Гешталт терапија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/geshtalt-terapija/ За подобро да се разбереме Sat, 04 Nov 2023 08:22:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гешталт терапија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/geshtalt-terapija/ 32 32 Конференција „Живата соба“ на Советувалиштето за хумана соработка – Гешталт тренинг институт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/konferentsija-zhivata-soba-na-sovetuvalishteto-za-humana-sorabotka-geshtalt-trening-institut/ Sat, 04 Nov 2023 08:22:36 +0000 https://republika.mk/?p=698025

Конференција „Живата соба“ ќе се одржи денеска и утре, во Сеавус едукативен и развоен центар (Акцелератор), во организација на Советувалиште за хумана соработка-Гешталт тренинг институт, по повод 25 години од неговото постоење.

Како што најавуваат организаторите, на настанот ќе има повеќе излагања, три работилници и промоција на книгата „Живата соба“ - коавторство на две психотерапевтки, Билјана Копрова, клинички психолог и основач на Гешталт центарот и Благица Ваниќ, Гешталт терапевт и супервизор, управител на Гешталт центарот и професор по клиничка пракса на Универзитетот Американ колеџ.

„Со што доаѓам на терапија?“ „Што носам во мојот куфер?“ „Колку труд, енергија и сила вложувам за да не го отворам?“, се прашања што го опфаќаат емоционалниот багаж што сите го носиме, често затворен и отпорен на ранливоста на отворањето. Настанот има за цел да даде сеопфатно разбирање за хипер-социјализираните општества на 21 век, каде што живееме во време во кое сè е роботизирано, а разликите едноставно не се толерираат. Овој настан е уникатна можност да слушнете повеќе за позадината на Гешталт терапијата. Ќе се зборува за тоа како да ја задржиме автентичноста во хипер-социјализираните општества, но и како да се навлезе подлабоко во сржта на терапевтскиот однос, наведуваат од Гешталт тренинг центарот.

The post Конференција „Живата соба“ на Советувалиштето за хумана соработка – Гешталт тренинг институт appeared first on Република.

]]>

Конференција „Живата соба“ ќе се одржи денеска и утре, во Сеавус едукативен и развоен центар (Акцелератор), во организација на Советувалиште за хумана соработка-Гешталт тренинг институт, по повод 25 години од неговото постоење. Како што најавуваат организаторите, на настанот ќе има повеќе излагања, три работилници и промоција на книгата „Живата соба“ - коавторство на две психотерапевтки, Билјана Копрова, клинички психолог и основач на Гешталт центарот и Благица Ваниќ, Гешталт терапевт и супервизор, управител на Гешталт центарот и професор по клиничка пракса на Универзитетот Американ колеџ.