Гете институт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gete-institut/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Mar 2023 12:35:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гете институт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gete-institut/ 32 32 Светска патувачка изложба за врвните истражувања во Германија доаѓа во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svetska-patuvachka-izlozhba-za-vrvnite-istrazhuvana-vo-germanija-doaga-vo-skopje/ Fri, 24 Mar 2023 12:35:41 +0000 https://republika.mk/?p=623215

Во организација на германскиот Гете Институт, во Скопје следниот месец ќе може да се види светската патувачка изложба за врвните истражувања во Германија.

„Вселена.Човек.Интелигенција.“ е интерактивна изложба за млади, којашто Гете Институтот во соработка со друштвото Макс Планк ја прикажува низ светот, а од 3 до 28 април ќе може да се посети во изложбениот простор на Културно информативен центар (КИЦ) во Скопје.

Изложбата обработува пет големи тематски области: Вселена, Историја на човештвото, Мозок, Антропоцен и Вештачка интелигенција. За секоја од наведените теми постои соодветна станица, на која посетителите на забавен начин и со интерактивни елементи може да дознаат повеќе за темите како што се, на пример, компјутерско преобразување (морфинг) на лице, прикажувања на растојанија во вселената со помош на атмосферска обвивка, инсталации со коишто може да се доживеат различни емоции преку влијанието на музиката или интеракцијата на роботите и слично.

Целта на изложбата е на сите заинтересирани за Германија и германскиот јазик да им се покаже дека истражувачката научна работа во Германија ужива висок статус и е важен дел од германската култура.

Влезот на изложбата ќе биде бесплатен.

The post Светска патувачка изложба за врвните истражувања во Германија доаѓа во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во организација на германскиот Гете Институт, во Скопје следниот месец ќе може да се види светската патувачка изложба за врвните истражувања во Германија. „Вселена.Човек.Интелигенција.“ е интерактивна изложба за млади, којашто Гете Институтот во соработка со друштвото Макс Планк ја прикажува низ светот, а од 3 до 28 април ќе може да се посети во изложбениот простор на Културно информативен центар (КИЦ) во Скопје. Изложбата обработува пет големи тематски области: Вселена, Историја на човештвото, Мозок, Антропоцен и Вештачка интелигенција. За секоја од наведените теми постои соодветна станица, на која посетителите на забавен начин и со интерактивни елементи може да дознаат повеќе за темите како што се, на пример, компјутерско преобразување (морфинг) на лице, прикажувања на растојанија во вселената со помош на атмосферска обвивка, инсталации со коишто може да се доживеат различни емоции преку влијанието на музиката или интеракцијата на роботите и слично. Целта на изложбата е на сите заинтересирани за Германија и германскиот јазик да им се покаже дека истражувачката научна работа во Германија ужива висок статус и е важен дел од германската култура. Влезот на изложбата ќе биде бесплатен.  

The post Светска патувачка изложба за врвните истражувања во Германија доаѓа во Скопје appeared first on Република.

]]>
Интервенцијата „Проѕирен човек“ им се обраќа на младите за да ја поттикне нивната медиумска и информациска писменост https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/intervencijata-prodziren-chovek-im-se-obrakja-na-mladite-za-da-ja-pottikne-nivnata-mediumska-i-informaciska-pismenost/ Thu, 27 Oct 2022 07:36:38 +0000 https://republika.mk/?p=566117

Речиси сите деца и млади луѓе на возраст од 6 до 18 години користат паметен телефон или таблет, што е речиси 98 проценти. Дигиталната студија на Пост Банк за млади покажа дека младите од 16 до 18 годишна возраст во 2021 година на неделно ниво биле онлајн 70.4 часа. Во 2020 година биле онлајн 71,5 часа, за разлика од 2019 кога биле само 58 часа онлајн.

Интервенцијата „Проѕирен човек“, поттикната од неизбежната нова реалност каде информациите на интернет се шират брзо и лесно има за цел да ги прикаже и добрите и лошите страни на интернетот. Интервенцијата што беше отворена е во организација на Гете институтот во Скопје во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија, Министерството за информатичко општество и администрација и граѓанската организација „Метаморфозис“.

„Проѕирниот човек“ е само метафора за сите податоци што ги оставаме на интернет за себе. Преку тие податоци што ги пишуваме лесно може да се дознае сѐ за нас и на таков начин стануваме проѕирни. Токму поради тоа се случува и таа интервенција, Гете институтите од Југоисточна Европа сакаат да им се обратат на младите и нивното опкружување со цел да ја поттикнат нивната медиумска и информациска писменост.

Настанот го отвори германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн.

Се создаваат паралелни универзуми, а во меѓувреме обемот на социјалните, политичките и културни влијанија на овие феномени го одредуваат секојдневието. Стратешката комуникација стана исклучително важен дел во нашата работа, младите се особено изложени на опасностите од социјалните медиуми бидејќи тие од една страна поминуваат многу време на интернет, а од друга страна сѐ уште не можат вистински да ги проценат ситуациите, вели Холштајн.

Информираше дека изложбата опфаќа теми како што се лажните вести, манипулација на интернет, наведувања и идеали за убавина, сајбер булинг и зависност од интернет.

Претставниците за образовна соработка од Гете институтот во Скопје, Фалк Шлајхер и Гордана Бабоска истакнаа дека целта на оваа интервенција е младите да добијат јасна слика за работите што им претстојат на интернет, но истовремено да ги вклучат и родителите со цел и тие да бидат дел од овој настан.

Сакавме на младите да им дадеме можност да станат свесни за работите што им претстојат на интернет. Исто така сакавме да понудиме настан и за родителите, за и тие сами да станат активни и затоа повикавме експерти и во соработка со нив, како и невладини организации ќе организираме еден разговор со експерти кадешто ќе можат да им дадат одговор на прашањата, вели Фалк Шлајхер.

Гордана Бабоска вели дека е факт оти младите поминуваат многу време на интернет, а таму ги демнеат многу опасности за кои и тие самите не се свесни во однос на сајбер булингот и другите предизвици.

Сакаме да им понудиме шанса да размислат за тоа да го рефлектираат нивното однесување и во случај да имаат некои предизвици да знаат како да ги решат. Меѓутоа исто така да размислат за позитивните страни, односно за дигиталната иднина во која живеат тие сега, но и ќе продолжат да живеат, додаде Бабоска.

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити порача дека е важно да бидат вклучени во овој процес и да помогнат во заштитата на младите лица и да ги едуцираат за тоа што е корисно, а што не.

Тоа што нѐ загрижува е пристапот на младите луѓе до интернетот и тоа што можат да бидат изложени на секакви ризици, вели Алити.

Младите секојдневно користат информации од интернет, без да размислат од кој извор се, дали се веродостојни или не. Целта на проектот е да се зголеми и подобри нивната медиумска писменост и да ги препознаат лажните информации и да се заштитат од нив.

Поголемиот дел од нашиот ден го поминуваме на нашите мобилни, таблети, компјутери, без разлика дали станува збор за разговор со нашите најблиски, разговор со нашето друштво, можеби пребарување и гледање видеа, едноставно барање информации за нашите најблиски или пак најобични информации на интернет, велат младите.

The post Интервенцијата „Проѕирен човек“ им се обраќа на младите за да ја поттикне нивната медиумска и информациска писменост appeared first on Република.

]]>

Речиси сите деца и млади луѓе на возраст од 6 до 18 години користат паметен телефон или таблет, што е речиси 98 проценти. Дигиталната студија на Пост Банк за млади покажа дека младите од 16 до 18 годишна возраст во 2021 година на неделно ниво биле онлајн 70.4 часа. Во 2020 година биле онлајн 71,5 часа, за разлика од 2019 кога биле само 58 часа онлајн. Интервенцијата „Проѕирен човек“, поттикната од неизбежната нова реалност каде информациите на интернет се шират брзо и лесно има за цел да ги прикаже и добрите и лошите страни на интернетот. Интервенцијата што беше отворена е во организација на Гете институтот во Скопје во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија, Министерството за информатичко општество и администрација и граѓанската организација „Метаморфозис“. „Проѕирниот човек“ е само метафора за сите податоци што ги оставаме на интернет за себе. Преку тие податоци што ги пишуваме лесно може да се дознае сѐ за нас и на таков начин стануваме проѕирни. Токму поради тоа се случува и таа интервенција, Гете институтите од Југоисточна Европа сакаат да им се обратат на младите и нивното опкружување со цел да ја поттикнат нивната медиумска и информациска писменост. Настанот го отвори германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн.
Се создаваат паралелни универзуми, а во меѓувреме обемот на социјалните, политичките и културни влијанија на овие феномени го одредуваат секојдневието. Стратешката комуникација стана исклучително важен дел во нашата работа, младите се особено изложени на опасностите од социјалните медиуми бидејќи тие од една страна поминуваат многу време на интернет, а од друга страна сѐ уште не можат вистински да ги проценат ситуациите, вели Холштајн.
Информираше дека изложбата опфаќа теми како што се лажните вести, манипулација на интернет, наведувања и идеали за убавина, сајбер булинг и зависност од интернет. Претставниците за образовна соработка од Гете институтот во Скопје, Фалк Шлајхер и Гордана Бабоска истакнаа дека целта на оваа интервенција е младите да добијат јасна слика за работите што им претстојат на интернет, но истовремено да ги вклучат и родителите со цел и тие да бидат дел од овој настан.
Сакавме на младите да им дадеме можност да станат свесни за работите што им претстојат на интернет. Исто така сакавме да понудиме настан и за родителите, за и тие сами да станат активни и затоа повикавме експерти и во соработка со нив, како и невладини организации ќе организираме еден разговор со експерти кадешто ќе можат да им дадат одговор на прашањата, вели Фалк Шлајхер.
Гордана Бабоска вели дека е факт оти младите поминуваат многу време на интернет, а таму ги демнеат многу опасности за кои и тие самите не се свесни во однос на сајбер булингот и другите предизвици.
Сакаме да им понудиме шанса да размислат за тоа да го рефлектираат нивното однесување и во случај да имаат некои предизвици да знаат како да ги решат. Меѓутоа исто така да размислат за позитивните страни, односно за дигиталната иднина во која живеат тие сега, но и ќе продолжат да живеат, додаде Бабоска.
Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити порача дека е важно да бидат вклучени во овој процес и да помогнат во заштитата на младите лица и да ги едуцираат за тоа што е корисно, а што не.
Тоа што нѐ загрижува е пристапот на младите луѓе до интернетот и тоа што можат да бидат изложени на секакви ризици, вели Алити.
Младите секојдневно користат информации од интернет, без да размислат од кој извор се, дали се веродостојни или не. Целта на проектот е да се зголеми и подобри нивната медиумска писменост и да ги препознаат лажните информации и да се заштитат од нив.
Поголемиот дел од нашиот ден го поминуваме на нашите мобилни, таблети, компјутери, без разлика дали станува збор за разговор со нашите најблиски, разговор со нашето друштво, можеби пребарување и гледање видеа, едноставно барање информации за нашите најблиски или пак најобични информации на интернет, велат младите.
 
The post Интервенцијата „Проѕирен човек“ им се обраќа на младите за да ја поттикне нивната медиумска и информациска писменост appeared first on Република.

]]>
„Кокон” на режисерката Леони Крипендорф-последен филм од серијата германски филмови на тема „солидарност” во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kokon-na-reziserkata-leoni-kripendorf-posleden-film-od-serijata-germanski-filmovi-na-tema-solidarnost-vo-kinoteka/ Thu, 26 May 2022 09:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=507182

Љубителите на германскиот јазик и култура ќе можт да уживаат во филмската вечер, организирана од Гете-институтот, на 31.05.2022.

Во Кинотека на Македонија со почеток во 20 часот ќе се прикажува шестиот и последен филм од серијата германски филмови на тема „солидарност" – „Кокон" на режисерката Леони Крипендорф.

Во мултикултурниот микрокосмос на нејзината населба во Берлин, 14-годишната Нора за повеќе работи го доживува својот прв пат. Таа добива менструација за прв пат, пуши марихуана, ја открива нејзината љубов кон другите девојки и ја запознава дивата Роми. Со неа, бучната област на Кројцберг одеднаш изгледа бескрајно голема и полна со скриена убавина. Во летната жештина таа се вљубува до уши во дивата Роми и учи да се залага за себе.

The post „Кокон” на режисерката Леони Крипендорф-последен филм од серијата германски филмови на тема „солидарност” во Кинотека appeared first on Република.

Гете-институт Скопје организира филмска вечер во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/gete-institut-skopje-organizira-filmska-vecher-vo-kinoteka/ Wed, 20 Apr 2022 08:25:59 +0000 https://republika.mk/?p=490950

Гете-институт Скопје организира филмска вечер на 20.04.2022, во 20 часот во Кинотека на Македонија на која ќе биде прикажан петтиот од серијата германски филмови на тема солидарност – „Внатрешната сигурност“ на режисерот Кристијан Пецолд.

Португалија, одморалиште на плажа. На адолесцентката Жана и приоѓа момче на нејзина возраст. Хајнрих зборува за неговите родители во Хамбург, кои купиле вила. Но, мајката извршила самоубиство, а потоа таткото ја напуштил куќата. Жана е резервирана, не зборува за себе, се враќа кај родителите. Семејството живее во подземјето од 1970-тите, ќерката не познава друг живот. Непосредно пред планираното патување во Јужна Америка, сите пари на семејството се украдени, тие набрзина ја напуштаат Португалија и се враќаат во Германија.
Но, времињата се сменија. Парите што некогаш биле закопани повеќе немаат вредност. Но, потребни им се пари. Еден пријател од минатото, кој сега е успешен адвокат, одбива да помогне. Друг ја продаде својата издавачка куќа, стана алкохоличар, сè уште има симпатии за старите пријатели. Не успеваат да дојдат до парите. Во меѓувреме семејството се преселило во празната куќа во Хамбург. Тоа е во близина на студентскиот дом во кој живее Хајнрих, кој всушност не ги ни познава своите родители. Жана почнува да се гледа со него, почнува да се вљубува, но ништо не открива за нејзините родители. Родителите ограбуваат банка при што застрелуваат банкарски службеник, таткото е повреден. Жана му кажува на момчето дека живеат во подземјето и признава за грабежот на банката. Хајнрих ја известува полицијата…

The post Гете-институт Скопје организира филмска вечер во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Гете-институт Скопје организира филмска вечер на 20.04.2022, во 20 часот во Кинотека на Македонија на која ќе биде прикажан петтиот од серијата германски филмови на тема солидарност – „Внатрешната сигурност“ на режисерот Кристијан Пецолд.

Португалија, одморалиште на плажа. На адолесцентката Жана и приоѓа момче на нејзина возраст. Хајнрих зборува за неговите родители во Хамбург, кои купиле вила. Но, мајката извршила самоубиство, а потоа таткото ја напуштил куќата. Жана е резервирана, не зборува за себе, се враќа кај родителите. Семејството живее во подземјето од 1970-тите, ќерката не познава друг живот. Непосредно пред планираното патување во Јужна Америка, сите пари на семејството се украдени, тие набрзина ја напуштаат Португалија и се враќаат во Германија. Но, времињата се сменија. Парите што некогаш биле закопани повеќе немаат вредност. Но, потребни им се пари. Еден пријател од минатото, кој сега е успешен адвокат, одбива да помогне. Друг ја продаде својата издавачка куќа, стана алкохоличар, сè уште има симпатии за старите пријатели. Не успеваат да дојдат до парите. Во меѓувреме семејството се преселило во празната куќа во Хамбург. Тоа е во близина на студентскиот дом во кој живее Хајнрих, кој всушност не ги ни познава своите родители. Жана почнува да се гледа со него, почнува да се вљубува, но ништо не открива за нејзините родители. Родителите ограбуваат банка при што застрелуваат банкарски службеник, таткото е повреден. Жана му кажува на момчето дека живеат во подземјето и признава за грабежот на банката. Хајнрих ја известува полицијата…

The post Гете-институт Скопје организира филмска вечер во Кинотека appeared first on Република.

]]>