германски терк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/germanski-terk/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Aug 2024 07:30:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png германски терк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/germanski-terk/ 32 32 Концептот на дуално образование по германски терк ќе се уреди со новиот закон за стручно образование и обука https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kontseptot-na-dualno-obrazovanie-po-germanski-terk-ke-se-uredi-so-noviot-zakon-za-struchno-obrazovanie-i-obuka/ Wed, 21 Aug 2024 07:30:45 +0000 https://republika.mk/?p=808511

Воведувањето на концептот на дуалното образование по германски терк во Македонија е успешна приказна која продолжува да се развива. Ова е проект кој системски ќе се уреди со новиот Закон за стручно образование и обука кој е во изработка, а значително помогна за популаризација на средното стручно образование и зголемување на бројот на ученици во средните стручни училишта, но и за создавање на добро подготвени нови генерации кои полесно се вклучуваат на пазарот на трудот, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН).

Оваа тема била во фокусот на средбата помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и амбасадорката на  Германија во Скопје,  Петра Дрекслер, на која се разговараше и за можностите за проширување на успешната соработка во периодот што следи.

Постои голем интерес за продлабочување и проширување на соработката на нашата земја со Германија, особено и во областа на високото образование каде размислуваме и би можеле да го имплементираме концептот на учење преку работа по истиот принцип како во средното образование. А секако, од особена важност ни е да ги поврземе и нашите научно – истражувачки институции со тамошните, заради реализација на заеднички проекти и размена на искуства кои ќе придонесат за развојот на нашето општество во целина, рече министерката Јаневска.

Таа ја информираше амбасадорката Дрекслер за тековните активности кои Министерството за образование и наука ги спроведува во насока на унапредување на квалитетот на националниот образовен систем на сите нивоа, посочувајќи дека една од поважните капитални инвестиции е реконструкцијата на државните студентски домови која се реализира со поддршка од Германската развојна банка. На средбата се дискутираше и за наставата по германски јазик во македонските училишта, на чие унапредување и двете страни ќе бидат фокусирани во следниот период.

The post Концептот на дуално образование по германски терк ќе се уреди со новиот закон за стручно образование и обука appeared first on Република.

]]>

Воведувањето на концептот на дуалното образование по германски терк во Македонија е успешна приказна која продолжува да се развива. Ова е проект кој системски ќе се уреди со новиот Закон за стручно образование и обука кој е во изработка, а значително помогна за популаризација на средното стручно образование и зголемување на бројот на ученици во средните стручни училишта, но и за создавање на добро подготвени нови генерации кои полесно се вклучуваат на пазарот на трудот, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН). Оваа тема била во фокусот на средбата помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и амбасадорката на  Германија во Скопје,  Петра Дрекслер, на која се разговараше и за можностите за проширување на успешната соработка во периодот што следи.