просториите на Министерството за здравство.
Оваа фотофрафија од синоќа ни ја испрати граѓанин кој тврди дека станува збор за документи кои доколку треба да се поништат, ова не е законскиот начин туку прецизно е препишано како истото се прави.

Нејасно е дали вработени од оваа институција - Министерството за здраветво можеби на своја иницијатива и на ваков начин "се ослободуваат" од овие документи, кријат ли нешто и што е причината ?

The post Папки со лични документи и истории расфрлани пред Министерство за здравство како ѓубре appeared first on Република.

]]>

Куп папки, досиеја и документи со лични податоци се расфрлени вчера, во вечерните часови пред просториите на Министерството за здравство. Оваа фотофрафија од синоќа ни ја испрати граѓанин кој тврди дека станува збор за документи кои доколку треба да се поништат, ова не е законскиот начин туку прецизно е препишано како истото се прави. Нејасно е дали вработени од оваа институција - Министерството за здраветво можеби на своја иницијатива и на ваков начин "се ослободуваат" од овие документи, кријат ли нешто и што е причината ?

The post Папки со лични документи и истории расфрлани пред Министерство за здравство како ѓубре appeared first on Република.

]]>
Населбата Козле каде што живее градоначалникот Стевчо Јакимовски со смрдеа и ѓубре на сите страни https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/naselbata-kozle-kade-shto-zhivee-gradonachalnikot-stevcho-jakimovski-so-smrdea-i-gubre-na-site-strani/ Fri, 22 Dec 2023 21:41:19 +0000 https://republika.mk/?p=725829

Читатели на „Република“ ни испратија фотографија од населбата Козле каде се гледа во каков хаос се наоѓа. Конкретно, ваква е состојбата од улицата каде што живее градоначалникот Стевчо Јакимовски која се наоѓа пред населбата Жданец.

Вака е во речиси цело Козле каде се чуствува голема смрдеа од контејнерите, а ѓубрето го развекуваат кучиња и мачки.

The post Населбата Козле каде што живее градоначалникот Стевчо Јакимовски со смрдеа и ѓубре на сите страни appeared first on Република.

]]>

Читатели на „Република“ ни испратија фотографија од населбата Козле каде се гледа во каков хаос се наоѓа. Конкретно, ваква е состојбата од улицата каде што живее градоначалникот Стевчо Јакимовски која се наоѓа пред населбата Жданец. Вака е во речиси цело Козле каде се чуствува голема смрдеа од контејнерите, а ѓубрето го развекуваат кучиња и мачки.

The post Населбата Козле каде што живее градоначалникот Стевчо Јакимовски со смрдеа и ѓубре на сите страни appeared first on Република.

]]>
Комуналец конечно почна да ги плакне контејнерите низ Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/komunalets-konechno-pochna-da-gi-plakne-kontejnerite-niz-skopje/ Thu, 20 Jul 2023 09:37:47 +0000 https://republika.mk/?p=663438

Во текот на вчерашната ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна акција за миење и дезинфекција на сите садови наменети за одлагање на отпадот поставени на територијата на градот Скопје, соопштија од претпреијатието.

Објаснуваат дека активностите се реализираат со специјални комунални возила со вап-надградба за миење под притисок и дека екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведуваат и комплетно миење на џебовите на микролокациите каде што се поставени садовите, а воедно, сите контејнери и микролокации се дезинфицираат со употреба на специјално средство за дезинфекција.

Активностите започнаа во општините Карпош и Ѓорче Петров, а ќе продолжат да се одвиваат во сите останати скопски општини во текот на престојните десетина дена, велат од Комуналец.

Додаваат дека ЈП Комунална хигиена-Скопје реализира и машинско миење на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини со автоцистерни според стандардната динамика, утврдена со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје.

Машинското миење се одвива во доцните ноќни часови, кога фреквенцијата на возила и пешаци на улиците е значително намалена, со цел да не се попречува одвивањето на сообраќајот, односно движењето на пешаците, објаснуваат од претпријатието.

The post Комуналец конечно почна да ги плакне контејнерите низ Скопје appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашната ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна акција за миење и дезинфекција на сите садови наменети за одлагање на отпадот поставени на територијата на градот Скопје, соопштија од претпреијатието. Објаснуваат дека активностите се реализираат со специјални комунални возила со вап-надградба за миење под притисок и дека екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведуваат и комплетно миење на џебовите на микролокациите каде што се поставени садовите, а воедно, сите контејнери и микролокации се дезинфицираат со употреба на специјално средство за дезинфекција.
Активностите започнаа во општините Карпош и Ѓорче Петров, а ќе продолжат да се одвиваат во сите останати скопски општини во текот на престојните десетина дена, велат од Комуналец.
Додаваат дека ЈП Комунална хигиена-Скопје реализира и машинско миење на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини со автоцистерни според стандардната динамика, утврдена со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје.
Машинското миење се одвива во доцните ноќни часови, кога фреквенцијата на возила и пешаци на улиците е значително намалена, со цел да не се попречува одвивањето на сообраќајот, односно движењето на пешаците, објаснуваат од претпријатието.
 
The post Комуналец конечно почна да ги плакне контејнерите низ Скопје appeared first on Република.

]]>
Одговорност и да не се повтори: Советот ја задолжи Арсовска редовно да ја одржува хигиената во Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/odgovornost-i-da-ne-se-povtori-sovetot-ja-zadolzhi-arsovska-redovno-da-ja-odrzhuva-higienata-vo-grad-skopje/ Thu, 13 Jul 2023 12:51:32 +0000 https://republika.mk/?p=660900

Советниците на град Скопје на седмата вонредна седница ги донесоа заклучоците по единствената точка на дневен ред за актуелната состојба со комунална хигиена, со цел спречување на еколошка катастрофа и појава на заразни болести. Претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славевски по координацијата на советничките групи го прочита заклучокот, во кои се предвидени и мерки.

Прво се задолжува градоначалникот на град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје да ги преземат следните мерки: Редовно чистење и миење на сите сообраќајници во град Скопје. Дезинфекција и дезинсекција на сите места каде што се наоѓаат контејнерите и во блиската околина. Дезинфекција и дезинсекција и редовно одржување на контејнерите. Итна набавка на пет нови камиони и механизација за собирање на отпад. Итна набавка на пет модерни еколошки чистачи на улиците и сообраќајниците, вели Славевски.

Меѓу заклуоците е и детална проверка на договорите на вработените, за коишто има сомнеж не се појавуваат на работа, а оставруваат право на плата, како и на оние кои имаат нерегулиран статус повеќе од пет години.

Одговорност за сите кои директно или индиректно учествувале во креирањето на ваквите состојби во ЈП „Комунална хигиена“. Проверка и на договорите за вработување и во останатите јавни претпријатија во соработка со надлежните државни институции, вели Славевски.

Меѓу заклуоците на советниците на Советот на град Скопје и ревизија на работата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“, како и формирање и на работно тело за надзор на работата на јавното претпријатие. Советниците побараа и редовни координации меѓу градоначалничката и координаторите на советничките групи.

Соработка меѓу сите јавни претпријатија за надминување на состојбите во градот. Изработка на функционална анализа на сите установи, институции, вклучувајќи ја и администрацијата на град Скопје да се изработи темелно, непристрасно за да може да служи како основа за унапредување на јавните услиги. Во кризниот штаб да се вклучат и претставници од членовите на Советот на град Скопје, вели Славевски.

Советниците во заклуоците наведуваат дека бараат и извештај од страна на ЈП Комунална хигиена и во рок од три дена да го достави до Советот на град Скопје, потоа да се достави Програма за јавната чистота, да се реализира и јавна дебата за разгледување на можностите за децентрализација на дел од надлежностите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Под број два овој заклучок да се достави до градоначалникот на град Скопје и директор на ЈП „Комунална хигиена“ на денешен датум, рече Славевски.

За овие заклучоци на денешната вонредна седма седница на град Скопје едногласно гласаа вкупно 24 советници од Советот на град Скопје.

The post Одговорност и да не се повтори: Советот ја задолжи Арсовска редовно да ја одржува хигиената во Град Скопје appeared first on Република.

Aрсовска не дојде на седницата на која се расправа за хаосот со ѓубрето https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-ne-dojd-na-sednitsata-na-koja-se-rasprava-za-haosot-so-gubreto/ Thu, 13 Jul 2023 10:27:57 +0000 https://republika.mk/?p=660817

Марија Андоновска, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје на денешната седница на Град Скопје бараше градоначалничката Данела Арсовска и директорката на комуналното претпријатие, Косана Мазнева да бидат присутни на седница за собирањето на отпад, да се дебатира за истото и да се изнајде решение.

.-Јас укажав и апелирав дека тука не е ниту градоначалничката, ниту директорката на комуналното претпријатие. Ние овде нема со кого да дебатираме и тоа е крајно несериозно, ве замолив да интервенираме да ги повикаме уште еднаш да дојдат бидејќи нема нешто што е поважно во моментов освен не дај боже да е загрозена нивната здравствена состојба. Тоа би било само единствено оправдување да не се денеска тука, нема ништо поважно од тоа да се денеска тука и да дебатираме, ни се случуваат проблеми, не само нам, им се случуваат проблеми на граѓаните на Скопје. Денеска е ова, утре ќе биде нешто друго, задутре ќе биде уште пострашно, затоа треба да сме денеска тука, да дебатираме за истите, да најдеме решение бидејќе нема никакво оправдување кога утре ден ќе ни се случи поголема катастрофа од ова што ни се случи пред некој ден, рече Андоновска.Андоновска укажа дека градоначалничката, директорката и оние кои што се надлежни треба да се присутни на седницата бидејќи доста е од дневна политика, ситни политички поени и популизам.-Затоа барам да се обезеди присуство на градоначалничката, директорката и оние кои што се надлежни да дебатираме денеска ние за оваа точка, бидејќи дневна политика, ситни политички поени, популизам овде не ни треба да зборуваме. Ние треба аргуменирано да дебатираме  и да донесеме решенија кои што понатака ќе бидат реализирани и спроведени. Ве молам да обезбедите присуство бидејќи нема ништо поважно денеска од тоа градоначалничката денеска да е присутна во оваа сала, порача Андоновска.

The post Aрсовска не дојде на седницата на која се расправа за хаосот со ѓубрето appeared first on Република.

Ѓорѓиевски: Арсовска нема надлежност да ме казни оти ЈП „Дрисла“ не се наоѓа на територија на Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gorgievski-arsovska-nema-nadlezhnost-da-me-kazni-oti-jp-drisla-ne-se-naoga-na-teritorija-na-grad-skopje/ Wed, 12 Jul 2023 12:10:47 +0000 https://republika.mk/?p=660441

Казната од 90.000 евра кој градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска му ја пишала на градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, поради оставање отпад пред портите на депонијата „Дрисла“, уште не е стигната кај него, но како што тој соопшти на денешната прес-конференција - не ни нема правна основа бидејќи ѓубрето било истурено пред објект кој се наоѓа на територија на Oпштината Студеничани, а не во Град Скопје.

Ниту си ги знае своите надлежности ниту, пак, своите ингеренции и што е најстрашно, според мене, ниту, пак, знае која е територијата што ја администратира, рече денеска Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски кажа и дека според негови информации, инспекторите кои ја напишале казната биде уценувани директно од градоначалничката, информација што вчера ја сподели и градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-tvrdi-gradskite-inspektsiski-sluzhbi-bile-pod-zhestok-pritisok-od-arsovska/

Ѓорѓиевски, исто така потенцираше дека за нивните камиони да го истурат сметот во „Дрисла“ нема потреба од никаков договор бидејќи според одлука која е донесена уште од 2005 година сите општини се наведени дека може да одлагаат отпад со мерење на отпадот и врз основа на тоа да им се наплати, а одлуката да ги преземат работите во свои раце и да започнат со чистење на општините, ја правда со тоа што доколку градоначалниците не постапеле, градот ќе продолжел да тони во смет и здравјето на граѓаните би се довело во прашање.

Тој потенцираше дека Арсовска не смее да постапува на места каде што нема ингеренции и најави реакција од неговиот правен тим, не исклучувајќи ја можноста да поднесе кривична пријава за неа поради загрозување на здравјето на граѓаните

Таа може да стане утре и да влезе во филм дека е министер за внатрешни работи па да почне да казнува народ по улици и да апси народ. Таа нема капацитет, не знае да се справи со проблемите ниту ја знае територијата со која администрира, кажа Ѓорѓиевски.

Покрај Кисела Вода, казна била пишана и за Општината Сопиште, а доколку се соберат двете казни кои треба да ги платат општините – сумата изнесува околу 140 000 евра, но тие се уште не се пристигнати на адреса на општините.

The post Ѓорѓиевски: Арсовска нема надлежност да ме казни оти ЈП „Дрисла“ не се наоѓа на територија на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Казната од 90.000 евра кој градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска му ја пишала на градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, поради оставање отпад пред портите на депонијата „Дрисла“, уште не е стигната кај него, но како што тој соопшти на денешната прес-конференција - не ни нема правна основа бидејќи ѓубрето било истурено пред објект кој се наоѓа на територија на Oпштината Студеничани, а не во Град Скопје.
Ниту си ги знае своите надлежности ниту, пак, своите ингеренции и што е најстрашно, според мене, ниту, пак, знае која е територијата што ја администратира, рече денеска Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски кажа и дека според негови информации, инспекторите кои ја напишале казната биде уценувани директно од градоначалничката, информација што вчера ја сподели и градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-tvrdi-gradskite-inspektsiski-sluzhbi-bile-pod-zhestok-pritisok-od-arsovska/ Ѓорѓиевски, исто така потенцираше дека за нивните камиони да го истурат сметот во „Дрисла“ нема потреба од никаков договор бидејќи според одлука која е донесена уште од 2005 година сите општини се наведени дека може да одлагаат отпад со мерење на отпадот и врз основа на тоа да им се наплати, а одлуката да ги преземат работите во свои раце и да започнат со чистење на општините, ја правда со тоа што доколку градоначалниците не постапеле, градот ќе продолжел да тони во смет и здравјето на граѓаните би се довело во прашање. Тој потенцираше дека Арсовска не смее да постапува на места каде што нема ингеренции и најави реакција од неговиот правен тим, не исклучувајќи ја можноста да поднесе кривична пријава за неа поради загрозување на здравјето на граѓаните
Таа може да стане утре и да влезе во филм дека е министер за внатрешни работи па да почне да казнува народ по улици и да апси народ. Таа нема капацитет, не знае да се справи со проблемите ниту ја знае територијата со која администрира, кажа Ѓорѓиевски.
Покрај Кисела Вода, казна била пишана и за Општината Сопиште, а доколку се соберат двете казни кои треба да ги платат општините – сумата изнесува околу 140 000 евра, но тие се уште не се пристигнати на адреса на општините.

The post Ѓорѓиевски: Арсовска нема надлежност да ме казни оти ЈП „Дрисла“ не се наоѓа на територија на Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Иницијатива на СДСМ во Советот, сите јавни претпријатија да го чистат ѓубрето во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/initsijativa-na-sdsm-vo-sovetot-site-javni-pretprijatija-da-go-chistat-gubreto-vo-skopje/ Wed, 12 Jul 2023 07:40:37 +0000 https://republika.mk/?p=660286

Советночката група на СДСМ иницира одржување вонредна седница на Советот на Град Скопје и предлага мерки за проблемот со ѓубрето кој, како што велат од СДСМ, го создаде неспособната локална власт на ДПМНЕ..

Како што објаснуваат, една од мерките што на седницата во четврток ќе ги предложат за решавање на проблемот со ѓубрето е вклучување на сите јавни претпријатија во чистењето.

Со сиот свој човечки потенцијал, а потоа и со онаа механизација со која располагаат јавните претпријатија да се вклучат во чистењето за што поскоро целосно да се расчисти ѓубрето во Скопје и состојбата да се врати во нормала. Оваа мерка ќе овозможи ЈП “Комунална хигиена” брзо да се врати во секојдневниот работен тек, а ќе превенира и во иднина да не се случува повторно ваков хаос. Очекуваме поддршка од сите советнички групи, вклучително и од мнозинството во Советот од ДПМНЕ. Особено што токму ДПМНЕ со своите кадри, со своите градоначалници во Скопје се диркетно одговорни и тие го создадоа проблемот, велат од СДСМ.

The post Иницијатива на СДСМ во Советот, сите јавни претпријатија да го чистат ѓубрето во Скопје appeared first on Република.

]]>

Советночката група на СДСМ иницира одржување вонредна седница на Советот на Град Скопје и предлага мерки за проблемот со ѓубрето кој, како што велат од СДСМ, го создаде неспособната локална власт на ДПМНЕ.. Како што објаснуваат, една од мерките што на седницата во четврток ќе ги предложат за решавање на проблемот со ѓубрето е вклучување на сите јавни претпријатија во чистењето.
Со сиот свој човечки потенцијал, а потоа и со онаа механизација со која располагаат јавните претпријатија да се вклучат во чистењето за што поскоро целосно да се расчисти ѓубрето во Скопје и состојбата да се врати во нормала. Оваа мерка ќе овозможи ЈП “Комунална хигиена” брзо да се врати во секојдневниот работен тек, а ќе превенира и во иднина да не се случува повторно ваков хаос. Очекуваме поддршка од сите советнички групи, вклучително и од мнозинството во Советот од ДПМНЕ. Особено што токму ДПМНЕ со своите кадри, со своите градоначалници во Скопје се диркетно одговорни и тие го создадоа проблемот, велат од СДСМ.

The post Иницијатива на СДСМ во Советот, сите јавни претпријатија да го чистат ѓубрето во Скопје appeared first on Република.

]]>
Д-р Даниловски: Мијазмата во Скопје ќе испари, ама зошто никој од надлежните немаше препораки за здравјето на луѓето https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/d-r-danilovski-mijazmata-vo-skopje-ke-ispari-ama-zoshto-nikoj-od-nadlezhnite-nemashe-preporaki-za-zdravjeto-na-lugeto/ Tue, 11 Jul 2023 11:44:41 +0000 https://republika.mk/?p=660036

„Мијазма“ во 21 век!, реагира епидемиологот Драган Даниловски коментирајќи го проблемот кој Скопје викендов го имаше со оставеното ѓубре и прашува зошто никој - ама баш никој - од надлежните институции не се огласи со ниту еден збор, ,акар со куси препораки до граѓаните за заштита на своето здравје...

Токму кога пандемијата на КОВИД-19 сѐ повеќе почна да се повлекува од свесниот видокруг на нашето секојдневие, наеднаш, се најдовме среде нов предизвик. Додуша, од локален карактер – скопски!
Метрополата, пред три дена, осамна затрупана во ѓубре по улиците, среде лето – небаре е некој средновековен град, кога граѓаните едноставно си го истурале ѓубрето под пенџери.
И под пеколното сонце, почна реа од распаднати органски материи да се шири низ градот, неумоливо продирајќи во секоја пора на градот. И во секоја клетка на сѐ што е живо...
„Мијазма“ во 21 век!
Истовремено, светот – оној свет вон нашиов средновековен меур – крши копја околу придобивките и ризиците од вештачката интелигенција, испитува можности за продолжување на човечкиот век, (наспроти турбуленциите предизвикани од сурова војна среде Европа)...
А ние? Ние се занимаваме со ѓубре! Ќе рече некој... ова е спин-настан, намерно предизвикан да го сврти вниманието од други болни случувања кај нас...
Небитно е и сеедно е која е заднината. „Мијазмата“ е тука. Опиплива и смрдлива! Рај за мачки и кучиња скитници. И за роеви муви. И птици мршојадци. И за глувци и стаорци! Тие, најдени во неверување, наеднаш соочени со можност за гозба, го разнесуваат пленот наоколу. Заедно со причинители на опасни заразни болести... со несогледливи здравствени ризици за жителите на градот.
Велат, „несреќата никогаш не доаѓа сама“. Ќе да е така. За среќа, оваа најновата, срeдновековната, трае(ше) само три дена, а не три години (ако се точни информациите дека причините се надминати). И сигурно ќе стивнат турбуленциите постепено. Мијазмата ќе испари... И ризиците по здравјето ќе избледат...
Но, останува за мене нејасно: Зошто никој - ама баш никој - од надлежните институции не се огласи со ниту еден збор? Макар со куси препораки до граѓаните за заштита на своето здравје..., пишува Даниловски.

The post Д-р Даниловски: Мијазмата во Скопје ќе испари, ама зошто никој од надлежните немаше препораки за здравјето на луѓето appeared first on Република.

]]>

„Мијазма“ во 21 век!, реагира епидемиологот Драган Даниловски коментирајќи го проблемот кој Скопје викендов го имаше со оставеното ѓубре и прашува зошто никој - ама баш никој - од надлежните институции не се огласи со ниту еден збор, ,акар со куси препораки до граѓаните за заштита на своето здравје...
Токму кога пандемијата на КОВИД-19 сѐ повеќе почна да се повлекува од свесниот видокруг на нашето секојдневие, наеднаш, се најдовме среде нов предизвик. Додуша, од локален карактер – скопски! Метрополата, пред три дена, осамна затрупана во ѓубре по улиците, среде лето – небаре е некој средновековен град, кога граѓаните едноставно си го истурале ѓубрето под пенџери. И под пеколното сонце, почна реа од распаднати органски материи да се шири низ градот, неумоливо продирајќи во секоја пора на градот. И во секоја клетка на сѐ што е живо... „Мијазма“ во 21 век! Истовремено, светот – оној свет вон нашиов средновековен меур – крши копја околу придобивките и ризиците од вештачката интелигенција, испитува можности за продолжување на човечкиот век, (наспроти турбуленциите предизвикани од сурова војна среде Европа)... А ние? Ние се занимаваме со ѓубре! Ќе рече некој... ова е спин-настан, намерно предизвикан да го сврти вниманието од други болни случувања кај нас... Небитно е и сеедно е која е заднината. „Мијазмата“ е тука. Опиплива и смрдлива! Рај за мачки и кучиња скитници. И за роеви муви. И птици мршојадци. И за глувци и стаорци! Тие, најдени во неверување, наеднаш соочени со можност за гозба, го разнесуваат пленот наоколу. Заедно со причинители на опасни заразни болести... со несогледливи здравствени ризици за жителите на градот. Велат, „несреќата никогаш не доаѓа сама“. Ќе да е така. За среќа, оваа најновата, срeдновековната, трае(ше) само три дена, а не три години (ако се точни информациите дека причините се надминати). И сигурно ќе стивнат турбуленциите постепено. Мијазмата ќе испари... И ризиците по здравјето ќе избледат... Но, останува за мене нејасно: Зошто никој - ама баш никој - од надлежните институции не се огласи со ниту еден збор? Макар со куси препораки до граѓаните за заштита на своето здравје..., пишува Даниловски.

The post Д-р Даниловски: Мијазмата во Скопје ќе испари, ама зошто никој од надлежните немаше препораки за здравјето на луѓето appeared first on Република.

]]>