германска резолуција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/germanska-rezolutsija/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Jun 2023 09:25:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png германска резолуција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/germanska-rezolutsija/ 32 32 Термините „северномакедонски“ и „Северномакедонец“ што ги користат некои германски пратеници се навредливи за Македонците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/terminite-severnomakedonski-i-severnomakedonets-shto-gi-koristat-nekoi-germanski-pratenitsi-se-navredlivi-za-makedontsite/ Mon, 26 Jun 2023 09:25:01 +0000 https://republika.mk/?p=655202

Совет на Македонците во Германија го потсетува Бундестагот дека термините “северномакедонски” и “Северномакедонец” се навредливи за Македонците.

Оттаму велат дека се благодарни за активната поддршка на Владата на Сојузна Република Германија за нејзината силна поддршка кон македонскиот народ на неговиот пат кон Европската Унија.

Идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ се од големо значење и сакаме да ги охрабриме сите пратеници во Бундестагот да се воздржат од употребата на термините “северномакедонски” и “Северномакедонец”.

Со загриженост забележавме дека пратеникот Маркус Фронмајер продолжуваше да ги користи овие презирливи термини во својот говор, без никаква реакција од неговите колеги.

Со искрена надеж, се надеваме дека пратениците ќе се сложат и ќе ги избегнуваат таквите неприкладни термини и активно ќе се спротивставуваат на нивната употреба, со цел почитливо да се однесуваат кон македонскиот народ и неговиот идентитет, јазик и култура. Како што беше истакнато во говорите, Македонците се дел од европското семејство и придонесуваат кон разнообразноста на ЕУ, стои во рекцијата на Централниот Совет на Македонците во Германија.

The post Термините „северномакедонски“ и „Северномакедонец“ што ги користат некои германски пратеници се навредливи за Македонците appeared first on Република.

]]>

Совет на Македонците во Германија го потсетува Бундестагот дека термините “северномакедонски” и “Северномакедонец” се навредливи за Македонците. Оттаму велат дека се благодарни за активната поддршка на Владата на Сојузна Република Германија за нејзината силна поддршка кон македонскиот народ на неговиот пат кон Европската Унија.
Идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ се од големо значење и сакаме да ги охрабриме сите пратеници во Бундестагот да се воздржат од употребата на термините “северномакедонски” и “Северномакедонец”. Со загриженост забележавме дека пратеникот Маркус Фронмајер продолжуваше да ги користи овие презирливи термини во својот говор, без никаква реакција од неговите колеги. Со искрена надеж, се надеваме дека пратениците ќе се сложат и ќе ги избегнуваат таквите неприкладни термини и активно ќе се спротивставуваат на нивната употреба, со цел почитливо да се однесуваат кон македонскиот народ и неговиот идентитет, јазик и култура. Како што беше истакнато во говорите, Македонците се дел од европското семејство и придонесуваат кон разнообразноста на ЕУ, стои во рекцијата на Централниот Совет на Македонците во Германија.

The post Термините „северномакедонски“ и „Северномакедонец“ што ги користат некои германски пратеници се навредливи за Македонците appeared first on Република.

]]>
Котлар: Што не изгласавте Резолуција за Македонците и нивните права во Бугарија!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotlar-shto-ne-izglasavte-rezolutsija-za-makedontsite-i-nivnite-prava-vo-bugarija/ Sat, 17 Jun 2023 10:20:00 +0000 https://republika.mk/?p=652316

Професорката Наташа КОтлар ја коментира Резилуцијата на германскиот Бундестаг за македонскиот јазик.

Нејзиниот Фејсбук статус го пренесуваме во целост.

Zwei banditen, отишли су тамо…!
Сигурно се сеќавате на репликите од времето на југословенските филмови – „Оп, трт, gewesen sein“ и „zwei banditen, отишли су тамо“ како бурлеска, козерија на партизанско-германско односи на филмското платно! Но, козеријава е некако погодена за илустрација на усвоената Резолуција на Бундестагот, во која, меѓу другото се вели дека „Германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик“ во услови на „мултиетнички модел“ на Македонија! Па, па, па...!
Во услови на именско, историско и идентитетско редефинирање на македонскиот атрибут согласно Преспанската спогодба (2018), германската Резолуција е будалаштина, писание за малоумни...! Господо германско – алеманска – немачка, знај, македонскиот идентитет претставува сложена копозиција од повеќе значајни чинители – именски и колективен, културен (ј а з и к, литература, музика, уметност, фолклор), религиозен, етнички и национален чинител и сите заедно ја чинат посебната – македонска историска содржина или м а к е д о н с к и о т и д е н т и т е т. Македонскиот народ е различен од бугарскиот (на кого му поставувавте германски кнезови – Батемберг, Сакскобургота) и немат „заедничка историја“ со споменатиов народ! Во времето и просторот, под влијанијата и притисоците, низ причините и последиците македонскиот народ создава своја историја – м а к е д о н с к а, има свој јазик и своја култура–м а к е д о н с к и, своја македонска држава (антифашистичка) и автентичност!
Ако пак, нешто беше добро и вредно во германската политика кон Македонија и нејзиниот народ беше амбасадорот Ханс Лотар Штепан кој истакнуваше дека „Македонците имаат најголемо право за употреба на своето име Македонија.“ Овој „духовен воин на Македонија“ кој работаше во полза на македонск0то прашање, остана ненадминат дипломат од ни еден подоцнежен германски претставник. Сè што следеше потоа кон Македонија и нејзините интереси од страна на Германија не емитуваше срдечна политика. Накратко, историјата од средината на XIX век, а и во XX век, бележи прилично амбициозни намери на германската политика кон Балканот и при тоа ниту една не завршува добронамерно кон македонскиот народ и неговите интереси! Таков е случајот и во 2018 г., кога германската политика во очајното препелкање да стане лидер во балканските политички настани застана зад најлошото решение за спорот меѓу Република Македонија и Грција (определувајќи се и прогрчки и проалбански и пробугарски). Германија за цело време го подржува преименувањето на државата на македонскиот народ – п о б е д н и к о т во антифашистичката борба во Втората светска војна, каква иронија! Така, за време на посетата на Грција, Анѓела Меркел уште пред изгласувањето на новото име во македонското собрание (2019), дури три пати во една изјава нè нарече „Македонија“ истакнувајќи дека преименувањето благодарение на Преспанскиот договор е во наша полза, но и „за Грција и за цела Европа“! Бре, што нема да слушне, човек од Алеманиве, а сега и Бугари во македонскиот Устав! Што не изгласавте Резолуција за Македонците и нивните права во Бугарија!?
Господо, Германци – Алемани – Немци, македонски јазик, историја, култура значи посебна македонска национална свест (не мултиетничка), затоа ударите ви се силни, а ние мора со сета наша сила да се бориме, до последниот Македонец!

The post Котлар: Што не изгласавте Резолуција за Македонците и нивните права во Бугарија!? appeared first on Република.

]]>

Професорката Наташа КОтлар ја коментира Резилуцијата на германскиот Бундестаг за македонскиот јазик. Нејзиниот Фејсбук статус го пренесуваме во целост. Zwei banditen, отишли су тамо…! Сигурно се сеќавате на репликите од времето на југословенските филмови – „Оп, трт, gewesen sein“ и „zwei banditen, отишли су тамо“ како бурлеска, козерија на партизанско-германско односи на филмското платно! Но, козеријава е некако погодена за илустрација на усвоената Резолуција на Бундестагот, во која, меѓу другото се вели дека „Германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик“ во услови на „мултиетнички модел“ на Македонија! Па, па, па...! Во услови на именско, историско и идентитетско редефинирање на македонскиот атрибут согласно Преспанската спогодба (2018), германската Резолуција е будалаштина, писание за малоумни...! Господо германско – алеманска – немачка, знај, македонскиот идентитет претставува сложена копозиција од повеќе значајни чинители – именски и колективен, културен (ј а з и к, литература, музика, уметност, фолклор), религиозен, етнички и национален чинител и сите заедно ја чинат посебната – македонска историска содржина или м а к е д о н с к и о т и д е н т и т е т. Македонскиот народ е различен од бугарскиот (на кого му поставувавте германски кнезови – Батемберг, Сакскобургота) и немат „заедничка историја“ со споменатиов народ! Во времето и просторот, под влијанијата и притисоците, низ причините и последиците македонскиот народ создава своја историја – м а к е д о н с к а, има свој јазик и своја култура–м а к е д о н с к и, своја македонска држава (антифашистичка) и автентичност! Ако пак, нешто беше добро и вредно во германската политика кон Македонија и нејзиниот народ беше амбасадорот Ханс Лотар Штепан кој истакнуваше дека „Македонците имаат најголемо право за употреба на своето име Македонија.“ Овој „духовен воин на Македонија“ кој работаше во полза на македонск0то прашање, остана ненадминат дипломат од ни еден подоцнежен германски претставник. Сè што следеше потоа кон Македонија и нејзините интереси од страна на Германија не емитуваше срдечна политика. Накратко, историјата од средината на XIX век, а и во XX век, бележи прилично амбициозни намери на германската политика кон Балканот и при тоа ниту една не завршува добронамерно кон македонскиот народ и неговите интереси! Таков е случајот и во 2018 г., кога германската политика во очајното препелкање да стане лидер во балканските политички настани застана зад најлошото решение за спорот меѓу Република Македонија и Грција (определувајќи се и прогрчки и проалбански и пробугарски). Германија за цело време го подржува преименувањето на државата на македонскиот народ – п о б е д н и к о т во антифашистичката борба во Втората светска војна, каква иронија! Така, за време на посетата на Грција, Анѓела Меркел уште пред изгласувањето на новото име во македонското собрание (2019), дури три пати во една изјава нè нарече „Македонија“ истакнувајќи дека преименувањето благодарение на Преспанскиот договор е во наша полза, но и „за Грција и за цела Европа“! Бре, што нема да слушне, човек од Алеманиве, а сега и Бугари во македонскиот Устав! Што не изгласавте Резолуција за Македонците и нивните права во Бугарија!? Господо, Германци – Алемани – Немци, македонски јазик, историја, култура значи посебна македонска национална свест (не мултиетничка), затоа ударите ви се силни, а ние мора со сета наша сила да се бориме, до последниот Македонец!

The post Котлар: Што не изгласавте Резолуција за Македонците и нивните права во Бугарија!? appeared first on Република.

]]>
Славески за резолуцијата од Германија: Не го решава проблемот бидејќи Бугарија целосно го негира идентитетот на македонскиот народ, јазик и нација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/slaveski-za-rezolutsijata-od-germanija-ne-go-reshava-problemot-bidejki-bugarija-tselosno-go-negira-identitetot-na-makedonskiot-narod-jazik-i-natsija/ Fri, 16 Jun 2023 20:17:57 +0000 https://republika.mk/?p=652284

„Пред самата лидерска средба имавме Извршен комитет каде бевме запознаени со позициите кои ќе настапи лидерот Христијан Мицкоски и по лидерската средба и јавноста беше запознаена со позициите на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески во вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24.

Тој додаде дека пристапот на ВМРО-ДПМНЕ е сосема различен. Доколку се формира широка коалиција Влада која ќе ги подготви изборите за кратко време тоа би било прифатливо.

„Да се формира Влада без ДУИ која ќе подготви избори, а по тие избори секоја од партиите да ја добие поддршката од партиите власт – опозиција македонски блок во решавање на горливите прашања за пристапување кон ЕУ и преговарачката рамка со ЕУ“, кажа Славески.

Во однос на резолуцијата изгласана во Бундестагот, Славески посочи дека Германија и досега немала проблеми со нашиот идентитет.

„Германија да беше на некој начин толку вредна да го спречи натамошното вето што го поставува Бугарија тоа ќе беше направено и до сега. Во секој случај тоа е за поздравување, но не го решава проблемот на намерите на Бугарија која целосно го негира идентитетот на македонскиот народ, јазик и нација“, вели Славески.

Тој додаде дека сосема е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде партијата што ќе формира Влада.

„ДУИ го прекрши правилото победник со победник, тие тоа го прекршија и оттаму е ставот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е партија која 20 години е во власта и долгата власта корумпира апсолутно затоа е најдобро за самата партија ДУИ и Македонија да оди ДУИ опозиција“, кажа Славески.

The post Славески за резолуцијата од Германија: Не го решава проблемот бидејќи Бугарија целосно го негира идентитетот на македонскиот народ, јазик и нација appeared first on Република.

Благодарноста кон Германија го обележа денешниот ден на „Рамо до рамо“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/blagodarnosta-kon-germanija-go-obelezha-deneshniot-den-na-ramo-do-ramo/ Fri, 16 Jun 2023 20:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=652294

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска Оливер Спасовски заедно со членката на ИО на СДСМ, Мелиса Ценовска Серафимовска беше меѓу граѓаните на општина Илинден.

Германскиот парламент, Бундестагот, усвои Резолуција со која се потврдува македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската посебност во ЕУ. Имаме целосно заштитен и потврден македонски јазик и идентитет и преку процесот на преговори со ЕУ. Имаме сочна недвосмислена поддршка од сојузниците во ЕУ и од нашиот стратешки партнер САД. Сега е потребно да продолжиме со дијалогот и заедно со ДПМНЕ и со сите политички партии да ја обезбедиме европската иднина на државата, истакна Спасовски додавајќи дека ДПМНЕ нема никакво право да се фали со овој успех, затоа што нивни сестрински партии гласале против Резолуцијата.

Помеѓу граѓаните на Охрид, беа Љупчо Николовски и портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска каде зборуваа за придобивките од интеграциите во ЕУ.

- Нема сегмент каде придобивките од интеграцијата не носат придобивки. Конкретно, во земјоделството ние сме лидери во искористувањето на средствата од ИПАРД програмите што носат директна поддршка за македонското земјоделство. Започнуваме со програмата ИПАРД 3 со која во модернизација на македонското земјоделство ќе влезат 128 милиони евра, како директна поддршка. Тоа е една од многуте причини зошто треба да останеме на европскиот пат и дијалогот за реформите да продолжи, порача Николовски во Охрид, се наведува во партиското соопштение.

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски заедно со претседателот на партиската комисија за транспорт и врски, Митко Трајчулески, беа помеѓу граѓаните на Струмица а пратениците Љубица Спасова и Коле Чаракчиев беа со граѓаните на Босилово.

-Моќна е пораката на германскиот Бундестаг. Една од најголемите и најсилни европски држави застана зад нас, ни даде поддршка на европскиот пат и ги потврди признанијата на македонскиот идентитет, јазик, култура и посебност. Ова е потврда на државничките политики на СДСМ, но и на сето она што го говориме веќе подолг период. Со мудрост, со вистински чекори и политики обезбедуваме поддршка во самата Унија и признание за македонскиот идентитет, јазик и култура. Тој резултат го носи современиот патриотизам и македонизам, рече Зечевиќ на маалска средба, рамо до рамо со струмичани.

Сега имаме историска шанса која мораме да ја искористиме, да го продолжиме патот кон Европа и да го обезбедиме македонскиот идентитет, вграден во европскиот, додаде тој повикувајќи ја опозициската ДПМНЕ да продолжи дијалогот.

-Затоа уште еднаш ја повикувам ВМРО-ДПМНЕ да продолжиме со дијалогот, да одредат тим, да застанеме рамо до рамо, да разговараме и заедно да ја донесеме историската одлука.Тоа им го должиме на граѓаните, на сегашните и на идните генерации, рече Миле Зечевиќ Вардарски денеска во Струмица.

The post Благодарноста кон Германија го обележа денешниот ден на „Рамо до рамо“ appeared first on Република.

Ковачевски: Бундестагот даде недвосмислена поддршка за нашето членство во ЕУ со заштитен јазик, идентитет и култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-bundestagot-dade-nedvosmislena-poddrshka-za-nasheto-chlenstvo-vo-eu-so-zashtiten-jazik-identitet-i-kultura/ Fri, 16 Jun 2023 19:21:18 +0000 https://republika.mk/?p=652240

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во интервју за Канал 5, ја поздрави одлуката на германскиот парламент, кој усвои резолуција со која ги потврдува македонската култура, јазик, идентитет. За премиерот Ковачевски, оваа одлука на Бундестагот е потврда на недвосмислената поддршка на Македонија за зачленување во ЕУ со својот идентитет, јазик, култура и историја како дел од вкупниот мозаик на европската култура.

„Ова е апсолутно голема одлука на Бундестагот во Германија, тоа е одлука која што јас ја најавив прв, меѓутоа не ја посочив државата. Кажав дека една од најголемите држави во ЕУ по сите параметри меѓутоа и една од најголемите држави во светот по сите параметри ќе донесе резолуција во својот парламент за потврда на недвосмислената поддршка на Македонија за зачленување во ЕУ со својот идентитет, јазик, култура и историја како дел од вкупниот мозаик на европската култура. Сум среќен што тоа го направи германскиот Бундестаг“, рече премиерот Ковачевски во интервјуто.

Претседателот на Владата изрази жалење што резолуцијата не доби поддршка од партнерските и сестрински партии на ВМРО–ДПМНЕ.

„Треба да размислат во нашата опозиција дали воопшто се потрудиле да ги презентираат позициите на нашата држава кај своите партнери во Бундестагот или пак можеби правеле нешто спротивно со политичари од сестрински партии од други држави, како што се слушаа гласини, кои што се непотврдени, меѓутоа треба да се каже дали бивши министри за надворешни работи, а сегашни мејнстрим говорници на ВМРО–ДПМНЕ имале дури можеби и спротивен став од тоа што беше донесено во Бундестагот. Меѓутоа, на крајот останува задоволството дека Македонија ја има поддршката на една од најзначајните и најголемите држави во Европа и светот по однос на сите наши идентитетски обележја и зачленувањето во ЕУ. Јас уште еднаш ќе потврдам дека ваква потврда ќе дојде и од друга држава, исто така една од најголемите држави во светот, не е дел од ЕУ, меѓутоа и од други држави дел од  ЕУ. Со тоа недвосмислено сите ја покажуваат поддршката за нашата држава во овој геополитички момент и ја потврдуваат вистината за нашата историја, култура и идентитет и со тоа им се потврдува на граѓаните дека ние имаме голем број на пријатели во светот, пред се во Европа кои што се застапуваат за исти вредности за кои се застапуваме и ние“, изјави Ковачевски во интервјуто за Канал 5.

Премиерот за усвоената резолуција упати благодарност до социјалдемократите, либералите во Германија кои што се сестринска партија на ЛДП и партијата на зелените во Германија, кои што се сестринска партија на ДОМ во Република Македонија и се дел од владината коалиција.

The post Ковачевски: Бундестагот даде недвосмислена поддршка за нашето членство во ЕУ со заштитен јазик, идентитет и култура appeared first on Република.

Мицкоски: Резолуцијата што ја донесе Германија не е ни пет отсто од она што го заслужува овој народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-rezolutsijata-shto-ja-donese-germanija-ne-e-ni-pet-otsto-od-ona-shto-go-zasluzhuva-ovoj-narod/ Fri, 16 Jun 2023 14:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=652194

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја поздрави иницијативата на Бундестагот, кој синоќа донесе резолуција со која се потврдува македонскиот јазик и идентитет и рече дека очекува такви резолуции и од други стратешки партнери. Тој повтори дека со актуелните услови преговорите за влез на Македонија во Европската унија би се воделе под бугарски диктат.

Очекуваме такви резолуции и од други наши стратешки партнери во периодот што следува, но тоа не е ни пет проценти од она што овој народ го заслужува, а овој народ заслужува фер шанса каква што имале сите народи што пристапуваат кон ЕУ, а тоа е без условување, без отстапки по националниот идентитет, изјави Мицкоски.

Изјавата на Мицкоски беше проследена од СДСМ. Во партиската реакција СДСМ смета дека ВМРО-ДПМНЕ прави само блокади на европските интеграции.

За жал ДПМНЕ освен блокади не направија ништо ниту за македонскиот идентитет и јазик, ниту пак за оваа резолуција. ДПМНЕ и Мицкоски треба да се засрамат за тоа. Особено што нивни сестрински партии во Бундестагот гласаа против Резолуцијата за потврда на македонскиот јазик, култура и посебност, изјави пратеникот Дарко Каевски од СДСМ.

За резолуцијата во германскиот парламет гласаа сите владејачки партии, а беа против опозициските, меѓу кои и сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од германските пратеници, од партијата на Ангела Меркел, рекоа дека не треба да се носат врезолуции посебно за секоја држава, туку да се однесува на европската иднина на целиот Западен Балкан.

https://republika.mk/vesti/makedonija/germanskata-opozitsija-silno-se-sprotistavi-na-poddrshkata-na-edna-korumpirana-i-nestabilna-drzhava-na-koja-samo-sonchevi-kolektori-trebaat/

The post Мицкоски: Резолуцијата што ја донесе Германија не е ни пет отсто од она што го заслужува овој народ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја поздрави иницијативата на Бундестагот, кој синоќа донесе резолуција со која се потврдува македонскиот јазик и идентитет и рече дека очекува такви резолуции и од други стратешки партнери. Тој повтори дека со актуелните услови преговорите за влез на Македонија во Европската унија би се воделе под бугарски диктат.
Очекуваме такви резолуции и од други наши стратешки партнери во периодот што следува, но тоа не е ни пет проценти од она што овој народ го заслужува, а овој народ заслужува фер шанса каква што имале сите народи што пристапуваат кон ЕУ, а тоа е без условување, без отстапки по националниот идентитет, изјави Мицкоски.
Изјавата на Мицкоски беше проследена од СДСМ. Во партиската реакција СДСМ смета дека ВМРО-ДПМНЕ прави само блокади на европските интеграции.
За жал ДПМНЕ освен блокади не направија ништо ниту за македонскиот идентитет и јазик, ниту пак за оваа резолуција. ДПМНЕ и Мицкоски треба да се засрамат за тоа. Особено што нивни сестрински партии во Бундестагот гласаа против Резолуцијата за потврда на македонскиот јазик, култура и посебност, изјави пратеникот Дарко Каевски од СДСМ.
За резолуцијата во германскиот парламет гласаа сите владејачки партии, а беа против опозициските, меѓу кои и сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од германските пратеници, од партијата на Ангела Меркел, рекоа дека не треба да се носат врезолуции посебно за секоја држава, туку да се однесува на европската иднина на целиот Западен Балкан. https://republika.mk/vesti/makedonija/germanskata-opozitsija-silno-se-sprotistavi-na-poddrshkata-na-edna-korumpirana-i-nestabilna-drzhava-na-koja-samo-sonchevi-kolektori-trebaat/

The post Мицкоски: Резолуцијата што ја донесе Германија не е ни пет отсто од она што го заслужува овој народ appeared first on Република.

]]>
Ковачев за германската резолуција: Феномен е да молиш друга држава да ти го потврди идентитетот и јазикот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachev-za-germanskata-rezolutsija-fenomen-e-da-molish-druga-drzhava-da-ti-go-potvrdi-identitetot-i-jazikot/ Fri, 16 Jun 2023 09:14:06 +0000 https://republika.mk/?p=652044

По синоќешното усвојување на Резолуцијата во германскиот Бундестаг со која се признава македонската култура, идентитет и јазик, а Бугарија се повикува да се воздржи од наметнување дополнителни услови за Македонија, освен веќе постигнатиот компромис за уставни промени, порвата реакција стигна од бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

Ковачев објаснува дека германскиот Бундестаг, на итно барање на премиерот во Скопје, усвоил Резолуција која има за цел да помогне во започнувањето на преговорите за пристапување на Република Македонија во Европската Унија. Истовремено тој им се заблагодари на колегите од ЦДУ и ЦСУ кои не ја поддржаа Резолуцијата.

Проблемот, поточно чудниот феномен е што тие се молат кај друга држава со одлука во парламентот да признае дека постојат македонскиот јазик, култура и идентитет. Не сум слушнал за друг сличен феномен на нашата планета, една држава да биде толку несигурна во својот идентитет, јазик и култура што мора да моли друга земја со политичка одлука на законодавно тело да ѝ ги признае јазикот, културата и идентитетот – вели Ковачев.

Во изјавата тој ги повторува неговите добро познати ставови во однос на Македонија.

Нема ништо лошо во тоа. Нашите колеги, соседи и пријатели во Скопје не треба да се грижат за тоа дека имаат модерен идентитет, јазик и култура, но разбирам дека сакаат да покажат некаква историска доследност или историски континуитет што се разликува од бугарскиот. Ова е основата на нашиот проблем,од таму доаѓа дискриминацијата и говорот на омраза и сите проблеми што ги имаме.Тоа не се билатерални проблеми, тоа се проблеми поврзани со основните човекови права и европските вредности. Повторно ги повикувам и власта и опозицијата во РСМ да покажат смелост и храброст и да не го продолжуваат моментумот од времето на Титова Југославија. Да си помагаме заедно, да бидеме заедно што побрзо во ЕУ, како што тоа го прават Романија и Молдавија, како што прави Грција со Кипар. Ние треба да сме заедно во ЕУ, а тоа може да се се случи само врз основа на пријателство, добрососедство, со спроведување на Договорот потпишан во 2017 година меѓу премиерите Заев и Борисов, како и со добра волја. Им посакувам на нашите соседи навистина да ги надминат сите пречки и да можат што побрзо да станат членка на ЕУ заедно со нас – изјави Ковачев.

The post Ковачев за германската резолуција: Феномен е да молиш друга држава да ти го потврди идентитетот и јазикот appeared first on Република.

]]>

По синоќешното усвојување на Резолуцијата во германскиот Бундестаг со која се признава македонската култура, идентитет и јазик, а Бугарија се повикува да се воздржи од наметнување дополнителни услови за Македонија, освен веќе постигнатиот компромис за уставни промени, порвата реакција стигна од бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Ковачев објаснува дека германскиот Бундестаг, на итно барање на премиерот во Скопје, усвоил Резолуција која има за цел да помогне во започнувањето на преговорите за пристапување на Република Македонија во Европската Унија. Истовремено тој им се заблагодари на колегите од ЦДУ и ЦСУ кои не ја поддржаа Резолуцијата.
Проблемот, поточно чудниот феномен е што тие се молат кај друга држава со одлука во парламентот да признае дека постојат македонскиот јазик, култура и идентитет. Не сум слушнал за друг сличен феномен на нашата планета, една држава да биде толку несигурна во својот идентитет, јазик и култура што мора да моли друга земја со политичка одлука на законодавно тело да ѝ ги признае јазикот, културата и идентитетот – вели Ковачев.
Во изјавата тој ги повторува неговите добро познати ставови во однос на Македонија.
Нема ништо лошо во тоа. Нашите колеги, соседи и пријатели во Скопје не треба да се грижат за тоа дека имаат модерен идентитет, јазик и култура, но разбирам дека сакаат да покажат некаква историска доследност или историски континуитет што се разликува од бугарскиот. Ова е основата на нашиот проблем,од таму доаѓа дискриминацијата и говорот на омраза и сите проблеми што ги имаме.Тоа не се билатерални проблеми, тоа се проблеми поврзани со основните човекови права и европските вредности. Повторно ги повикувам и власта и опозицијата во РСМ да покажат смелост и храброст и да не го продолжуваат моментумот од времето на Титова Југославија. Да си помагаме заедно, да бидеме заедно што побрзо во ЕУ, како што тоа го прават Романија и Молдавија, како што прави Грција со Кипар. Ние треба да сме заедно во ЕУ, а тоа може да се се случи само врз основа на пријателство, добрососедство, со спроведување на Договорот потпишан во 2017 година меѓу премиерите Заев и Борисов, како и со добра волја. Им посакувам на нашите соседи навистина да ги надминат сите пречки и да можат што побрзо да станат членка на ЕУ заедно со нас – изјави Ковачев.

The post Ковачев за германската резолуција: Феномен е да молиш друга држава да ти го потврди идентитетот и јазикот appeared first on Република.

]]>
Германската опозиција силно се спротистави на поддршката на една „корумпирана и нестабилна држава на која само сончеви колектори ѝ требаат“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/germanskata-opozitsija-silno-se-sprotistavi-na-poddrshkata-na-edna-korumpirana-i-nestabilna-drzhava-na-koja-samo-sonchevi-kolektori-trebaat/ Fri, 16 Jun 2023 06:56:17 +0000 https://republika.mk/?p=651934

Германскиот парламент – Бундестагот, со мнозинство гласови на пратениците од трите владејачки партии – Социјалдемократите, Либералите и Зелените синоќа ја изгласа резолуцијата со која се дава поддршка на македонскиот идентитет, јазик и култура на патот на земјава кон членство во Европската Унија.

Резолуцијата не доби поддршка од опозициските партии, вклучително и од конзервативната Христијанско-демократска унија/Христијанско-социјална унија (ЦДУ/ЦСУ) на поранешната канцеларка Ангела Меркел, пренесе Дочје веле.

Резолуцијата пред пратениците ја претстави државната секретарка за Европа во германското МНР, Ана Лирман, која доаѓа од редовите на Зелените.

- Со оваа резолуција им оддаваме длабока почит на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја“, порача од говорницата Лирман.

Таа најави дека наскоро повторно, по четврти пат во последната година, ќе дојде во Скопје заедно со нејзините колеги од Франција и Полска во обид да се охрабрат уставните измени.

- Граѓаните ја губат вербата во ЕУ перспективата. Мора да ја вратиме довербата во ЕУ и да ги искористиме сите можности за да ги охрабриме нашите партнери во Македонија, рече Лирман.

Нејзината порака е дека промената на Уставот не го загрозува македонскиот идентитет, туку напротив, го зајакнува мултиетничкиот карактер на државата.

- Тврдењата дека ова ќе го загрози идентитетот се погрешни. Вметнувањето дополнителни заедници во Уставот, напротив само ќе го зајакне мултиетничкиот карактер на државата која е пример за целиот регион, рече Лирман.

Двајца пратеници на опозициските сестрински партии ЦДУ/ЦСУ се изјаснија против резолуција. Кристоф Клос од ЦДУ го критикуваше владејачкото мнозинство затоа што ја издвојува Македонија од останатите држави од регионот.

- Да се разгледува секоја земја од Западниот Балкан одделно не е целисходно, рече Клос и потсети дека поранешната германска канцеларка Ангела Меркел секогаш на регионот му пристапувала како на целина.

Во сличен тон, и Тобијас Винклер од баварската ЦСУ го критикуваше предлогот со кој се издвојува Македонија и бараше да се прифати предлогот на неговата пратеничка група во која се бара поддршка за сите шест земји од Западен Балкан.

- Барате резолуција само за една земја, со лош тајминг, рече Винклер образложувајќи дека ситуацијата е „политичка чувствителна" во Македонија и дипломатски сензитивна- алудирајќи на спорот со Бугарија.

На крајот тој иронично им порача на пратениците од владејачкото мнозинство дека преведената резолуција е веќе објавена во македонските медиуми, па можат да се радуваат уште пред гласањето.

Социјалдемократот Јосип Јуратовиќ и либералот Томас Хакер одговорија на критиките од опозицијата со став дека секоја земја кандидат за членство во ЕУ секогаш се вреднувала поединечно, а не во група.

- ЕУ процесот е регата, и се вреднуваат индивидуалните постигнувања. Не може последниот да го чека првиот. Денес се работи за искрената политика на проширување на ЕУ. Македонија е кандидат од 2005 и сега е време. Сакаме сега да ја охрабриме Македонија со оваа резолуција. Македонската култура ќе ја збогати ЕУ, рече Јуратовиќ и побара од ЦДУ поддршка и влијание врз нивната сестринска партија ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, а од владата во Берлин да се залага во ЕУ за укинување на правилото за консензус и замена со квалификувано мнозинство затоа што, како што рече,  „популистите тоа го злоупотребуваат“.

Маркус Фронмајер од десно-радикалната АФД го повтори партискиот став кој беше изнесен во посебна резолуција дека на земјите од Западниот Балкан не им е местото во ЕУ.

„Ја сакате Македонија во ЕУ?!“, иронично порача Фронмајер.

Тоа е една корумпирана и нестабилна држава. Просечната социјална помош во таа земја е 50 евро месечно. Замислете таа земја да влезе во ЕУ и на два милиони луѓе да им дадеме пристап до нашиот социјален систем“, додаде тој.

За Фронмајер е спорно и барањето од резолуцијата според кое германската влада треба да помогне за енергетската независност на земјата.

- Со младинска невработеност од 40 проценти и секој петти жител кој живее под границата на сиромаштија, токму сончеви колектори се она што ѝ треба на земјата, рече Фронмајер.

The post Германската опозиција силно се спротистави на поддршката на една „корумпирана и нестабилна држава на која само сончеви колектори ѝ требаат“ appeared first on Република.

]]>

Германскиот парламент – Бундестагот, со мнозинство гласови на пратениците од трите владејачки партии – Социјалдемократите, Либералите и Зелените синоќа ја изгласа резолуцијата со која се дава поддршка на македонскиот идентитет, јазик и култура на патот на земјава кон членство во Европската Унија. Резолуцијата не доби поддршка од опозициските партии, вклучително и од конзервативната Христијанско-демократска унија/Христијанско-социјална унија (ЦДУ/ЦСУ) на поранешната канцеларка Ангела Меркел, пренесе Дочје веле. Резолуцијата пред пратениците ја претстави државната секретарка за Европа во германското МНР, Ана Лирман, која доаѓа од редовите на Зелените.
- Со оваа резолуција им оддаваме длабока почит на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја“, порача од говорницата Лирман.
Таа најави дека наскоро повторно, по четврти пат во последната година, ќе дојде во Скопје заедно со нејзините колеги од Франција и Полска во обид да се охрабрат уставните измени.
- Граѓаните ја губат вербата во ЕУ перспективата. Мора да ја вратиме довербата во ЕУ и да ги искористиме сите можности за да ги охрабриме нашите партнери во Македонија, рече Лирман.
Нејзината порака е дека промената на Уставот не го загрозува македонскиот идентитет, туку напротив, го зајакнува мултиетничкиот карактер на државата.
- Тврдењата дека ова ќе го загрози идентитетот се погрешни. Вметнувањето дополнителни заедници во Уставот, напротив само ќе го зајакне мултиетничкиот карактер на државата која е пример за целиот регион, рече Лирман.
Двајца пратеници на опозициските сестрински партии ЦДУ/ЦСУ се изјаснија против резолуција. Кристоф Клос од ЦДУ го критикуваше владејачкото мнозинство затоа што ја издвојува Македонија од останатите држави од регионот.
- Да се разгледува секоја земја од Западниот Балкан одделно не е целисходно, рече Клос и потсети дека поранешната германска канцеларка Ангела Меркел секогаш на регионот му пристапувала како на целина.
Во сличен тон, и Тобијас Винклер од баварската ЦСУ го критикуваше предлогот со кој се издвојува Македонија и бараше да се прифати предлогот на неговата пратеничка група во која се бара поддршка за сите шест земји од Западен Балкан.
- Барате резолуција само за една земја, со лош тајминг, рече Винклер образложувајќи дека ситуацијата е „политичка чувствителна" во Македонија и дипломатски сензитивна- алудирајќи на спорот со Бугарија.
На крајот тој иронично им порача на пратениците од владејачкото мнозинство дека преведената резолуција е веќе објавена во македонските медиуми, па можат да се радуваат уште пред гласањето. Социјалдемократот Јосип Јуратовиќ и либералот Томас Хакер одговорија на критиките од опозицијата со став дека секоја земја кандидат за членство во ЕУ секогаш се вреднувала поединечно, а не во група.