ѓорѓи малковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gjorgji-malkovski/ За подобро да се разбереме Sun, 23 Oct 2022 14:02:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ѓорѓи малковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gjorgji-malkovski/ 32 32 Малковски: Тоа што е почнато на 23-ти октомври 1893 се заокружува со АСНОМ, кога Македонците се изборија за државност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/malkovski-toa-shto-e-pochnato-na-23-ti-oktomvri-1893-se-zaokruzuva-so-asnom-koga-makedoncite-se-izborija-za-drzavnost/ Sun, 23 Oct 2022 14:02:09 +0000 https://republika.mk/?p=564668

На научниот симпозиум 129 години ВМРО „БОРБАТА ЗА МАКЕДОНИЈА КОЈА ТРАЕ“,  организиран од ВМРО-ДПМНЕ, свое обраќање имаше проф. д-р Ѓорѓи Малковски кој зборувајќи периодот после Втората светска војна и за развивањето на автохтоното вооружено востание во Македонија за кое, како што истакна е континуитет на Илинденското востание, а за тоа зборуваат и имињата на партизанските одреди.

„Кога зборуваме за периодот од Втората светска војна, па се до 1992 година треба да имаме во предвид два клучни моменти. Во Македонија почнува и се развива автохтоно вооружено востание кое што успехот го заокружува за време на АСНОМ, односно со одлуките на АСНОМ за државност на македонската независност и суверенитет. Меѓутоа треба да заеме дека овој период кој што се развива во текот на Втората светска војна и по воениот период, всушност е период кој тоа е континуитет на илинденските традиции. Познато е дека кревањето на вооруженото востание и периодот на делувањето во текот на Втората светска војна е инспирирано од Илинденското востание и од илинденските традиции. За тоа зборуваат имињата на партизанските одреди кои што ги носат имињата на илинденците, меѓутоа за тоа зборуваат и говорите, прогласите итн. каде што секој проглас секој пишан документ и секој леток го истакнува и го укажува фактот дека борбата е продолжение на Илинденското востание“, истакна Малковски.

Тој исто така додаде и дека процесот на создавање на македонската државност после Втората светска војна е исклучително важен заради започнувањето на илегалната активност на млади револуционери кои се нарекуваа „Чентовисти“.

https://www.youtube.com/watch?v=k3JFTinnMU0&t=3641s

„Процесот на создавањето на македонската држава во периодот после Втората светска војна е исклучително важен. Важен е заради тоа што се започна една илегална активност на млади револуционери кои што се нарекуваа „Чентовисти“, односно луѓе кои што ги почитуваат традициите на Методија Андонов-Ченто. Знаете вие дека Ченто како човек и како личност беше храбар, мудар, меѓутоа пред сѐ беше човек кој што има имагинарна верба дека еден ден Македонија ќе дојде до обединување. На состанокот во Вис со Јосип Броз-Тито, заедно со Емануел Чучков и Кирил Петрушев, Ченто во четири очи му вели на Тито: „Господине претседателе, ние ја испочитувавме борбата, Македонците се вклучија, направивме тоа што го направивме и сега сакаме да се обединиме. Желбата ни е да ни помогнете околу обединувањето на Македонија“. Тито го послуша и му рече: „ Да, не е проблем, ние ќе се бориме за Македонија да се обедини и ќе ви помогнам во таа ваша цел“. Но, се разбира знаете дека од тоа не испадна скоро ништо, но факт е дека сепак тоа што го кажа и тоа што го сакаше Ченто го кошташе живот односно девет ипол години затвор и добивање рак на желудник од што умира 1957 година на 24 јули. Не само Ченто, туку и Панко Брашнар кој што ги кажа зборовите за обединета и независна Македонија, исто така беше затворен“, истакна Малковски и додаде:

„Овие нивни желби ги задоволија и младите ученици. Учениците кои што ја формираа ВМРО-ПРАВДА која што постоеше се до 1985 година, низ кое поминаа стотици и стотици млади деца, средношколци и студенти кои што ја имаа желбата за Македонија за слободна македонска држава“

The post Малковски: Тоа што е почнато на 23-ти октомври 1893 се заокружува со АСНОМ, кога Македонците се изборија за државност appeared first on Република.

]]>

На научниот симпозиум 129 години ВМРО „БОРБАТА ЗА МАКЕДОНИЈА КОЈА ТРАЕ“,  организиран од ВМРО-ДПМНЕ, свое обраќање имаше проф. д-р Ѓорѓи Малковски кој зборувајќи периодот после Втората светска војна и за развивањето на автохтоното вооружено востание во Македонија за кое, како што истакна е континуитет на Илинденското востание, а за тоа зборуваат и имињата на партизанските одреди.
„Кога зборуваме за периодот од Втората светска војна, па се до 1992 година треба да имаме во предвид два клучни моменти. Во Македонија почнува и се развива автохтоно вооружено востание кое што успехот го заокружува за време на АСНОМ, односно со одлуките на АСНОМ за државност на македонската независност и суверенитет. Меѓутоа треба да заеме дека овој период кој што се развива во текот на Втората светска војна и по воениот период, всушност е период кој тоа е континуитет на илинденските традиции. Познато е дека кревањето на вооруженото востание и периодот на делувањето во текот на Втората светска војна е инспирирано од Илинденското востание и од илинденските традиции. За тоа зборуваат имињата на партизанските одреди кои што ги носат имињата на илинденците, меѓутоа за тоа зборуваат и говорите, прогласите итн. каде што секој проглас секој пишан документ и секој леток го истакнува и го укажува фактот дека борбата е продолжение на Илинденското востание“, истакна Малковски.
Тој исто така додаде и дека процесот на создавање на македонската државност после Втората светска војна е исклучително важен заради започнувањето на илегалната активност на млади револуционери кои се нарекуваа „Чентовисти“. https://www.youtube.com/watch?v=k3JFTinnMU0&t=3641s