гимназија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gimnazija/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 11:07:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гимназија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gimnazija/ 32 32 Во гимназиите во Дебар и Центар Жупа, во прва година, се запишале 103 ученици, а има место за 340 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-gimnaziite-vo-debar-i-tsentar-zhupa-vo-prva-godina-se-zapishale-103-uchenitsi-a-ima-mesto-za-340/ Thu, 22 Aug 2024 11:07:48 +0000 https://republika.mk/?p=809040

Во гимназиите „28 ноември“ во Дебар и „АТА“ во Центар Жупа по двата уписни рока не е пополнета предвидената квота за упис во прва година.

Како што потврдуваат за МИА од двете училишта, пополнети се само 103 од предвидените 340 ученички места, што е околу 24 отсто.

Во дебарската гимназија во двата уписни рока запишани се 81 ученик, што значи дека непополнети се 191 место.

- Во второто пријавување запишани се 35 завршени деветоодделенци, од нив 10 за настава на македонски и 25 на албански наставен јазик. Во двете пријавувања во првиот уписен рок се запишаа 46 ученици, 13 за настава на македонски и 33 се за паралелките на албански наставен јазик. Тоа значи непополнети се 79 за настава на македонски и 112 на албански наставен јазик, рече за МИА, Афрона Леши, претседателка на Комисијата за спроведување на уписот.

Додаде дека уписот во ова образовна установа продолжува поради фактот што дел од учениците се соочиле со проблем при електронското пријавување.

- Во нашата гимназија вчера, во рамки на вториот уписен рок, запишани се само двајца ученици за настава на турски наставен јазик а за настава на македонски не се пријави ниту еден ученик. Со запишаните во првиот уписен рок вкупната бројка е 22 ученика, од нив 18 за турски, додека четворица за македонски наставен јазик, изјави за МИА Сабри Асан, директор на гимназијата „АТА“.

Според него врз основа на конкурсот на МОН, право на упис имале 68 ученици, во две паралелки, односно по 34 на двата јазика.

Главната причина е масовната миграција, која услови години на ред намалување на бројот на учениците, како во основното така и во средното образование, во двете општини.

The post Во гимназиите во Дебар и Центар Жупа, во прва година, се запишале 103 ученици, а има место за 340 appeared first on Република.

]]>

Во гимназиите „28 ноември“ во Дебар и „АТА“ во Центар Жупа по двата уписни рока не е пополнета предвидената квота за упис во прва година. Како што потврдуваат за МИА од двете училишта, пополнети се само 103 од предвидените 340 ученички места, што е околу 24 отсто. Во дебарската гимназија во двата уписни рока запишани се 81 ученик, што значи дека непополнети се 191 место. - Во второто пријавување запишани се 35 завршени деветоодделенци, од нив 10 за настава на македонски и 25 на албански наставен јазик. Во двете пријавувања во првиот уписен рок се запишаа 46 ученици, 13 за настава на македонски и 33 се за паралелките на албански наставен јазик. Тоа значи непополнети се 79 за настава на македонски и 112 на албански наставен јазик, рече за МИА, Афрона Леши, претседателка на Комисијата за спроведување на уписот. Додаде дека уписот во ова образовна установа продолжува поради фактот што дел од учениците се соочиле со проблем при електронското пријавување. - Во нашата гимназија вчера, во рамки на вториот уписен рок, запишани се само двајца ученици за настава на турски наставен јазик а за настава на македонски не се пријави ниту еден ученик. Со запишаните во првиот уписен рок вкупната бројка е 22 ученика, од нив 18 за турски, додека четворица за македонски наставен јазик, изјави за МИА Сабри Асан, директор на гимназијата „АТА“. Според него врз основа на конкурсот на МОН, право на упис имале 68 ученици, во две паралелки, односно по 34 на двата јазика. Главната причина е масовната миграција, која услови години на ред намалување на бројот на учениците, како во основното така и во средното образование, во двете општини.  

The post Во гимназиите во Дебар и Центар Жупа, во прва година, се запишале 103 ученици, а има место за 340 appeared first on Република.

]]>
Домарот пукал со автоматска пушка, убиени се директорот, професорка и секретарка во гимназијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/domarot-pukal-so-avtomatska-pushka-ubieni-se-direktorot-profesorka-i-sekretarka-vo-gimnazijata/ Wed, 21 Aug 2024 10:27:04 +0000 https://republika.mk/?p=808615

Tри лица загинаа во пукање во средно училиште во Сански Мост откако вработен во гимназијата пукал во директорот, секретарката и професорка.

Според локални медиуми, човекот влегол со автоматска пушка во училишните простории и отворил оган и притоа ги убил - директорот Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Миџан и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ. Телата на убиените се пренесени во Здравствениот дом Сански Мост, полицијата е на местото на злосторството.

Според локалните медиуми, извршителот на злосторството, инаку домар во училиштето, си пукал во главата и е пренесен во тешка состојба болницата во Сански Мост.

Пред извесно време против него била поднесена дисциплинска мерка и имал несогласувања со училишното раководство.

The post Домарот пукал со автоматска пушка, убиени се директорот, професорка и секретарка во гимназијата appeared first on Република.

]]>

Tри лица загинаа во пукање во средно училиште во Сански Мост откако вработен во гимназијата пукал во директорот, секретарката и професорка. Според локални медиуми, човекот влегол со автоматска пушка во училишните простории и отворил оган и притоа ги убил - директорот Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Миџан и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ. Телата на убиените се пренесени во Здравствениот дом Сански Мост, полицијата е на местото на злосторството. Според локалните медиуми, извршителот на злосторството, инаку домар во училиштето, си пукал во главата и е пренесен во тешка состојба болницата во Сански Мост. Пред извесно време против него била поднесена дисциплинска мерка и имал несогласувања со училишното раководство.

The post Домарот пукал со автоматска пушка, убиени се директорот, професорка и секретарка во гимназијата appeared first on Република.

]]>
Пукање во гимназија во БиХ, најмалку двајца загинати https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pukane-vo-gimnazija-vo-bih-najmalku-dvajtsa-zaginati/ Wed, 21 Aug 2024 09:37:48 +0000 https://republika.mk/?p=808589

Две лица се убиени и едно е тешко повредено во пукање во гимназија во Сански Мост според првичните информации на босански медиуми.

Како што потврдуваат од МВР на БиХ, вработен во локалната гимназија пукал во директорот, секретарката и професор во тоа училиште.

Сански Мост се наоѓа на 360 км северно од Сараево.

The post Пукање во гимназија во БиХ, најмалку двајца загинати appeared first on Република.

]]>

Две лица се убиени и едно е тешко повредено во пукање во гимназија во Сански Мост според првичните информации на босански медиуми. Како што потврдуваат од МВР на БиХ, вработен во локалната гимназија пукал во директорот, секретарката и професор во тоа училиште. Сански Мост се наоѓа на 360 км северно од Сараево.

The post Пукање во гимназија во БиХ, најмалку двајца загинати appeared first on Република.

]]>
Почна поставувањето лифт во кумановската гимназија „Гоце Делчев“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochna-postavuvaneto-lift-vo-kumanovskata-gimnazija-gotse-delchev/ Fri, 28 Jul 2023 09:33:19 +0000 https://republika.mk/?p=666207

Почна поставувањето лифт во кумановската гимназија „Гоце Делчев“, информираат од училиштето.

Почна монтажата на лифт во нашата гимназија, а кој ќе биде наменет пред сè за учениците со физичка попреченост. Овој проект веќе некое време чекаше на својата реализација, еве и тоа се случи и полека се заокружува целокупниот проект за реконструкција и модернизација на гимназијата. За оваа намена одвоени се околу 2, 5 милиони денари, вели директорката Марија Тодоровска.

Привршува и реконструкцијата на подрумските прострии во училиштето, кои ќе се пренаменат во финтес центар и теретана.

Претходно, заврши реконструкција на подови на 30 училници во гимназијата. Набавени се и клупи и столчиња за сите училници, поставени се сончеви завеси, набавени се професионални машини за чистење на подовите.

Претходното лето, пак, заврши обемната реконструкција на „Гоце Делчев“ во кој целосно беше реконструирана фасадата на училиштето, беше саниран одвоениот објект, училишната спортска сала.

Во гимназијата последната учебна година настава следеа 950 ученици

The post Почна поставувањето лифт во кумановската гимназија „Гоце Делчев“ appeared first on Република.

]]>

Почна поставувањето лифт во кумановската гимназија „Гоце Делчев“, информираат од училиштето.
Почна монтажата на лифт во нашата гимназија, а кој ќе биде наменет пред сè за учениците со физичка попреченост. Овој проект веќе некое време чекаше на својата реализација, еве и тоа се случи и полека се заокружува целокупниот проект за реконструкција и модернизација на гимназијата. За оваа намена одвоени се околу 2, 5 милиони денари, вели директорката Марија Тодоровска.
Привршува и реконструкцијата на подрумските прострии во училиштето, кои ќе се пренаменат во финтес центар и теретана. Претходно, заврши реконструкција на подови на 30 училници во гимназијата. Набавени се и клупи и столчиња за сите училници, поставени се сончеви завеси, набавени се професионални машини за чистење на подовите. Претходното лето, пак, заврши обемната реконструкција на „Гоце Делчев“ во кој целосно беше реконструирана фасадата на училиштето, беше саниран одвоениот објект, училишната спортска сала. Во гимназијата последната учебна година настава следеа 950 ученици

The post Почна поставувањето лифт во кумановската гимназија „Гоце Делчев“ appeared first on Република.

]]>
Поразителни бројки: Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа во прва година се запишале само 10 ученици https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/porazitelni-brojki-vo-gimnazijata-ata-vo-tsentar-zhupa-vo-prva-godina-se-zapishale-samo-10-uchenitsi/ Sun, 25 Jun 2023 13:42:18 +0000 https://republika.mk/?p=654943

Во првото пријавување во прва година во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа запишани се само 10 ученици, што е 14,7 отсто од предвидената квота.

Пријавени беа 10 и сите се запишани. Од нив тројца ученици се за настава на македонски и 7 на турски наставен јазик. Тоа значи дека од вкупно предвидените 68, во две паралелки, наполнети се дури 58 ученички места, од нив 31 за паралелката на македонски и 27 на турски наставен јазик, рече за МИА, Сабри Асан, директор на гимназијата.

Очекуваме, додава тој, бројот да биде поголем во второто пријавување, но имајќи ги предвид бројките од минатите години, тешко дека предвидената бројка може да биде пополнета.

Тоа поради масовната миграција, каде живее над 60 отсто од некогашната популација на општината, што последователно услови намалување на бројот на учениците.

Секако, тука и фактот што некој од завршените осмоодделенци се запишуваат во средни стручни училишта во државава а некој заминуваат кај своите родители во странство.
Мал број на запишани има и во дебарската гимназија „28 ноември“ или само 65 ученици што е околу 24 отсто од предвидената квота.
Од нив 51 се за паралелките со настава на албански, од предвидените 170, додека 14 од предвидените 102 ученика за македонски наставен јазик.

The post Поразителни бројки: Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа во прва година се запишале само 10 ученици appeared first on Република.

]]>

Во првото пријавување во прва година во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа запишани се само 10 ученици, што е 14,7 отсто од предвидената квота.
Пријавени беа 10 и сите се запишани. Од нив тројца ученици се за настава на македонски и 7 на турски наставен јазик. Тоа значи дека од вкупно предвидените 68, во две паралелки, наполнети се дури 58 ученички места, од нив 31 за паралелката на македонски и 27 на турски наставен јазик, рече за МИА, Сабри Асан, директор на гимназијата.
Очекуваме, додава тој, бројот да биде поголем во второто пријавување, но имајќи ги предвид бројките од минатите години, тешко дека предвидената бројка може да биде пополнета. Тоа поради масовната миграција, каде живее над 60 отсто од некогашната популација на општината, што последователно услови намалување на бројот на учениците. Секако, тука и фактот што некој од завршените осмоодделенци се запишуваат во средни стручни училишта во државава а некој заминуваат кај своите родители во странство. Мал број на запишани има и во дебарската гимназија „28 ноември“ или само 65 ученици што е околу 24 отсто од предвидената квота. Од нив 51 се за паралелките со настава на албански, од предвидените 170, додека 14 од предвидените 102 ученика за македонски наставен јазик.

The post Поразителни бројки: Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа во прва година се запишале само 10 ученици appeared first on Република.

]]>
Плативме за фотоволтаици поставени на север https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/plativme-za-fotovoltaitsi-postaveni-na-sever/ Mon, 08 May 2023 14:33:07 +0000 https://republika.mk/?p=638447

И на покривот на гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес се инсталирани фотоволтаични панели со цел од сопствено производство да ги задоволува своите потреби или да ја намали сметката за електрична енергија откако училиштата излегоа од регулираниот пазар.

Арно ама, наместо само на јужната страна, каде во најголем дел од денот би греело сонце, панели се поставени и на северната страна на покривот.

Фотоволтаициве насочени кон север? Со средства од Владата и МОН општините местат фотонапонски панели за сопствено производство на струја во училиштата. Кој паметен постави скоро половина од панелите насочени кон север? Дали основниот проект е згрешен или изведувачот толку си ја знае работата, прашува пратеникот Ненад Коциќ.

Подоцна во коментар објасни дека, според неговите информации, основниот проект бил изработен од консултант на училиштето и проектот воопшто не бил таков.

Изгледа некој не знае што е север, што е југ, пишува Коциќ.

The post Плативме за фотоволтаици поставени на север appeared first on Република.

]]>

И на покривот на гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес се инсталирани фотоволтаични панели со цел од сопствено производство да ги задоволува своите потреби или да ја намали сметката за електрична енергија откако училиштата излегоа од регулираниот пазар. Арно ама, наместо само на јужната страна, каде во најголем дел од денот би греело сонце, панели се поставени и на северната страна на покривот.
Фотоволтаициве насочени кон север? Со средства од Владата и МОН општините местат фотонапонски панели за сопствено производство на струја во училиштата. Кој паметен постави скоро половина од панелите насочени кон север? Дали основниот проект е згрешен или изведувачот толку си ја знае работата, прашува пратеникот Ненад Коциќ.
Подоцна во коментар објасни дека, според неговите информации, основниот проект бил изработен од консултант на училиштето и проектот воопшто не бил таков.
Изгледа некој не знае што е север, што е југ, пишува Коциќ.

The post Плативме за фотоволтаици поставени на север appeared first on Република.

]]>
Уапсено момчето кое утрово во Загреб влезе во гимназија со мачета https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapseno-momcheto-koe-utrovo-vo-zagreb-vleze-vo-gimnazija-so-macheta/ Mon, 06 Mar 2023 20:18:50 +0000 https://republika.mk/?p=616577

По три часа бегство полицијата му влезе во трага и го приведе 18-годишното момче кое денеска ги исплаши сите во Класичната гимназија во Загреб.

-Денеска околу 13.50 часот на подрачјето на Медвечшак во просториите на образовната установа дошло дотогаш непознато момче. Во ходникот го сретнал момчето кое го барал на кое му се заканил со остар предмет и по заканите избегал. Информациите кои ги собра загребската полиција резултираа со потрага по момчето и негово приведување.

Според хрватските медиуми, неофицијално станува збор за инцидент по врсничка караница поради која момчето влегло во училишната зграда.

The post Уапсено момчето кое утрово во Загреб влезе во гимназија со мачета appeared first on Република.

]]>

По три часа бегство полицијата му влезе во трага и го приведе 18-годишното момче кое денеска ги исплаши сите во Класичната гимназија во Загреб. -Денеска околу 13.50 часот на подрачјето на Медвечшак во просториите на образовната установа дошло дотогаш непознато момче. Во ходникот го сретнал момчето кое го барал на кое му се заканил со остар предмет и по заканите избегал. Информациите кои ги собра загребската полиција резултираа со потрага по момчето и негово приведување. Според хрватските медиуми, неофицијално станува збор за инцидент по врсничка караница поради која момчето влегло во училишната зграда.

The post Уапсено момчето кое утрово во Загреб влезе во гимназија со мачета appeared first on Република.

]]>
Битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ добитник на признанието „Библиотека на годината“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitolskata-gimnazija-josip-broz-tito-dobitnik-na-priznanieto-biblioteka-na-godinata/ Tue, 06 Dec 2022 11:41:59 +0000 https://republika.mk/?p=582530

Библиотекарското здружение на Македонија додели признание „Библиотека на годината“ за библиотеката во средното училиште на Гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола и библиотекарот м-р Драган Ристевски.

Според библиотекарот Ристевски, гимназијалците се сé повеќе и поблиску до библиотеката, а признанието се должи и на креативната програма, десетици изложби на различни теми поврзани со книгата и други креативни активности кои како што вели ги забележа Библиотекарското здружение на Македонија.

Во библиотеката реализиравме повеќе промоции на книги, меѓу кои и на поранешниот словенечки амбасадор Милан Јазбец, организиравме ликовна изложба на познатиот ликовен уметник и академик Васко Ташковски, промовиравме книги на битолски автори и се со цел добар однос кон учениците и се со цел, доближување на книгата до гимназијалците. Можеби нескромно ќе звучи, но наградата е во вистински раце, истакна Ристевски.

Библиотеката на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола располага со фонд од 21.000 книги, а фондот се зголемува со донации.

Книги подари семејството на некогашниот директор на гимназијата Душко Алексовски кои донираа повеќе од 1.500 книги, семејството на писателот Анте Поповски додели 1.000 книги, но и други донации кои остануваат во трајна сопственост на библиотеката која е уредена, со амбиент на високо ниво, посочи библиотекарот Ристевски.

Наградата „Библиотека на годината“ во категоријата средно образование, на м-р Драган Ристевски ќе му биде врачена утре во НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

The post Битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ добитник на признанието „Библиотека на годината“ appeared first on Република.

]]>

Библиотекарското здружение на Македонија додели признание „Библиотека на годината“ за библиотеката во средното училиште на Гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола и библиотекарот м-р Драган Ристевски. Според библиотекарот Ристевски, гимназијалците се сé повеќе и поблиску до библиотеката, а признанието се должи и на креативната програма, десетици изложби на различни теми поврзани со книгата и други креативни активности кои како што вели ги забележа Библиотекарското здружение на Македонија.
Во библиотеката реализиравме повеќе промоции на книги, меѓу кои и на поранешниот словенечки амбасадор Милан Јазбец, организиравме ликовна изложба на познатиот ликовен уметник и академик Васко Ташковски, промовиравме книги на битолски автори и се со цел добар однос кон учениците и се со цел, доближување на книгата до гимназијалците. Можеби нескромно ќе звучи, но наградата е во вистински раце, истакна Ристевски.
Библиотеката на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола располага со фонд од 21.000 книги, а фондот се зголемува со донации.
Книги подари семејството на некогашниот директор на гимназијата Душко Алексовски кои донираа повеќе од 1.500 книги, семејството на писателот Анте Поповски додели 1.000 книги, но и други донации кои остануваат во трајна сопственост на библиотеката која е уредена, со амбиент на високо ниво, посочи библиотекарот Ристевски.
Наградата „Библиотека на годината“ во категоријата средно образование, на м-р Драган Ристевски ќе му биде врачена утре во НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

The post Битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ добитник на признанието „Библиотека на годината“ appeared first on Република.

]]>
Пукање во гимназија во Русија, загинаа неколку деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pukanje-vo-gimnazija-vo-rusija-zaginaa-nekolku-deca/ Mon, 26 Sep 2022 08:38:51 +0000 https://republika.mk/?p=554222

Најмалку шест лица, меѓу кои и деца, загинаа во престрелката што се случи утринава во училиштето 88 во Ижевск, Русија.

Според првичните информации, напаѓачот се самоубил.

Според фотографиите кои кружат на социјалните мрежи, може да се види мртов маж како лежи во една од училниците.

Денеска полицијата добила дојава за пукање во училиштето број 88 во градот Ижевск. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, соопшти Министерството за внатрешни работи за Удмуртија.

Јуровикли пренесува дека напаѓачот наводно го убил чуварот, а потоа почнал да пука во децата.

Пукањето започнало за време на часот, кога непознат маж во црн костум влетал во училницата и отворил оган.Водачот на Удмуртија (административниот регион во кој се наоѓа Ижевск), Александар Бречалов, рече дека пристигнал во училиштето каде што се случило пукањето.

Поради ситуацијата во училиштето број 88: вклучени се сите сили и ресурси. На лице место се сите специјалци, како и брза помош. Пристигнав на местото на настанот и веднаш ќе пријавам за се што се случува, напиша тој на Телеграм.

Министерството за образование на Русија испрати свои службеници во Ижевск, соопшти прес-службата на министерството.

Во име на министерот за образование на Руската Федерација, Сергеј Кравцов, во регионот веднаш беше испратена група од федералното министерство.

Министерот за образование и наука на Удмуртската Република веќе е на лице место – се наведува во соопштението,пренесуваат медиумите.

The post Пукање во гимназија во Русија, загинаа неколку деца appeared first on Република.

]]>

Најмалку шест лица, меѓу кои и деца, загинаа во престрелката што се случи утринава во училиштето 88 во Ижевск, Русија. Според првичните информации, напаѓачот се самоубил. Според фотографиите кои кружат на социјалните мрежи, може да се види мртов маж како лежи во една од училниците.
Денеска полицијата добила дојава за пукање во училиштето број 88 во градот Ижевск. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, соопшти Министерството за внатрешни работи за Удмуртија.
Јуровикли пренесува дека напаѓачот наводно го убил чуварот, а потоа почнал да пука во децата. Пукањето започнало за време на часот, кога непознат маж во црн костум влетал во училницата и отворил оган.Водачот на Удмуртија (административниот регион во кој се наоѓа Ижевск), Александар Бречалов, рече дека пристигнал во училиштето каде што се случило пукањето. Поради ситуацијата во училиштето број 88: вклучени се сите сили и ресурси. На лице место се сите специјалци, како и брза помош. Пристигнав на местото на настанот и веднаш ќе пријавам за се што се случува, напиша тој на Телеграм. Министерството за образование на Русија испрати свои службеници во Ижевск, соопшти прес-службата на министерството.