Ѓорѓи Галетановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gjorgji-galetanovski/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 08:45:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ѓорѓи Галетановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gjorgji-galetanovski/ 32 32 Галетановски ќе формира фондација за спас на ЗОО Скопје, ќе го тужи Град Скопје за конкурсот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/galetanovski-ke-formira-fondatsija-za-spas-na-zoo-skopje-ke-go-tuzhi-grad-skopje-za-konkursot/ Sun, 20 Oct 2024 08:45:34 +0000 https://republika.mk/?p=829004

Поранешниот директор на скопската зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски, кој апелира посетителите и вработените кои деновиве ја посетиле ЗОО Скопје да се тестираат за птичји грип, ја известува јавноста дека два месеца по завршувањето на огласот за директор на ЗОО Скопје, огласот сè уште е отворен, а одамна се поминати сите законски рокови за жалби.

Во присуство на адвокат денеска бев во ЗОО Скопје да ги подигнам моите документи и од таму одбија да ми ги вратат со банални објаснувања – документите не се разгледани (пликот не е отворен) ниту, пак, се пратени до градоначалничката на град Скопје, поради што ќе следува тужба од моја страна, вели поранешниот директор на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски.

„Без разлика на сите отежнителни околности со кои се соочувам во моментот, јас не се откажувам од она за што се залагам. Сакам да ги известам посетителите и моите колеги од Зоолошката градина дека мојот следен чекор е формирање фондација со име ‘За европска зоолошка’, чија примарна цел ќе биде обезбедување финансиска поддршка за Зоолошката градина во Скопје и нејзините вработени.

Фондацијата ќе биде посветена на развојот и одржувањето на Зоолошката градина според европски стандарди овозможувајќи соодветни услови за живеење на животните, унапредување на инфраструктурата, како и обезбедување средства за професионален развој и соодветни услови за работа на вработените – какви што впрочем заслужуваат, а во моментот ги немаат“, вели Галетановски и додава:

„Со формирањето на фондацијата ќе се стремам за зголемување на свесноста за важноста на заштитата на животинскиот свет и едукацијата на јавноста за овие прашања во соработка со релевантни европски институции и организации. Воедно, ќе бидат активирани многу домашни и странски фирми и донатори, кои ќе помагаат со финансии за потребите на ЗОО Скопје. Од редот на вработените во ЗОО Скопје ќе назначам и ополномоштам вработен, кој ќе има увид во финансиите, со право да управува со нив.

Сакам да им се заблагодарам за поддршката и да ги охрабрам моите колеги од институцијата, кои работат посветено и професионално, а кои се соочуваат со притисоци – да се борат за своите права и заслуги исто како што се боревме заедно! Никој не смее да се изживува со нив и да врши мобинг. Ги повикувам, доколку имаат потреба од правен совет, мојот адвокат секогаш ќе биде на располагање за какво било прекршување на Законот за работните односи со цел да бидат заштитени.

Департизацијата на Зоолошката градина Скопје останува моја прва и единствена цел и останувам да се борам за тоа!“, вели Галетановски.

The post Галетановски ќе формира фондација за спас на ЗОО Скопје, ќе го тужи Град Скопје за конкурсот appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директор на скопската зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски, кој апелира посетителите и вработените кои деновиве ја посетиле ЗОО Скопје да се тестираат за птичји грип, ја известува јавноста дека два месеца по завршувањето на огласот за директор на ЗОО Скопје, огласот сè уште е отворен, а одамна се поминати сите законски рокови за жалби.
Во присуство на адвокат денеска бев во ЗОО Скопје да ги подигнам моите документи и од таму одбија да ми ги вратат со банални објаснувања – документите не се разгледани (пликот не е отворен) ниту, пак, се пратени до градоначалничката на град Скопје, поради што ќе следува тужба од моја страна, вели поранешниот директор на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски. „Без разлика на сите отежнителни околности со кои се соочувам во моментот, јас не се откажувам од она за што се залагам. Сакам да ги известам посетителите и моите колеги од Зоолошката градина дека мојот следен чекор е формирање фондација со име ‘За европска зоолошка’, чија примарна цел ќе биде обезбедување финансиска поддршка за Зоолошката градина во Скопје и нејзините вработени. Фондацијата ќе биде посветена на развојот и одржувањето на Зоолошката градина според европски стандарди овозможувајќи соодветни услови за живеење на животните, унапредување на инфраструктурата, како и обезбедување средства за професионален развој и соодветни услови за работа на вработените – какви што впрочем заслужуваат, а во моментот ги немаат“, вели Галетановски и додава: „Со формирањето на фондацијата ќе се стремам за зголемување на свесноста за важноста на заштитата на животинскиот свет и едукацијата на јавноста за овие прашања во соработка со релевантни европски институции и организации. Воедно, ќе бидат активирани многу домашни и странски фирми и донатори, кои ќе помагаат со финансии за потребите на ЗОО Скопје. Од редот на вработените во ЗОО Скопје ќе назначам и ополномоштам вработен, кој ќе има увид во финансиите, со право да управува со нив. Сакам да им се заблагодарам за поддршката и да ги охрабрам моите колеги од институцијата, кои работат посветено и професионално, а кои се соочуваат со притисоци – да се борат за своите права и заслуги исто како што се боревме заедно! Никој не смее да се изживува со нив и да врши мобинг. Ги повикувам, доколку имаат потреба од правен совет, мојот адвокат секогаш ќе биде на располагање за какво било прекршување на Законот за работните односи со цел да бидат заштитени. Департизацијата на Зоолошката градина Скопје останува моја прва и единствена цел и останувам да се борам за тоа!“, вели Галетановски.

The post Галетановски ќе формира фондација за спас на ЗОО Скопје, ќе го тужи Град Скопје за конкурсот appeared first on Република.

]]>
Поранешниот директор на ЗОО Скопје Галетановски бара Арсовска да го врати на функцијатата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/poraneshniot-direktor-na-zoo-skopje-galetanovski-bara-arsovska-da-go-vrati-na-funktsijatata/ Tue, 13 Aug 2024 12:11:55 +0000 https://republika.mk/?p=806157

Поранешниот директор на Зоолошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски, кој си замина од функцијата во периодот кога на чело на градот дојде Данела Арсовска, денес поднесе документи на огласот на Град Скопје за избор на директор на оваа институција. Споделувајќи ја кандидатурата на „Фејсбук“, тој рече дека на овој чекор се одлучил бидејќи смета дека сега зоолошката се наоѓа во лоша состојба за разлика од периодот кога тој беше директор.

Се одважив и поднесувам во името на многу засегнати граѓани на Скопје и Македонија кои ми пишаа деновиве, но најповеќе поради животните и моите колеги кои заслужуваат мир, благосостојба и услови достојни за нив. Барам од градоначалничката Данела Арсовска и Советот на Град Скопје мандат од една година во кој тврдам и ветувам дека со моите колеги и многу општествено одговорни компании и јавни личности од државава ќе ги подобрам условите и ќе ја вратам нивната и гордоста на ЗОО Скопје, вели Галетановски.

The post Поранешниот директор на ЗОО Скопје Галетановски бара Арсовска да го врати на функцијатата appeared first on Република.