Гете Инстутит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gete-instutit/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jul 2024 09:57:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гете Инстутит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gete-instutit/ 32 32 Панел дискусија за филмска едукација во Охрид https://arhiva3.republika.mk/scena/film/panel-diskusija-za-filmska-edukatsija-vo-ohrid/ Fri, 19 Jul 2024 09:57:23 +0000 https://republika.mk/?p=798379

На 20 јули, во 17 часот, на бродот Армада во рамки на „Beach Film Festival“ во Охрид ќе се одржи панел дискусијата на тема „ Неопходноста од филмска едукација во училишните програми, но и во рамките на неформалното образование во културните институции, организации и центри“ која е во организација на Кинотеката на Македонија и Гете-институт Скопје.

Оваа панел дискусија е дел од проектот филмЕД (filmED), во кој НУ Кинотеката на РС Македонија (петти партнер во спроведувањето на проектот) заедно со Гете-Институт Скопје, има за цел да развие и имплементира програми за обука за наставници и едукатори кои ќе стекнат знаења и практики за воведување на филмското образование во наставните програми.

Методологиите и практиките развиени во рамките на проектот преку веб-платформа ќе бидат достапни за сите оние кои сакаат да имплементираат филмска едукација наменета за деца од различни возрасти. Со оглед на проблемите со кои се соочуваат, потребно е да се постави прашањето, кои практики би биле од голема корист за просветните работници и наставниците во обидите да го интегрираат филмското образование во нивните програми. Панел дискусијата ќе се обиде да укаже на овие проблеми, да ја истакне нивната важност и да започне дискусија за нив.

Учесници на панел дискусијата ќе бидат Дамјана Патчева (виш филмолог во Кинотека на Македонија), Саша Станишиќ (режисер и координатор на „Филмска училница FIMAY“), Гордана Бабоска (Стручен соработник за образовна соработка во Гете-институт Скопје), Ана Опачиќ (директор на фестивалот БФФ), Ивана Маховска-Шикалеска (наставник во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид) и Емилија Ристановска (наставник во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје).

Проектот филмЕД (filmED) е финансиран од програмата МЕДИА на Европската Унија.

The post Панел дискусија за филмска едукација во Охрид appeared first on Република.

]]>

На 20 јули, во 17 часот, на бродот Армада во рамки на „Beach Film Festival“ во Охрид ќе се одржи панел дискусијата на тема „ Неопходноста од филмска едукација во училишните програми, но и во рамките на неформалното образование во културните институции, организации и центри“ која е во организација на Кинотеката на Македонија и Гете-институт Скопје. Оваа панел дискусија е дел од проектот филмЕД (filmED), во кој НУ Кинотеката на РС Македонија (петти партнер во спроведувањето на проектот) заедно со Гете-Институт Скопје, има за цел да развие и имплементира програми за обука за наставници и едукатори кои ќе стекнат знаења и практики за воведување на филмското образование во наставните програми. Методологиите и практиките развиени во рамките на проектот преку веб-платформа ќе бидат достапни за сите оние кои сакаат да имплементираат филмска едукација наменета за деца од различни возрасти. Со оглед на проблемите со кои се соочуваат, потребно е да се постави прашањето, кои практики би биле од голема корист за просветните работници и наставниците во обидите да го интегрираат филмското образование во нивните програми. Панел дискусијата ќе се обиде да укаже на овие проблеми, да ја истакне нивната важност и да започне дискусија за нив. Учесници на панел дискусијата ќе бидат Дамјана Патчева (виш филмолог во Кинотека на Македонија), Саша Станишиќ (режисер и координатор на „Филмска училница FIMAY“), Гордана Бабоска (Стручен соработник за образовна соработка во Гете-институт Скопје), Ана Опачиќ (директор на фестивалот БФФ), Ивана Маховска-Шикалеска (наставник во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид) и Емилија Ристановска (наставник во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје). Проектот филмЕД (filmED) е финансиран од програмата МЕДИА на Европската Унија.

The post Панел дискусија за филмска едукација во Охрид appeared first on Република.

]]>