Гимназија Јосип Броз Тито Битола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gimnazija-josip-broz-tito-bitola/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Mar 2023 17:20:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гимназија Јосип Броз Тито Битола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gimnazija-josip-broz-tito-bitola/ 32 32 Комуналците ги учеа средношколците како да одржуваат здрава и чиста животна околина https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/komunaltsite-gi-uchea-srednoshkoltsite-kako-da-odrzhuvaat-zdrava-i-chista-zhivotna-okolina/ Tue, 07 Mar 2023 17:20:45 +0000 https://republika.mk/?p=616996

ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден реализираше еко-предавање за учениците од скопската гимназија „Јосип Броз-Тито".

На еко-предавањето присуствуваа триесетина ученици, коишто имаа можност да се запознаат со активностите на Претпријатието и да се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со комуналниот отпадна кој начин се врши неговата примарна селекција и како се одвива процесот на рециклирање. Беше спроведена и акција за чистење на отпадот од внатрешните простории и дворот, во којашто земаа учество и учениците и професорите од училиштето.

Во текот на 2022 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје организираше еко-предавања и работилници во триесетина основни училишта и предучилишни установи во сите скопски општини. Годинава планираме едукативните активности да ги продолжиме и во скопските средни училишта. Примарна цел на овие предавања е развивањето еколошка свест кај младите за нивната улога во одржувањето на здрава и чиста животна околина, изјави в.д. директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

The post Комуналците ги учеа средношколците како да одржуваат здрава и чиста животна околина appeared first on Република.

]]>

Пред 78 години на денешен ден Гимназијата во Битола почна со настава на македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pred-78-godini-na-deneshen-den-gimnazijata-vo-bitola-pochna-so-nastava-na-makedonski-jazik/ Mon, 06 Feb 2023 08:03:58 +0000 https://republika.mk/?p=605198

На 6 февруари 1945 година, во битолската гимназија, прв пат во едно македонско средно училиште се одржа наставен час на современ македонски јазик.

Во документацијата на гимназијата е нагласено дека одлуката за почеток на редовна настава на македонски јазик ја објавил првиот директор на гимназијата Орде Печијаре, а на свеченоста прв пат стиховите на Константин Миладинов „Т’га за југ“, „Бисера“, „Голапче“, како и стиховите на Кочо Рацин биле поздравени со силен аплауз.

Горната Гимназија, како што ја нарекуваат битолчани, од 1945 до 1952 година била именувана и работела под патронство на Гоце Делчев, а од 1952 година и денес е под патронство на Јосип Броз Тито.

Угледот и успесите на Гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола се потврдени со бројни награди, признанија и одликувања кои ги освоиле ученици кои станале инженери, лекари, професори, писатели, новинари, уметници, научници и истакнати личности во заедницата.

The post Пред 78 години на денешен ден Гимназијата во Битола почна со настава на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

На 6 февруари 1945 година, во битолската гимназија, прв пат во едно македонско средно училиште се одржа наставен час на современ македонски јазик. Во документацијата на гимназијата е нагласено дека одлуката за почеток на редовна настава на македонски јазик ја објавил првиот директор на гимназијата Орде Печијаре, а на свеченоста прв пат стиховите на Константин Миладинов „Т’га за југ“, „Бисера“, „Голапче“, како и стиховите на Кочо Рацин биле поздравени со силен аплауз. Горната Гимназија, како што ја нарекуваат битолчани, од 1945 до 1952 година била именувана и работела под патронство на Гоце Делчев, а од 1952 година и денес е под патронство на Јосип Броз Тито. Угледот и успесите на Гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола се потврдени со бројни награди, признанија и одликувања кои ги освоиле ученици кои станале инженери, лекари, професори, писатели, новинари, уметници, научници и истакнати личности во заедницата.

The post Пред 78 години на денешен ден Гимназијата во Битола почна со настава на македонски јазик appeared first on Република.

]]>