германска војска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/germanska-vojska/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jun 2024 05:42:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png германска војска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/germanska-vojska/ 32 32 И Германија ќе го враќа задолжителното служење војска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/i-germanija-ke-go-vraka-zadolzhitelnoto-sluzhene-vojska/ Wed, 12 Jun 2024 05:42:48 +0000 https://republika.mk/?p=786767

 Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска се очекува да ги претстави своите планови за нов модел на воена служба, јави ДПА.

По брифирањето на собраниската комисија за одбрана, тој планира попладнево на прес-конференција да ги изнесе своите предлози. Писториус рече дека поддржува некаква форма на регрутирање, барем до одреден степен - контроверзно прашање во Германија.

Задолжителната воена служба во Германија практично беше укината во 2011 година, иако германскиот закон содржи правила според кои луѓето можат да бидат регрутирани во случај на војна или други видови тензии.

Лан бројот на војници се намали на 181.500 и покрај напорите да се регрутираат доброволци.

Министерот за одбрана Писториус нареди анализа на различни модели на регрутирање во вооружените сили. Тој во парламентот рече дека Германија не може да се потпре само на доброволци.

The post И Германија ќе го враќа задолжителното служење војска appeared first on Република.

]]>

 Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска се очекува да ги претстави своите планови за нов модел на воена служба, јави ДПА. По брифирањето на собраниската комисија за одбрана, тој планира попладнево на прес-конференција да ги изнесе своите предлози. Писториус рече дека поддржува некаква форма на регрутирање, барем до одреден степен - контроверзно прашање во Германија. Задолжителната воена служба во Германија практично беше укината во 2011 година, иако германскиот закон содржи правила според кои луѓето можат да бидат регрутирани во случај на војна или други видови тензии. Лан бројот на војници се намали на 181.500 и покрај напорите да се регрутираат доброволци. Министерот за одбрана Писториус нареди анализа на различни модели на регрутирање во вооружените сили. Тој во парламентот рече дека Германија не може да се потпре само на доброволци.

The post И Германија ќе го враќа задолжителното служење војска appeared first on Република.

]]>
Сѐ помалку Германци сакаат да служат војска https://arhiva3.republika.mk/vesti/s-pomalku-germantsi-sakaat-da-sluzhat-vojska/ Fri, 02 Feb 2024 21:37:51 +0000 https://republika.mk/?p=739906

Бројот на германски војници е намален на 181.500, и покрај големите владини напори да го зголеми нивниот број, објави денеска Министерството за одбрана. Тоа значи дека на крајот на минатата година, во Бундесверот имало околу 1.500 помалку професионални војници и доброволци кои служеле воен рок од една година претходно. На крајот на 2022 година биле 183.050.

Примарна цел на армијата останува одржливо јакнење на подготвеноста на нејзиниот персонал, изјави портпаролката на министерството.
„Потребни ни се квалификувани и оперативно подготвени мажи и жени кои ќе бидат доволни за задачите и мисиите што се пред нас“, рече таа.

Германската цел е до 2031 година да го зголеми бројот на војници на 203.000.

Поради падот на бројот на војници, неодамна се разговараше за повторно воведување на задолжителен воен рок или за регрутирање војници кои не се германски државјани.

Во Германија, во 2011 година, по 55 години, задолжителниот воен рок беше суспендиран, но не и укинат.

The post Сѐ помалку Германци сакаат да служат војска appeared first on Република.

]]>

Бројот на германски војници е намален на 181.500, и покрај големите владини напори да го зголеми нивниот број, објави денеска Министерството за одбрана. Тоа значи дека на крајот на минатата година, во Бундесверот имало околу 1.500 помалку професионални војници и доброволци кои служеле воен рок од една година претходно. На крајот на 2022 година биле 183.050. Примарна цел на армијата останува одржливо јакнење на подготвеноста на нејзиниот персонал, изјави портпаролката на министерството. „Потребни ни се квалификувани и оперативно подготвени мажи и жени кои ќе бидат доволни за задачите и мисиите што се пред нас“, рече таа. Германската цел е до 2031 година да го зголеми бројот на војници на 203.000. Поради падот на бројот на војници, неодамна се разговараше за повторно воведување на задолжителен воен рок или за регрутирање војници кои не се германски државјани. Во Германија, во 2011 година, по 55 години, задолжителниот воен рок беше суспендиран, но не и укинат.

The post Сѐ помалку Германци сакаат да служат војска appeared first on Република.

]]>