Герт Вилдерс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gert-vilders/ За подобро да се разбереме Wed, 29 Nov 2023 13:51:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Герт Вилдерс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gert-vilders/ 32 32 Вилдерс: Формирање малцинска влада во Холандија е една од опциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vilders-formirane-maltsinska-vlada-vo-holandija-e-edna-od-optsiite/ Wed, 29 Nov 2023 13:51:13 +0000 https://republika.mk/?p=717593

Холандскиот политичар Герт Вилдерс, чија Партија на слободата (ПВВ) победи на неодамнешните избори, изјави дека формирањето малцинска влада е една од опциите што стојат пред него во договарањето на идната владејачка структура во земјата.

На денешната прес-конференција тој кажа дека ќе биде „силен, но и разумен“ во преговорите со потенцијалните партнери, пренесуваат британските медиуми.

Валдерс додаде дека би сакал да работи со Народната партија за слобода и демократија (ВВД) на премиерот во заминување Марк Руте, партијата на десниот центар Нов социјален договор (НСЦ) и конзервативното Движење Фармери-граѓани.

Меѓутоа, набрзо по завршувањето на изборите, досегашната владејачка партија ВВД соопшти дека нема да се приклучи на кабинетот предводен од Вилдерс, посочувајќи дека ќе го поддржи во формирањето влада.

Вилдерс, чија партија освои околу 24 отсто од гласовите, ќе мора да влезе во коалиција со најмалку уште две партии доколку сака да формира влада.

Лидерот на НУК, Питер Омзигт, посочи дека работата со Вилдерс ќе биде тешка, имајќи предвид дека елементите на програмата на ПВВ ги прекршуваат холандските уставни гаранции за слободата на вероисповед, соопштуваат британските медиуми.

Вилдерс денеска повтори дека е подготвен на компромиси за некои точки.

The post Вилдерс: Формирање малцинска влада во Холандија е една од опциите appeared first on Република.

]]>

Холандскиот политичар Герт Вилдерс, чија Партија на слободата (ПВВ) победи на неодамнешните избори, изјави дека формирањето малцинска влада е една од опциите што стојат пред него во договарањето на идната владејачка структура во земјата. На денешната прес-конференција тој кажа дека ќе биде „силен, но и разумен“ во преговорите со потенцијалните партнери, пренесуваат британските медиуми. Валдерс додаде дека би сакал да работи со Народната партија за слобода и демократија (ВВД) на премиерот во заминување Марк Руте, партијата на десниот центар Нов социјален договор (НСЦ) и конзервативното Движење Фармери-граѓани. Меѓутоа, набрзо по завршувањето на изборите, досегашната владејачка партија ВВД соопшти дека нема да се приклучи на кабинетот предводен од Вилдерс, посочувајќи дека ќе го поддржи во формирањето влада. Вилдерс, чија партија освои околу 24 отсто од гласовите, ќе мора да влезе во коалиција со најмалку уште две партии доколку сака да формира влада. Лидерот на НУК, Питер Омзигт, посочи дека работата со Вилдерс ќе биде тешка, имајќи предвид дека елементите на програмата на ПВВ ги прекршуваат холандските уставни гаранции за слободата на вероисповед, соопштуваат британските медиуми. Вилдерс денеска повтори дека е подготвен на компромиси за некои точки.

The post Вилдерс: Формирање малцинска влада во Холандија е една од опциите appeared first on Република.

]]>
Кој е Герт Вилдерс: Никој не го рецкаше два посто, а сега ќе ја составува холандската влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/koj-e-gert-vilders-nikoj-ne-go-retskashe-dva-posto-a-sega-ke-ja-sostavuva-holandskata-vlada/ Fri, 24 Nov 2023 07:47:30 +0000 https://republika.mk/?p=715698

Парламентарните избори во Холандија ја потресоа политичката сцена бидејќи победи антиисламскиот популист Герт Вилдерс. Во политиката е 25 години, а по победата изјави „дека го доживеал најсреќниот ден во животот и дека само една година претходно неговата победа ќе се нарече лудило“.

Тој порача дека „ќе се бори против мигрантското цунами“, но и дека ќе биде „премиер за сите“. Тој силно се противи на политиката на ЕУ, како и на нејзиното проширување.

Во Холандија секоја година влегуваат 220.000 бегалци, тоа не е малку, има доста либерални правила. Најголем дел од бегалците пристигнаа од Украина, што е општ случај во Европа. Овие полиберални левичари веруваат во овој мултикултурен контекст, додека овие десничари веруваат во единствен национален идентитет на Холандија, заснован на концептот на христијанска демократија.

The post Кој е Герт Вилдерс: Никој не го рецкаше два посто, а сега ќе ја составува холандската влада appeared first on Република.

]]>

Парламентарните избори во Холандија ја потресоа политичката сцена бидејќи победи антиисламскиот популист Герт Вилдерс. Во политиката е 25 години, а по победата изјави „дека го доживеал најсреќниот ден во животот и дека само една година претходно неговата победа ќе се нарече лудило“. Тој порача дека „ќе се бори против мигрантското цунами“, но и дека ќе биде „премиер за сите“. Тој силно се противи на политиката на ЕУ, како и на нејзиното проширување. Во Холандија секоја година влегуваат 220.000 бегалци, тоа не е малку, има доста либерални правила. Најголем дел од бегалците пристигнаа од Украина, што е општ случај во Европа. Овие полиберални левичари веруваат во овој мултикултурен контекст, додека овие десничари веруваат во единствен национален идентитет на Холандија, заснован на концептот на христијанска демократија.

The post Кој е Герт Вилдерс: Никој не го рецкаше два посто, а сега ќе ја составува холандската влада appeared first on Република.

]]>
Големиот победник на изборите во Холандија: Герт Вилдерс – холандскиот Доналд Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/golemiot-pobednik-na-izborite-vo-holandija-gert-vilders-holandskiot-donald-tramp/ Thu, 23 Nov 2023 07:49:00 +0000 https://republika.mk/?p=715344

Убедлива победа на вчерашните предвремени парламентарни избори во Холандија извојува националистичката и десно популистичка Партија на слободата (ПВВ), чиј лидер Вилдерс, честопати нарекуван и „холандски Доналд Трамп“, е познат по своите антиисламски, антиимигрантски и анти-ЕУ ставови.

Тој во својата 25-годишна политичка кариери патот до вчерашниот изборен резултат го градеше со популистичка реторика и нагласување на главните грижи на холандските гласачи, но и со нарекување на Мароканците „ѓубриња“, поради што му беше изречена и судска казна, како и со организирање на „конкурси“ за карикатури на пророкот Мухамед и со промовирање на својата „мисија за запирање на исламската инвазија на Западот“. Поради ваквите ставови во 2004 година доби закани по животот, поради што беше ставен под полициска заштита.

Сепак, во последните настапи во текот на кампањата, Вилдерс делумно ретерираше во своите позиции, изјавувајќи дека е подготвен да ги „замрзне“ своите ставови за Исламот со цел да учествува во Владата, бидејќи Холанѓаните имаат „поголеми проблеми од борбата против напливот на баратели на азил и имигранти“, како што се зголемените трошоците за живот, здравствената заштита и безбедноста.

Но, и покрај ублажената предизборна реторика на Вилдерс, Изборната програма на ПВВ го задржа неговиот остар антиимигрантски тон.

Во синоќешниот настап пред членовите и симпатизерите на ПВВ во Шевенинген по објавувањето на првичните изборни резултати, Вилдерс изјави дека победата на партијата на изборите и носи и „огромна одговорност“, како и дека другите партии сега не може повеќе да ја игнорираат откако освои 35 пратенички места.

- Гласачите порачаа: Доста ни е. Ќе се погрижиме Холанѓанецот повторно да биде на прво место. Холанѓанецот, исто така, има надеж дека ќе си ја поврати својата земја, истакна Вилдерс.

Според Вилдерс, ПВВ ќе се погрижи за враќање на Холандија на Холанѓаните и за ограничување на миграцијата.

- Ние ќе се погрижиме луѓето да добијат повеќе пари во паричниците. Повторно да има ред и безбедноста. Би сакал да им се заблагодарам на сите во Холандија за нивните поддршка, истакна Вилдерс.

Тој исто така се обрати до останатите партии порачувајќи име дека „мора да бараат договор“ и „да работат заедно“.

- Од оваа одлична позиција, ПВВ сака да соработува со други партии. Мора да излеземе со решенија, во рамките на Уставот, порача Вилдерс.

Вилдерс е роден во 1963 година во Венло, во близина на границата со Германија, во католичко семејство во доминантно протестантската Холандија. Интересно е што Вилдерс ја гради својата политичка кариера на антиимигрантска политика, а неговата мајка е половина Индонезијка, факт што тој ретко го спомнува.

Во политиката Вилдерс влегува во 1998 година како член на либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД), која ја напушта во 2006 година и ја формира ПВВ.

The post Големиот победник на изборите во Холандија: Герт Вилдерс – холандскиот Доналд Трамп appeared first on Република.

]]>

Убедлива победа на вчерашните предвремени парламентарни избори во Холандија извојува националистичката и десно популистичка Партија на слободата (ПВВ), чиј лидер Вилдерс, честопати нарекуван и „холандски Доналд Трамп“, е познат по своите антиисламски, антиимигрантски и анти-ЕУ ставови. Тој во својата 25-годишна политичка кариери патот до вчерашниот изборен резултат го градеше со популистичка реторика и нагласување на главните грижи на холандските гласачи, но и со нарекување на Мароканците „ѓубриња“, поради што му беше изречена и судска казна, како и со организирање на „конкурси“ за карикатури на пророкот Мухамед и со промовирање на својата „мисија за запирање на исламската инвазија на Западот“. Поради ваквите ставови во 2004 година доби закани по животот, поради што беше ставен под полициска заштита. Сепак, во последните настапи во текот на кампањата, Вилдерс делумно ретерираше во своите позиции, изјавувајќи дека е подготвен да ги „замрзне“ своите ставови за Исламот со цел да учествува во Владата, бидејќи Холанѓаните имаат „поголеми проблеми од борбата против напливот на баратели на азил и имигранти“, како што се зголемените трошоците за живот, здравствената заштита и безбедноста. Но, и покрај ублажената предизборна реторика на Вилдерс, Изборната програма на ПВВ го задржа неговиот остар антиимигрантски тон. Во синоќешниот настап пред членовите и симпатизерите на ПВВ во Шевенинген по објавувањето на првичните изборни резултати, Вилдерс изјави дека победата на партијата на изборите и носи и „огромна одговорност“, како и дека другите партии сега не може повеќе да ја игнорираат откако освои 35 пратенички места.
- Гласачите порачаа: Доста ни е. Ќе се погрижиме Холанѓанецот повторно да биде на прво место. Холанѓанецот, исто така, има надеж дека ќе си ја поврати својата земја, истакна Вилдерс.
Според Вилдерс, ПВВ ќе се погрижи за враќање на Холандија на Холанѓаните и за ограничување на миграцијата.
- Ние ќе се погрижиме луѓето да добијат повеќе пари во паричниците. Повторно да има ред и безбедноста. Би сакал да им се заблагодарам на сите во Холандија за нивните поддршка, истакна Вилдерс.
Тој исто така се обрати до останатите партии порачувајќи име дека „мора да бараат договор“ и „да работат заедно“.
- Од оваа одлична позиција, ПВВ сака да соработува со други партии. Мора да излеземе со решенија, во рамките на Уставот, порача Вилдерс.
Вилдерс е роден во 1963 година во Венло, во близина на границата со Германија, во католичко семејство во доминантно протестантската Холандија. Интересно е што Вилдерс ја гради својата политичка кариера на антиимигрантска политика, а неговата мајка е половина Индонезијка, факт што тој ретко го спомнува. Во политиката Вилдерс влегува во 1998 година како член на либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД), која ја напушта во 2006 година и ја формира ПВВ.

The post Големиот победник на изборите во Холандија: Герт Вилдерс – холандскиот Доналд Трамп appeared first on Република.

]]>