Ѓорчев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gjorchev/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jun 2024 20:58:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ѓорчев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gjorchev/ 32 32 Ѓорчев: Стануваме земја без народ, со лошите политики на минатата власт на Македонија ѝ се случи демографска рецесија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gorchev-stanuvame-zemja-bez-narod-so-loshite-politiki-na-minatata-vlast-na-makedonija-se-sluchi-demografska-retsesija/ Tue, 11 Jun 2024 20:57:09 +0000 https://republika.mk/?p=786720

„Прашањето на демографијата е прашање на нашиот опстанок и битисување кое што е доведено под прашање. Минатата 2023-та година се срушени сите негативни демографски рекорди и тоа значи дека стануваме земја без народ“, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 Отворено“ на 24ТВ.

Тој истакна дека минатата власт односно СДСМ и ДУИ е причината поради која што си заминуваа граѓаните од Македонија.

-Поради лошите политики на СДСМ и ДУИ младите си заминаа од државата. Таа гарнитура кога дојде на власт 2016/2017 година наследија 23.000 новородени бебиња, од цела Македонија 23.000 новородени бебиња. А, минатата година имаме 16.000, тоа значи демографска рецесија од 30%, појасни Ѓорчев.

Тој посочи дека покрај иселувањето, во Македонија се бележи и намален број на стапување во бракови, има намалување на бројката на второ родени деца, дури се бележи и преполување на бројката на родено трето дете.

За жал само расте бројот на разводи, сите социјални патологии се зголемени, има злоупотреби на дроги итн.

„Од 2006-та до 2016-та година Македонија во тие години со сите мерки кои ги преземавме беше единствена земја во која што имаше раст на новородени деца, и тоа од 22.588 на 23.003. Тоа е 2+2,3% зголемување во бројот на новородени деца. А, истовремено сите земји од Португалија преку Шпанија, Италија, Грција, целиот Балкан имаа падови на бројот на новородени деца 10,15 па некои дури од нив и 25%“, потсети Ѓорчев.

Во тој период бројот на третородени деца од 2008 до 2014-та година е зголемен за 40%.

-Значи дојдовме некаде до 3.700 третородени деца во Македонија. А, сега бројот на третородени деца во Македонија не е ниту 1.800, а тоа значи дека е преполовено, рече тој.

Тој истакна: „Со она што и се случи на Македонија изминативе 6-7 години со егзодусот, со епското иселување како никогаш во последниве 100 години, заедно со антисемејните политики, заедно со зулумот кој што и се направи на Македонија, државата е во многу незавидна позиција која што мора што поскоро да се промени“.

The post Ѓорчев: Стануваме земја без народ, со лошите политики на минатата власт на Македонија ѝ се случи демографска рецесија appeared first on Република.

]]>

„Прашањето на демографијата е прашање на нашиот опстанок и битисување кое што е доведено под прашање. Минатата 2023-та година се срушени сите негативни демографски рекорди и тоа значи дека стануваме земја без народ“, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 Отворено“ на 24ТВ. Тој истакна дека минатата власт односно СДСМ и ДУИ е причината поради која што си заминуваа граѓаните од Македонија. -Поради лошите политики на СДСМ и ДУИ младите си заминаа од државата. Таа гарнитура кога дојде на власт 2016/2017 година наследија 23.000 новородени бебиња, од цела Македонија 23.000 новородени бебиња. А, минатата година имаме 16.000, тоа значи демографска рецесија од 30%, појасни Ѓорчев. Тој посочи дека покрај иселувањето, во Македонија се бележи и намален број на стапување во бракови, има намалување на бројката на второ родени деца, дури се бележи и преполување на бројката на родено трето дете. За жал само расте бројот на разводи, сите социјални патологии се зголемени, има злоупотреби на дроги итн. „Од 2006-та до 2016-та година Македонија во тие години со сите мерки кои ги преземавме беше единствена земја во која што имаше раст на новородени деца, и тоа од 22.588 на 23.003. Тоа е 2+2,3% зголемување во бројот на новородени деца. А, истовремено сите земји од Португалија преку Шпанија, Италија, Грција, целиот Балкан имаа падови на бројот на новородени деца 10,15 па некои дури од нив и 25%“, потсети Ѓорчев. Во тој период бројот на третородени деца од 2008 до 2014-та година е зголемен за 40%. -Значи дојдовме некаде до 3.700 третородени деца во Македонија. А, сега бројот на третородени деца во Македонија не е ниту 1.800, а тоа значи дека е преполовено, рече тој. Тој истакна: „Со она што и се случи на Македонија изминативе 6-7 години со егзодусот, со епското иселување како никогаш во последниве 100 години, заедно со антисемејните политики, заедно со зулумот кој што и се направи на Македонија, државата е во многу незавидна позиција која што мора што поскоро да се промени“.

The post Ѓорчев: Стануваме земја без народ, со лошите политики на минатата власт на Македонија ѝ се случи демографска рецесија appeared first on Република.

]]>
Ѓорчев: Граѓаните се незадоволни од власта, промените се неизбежни, а Македонија може и мора подобро https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gorchev-graganite-se-nezadovolni-od-vlasta-promenite-se-neizbezhni-a-makedonija-mozhe-i-mora-podobro/ Fri, 05 Apr 2024 18:49:40 +0000 https://republika.mk/?p=762814

Во вечерашната емисија „Топ Тема“ на Телма ТВ гостуваше Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ кој што истакна дека граѓаните се незадоволни од власта на СДСМ и ДУИ, промените се неизбежни, Македонија може и мора подобро, а победата на Гордана Силјановска Давкова е многу извесна.

„Ако ги видиме сите 7 кандидати гледаме дека има двајца кандидати од власта тоа се СДСМ и ДУИ а другите пет кандидати се опозициони кандидати така што работите се многу јасни, базенот, резервоарот на опозициони гласови во вториот круг за опозицијата односно за Гордана Силјановска Давкова е многу поголем. Сметам дека одиме кон победа во вториот круг, засилено дополнително со поголем одзив заради парламентарните избори“, кажа Ѓорчев.

Ѓорчев додаде дека граѓаните се незадоволни од власта, промените се неизбежни а Македонија може и мора подобро.

„Сметам дека власта е дефинитивно во заминување, јасно е дека огромното мнозинство на граѓани се незадоволни со состојбите, луѓето мислат дека Македонија може и мора подобро. Освен тврдото, елементарно гласачко тело на СДСМ други кои се задоволни од овие состојби нема, а ти се 10 -15 %. Генерално ако се гледа целата атмосфера мислам дека е неизбежно да има промена. И таа промена ќе биде прилично убедлива. Воопшто нема да биде тесна разликата, далеку од тоа“, кажа Ѓорчев.

The post Ѓорчев: Граѓаните се незадоволни од власта, промените се неизбежни, а Македонија може и мора подобро appeared first on Република.

]]>

Во вечерашната емисија „Топ Тема“ на Телма ТВ гостуваше Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ кој што истакна дека граѓаните се незадоволни од власта на СДСМ и ДУИ, промените се неизбежни, Македонија може и мора подобро, а победата на Гордана Силјановска Давкова е многу извесна. „Ако ги видиме сите 7 кандидати гледаме дека има двајца кандидати од власта тоа се СДСМ и ДУИ а другите пет кандидати се опозициони кандидати така што работите се многу јасни, базенот, резервоарот на опозициони гласови во вториот круг за опозицијата односно за Гордана Силјановска Давкова е многу поголем. Сметам дека одиме кон победа во вториот круг, засилено дополнително со поголем одзив заради парламентарните избори“, кажа Ѓорчев. Ѓорчев додаде дека граѓаните се незадоволни од власта, промените се неизбежни а Македонија може и мора подобро. „Сметам дека власта е дефинитивно во заминување, јасно е дека огромното мнозинство на граѓани се незадоволни со состојбите, луѓето мислат дека Македонија може и мора подобро. Освен тврдото, елементарно гласачко тело на СДСМ други кои се задоволни од овие состојби нема, а ти се 10 -15 %. Генерално ако се гледа целата атмосфера мислам дека е неизбежно да има промена. И таа промена ќе биде прилично убедлива. Воопшто нема да биде тесна разликата, далеку од тоа“, кажа Ѓорчев.

The post Ѓорчев: Граѓаните се незадоволни од власта, промените се неизбежни, а Македонија може и мора подобро appeared first on Република.

]]>
Ѓорчев: Македонија по дипломатски пат да поднесете Анекс за точки од договорот со Бугарија кои го стагнираат процесот на добрососедството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gorchev-makedonija-po-diplomatski-pat-da-podnesete-aneks-za-tochki-od-dogovorot-so-bugarija-koi-go-stagniraat-protsesot-na-dobrososedstvoto/ Fri, 11 Aug 2023 18:41:46 +0000 https://republika.mk/?p=671232

„Избори се секогаш решение кога се гледа дека граѓаните на Република Македонија бараат излез од оваа ситуација. А, тоа го покажуваат сите истражувања, а истражувањата се сепак огледало на политичката сцена во Република Македонија, истакна Марјан Ѓорчев во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

Ѓорчев додаде дека тогаш ќе се покаже од сите политички партии во која насока ќе се движи државата.

„После договорот со Бугарија, власта самата на себеси си направи стапица со тоа што прифати исклучиво бугарска стратегија. И при прифаќање на овој договор не се почитуваа искуствата на владите од пред 2017-та година. И сега од таа стапица многу тешко се излегува“, рече Ѓорчев.

Тој посочи дека Бугарија кажува убаво дека преземените обврски од при потпишувањето на договорот треба да се исполнат како што се историските прашања, образовните прашања, недискриминација, сето тоа го содржи договорот. Бугарија кажува се што ја чека Македонија.

„Во последните одредби од договорот стои овој договор дека има право Република Македонија и Република Бугарија да поднесе Анекс, значи ова не е конечен договор, значи имате право по дипломатски пат да поднесете Анекс за тие точки за кои што мислите дека го стагнираат процесот за развојот на добрососедството, пријателство и соработка. Република Македонија треба да го направи тоа што поскоро, за да го ажурира договорот и тој договор да стане применливи во политички, економски и социјален контекст. А, најмногу во граѓански контекст. Така што тој договор може да има позитивна содржина дури тогаш кога негативни елементи ќе бидат отстранети, а тоа можеме да го направиме согласно оодредбите во договорот и во рок од една година од другата страна да одговори дали ги прифаќа тие измени и дополни. Пазете имаме право на измени и дополни и со тоа да го подобриме и политичкиот дијалог и односот помеѓу граѓаните во двете држави“, нагласи Ѓорчев.

Тој појасни дека Бугарија може и вака Македонија да ја блокира и со отворање на првиот кластер. Бугарија може секогаш Македонија да ја блокира.

Тој додаде дека ние како земја кандидат, без почнати преговори со ЕУ, имаме право да сметаме дека овој предлог на Европската Унија е неприличен, штетен за Македонија по нејзините национални и државни интереси.

Тој истакна дека меѓународната соработка е нужна, но нашите ставови се познати дека за култура, за историја, да бидеме доследни кон сите, но дискусија за тоа не може да биде предмет.

- Јасно е дека ова се беспредметни дебати. Што има да дава гаранција некоја држава за тоа дека нема да има повеќе дебата за историја. Историјата не смее да биде предмет во преговарачката рамка, како што не може да биде ни образованието, ни културата, а сите тие одредби се во Договорот со Бугарија и се на некој начин противречни со стандардите за пристапување во ЕУ, рече Ѓорчев.

Тој истакна дека европската интеграција е процес во кој космополитизмот, наднационалната политика е важно, но тоа не треба да биде по цена на нешто што претставува наука, колективна меморија и откажување од образованието на идните поколенија.

Во однос на манифестот на власта, тој рече дека требаше да се појави пред да се прифати било каков предлог, а сега е доцна.

- Манифестот требаше да биде објавен уште во февруари 2022 кога требаше да седнат сите политички партии за тоа каква рамка ни треба. Сега е доцна, сега се изострени политичките ставови на клучните политички субјекти, позиција и опозиција и така да сега манифестот е задоцнет и излишен. Црвените линии беа изгласани во Резолуцијата која беше изгласана во Собранието и таму јасно стои дека не може да се разговара за историја, култура и образование, а токму договорот за соработка и добрососедство кој не е за добрососедство кој беше злоупотребен од бугарска страна со ветата и во него се работи за тие теми, истакна Ѓорчев.

Според него за консензус е потребно да се седне пред било кој предлог од меѓународната заедница или пред било кое важно прашање.

The post Ѓорчев: Македонија по дипломатски пат да поднесете Анекс за точки од договорот со Бугарија кои го стагнираат процесот на добрососедството appeared first on Република.

]]>

„Избори се секогаш решение кога се гледа дека граѓаните на Република Македонија бараат излез од оваа ситуација. А, тоа го покажуваат сите истражувања, а истражувањата се сепак огледало на политичката сцена во Република Македонија, истакна Марјан Ѓорчев во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија. Ѓорчев додаде дека тогаш ќе се покаже од сите политички партии во која насока ќе се движи државата. „После договорот со Бугарија, власта самата на себеси си направи стапица со тоа што прифати исклучиво бугарска стратегија. И при прифаќање на овој договор не се почитуваа искуствата на владите од пред 2017-та година. И сега од таа стапица многу тешко се излегува“, рече Ѓорчев. Тој посочи дека Бугарија кажува убаво дека преземените обврски од при потпишувањето на договорот треба да се исполнат како што се историските прашања, образовните прашања, недискриминација, сето тоа го содржи договорот. Бугарија кажува се што ја чека Македонија. „Во последните одредби од договорот стои овој договор дека има право Република Македонија и Република Бугарија да поднесе Анекс, значи ова не е конечен договор, значи имате право по дипломатски пат да поднесете Анекс за тие точки за кои што мислите дека го стагнираат процесот за развојот на добрососедството, пријателство и соработка. Република Македонија треба да го направи тоа што поскоро, за да го ажурира договорот и тој договор да стане применливи во политички, економски и социјален контекст. А, најмногу во граѓански контекст. Така што тој договор може да има позитивна содржина дури тогаш кога негативни елементи ќе бидат отстранети, а тоа можеме да го направиме согласно оодредбите во договорот и во рок од една година од другата страна да одговори дали ги прифаќа тие измени и дополни. Пазете имаме право на измени и дополни и со тоа да го подобриме и политичкиот дијалог и односот помеѓу граѓаните во двете држави“, нагласи Ѓорчев. Тој појасни дека Бугарија може и вака Македонија да ја блокира и со отворање на првиот кластер. Бугарија може секогаш Македонија да ја блокира. Тој додаде дека ние како земја кандидат, без почнати преговори со ЕУ, имаме право да сметаме дека овој предлог на Европската Унија е неприличен, штетен за Македонија по нејзините национални и државни интереси. Тој истакна дека меѓународната соработка е нужна, но нашите ставови се познати дека за култура, за историја, да бидеме доследни кон сите, но дискусија за тоа не може да биде предмет. - Јасно е дека ова се беспредметни дебати. Што има да дава гаранција некоја држава за тоа дека нема да има повеќе дебата за историја. Историјата не смее да биде предмет во преговарачката рамка, како што не може да биде ни образованието, ни културата, а сите тие одредби се во Договорот со Бугарија и се на некој начин противречни со стандардите за пристапување во ЕУ, рече Ѓорчев. Тој истакна дека европската интеграција е процес во кој космополитизмот, наднационалната политика е важно, но тоа не треба да биде по цена на нешто што претставува наука, колективна меморија и откажување од образованието на идните поколенија. Во однос на манифестот на власта, тој рече дека требаше да се појави пред да се прифати било каков предлог, а сега е доцна. - Манифестот требаше да биде објавен уште во февруари 2022 кога требаше да седнат сите политички партии за тоа каква рамка ни треба. Сега е доцна, сега се изострени политичките ставови на клучните политички субјекти, позиција и опозиција и така да сега манифестот е задоцнет и излишен. Црвените линии беа изгласани во Резолуцијата која беше изгласана во Собранието и таму јасно стои дека не може да се разговара за историја, култура и образование, а токму договорот за соработка и добрососедство кој не е за добрососедство кој беше злоупотребен од бугарска страна со ветата и во него се работи за тие теми, истакна Ѓорчев. Според него за консензус е потребно да се седне пред било кој предлог од меѓународната заедница или пред било кое важно прашање.

The post Ѓорчев: Македонија по дипломатски пат да поднесете Анекс за точки од договорот со Бугарија кои го стагнираат процесот на добрососедството appeared first on Република.

]]>
Ѓорчев во Лондон: Македонија и Македонците се борат за своите права и слободи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gorchev-vo-london-makedonija-i-makedontsite-se-borat-za-svoite-prava-i-slobodi/ Fri, 23 Jun 2023 17:25:48 +0000 https://republika.mk/?p=654516

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во Лондон се обрати пред извршниот комитет на ИДУ, најголемата глобална организација на десниот центар.

Во своето обраќање Ѓорчев се осврна на внатрешните состојби во Македонија, како и поширокиот контекст околу државата.

Ѓорчев истакна дека Македонија и Македонците се борат за своите права и слободи, не загрозувајќи никого. За жал, Македонија и македонскиот народ во 21-от век се соочени со оспорување и негирање на идентитетот и посебноста.

Во поглед на домашната политика, Ѓорчев нагласи дека Македонија се соочува со економска катастрофа и егзодус на населението, проследени со огромна корупција и секојдневни скандали.

Ѓорчев додаде дека ВМРО-ДПМНЕ води на сите релевантни анкети, а дека се очекува убедлива победа на следните парламентарни избори и составување на следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓународната демократска унија (ИДУ) е најголемата глобална организација на десниот центар, со повеќе од 100 сестрински партии од целиот свет.

The post Ѓорчев во Лондон: Македонија и Македонците се борат за своите права и слободи appeared first on Република.

]]>

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во Лондон се обрати пред извршниот комитет на ИДУ, најголемата глобална организација на десниот центар. Во своето обраќање Ѓорчев се осврна на внатрешните состојби во Македонија, како и поширокиот контекст околу државата. Ѓорчев истакна дека Македонија и Македонците се борат за своите права и слободи, не загрозувајќи никого. За жал, Македонија и македонскиот народ во 21-от век се соочени со оспорување и негирање на идентитетот и посебноста. Во поглед на домашната политика, Ѓорчев нагласи дека Македонија се соочува со економска катастрофа и егзодус на населението, проследени со огромна корупција и секојдневни скандали. Ѓорчев додаде дека ВМРО-ДПМНЕ води на сите релевантни анкети, а дека се очекува убедлива победа на следните парламентарни избори и составување на следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓународната демократска унија (ИДУ) е најголемата глобална организација на десниот центар, со повеќе од 100 сестрински партии од целиот свет.

The post Ѓорчев во Лондон: Македонија и Македонците се борат за своите права и слободи appeared first on Република.

]]>
Ѓорчев: Уставни измени пред зачленување е класична уцена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gorchev-ustavni-izmeni-pred-zachlenuvane-e-klasichna-utsena/ Sun, 11 Jun 2023 18:40:04 +0000 https://republika.mk/?p=650228

„Ние тоа што го бараме е поддршка од ЕУ, работи кои што не можат да бидат политички интерпретирани тоа е култура, историја и образование, тоа е нешто што за кое што секоја држава има право да си го решава на начин за кој што постојат историски факти, за кои што постојат документи, за кои што постојат архиви. За тоа не би требало политиката да меша прсти и тука да имаме политички интерпретации на една или друга држава“, истакна Марјан Ѓорчев во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

Ѓорчев додаде дека Македонија има дадено многу жртви за ЕУ, многу реформи направено.

„Бараме од ЕУ да ги почитува своите стандарди, Копенхашките критериуми и да го остави сето она нам што ни претставува пречка за нашето зачленување во ЕУ“, појасни тој.

Тој посочи дека време е Македонија да влезе во ЕУ. ЕУ има механизам преку своите работни тела да го реши проблемот со Бугарија.

„Прашања кои што не се дел од Копенхагешки критериуми не треба да се коментираат и да се услов за зачленување во ЕУ“, појасни Ѓорчев.

Тој укажа дека уставни измени пред зачленување е класична уцена. она што го бара опозицијата во моментов е легитимно барање и ЕУ треба да одговори правилно.

The post Ѓорчев: Уставни измени пред зачленување е класична уцена appeared first on Република.

]]>

„Ние тоа што го бараме е поддршка од ЕУ, работи кои што не можат да бидат политички интерпретирани тоа е култура, историја и образование, тоа е нешто што за кое што секоја држава има право да си го решава на начин за кој што постојат историски факти, за кои што постојат документи, за кои што постојат архиви. За тоа не би требало политиката да меша прсти и тука да имаме политички интерпретации на една или друга држава“, истакна Марјан Ѓорчев во „Тема на денот“ на Сител телевизија.
Ѓорчев додаде дека Македонија има дадено многу жртви за ЕУ, многу реформи направено.
„Бараме од ЕУ да ги почитува своите стандарди, Копенхашките критериуми и да го остави сето она нам што ни претставува пречка за нашето зачленување во ЕУ“, појасни тој.
Тој посочи дека време е Македонија да влезе во ЕУ. ЕУ има механизам преку своите работни тела да го реши проблемот со Бугарија.
„Прашања кои што не се дел од Копенхагешки критериуми не треба да се коментираат и да се услов за зачленување во ЕУ“, појасни Ѓорчев.
Тој укажа дека уставни измени пред зачленување е класична уцена. она што го бара опозицијата во моментов е легитимно барање и ЕУ треба да одговори правилно.

The post Ѓорчев: Уставни измени пред зачленување е класична уцена appeared first on Република.

]]>
Ѓорчев: Владата ја уништува демографски Македонија, стануваме држава без народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gorchev-vladata-ja-unishtuva-demografski-makedonija-stanuvame-drzhava-bez-narod/ Sun, 04 Jun 2023 18:21:18 +0000 https://republika.mk/?p=647759

Владата ја напаѓаат и демонтираат бројките кои што ги имаме во моментот во Македонија, а заклучокот е јасен дека никогаш во историјата на Македонија сме немале полоши демографски бројки и тие се влошуваат, без разлика дали гледаме за број на родени деца, број на ученици, број на средношколци или број на студенти, вели Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во Тема на денот во централниот дневник на телевизија Сител.

Ѓорчев истакна дека Македонија ги живее своите најтешки демографски години овие неколку години откако СДС е на власт.

Она што е евидентно според бројките е тоа што Македонија ги живее своите најтешки демографски години овие неколку години. Според податоците на Државниот завод за статистика прв пат во 2019 година имаме повеќе умрени отколку родени лица во Македонија. во 2022 година имаме најмалку родени во историјата  односно само 17.700 бебиња. Значи демографска година, рече тој.

Ѓорчев истакна дека во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2016та година имало 23.002 родени бебиња, додека во време на владата на СДС во 2019та година имало 17.700 родени бебиња.

Само за потсетување 2016 година значи во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ имавме 23.002 бебиња. Е сега на тие 23.002 бебиња Зоран Заев, Мила Царовски и Стево Пендаровски велеа малку е лошо е, а еве сега дојдовме до 17.700 бебиња, додаде тој.

Ѓорчев потенцираше дека само во март месец годинава има пад од 18 проценти на новородени деца.

Само во март оваа година падот на новородени деца во однос на најлошата 2022 година е 18 проценти. Ако ги видиме бројките од првиот квартал од 2023 година и ги споредиме со првиот квартал 2016 година, доаѓаме до една фрапантна бројка, ужасна броја, а тоа е дека бројот на родени деца во Македонија е падната за 40 проценти, нагласи Ѓорчев.

Ѓорчев рече дека неколку пати реагирал дека ова е сериозна тема бидејќи Македонија станува земја без народ, но како што рече на владата око не и трепнува.

Во собрание 100 пати сум реагирал, и на Зоран Заев и на Мила Царовска и на Стево Пендаровски, ова е озбилна работа, ова е иднината на Македонија. Нема држава без народ, празна пуста земја станувам. Но, око не им трепнува, ароганција, посочи Ѓорчев.

 

The post Ѓорчев: Владата ја уништува демографски Македонија, стануваме држава без народ appeared first on Република.

]]>

Владата ја напаѓаат и демонтираат бројките кои што ги имаме во моментот во Македонија, а заклучокот е јасен дека никогаш во историјата на Македонија сме немале полоши демографски бројки и тие се влошуваат, без разлика дали гледаме за број на родени деца, број на ученици, број на средношколци или број на студенти, вели Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во Тема на денот во централниот дневник на телевизија Сител. Ѓорчев истакна дека Македонија ги живее своите најтешки демографски години овие неколку години откако СДС е на власт. Она што е евидентно според бројките е тоа што Македонија ги живее своите најтешки демографски години овие неколку години. Според податоците на Државниот завод за статистика прв пат во 2019 година имаме повеќе умрени отколку родени лица во Македонија. во 2022 година имаме најмалку родени во историјата  односно само 17.700 бебиња. Значи демографска година, рече тој. Ѓорчев истакна дека во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2016та година имало 23.002 родени бебиња, додека во време на владата на СДС во 2019та година имало 17.700 родени бебиња. Само за потсетување 2016 година значи во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ имавме 23.002 бебиња. Е сега на тие 23.002 бебиња Зоран Заев, Мила Царовски и Стево Пендаровски велеа малку е лошо е, а еве сега дојдовме до 17.700 бебиња, додаде тој. Ѓорчев потенцираше дека само во март месец годинава има пад од 18 проценти на новородени деца. Само во март оваа година падот на новородени деца во однос на најлошата 2022 година е 18 проценти. Ако ги видиме бројките од првиот квартал од 2023 година и ги споредиме со првиот квартал 2016 година, доаѓаме до една фрапантна бројка, ужасна броја, а тоа е дека бројот на родени деца во Македонија е падната за 40 проценти, нагласи Ѓорчев. Ѓорчев рече дека неколку пати реагирал дека ова е сериозна тема бидејќи Македонија станува земја без народ, но како што рече на владата око не и трепнува. Во собрание 100 пати сум реагирал, и на Зоран Заев и на Мила Царовска и на Стево Пендаровски, ова е озбилна работа, ова е иднината на Македонија. Нема држава без народ, празна пуста земја станувам. Но, око не им трепнува, ароганција, посочи Ѓорчев.  

The post Ѓорчев: Владата ја уништува демографски Македонија, стануваме држава без народ appeared first on Република.

]]>
Ѓорчев: Цените се толку отидени нагоре затоа што имаме влада со која Македонија е најлоша на сите листи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gjorchev-cenite-se-tolku-otideni-nagore-zatoa-shto-imame-vlada-so-koja-makedonija-e-najlosha-na-site-listi/ Thu, 17 Nov 2022 18:27:04 +0000 https://republika.mk/?p=575094

Катастрофа до катастрофа секој ден, аферите кои ги продуцира оваа власт не се бројат во десетици, туку во стотици. Ние немаме ден каде две, три или четири работи вонредно скандалозни не се случиле. Проблемот е што нема разрешница, власта оди на тактика на загушување на тие афери со нови. Тие одат на тоа како ништо да не се случило, ќе поминат 2-3 дена, ќе дојдат нови афери и ќе се прејде понатаму, изјави Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.

Тој потенцираше дека тоа лошо за Македонија затоа што е на дното на сите можни листи, ужасот е што сметката за сето тоа ја плаќаат граѓаните, а државата уназадува и станува полошо место за живеење.

– Разочарувањето на граѓаните е разбирливо, и во врска со државните и во врска со економските прашања. Во моментов Македонија е на последно место во било која листа, дали е тоа листа на мизерија, дали е листа на невработеност, дали е листа за инвестиции. Нема листа каде не е најлошо. Граѓаните го чувствуваат тоа кога одат во супермаркет. Нема човек кој кога ќе ги види цените косата не му се крева. Цените на основните продукти се отидени по 70%, 100% или 150%. Зборуваме за маслото, јајцата, лебот, месото, тестенините, рече Ѓорчев.

Ѓорчев нагласи дека цените се отидени нагоре затоа што ја имаме најлошата влада која троши најмногу, ги оданочува и дере граѓаните и нема донесено ниедна инвестиција.

– Едно време Македонија беше земја во која доаѓаа премиерите на околните земји и министрите да учат економија, воведување на ДДВ, како се собираат инвестиции, економски проекти, како се градат патишта. Сега Македонија е најлоша и ако ги погледнеме земјите од соседството тоа станува јасно. Врање стана Скандинавија за Македонија, дојдовме до таква ситуација, а српските министри доаѓаа во Македонија да учат, изјави тој.

Ѓорчев посочи дека од таква ситуација сега дојде време од таа Србија да молиме за струја, за масло, за брашно и цела влада да оди да се слика на Табановце за вакцини, дојдовме до менталитет на просење.

The post Ѓорчев: Цените се толку отидени нагоре затоа што имаме влада со која Македонија е најлоша на сите листи appeared first on Република.

]]>

Катастрофа до катастрофа секој ден, аферите кои ги продуцира оваа власт не се бројат во десетици, туку во стотици. Ние немаме ден каде две, три или четири работи вонредно скандалозни не се случиле. Проблемот е што нема разрешница, власта оди на тактика на загушување на тие афери со нови. Тие одат на тоа како ништо да не се случило, ќе поминат 2-3 дена, ќе дојдат нови афери и ќе се прејде понатаму, изјави Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за „Што не е јасно“ на Алфа ТВ. Тој потенцираше дека тоа лошо за Македонија затоа што е на дното на сите можни листи, ужасот е што сметката за сето тоа ја плаќаат граѓаните, а државата уназадува и станува полошо место за живеење. – Разочарувањето на граѓаните е разбирливо, и во врска со државните и во врска со економските прашања. Во моментов Македонија е на последно место во било која листа, дали е тоа листа на мизерија, дали е листа на невработеност, дали е листа за инвестиции. Нема листа каде не е најлошо. Граѓаните го чувствуваат тоа кога одат во супермаркет. Нема човек кој кога ќе ги види цените косата не му се крева. Цените на основните продукти се отидени по 70%, 100% или 150%. Зборуваме за маслото, јајцата, лебот, месото, тестенините, рече Ѓорчев. Ѓорчев нагласи дека цените се отидени нагоре затоа што ја имаме најлошата влада која троши најмногу, ги оданочува и дере граѓаните и нема донесено ниедна инвестиција. – Едно време Македонија беше земја во која доаѓаа премиерите на околните земји и министрите да учат економија, воведување на ДДВ, како се собираат инвестиции, економски проекти, како се градат патишта. Сега Македонија е најлоша и ако ги погледнеме земјите од соседството тоа станува јасно. Врање стана Скандинавија за Македонија, дојдовме до таква ситуација, а српските министри доаѓаа во Македонија да учат, изјави тој. Ѓорчев посочи дека од таква ситуација сега дојде време од таа Србија да молиме за струја, за масло, за брашно и цела влада да оди да се слика на Табановце за вакцини, дојдовме до менталитет на просење.

The post Ѓорчев: Цените се толку отидени нагоре затоа што имаме влада со која Македонија е најлоша на сите листи appeared first on Република.

]]>