германски експерти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/germanski-eksperti/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Aug 2023 09:41:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png германски експерти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/germanski-eksperti/ 32 32 За ЈО аудио снимката од судењето за тетовската болница е злоупотреба на процесот, за неоснована лична и институционална дискредитација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-jo-audio-snimkata-od-sudeneto-za-tetovskata-bolnitsa-e-zloupotreba-na-protsesot-za-neosnovana-lichna-i-institutsionalna-diskreditatsija/ Fri, 18 Aug 2023 09:41:36 +0000 https://republika.mk/?p=673280

Јавното обвинителство денеска преку соопштение се заблагодарува на новинарите на ИРЛ што, како што стои, ја направија достапна за пошироката јавност аудио снимката која најдобро покажува дека е лажен нивниот став дека обвинителството ја прикрило експертизата од германските стручни лица, врз кој став натаму ги темелат и другите лажни информации за пожарот во модуларната болница.

https://republika.mk/vesti/makedonija/svedocheneto-na-germanskite-eksperti-bilo-otfrleno-kako-bespredmetno-od-obvinitelstvoto/

Снимката, се посочува во соопштението, недвосмислено потврдува дека за обвинителството вештиот наод од германските криминалисти бил важен доказ кој обвинителите го предложиле и го извеле во постапката пред судот.

Во текот на главната расправа, одбраната даде предлог, покрај писменото вештачење, лично да се сослуша и вештото лице од Германија кое го изготвило писмениот наод – доказ во постапката. По тој предлог на обвинетите се произнел и јавниот обвинител. Вештачењето на германските експерти беше изготвено по замолница од Јавното обвинителство, кое го предложи и го изведе како писмен доказ. Потврда за ова се и завршните зборови на јавниот обвинител во кои тој својот случај го темели и на ова вештачење во корелација со сите други прибавени докази во постапката, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Доколку кај новинарите на ИРЛ постои макар и најмал интерес да објават вистина за постапувањето на Јавното обвинителство во овој процес, потенцираат, тимот на јавни обвинители кои работеа на предметот и претходно им стоеше, а и сега им стои на располагање за разјаснување на сите правни прашања или дилеми за текот на кривичната постапка.

Во спротивно, Јавното обвинителство уште еднаш апелира итно да престане злоупотребата на овој процес за неоснована лична и институционална дискредитација. Потсетуваме дека во тек е жалбена постапка и уште еден отворен предмет кои можат да претрпат сериозна штета од неодговорно новинарско известување и од манипулацијата со сочувствата на јавноста со огромната трагедија, се подвлекува во соопштението од Јавното обвинителство.

The post За ЈО аудио снимката од судењето за тетовската болница е злоупотреба на процесот, за неоснована лична и институционална дискредитација appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство денеска преку соопштение се заблагодарува на новинарите на ИРЛ што, како што стои, ја направија достапна за пошироката јавност аудио снимката која најдобро покажува дека е лажен нивниот став дека обвинителството ја прикрило експертизата од германските стручни лица, врз кој став натаму ги темелат и другите лажни информации за пожарот во модуларната болница. https://republika.mk/vesti/makedonija/svedocheneto-na-germanskite-eksperti-bilo-otfrleno-kako-bespredmetno-od-obvinitelstvoto/ Снимката, се посочува во соопштението, недвосмислено потврдува дека за обвинителството вештиот наод од германските криминалисти бил важен доказ кој обвинителите го предложиле и го извеле во постапката пред судот.
Во текот на главната расправа, одбраната даде предлог, покрај писменото вештачење, лично да се сослуша и вештото лице од Германија кое го изготвило писмениот наод – доказ во постапката. По тој предлог на обвинетите се произнел и јавниот обвинител. Вештачењето на германските експерти беше изготвено по замолница од Јавното обвинителство, кое го предложи и го изведе како писмен доказ. Потврда за ова се и завршните зборови на јавниот обвинител во кои тој својот случај го темели и на ова вештачење во корелација со сите други прибавени докази во постапката, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Доколку кај новинарите на ИРЛ постои макар и најмал интерес да објават вистина за постапувањето на Јавното обвинителство во овој процес, потенцираат, тимот на јавни обвинители кои работеа на предметот и претходно им стоеше, а и сега им стои на располагање за разјаснување на сите правни прашања или дилеми за текот на кривичната постапка.
Во спротивно, Јавното обвинителство уште еднаш апелира итно да престане злоупотребата на овој процес за неоснована лична и институционална дискредитација. Потсетуваме дека во тек е жалбена постапка и уште еден отворен предмет кои можат да претрпат сериозна штета од неодговорно новинарско известување и од манипулацијата со сочувствата на јавноста со огромната трагедија, се подвлекува во соопштението од Јавното обвинителство.

The post За ЈО аудио снимката од судењето за тетовската болница е злоупотреба на процесот, за неоснована лична и институционална дискредитација appeared first on Република.

]]>
Димитров: Јовески и тимот должат многу одговори и итно соочување со јавноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-joveski-i-timot-dolzhat-mnogu-odgovori-i-itno-soochuvane-so-javnosta/ Fri, 18 Aug 2023 05:56:55 +0000 https://republika.mk/?p=673177

Наместо да пишуваат деманти, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и неговиот тим должат итно соочување со јавноста, бара поранешниот министер Никола Димитров, по објавувањето на аудиозаписите од рочиштето за пожарот во модуларната болница, во кои се гледа дека Обвинителството како „беспредметно“ го отфрла вештачењето за несреќата на германските експерти.

https://republika.mk/vesti/makedonija/svedocheneto-na-germanskite-eksperti-bilo-otfrleno-kako-bespredmeten-od-obvinitelstvoto/

Распитот на германските форензичари, претставени и поздравени како гарант јавноста да не се сомнева во истрагата за причините за ужасот во Тетово бил „беспредметен” за обвинението?
Јовески и тимот должат многу одговори. Наместо да пишуваат деманти должат итно соочување со јавноста. За почеток…, реагира Димитров.

The post Димитров: Јовески и тимот должат многу одговори и итно соочување со јавноста appeared first on Република.

]]>

Наместо да пишуваат деманти, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и неговиот тим должат итно соочување со јавноста, бара поранешниот министер Никола Димитров, по објавувањето на аудиозаписите од рочиштето за пожарот во модуларната болница, во кои се гледа дека Обвинителството како „беспредметно“ го отфрла вештачењето за несреќата на германските експерти. https://republika.mk/vesti/makedonija/svedocheneto-na-germanskite-eksperti-bilo-otfrleno-kako-bespredmeten-od-obvinitelstvoto/
Распитот на германските форензичари, претставени и поздравени како гарант јавноста да не се сомнева во истрагата за причините за ужасот во Тетово бил „беспредметен” за обвинението? Јовески и тимот должат многу одговори. Наместо да пишуваат деманти должат итно соочување со јавноста. За почеток…, реагира Димитров.

The post Димитров: Јовески и тимот должат многу одговори и итно соочување со јавноста appeared first on Република.

]]>
Сведочењето на германските експерти било отфрлено како „беспредметно“ од Обвинителството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/svedocheneto-na-germanskite-eksperti-bilo-otfrleno-kako-bespredmetno-od-obvinitelstvoto/ Fri, 18 Aug 2023 05:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=673176

Обвинителите барале тетовскиот суд да ги отфрли германските вештаци за сведоци со образложение дека германското вештачење било „беспредметно“ за овој случај. Тие самите го завеле вештачењето како доказ, без да образложат за што е доказ, а потоа бараат за истото да не се расправа. На аудио снимката од судското рочиштe обвинителите Зорица Павловиќ и Дејан Петрески од скопското обвинителство го отфрлаат барањето за расправа и сведочењето на германскиот експерт и ја набедуваат одбраната дека целта им е само да се одолговлечи судскиот процес.

Во меѓувреме, од Републичкото јавно обвинителство во јавен демант до ИРЛ, како реакција на на истражувачкиот документарен филм „Убиство во Тетово” , тврди дека новинарите лажат дека германското вештачење не било предложено како доказ во постапката и дека германското вештачење практично потврдило кој е виновен за несреќата, алудирајќи на спојот од кабелот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-se-oglasi-po-dokumentaretsot-na-irl-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/

Но, во аудиозапис од рочиштетото на кое се дискутираше дали германското вештачење да биде прифатено како доказ, кое се одржа на 2 март 2023 во Тетово, се слуша дека кога адвокатите на одбраната бараат во судницата да се повика форензичарот од германската полиција кој го извршил увидот и го изготвил вештачењето доставено од македонските истражни органи, Oбвинителството не се согласува.

Наодите на форензичарите од германската полиција не се презентираа ниту во судската постапка. А, всушност тоа е едно од клучните вештачења, покрај она на електровештакот, кое што ги посочува причинско – последичните врски на пожарот и неговото брзо ширење.

Целото аудио тука

The post Сведочењето на германските експерти било отфрлено како „беспредметно“ од Обвинителството appeared first on Република.

]]>

Обвинителите барале тетовскиот суд да ги отфрли германските вештаци за сведоци со образложение дека германското вештачење било „беспредметно“ за овој случај. Тие самите го завеле вештачењето како доказ, без да образложат за што е доказ, а потоа бараат за истото да не се расправа. На аудио снимката од судското рочиштe обвинителите Зорица Павловиќ и Дејан Петрески од скопското обвинителство го отфрлаат барањето за расправа и сведочењето на германскиот експерт и ја набедуваат одбраната дека целта им е само да се одолговлечи судскиот процес. Во меѓувреме, од Републичкото јавно обвинителство во јавен демант до ИРЛ, како реакција на на истражувачкиот документарен филм „Убиство во Тетово” , тврди дека новинарите лажат дека германското вештачење не било предложено како доказ во постапката и дека германското вештачење практично потврдило кој е виновен за несреќата, алудирајќи на спојот од кабелот. https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-se-oglasi-po-dokumentaretsot-na-irl-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/ Но, во аудиозапис од рочиштетото на кое се дискутираше дали германското вештачење да биде прифатено како доказ, кое се одржа на 2 март 2023 во Тетово, се слуша дека кога адвокатите на одбраната бараат во судницата да се повика форензичарот од германската полиција кој го извршил увидот и го изготвил вештачењето доставено од македонските истражни органи, Oбвинителството не се согласува. Наодите на форензичарите од германската полиција не се презентираа ниту во судската постапка. А, всушност тоа е едно од клучните вештачења, покрај она на електровештакот, кое што ги посочува причинско – последичните врски на пожарот и неговото брзо ширење. Целото аудио тука

The post Сведочењето на германските експерти било отфрлено како „беспредметно“ од Обвинителството appeared first on Република.

]]>
ОЈО уште не знае дали некој кривично ќе одговара зa пожарот, изгорената барака уште стои на истото место https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ojo-ushte-ne-znae-dali-nekoj-krivichno-kje-odgovara-za-pozarot-izgorenata-baraka-ushte-stoi-na-istoto-mesto/ Wed, 26 Jan 2022 10:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=449657

Дали ќе има кривична одговорност против некој за 14 загубени животи во тетовската модуларна болница, обвинителите сеуште не знаат. Од тетовското обвинителство за ТВ 24 велат мораат детално да го прочешлаат извештајот од германските експерти, бидејќи од еден збор може да произлезат нови правци. Станува збор за извештај од околу 7 страни, а во моментов го анализираат 5 обвинители. Отаму велат дека секојдневно работат на овој случај, но кога ќе има епилог не можат да предвидат.

Од Јавното обвинителство пак за ТВ 24 велат дека мора да завршат сите анализи за да се донесе одлука дали некој кривично ќе одговара.

Во овој момент не може да се каќе дали ќе има обвинение против некој, ќе се знае откако ќе се анализираат сите докази и извештаи. Очекуваме тоа да биде во брзо време, односно во наредните три недели, велат од ОЈО.

Модуларната болница пак во руина. Изгорена до темел, само со остатоци од некогашниот простор каде се лекуваа пациенти од коронавирусот. Непријатна слика која потсетува на големата трагедија на 8ми септември, велат тетовци. Од тетовското обвинителство велат дека тој простор повеќе не им е потребен за прибирање докази, па директорот на болницата треба да одлучи што ќе прави со него.

Директорот Амир Елези, за ТВ 24 вели сеуште не знаат кога ќе го отстранат изгорениот објект, бидејќи треба да се одлучи со Управниот одбор на болницата.

The post ОЈО уште не знае дали некој кривично ќе одговара зa пожарот, изгорената барака уште стои на истото место appeared first on Република.

]]>

Дали ќе има кривична одговорност против некој за 14 загубени животи во тетовската модуларна болница, обвинителите сеуште не знаат. Од тетовското обвинителство за ТВ 24 велат мораат детално да го прочешлаат извештајот од германските експерти, бидејќи од еден збор може да произлезат нови правци. Станува збор за извештај од околу 7 страни, а во моментов го анализираат 5 обвинители. Отаму велат дека секојдневно работат на овој случај, но кога ќе има епилог не можат да предвидат. Од Јавното обвинителство пак за ТВ 24 велат дека мора да завршат сите анализи за да се донесе одлука дали некој кривично ќе одговара.
Во овој момент не може да се каќе дали ќе има обвинение против некој, ќе се знае откако ќе се анализираат сите докази и извештаи. Очекуваме тоа да биде во брзо време, односно во наредните три недели, велат од ОЈО.
Модуларната болница пак во руина. Изгорена до темел, само со остатоци од некогашниот простор каде се лекуваа пациенти од коронавирусот. Непријатна слика која потсетува на големата трагедија на 8ми септември, велат тетовци. Од тетовското обвинителство велат дека тој простор повеќе не им е потребен за прибирање докази, па директорот на болницата треба да одлучи што ќе прави со него. Директорот Амир Елези, за ТВ 24 вели сеуште не знаат кога ќе го отстранат изгорениот објект, бидејќи треба да се одлучи со Управниот одбор на болницата.

The post ОЈО уште не знае дали некој кривично ќе одговара зa пожарот, изгорената барака уште стои на истото место appeared first on Република.

]]>
Конечно е преведен извештајот од германските експерти, сега Обвинителство ќе почне со разгледување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/konechno-e-preveden-izveshtajot-od-germanskite-eksperti-sega-obvinitelstvo-kje-pochne-so-razgleduvanje/ Mon, 24 Jan 2022 13:10:14 +0000 https://republika.mk/?p=448774

Основното јавно обвинителство го доби преведениот извештајот од истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница направен од експертите и истражителите од Сојузната криминалистичка полиција од Германија, информираат од Јавното Обвинителство. Сега петте обвинители кои работат на предметот отворен поради пожарот во тетовската модуларна болница започнаа да го разгледуваат извештајот со цел да утврдат дали и што ќе се преземе во насока на понатамошна постапка.

Извештајот од германските експерти е преведен и доставен до Основното јавно обвинителство Тетово. Надлежните обвинители го разгледуваат, а наводите ќе бидат споредени со другите прибрани докази во предметот. Во предметот обвинителството постапува ажурно и темелно со цел во детали да се утврдат сите факти за несреќата. Во зависност од тоа што ќе биде утврдено, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошното постапување во предметот, информираат од Служба за односи со јавноста при ЈОРМ.

По пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 при што животите ги загубија 14 луѓе, во истрагата во текот на истиот месец учествуваа и експерти и истражители од Сојузната криминалистичка полиција од Германија. Нивниот извештај од седум страници до ОЈО Тетово стигнал на 14 јануари, а бидејќи беше на германски јазик, досега се чекаше негов соодветен превод.

Обвинителството во октомври 2021 објави дека според вештачењето на МВР пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

The post Конечно е преведен извештајот од германските експерти, сега Обвинителство ќе почне со разгледување appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство го доби преведениот извештајот од истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница направен од експертите и истражителите од Сојузната криминалистичка полиција од Германија, информираат од Јавното Обвинителство. Сега петте обвинители кои работат на предметот отворен поради пожарот во тетовската модуларна болница започнаа да го разгледуваат извештајот со цел да утврдат дали и што ќе се преземе во насока на понатамошна постапка.
Извештајот од германските експерти е преведен и доставен до Основното јавно обвинителство Тетово. Надлежните обвинители го разгледуваат, а наводите ќе бидат споредени со другите прибрани докази во предметот. Во предметот обвинителството постапува ажурно и темелно со цел во детали да се утврдат сите факти за несреќата. Во зависност од тоа што ќе биде утврдено, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошното постапување во предметот, информираат од Служба за односи со јавноста при ЈОРМ.
По пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 при што животите ги загубија 14 луѓе, во истрагата во текот на истиот месец учествуваа и експерти и истражители од Сојузната криминалистичка полиција од Германија. Нивниот извештај од седум страници до ОЈО Тетово стигнал на 14 јануари, а бидејќи беше на германски јазик, досега се чекаше негов соодветен превод. Обвинителството во октомври 2021 објави дека според вештачењето на МВР пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

The post Конечно е преведен извештајот од германските експерти, сега Обвинителство ќе почне со разгледување appeared first on Република.

]]>