ѓорге иванов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gjorge-ivanov/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Mar 2024 17:51:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ѓорге иванов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gjorge-ivanov/ 32 32 Ѓорге Иванов ја повика македонската дијаспора да гласа на претстојните избори во земјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gorge-ivanov-ja-povika-makedonskata-dijaspora-da-glasa-na-pretstojnite-izbori-vo-zemjava/ Sat, 16 Mar 2024 17:49:28 +0000 https://republika.mk/?p=755458

Поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, преку „Фејсбук“ ја повика македонската дијаспора да гласа на претстојните претседателски и парламентарни избори во Македонија.

-Како поранешен Претседател на Република Македонија од 2009 до 2019 година, една од моите заложби беше односите со дијаспората да бидат на највисоко ниво и работев посветено на тоа поле.

Одржував редовни средби со претставниците на дијаспората, мојот Кабинет секогаш беше отворен за средби и соработка со лидерите на организациите на дијаспората. При секоја моја посета на странска држава инсистирав на средба со претставници на дијаспората и сакав да слушнам за нивните предизвици, но и за нивните идеи како да го продолжат и да го јакнат мостот на пријателство на татковината со земјата во која живеат и работат.

Во 2013 година, одлучив да доделувам Медал за заслуги за Македонија на поединци и Повелба на Република Македонија на организации кои живеат и работат надвор од Македонија, сметајќи дека нивната исклучително посветена работа и ангажираност треба да бидат препознаени и наградени. Да бидат препознаени затоа што даваат значаен придонес за афирмација на Република Македонија во светот и за унапредување на пријателските односи и соработката со државите во кои живеат. Сепак, тие се најдобрите амбасадори на нашата земја во странство и затоа сакав да им доделам признание од највисок ранг за нивниот труд како Претседател на земјата за која работат. Затоа пак, посебно ми беше драга највисоката награда на Обединетата Македонска дијаспора за мојата лична заложба за дијаспората која ја добив во 2018 година на Гала вечерата организирана во Детроит, САД.

Денес, ги повикувам сите граѓани на Република Македонија надвор од татковината да се регистрираат и да го изразат своето право на глас на претстојните претседателски и парламентарни избори во Македонија. Посветено работевме да го овозможиме правото на глас на сите македонски граѓани без разлика каде живеат и работат.

За да се регистрирате можете да ја пополните пријавата на следниот линк: https://dijaspora.sec.mk/ или лично во дипломатско конзуларните претставништва на Македонија во странство.

Искористете ја својата можност да го дадете својот глас за опцијата која вие сметате дека најдобро ќе ја предводи Македонија.

Ви испраќам срдечен поздрав од Македонија!
Да живее Република Македонија!, вели Иванов во повикот до македонската дијаспора.

The post Ѓорге Иванов ја повика македонската дијаспора да гласа на претстојните избори во земјава appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, преку „Фејсбук“ ја повика македонската дијаспора да гласа на претстојните претседателски и парламентарни избори во Македонија. -Како поранешен Претседател на Република Македонија од 2009 до 2019 година, една од моите заложби беше односите со дијаспората да бидат на највисоко ниво и работев посветено на тоа поле. Одржував редовни средби со претставниците на дијаспората, мојот Кабинет секогаш беше отворен за средби и соработка со лидерите на организациите на дијаспората. При секоја моја посета на странска држава инсистирав на средба со претставници на дијаспората и сакав да слушнам за нивните предизвици, но и за нивните идеи како да го продолжат и да го јакнат мостот на пријателство на татковината со земјата во која живеат и работат. Во 2013 година, одлучив да доделувам Медал за заслуги за Македонија на поединци и Повелба на Република Македонија на организации кои живеат и работат надвор од Македонија, сметајќи дека нивната исклучително посветена работа и ангажираност треба да бидат препознаени и наградени. Да бидат препознаени затоа што даваат значаен придонес за афирмација на Република Македонија во светот и за унапредување на пријателските односи и соработката со државите во кои живеат. Сепак, тие се најдобрите амбасадори на нашата земја во странство и затоа сакав да им доделам признание од највисок ранг за нивниот труд како Претседател на земјата за која работат. Затоа пак, посебно ми беше драга највисоката награда на Обединетата Македонска дијаспора за мојата лична заложба за дијаспората која ја добив во 2018 година на Гала вечерата организирана во Детроит, САД. Денес, ги повикувам сите граѓани на Република Македонија надвор од татковината да се регистрираат и да го изразат своето право на глас на претстојните претседателски и парламентарни избори во Македонија. Посветено работевме да го овозможиме правото на глас на сите македонски граѓани без разлика каде живеат и работат. За да се регистрирате можете да ја пополните пријавата на следниот линк: https://dijaspora.sec.mk/ или лично во дипломатско конзуларните претставништва на Македонија во странство. Искористете ја својата можност да го дадете својот глас за опцијата која вие сметате дека најдобро ќе ја предводи Македонија. Ви испраќам срдечен поздрав од Македонија! Да живее Република Македонија!, вели Иванов во повикот до македонската дијаспора.

The post Ѓорге Иванов ја повика македонската дијаспора да гласа на претстојните избори во земјава appeared first on Република.

]]>
Адвокатот Наумовски ја повлече иницијативата до Врховен за помилувањата од Иванов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/advokatot-naumovski-ja-povleche-initsijativata-do-vrhoven-za-pomiluvanata-od-ivanov/ Sat, 28 Oct 2023 18:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=695874

Врховниот суд информира дека иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење за прашањето за дадените помилувања на поранешниот претседател Ѓорге Иванов е повлечена од самиот предлагач, адвокатот Миле Наумовски.

- Врховниот суд на Република Македонија известува дека на ден 27.10.2023 година, до Врховниот суд доставен е поднесок од адвокат Миле Наумовски, со кој во целост ја повлекува Иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, која се однесува на повеќе прашања во врска со кривичната постапка, помеѓу кои и за прашањето за дадените помилувања од страна на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, се вели во соопштението од Врховниот суд

The post Адвокатот Наумовски ја повлече иницијативата до Врховен за помилувањата од Иванов appeared first on Република.

Иванов школата за млади лидери потпиша договор со Универзитетот Тексас – Тајлер од САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivanov-shkolata-za-mladi-lideri-potpisha-dogovor-so-univerzitetot-teksas-tajler-od-sad/ Sun, 17 Sep 2023 09:07:50 +0000 https://republika.mk/?p=682554

Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов за време на посетата на Универзитетот Тексас – Тајлер во САД, потпишал договор за разбирање и соработка меѓу Школата за млади лидери и Универзитетот Тексас – Тајлер.

Договорот предвидува петгодишна соработка која вклучува размена на студенти и учесници во нивните програмски активности, заеднички проекти во областа на образованието, можности за заеднички сертифицирани програми и тн.

Во името на американскиот универзитет договорот го потпишал нивниот претседател, д-р Хал Калоун.

На годинашната 14-та по ред Школа за млади лидери што ќе се одржи во октомври во Охрид, предвидено е да учествуваат пет студенти од овој универзитет, како и три професори во својство на предавачи.

- За време на неколку дневната посета на Тајлер во Тексас поранешниот претседател Иванов се обрати и пред студентите на катедрата за политички науки на тема „Предизвиците на политичката наука во 21 век". Исто така оствари и средба со градоначалникот Дoн Ворен и други официјални претставници на градот Тајлер, соопштија денеска од кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија 2009-2019, д-р Ѓорге Иванов.

The post Иванов школата за млади лидери потпиша договор со Универзитетот Тексас – Тајлер од САД appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов за време на посетата на Универзитетот Тексас – Тајлер во САД, потпишал договор за разбирање и соработка меѓу Школата за млади лидери и Универзитетот Тексас – Тајлер. Договорот предвидува петгодишна соработка која вклучува размена на студенти и учесници во нивните програмски активности, заеднички проекти во областа на образованието, можности за заеднички сертифицирани програми и тн. Во името на американскиот универзитет договорот го потпишал нивниот претседател, д-р Хал Калоун. На годинашната 14-та по ред Школа за млади лидери што ќе се одржи во октомври во Охрид, предвидено е да учествуваат пет студенти од овој универзитет, како и три професори во својство на предавачи. - За време на неколку дневната посета на Тајлер во Тексас поранешниот претседател Иванов се обрати и пред студентите на катедрата за политички науки на тема „Предизвиците на политичката наука во 21 век". Исто така оствари и средба со градоначалникот Дoн Ворен и други официјални претставници на градот Тајлер, соопштија денеска од кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија 2009-2019, д-р Ѓорге Иванов.

The post Иванов школата за млади лидери потпиша договор со Универзитетот Тексас – Тајлер од САД appeared first on Република.

]]>
Mиланов: Аболицијата за Јанакиески од претседателот Иванов не може да биде повлечена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/milanov-abolitsijata-za-janakieski-od-pretsedatelot-ivanov-ne-mozhe-da-bide-povlechena/ Mon, 08 May 2023 13:10:04 +0000 https://republika.mk/?p=638409

Адвокатот Еленко Миланов на денешната јавна седница на Апелација истакна дека овој случај од самиот почеток се водел погрешно и оти не може ни самата пресуда да биде поинаква.

Тој посочува дека аболицијата од претседателот Ивaнов не може да биде повлечена.

За овие помилувања и самиот суд во Стразбур кажа дека треба да одлучат домашните судови за тие да можат да го испитуваат.Помилувањето не е спорно, никогаш не е оспорено ниту едно од тие 56 решенија пред Уставен суд. За тие решенија веќе постојат одлуки на нашите правосудни органи. Ова е нешто што не може да се повлече со измена на закон подоцна донесен. Тие решенија кои се на сила опстојуваат и ја продолжуваат оваа голгота на Јанакиески кој има четири години и 10 месеци домашен притвор

The post Mиланов: Аболицијата за Јанакиески од претседателот Иванов не може да биде повлечена appeared first on Република.

]]>

Адвокатот Еленко Миланов на денешната јавна седница на Апелација истакна дека овој случај од самиот почеток се водел погрешно и оти не може ни самата пресуда да биде поинаква. Тој посочува дека аболицијата од претседателот Ивaнов не може да биде повлечена.
За овие помилувања и самиот суд во Стразбур кажа дека треба да одлучат домашните судови за тие да можат да го испитуваат.Помилувањето не е спорно, никогаш не е оспорено ниту едно од тие 56 решенија пред Уставен суд. За тие решенија веќе постојат одлуки на нашите правосудни органи. Ова е нешто што не може да се повлече со измена на закон подоцна донесен. Тие решенија кои се на сила опстојуваат и ја продолжуваат оваа голгота на Јанакиески кој има четири години и 10 месеци домашен притвор
 
The post Mиланов: Аболицијата за Јанакиески од претседателот Иванов не може да биде повлечена appeared first on Република.

]]>
Поранешниот претседател Иванов на 26. Евроазиски економски самит на Фондацијата Мармара https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poraneshniot-pretsedatel-ivanov-na-26-evroaziski-ekonomski-samit-na-fondatsijata-marmara/ Thu, 16 Mar 2023 08:30:51 +0000 https://republika.mk/?p=620154

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, учествуваше на 26. Евроазиски економски самит на Фондацијата Мармара што се одржа во периодот 13-15 март во Истанбул, на кој главна тема беше да се прекине недовербата, да се гради соработката.

Како што соопштија од неговиот кабинет, главни говорници на свеченото отворање на самитот на тема 100 години од Турската Република беа Иванов и реномираниот историчар академик и писател проф. д-р Илбер Ортајли. Иванов, честитајќи им го на домаќините едновековниот јубилеј на Република Турција со желби за просперитет, мир, успеси и благосостојба, зборуваше за основоположниците на Турската Република, Мустафа Кемал Ататурк и Али Фети Окјар, родум од некогашна отоманска Македонија, односно Румелија.

Врската меѓу Македонија и Ататурк и Окјар не е само географска, туку тоа е просторот каде се формирал нивниот светоглед, каде учеле колку е важен соживотот, прифаќањето и почитувањето на другите. Иванов потсети на визионерската мисла на Ататурк во која тој ја предвидува независноста на Македонија, која години подоцна станува реалност. Македонија имала секогаш силни релации со Турција, раѓајќи големи синови и ќерки, а тоа секако се и Ататурк и Окјар, се наведува во соопштението.

Иванов, се додава, се обрати и на претседателската сесија посветена на анализа на поларизираниот свет по една година од почетокот на руско-украинската војна, во која учествуваа поранешни претседатели на Турција, Романија, Црна Гора, Чешка, Хрватска, Босна и Херцеговина, Молдавија, Косово и на Албанија.

Во своето обраќање Иванов нагласи дека оваа војна отвори многу прашања и конфликти кои мислевме дека се затворени, и дека има четири можни сценарија. Според него, тоа се: прво, победа на првата страна; второ, победа на втората страна; трето, примирје и мировен договор; и четврто сценарио, замрзнување на конфликтот. Поради тоа, посочува, имаме потреба од точни проценки како ќе заврши војната за да се избегнат можните последици, бидејќи погрешните проценки имаат тенденција да создаваат дополнителни постконфликтни состојби.

Претседателот Иванов рече дека сме сведоци на крајот на една епоха, на еден униполарен свет, а воедно сме соочени со неизвесни алтернативи. Истакна дека ова е време на дигитална трансформација, кога вештачката интелигенција полека ја презема улогата на просветителството, човековиот ум и науката, на што и посочува Хенри Кисинџер во една од неговите последни книги. Со тоа, оние кои ќе доминираат со вештачката интелигенција, ќе доминираат и со светот. Вештачката интелигенција е како огнот – добар слуга, лош господар. Затоа е неопходно да бидеме претпазливи како човекова цивилизација за да не потпаднеме повторно во некој нов вид на ропство, порача Иванов.

За време на посетата на Истанбул, Иванов оствари средби со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, проф. д-р Илбер Ортајли, со повеќето од своите поранешни колеги присутни на самитот, како и со други учесници на форумот, стои во соопптението.

The post Поранешниот претседател Иванов на 26. Евроазиски економски самит на Фондацијата Мармара appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, учествуваше на 26. Евроазиски економски самит на Фондацијата Мармара што се одржа во периодот 13-15 март во Истанбул, на кој главна тема беше да се прекине недовербата, да се гради соработката. Како што соопштија од неговиот кабинет, главни говорници на свеченото отворање на самитот на тема 100 години од Турската Република беа Иванов и реномираниот историчар академик и писател проф. д-р Илбер Ортајли. Иванов, честитајќи им го на домаќините едновековниот јубилеј на Република Турција со желби за просперитет, мир, успеси и благосостојба, зборуваше за основоположниците на Турската Република, Мустафа Кемал Ататурк и Али Фети Окјар, родум од некогашна отоманска Македонија, односно Румелија.
Врската меѓу Македонија и Ататурк и Окјар не е само географска, туку тоа е просторот каде се формирал нивниот светоглед, каде учеле колку е важен соживотот, прифаќањето и почитувањето на другите. Иванов потсети на визионерската мисла на Ататурк во која тој ја предвидува независноста на Македонија, која години подоцна станува реалност. Македонија имала секогаш силни релации со Турција, раѓајќи големи синови и ќерки, а тоа секако се и Ататурк и Окјар, се наведува во соопштението.
Иванов, се додава, се обрати и на претседателската сесија посветена на анализа на поларизираниот свет по една година од почетокот на руско-украинската војна, во која учествуваа поранешни претседатели на Турција, Романија, Црна Гора, Чешка, Хрватска, Босна и Херцеговина, Молдавија, Косово и на Албанија. Во своето обраќање Иванов нагласи дека оваа војна отвори многу прашања и конфликти кои мислевме дека се затворени, и дека има четири можни сценарија. Според него, тоа се: прво, победа на првата страна; второ, победа на втората страна; трето, примирје и мировен договор; и четврто сценарио, замрзнување на конфликтот. Поради тоа, посочува, имаме потреба од точни проценки како ќе заврши војната за да се избегнат можните последици, бидејќи погрешните проценки имаат тенденција да создаваат дополнителни постконфликтни состојби.
Претседателот Иванов рече дека сме сведоци на крајот на една епоха, на еден униполарен свет, а воедно сме соочени со неизвесни алтернативи. Истакна дека ова е време на дигитална трансформација, кога вештачката интелигенција полека ја презема улогата на просветителството, човековиот ум и науката, на што и посочува Хенри Кисинџер во една од неговите последни книги. Со тоа, оние кои ќе доминираат со вештачката интелигенција, ќе доминираат и со светот. Вештачката интелигенција е како огнот – добар слуга, лош господар. Затоа е неопходно да бидеме претпазливи како човекова цивилизација за да не потпаднеме повторно во некој нов вид на ропство, порача Иванов.
За време на посетата на Истанбул, Иванов оствари средби со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, проф. д-р Илбер Ортајли, со повеќето од своите поранешни колеги присутни на самитот, како и со други учесници на форумот, стои во соопптението.

The post Поранешниот претседател Иванов на 26. Евроазиски економски самит на Фондацијата Мармара appeared first on Република.

]]>
Иванов порача: Да се биде Македонец не е само право. Тоа е и обврска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivanov-poracha-da-se-bide-makedonec-ne-e-samo-pravo-toa-e-i-obvrska/ Tue, 02 Aug 2022 08:43:41 +0000 https://republika.mk/?p=535997

„Да се биде Македонец не е само право. Тоа е и обврска“. Со ваква порака, поранешниот шеф на државата, Ѓорѓе Иванов, го честиташе Илинден.

Тој напиша:

Обврска да се чува наследство за кое нашите предци се избориле со пркос и непокор. Да се чува континуитетот на нашата определба, бидејќи како Македонци ние не можеме да бидеме нешто поразлично од нашите предци. Да не им го одземаме на нашите деца, внуци и правнуци она што ни го оставиле нашите татковци, дедовци, прадедовци.

Многупати се обидувале и сега повторно се обидуваат да ни накалемат некаков туѓ идентитет. Ниту успаале, ниту сега ќе успеат бидејќи нашето постоење не зависи од нив туку од самите нас. Овој светол ден не потсетува дека не смееме да ја губиме вербата во себе. Да го чуваме и негуваме нашиот многувековен идеал на непокорот. За многу години Илинден! Да живее Република Македонија!

The post Иванов порача: Да се биде Македонец не е само право. Тоа е и обврска appeared first on Република.

]]>

„Да се биде Македонец не е само право. Тоа е и обврска“. Со ваква порака, поранешниот шеф на државата, Ѓорѓе Иванов, го честиташе Илинден.
Тој напиша:
Обврска да се чува наследство за кое нашите предци се избориле со пркос и непокор. Да се чува континуитетот на нашата определба, бидејќи како Македонци ние не можеме да бидеме нешто поразлично од нашите предци. Да не им го одземаме на нашите деца, внуци и правнуци она што ни го оставиле нашите татковци, дедовци, прадедовци. Многупати се обидувале и сега повторно се обидуваат да ни накалемат некаков туѓ идентитет. Ниту успаале, ниту сега ќе успеат бидејќи нашето постоење не зависи од нив туку од самите нас. Овој светол ден не потсетува дека не смееме да ја губиме вербата во себе. Да го чуваме и негуваме нашиот многувековен идеал на непокорот. За многу години Илинден! Да живее Република Македонија!

The post Иванов порача: Да се биде Македонец не е само право. Тоа е и обврска appeared first on Република.

]]>
Внукот ќе го носи името на деда си https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/vnukot-kje-go-nosi-imeto-na-deda-si/ Thu, 07 Apr 2022 21:43:52 +0000 https://republika.mk/?p=485042

Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов пред два дена стана татко.

По раѓањето на синот, Иван направи забава на која присуствуваа и бројни познати личности.

Меѓу нив беше и славниот музичар Владимир Четкар кој го откри името на бебето.

Внукот на Ѓорѓе Иванов го доби името на својот дедо.

The post Внукот ќе го носи името на деда си appeared first on Република.

]]>

Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов пред два дена стана татко. По раѓањето на синот, Иван направи забава на која присуствуваа и бројни познати личности. Меѓу нив беше и славниот музичар Владимир Четкар кој го откри името на бебето. Внукот на Ѓорѓе Иванов го доби името на својот дедо.

The post Внукот ќе го носи името на деда си appeared first on Република.

]]>
Иванов: Кога почна конфликтот, генералниот секретар на ОН требаше да биде во Киев, а утредента во Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivanov-koga-pochna-konfliktot-generalniot-sekretar-na-on-trebashe-da-bide-vo-kiev-a-utredenta-vo-moskva/ Sun, 13 Mar 2022 10:26:32 +0000 https://republika.mk/?p=472012

Обединетите нации се човечка креација и тие, како и секој организам, кога ќе остарат се соочуваат со немоќ, тромавост, помала ефикасност, изјави Ѓорге Иванов, поранешниот претседател на Македонија кој се обрати на форумот за дипломатија во Анталија кој се одржува под покровителство на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Во своето излагање, Иванов нагласи дека кризата во Украина ја враќа повторно на сцена дебатата за ОН и Советот за безбедност и нивната поставеност во 21 век. Тој потсети дека денешните ОН се резултат на состојбата после Втората светска војна кога победниците биле мудри и храбри луѓе и го започнале тој проект соодветен за тоа време и тие услови.

„Сепак, во денешно време тој проект ја губи својата моќ да воспоставува мир. Можни се три модели на функционирање на ОН. Прво, да останат како што се, второ, да излезат од воспоставениот модел и да се реформираат, и, трето, да ги користат придобивките од технолошкиот развој и дигитализацијата како начин за носење одлуки. Ако системот на ОН остане во статус-кво состојба, после конфликтот во Украина, знаејќи ја позицијата на Русија, нѐ очекуваат долги и тешки преговори користејќи ги сите досегашни дипломатски механизми и искуства. Ако се замени моделот на носење одлуки, да се напушти сегашниот и се замени со нов, современ, постои можност за нивно подобро функционирање. Третиот модел, пак, е да се користат сите дострели и технолошки достигнувања за носење дипломатски решенија, дигитална дипломатија. ОН се човечка креација и тие, како и секој организам, кога ќе остарат се соочуваат со немоќ, тромавост, помала ефикасност. ОН се најефикасни во кризни ситуации, но, за да се покаже нивната ефикасност, генералниот секретар на ОН, заедно со претседателот на Генералното собрание на ОН, мораше, уште истиот ден кога започна конфликтот, да бидат во Киев, а следниот ден во Москва. Живееме во време на голема неизвесност и нѐ очекуваат големи предизвици. Но, човештвото секогаш наоѓа решение во кризни ситуации, и да се надеваме дека и сега ќе најдеме решенија кои ќе бидат од корист за сите, не само за одредени земји. Светот станува сѐ покомплексен и посложен, но и сѐ повеќе меѓусебно зависен, па затоа, помагајќи си себе си, им помагаме на сите“, рече меѓу другото Иванов на панлот на тема „Ревитализација на мултилатерализмот: ОН и подалеку“.

Учесниците на панелот се согласија дека се неопходни промени и реформи на ОН и Советот за безбедност.

The post Иванов: Кога почна конфликтот, генералниот секретар на ОН требаше да биде во Киев, а утредента во Москва appeared first on Република.

]]>

Обединетите нации се човечка креација и тие, како и секој организам, кога ќе остарат се соочуваат со немоќ, тромавост, помала ефикасност, изјави Ѓорге Иванов, поранешниот претседател на Македонија кој се обрати на форумот за дипломатија во Анталија кој се одржува под покровителство на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. Во своето излагање, Иванов нагласи дека кризата во Украина ја враќа повторно на сцена дебатата за ОН и Советот за безбедност и нивната поставеност во 21 век. Тој потсети дека денешните ОН се резултат на состојбата после Втората светска војна кога победниците биле мудри и храбри луѓе и го започнале тој проект соодветен за тоа време и тие услови.