германски претседател Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/germanski-pretsedatel/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Mar 2022 18:38:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png германски претседател Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/germanski-pretsedatel/ 32 32 Германскиот претседател и неговата сопруга се позитивни на Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskiot-pretsedatel-i-negovata-sopruga-se-pozitivni-na-kovid-19/ Tue, 22 Mar 2022 18:38:33 +0000 https://republika.mk/?p=476825

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер е позитивен на коронавирус, соопшти денеска кабинетот на шефот на државата, во момент кога стапката на нови инфекции во земјата е постојано висока.

Споругата на Штајнмаер, Елке Буденбендер, исто така, е позитивна на Ковид-19 и двајцата имаат благи симптоми и веднаш се изолирани.

Штајнмаер е претседател на Германија од 2017 година, а во февруари беше реизбран за втор петгодишен мандат, откако претходно двапати беше министер за надворешни работи во владата на канцеларката Ангела Меркел и шеф на кабинетот на нејзиниот претходник Герхард Шредер.

Германија моментално е во процес на отстранување на повеќето мерки за ограничување на борбата против коронавирусот и покрај постојаното зголемување на бројот на заразени.

Националниот центар за контрола на болести соопшти дека во изминатите 24 часа биле пријавени повеќе од 222.000 нови инфекции и 264 смртни случаи, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата достигна 127.193.

 

The post Германскиот претседател и неговата сопруга се позитивни на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер е позитивен на коронавирус, соопшти денеска кабинетот на шефот на државата, во момент кога стапката на нови инфекции во земјата е постојано висока. Споругата на Штајнмаер, Елке Буденбендер, исто така, е позитивна на Ковид-19 и двајцата имаат благи симптоми и веднаш се изолирани. Штајнмаер е претседател на Германија од 2017 година, а во февруари беше реизбран за втор петгодишен мандат, откако претходно двапати беше министер за надворешни работи во владата на канцеларката Ангела Меркел и шеф на кабинетот на нејзиниот претходник Герхард Шредер. Германија моментално е во процес на отстранување на повеќето мерки за ограничување на борбата против коронавирусот и покрај постојаното зголемување на бројот на заразени. Националниот центар за контрола на болести соопшти дека во изминатите 24 часа биле пријавени повеќе од 222.000 нови инфекции и 264 смртни случаи, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата достигна 127.193.  

The post Германскиот претседател и неговата сопруга се позитивни на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>