ѓоко танески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gjoko-taneski/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Jul 2024 09:03:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ѓоко танески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gjoko-taneski/ 32 32 Ѓоко Танески со вечерашниот концерт на Антички театар во Охрид ќе одбележи јубилеј – 30 години кариера https://arhiva3.republika.mk/scena/goko-taneski-so-kontsert-na-antichki-teatar-vo-ohrid-ke-odbelezhi-jubilej-30-godini-kariera/ Sat, 20 Jul 2024 07:31:05 +0000 https://republika.mk/?p=797981

Овој викенд, (сабота, 20 јули) сите патишта водат кон охридскиот Антички театар каде Ѓоко Танески со солистички концерт ќе го одбележи својот голем јубилеј – 30 години кариера.

Концертот е насловен „Најдоброто од Ѓоко Танески“, а охриѓанецот со златно грло на сцената ќе ги отпее најголемите хитови од својата кариера.

„Никогаш доста“, „Збогум најмила“, „Една љубов имам“, „Цветај расцветај“, „Ден по ден“… се само дел од хитовите кои ја одбележаа неговата 30-годишна кариера, а кои ќе бидат дел од репертоартот.

Како што е предвидено Ѓоко ќе отпее 20 свои песни, три народни, охридски композиции во придружба на еден од неговите гости Николче Мицевски, кој ќе го придружува на клавир, но ќе промовира и една нова песна.

Возбуден сум и навистина едвај чекам да дојде сабота за да застанам на сцената и да уживам со мојата публика. Подготвив навистина интересен репертоар и освен моите добро познати песни ќе отпеам и три убави охридски, народни песни, но премиерно ќе отпеам и две нови. Едната е забавна, онака во мој стил, се вика „Чекам, чекам“ и е со потписот на Николче Мицевски. Втората е народна, насловена е „Над изворот“, а ја потпишува Влатко Јовчевски, вели Ѓоко, кому ова му е прв голем концерт во родниот Охрид.

Освен Николче Мицевски на сцената ќе го придружува и Камерниот оркестар од Битола, а гостин ќе му биде и легендарниот Драган Мијалковски, кој ќе гостува со три нумери. Концертот на Антички е со почеток во 21:00 часот, а влезниците може да се набават преку мрежата на Мктикетс, како и во продажните салони на „Литература“ низ земјата и „Кај Аждер“.Организаторот Фреш унион, најавува вистински музички спектакл, кој ќе се снима со најсовремена техника со оглед на тоа дека подоцна ќе биде изработен и телевизиски проект.

The post Ѓоко Танески со вечерашниот концерт на Антички театар во Охрид ќе одбележи јубилеј – 30 години кариера appeared first on Република.

]]>

Овој викенд, (сабота, 20 јули) сите патишта водат кон охридскиот Антички театар каде Ѓоко Танески со солистички концерт ќе го одбележи својот голем јубилеј – 30 години кариера. Концертот е насловен „Најдоброто од Ѓоко Танески“, а охриѓанецот со златно грло на сцената ќе ги отпее најголемите хитови од својата кариера. „Никогаш доста“, „Збогум најмила“, „Една љубов имам“, „Цветај расцветај“, „Ден по ден“… се само дел од хитовите кои ја одбележаа неговата 30-годишна кариера, а кои ќе бидат дел од репертоартот. Како што е предвидено Ѓоко ќе отпее 20 свои песни, три народни, охридски композиции во придружба на еден од неговите гости Николче Мицевски, кој ќе го придружува на клавир, но ќе промовира и една нова песна.
Возбуден сум и навистина едвај чекам да дојде сабота за да застанам на сцената и да уживам со мојата публика. Подготвив навистина интересен репертоар и освен моите добро познати песни ќе отпеам и три убави охридски, народни песни, но премиерно ќе отпеам и две нови. Едната е забавна, онака во мој стил, се вика „Чекам, чекам“ и е со потписот на Николче Мицевски. Втората е народна, насловена е „Над изворот“, а ја потпишува Влатко Јовчевски, вели Ѓоко, кому ова му е прв голем концерт во родниот Охрид.
Освен Николче Мицевски на сцената ќе го придружува и Камерниот оркестар од Битола, а гостин ќе му биде и легендарниот Драган Мијалковски, кој ќе гостува со три нумери. Концертот на Антички е со почеток во 21:00 часот, а влезниците може да се набават преку мрежата на Мктикетс, како и во продажните салони на „Литература“ низ земјата и „Кај Аждер“.Организаторот Фреш унион, најавува вистински музички спектакл, кој ќе се снима со најсовремена техника со оглед на тоа дека подоцна ќе биде изработен и телевизиски проект.

The post Ѓоко Танески со вечерашниот концерт на Антички театар во Охрид ќе одбележи јубилеј – 30 години кариера appeared first on Република.

]]>
Ѓоко Танески на 20 јули во Античкиот театар во Охрид https://arhiva3.republika.mk/scena/goko-taneski-na-20-juli-vo-antichkiot-teatar-vo-ohrid/ Tue, 02 Jul 2024 09:10:51 +0000 https://republika.mk/?p=792659

„Никогаш доста“, „Збогум најмила“, „Една љубов имам“, „Цветај расцветај“, „Ден по ден“... само дел од хитовите кои ја одбележаа 30-годишната кариера на Ѓоко Танески. Токму овој голем јубилеј е повод за неговиот солистички концерт насловен „Најдоброто од Ѓоко Танески“ закажан на 20 јули во Античкиот театар во родниот Охрид на пејачот.

Го нарекуваат човек глас, пејач со глас како од Бога даден за опејување на можеби најубавите балади... глас кој ги топли душите и ги милува срцата затоа на сцената на Антички очекувајте незаборавна вечер полна со добра музика, многу емоции и срце на тацна, онака како што тоа го прави Ѓоко.  

Концертот на Антички е со почеток во 21:00 часот, а на сцената Ѓоко освен што ќе биде придружуван од Камерниот оркестар од Битола, ќе бидат присутни и неговите специјални гости Драган Мијалковски и Николче Мицевски.

Влезниците веќе се пуштени во продажба, и тоа преку мрежата на Мктикетс, како и во продажните салони на „Литература“ низ земјата и „Кај Аждер“.

Организаторот Фреш унион, најавува вистински музички спектакл, кој ќе се снима со најсовремена техника со оглед на тоа дека подоцна ќе биде изработен и телевизиски проект.

Оваа година е јубилејна година за Ѓоко Танески, слави 30-години кариера, а јубилеите имаат смисла само ако се одбележуваат и тоа заедно со драги луѓе. Затоа, на 20 јули , каде и да сте, во Охрид да сте!

И не заборавајте Никогаш доста од него ... Не, никогаш не е доволно... како што и самиот пее во можеби една од неговите најубави балади, 20 јули во Античкиот театар во Охрид ќе биде вечер на емоции која не смее да се пропушти. 

The post Ѓоко Танески на 20 јули во Античкиот театар во Охрид appeared first on Република.

На „Ohrid Water Festival“ концерт на Ѓоко Танески https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/na-ohrid-water-festival-kontsert-na-goko-taneski/ Mon, 21 Aug 2023 11:32:03 +0000 https://republika.mk/?p=674192

Денес, со почеток во 20:00 часот во рамките на „Ohrid Water Festival“ на платото пред хотелот „Палас“, свој концерт ќе одржи познатиот македонски пејач Ѓоко Танески. Концертот и сите други вечерни активности поврзани со Фестивалот се бесплатни.

Фестивал на водени спортови Охрид е проект кој ги врзува водените спортови, охридското природно богатство и развојот на охридската заедница. Фестивалот ќе трае 9 дена и за време на сите денови истиот ќе  понуди секојдневен микс на активности распространети во текот на целиот ден. Фестивалот започна на 19ти август и ќе трае се до 27 август.

Предвидени се 30 активности распределени во десетте денови на Фестивалот. Главен спортски настан ќе биде традиционалниот пливачки маратон од Св. Наум до Охрид кој е закажан за 26 август. За време на фестивалот покрај спортско-рекреативните активности се предвидени многу социјални активности, музика, едукација, промоции како и панел дискусија, изложби и презентација на здрава храна, велат организаторите на овој настан.

The post На „Ohrid Water Festival“ концерт на Ѓоко Танески appeared first on Република.