Ѓорѓи Јолевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gjorgji-jolevski/ За подобро да се разбереме Fri, 26 May 2023 10:34:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ѓорѓи Јолевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gjorgji-jolevski/ 32 32 Интелектуалната сила на Македонија намерно е повлечена на страна и нападната од булументата која царува во моментов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/intelektualnata-sila-na-makedonija-namerno-e-povlechena-na-strana-i-napadnata-od-bulumentata-koja-tsaruva-vo-momentov/ Fri, 26 May 2023 10:34:04 +0000 https://republika.mk/?p=644765

Сè повеќе и повеќе интелектуалната сила на Македонија е повлечена намерно од една страна, а од друга страна е нападната од таа булумента на агресивност и дивјаштво којашто царува во моментов во Македонија, вели актерот Ѓорѓи Јолевски (59), кој го толкува ликот на Павел Кирилич Лебедев во драмата „Иванов“ на Антон П. Чехов чија премиера е закажана за вечерва, на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ). Режијата и адаптацијата на „Иванов“ е на Зоја Бузалковска, а преводот од руски јазик е на Драгица Најческа.

„Иванов“ е првата поставена претстава на Чехов. Праизведбата била во 1887 година во театарот „Корша“, по која авторот направил корекции на текстот и неколку верзии, од кои најголемата промена била во доменот на жанрот – од комедија во драма – за изведбата во Александрискиот театар. Нејзиниот успех се должел на тоа што се однесувала на актуелните проблеми на руските интелектуалци во осумдесеттите години на 19 век. Според театролозите, во руската театарска и литаратурна критика не постои лик што предизвикал толкав број расправи, спорови и интерпретации како Чеховиот Иванов.

[caption id="attachment_644863" align="alignnone" width="1600"] Јолевски: Oва е мое прво влегување во убавината на Чехов, прекрасен автор во кој сум вљубен до уши. Фото: Александар Ивановски[/caption]

Нашиот „Иванов“ зборува за судбината на интелектуалецот во ова време-невреме. За немоќта да се справи со простотилакот на општеството, со вулгаризацијата на сите заложби за враќање на вистинските вредности. Тоа е претстава за човек подјаден од едно општество на меди- окритети, самозадоволни, самобендисани, просечни и потпросечни, богати, влијателни личности, чија единствена опсесија во животот се евтината забава, трачот, високата мода, форсирање на ес- традата и непрепознавање на квалитетот, но кои го диктираат општиот однос, точка на гледање „читање“ на „вредносните“ системи. Општество каде што просторот за оној кој има капацитет и потенцијал е максимално стеснет, до степен на задушување. Претставата зборува и за лихвар- ството и материјалното ропство, за маргините и за мејнстримот, за општеството без идеали и за бесперспективноста на човековите напори да создава и да менува, вели режисерката Бузалковска во драматуршко-режисерката белешка.

Јолевски, во интервју за „Република“ говори за местото на интелектуалецот во Македонија, што е она што го натерало така да се однесува, за проблемите со кои се соочува. Говори за Лебедев, ликот кој го толкува во „Иванов“ и карпата, која актерот се обидува да го претвори во своја планета или во свој космос.

[caption id="attachment_644869" align="alignnone" width="1600"] Јолевски: Се поставува таа дилема на интелектуалецот дали ова повлекување е добро, бидејќи сепак, ние сме социјални битија. Фото: Александар Ивановски[/caption]

Каде е местото на македонскиот интелектуалец денес? 

ЈОЛЕВСКИ: Интелектуалецот во Македонија е исфрлен од центрифугата на политиката, бизнисот и мафијата, ставен е во ситуација доколку го кажува тоа што го мисли, да биде атакуван од една страна, а од друга страна ниту еден чесен и умен човек не сака да биде нападнат без причина и вознемирен, ниту тој или таа, ниту пак неговото семејство. Сè повеќе и повеќе интелектуалната сила на Македонија е повлечена намерно од една страна, а од друга страна е нападната од таа булумента на агресивност и дивјаштво којашто царува во моментов во Македонија. Се поставува таа дилема или моралното прашање на интелектуалецот дали ова ретерирање, повлекување е добро, бидејќи сепак, ние сме социјални битија и живееме во одредена заедница и дали заедницата губи со тоа што тој не го дава својот глас или своите размисли каде и кон што се движи Македонија или пак едноставно самото повлекување е исто еден морален чин и е голем нем крик во ова ужасно време во кое живееме и тој крик се разбира, постојано се слуша.

Театарската критика и научната фела го карактеризира „Иванов“ како рускиот Хамлет и тоа е така. Јас имам можност првпат во својата кариера да играм во драма на Чехов, ова е мое прво влегување во убавината на овој прекрасен автор во кој сум вљубен до уши. Има неколку автори кои ми предизвикуваат таков вид на ‘чувстување’, се разбира таков е Шекспир, Бекет, Јонеско, Хајнер Милер, и еве сега, Чехов. Сè сум прочитал, но никогаш, како актер, не сум влегол во неговите дела и навистина сум вљубен во неговата луцидност, широчина, добрина, во неговото знаење, интелектуална моќ, во можноста да ги комбинира и да се повикува на авторите пред него, како што се Шекспир и Гогољ. Во монолозите на Иванов и на Лебедев ги препознаваме големите ликови од делата на големите автори, но Чехов така вешто и толку убаво ги вклопува во неговата идеја и во неговото смирение коешто произведува и вдахнува само и единствено љубов.

Чехов го пишувал Иванов во име на генерацијата која прерано се уморила, ги загубила идеалите и останала без животна енергија.

ЈОЛЕВСКИ: Ликот кој јас го играм, Лебедев, е управител на земската управа. Сопруг на Зинаида Савишна, татко на Саша Лебедева. Интелектуалец, кој завршил на Московскиот универзитет, човек кој ги има сите капацитети да биде столб, стожер на нешто што е ново, просперитетно, напредно, да се слуша неговиот глас во општеството. Но, тој се повлекува, ретерира. Се повлекува во рамките на своето семејство и би рекол него 'го изела' средината. Тој преживува како човек, единствената надеж за неговото опстојување е љубовта кон неговата ќерка и неговото семејство да биде згрижено. Но, сите негови интелектуални капацитети паѓаат во вода,, тој е практично како човек без иднина, без идеја како да го продолжи животот како дел од општетвото. И тој, би рекол, исто како и интелектуалната сила во Македонија, се повлекува некаде по ќошевите каде што роворат стаорци и воопшто не ја крева главата. Останува со свиткана глава, живее само за да преживее, но не и да дише со полни гради и да живее живот на човек со големо Ч.

Како е можно актуелните проблеми на руските интелектуалци за кои пишува Чехов во 80-те години на 19 век да важат и за денес?

ЈОЛЕВСКИ: Јас мислам дека ништо не е променето во последните неколку илјади години. Човекот не ја учи лекцијата од минатото. Едноставно, човекот веројатно е самозадоволно суштество полно со суета коешто не сака да ја научи лекцијата од минатото. Минатото и историјата мора да бидат учители и тие лекции што ги дава литературата, историјата, уметноста создавана со векови наназад, треба да бидат поттик за да се дојде до свежина на човековиот дух. Авторите се повторуваат и сите човечки постапки и идиотштини се повторуваат и очигледно човекот не сака да ја научи лекцијата. Токму заради тоа овие автори како Чехов се многу важни. Затоа што авторите купуваат или земаат или се повикуваа на авторите пред нив за повторно и повторно да го опомент човекот дека линијата на движење по којашто оди човештвото не е таква каква што треба да биде.

[caption id="attachment_644871" align="alignnone" width="1600"] Јолевски: Човекот веројатно е самозадоволно суштество полно со суета коешто не сака да ја научи лекцијата од минатото. Фото: Александар Ивановски[/caption]

Дали тогаш ќе дојде генерација којашто ќе даде вистински интелектуален отпор?

ЈОЛЕВСКИ: Не знам, надежта секогаш останува. Тоа е особина на човекот, да се живее во надеж бидејќи доколку не постои надеж, тогаш може само да се умре. Или да се чека бавна смрт. Многу е важно човекот да ја има надежта дека ќе дојде нова генерација која што ќе направи пресврт и револција во уметноста, политиката, општествените движења, дека ќе дојде генерација која што ќе може со крената глава и гордо да каже 'еве, ние го направивме чекорот во име на генерациите коишто се повлекувале или пак во име на генерациите коишто го дале животот за општеството, државата или за човековата слобода'.

Дали е тоа оптимизам? Значи секогаш може подобро?

ЈОЛЕВСКИ: Се разбира. Јас делувам во полето на уметноста, ако не постои принцип, желба за промена, тогаш не треба да се работи оваа работа. Реално ги гледам работите, такви какви што се. Но, во мојот храм, во театарот, каде што создавам, се чувстувам слободен, можам да креирам, во сојуз со големите автори и режисери кои имаат големи концепти, за големи промени. Уживам во тоа да го побарам тој момент, тој миг на слобода. Се разбира, тоа е во креација и во моментот кога сум на сцената. Да го немам тоа чувство дека може да се случи убавина, да се случи промена, тогаш не би ја работел оваа работа. И, се разбира, тогаш не би имал што да дадам на гледачот којшто доаѓа во темата сала да погледне едно парче уметност.

Целото дејствие на „Иванов“ се одвива на вештачка карпа. Што претставува карпата? Како се снајдовте? Колку беше тешко или лесно да се совлда искачувањето по карпата?

[caption id="attachment_644868" align="alignnone" width="1600"] Јолевски: Сите ние живееме во некоја своја ореова лушпа и таа треба да биде нашето кралство. Таа карпа за мене е моето кралство. Фото: Александар Ивановски[/caption]

ЈОЛЕВСКИ: Имав можност, како студент на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) на прва година, да ја гледам последната изведба на последната претстава на Ристо Шишков кој ја толкуваше улога на Иванов. Тоа беше во 1984 година. Ја гледав на малата сцена на сегашната Национална опера и балет, тогашен објект на Македонскиот народен театар. Како студент на ФДУ бев вџашен, вчудоневиден од ширината и моќноста на мојот колега, Ристо Шишков, кој всушност ја играше својата последна улога. После таа извдеба, тој веќе не играше и после неколку месеци почина. Претставата беше во режија на Бранко Ставрев, со феноменална актерка екипа.

Оваа претстава е нешто сосема различно, за мене многу убаво. Имав можност да работам во еден многу чуден и многу специфичен концепт на режисерката Зоја Бузалковска, со една екипа којашто со голема радост и жар се обиде да го реализира тој силен и стамен концепт. Пројдовме еден многу возбудлив процес. Водевме големи и долги разговори на читачките проби коишто беа во репетициона сала на МНТ каде што зборуваме и за другите дела на Чехов. Се обидувавме да правиме различни паралели помеѓу другите ликови од делата на Чехов и од други дела за да може да дојдеме до суштината на ликовите коишто ги толкуваме. Имавме и друг начин на подготовка, физички, бидејќи целата претстава се одигрува на една карпа. Имавме вежби со инструктори, одевме на Матка, се качувавме по карпите, одевме на вежби во сали каде што има вештачки карпи, имавме секојдневни тренинзи, за да може да го издржиме напорот на нашето постоење на карпата. Поминавме еден целокупен, но напорен, возбудлив и убав процес со сите колеги коишто се од различни генерации. Едно убаво споделување на чувстувањето на Чехов преку темата 'Иванов'.

Целото дејстивие се случува на карпата. Карпата е и домот на Лебедеви, кабинетот на Иванов, градината кај Лебедеви, сè се случува на таа карпа. Што е карпата и кое е нејзиното значење? Секој од нас има различен поглед на тоа. Јас, како Ѓорѓи Јолевски таа карпа ја чувствувам како мојата ореова лушпа и како актер се обидов преку ликот на Лебедев таа карпа да ја претворам во негова ореова лушпа. Како што би рекол Хамлет, во некоја парафразирана форма, сите ние живееме во некоја своја ореова лушпа и таа треба да биде нашето кралство. Таа карпа за мене е моето кралство. На актерот Ѓорги Јолевски и на Лебедов којшто се обидува тоа парче карпа да го претвори во свој дом, во свој свет, во своја планета или во свој космос.

Во нашиот „Иванов“ ние се занимаваме со тоа каде е местото на граѓанинот во Македонија, каде е местото на уметникот во системот во којшто живееме, каде е нашата мала и убава земја на мапата на светот, дали постоиме односно дали не постоиме, што уште ние треба да направиме за да може да се чувстуваме како луѓе и да може да се чувствуваме слободни.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

фото: Александар Ивановски

The post Интелектуалната сила на Македонија намерно е повлечена на страна и нападната од булументата која царува во моментов appeared first on Република.

]]>

Сè повеќе и повеќе интелектуалната сила на Македонија е повлечена намерно од една страна, а од друга страна е нападната од таа булумента на агресивност и дивјаштво којашто царува во моментов во Македонија, вели актерот Ѓорѓи Јолевски (59), кој го толкува ликот на Павел Кирилич Лебедев во драмата „Иванов“ на Антон П. Чехов чија премиера е закажана за вечерва, на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ). Режијата и адаптацијата на „Иванов“ е на Зоја Бузалковска, а преводот од руски јазик е на Драгица Најческа. „Иванов“ е првата поставена претстава на Чехов. Праизведбата била во 1887 година во театарот „Корша“, по која авторот направил корекции на текстот и неколку верзии, од кои најголемата промена била во доменот на жанрот – од комедија во драма – за изведбата во Александрискиот театар. Нејзиниот успех се должел на тоа што се однесувала на актуелните проблеми на руските интелектуалци во осумдесеттите години на 19 век. Според театролозите, во руската театарска и литаратурна критика не постои лик што предизвикал толкав број расправи, спорови и интерпретации како Чеховиот Иванов. [caption id="attachment_644863" align="alignnone" width="1600"] Јолевски: Oва е мое прво влегување во убавината на Чехов, прекрасен автор во кој сум вљубен до уши. Фото: Александар Ивановски[/caption]
Нашиот „Иванов“ зборува за судбината на интелектуалецот во ова време-невреме. За немоќта да се справи со простотилакот на општеството, со вулгаризацијата на сите заложби за враќање на вистинските вредности. Тоа е претстава за човек подјаден од едно општество на меди- окритети, самозадоволни, самобендисани, просечни и потпросечни, богати, влијателни личности, чија единствена опсесија во животот се евтината забава, трачот, високата мода, форсирање на ес- традата и непрепознавање на квалитетот, но кои го диктираат општиот однос, точка на гледање „читање“ на „вредносните“ системи. Општество каде што просторот за оној кој има капацитет и потенцијал е максимално стеснет, до степен на задушување. Претставата зборува и за лихвар- ството и материјалното ропство, за маргините и за мејнстримот, за општеството без идеали и за бесперспективноста на човековите напори да создава и да менува, вели режисерката Бузалковска во драматуршко-режисерката белешка.
Јолевски, во интервју за „Република“ говори за местото на интелектуалецот во Македонија, што е она што го натерало така да се однесува, за проблемите со кои се соочува. Говори за Лебедев, ликот кој го толкува во „Иванов“ и карпата, која актерот се обидува да го претвори во своја планета или во свој космос. [caption id="attachment_644869" align="alignnone" width="1600"] Јолевски: Се поставува таа дилема на интелектуалецот дали ова повлекување е добро, бидејќи сепак, ние сме социјални битија. Фото: Александар Ивановски[/caption] Каде е местото на македонскиот интелектуалец денес?  ЈОЛЕВСКИ: Интелектуалецот во Македонија е исфрлен од центрифугата на политиката, бизнисот и мафијата, ставен е во ситуација доколку го кажува тоа што го мисли, да биде атакуван од една страна, а од друга страна ниту еден чесен и умен човек не сака да биде нападнат без причина и вознемирен, ниту тој или таа, ниту пак неговото семејство. Сè повеќе и повеќе интелектуалната сила на Македонија е повлечена намерно од една страна, а од друга страна е нападната од таа булумента на агресивност и дивјаштво којашто царува во моментов во Македонија. Се поставува таа дилема или моралното прашање на интелектуалецот дали ова ретерирање, повлекување е добро, бидејќи сепак, ние сме социјални битија и живееме во одредена заедница и дали заедницата губи со тоа што тој не го дава својот глас или своите размисли каде и кон што се движи Македонија или пак едноставно самото повлекување е исто еден морален чин и е голем нем крик во ова ужасно време во кое живееме и тој крик се разбира, постојано се слуша. Театарската критика и научната фела го карактеризира „Иванов“ како рускиот Хамлет и тоа е така. Јас имам можност првпат во својата кариера да играм во драма на Чехов, ова е мое прво влегување во убавината на овој прекрасен автор во кој сум вљубен до уши. Има неколку автори кои ми предизвикуваат таков вид на ‘чувстување’, се разбира таков е Шекспир, Бекет, Јонеско, Хајнер Милер, и еве сега, Чехов. Сè сум прочитал, но никогаш, како актер, не сум влегол во неговите дела и навистина сум вљубен во неговата луцидност, широчина, добрина, во неговото знаење, интелектуална моќ, во можноста да ги комбинира и да се повикува на авторите пред него, како што се Шекспир и Гогољ. Во монолозите на Иванов и на Лебедев ги препознаваме големите ликови од делата на големите автори, но Чехов така вешто и толку убаво ги вклопува во неговата идеја и во неговото смирение коешто произведува и вдахнува само и единствено љубов. Чехов го пишувал Иванов во име на генерацијата која прерано се уморила, ги загубила идеалите и останала без животна енергија. ЈОЛЕВСКИ: Ликот кој јас го играм, Лебедев, е управител на земската управа. Сопруг на Зинаида Савишна, татко на Саша Лебедева. Интелектуалец, кој завршил на Московскиот универзитет, човек кој ги има сите капацитети да биде столб, стожер на нешто што е ново, просперитетно, напредно, да се слуша неговиот глас во општеството. Но, тој се повлекува, ретерира. Се повлекува во рамките на своето семејство и би рекол него 'го изела' средината. Тој преживува како човек, единствената надеж за неговото опстојување е љубовта кон неговата ќерка и неговото семејство да биде згрижено. Но, сите негови интелектуални капацитети паѓаат во вода,, тој е практично како човек без иднина, без идеја како да го продолжи животот како дел од општетвото. И тој, би рекол, исто како и интелектуалната сила во Македонија, се повлекува некаде по ќошевите каде што роворат стаорци и воопшто не ја крева главата. Останува со свиткана глава, живее само за да преживее, но не и да дише со полни гради и да живее живот на човек со големо Ч. Како е можно актуелните проблеми на руските интелектуалци за кои пишува Чехов во 80-те години на 19 век да важат и за денес? ЈОЛЕВСКИ: Јас мислам дека ништо не е променето во последните неколку илјади години. Човекот не ја учи лекцијата од минатото. Едноставно, човекот веројатно е самозадоволно суштество полно со суета коешто не сака да ја научи лекцијата од минатото. Минатото и историјата мора да бидат учители и тие лекции што ги дава литературата, историјата, уметноста создавана со векови наназад, треба да бидат поттик за да се дојде до свежина на човековиот дух. Авторите се повторуваат и сите човечки постапки и идиотштини се повторуваат и очигледно човекот не сака да ја научи лекцијата. Токму заради тоа овие автори како Чехов се многу важни. Затоа што авторите купуваат или земаат или се повикуваа на авторите пред нив за повторно и повторно да го опомент човекот дека линијата на движење по којашто оди човештвото не е таква каква што треба да биде. [caption id="attachment_644871" align="alignnone" width="1600"] Јолевски: Човекот веројатно е самозадоволно суштество полно со суета коешто не сака да ја научи лекцијата од минатото. Фото: Александар Ивановски[/caption] Дали тогаш ќе дојде генерација којашто ќе даде вистински интелектуален отпор? ЈОЛЕВСКИ: Не знам, надежта секогаш останува. Тоа е особина на човекот, да се живее во надеж бидејќи доколку не постои надеж, тогаш може само да се умре. Или да се чека бавна смрт. Многу е важно човекот да ја има надежта дека ќе дојде нова генерација која што ќе направи пресврт и револција во уметноста, политиката, општествените движења, дека ќе дојде генерација која што ќе може со крената глава и гордо да каже 'еве, ние го направивме чекорот во име на генерациите коишто се повлекувале или пак во име на генерациите коишто го дале животот за општеството, државата или за човековата слобода'. Дали е тоа оптимизам? Значи секогаш може подобро? ЈОЛЕВСКИ: Се разбира. Јас делувам во полето на уметноста, ако не постои принцип, желба за промена, тогаш не треба да се работи оваа работа. Реално ги гледам работите, такви какви што се. Но, во мојот храм, во театарот, каде што создавам, се чувстувам слободен, можам да креирам, во сојуз со големите автори и режисери кои имаат големи концепти, за големи промени. Уживам во тоа да го побарам тој момент, тој миг на слобода. Се разбира, тоа е во креација и во моментот кога сум на сцената. Да го немам тоа чувство дека може да се случи убавина, да се случи промена, тогаш не би ја работел оваа работа. И, се разбира, тогаш не би имал што да дадам на гледачот којшто доаѓа во темата сала да погледне едно парче уметност. Целото дејствие на „Иванов“ се одвива на вештачка карпа. Што претставува карпата? Како се снајдовте? Колку беше тешко или лесно да се совлда искачувањето по карпата? [caption id="attachment_644868" align="alignnone" width="1600"] Јолевски: Сите ние живееме во некоја своја ореова лушпа и таа треба да биде нашето кралство. Таа карпа за мене е моето кралство. Фото: Александар Ивановски[/caption] ЈОЛЕВСКИ: Имав можност, како студент на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) на прва година, да ја гледам последната изведба на последната претстава на Ристо Шишков кој ја толкуваше улога на Иванов. Тоа беше во 1984 година. Ја гледав на малата сцена на сегашната Национална опера и балет, тогашен објект на Македонскиот народен театар. Како студент на ФДУ бев вџашен, вчудоневиден од ширината и моќноста на мојот колега, Ристо Шишков, кој всушност ја играше својата последна улога. После таа извдеба, тој веќе не играше и после неколку месеци почина. Претставата беше во режија на Бранко Ставрев, со феноменална актерка екипа. Оваа претстава е нешто сосема различно, за мене многу убаво. Имав можност да работам во еден многу чуден и многу специфичен концепт на режисерката Зоја Бузалковска, со една екипа којашто со голема радост и жар се обиде да го реализира тој силен и стамен концепт. Пројдовме еден многу возбудлив процес. Водевме големи и долги разговори на читачките проби коишто беа во репетициона сала на МНТ каде што зборуваме и за другите дела на Чехов. Се обидувавме да правиме различни паралели помеѓу другите ликови од делата на Чехов и од други дела за да може да дојдеме до суштината на ликовите коишто ги толкуваме. Имавме и друг начин на подготовка, физички, бидејќи целата претстава се одигрува на една карпа. Имавме вежби со инструктори, одевме на Матка, се качувавме по карпите, одевме на вежби во сали каде што има вештачки карпи, имавме секојдневни тренинзи, за да може да го издржиме напорот на нашето постоење на карпата. Поминавме еден целокупен, но напорен, возбудлив и убав процес со сите колеги коишто се од различни генерации. Едно убаво споделување на чувстувањето на Чехов преку темата 'Иванов'. Целото дејстивие се случува на карпата. Карпата е и домот на Лебедеви, кабинетот на Иванов, градината кај Лебедеви, сè се случува на таа карпа. Што е карпата и кое е нејзиното значење? Секој од нас има различен поглед на тоа. Јас, како Ѓорѓи Јолевски таа карпа ја чувствувам како мојата ореова лушпа и како актер се обидов преку ликот на Лебедев таа карпа да ја претворам во негова ореова лушпа. Како што би рекол Хамлет, во некоја парафразирана форма, сите ние живееме во некоја своја ореова лушпа и таа треба да биде нашето кралство. Таа карпа за мене е моето кралство. На актерот Ѓорги Јолевски и на Лебедов којшто се обидува тоа парче карпа да го претвори во свој дом, во свој свет, во своја планета или во свој космос. Во нашиот „Иванов“ ние се занимаваме со тоа каде е местото на граѓанинот во Македонија, каде е местото на уметникот во системот во којшто живееме, каде е нашата мала и убава земја на мапата на светот, дали постоиме односно дали не постоиме, што уште ние треба да направиме за да може да се чувстуваме како луѓе и да може да се чувствуваме слободни. Разговараше: Александра М. Бундалевска фото: Александар Ивановски

The post Интелектуалната сила на Македонија намерно е повлечена на страна и нападната од булументата која царува во моментов appeared first on Република.

]]>
„Последната лента на крап“ вечерва на сцената на МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poslednata-lenta-na-krap-vecherva-na-scenata-na-mnt/ Mon, 21 Feb 2022 10:39:31 +0000 https://republika.mk/?p=461392

Понеделник – 21.02 – „Последната лента на крап“ – 20. часот
Продуцент: Ѓорѓи Јолевски
Драматург и превод од англиски: Владимир Јанчевски
Сценограф: Сергеј Светозарев
Костимограф: Ивана Каранфиловска – Угуровска
Дизајнер на тон: Ненад Трпеноски
Дизајнер на светло: Дарко Младеновски
Светло – оператор: Игор Митревски
Дизајнер на плакат и програмски каталог: Димитар Димитров
Извршен продуцент: Никола Кимовски

Фотограф: Кире Галевски
Суфлер: Тања Ивановска
Шминкер: Бранка Пљачковска
Вајар: Ангел Петровски
Реквизитери: Снежана Грнчаревска и Боби Гелиќ
Актер: Ѓорѓи Јолевски

 

Вторник – 22.02. – „Мој термин“ – 20. часот

По мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева
Режисер – Синиша Евтимов
Можеме ли компулсивно-опсесивните нарушувања да ги читаме како парадигма на нашето современо живеење? Колку во ова време на високи технологии, сепак, се соочуваме со недостаток на вистинска комуникација? Дали надминувањето на сопствените проблеми, стравови, опсесии и фрустрации можеме да го пронајдеме во решавањето на проблемите на другите? Можно ли е нашите проблеми, стравови, опсесии и фрустрации да резултираат со љубов? Дали опсесивно-компулсивното нарушување на одредена личност ставено во радикално поинаков контекст може да се претвори во генијалност? Дали е можно авторитетот подобро да функционира кога е прикриен, затскриен зад маската на „обичноста“? Дали елекромагнетните бранови од мобилите телефони нè полудуваат? Можно ли е да се отвори Пандорината кутија што ја носиме во себе за храбро да се соочиме со сите зла кои ќе излезат од неа и да ги надминеме или победиме?
Оваа пиеса отвора многу прашања, одговорите остануваат на публиката.
Актерска екипа:
Филип – Јордан Симонов
Бела – Тања Кочовска
Ото – Оливер Митковски
Воскресија – Николина Кујача
Столе – Александар Микиќ
Лилјана – Сашка Димитровска
Силва – Александар Михајловски

 

Среда – 23.02.- „Не се клади на Енглези“ – 20. часот

Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн.
Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.
Сашко Коцев на прес-конференцијата рече дека проектот е почнат во 2010 година, со истата актерска екипа, но поради обврски е пролонгиран за септември 2013 година.
– Текстот е многу примамлив. Хит е во Белград и Загреб и веќе шест-седум години се игра. Дејството се случува во едно маало, со препознатливи ликови и ситуации. Еден многу важен феномен кај нас е обложувањето, – рече Коцев и додаде дека текстот е напишан на сленг.
Микиќ истакна дека насловот е цитат од човек кој се споменува 20 или 30 пати во претставата, со специфичен говор и затоа е изведен насловот.
Според Митковски, темата на претставата е карактеристична за постранзициските држави во регионот каде, како што рече, игрите на среќа заземаат доминантно место во животите на голем дел од луѓето и претставуваат единствена надеж за заработка и за подобар живот.
– Ова е актерска претстава. Се работи за еден текст кој до максимум може да ги доведе актерските можности. Трите фантастични ролји се работени низ документарна призма, – потенцира режисерот Евтимов. Додаде дека претставата е и за пријателството, за нарушените односи во цивилизацијата, во човештвото.
Актерска екипа:
Сашко Коцев – Паун
Оливер Митковски – Пикси
Александар Микиќ – Буле

Понеделник – 28.02 – „Само глас“ – 20. часот

„Само глас“ е приказна за силна и талентирана жена, која преку ниска постапка го доживува најпонижувачкиот момент во својот живот, борејќи се за сопствениот идентитет. Позната е само Таа, бидејќи во нејзината личност се измешани повеќе архетипови: на ќерка, на дете, на жена, на љубовница, на ѕвезда, на протагонистка и на антагонистка.
Таа е позната актерка која ја губи сопствената доверба и е напуштена од многу помладиот партнер балетан на кого му помогна да ја создаде кариерата. Останува осамена и затворена во својот стан, кој не го доживува како сопствен дом, а единствено друштво ѝ прави само чудниот пајак миленик Тарантула, кој ѝ остана од бившиот партнер. За неа нема надеж дека ќе може повторно да доживее наивна љубовна младост, сега како тоа да е само минато. Во очајна потрага по љубов и афирмација преку интернет го запознава Него, кој наизглед ги опфаќа сите архетипови на совршен маж – спасител, обожавател, љубовник и татко. На почетокот пристоен и слаткоречив тој многу брзо ја стекнува нејзината доверба и таа развива фикција над него, убедена дека во него ќе најде мир, што нејзе најмногу ѝ недостига. Меѓутоа, кога ќе го притисне и кога ќе сфати дека тој не ја говори вистината, Тој во бес ѝ открива дека, всушност, бил реквизитер во театарот каде што таа работела и дека бил многу години опседнат со неа. Додека ја привлекува и ја шармира тој ја дознава нејзината најголема и најчувана тајна – дека таа го остава својот бивш кога доживеал несреќа, и за нејзиниот бивш партнер тоа значело запечатување на неговата кариера. Тој започнува да ја уценува и да ја третира како роба, бидејќи само така може да го добие нејзиното целосно внимание.
Сепак, го спречува неговото его да увиди дека Таа глумејќи и манипулирајќи повешто од него го вовлекува во замка.
На крајот таа успева да се избори за својата слобода и се обидува да научи да го живее животот сама.
Поради експлицитните сцени и реплики, претставата е наменета за возрасна категорија +18
Актерска екипа:
Таа – Звездана Ангеловска
Тој, снимениот глас на Никола Ристановски
Балетан – Мирослав Митрашиновиќ

The post „Последната лента на крап“ вечерва на сцената на МНТ appeared first on Република.

]]>

Понеделник – 21.02 – „Последната лента на крап“ – 20. часот Продуцент: Ѓорѓи Јолевски Драматург и превод од англиски: Владимир Јанчевски Сценограф: Сергеј Светозарев Костимограф: Ивана Каранфиловска – Угуровска Дизајнер на тон: Ненад Трпеноски Дизајнер на светло: Дарко Младеновски Светло – оператор: Игор Митревски Дизајнер на плакат и програмски каталог: Димитар Димитров Извршен продуцент: Никола Кимовски Фотограф: Кире Галевски Суфлер: Тања Ивановска Шминкер: Бранка Пљачковска Вајар: Ангел Петровски Реквизитери: Снежана Грнчаревска и Боби Гелиќ Актер: Ѓорѓи Јолевски   Вторник – 22.02. – „Мој термин“ – 20. часот По мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева Режисер – Синиша Евтимов Можеме ли компулсивно-опсесивните нарушувања да ги читаме како парадигма на нашето современо живеење? Колку во ова време на високи технологии, сепак, се соочуваме со недостаток на вистинска комуникација? Дали надминувањето на сопствените проблеми, стравови, опсесии и фрустрации можеме да го пронајдеме во решавањето на проблемите на другите? Можно ли е нашите проблеми, стравови, опсесии и фрустрации да резултираат со љубов? Дали опсесивно-компулсивното нарушување на одредена личност ставено во радикално поинаков контекст може да се претвори во генијалност? Дали е можно авторитетот подобро да функционира кога е прикриен, затскриен зад маската на „обичноста“? Дали елекромагнетните бранови од мобилите телефони нè полудуваат? Можно ли е да се отвори Пандорината кутија што ја носиме во себе за храбро да се соочиме со сите зла кои ќе излезат од неа и да ги надминеме или победиме? Оваа пиеса отвора многу прашања, одговорите остануваат на публиката. Актерска екипа: Филип – Јордан Симонов Бела – Тања Кочовска Ото – Оливер Митковски Воскресија – Николина Кујача Столе – Александар Микиќ Лилјана – Сашка Димитровска Силва – Александар Михајловски   Среда – 23.02.- „Не се клади на Енглези“ – 20. часот Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн. Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство. Сашко Коцев на прес-конференцијата рече дека проектот е почнат во 2010 година, со истата актерска екипа, но поради обврски е пролонгиран за септември 2013 година. – Текстот е многу примамлив. Хит е во Белград и Загреб и веќе шест-седум години се игра. Дејството се случува во едно маало, со препознатливи ликови и ситуации. Еден многу важен феномен кај нас е обложувањето, – рече Коцев и додаде дека текстот е напишан на сленг. Микиќ истакна дека насловот е цитат од човек кој се споменува 20 или 30 пати во претставата, со специфичен говор и затоа е изведен насловот. Според Митковски, темата на претставата е карактеристична за постранзициските држави во регионот каде, како што рече, игрите на среќа заземаат доминантно место во животите на голем дел од луѓето и претставуваат единствена надеж за заработка и за подобар живот. – Ова е актерска претстава. Се работи за еден текст кој до максимум може да ги доведе актерските можности. Трите фантастични ролји се работени низ документарна призма, – потенцира режисерот Евтимов. Додаде дека претставата е и за пријателството, за нарушените односи во цивилизацијата, во човештвото. Актерска екипа: Сашко Коцев – Паун Оливер Митковски – Пикси Александар Микиќ – Буле Понеделник – 28.02 – „Само глас“ – 20. часот „Само глас“ е приказна за силна и талентирана жена, која преку ниска постапка го доживува најпонижувачкиот момент во својот живот, борејќи се за сопствениот идентитет. Позната е само Таа, бидејќи во нејзината личност се измешани повеќе архетипови: на ќерка, на дете, на жена, на љубовница, на ѕвезда, на протагонистка и на антагонистка. Таа е позната актерка која ја губи сопствената доверба и е напуштена од многу помладиот партнер балетан на кого му помогна да ја создаде кариерата. Останува осамена и затворена во својот стан, кој не го доживува како сопствен дом, а единствено друштво ѝ прави само чудниот пајак миленик Тарантула, кој ѝ остана од бившиот партнер. За неа нема надеж дека ќе може повторно да доживее наивна љубовна младост, сега како тоа да е само минато. Во очајна потрага по љубов и афирмација преку интернет го запознава Него, кој наизглед ги опфаќа сите архетипови на совршен маж – спасител, обожавател, љубовник и татко. На почетокот пристоен и слаткоречив тој многу брзо ја стекнува нејзината доверба и таа развива фикција над него, убедена дека во него ќе најде мир, што нејзе најмногу ѝ недостига. Меѓутоа, кога ќе го притисне и кога ќе сфати дека тој не ја говори вистината, Тој во бес ѝ открива дека, всушност, бил реквизитер во театарот каде што таа работела и дека бил многу години опседнат со неа. Додека ја привлекува и ја шармира тој ја дознава нејзината најголема и најчувана тајна – дека таа го остава својот бивш кога доживеал несреќа, и за нејзиниот бивш партнер тоа значело запечатување на неговата кариера. Тој започнува да ја уценува и да ја третира како роба, бидејќи само така може да го добие нејзиното целосно внимание. Сепак, го спречува неговото его да увиди дека Таа глумејќи и манипулирајќи повешто од него го вовлекува во замка. На крајот таа успева да се избори за својата слобода и се обидува да научи да го живее животот сама. Поради експлицитните сцени и реплики, претставата е наменета за возрасна категорија +18 Актерска екипа: Таа – Звездана Ангеловска Тој, снимениот глас на Никола Ристановски Балетан – Мирослав Митрашиновиќ

The post „Последната лента на крап“ вечерва на сцената на МНТ appeared first on Република.

]]>