германско државјанство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/germansko-drzhavjanstvo/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jun 2024 05:53:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png германско државјанство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/germansko-drzhavjanstvo/ 32 32 Oд денес полесно добивање на германско државјанство https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/od-denes-polesno-dobivane-na-germansko-drzhavjanstvo/ Thu, 27 Jun 2024 06:30:50 +0000 https://republika.mk/?p=791144

Во Германија од денеска стапува на сила новиот закон со кој се олеснува стекнувањето германско државјанство, јави ДПА.

Реформата на законот за државјанство, која беше поттикната од германската владејачка трипартитна коалиција, му дава можност на лицето да стане германски државјанин, а во исто време да го задржи државјанството на земјата од која потекнува. Досега, зачувувањето на државјанството на земјата на потекло беше можно само за граѓаните од другите земји од Европската унија.

Според законските измени кои стапуваат на сила, луѓето кои ги исполнуваат сите други услови можат да аплицираат за германско државјанство по пет години престој во Германија. Досега условот беше осум години престој.

Децата кои се родени во Германија од родители странци ќе добијат германско државјанство доколку едниот родител легално престојувал на германска територија пет години.

Доколку барателот за државјанство покаже „посебни достигнувања во интеграцијата“, како што се особено добри перформанси на работа или училиште или покажува висок степен на социјална посветеност, тој може да добие државјанство по три години престој во Германија.

Освен тоа, на Германците кои сакаат да добијат државјанство на друга земја повеќе нема да им треба посебна дозвола од германските власти.

The post Oд денес полесно добивање на германско државјанство appeared first on Република.

]]>

Во Германија од денеска стапува на сила новиот закон со кој се олеснува стекнувањето германско државјанство, јави ДПА. Реформата на законот за државјанство, која беше поттикната од германската владејачка трипартитна коалиција, му дава можност на лицето да стане германски државјанин, а во исто време да го задржи државјанството на земјата од која потекнува. Досега, зачувувањето на државјанството на земјата на потекло беше можно само за граѓаните од другите земји од Европската унија. Според законските измени кои стапуваат на сила, луѓето кои ги исполнуваат сите други услови можат да аплицираат за германско државјанство по пет години престој во Германија. Досега условот беше осум години престој. Децата кои се родени во Германија од родители странци ќе добијат германско државјанство доколку едниот родител легално престојувал на германска територија пет години. Доколку барателот за државјанство покаже „посебни достигнувања во интеграцијата“, како што се особено добри перформанси на работа или училиште или покажува висок степен на социјална посветеност, тој може да добие државјанство по три години престој во Германија. Освен тоа, на Германците кои сакаат да добијат државјанство на друга земја повеќе нема да им треба посебна дозвола од германските власти.

The post Oд денес полесно добивање на германско државјанство appeared first on Република.

]]>
Кој не ги дели нашите вредности, не може да стане Германец: Нови услови за добивање германски пасош https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/koj-ne-gi-deli-nashite-vrednosti-ne-mozhe-da-stane-germanets-novi-uslovi-za-dobivane-germanski-pasosh/ Sun, 21 May 2023 09:02:05 +0000 https://republika.mk/?p=643162

Германската влада постигна договор за нов Закон за државјанство, со кој се олеснува процесот на натурализација.

Според одредбите на новиот закон, германски пасош никогаш нема да можат да добијат лица кои направиле кривично дело поврзано со антисемитизам, расизам и слични дела од омраза.

Дополнителен предуслов за остварување на правото за добивање германско државјанство ќе биде лицето да може да заработува доволно за своите и потребите на семејството, без исплата на социјална помош, иако ќе бидат можни исклучоци.

Кој ќе стане германски државјанин, ќе мора да се посвети на живот во нашето слободно и разнолико општество. Но, кој не ги дели нашите вредности, не може да стане Германец, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

Според новиот закон, се скратува траењето на минималниот престој за добивање германско државјанство од осум на пет години. Во случаите на успешна интеграција во германското општество, доволни ќе бидат и три години.

The post Кој не ги дели нашите вредности, не може да стане Германец: Нови услови за добивање германски пасош appeared first on Република.

]]>

Германската влада постигна договор за нов Закон за државјанство, со кој се олеснува процесот на натурализација. Според одредбите на новиот закон, германски пасош никогаш нема да можат да добијат лица кои направиле кривично дело поврзано со антисемитизам, расизам и слични дела од омраза. Дополнителен предуслов за остварување на правото за добивање германско државјанство ќе биде лицето да може да заработува доволно за своите и потребите на семејството, без исплата на социјална помош, иако ќе бидат можни исклучоци.
Кој ќе стане германски државјанин, ќе мора да се посвети на живот во нашето слободно и разнолико општество. Но, кој не ги дели нашите вредности, не може да стане Германец, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.
Според новиот закон, се скратува траењето на минималниот престој за добивање германско државјанство од осум на пет години. Во случаите на успешна интеграција во германското општество, доволни ќе бидат и три години.

The post Кој не ги дели нашите вредности, не може да стане Германец: Нови услови за добивање германски пасош appeared first on Република.

]]>