гимназиско образование Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gimnazisko-obrazovanie/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 11:27:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гимназиско образование Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gimnazisko-obrazovanie/ 32 32 МОН и БРО ќе спроведат анкета меѓу учниците и професорите во трета и четврта година за унапредување на гимназиското образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-i-bro-ke-sprovedat-anketa-megu-uchnitsite-i-profesorite-vo-treta-i-chetvrta-godina-za-unapreduvane-na-gimnaziskoto-obrazovanie/ Fri, 27 Sep 2024 11:27:57 +0000 https://republika.mk/?p=820225

Со спроведување на анкета помеѓу наставниците и учениците од трета и четврта година во средните гимназиски училишта, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието го започнуваат процесот на унапредување на квалитетот на гимназиското образование и негово усогласување со европските образовни стандарди.

Повеќе од 20 години гимназиското образование е непроменето и неопходна е потребата од прилагодување на глобалните трендови и стандардни, како и на општествените текови. Во таа насока, преку анкетни прашалници за наставниот кадар и учениците во гимназиите, МОН и БРО ќе ги идентификуваат актуелните предизвици, но и силните страни на постојниот систем на гимназиско образование.

Со спроведување на реформа на гимназиското образование, се отвораат бројни можности за подобрување на квалитетот на наставата и учењето, како за учениците, така и за наставниците.

Придобивките ќе вклучуваат поуспешно усогласување на наставните програми со потребите на современото општество и пазарот на трудот, подобрување на критичкото размислување и практичните вештини на учениците, како и нивна подобра подготовка за понатамошно образование или работен ангажман. За наставниците, промените ќе обезбедат подобра поддршка за професионален и кариерен развој, воведување на современи наставни методологии и алатки, како и креирање на поинтерактивна и мотивирачка училишна средина.

Анкетирањето ќе се спроведе во периодот од 30 септември до 4 октомври, од страна на советници од Бирото за развој на образованието, а во анкетата во секоја гимназија е потребно да учествуваат најмалку 80% од наставниците и сите ученици од трета и четврта година.

 

The post МОН и БРО ќе спроведат анкета меѓу учниците и професорите во трета и четврта година за унапредување на гимназиското образование appeared first on Република.

]]>

Со спроведување на анкета помеѓу наставниците и учениците од трета и четврта година во средните гимназиски училишта, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието го започнуваат процесот на унапредување на квалитетот на гимназиското образование и негово усогласување со европските образовни стандарди. Повеќе од 20 години гимназиското образование е непроменето и неопходна е потребата од прилагодување на глобалните трендови и стандардни, како и на општествените текови. Во таа насока, преку анкетни прашалници за наставниот кадар и учениците во гимназиите, МОН и БРО ќе ги идентификуваат актуелните предизвици, но и силните страни на постојниот систем на гимназиско образование. Со спроведување на реформа на гимназиското образование, се отвораат бројни можности за подобрување на квалитетот на наставата и учењето, како за учениците, така и за наставниците. Придобивките ќе вклучуваат поуспешно усогласување на наставните програми со потребите на современото општество и пазарот на трудот, подобрување на критичкото размислување и практичните вештини на учениците, како и нивна подобра подготовка за понатамошно образование или работен ангажман. За наставниците, промените ќе обезбедат подобра поддршка за професионален и кариерен развој, воведување на современи наставни методологии и алатки, како и креирање на поинтерактивна и мотивирачка училишна средина. Анкетирањето ќе се спроведе во периодот од 30 септември до 4 октомври, од страна на советници од Бирото за развој на образованието, а во анкетата во секоја гимназија е потребно да учествуваат најмалку 80% од наставниците и сите ученици од трета и четврта година.  

The post МОН и БРО ќе спроведат анкета меѓу учниците и професорите во трета и четврта година за унапредување на гимназиското образование appeared first on Република.

]]>