Ѓоко Велковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gjoko-velkovski/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 15:14:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ѓоко Велковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gjoko-velkovski/ 32 32 Велковски: Наша обврска е да се грижиме за бездомните лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-nasha-obvrska-e-da-se-grizhime-za-bezdomnite-litsa/ Thu, 17 Oct 2024 15:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=828129

Во рамките на македонско-австриската соработка, на 17 и 18 октомври 2024 година во Скопје се одржува дводневна работилница со цел размена на искуства за услуги за бездомни лица/лица без сопствен дом.

Воведни обраќања на работилницата имаа заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и австрискиот аташе за социјални прашања, Харалд Фугер.

На почетокот од своето обраќање, Велковски искажа благодарност до аташето Фугер и до Сојузното Министерство за социјална политика, здравство, нега и заштита на потрошувачи на Република Австрија за повеќегодишната интензивна соработка.

Говорејќи за бездомништвото во државата, заменик министерот Велковски посочи дека во досегашната пракса биле применети различни пристапи за решавање на овој комплексен проблем. Воедно, тој нотираше дека останува потребата од поголема вклученост и координација на повеќе ресори во насока на надминување на проблемите со кои се соочува оваа категорија на лица.

Тука е пред сѐ здравствениот сектор со програми за ментално здравје на оваа категорија, станбениот сектор и достапноста на домови со субвенционирана станарина, како и образовниот сектор со достапни програми и начини за доквалификација и стекнување со неопходниот степен на образование за лицата кои го немаат, рече Велковски.

Заменик министерот Велковски пред присутните ги наведе мерките за помош и поддршка на бездомните лица во системот за социјална заштита, како и активностите поврзани со развивање и давање социјални услуги од страна на општините за задоволување на потребите на најранливите категории на граѓани, вклучувајќи ги и бездомните лица. Исто така, беа спомнати и активните мерки и политики за вработување, како и социјалното претприемништво.

На крајот, Велковски заклучи:

Има многу начини да се помогне во борбата против бездомништвото. Наша обврска е да изнаоѓаме одржливи и долгорочни решенија кои го зајакнуваат и гарантираат пристапот до основните социјални услуги, вклучувајќи го домувањето, вработувањето, образованието, здравствената и детската заштита. Наша должност е да се погрижиме секој човек во ризик повторно да си го заштити својот интегритет.

The post Велковски: Наша обврска е да се грижиме за бездомните лица appeared first on Република.

]]>

Во рамките на македонско-австриската соработка, на 17 и 18 октомври 2024 година во Скопје се одржува дводневна работилница со цел размена на искуства за услуги за бездомни лица/лица без сопствен дом. Воведни обраќања на работилницата имаа заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и австрискиот аташе за социјални прашања, Харалд Фугер. На почетокот од своето обраќање, Велковски искажа благодарност до аташето Фугер и до Сојузното Министерство за социјална политика, здравство, нега и заштита на потрошувачи на Република Австрија за повеќегодишната интензивна соработка. Говорејќи за бездомништвото во државата, заменик министерот Велковски посочи дека во досегашната пракса биле применети различни пристапи за решавање на овој комплексен проблем. Воедно, тој нотираше дека останува потребата од поголема вклученост и координација на повеќе ресори во насока на надминување на проблемите со кои се соочува оваа категорија на лица.
Тука е пред сѐ здравствениот сектор со програми за ментално здравје на оваа категорија, станбениот сектор и достапноста на домови со субвенционирана станарина, како и образовниот сектор со достапни програми и начини за доквалификација и стекнување со неопходниот степен на образование за лицата кои го немаат, рече Велковски.
Заменик министерот Велковски пред присутните ги наведе мерките за помош и поддршка на бездомните лица во системот за социјална заштита, како и активностите поврзани со развивање и давање социјални услуги од страна на општините за задоволување на потребите на најранливите категории на граѓани, вклучувајќи ги и бездомните лица. Исто така, беа спомнати и активните мерки и политики за вработување, како и социјалното претприемништво. На крајот, Велковски заклучи:
Има многу начини да се помогне во борбата против бездомништвото. Наша обврска е да изнаоѓаме одржливи и долгорочни решенија кои го зајакнуваат и гарантираат пристапот до основните социјални услуги, вклучувајќи го домувањето, вработувањето, образованието, здравствената и детската заштита. Наша должност е да се погрижиме секој човек во ризик повторно да си го заштити својот интегритет.

The post Велковски: Наша обврска е да се грижиме за бездомните лица appeared first on Република.

]]>
Велковски во посета на Детскиот дом „11 Октомври“: Потребно е да се изгради голема мрежа на згрижувачки семејства https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-vo-poseta-na-detskiot-dom-11-oktomvri-potrebno-e-da-se-izgradi-golema-mrezha-na-zgrizhuvachki-semejstva/ Thu, 10 Oct 2024 14:19:15 +0000 https://republika.mk/?p=825277

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, присуствувал на одбележувањето на 59-годишнината од основањето на ЈУ Детски дом „11 Октомври“- Скопје и во своето обраќање потсетил на мисијата на оваа установа низ годините.

Како што соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади, Велковски се осврнал на процесот на деинституционализацијата.

-Треба да разбереме дека деинституционализацијата не значи само преселба на корисниците од едно на друго место, туку значи да им понудиме различни социјални услуги во средината во која живеат и растат. И на крај враќање на децата во биолошките семејства. Токму тогаш ќе речеме дека процесот на деинституционализација е успешен процес во суштинска смисла на зборот, рекол заменик-министерот.

Посочил дека покрај мали групни домови, за да им се обезбеди на децата поддршка од семејно опкружување потребно е да се изгради голема мрежа на згрижувачки семејства.

-Сакам да апелирам до стручните работници секој момент да го користат и да мотивираат граѓани кои би влегле во системот на згрижувачи затоа што таа е најблагородната професија на целиот свет, истакнал Велковски.

The post Велковски во посета на Детскиот дом „11 Октомври“: Потребно е да се изгради голема мрежа на згрижувачки семејства appeared first on Република.

]]>

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, присуствувал на одбележувањето на 59-годишнината од основањето на ЈУ Детски дом „11 Октомври“- Скопје и во своето обраќање потсетил на мисијата на оваа установа низ годините. Како што соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади, Велковски се осврнал на процесот на деинституционализацијата.
-Треба да разбереме дека деинституционализацијата не значи само преселба на корисниците од едно на друго место, туку значи да им понудиме различни социјални услуги во средината во која живеат и растат. И на крај враќање на децата во биолошките семејства. Токму тогаш ќе речеме дека процесот на деинституционализација е успешен процес во суштинска смисла на зборот, рекол заменик-министерот.
Посочил дека покрај мали групни домови, за да им се обезбеди на децата поддршка од семејно опкружување потребно е да се изгради голема мрежа на згрижувачки семејства.
-Сакам да апелирам до стручните работници секој момент да го користат и да мотивираат граѓани кои би влегле во системот на згрижувачи затоа што таа е најблагородната професија на целиот свет, истакнал Велковски.

The post Велковски во посета на Детскиот дом „11 Октомври“: Потребно е да се изгради голема мрежа на згрижувачки семејства appeared first on Република.

]]>
Велковски: Намалениот наталитет, иселувањето и недостигот на перспективи се прашања на кои мораме да одговориме со конкретни и долгорочни мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-namaleniot-natalitet-iseluvaneto-i-nedostigot-na-perspektivi-se-prashana-na-koi-morame-da-odgovorime-so-konkretni-i-dolgorochni-merki/ Thu, 19 Sep 2024 13:08:33 +0000 https://republika.mk/?p=817847

Заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денес се обрати на дебата во македонското Собрание.

Големо е значењето на дебатата на која се обратив денеска во Собранието на Република Македонија, за младински политики и Законот за младинско учество и политики – тема која е од клучно значење за иднината на нашата држава. Како заменик министер, свесен сум дека младите се движечката сила на нашето општество, а оваа дебата е можност да зборуваме за предизвиците и можностите кои ги имаме пред нас. Македонија е соочена со сериозни демографски и социо-економски предизвици, кои ги засегаат токму младите. Намалениот наталитет, иселувањето и недостигот на перспективи се прашања на кои мораме да одговориме со конкретни и долгорочни мерки, рече тој.

Велковски посочи дека преку програми за вработување, поддршка за стартапи, ослободување од данок за младите, гарантирана работа за најдобрите студенти и обуки за дигитални вештини, можеме да создадеме услови за подобра иднина и да ги задржиме младите во Македонија.

Во Македонија мора да функционира системот за да ги задржиме младите. Само преку силни институции, квалитетно образование, сигурни работни места и јасни перспективи за иднина, младите ќе можат да најдат причина да останат и да се развиваат тука. Решенијата мора да бидат системски, а не само моментални, за да создадеме стабилна средина која ќе ги поттикне да останат, вложуваат и градат иднина во својата татковина. Одлуките што ги носиме денес во Собранието ќе ја одредат нашата иднина утре, посочи Велковски.

The post Велковски: Намалениот наталитет, иселувањето и недостигот на перспективи се прашања на кои мораме да одговориме со конкретни и долгорочни мерки appeared first on Република.

Детската градинка „Срничка“ по 40 години добива комплетно нова кујна https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/detskata-gradinka-srnichka-po-40-godini-dobiva-kompletno-nova-kujna/ Thu, 01 Aug 2024 11:43:56 +0000 https://republika.mk/?p=802342

По цели 40 години Општина Аеродром врши темелна реконструкција на главната кујна на детската градинка „Срничка“ во објектот „Чекорче“.

Деновиве интензивно се работи на промена на плочките, рушење на одредени ѕидови, промена на водоводната мрежа и на целосна замена на електричната инсталација, како и други градежни активности што се финансирани од Општина Аеродром.

По завршувањето на инфраструктурните работи со средства од Светската банка, кујната ќе биде опремена со целосно нова апаратура и друга потребна опрема.

Увид во градежните работи денеска извршија в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Тие констатираа дека станува збор за многу значаен проект, бидејќи во оваа кујна секојдневно се подготвува храна за сите шест клонови што припаѓаат на градинката „Срничка“ во која се згрижени речиси половина од дечињата во Аеродром.

Општината посветено работи на подобрување на условите во кои се згрижуваат и се воспитуваат нашите најмали.

The post Детската градинка „Срничка“ по 40 години добива комплетно нова кујна appeared first on Република.

]]>

По цели 40 години Општина Аеродром врши темелна реконструкција на главната кујна на детската градинка „Срничка“ во објектот „Чекорче“. Деновиве интензивно се работи на промена на плочките, рушење на одредени ѕидови, промена на водоводната мрежа и на целосна замена на електричната инсталација, како и други градежни активности што се финансирани од Општина Аеродром. По завршувањето на инфраструктурните работи со средства од Светската банка, кујната ќе биде опремена со целосно нова апаратура и друга потребна опрема. Увид во градежните работи денеска извршија в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски. Тие констатираа дека станува збор за многу значаен проект, бидејќи во оваа кујна секојдневно се подготвува храна за сите шест клонови што припаѓаат на градинката „Срничка“ во која се згрижени речиси половина од дечињата во Аеродром. Општината посветено работи на подобрување на условите во кои се згрижуваат и се воспитуваат нашите најмали.

The post Детската градинка „Срничка“ по 40 години добива комплетно нова кујна appeared first on Република.

]]>
Велковски во Струмица: Лицата со попреченост бараат целосен ремонт на системот на социјална заштита https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-vo-strumitsa-litsata-so-poprechenost-baraat-tselosen-remont-na-sistemot-na-sotsijalna-zashtita/ Mon, 29 Apr 2024 13:49:33 +0000 https://republika.mk/?p=772243

Во рамките на редовните средби со невладиниот сектор, денеска во Струмица, министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски оставри средби со граѓански организации кои застапуваат права на маргинализирани групи.

Креирањето на паметна социјална политика значи да се изгради партнерски однос помеѓу државата, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор. Граѓанските организации се од исклучително значење за нас бидејќи тие најдобро ги познаваат потребите на ранливите групи, а особено децата кои живеат со здравствени и социјални проблеми, потенцираше министерот Велковски.

Преставниците на граѓанскиот сектор потенцираа дека системот на социјална заштита за лицата со пропреченост изминативе години е неправеден, а одредени групи се оставени на маргините.

Мораме да го подоброме функционирањето на системот за да не се соочуваме со парцијални решенија кои ќе носат времени решенија. Министерството мора да изработи регистар на лица со попреченост, заклучија преставниците на граѓанскиот сектор.

Системот на социјална заштита треба да се развива, во насока на градење на сеопфатни социјални услуги на локално ниво, и тоа како во урбаните, така и во руралните средини. Но, за ова потребни ни се силни провајдери на локално ниво. Набрзо после изборите мора да се започне и со темелни реформи кои ќе бидат олеснување на лицата со попреченост, потенцираше Велковски.

Меѓу граѓанските организации со кој министерот оствари средба се: Здружението на лица со телесна попреченост Размислувај Различно Струмица, хуманитарното Здружение на граѓани за деца со аутизам, Здружение на глуви и наглуви, Здружение на слепи лица, Здружение на лица со хендикеп Мобилност и Здружение на лица со Даунов синдром.

The post Велковски во Струмица: Лицата со попреченост бараат целосен ремонт на системот на социјална заштита appeared first on Република.

]]>

Во рамките на редовните средби со невладиниот сектор, денеска во Струмица, министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски оставри средби со граѓански организации кои застапуваат права на маргинализирани групи.
Креирањето на паметна социјална политика значи да се изгради партнерски однос помеѓу државата, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор. Граѓанските организации се од исклучително значење за нас бидејќи тие најдобро ги познаваат потребите на ранливите групи, а особено децата кои живеат со здравствени и социјални проблеми, потенцираше министерот Велковски.
Преставниците на граѓанскиот сектор потенцираа дека системот на социјална заштита за лицата со пропреченост изминативе години е неправеден, а одредени групи се оставени на маргините.
Мораме да го подоброме функционирањето на системот за да не се соочуваме со парцијални решенија кои ќе носат времени решенија. Министерството мора да изработи регистар на лица со попреченост, заклучија преставниците на граѓанскиот сектор.
Системот на социјална заштита треба да се развива, во насока на градење на сеопфатни социјални услуги на локално ниво, и тоа како во урбаните, така и во руралните средини. Но, за ова потребни ни се силни провајдери на локално ниво. Набрзо после изборите мора да се започне и со темелни реформи кои ќе бидат олеснување на лицата со попреченост, потенцираше Велковски. Меѓу граѓанските организации со кој министерот оствари средба се: Здружението на лица со телесна попреченост Размислувај Различно Струмица, хуманитарното Здружение на граѓани за деца со аутизам, Здружение на глуви и наглуви, Здружение на слепи лица, Здружение на лица со хендикеп Мобилност и Здружение на лица со Даунов синдром.

The post Велковски во Струмица: Лицата со попреченост бараат целосен ремонт на системот на социјална заштита appeared first on Република.

]]>
Министерот откри како незаконски се потрошени 2,5 милиони евра во име на социјална помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-otkri-kako-nezakonski-se-potrosheni-2-5-milioni-evra-vo-ime-na-sotsijalna-pomosh/ Mon, 15 Apr 2024 11:15:23 +0000 https://republika.mk/?p=766290

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска на прес-конференција посочи дека во период од јуни 2022 година до минатиот месец се дадени незаконски парични средства на над 1000 граѓани во име на социјална помош. Со ова, како што рече, е оштетен буџетот на Министерството за над 2.5 милиони евра.

Тој потенцираше дека во моментов се изготвени и донесени 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална сигурност, со забрана за користење на правото во наредните 12 месеци.

Велковски подвлече дека граѓаните имаат право на редовен правен лек до второстепените органи па дури потоа центрите за социјална работа ќе склучат спогодби за враќање на неосновано примените парични средства.

Ја искористиле ковид кризата кога се олесниле условите за користење на социјалните права од аспект на поседување регистрирано моторно возило и во системот влегле сите возила постари од пет години. Иако официјално ковид кризата завршила на 30.06.2022 година, ништо не се преземено за преиспитување на предметите на корисниците што поседуваат регистрирано моторно возило и истите останале во системот на социјалната заштита и неосновано ги користеле правата, изјави Велковски.

Според Велковски, во Законот за социјална заштита од 2019 година и подзаконските акти е определено дека доколку подносителот/корисникот поседува регистрирано моторно возило не може да го оствари и користи правото на ГМП.

Оттука се поставува прашањето што работеле раководните структури на министерството во овие 18 месеци, додаде Велковски.

Тој посочи дека на 20 јануари оваа година е склучен договорот за размена на податоци на дата базите по електронски пат помеѓу тогашните министри Тренчевска и Спасовски.

Првата размена на податоци е направена дури на 5 март оваа година што го поставува прашањето: Зошто се чекало? А што правела министерката до 20 јануари 2024 година? Дали се обезбедувале податоци секој месец како што предвидува законот или пак размената на податоци преку CD или USB е доставувано во нереално време односно со задоцнување од неколку месеци со што се овозможило во системот да влезат лица на кој не им следуваат овие права. Се уште останува енигма и прашањето, зошто се чекало моето назначување како технички министер за да почне размената на податоците кога истата можела да се направи и веќе наредниот ден а тоа е 10 дена пред моето назначување за министер, посочи Велковски.

The post Министерот откри како незаконски се потрошени 2,5 милиони евра во име на социјална помош appeared first on Република.

]]>

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска на прес-конференција посочи дека во период од јуни 2022 година до минатиот месец се дадени незаконски парични средства на над 1000 граѓани во име на социјална помош. Со ова, како што рече, е оштетен буџетот на Министерството за над 2.5 милиони евра. Тој потенцираше дека во моментов се изготвени и донесени 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална сигурност, со забрана за користење на правото во наредните 12 месеци. Велковски подвлече дека граѓаните имаат право на редовен правен лек до второстепените органи па дури потоа центрите за социјална работа ќе склучат спогодби за враќање на неосновано примените парични средства.
Ја искористиле ковид кризата кога се олесниле условите за користење на социјалните права од аспект на поседување регистрирано моторно возило и во системот влегле сите возила постари од пет години. Иако официјално ковид кризата завршила на 30.06.2022 година, ништо не се преземено за преиспитување на предметите на корисниците што поседуваат регистрирано моторно возило и истите останале во системот на социјалната заштита и неосновано ги користеле правата, изјави Велковски.
Според Велковски, во Законот за социјална заштита од 2019 година и подзаконските акти е определено дека доколку подносителот/корисникот поседува регистрирано моторно возило не може да го оствари и користи правото на ГМП.
Оттука се поставува прашањето што работеле раководните структури на министерството во овие 18 месеци, додаде Велковски.
Тој посочи дека на 20 јануари оваа година е склучен договорот за размена на податоци на дата базите по електронски пат помеѓу тогашните министри Тренчевска и Спасовски.
Првата размена на податоци е направена дури на 5 март оваа година што го поставува прашањето: Зошто се чекало? А што правела министерката до 20 јануари 2024 година? Дали се обезбедувале податоци секој месец како што предвидува законот или пак размената на податоци преку CD или USB е доставувано во нереално време односно со задоцнување од неколку месеци со што се овозможило во системот да влезат лица на кој не им следуваат овие права. Се уште останува енигма и прашањето, зошто се чекало моето назначување како технички министер за да почне размената на податоците кога истата можела да се направи и веќе наредниот ден а тоа е 10 дена пред моето назначување за министер, посочи Велковски.

The post Министерот откри како незаконски се потрошени 2,5 милиони евра во име на социјална помош appeared first on Република.

]]>
Велковски обелодени скандал: Буџетот на МТСП оштетен за над 2,5 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-obelodeni-skandal-budhetot-na-mtsp-oshteten-za-nad-2-5-milioni-evra/ Mon, 15 Apr 2024 09:54:38 +0000 https://republika.mk/?p=766239

Во период од јуни 2022 до минатиот месец се дадени незаконски парични средства на над 1000 граѓани во име на социјална помош. Со ова е оштетен буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 155.038.530,00 или над 2.5 милиони евра, изјави министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.

Во моментов изготвени и донесени се 1134 решенија за прекин на Гарантирана минимална помош и Социјална сигурност со забрана за користење на правото во наредните 12 месеци.

Граѓаните имаат право на редовен правен лек до второстепените органи па дури потоа центрите за социјална работа ќе склучат спогодби за враќање на неосновано примените парични средства.

Ја искористиле Ковид кризата кога се олесниле условите за користење на социјалните права од аспект на поседување регистрирано моторно возило и во системот влегле сите возила постари од пет години. Иако официјално Ковид кризата завршила на 30.06.2022 година, ништо не се преземено за преиспитување на предметите на корисниците што поседуваат регистрирано моторно возило и истите останале во системот на социјалната заштита и неосновано ги користеле правата - изјави Велковски.

Според него, јасен е Законот за социјална заштита од 2019 година и подзаконските акти каде јасно и прецизно е определено дека доколку подносителот/корисникот поседува регистрирано моторно возило не може да го оствари и користи правото на ГМП, па оттука се поставува прашањето што работеле раководните структури на министерството во овие 18 месеци.

На 20-ти Јануари 2024 година е склучен договорот за размена на податоци на дата базите по електронски пат помеѓу тогашните министри Тренчевска и Спасовски. Првата размена на податоци е направена дури на 5-ти Март 2024 година што го поставува прашањето: Зошто се чекало? А што правела министерката до 20 јануари 2024 година? Дали се обезбедувале податоци секој месец како што предвидува законот или пак размената на податоци преку CD или USB е доставувано во нереално време односно со задоцнување од неколку месеци со што се овозможило во системот да влезат лица на кој не им следуваат овие права. Се уште останува енигма и прашањето, зошто се чекало моето назначување како технички министер за да почне размената на податоците кога истата можела да се направи и веќе наредниот ден а тоа е 10 дена пред моето назначување за министер - праша министерот Велковски.

The post Велковски обелодени скандал: Буџетот на МТСП оштетен за над 2,5 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Во период од јуни 2022 до минатиот месец се дадени незаконски парични средства на над 1000 граѓани во име на социјална помош. Со ова е оштетен буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 155.038.530,00 или над 2.5 милиони евра, изјави министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски. Во моментов изготвени и донесени се 1134 решенија за прекин на Гарантирана минимална помош и Социјална сигурност со забрана за користење на правото во наредните 12 месеци. Граѓаните имаат право на редовен правен лек до второстепените органи па дури потоа центрите за социјална работа ќе склучат спогодби за враќање на неосновано примените парични средства.
Ја искористиле Ковид кризата кога се олесниле условите за користење на социјалните права од аспект на поседување регистрирано моторно возило и во системот влегле сите возила постари од пет години. Иако официјално Ковид кризата завршила на 30.06.2022 година, ништо не се преземено за преиспитување на предметите на корисниците што поседуваат регистрирано моторно возило и истите останале во системот на социјалната заштита и неосновано ги користеле правата - изјави Велковски.
Според него, јасен е Законот за социјална заштита од 2019 година и подзаконските акти каде јасно и прецизно е определено дека доколку подносителот/корисникот поседува регистрирано моторно возило не може да го оствари и користи правото на ГМП, па оттука се поставува прашањето што работеле раководните структури на министерството во овие 18 месеци.
На 20-ти Јануари 2024 година е склучен договорот за размена на податоци на дата базите по електронски пат помеѓу тогашните министри Тренчевска и Спасовски. Првата размена на податоци е направена дури на 5-ти Март 2024 година што го поставува прашањето: Зошто се чекало? А што правела министерката до 20 јануари 2024 година? Дали се обезбедувале податоци секој месец како што предвидува законот или пак размената на податоци преку CD или USB е доставувано во нереално време односно со задоцнување од неколку месеци со што се овозможило во системот да влезат лица на кој не им следуваат овие права. Се уште останува енигма и прашањето, зошто се чекало моето назначување како технички министер за да почне размената на податоците кога истата можела да се направи и веќе наредниот ден а тоа е 10 дена пред моето назначување за министер - праша министерот Велковски.

The post Велковски обелодени скандал: Буџетот на МТСП оштетен за над 2,5 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Велковски: МТСП ќе ги прошири просторните услови во градинките за да се зголеми нивниот капацитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-mtsp-ke-gi-proshiri-prostornite-uslovi-vo-gradinkite-za-da-se-zgolemi-nivniot-kapatsitet/ Mon, 08 Apr 2024 13:14:36 +0000 https://republika.mk/?p=763843

Министерството за труд и социјална политика во наредниот период ќе преземе мерки за проширување на просторните услови во градинките за да се зголеми нивниот капацитет и да се намали бројот на деца кои чекаат на листите за прием, истакна министерот Ѓоко Велковски, при денешната посета на општините Кочани и Зрновци.

Сместувањето на дечињата во градинките е проблем во целата држава и ги има на листите на чекање во сите општини. Поради тоа, освен обезбедувањето просторни услови, неопходно е да се вработи и дополнителен кадар и по завршувањето на изборите тоа ќе биде спроведено.

Министерот Велковски се сретна со претставници на пензионерите кои подолг период протестираат со барање за линеарно зголемување од пет илјади денари на пензиите. Притоа нагласи дека тие сами треба да проценат дали добиените 5,3 отсто се вистинско зголемување или ќе треба се исполнат нивните барања, кои се реалност.

The post Велковски: МТСП ќе ги прошири просторните услови во градинките за да се зголеми нивниот капацитет appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика во наредниот период ќе преземе мерки за проширување на просторните услови во градинките за да се зголеми нивниот капацитет и да се намали бројот на деца кои чекаат на листите за прием, истакна министерот Ѓоко Велковски, при денешната посета на општините Кочани и Зрновци. Сместувањето на дечињата во градинките е проблем во целата држава и ги има на листите на чекање во сите општини. Поради тоа, освен обезбедувањето просторни услови, неопходно е да се вработи и дополнителен кадар и по завршувањето на изборите тоа ќе биде спроведено. Министерот Велковски се сретна со претставници на пензионерите кои подолг период протестираат со барање за линеарно зголемување од пет илјади денари на пензиите. Притоа нагласи дека тие сами треба да проценат дали добиените 5,3 отсто се вистинско зголемување или ќе треба се исполнат нивните барања, кои се реалност.  

The post Велковски: МТСП ќе ги прошири просторните услови во градинките за да се зголеми нивниот капацитет appeared first on Република.

]]>
Велковски: Пензионерите ќе добијат покачување од 5.000 денари уште во првата година од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/velkovski-penzionerite-ke-dobijat-pokachuvane-od-5-000-denari-ushte-vo-prvata-godina-od-mandatot-na-vmro-dpmne/ Fri, 05 Apr 2024 15:17:44 +0000 https://republika.mk/?p=762714

Денеска сме во Ѓорче Петров каде што направивме средба со пензионерите и ги истакнаа сите проблеми со кои се соочуваат како пензионери и тоа од немањето капацитети во старските домови, до поддршката која треба да си ја имаат како стари лица, ова денеска во изјава за медиумите го вели дополнителниот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.

Она што е главно барање на нив е висината на нивните пензии кои што верувајте се многу мали, односно дури две третини од пензионерите во Македонија и тука во Ѓорче Петров имаат пензии под минималната плата, односно под 20 илјади денари и тоа е главното нивно прашање дали 5 илјади денари кои се предвидени во изборната кампања ќе бидат испочитувани и дадени во првата година, вели Велковски.

Тој додава дека тоа е ветување кое можат да го дадат и дека тие пет илјади денари ќе бидат основица на нивните пензии уште во првата година од овој мандат.

The post Велковски: Пензионерите ќе добијат покачување од 5.000 денари уште во првата година од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

Велковски: Градинките во Скопје ги почитуваат мерките против големата кашлица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-gradinkite-vo-skopje-gi-pochituvaat-merkite-protiv-golemata-kashlitsa/ Tue, 26 Mar 2024 13:27:28 +0000 https://republika.mk/?p=758959

Градинките во Скопје си имаат евиденција колку од децата кои немаат уреден вакцинален статус не се згрижуваат, бидејќи Mинистерството за здравство ги презема сите активности, а тоа е носењето на одлуката и решението со голема кашлица, истакна денеска од Штип дополнителниот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, кој одговараше на новинарско прашања, дали се знае колкав е процентот на деца кои се згрижени, како и колку поради неуреден вакцинален статус не се згрижуваат во скопските градинки.

- Градинките точно си го почитуваат законот, целата ситуација на инспекциите си го презема Државниот здравствен и санитарен инспекторат, којшто ги врши контролите на терен, нашите инспектори ги продолжуваат оние редовни активности по Закон за пратење на контролата на ситуацијата и на целокупниот процес на функционирање во детските градинки.

Навистина жалам што Скопје е буквално област каде што ситуацијата е голема, иако можам да кажам дека на целата територија на Македонија процентот на вакцинирани дечиња е навистина голем во голем број од градовите, вели Велковски.

Тој упати апел до родителите да си ги вакцинираат своите деца, со цел да бидат дел од детската заштита.

Прашан дали мерките се покажаа како добри за намалување на бројот на деца со голема кашлица, Велковски истакна дека пред десеттина дена пред да се воведе мерката за забрана за прием на дечиња во градинките кои немаат уреден вакцинален статус, имало пет дечиња заразено, а кои биле вакцинирани целосно.

Тоа беше бројката којашто ја имавме во Скопје во детските градинки. Најголем дел од дечињата кои беа сместени во Клиниките беа од школско образование, односно основно и средно образование.

Така што беше алармантно во Скопје и затоа претпоставувам беа донесени одлуките од Комисијата, а потоа и од министерот за здравство, вели Велковски.

Тој додаде дека министерството за труд и социјална политика дополнително може да информира колкав е процентот на децата кои не се згрижени во детските градинки во Скопје.

The post Велковски: Градинките во Скопје ги почитуваат мерките против големата кашлица appeared first on Република.

]]>

Градинките во Скопје си имаат евиденција колку од децата кои немаат уреден вакцинален статус не се згрижуваат, бидејќи Mинистерството за здравство ги презема сите активности, а тоа е носењето на одлуката и решението со голема кашлица, истакна денеска од Штип дополнителниот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, кој одговараше на новинарско прашања, дали се знае колкав е процентот на деца кои се згрижени, како и колку поради неуреден вакцинален статус не се згрижуваат во скопските градинки.
- Градинките точно си го почитуваат законот, целата ситуација на инспекциите си го презема Државниот здравствен и санитарен инспекторат, којшто ги врши контролите на терен, нашите инспектори ги продолжуваат оние редовни активности по Закон за пратење на контролата на ситуацијата и на целокупниот процес на функционирање во детските градинки. Навистина жалам што Скопје е буквално област каде што ситуацијата е голема, иако можам да кажам дека на целата територија на Македонија процентот на вакцинирани дечиња е навистина голем во голем број од градовите, вели Велковски.
Тој упати апел до родителите да си ги вакцинираат своите деца, со цел да бидат дел од детската заштита. Прашан дали мерките се покажаа како добри за намалување на бројот на деца со голема кашлица, Велковски истакна дека пред десеттина дена пред да се воведе мерката за забрана за прием на дечиња во градинките кои немаат уреден вакцинален статус, имало пет дечиња заразено, а кои биле вакцинирани целосно.
Тоа беше бројката којашто ја имавме во Скопје во детските градинки. Најголем дел од дечињата кои беа сместени во Клиниките беа од школско образование, односно основно и средно образование. Така што беше алармантно во Скопје и затоа претпоставувам беа донесени одлуките од Комисијата, а потоа и од министерот за здравство, вели Велковски.
Тој додаде дека министерството за труд и социјална политика дополнително може да информира колкав е процентот на децата кои не се згрижени во детските градинки во Скопје.  

The post Велковски: Градинките во Скопје ги почитуваат мерките против големата кашлица appeared first on Република.

]]>
Велковски: Потврдивме дека констатираните неправилности во системот за исплата на социјална помош излегуваат на виделина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-potvrdivme-deka-konstatiranite-nepravilnosti-vo-sistemot-za-isplata-na-sotsijalna-pomosh-izleguvaat-na-videlina/ Sun, 24 Mar 2024 19:41:40 +0000 https://republika.mk/?p=758302

„Ова што го откривме пред една недела е само еден сегмент од како системот не треба да функционира во една држава и како да ги заштедиме парите кои што не треба да бидат исплаќани незаконски кон корисниците“, рече техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски за детектираната злоупотреба на системот за социјална заштита и незаконско и противправно исплаќање на средства за над 2200 корисници.

Во однос на критиките од страна на заменик министерката Тренчевска за детектираните системски нерегуларности, Велковски во гостување во Дневникот на ТВ Сител категорично тврди дека овие бројки се реални и истите неправилности биле детектирани и од дел од директорите и вработените во центрите за социјална работа во градовите низ Македонија.

„Имав прилика да посетам повеќе центри за социјална работа во градовите низ Македонија, разговарав и со директорите и со вработените и самите тие го детектираа и пријавија она што јас веќе го изјавив дека се исплаќани средства односно парична социјална помош и социјална пензија месеци наназад. Се работи во моментов, се коригираат бројките и тоа ќе се забележи и во следната исплата во месец април каде што детектиравме системски слабости“, дополнува Велковски.

По изборите на 8 мај, тој најави системски решенија и за проблемите на пензионерите и работниците кои имаат минимална плата, пред се со изготвување на детална анализа каде и што треба да биде усогласено и исполнување на веќе поставените барања бидејќи како што истакнува тој, дополнителните 5% или 1000 денари за пензионерите не го решаваат проблемот, ниту пак одбивањето да се поддржи Членот 8 од законот за минимални плати.

„Доаѓам од работничко семејство и секогаш ќе бидам на страната на работниците и ќе ги поддржувам. На Економско-социјалниот совет настана една ситуација каде што синдикатите побараа да биде поддржан членот 8 од законот за минимални плати којшто се однесува на оние кои што со колективните договори не им е усогласено согласно тој член. Јас дадов легитимна поддршка. За жал не помина таа одлука бидејќи другите претставници од Владата не дадоа да се толкува тој закон, да се испочитува истиот член 8. По 8 мај по изборите ќе влеземе во сериозна анализа и дебата што треба да биде усогласено и кога“, смета тој.

The post Велковски: Потврдивме дека констатираните неправилности во системот за исплата на социјална помош излегуваат на виделина appeared first on Република.

Министерот Велковски откри милионски криминал во МТСП со социјалната помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-velkovski-otkri-milionski-kriminal-vo-mtsp-so-sotsijalnata-pomosh/ Mon, 18 Mar 2024 12:56:45 +0000 https://republika.mk/?p=755891

2.252 незаконски исплаќања биле направени на сметките на корисници на средства за гарантирана минимална помош, со што е направен милионски криминал во МТСП преку злоупотреба на системот за социјална заштита и незаконско и противправно исплаќање на овие средства, обзнани денеска министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.

За појаснување на ситуацијата за јавноста, се работи за над 2200 корисници кои примале гарантирана минимална помош и социјална пензија и пријавиле дека не поседуваат возило а според евиденцијата на МВР тие се сопственици на такво превозно средство. При вкрстување на базите на податоци месеци наназад кај овие лица во системот стои дека имаат возило, меѓутоа необјасниво е како службите не постапувале по однос на истото со што се продолжила исплатата на парични средства, со што се предизвикала милионска штета на буџетот на министерството. Имаме првични сознанија дека забележана е и ретроактивна исплата на средства за повеќе месеци наназад, што отвори голем сомнеж за извршени злоупотреби во институциите под надлежност на министерството за труд и социјална политика, појаснува министерот Велковски.

Манипулацијата е системска а во неа најверојатно биле вклучени повеќе лица, смета тој, за што е започнат вонреден инспекциски надзор со цел откривање на сторителите позади овој милионски криминал во Министерството за труд и социјална политика.

Мојата цел како министер за труд и социјална политика е да обзнанам пред целата македонска јавност што се случувало во ресорот кој денес го водам и да не дозволам да се случува вакво изигрување на системот. За да биде појасно, еден од условите за остварување на правата е да се провери материјалната, социјалната и имотната состојба на корисникот, а тоа е да не поседувате возило, како и приходи остварени по други основи. Инспекциските служби од министерството веќе од денес започнаа вонредни инспекциски надзори се со цел да се открие кој навистина стои позади овој криминал од милионски размери, изјави Велковски.

Како што и претходно појасни министерот Велковски, вкупната бројка на детектирани злоупотреби е за 2.252 лица и тоа:

Берово – 15; Битола -166; Валандово – 23; Велес – 98; Виница – 11; Гевгелија – 9; Гостивар – 164; Дебар – 31; Делчево – 3; Демир Хисар – 3; Кавадарци – 23; Кичево – 49 ; Кочани –18; Кратово – 4; Крива Паланка – 9; Крушево - 22; Куманово - 235; Македонски брод - 6; Неготино – 4; Охрид – 40; Прилеп – 229; Пробиштип – 1; Радовиш – 56; Ресен – 1; Свети Николе – 6; Скопје 714; Бутел – 45; Гази Баба – 79; Карпош – 125; Кисела Вода - 155; Центар – 38; Чаир – 151; Шуто Оризари – 121; Струга – 32; Струмица – 70; Тетово – 150; Штип – 59.

The post Министерот Велковски откри милионски криминал во МТСП со социјалната помош appeared first on Република.

]]>

2.252 незаконски исплаќања биле направени на сметките на корисници на средства за гарантирана минимална помош, со што е направен милионски криминал во МТСП преку злоупотреба на системот за социјална заштита и незаконско и противправно исплаќање на овие средства, обзнани денеска министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.
За појаснување на ситуацијата за јавноста, се работи за над 2200 корисници кои примале гарантирана минимална помош и социјална пензија и пријавиле дека не поседуваат возило а според евиденцијата на МВР тие се сопственици на такво превозно средство. При вкрстување на базите на податоци месеци наназад кај овие лица во системот стои дека имаат возило, меѓутоа необјасниво е како службите не постапувале по однос на истото со што се продолжила исплатата на парични средства, со што се предизвикала милионска штета на буџетот на министерството. Имаме првични сознанија дека забележана е и ретроактивна исплата на средства за повеќе месеци наназад, што отвори голем сомнеж за извршени злоупотреби во институциите под надлежност на министерството за труд и социјална политика, појаснува министерот Велковски.
Манипулацијата е системска а во неа најверојатно биле вклучени повеќе лица, смета тој, за што е започнат вонреден инспекциски надзор со цел откривање на сторителите позади овој милионски криминал во Министерството за труд и социјална политика.
Мојата цел како министер за труд и социјална политика е да обзнанам пред целата македонска јавност што се случувало во ресорот кој денес го водам и да не дозволам да се случува вакво изигрување на системот. За да биде појасно, еден од условите за остварување на правата е да се провери материјалната, социјалната и имотната состојба на корисникот, а тоа е да не поседувате возило, како и приходи остварени по други основи. Инспекциските служби од министерството веќе од денес започнаа вонредни инспекциски надзори се со цел да се открие кој навистина стои позади овој криминал од милионски размери, изјави Велковски.
Како што и претходно појасни министерот Велковски, вкупната бројка на детектирани злоупотреби е за 2.252 лица и тоа: Берово – 15; Битола -166; Валандово – 23; Велес – 98; Виница – 11; Гевгелија – 9; Гостивар – 164; Дебар – 31; Делчево – 3; Демир Хисар – 3; Кавадарци – 23; Кичево – 49 ; Кочани –18; Кратово – 4; Крива Паланка – 9; Крушево - 22; Куманово - 235; Македонски брод - 6; Неготино – 4; Охрид – 40; Прилеп – 229; Пробиштип – 1; Радовиш – 56; Ресен – 1; Свети Николе – 6; Скопје 714; Бутел – 45; Гази Баба – 79; Карпош – 125; Кисела Вода - 155; Центар – 38; Чаир – 151; Шуто Оризари – 121; Струга – 32; Струмица – 70; Тетово – 150; Штип – 59.  

The post Министерот Велковски откри милионски криминал во МТСП со социјалната помош appeared first on Република.

]]>
„Со 120 денари не можам да го поминам денот“ се пожалија пензионерите од Неготино пред министерот Велковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-120-denari-ne-mozham-da-go-pominam-denot-se-pozhalija-penzionerite-od-negotino-pred-ministerot-velkovski/ Thu, 14 Mar 2024 14:17:52 +0000 https://republika.mk/?p=754789

Празна торба. Немам средства, пари, да купам и да ја наполнам. Не да ја наполнам, да ставам барем лепче и оваа вечер така ќе седам. Еве ја празната торба. Со 120 денари не можам да го поминам денот“, рече еден од пензионерите од Неготино, револтиран на покачувањето на пензиите од само 5%.

Ова денеска го истакнаа како став голем дел од пензионерите од Општина Неготино со коишто се сретна министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски. Кога буџетски средства, пари на граѓаните се трошеа на други работи во изминатите седум години, нормално е да нема пари за пензионерите, смета Велковски.

Овие мизерни 5% сега во Април што треба да ги добиете како они што ги викаат покачување, нема врска со покачување, туку е усогласување на пензиите. Кој сака нека ме коригира, јас стојам на ставот што сум го донел дека 5% на пензиите коишто ги примате тука во најголем дел во оваа просторија, а претпоставувам дека имаат под минималната, под 20.000, да не кажам дека тука има луѓе кои што примаат 13-14 или 15.000 денари. И такви ве има многу. Затоа сум исправен денеска и зборувам искрено пред вас, рече министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски пред пензионерите од Неготино.

The post „Со 120 денари не можам да го поминам денот“ се пожалија пензионерите од Неготино пред министерот Велковски appeared first on Република.

]]>

Празна торба. Немам средства, пари, да купам и да ја наполнам. Не да ја наполнам, да ставам барем лепче и оваа вечер така ќе седам. Еве ја празната торба. Со 120 денари не можам да го поминам денот“, рече еден од пензионерите од Неготино, револтиран на покачувањето на пензиите од само 5%. Ова денеска го истакнаа како став голем дел од пензионерите од Општина Неготино со коишто се сретна министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски. Кога буџетски средства, пари на граѓаните се трошеа на други работи во изминатите седум години, нормално е да нема пари за пензионерите, смета Велковски.
Овие мизерни 5% сега во Април што треба да ги добиете како они што ги викаат покачување, нема врска со покачување, туку е усогласување на пензиите. Кој сака нека ме коригира, јас стојам на ставот што сум го донел дека 5% на пензиите коишто ги примате тука во најголем дел во оваа просторија, а претпоставувам дека имаат под минималната, под 20.000, да не кажам дека тука има луѓе кои што примаат 13-14 или 15.000 денари. И такви ве има многу. Затоа сум исправен денеска и зборувам искрено пред вас, рече министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски пред пензионерите од Неготино.
 
The post „Со 120 денари не можам да го поминам денот“ се пожалија пензионерите од Неготино пред министерот Велковски appeared first on Република.

]]>
Велковски: Ќе спречиме секаков предизборен поткуп и делење пакети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-ke-sprechime-sekakov-predizboren-potkup-i-delene-paketi/ Sat, 09 Mar 2024 07:11:13 +0000 https://republika.mk/?p=752698

Министерот за труд и социјала Ѓоко Велковски ветува дека ќе спречат секаков вид на предизборен поткуп кој беше карактеристичен на минатите избори.

Во 2020 година СДСМ во време на корона и карантин делеше пакети со логото на партијата во речиси сите градови, посебно кај онаа ранлива категорија граѓани.

Сега нема да биде така, вели министерот за „Република“.

https://www.youtube.com/watch?v=3d7A6oMj_6U

За ова има и снимки и докази кои за жал не се процесуираа.Има механизам ова да се спречи.Притисокот треба да биде врз Центрите за социјална работа бидејќи тие се во директна комуникација со крајните корисници.Сакаме да го спречиме она „јас ќе ги завршам работа“ за туѓа нега или социјална помош.Пораката кон директори на социјална работа, во центрите и во министерството е дека се што е надвор од закон ќе биде санкционирано.Сите пред законот треба да бидеме еднакви и треба да им помагаме на граѓаните само според закон-вели министерот за „Република“.

The post Велковски: Ќе спречиме секаков предизборен поткуп и делење пакети appeared first on Република.

]]>

Министерот за труд и социјала Ѓоко Велковски ветува дека ќе спречат секаков вид на предизборен поткуп кој беше карактеристичен на минатите избори. Во 2020 година СДСМ во време на корона и карантин делеше пакети со логото на партијата во речиси сите градови, посебно кај онаа ранлива категорија граѓани. Сега нема да биде така, вели министерот за „Република“. https://www.youtube.com/watch?v=3d7A6oMj_6U
За ова има и снимки и докази кои за жал не се процесуираа.Има механизам ова да се спречи.Притисокот треба да биде врз Центрите за социјална работа бидејќи тие се во директна комуникација со крајните корисници.Сакаме да го спречиме она „јас ќе ги завршам работа“ за туѓа нега или социјална помош.Пораката кон директори на социјална работа, во центрите и во министерството е дека се што е надвор од закон ќе биде санкционирано.Сите пред законот треба да бидеме еднакви и треба да им помагаме на граѓаните само според закон-вели министерот за „Република“.
 
The post Велковски: Ќе спречиме секаков предизборен поткуп и делење пакети appeared first on Република.

]]>
Велковски: Зголемена е цената за згрижување во приватните домови за стари лица која се движи од 30.000 до 50.000 денари месечно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-zgolemena-e-tsenata-za-zgrizhuvane-vo-privatnite-domovi-za-stari-litsa-koja-se-dvizhi-od-30-000-do-50-000-denari/ Fri, 08 Mar 2024 07:02:35 +0000 https://republika.mk/?p=752270

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски во интервјуто за „Република“ го посочи проблемот со домовите на стари лица и малиот број на негувателки. Таков пример и домот во Куманово каде има само осум негувателки.

https://www.youtube.com/watch?v=3d7A6oMj_6U&t=569s

Според министерот мора да се инвестира во домовите за стари лица како и во персоналот бидејќи не секој има над 30.000 денари месечно за да оди во приватен дом.

https://republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-vo-prvata-godina-na-novata-vlast-penziite-ke-bidat-zgolemeni-5-000-denari-linearno/

Ќе ги посетиме сите домови кои се под наша надлежност. Таму има и луѓе имаат потреба од целодневна нега и се неподвижни.Една негователка да се разболи трееба да биде по 12 или 16 часа на работа за да се покријат смените.Од друга страна зголемена е цената за згрижување во приватните домови кои се движат од 30.000 до 50.000 денари месечно.Повеќе од 100.000 пензионери живеат со 18.000 денари пензија и треба уште 12.000 денари некој да ги доплати а каде се лековите и другите потреби.За овиепетнаесетина години не е напревен ниту еден нов државен дом за стари лица, туку само се реновираат постоечките.

The post Велковски: Зголемена е цената за згрижување во приватните домови за стари лица која се движи од 30.000 до 50.000 денари месечно appeared first on Република.

]]>

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски во интервјуто за „Република“ го посочи проблемот со домовите на стари лица и малиот број на негувателки. Таков пример и домот во Куманово каде има само осум негувателки. https://www.youtube.com/watch?v=3d7A6oMj_6U&t=569s Според министерот мора да се инвестира во домовите за стари лица како и во персоналот бидејќи не секој има над 30.000 денари месечно за да оди во приватен дом. https://republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-vo-prvata-godina-na-novata-vlast-penziite-ke-bidat-zgolemeni-5-000-denari-linearno/
Ќе ги посетиме сите домови кои се под наша надлежност. Таму има и луѓе имаат потреба од целодневна нега и се неподвижни.Една негователка да се разболи трееба да биде по 12 или 16 часа на работа за да се покријат смените.Од друга страна зголемена е цената за згрижување во приватните домови кои се движат од 30.000 до 50.000 денари месечно.Повеќе од 100.000 пензионери живеат со 18.000 денари пензија и треба уште 12.000 денари некој да ги доплати а каде се лековите и другите потреби.За овиепетнаесетина години не е напревен ниту еден нов државен дом за стари лица, туку само се реновираат постоечките.

The post Велковски: Зголемена е цената за згрижување во приватните домови за стари лица која се движи од 30.000 до 50.000 денари месечно appeared first on Република.

]]>
Велковски: Во првата година на новата власт пензиите ќе бидат зголемени 5.000 денари линеарно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-vo-prvata-godina-na-novata-vlast-penziite-ke-bidat-zgolemeni-5-000-denari-linearno/ Thu, 07 Mar 2024 08:36:50 +0000 https://republika.mk/?p=751950

На овие избори нема да се дозволи поткупот на гласачите, посебно кај онаа категорија ранливи граѓани како што бевме сведоци пред четири години, уверува министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.

Тој во интервјуто за „Република“ потсетува дека пред четири години се делеа пакети на одредена група на граѓани и присуство во самите домови на корисниците на таа помош но оти ова сега нема да се повтори.

За ова има и снимки и докази кои за жал не се процесуираа.Има механизам ова да се спречи.Притисокот треба да биде врз Центрите за социјална работа бидејќи тие се во директна комуникација со крајните корисници.Сакаме да го спречиме она „јас ќе ги завршам работа“ за туѓа нега или социјална помош.Пораката кон директори на социјална работа, во центрите и во министерството е дека се што е надвор од закон ќе биде санкционирано.Сите пред законот треба да бидеме еднакви и треба да им помагаме на граѓаните само според закон.

Голем проблем е немањето на лиценци за воспитувачки и негователки во градинките и големиот број на деца кои чекаат за упис во градинките.

Еден воспитувач и неговател се грижат за 30 до 35 деца.Осум часа треба да ги чувате а каде е образовниот процес кој треба да им се даде на децата.Состојбата е алармантна.Затоа е потребно да се донесат измените на законот за заштита на деца кои ќе овозможат брзо решавање на овие 1000 барања.Поради ова над 5000 деца се на листите на чекање за упис во градинките.Ова ќе се реши доколку обезедиме просторни услови и стрчен кадар што ќе се грижи за овие деца.Поради овој проблем 5000 мајки треба да бидат дома или баби и дедовци да ги чуваат-посочува Велковски.

Министерот ветува и зголемување на пензиите и оти покачувањето од пет отсто за март е само обично порамнување.

Најголем проблем е нерамномерниот раст на пензиите.Оној што зема минимална пензија ќе му се зголеми 400-500 денари, а оној што зема висока пензија зголувањето ќе биде околу 2500 денари.

Затоа министерот предлага да се врати линеарното зголемување на пензиите.

Сегашниот систем буди несигурност кај пензионерите.Затоа разговарам со Здруженијата на пензионери и тие бараат зголемувањео на пензиите да биде линеарно.Разгледуваме и колку средства имаме во буџетот, во пензионскиот фонд.Состојбата е катастрофална иако не сакам да ги плашиме пензионерите.Но, средства ќе се најдат ќе релоцираме средства кои што овие години беа украдени од СДСМ и ДУИ и беше опостушен буџетот на Македонија а не се грижеа за зголемување на пензиите.Со добро менаџирање и домаќинско работење ќе дојдеме до ситуација на пензионерите веќе во првата година да ги зголемиме пензиите.Она што го разговаравме со лидерот Мицкоски е дека можеме да дадеме зголемување од 5.000 денари на сите пензионери подеднакво.Ова е ветување што ќе го исполниме-ветува министерот во интервјуто за „Република.“

Велковски посочува и на пробелемите со домовите на стари лица и малиот број на негувателки. Таков пример и домот во Куманово каде има само осум негувателки.

Според министерот мора да се инвестира во домовите за стари лица како и во персоналот бидејќи не секој има над 30.000 денари месечно за да оди во приватен дом.

Ќе ги посетиме сите домови кои се под наша надлежност. Таму има и луѓе имаат потреба од целодневна нега и се неподвижни.Една негователка да се разболи трееба да биде по 12 или 16 часа на работа за да се покријат смените.Од друга страна зголемена е цената за згрижување во приватните домови кои се движат од 30.000 до 50.000 денари месечно.Повеќе од 100.000 пензионери живеат со 18.000 денари пензија и треба уште 12.000 денари некој да ги доплати а каде се лековите и другите потреби.За овиепетнаесетина години не е напревен ниту еден нов државен дом за стари лица, туку само се реновираат постоечките.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

https://www.youtube.com/watch?v=3d7A6oMj_6U

The post Велковски: Во првата година на новата власт пензиите ќе бидат зголемени 5.000 денари линеарно appeared first on Република.

]]>

На овие избори нема да се дозволи поткупот на гласачите, посебно кај онаа категорија ранливи граѓани како што бевме сведоци пред четири години, уверува министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски. Тој во интервјуто за „Република“ потсетува дека пред четири години се делеа пакети на одредена група на граѓани и присуство во самите домови на корисниците на таа помош но оти ова сега нема да се повтори.
За ова има и снимки и докази кои за жал не се процесуираа.Има механизам ова да се спречи.Притисокот треба да биде врз Центрите за социјална работа бидејќи тие се во директна комуникација со крајните корисници.Сакаме да го спречиме она „јас ќе ги завршам работа“ за туѓа нега или социјална помош.Пораката кон директори на социјална работа, во центрите и во министерството е дека се што е надвор од закон ќе биде санкционирано.Сите пред законот треба да бидеме еднакви и треба да им помагаме на граѓаните само според закон.
Голем проблем е немањето на лиценци за воспитувачки и негователки во градинките и големиот број на деца кои чекаат за упис во градинките.
Еден воспитувач и неговател се грижат за 30 до 35 деца.Осум часа треба да ги чувате а каде е образовниот процес кој треба да им се даде на децата.Состојбата е алармантна.Затоа е потребно да се донесат измените на законот за заштита на деца кои ќе овозможат брзо решавање на овие 1000 барања.Поради ова над 5000 деца се на листите на чекање за упис во градинките.Ова ќе се реши доколку обезедиме просторни услови и стрчен кадар што ќе се грижи за овие деца.Поради овој проблем 5000 мајки треба да бидат дома или баби и дедовци да ги чуваат-посочува Велковски.
Министерот ветува и зголемување на пензиите и оти покачувањето од пет отсто за март е само обично порамнување.
Најголем проблем е нерамномерниот раст на пензиите.Оној што зема минимална пензија ќе му се зголеми 400-500 денари, а оној што зема висока пензија зголувањето ќе биде околу 2500 денари.
Затоа министерот предлага да се врати линеарното зголемување на пензиите.
Сегашниот систем буди несигурност кај пензионерите.Затоа разговарам со Здруженијата на пензионери и тие бараат зголемувањео на пензиите да биде линеарно.Разгледуваме и колку средства имаме во буџетот, во пензионскиот фонд.Состојбата е катастрофална иако не сакам да ги плашиме пензионерите.Но, средства ќе се најдат ќе релоцираме средства кои што овие години беа украдени од СДСМ и ДУИ и беше опостушен буџетот на Македонија а не се грижеа за зголемување на пензиите.Со добро менаџирање и домаќинско работење ќе дојдеме до ситуација на пензионерите веќе во првата година да ги зголемиме пензиите.Она што го разговаравме со лидерот Мицкоски е дека можеме да дадеме зголемување од 5.000 денари на сите пензионери подеднакво.Ова е ветување што ќе го исполниме-ветува министерот во интервјуто за „Република.“
Велковски посочува и на пробелемите со домовите на стари лица и малиот број на негувателки. Таков пример и домот во Куманово каде има само осум негувателки. Според министерот мора да се инвестира во домовите за стари лица како и во персоналот бидејќи не секој има над 30.000 денари месечно за да оди во приватен дом.
Ќе ги посетиме сите домови кои се под наша надлежност. Таму има и луѓе имаат потреба од целодневна нега и се неподвижни.Една негователка да се разболи трееба да биде по 12 или 16 часа на работа за да се покријат смените.Од друга страна зголемена е цената за згрижување во приватните домови кои се движат од 30.000 до 50.000 денари месечно.Повеќе од 100.000 пензионери живеат со 18.000 денари пензија и треба уште 12.000 денари некој да ги доплати а каде се лековите и другите потреби.За овиепетнаесетина години не е напревен ниту еден нов државен дом за стари лица, туку само се реновираат постоечките.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

https://www.youtube.com/watch?v=3d7A6oMj_6U    

The post Велковски: Во првата година на новата власт пензиите ќе бидат зголемени 5.000 денари линеарно appeared first on Република.

]]>
Велковски: 1.000 барања за лиценци за негователки и воспитувачки во градинки стојат во место, а 5.000 деца се на листа на чекање за упис https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-1-000-barana-za-litsentsi-za-negovatelki-i-vospituvachki-vo-gradinki-stojat-vo-mesto-a-5-000-detsa-se-na-lista-na-chekane-za-upis/ Wed, 06 Mar 2024 12:06:22 +0000 https://republika.mk/?p=751874

1.000 барања за лиценци во градинките четири години тапкаат во место а згора на тоа повлечена е оваа точка од страна на владата.Се работи за негователки, воспитувачки и друг стручен кадар кои без овие лиценци не можат да бидат вработени, алармира министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.

Овој нерешено прашање пак според министерот отвора голем со уписот на деца во градинките низ цела Македонија.

@republika.onlineМинистерот за труд и социјала за проблемот со градинките♬ original sound - Republika online

Еден воспитувач и неговател се грижат за 30 до 35 деца.Осум часа треба да ги чувате а каде е образовниот процес кој треба да им се даде на децата.Состојбата е алармантна.Затоа е потребно да се донесат измените на законот за заштита на деца кои ќе овозможат брзо решавање на овие 1000 барања.Поради ова над 5000 деца се на листите на чекање за упис во градинките.Ова ќе се реши доколку обезедиме просторни услови и стрчен кадар што ќе се грижи за овие деца.Поради овој проблем 5000 мајки треба да бидат дома или баби и дедовци да ги чуваат-вели Велковски во интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено утре.

The post Велковски: 1.000 барања за лиценци за негователки и воспитувачки во градинки стојат во место, а 5.000 деца се на листа на чекање за упис appeared first on Република.

]]>

1.000 барања за лиценци во градинките четири години тапкаат во место а згора на тоа повлечена е оваа точка од страна на владата.Се работи за негователки, воспитувачки и друг стручен кадар кои без овие лиценци не можат да бидат вработени, алармира министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски. Овој нерешено прашање пак според министерот отвора голем со уписот на деца во градинките низ цела Македонија.
@republika.onlineМинистерот за труд и социјала за проблемот со градинките♬ original sound - Republika online
Еден воспитувач и неговател се грижат за 30 до 35 деца.Осум часа треба да ги чувате а каде е образовниот процес кој треба да им се даде на децата.Состојбата е алармантна.Затоа е потребно да се донесат измените на законот за заштита на деца кои ќе овозможат брзо решавање на овие 1000 барања.Поради ова над 5000 деца се на листите на чекање за упис во градинките.Ова ќе се реши доколку обезедиме просторни услови и стрчен кадар што ќе се грижи за овие деца.Поради овој проблем 5000 мајки треба да бидат дома или баби и дедовци да ги чуваат-вели Велковски во интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено утре.

The post Велковски: 1.000 барања за лиценци за негователки и воспитувачки во градинки стојат во место, а 5.000 деца се на листа на чекање за упис appeared first on Република.

]]>
Велковски: 100.000 пензионери со примања под минималната плата едвај врзуваат крај со крај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-100-000-penzioneri-so-primana-pod-minimalnata-plata-edvaj-vrzuvaat-kraj-so-kraj/ Tue, 05 Mar 2024 13:55:51 +0000 https://republika.mk/?p=751543

Статистиката говори за жал многу лоши податоци, а тоа е дека околу 100.000 пензионери, граѓани на Република Македонија за жал живеат со под 20.000 пензија. Тоа ако видите во пресметките е под минималната плата и може да замислите како овие луѓе врзуваат крај со крај да го истераат месецот - изјави денеска техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски којшто одржа средба со пензионерите од Општина Тетово.

Велковски е категоричен дека идната влада мора да обезбеди повисоки пензии за пензионерите во Македонија со итна реализација веднаш по завршување на изборите на 8 мај, но пред се да има слух и разбирање за нивните барања.

За жал од август 2023 година истите барања од страна на пензионерите се повторно на маса. Денес во Тетово го говоревме истото дека се потребни повисоки пензии, потребно е линеарно пресметување на пензиите и исполнување на другите барања коишто се 7-8 на број, права коишто им биле скратени низ овие години наназад. Ова беше потенцирано не само од иницијативниот одбор, туку и од сите пензионери присутни на денешната средба. Тие се луѓе кои што се со најголема толеранција, но притиснати од целата ситуација во Македонија, започнаа со протести за своите основни права - додава тој.

The post Велковски: 100.000 пензионери со примања под минималната плата едвај врзуваат крај со крај appeared first on Република.

Велковски: Мора нова методологија зошто срамота е да се каже дека 5% е покачување, тоа е само усогласување на пензиите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/velkovski-mora-nova-metodologija-zoshto-sramota-e-da-se-kazhe-deka-5-e-pokachuvane-toa-e-samo-usoglasuvane-na-penziite/ Wed, 28 Feb 2024 19:35:30 +0000 https://republika.mk/?p=749405

5 процентни поени на пензиите не претставува покачување, туку усогласување на трошоците за живот за сите приматели на пензии во Македонија, смета министерот за труд и социјална правда, Ѓоко Велковски.

Процентот за жал е многу мал и срамота е да се каже дека 5% е зголемување на пензиите како некои други што потенцираат. Јас ова го нарекувам усогласување, бидејќи 5% на она што најголемиот дел од пензионерите го примаат како пензија ќе биде буквално едно одење до продавница и назад со неколку производи во нивната кеса, вели Велковски.

Според него, неопходна е промена на методологијата за пресметување на процентните поени како би се намалила преголемата разлика помеѓу оние граѓаните коишто земаат минимална пензија и оние со високи пензии. Тој дополнува дека покрај усогласување на пензиите, потребни се системски мерки во делот на примателите на социјална помош и регулирање на минималната плата согласно реалните месечни трошоци на граѓаните.

22% стапка на граѓани кои живеат под нивото на сиромаштија во Македонија всушност го докажува и она што го говорам од првиот ден дека над 600.000 граѓани, жители на Македонија живеат под работ на сиромаштијата. Тоа значи дека живеат со помалку од 100 денари. Денеска да издржи еден човек во текот на денот со 100 денари претставува беда и сиромаштија. Не може никој да го побие овој факт дека е тоа така бидејќи е потврдено со релевантни статистички податоци како и од експертите, истакнува тој.

The post Велковски: Мора нова методологија зошто срамота е да се каже дека 5% е покачување, тоа е само усогласување на пензиите appeared first on Република.

Велковски: Податоците покажуваат пет проценти условно кажано покачување на пензиите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-podatotsite-pokazhuvaat-pet-protsenti-uslovno-kazhano-pokachuvane-na-penziite/ Wed, 28 Feb 2024 10:39:04 +0000 https://republika.mk/?p=749204

Направена е пресметката за усогласувањето на пензиите, со кое ќе има статистичко покачување за пет проценти, информира денеска министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски.

На новинарско прашање, Велковски рече дека податоците покажуваат пет проценти на, како што наведе, условно кажано покачувањето на пензиите.

Добиени се сите податоци од статистика, веќе е направена пресметката. Јас тоа не би го кажал зголемување, бидејќи пет проценти колку што покажуваат бројките на условно кажано покачувањето на пензиите, што треба да бидат исплатени на 1-ви во петок. Така што, ова статистичко покачување од пет проценти е во моментов што пензионерите ќе го добијат како дополнување на нивните пензии - изјави Велковски, по учество на РЕДИ Самитот 2024 во Скопје.

Во согласност со новата Методологија, усогласување на износот на пензиите се прави двапати годишно во март и во септември, врз основа на податоците од Државниот завод за статистика за трошоците на живот и просечната плата.

Велковски оцени дека е минорна измената за замрзнување на покачувањето на платите на функционерите, со предложените измени на законите што ги доставија пратеници од владејачката СДСМ.

Направено е прекршување на самото усогласување кое што требало да започне претпоставувам многу порано не наеднаш кога се случија тие 78 проценти, така што некој којшто прави само ад хок решенија се случува тоа што се случи пред година дена од денеска. Сега е минорно што тие прават измена, односно го замрзнуваат делот на покачување на сегашните плати, така што ако се следат како решенија доаѓаме до една ситуација да бидат и сите граѓани незадоволни, а процентот на зголемување на платите на функционерите да биде на ниво како што беше и реакциите да бидат нормални од страна на граѓаните какви што беа - изјави Велковски.

Како што дополни, откако е тој министер на седница на Владата не се дискутирао за намалување на платите на функционерите.

Не, на седниците што сум бил присутен јас лично како министер бидејќи е повеќе од месец дена и нема точки во делот на професионална политика не знам од кои причини. Претпоставувам дека така работеле претходните министри, но тоа е на нив. На тие седници кај што сум бил јас присутен немало дискусија, ниту има заклучоци произлезени од Владата по однос на тоа прашање - рече Велковски.

При контролите за вакцинацијата во градинките поради епидемијата со голема кашлица, како што информираше, не се констатирани прекршоци.

Ги зголемивме, како што и ветив и пред една недела контролите, инспекторите се на терен. Имаме записници добиено по основ на самите инспекциски надзори. Досега не се констатирани прекршувања, односно во самите решенија коишто се доставени од инспекторите нема прекршување на делот каде што градинките не го почитуваат законскиот момент за прием на деца кои немаат вакцинални картони, односно се здрави. Така што, има контроли, на терен се инспекторите, сме во постојана координација и се надевам дека ќе придонесеме да не се рашири повеќе оваа болест - изјави техничкиот министер за труд и социјална политика.

The post Велковски: Податоците покажуваат пет проценти условно кажано покачување на пензиите appeared first on Република.

]]>

Направена е пресметката за усогласувањето на пензиите, со кое ќе има статистичко покачување за пет проценти, информира денеска министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски. На новинарско прашање, Велковски рече дека податоците покажуваат пет проценти на, како што наведе, условно кажано покачувањето на пензиите.
Добиени се сите податоци од статистика, веќе е направена пресметката. Јас тоа не би го кажал зголемување, бидејќи пет проценти колку што покажуваат бројките на условно кажано покачувањето на пензиите, што треба да бидат исплатени на 1-ви во петок. Така што, ова статистичко покачување од пет проценти е во моментов што пензионерите ќе го добијат како дополнување на нивните пензии - изјави Велковски, по учество на РЕДИ Самитот 2024 во Скопје.
Во согласност со новата Методологија, усогласување на износот на пензиите се прави двапати годишно во март и во септември, врз основа на податоците од Државниот завод за статистика за трошоците на живот и просечната плата. Велковски оцени дека е минорна измената за замрзнување на покачувањето на платите на функционерите, со предложените измени на законите што ги доставија пратеници од владејачката СДСМ.