германски истражители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/germanski-istraziteli/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Aug 2023 05:58:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png германски истражители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/germanski-istraziteli/ 32 32 Сведочењето на германските експерти било отфрлено како „беспредметно“ од Обвинителството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/svedocheneto-na-germanskite-eksperti-bilo-otfrleno-kako-bespredmetno-od-obvinitelstvoto/ Fri, 18 Aug 2023 05:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=673176

Обвинителите барале тетовскиот суд да ги отфрли германските вештаци за сведоци со образложение дека германското вештачење било „беспредметно“ за овој случај. Тие самите го завеле вештачењето како доказ, без да образложат за што е доказ, а потоа бараат за истото да не се расправа. На аудио снимката од судското рочиштe обвинителите Зорица Павловиќ и Дејан Петрески од скопското обвинителство го отфрлаат барањето за расправа и сведочењето на германскиот експерт и ја набедуваат одбраната дека целта им е само да се одолговлечи судскиот процес.

Во меѓувреме, од Републичкото јавно обвинителство во јавен демант до ИРЛ, како реакција на на истражувачкиот документарен филм „Убиство во Тетово” , тврди дека новинарите лажат дека германското вештачење не било предложено како доказ во постапката и дека германското вештачење практично потврдило кој е виновен за несреќата, алудирајќи на спојот од кабелот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-se-oglasi-po-dokumentaretsot-na-irl-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/

Но, во аудиозапис од рочиштетото на кое се дискутираше дали германското вештачење да биде прифатено како доказ, кое се одржа на 2 март 2023 во Тетово, се слуша дека кога адвокатите на одбраната бараат во судницата да се повика форензичарот од германската полиција кој го извршил увидот и го изготвил вештачењето доставено од македонските истражни органи, Oбвинителството не се согласува.

Наодите на форензичарите од германската полиција не се презентираа ниту во судската постапка. А, всушност тоа е едно од клучните вештачења, покрај она на електровештакот, кое што ги посочува причинско – последичните врски на пожарот и неговото брзо ширење.

Целото аудио тука

The post Сведочењето на германските експерти било отфрлено како „беспредметно“ од Обвинителството appeared first on Република.

]]>

Обвинителите барале тетовскиот суд да ги отфрли германските вештаци за сведоци со образложение дека германското вештачење било „беспредметно“ за овој случај. Тие самите го завеле вештачењето како доказ, без да образложат за што е доказ, а потоа бараат за истото да не се расправа. На аудио снимката од судското рочиштe обвинителите Зорица Павловиќ и Дејан Петрески од скопското обвинителство го отфрлаат барањето за расправа и сведочењето на германскиот експерт и ја набедуваат одбраната дека целта им е само да се одолговлечи судскиот процес. Во меѓувреме, од Републичкото јавно обвинителство во јавен демант до ИРЛ, како реакција на на истражувачкиот документарен филм „Убиство во Тетово” , тврди дека новинарите лажат дека германското вештачење не било предложено како доказ во постапката и дека германското вештачење практично потврдило кој е виновен за несреќата, алудирајќи на спојот од кабелот. https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-se-oglasi-po-dokumentaretsot-na-irl-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/ Но, во аудиозапис од рочиштетото на кое се дискутираше дали германското вештачење да биде прифатено како доказ, кое се одржа на 2 март 2023 во Тетово, се слуша дека кога адвокатите на одбраната бараат во судницата да се повика форензичарот од германската полиција кој го извршил увидот и го изготвил вештачењето доставено од македонските истражни органи, Oбвинителството не се согласува. Наодите на форензичарите од германската полиција не се презентираа ниту во судската постапка. А, всушност тоа е едно од клучните вештачења, покрај она на електровештакот, кое што ги посочува причинско – последичните врски на пожарот и неговото брзо ширење. Целото аудио тука

The post Сведочењето на германските експерти било отфрлено како „беспредметно“ од Обвинителството appeared first on Република.

]]>
Стигнал во саботата, а дури денеска е даден на превод: Германскиот извештај за модуларната болница во Тетово е напишан на седум страници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-chetiri-meseci-stigna-izveshtajot-na-germanskite-eksperti-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo/ Mon, 17 Jan 2022 15:01:54 +0000 https://republika.mk/?p=445958

Извештајот за пожарот во модуларната болница во Тетово на експертскиот тим од Германија, По цели четири месеци конечно е во рацете на тетовските обвинители.

Деталите од вештачењето ќе се знаат откако ќе се изврши превод, затоа што е на германски јазик, по што ќе се анализира и ќе се донесе одлука, велат од Основното јавно обвинителство.

Извештајот од германските истражители до основното јавно обвинителство - Тетово пристигна во петок. Денеска е издадена наредба да се преведе од германски на македонски јазик, на судски преведувач со лиценца. Обемот на вештачењето е околу седум страни, при што е побарано внимателно да се преведе, затоа што има форензичка терминологија. Потоа тимот од петмина обвинители треба да донесе одлука - соопштуваат од тетовското јавно обвинителство.

За потребите на истрагата беа сослушани сведоците на настанот, како и одговорните лица во болницата.

На почетокот на октомври минатата година беше објавено дека според вештачењето на МВР пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор, односно апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, а беа направени и вештачења на Технолошкиот факултет и од електроинженер.

Пожарот, во кој живи изгореа 14 луѓе се случи вечерта на 8 септември 2021 година. На видеото од безбедносните камери се гледа како пациенти се спасуваат преку прозори, а објектот е цел во пламен, за само три минути.

The post Стигнал во саботата, а дури денеска е даден на превод: Германскиот извештај за модуларната болница во Тетово е напишан на седум страници appeared first on Република.

]]>

Извештајот за пожарот во модуларната болница во Тетово на експертскиот тим од Германија, По цели четири месеци конечно е во рацете на тетовските обвинители. Деталите од вештачењето ќе се знаат откако ќе се изврши превод, затоа што е на германски јазик, по што ќе се анализира и ќе се донесе одлука, велат од Основното јавно обвинителство.
Извештајот од германските истражители до основното јавно обвинителство - Тетово пристигна во петок. Денеска е издадена наредба да се преведе од германски на македонски јазик, на судски преведувач со лиценца. Обемот на вештачењето е околу седум страни, при што е побарано внимателно да се преведе, затоа што има форензичка терминологија. Потоа тимот од петмина обвинители треба да донесе одлука - соопштуваат од тетовското јавно обвинителство.
За потребите на истрагата беа сослушани сведоците на настанот, како и одговорните лица во болницата. На почетокот на октомври минатата година беше објавено дека според вештачењето на МВР пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор, односно апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, а беа направени и вештачења на Технолошкиот факултет и од електроинженер. Пожарот, во кој живи изгореа 14 луѓе се случи вечерта на 8 септември 2021 година. На видеото од безбедносните камери се гледа како пациенти се спасуваат преку прозори, а објектот е цел во пламен, за само три минути.

The post Стигнал во саботата, а дури денеска е даден на превод: Германскиот извештај за модуларната болница во Тетово е напишан на седум страници appeared first on Република.

]]>