Германија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/germanija/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Feb 2024 19:19:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Германија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/germanija/ 32 32 Германски весник: Украински екстремисти од неонацистичкиот „Азов“ слободно оперираат во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanski-vesnik-ukrainski-ekstremisti-od-neonatsistichkiot-azov-slobodno-operiraat-vo-germanija/ Sun, 25 Feb 2024 08:10:38 +0000 https://republika.mk/?p=747927

Во срцето на Магдебург демне сенката на украинската неонацистичка организација „Центурија“, тесно поврзана со озлогласениот баталјон „Азов“, пишува берлинскиот дневен весник „Јунге велт“.

Според изданието, во текот на изминатите шест месеци, групата отворено организирала протести, собирала регрути, јавно искажувала расен гнев и собирала финансиски средства, сето тоа под рамнодушниот поглед на Министерството за внатрешни работи на Саксонија-Анхалт, под каде соопштиле дека „немаат увид“ во таквите операции.

Додека Германија е обединета против крајната десница, иронијата е опиплива. Овде сме сведоци на толериран десничарски екстремизам, роден од украинските конфликтни зони, кој наоѓа засолниште на германска почва. Се поставува прашањето: како една нација која се бори против домашниот екстремизам може да ги затвори очите пред увозот на такви идеологии?, пишува германскиот весник.

The post Германски весник: Украински екстремисти од неонацистичкиот „Азов“ слободно оперираат во Германија appeared first on Република.

]]>

Во срцето на Магдебург демне сенката на украинската неонацистичка организација „Центурија“, тесно поврзана со озлогласениот баталјон „Азов“, пишува берлинскиот дневен весник „Јунге велт“. Според изданието, во текот на изминатите шест месеци, групата отворено организирала протести, собирала регрути, јавно искажувала расен гнев и собирала финансиски средства, сето тоа под рамнодушниот поглед на Министерството за внатрешни работи на Саксонија-Анхалт, под каде соопштиле дека „немаат увид“ во таквите операции.
Додека Германија е обединета против крајната десница, иронијата е опиплива. Овде сме сведоци на толериран десничарски екстремизам, роден од украинските конфликтни зони, кој наоѓа засолниште на германска почва. Се поставува прашањето: како една нација која се бори против домашниот екстремизам може да ги затвори очите пред увозот на такви идеологии?, пишува германскиот весник.

The post Германски весник: Украински екстремисти од неонацистичкиот „Азов“ слободно оперираат во Германија appeared first on Република.

]]>
Романци во Германија глумеле дека се украински бегалци за добијат стан и парична помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/romantsi-vo-germanija-glumele-deka-se-ukrainski-begaltsi-za-dobijat-stan-i-parichna-pomosh/ Sat, 24 Feb 2024 19:38:02 +0000 https://republika.mk/?p=747633

Романците во Германија се преправале дека се украински бегалци со цел да добијат пари за социјална помош и станови во земјата.

Според локалните медиуми, измамниците биле идентификувани од волонтери кои сфатиле дека овие луѓе, коишто се пријавиле дека им е потребна помош, не зборуваат украински.

Во текот на истрагата, се покажало дека само во југозападниот дел на Германија живеат повеќе од 1.300 луѓе кои се преправаат дека се државјани на Украина побегнати од војната, од кои многу се Романци.

The post Романци во Германија глумеле дека се украински бегалци за добијат стан и парична помош appeared first on Република.

]]>

Романците во Германија се преправале дека се украински бегалци со цел да добијат пари за социјална помош и станови во земјата. Според локалните медиуми, измамниците биле идентификувани од волонтери кои сфатиле дека овие луѓе, коишто се пријавиле дека им е потребна помош, не зборуваат украински. Во текот на истрагата, се покажало дека само во југозападниот дел на Германија живеат повеќе од 1.300 луѓе кои се преправаат дека се државјани на Украина побегнати од војната, од кои многу се Романци.

The post Романци во Германија глумеле дека се украински бегалци за добијат стан и парична помош appeared first on Република.

]]>
Германија ја легализираше рекреативната употреба на канабисот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-ja-legalizirashe-rekreativnata-upotreba-na-kanabisot/ Fri, 23 Feb 2024 16:38:19 +0000 https://republika.mk/?p=747537

Германскиот парламент денеска го усвои законот со кој се дозволува рекреативна употреба на канабисот.

Според новиот закон, на лицата постари од 18 години ќе им биде дозволено да поседуваат значителни количества канабис, а пушењето канабис на многу јавни места ќе стане легално од 1 април, јави Би-Би-Си.

На јавни места ќе биде дозволено поседување до 25 грама, а во приватни домови до 50 грама.

Пушењето канабис во близина на училишта и спортски терени ќе биде забрането, додека купувањето канабис ќе продолжи да биде строго регулирано.

The post Германија ја легализираше рекреативната употреба на канабисот appeared first on Република.

]]>

Германскиот парламент денеска го усвои законот со кој се дозволува рекреативна употреба на канабисот. Според новиот закон, на лицата постари од 18 години ќе им биде дозволено да поседуваат значителни количества канабис, а пушењето канабис на многу јавни места ќе стане легално од 1 април, јави Би-Би-Си. На јавни места ќе биде дозволено поседување до 25 грама, а во приватни домови до 50 грама. Пушењето канабис во близина на училишта и спортски терени ќе биде забрането, додека купувањето канабис ќе продолжи да биде строго регулирано.

The post Германија ја легализираше рекреативната употреба на канабисот appeared first on Република.

]]>
Уапсена е група Балканци кои вработувале луѓе „на црно“ во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapsena-e-grupa-balkantsi-koi-vrabotuvale-luge-na-tsrno-vo-germanija/ Fri, 23 Feb 2024 11:38:35 +0000 https://republika.mk/?p=747386

Во опсежна операција, припадници на германската царина разбиле банда која организирала нелегална работа во Германија.

Приведени се десет лица, меѓу кои и државјани на Србија, Хрватска, Црна Гора и БиХ, јавуваат локалните медиуми. Според медиумските извештаи, осомничените носеле и вработувале луѓе „на црно“, најмногу на германски градилишта. На акцијата и претходела опсежна истрага, спроведена во тајност.

Портпаролот на царината соопшти дека се уапсени тројца српски државјани, тројца Хрвати, еден државјанин на БиХ, еден Германец и еден Црногорец.

Во претресените објекти, освен телефони и компјутери, пронајдено е оружје и околу 75.000 евра.

Групата се сомничи дека со организирање работење „на црно“ проневерила околу 10,4 милиони евра.

Германската царина пристапила и до одредени банкарски сметки и запленила три скапи автомобили.

Оваа акција продолжува, бидејќи постои сомнеж дека се вмешани 34 лица. Од германската царина изјавија и дека осомничените биле координирани и организирани и дека добро ги прикривале криминалните дела.

The post Уапсена е група Балканци кои вработувале луѓе „на црно“ во Германија appeared first on Република.

]]>

Во опсежна операција, припадници на германската царина разбиле банда која организирала нелегална работа во Германија. Приведени се десет лица, меѓу кои и државјани на Србија, Хрватска, Црна Гора и БиХ, јавуваат локалните медиуми. Според медиумските извештаи, осомничените носеле и вработувале луѓе „на црно“, најмногу на германски градилишта. На акцијата и претходела опсежна истрага, спроведена во тајност. Портпаролот на царината соопшти дека се уапсени тројца српски државјани, тројца Хрвати, еден државјанин на БиХ, еден Германец и еден Црногорец. Во претресените објекти, освен телефони и компјутери, пронајдено е оружје и околу 75.000 евра. Групата се сомничи дека со организирање работење „на црно“ проневерила околу 10,4 милиони евра. Германската царина пристапила и до одредени банкарски сметки и запленила три скапи автомобили. Оваа акција продолжува, бидејќи постои сомнеж дека се вмешани 34 лица. Од германската царина изјавија и дека осомничените биле координирани и организирани и дека добро ги прикривале криминалните дела.

The post Уапсена е група Балканци кои вработувале луѓе „на црно“ во Германија appeared first on Република.

]]>
Забавена миграција на Укранците кон Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zabavena-migratsija-na-ukrantsite-kon-germanija/ Thu, 22 Feb 2024 19:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=747140

Според извештајот на германскиот Федерален завод за статистика – Дестатис, Во Германија лани имало значително помалку преселувања од Украина, во споредба со претходната година, кога Русија ја започна воената инвазија на соседната земја, јави ДПА.

Дестатис посочува дека во 2023 година, во Германија од Украина се преселиле 277.000 лица, додека 156.000 лица заминале во спротивен правец, „што резултираше со нето имиграција од 121.000 лица“.

Во 2022 година, Германија регистрираше 1,1 милион Украинци кои пристигнаа во земјата и 138.000 кои се вратија назад во Украина, што претставуваше нето миграција од 960 илјади лица.

Но, дури и со минатогодишното нагло опаѓање бројот на мигранти од Украина е значително поголем отколку во годините пред руската инвазија.

Значителен дел од Украинците кои се преселуваат во Германија се жени (60 отсто) и деца (34 отсто), најверојатно поради украинскиот закон што бара полнолетните мажи да останат во земјата додека трае војната.

За време на неговиот говор минатата недела на Минхенската безбедносна конференција, украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на европските земји што ги примија неговите сонародници кои побегнаа од војната. Тој нагласи дека неговата влада ги презема сите неопходни мерки за да ја направи земјата безбедна за да можат во иднина да се вратат во татковината.

Според прелиминарните податоци, околу 40 отсто од Украинците, кои до средината на 2023 година преминале во Германија, биле самохрани родители со деца.

Високото ниво на имиграција од Украина доведе до раст на бројот на Украинци во Германија од 138 илјади во јануари 2022 година на 1,15 милиона во октомври 2023 година. Според „Дестатис“, во овој период учеството на Украинците во вкупното население на Сојузна Република се зголемило од 0,2 отсто на 1,4 отсто.

„Ова ги прави Украинците втората најголема странска групација во Германија во октомври 2023 година по Турците (1,6 отсто или 1,39 милиона), објави Федералната служба за статистика.

The post Забавена миграција на Укранците кон Германија appeared first on Република.

]]>

Според извештајот на германскиот Федерален завод за статистика – Дестатис, Во Германија лани имало значително помалку преселувања од Украина, во споредба со претходната година, кога Русија ја започна воената инвазија на соседната земја, јави ДПА. Дестатис посочува дека во 2023 година, во Германија од Украина се преселиле 277.000 лица, додека 156.000 лица заминале во спротивен правец, „што резултираше со нето имиграција од 121.000 лица“. Во 2022 година, Германија регистрираше 1,1 милион Украинци кои пристигнаа во земјата и 138.000 кои се вратија назад во Украина, што претставуваше нето миграција од 960 илјади лица. Но, дури и со минатогодишното нагло опаѓање бројот на мигранти од Украина е значително поголем отколку во годините пред руската инвазија. Значителен дел од Украинците кои се преселуваат во Германија се жени (60 отсто) и деца (34 отсто), најверојатно поради украинскиот закон што бара полнолетните мажи да останат во земјата додека трае војната. За време на неговиот говор минатата недела на Минхенската безбедносна конференција, украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на европските земји што ги примија неговите сонародници кои побегнаа од војната. Тој нагласи дека неговата влада ги презема сите неопходни мерки за да ја направи земјата безбедна за да можат во иднина да се вратат во татковината. Според прелиминарните податоци, околу 40 отсто од Украинците, кои до средината на 2023 година преминале во Германија, биле самохрани родители со деца. Високото ниво на имиграција од Украина доведе до раст на бројот на Украинци во Германија од 138 илјади во јануари 2022 година на 1,15 милиона во октомври 2023 година. Според „Дестатис“, во овој период учеството на Украинците во вкупното население на Сојузна Република се зголемило од 0,2 отсто на 1,4 отсто.
„Ова ги прави Украинците втората најголема странска групација во Германија во октомври 2023 година по Турците (1,6 отсто или 1,39 милиона), објави Федералната служба за статистика.

The post Забавена миграција на Укранците кон Германија appeared first on Република.

]]>
Од 1 април, возрасните Германци ќе можат да одгледуваат и поседуваат одредена количина марихуана за лична употреба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/od-1-april-vozrasnite-germantsi-ke-mozhat-da-odgleduvaat-i-poseduvaat-odredena-kolichina-marihuana-za-lichna-upotreba/ Thu, 22 Feb 2024 17:35:33 +0000 https://republika.mk/?p=747119

Законот за делумна легализација на канабисот ќе биде усвоен во петок во Бундестагот според планираното, изјави министерот за здравство Карл Лаутербах, пренесува германската новинска агенција (dpa).

„Со овој закон ќе постигнеме значително намалување на црниот пазар, подобра заштита на децата и младите и безбедни производи за потрошувачите“, рече Лаутербах.

Законот подготвен од владејачката коалиција предвидува слободна, но контролирана продажба на канабис, со бројни правила и спецификации.

Почнувајќи од 1 април, возрасните ќе можат да одгледуваат и поседуваат одредена количина марихуана за лична употреба. Од 1 јули ќе може да се отворат клубови за некомерцијално одгледување.

Законот беше критикуван од многу лекарски здруженија, судството и политичари од Министерството за внатрешни работи, и на федерално и на покраинско ниво.

Во Бундестагот законот ќе се гласа со прозивка на пратеници.

Новата регулатива потоа оди во Бундесратот, односно Федералниот совет, во кој членуваат претставници на сојузните држави. Сепак, не е потребна согласност од Бундесратот.

The post Од 1 април, возрасните Германци ќе можат да одгледуваат и поседуваат одредена количина марихуана за лична употреба appeared first on Република.

]]>

Законот за делумна легализација на канабисот ќе биде усвоен во петок во Бундестагот според планираното, изјави министерот за здравство Карл Лаутербах, пренесува германската новинска агенција (dpa).
„Со овој закон ќе постигнеме значително намалување на црниот пазар, подобра заштита на децата и младите и безбедни производи за потрошувачите“, рече Лаутербах.
Законот подготвен од владејачката коалиција предвидува слободна, но контролирана продажба на канабис, со бројни правила и спецификации. Почнувајќи од 1 април, возрасните ќе можат да одгледуваат и поседуваат одредена количина марихуана за лична употреба. Од 1 јули ќе може да се отворат клубови за некомерцијално одгледување. Законот беше критикуван од многу лекарски здруженија, судството и политичари од Министерството за внатрешни работи, и на федерално и на покраинско ниво. Во Бундестагот законот ќе се гласа со прозивка на пратеници. Новата регулатива потоа оди во Бундесратот, односно Федералниот совет, во кој членуваат претставници на сојузните држави. Сепак, не е потребна согласност од Бундесратот.

The post Од 1 април, возрасните Германци ќе можат да одгледуваат и поседуваат одредена количина марихуана за лична употреба appeared first on Република.

]]>
Уште еден македонски граѓанин убиен во Германија: Жена избодена од сопругот пред очите на синот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ushte-eden-makedonski-graganin-ubien-vo-germanija-zhena-izbodena-od-soprugot-pred-ochite-na-sinot/ Thu, 22 Feb 2024 15:44:06 +0000 https://republika.mk/?p=746946

Уште едно убиство на македонски државјанин во Есен, Германија. Во  стан, 41 годишна жена  била избодена од сопругот пред очите на нејзиниот осумгодишен син. Таа веднаш искрварила до смрт.

Постариот син (16) ја известил полицијата за ужасниот настан. Кога дошол дома околу 19 часот, неговиот помал брат стоел пред заклучената врата од станот. Тој бил целосно вознемирен и рекол дека мајка му била внатре и лежела на подот повредена.

Полицајците кои пристигнале ја пронашле жената облеана во крв во станот во областа Креј. Лекарот од итната медицинска помош и болничарите се обиделе да ја реанимираат мајката. За жал залудно.

Пред неколку дена во истиот град беше смртно претепан Емре Исмаил од Жировница.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bil-zlatno-dete-i-golem-patriot-emre-od-zhirovnitsa-e-ubieniot-vo-germanija/

The post Уште еден македонски граѓанин убиен во Германија: Жена избодена од сопругот пред очите на синот appeared first on Република.

]]>

Уште едно убиство на македонски државјанин во Есен, Германија. Во  стан, 41 годишна жена  била избодена од сопругот пред очите на нејзиниот осумгодишен син. Таа веднаш искрварила до смрт. Постариот син (16) ја известил полицијата за ужасниот настан. Кога дошол дома околу 19 часот, неговиот помал брат стоел пред заклучената врата од станот. Тој бил целосно вознемирен и рекол дека мајка му била внатре и лежела на подот повредена. Полицајците кои пристигнале ја пронашле жената облеана во крв во станот во областа Креј. Лекарот од итната медицинска помош и болничарите се обиделе да ја реанимираат мајката. За жал залудно. Пред неколку дена во истиот град беше смртно претепан Емре Исмаил од Жировница. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bil-zlatno-dete-i-golem-patriot-emre-od-zhirovnitsa-e-ubieniot-vo-germanija/

The post Уште еден македонски граѓанин убиен во Германија: Жена избодена од сопругот пред очите на синот appeared first on Република.

]]>
Тинејџер со нож нападнал ученици во Германија, најмалку четворица повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tinejdher-so-nozh-napadnal-uchenitsi-vo-germanija-najmalku-chetvoritsa-povredeni/ Thu, 22 Feb 2024 12:34:14 +0000 https://republika.mk/?p=747002

Еден ученик изутрината повредил со нож неколку соученици во средно училиште во градот Вупертал во западна Германија.

Напаѓачот потоа бил совладан и фатен. Тој исто така е повреден, но не се знае дали сам себеси се повредил или се повредил при апсењето.

Полицијата околу 10 часот добила повик дека ученик нападнал други ученици во гимназијата и повредил најмалку четири лица, пренесува „Билд“.

Засега не се знае кој степен се повредите.

The post Тинејџер со нож нападнал ученици во Германија, најмалку четворица повредени appeared first on Република.

]]>

Еден ученик изутрината повредил со нож неколку соученици во средно училиште во градот Вупертал во западна Германија. Напаѓачот потоа бил совладан и фатен. Тој исто така е повреден, но не се знае дали сам себеси се повредил или се повредил при апсењето. Полицијата околу 10 часот добила повик дека ученик нападнал други ученици во гимназијата и повредил најмалку четири лица, пренесува „Билд“. Засега не се знае кој степен се повредите.

The post Тинејџер со нож нападнал ученици во Германија, најмалку четворица повредени appeared first on Република.

]]>
Властите во Германија стравуваат дека легализацијата на канабисот ќе го зголеми криминалот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vlastite-vo-germanija-stravuvaat-deka-legalizatsijata-na-kanabisot-ke-go-zgolemi-kriminalot/ Wed, 21 Feb 2024 12:00:51 +0000 https://republika.mk/?p=746524

Министрите за внатрешни работи на германските сојузни покраини стравуваат дека легализацијата на канабисот ќе го зголеми опсегот на организираниот криминал.

Во писмото од конференцијата на министрите за внатрешни работи до германската Влада (СПД, Зелените и ФДП), се наведува дека „нацрт-законот масовно ја олеснува нелегалната трговија со канабис“.

Министрите се загрижени дека повеќе луѓе ќе користат канабис откако тој ќе стане легален. Тие стравуваат, повикувајќи се на оценката на експертите од криминалистичката полиција, дека тоа ќе го направи пазарот поголем и уште попривлечен за криминалците, бидејќи веќе има силна нелегална трговија со канабис.

Главното студио на јавниот сервис АРД имало пристап до тоа писмо, кое претходно го објави и „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

The post Властите во Германија стравуваат дека легализацијата на канабисот ќе го зголеми криминалот appeared first on Република.

]]>

Министрите за внатрешни работи на германските сојузни покраини стравуваат дека легализацијата на канабисот ќе го зголеми опсегот на организираниот криминал. Во писмото од конференцијата на министрите за внатрешни работи до германската Влада (СПД, Зелените и ФДП), се наведува дека „нацрт-законот масовно ја олеснува нелегалната трговија со канабис“. Министрите се загрижени дека повеќе луѓе ќе користат канабис откако тој ќе стане легален. Тие стравуваат, повикувајќи се на оценката на експертите од криминалистичката полиција, дека тоа ќе го направи пазарот поголем и уште попривлечен за криминалците, бидејќи веќе има силна нелегална трговија со канабис. Главното студио на јавниот сервис АРД имало пристап до тоа писмо, кое претходно го објави и „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

The post Властите во Германија стравуваат дека легализацијата на канабисот ќе го зголеми криминалот appeared first on Република.

]]>
Илина и Ева Соколовски го развеаја македонското победничко знаме среде Германија! https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ilina-i-eva-sokolovski-go-razveaja-makedonskoto-pobednichko-zname-srede-germanija/ Wed, 21 Feb 2024 09:24:52 +0000 https://republika.mk/?p=746441

Илина и Ева Соколовски се македонска спортска гордост, а тој епитет заслужено го добија, бидејќи скоро една деценија носат само металји во ритмичка гимнастика во Германија. Доказ за тоа дека Македонија навистина треба да се гордее со нив е и последниот натпревар каде Илина освои злато, а Ева бронза.

Овој викенд Илина и Ева се натпреварува во Верл, во Северна Вествалија на натпреварот Gaumeisterschaften 2024, кој е турнир со традиција. Иако имаа силна конкуренција, сепак,  Илина(17) освои првото место, додека Ева(14) го освои третото место .

Но, и двете немаат време да се израдуваат на медалјите, бидејќи нивната победничка мисија продолжува понатаму, на интернационални натпревари.

Илина овој турнир го мета како згревње, бидејќи идната недела заминува на еден од најголемите турнири по ритмичка гимнастика во Естонија, додека Ева на овој турнир ги комплетираше новите кореографи со кои ќе настапи на јуниорскто Балканско првество по ритмичка гимнастика кое ќе се одржи во Босна. Двете на овие интернационални натпревари ќе ја претставуваат Македонија.

Освен тоа Илина со голема помош од Макдонската федерација за гимнастка на чело со претседателот Љупчо Арнаудов, ќе ја преставува Македонија на Европско првенство по ритмичка гимнастика во сениорска конкуренција, кое ке се одржи во од 20-26 мај во Будимпешта.

-Заминувам за Естонија свесна е дека ќе се натпреварувам со елитата по ритмичка гимнастика. Посакувам секако, но не окекувам да се случи нешто поголемо. Сакам само да си измерам силите со најдобрите со моите нови кореографии и едноставно да ми биде подготовка за настап на  Европското првенство во Будимпешта, вели Илина.

Овие две македонски сонца со родителите живеат и растат во Германија. Иако се со  македонски пасош Германија се гордее што ги има, бидејќи и двете нижат само успеси, а Илина и поради резултатите и поради талентот веќе се натпреварува во Бундес лига.  Од минатата година Илина и Ева почнаа да ја претставуваат Македонија на интернационални натпревари. Нивниот сон е еден ден да ги бранат боите на македонското знаме на Олимпијата.

The post Илина и Ева Соколовски го развеаја македонското победничко знаме среде Германија! appeared first on Република.

]]>

Илина и Ева Соколовски се македонска спортска гордост, а тој епитет заслужено го добија, бидејќи скоро една деценија носат само металји во ритмичка гимнастика во Германија. Доказ за тоа дека Македонија навистина треба да се гордее со нив е и последниот натпревар каде Илина освои злато, а Ева бронза. Овој викенд Илина и Ева се натпреварува во Верл, во Северна Вествалија на натпреварот Gaumeisterschaften 2024, кој е турнир со традиција. Иако имаа силна конкуренција, сепак,  Илина(17) освои првото место, додека Ева(14) го освои третото место . Но, и двете немаат време да се израдуваат на медалјите, бидејќи нивната победничка мисија продолжува понатаму, на интернационални натпревари. Илина овој турнир го мета како згревње, бидејќи идната недела заминува на еден од најголемите турнири по ритмичка гимнастика во Естонија, додека Ева на овој турнир ги комплетираше новите кореографи со кои ќе настапи на јуниорскто Балканско првество по ритмичка гимнастика кое ќе се одржи во Босна. Двете на овие интернационални натпревари ќе ја претставуваат Македонија. Освен тоа Илина со голема помош од Макдонската федерација за гимнастка на чело со претседателот Љупчо Арнаудов, ќе ја преставува Македонија на Европско првенство по ритмичка гимнастика во сениорска конкуренција, кое ке се одржи во од 20-26 мај во Будимпешта. -Заминувам за Естонија свесна е дека ќе се натпреварувам со елитата по ритмичка гимнастика. Посакувам секако, но не окекувам да се случи нешто поголемо. Сакам само да си измерам силите со најдобрите со моите нови кореографии и едноставно да ми биде подготовка за настап на  Европското првенство во Будимпешта, вели Илина. Овие две македонски сонца со родителите живеат и растат во Германија. Иако се со  македонски пасош Германија се гордее што ги има, бидејќи и двете нижат само успеси, а Илина и поради резултатите и поради талентот веќе се натпреварува во Бундес лига.  Од минатата година Илина и Ева почнаа да ја претставуваат Македонија на интернационални натпревари. Нивниот сон е еден ден да ги бранат боите на македонското знаме на Олимпијата.

The post Илина и Ева Соколовски го развеаја македонското победничко знаме среде Германија! appeared first on Република.

]]>
Со стариот пасош веќе не може да се влезе во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-stariot-pasosh-veke-ne-mozhe-da-se-vleze-vo-germanija/ Tue, 20 Feb 2024 07:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=745926

Македонскиот пасош со старото име можеби се уште е во употреба во дел од европските земји, но не и во Германија. Дипломатски извори за Дојче Веле објаснуваат дека со пасошот без уставното име не може да се влезе во Германија, доколку патникот доаѓа од С Македонија или од трета држава.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, во понеделникот во изјава за медиумите посочи дека „стариот пасош се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово“. Според него, срамота е што не важи и во земјава заради важечкиот законски пропис, а решението го гледа во менување на Законот за патните исправи.

The post Со стариот пасош веќе не може да се влезе во Германија appeared first on Република.

]]>

Македонскиот пасош со старото име можеби се уште е во употреба во дел од европските земји, но не и во Германија. Дипломатски извори за Дојче Веле објаснуваат дека со пасошот без уставното име не може да се влезе во Германија, доколку патникот доаѓа од С Македонија или од трета држава. Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, во понеделникот во изјава за медиумите посочи дека „стариот пасош се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово“. Според него, срамота е што не важи и во земјава заради важечкиот законски пропис, а решението го гледа во менување на Законот за патните исправи.

The post Со стариот пасош веќе не може да се влезе во Германија appeared first on Република.

]]>
Германија и Украина заеднички ќе градат фабрика за муниција на украинска територија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-i-ukraina-zaednichki-ke-gradat-fabrika-za-munitsija-na-ukrainska-teritorija/ Sun, 18 Feb 2024 16:12:58 +0000 https://republika.mk/?p=745368

Германскиот концерн за производсво оружје и воена техника „Рајнметал“ ќе отвори нова фабрика за производство на муниција во Украина.

Соодветниот меморандум за новата фабрика е потпишан на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

Ова ќе биде заедничка фабрика со украинска компанија, која ќе биде партнер во овој проект.

The post Германија и Украина заеднички ќе градат фабрика за муниција на украинска територија appeared first on Република.

]]>

Германскиот концерн за производсво оружје и воена техника „Рајнметал“ ќе отвори нова фабрика за производство на муниција во Украина. Соодветниот меморандум за новата фабрика е потпишан на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Ова ќе биде заедничка фабрика со украинска компанија, која ќе биде партнер во овој проект.

The post Германија и Украина заеднички ќе градат фабрика за муниција на украинска територија appeared first on Република.

]]>
Германија и Франција заедно за организација на СП 2029 и 2031 https://arhiva3.republika.mk/vesti/germanija-i-frantsija-zaedno-za-organizatsija-na-sp-2029-i-2031/ Sun, 18 Feb 2024 10:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=745290

Германија и Франција ќе имаат заедничка кандидатура за организација на Светското првенство во 2029 година и во 2031 година.

Двете федерации објавија дека посакуваат да бидат организатори на уште еден голем настан, но ќе имаат силна конкуренција.

За организација на двата Мундијала, свои апликации имаат поднесено Исланд, Данска и Норвешка, како и Саудиска Арабија, односно Унгарија.

Со оглед на тоа што Германија веќе ја има организацијата на СП 2027, тешко е за верување дека ќе ја добие и за СП 2029, а јасно е дека ИХФ планира еден од овие два големи настани да се одржи во Саудиска Арабија.

Извршниот Комитет на ИХФ одлуката за доделување на домаќинствата на големите настани ќе ја донесе на 16 април.

The post Германија и Франција заедно за организација на СП 2029 и 2031 appeared first on Република.

]]>

Германија и Франција ќе имаат заедничка кандидатура за организација на Светското првенство во 2029 година и во 2031 година. Двете федерации објавија дека посакуваат да бидат организатори на уште еден голем настан, но ќе имаат силна конкуренција. За организација на двата Мундијала, свои апликации имаат поднесено Исланд, Данска и Норвешка, како и Саудиска Арабија, односно Унгарија. Со оглед на тоа што Германија веќе ја има организацијата на СП 2027, тешко е за верување дека ќе ја добие и за СП 2029, а јасно е дека ИХФ планира еден од овие два големи настани да се одржи во Саудиска Арабија. Извршниот Комитет на ИХФ одлуката за доделување на домаќинствата на големите настани ќе ја донесе на 16 април.

The post Германија и Франција заедно за организација на СП 2029 и 2031 appeared first on Република.

]]>
Откриени тајни документи: Ватикан и Германија се залагале за независност само на Хрватска и Словенија, православната Македонија не ја сметале за жива https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/otkrieni-tajni-dokumenti-vatikan-i-germanija-se-zalagale-za-nezavisnost-samo-na-hrvatska-i-slovenija-pravoslavnata-makedonija-ne-ja-smetale-za-zhiva/ Thu, 15 Feb 2024 20:40:27 +0000 https://republika.mk/?p=744466

Распадот на Југославија воопшто не бил случаен а клучна улога му припаднал на Ватикан, кога папа беше Јован Павле Втори. За тоа сведочат документите од кабинетот на Хелмут Кол, кој беше германски канцелар од 1982 до 1998 година.

Неколку стотици од овие документи беа објавени од Дигиталниот центар Вилсон со седиште во Вашингтон по истекот на рокот од 30 години, по што станаа достапни за јавноста. Така се пронајдени транскриптите од разговорите на канцеларот Кол. Меѓу нив е и телефонскиот разговор меѓу Кол и тогашниот италијански премиер Џулијен Андреоти.

- Оодлуката за признавање на независноста на Словенија и Хрватска може да биде донесена со уште пет или шест земји. Клучно е оваа група да не наликува на коалицијата од 1941 година (Германија и Италија). Пред се, важно е да ја имате Франција со вас, можеби и Шпанија. Ватикан интензивно работи на признавање на независноста – рекол Кол.

Италијанскиот премиер Андреоти одговори дека го знае тоа.

– Премиерот Андреоти вели дека Ватикан не сака да биде прв, туку да го турка другиот да го направи тоа. Би било добро Германија, Италија, Австрија или Унгарија први да ја признаат независноста - се наведува во транскриптот.

Услуга на Ватикан и Берлин им направи Исланд, кој на 19 декември 1991 година прв ја призна Хрватска, но и Литванија, Летонија и Естонија 10 дена пред официјалното распуштање на СССР. Истиот ден Берлин донесе одлука за признавање, која стапи во сила на 15 јануари. Старата коалиција од 1941 година беше прикриена од Ватикан објавувајќи го признавањето на Хрватска на 13 јануари 1992 година, Сан Марино на 14 јануари, а еден ден подоцна тоа го сториле сите 12 земји на ЕУ.

The post Откриени тајни документи: Ватикан и Германија се залагале за независност само на Хрватска и Словенија, православната Македонија не ја сметале за жива appeared first on Република.

]]>

Распадот на Југославија воопшто не бил случаен а клучна улога му припаднал на Ватикан, кога папа беше Јован Павле Втори. За тоа сведочат документите од кабинетот на Хелмут Кол, кој беше германски канцелар од 1982 до 1998 година. Неколку стотици од овие документи беа објавени од Дигиталниот центар Вилсон со седиште во Вашингтон по истекот на рокот од 30 години, по што станаа достапни за јавноста. Така се пронајдени транскриптите од разговорите на канцеларот Кол. Меѓу нив е и телефонскиот разговор меѓу Кол и тогашниот италијански премиер Џулијен Андреоти.
- Оодлуката за признавање на независноста на Словенија и Хрватска може да биде донесена со уште пет или шест земји. Клучно е оваа група да не наликува на коалицијата од 1941 година (Германија и Италија). Пред се, важно е да ја имате Франција со вас, можеби и Шпанија. Ватикан интензивно работи на признавање на независноста – рекол Кол.
Италијанскиот премиер Андреоти одговори дека го знае тоа.
– Премиерот Андреоти вели дека Ватикан не сака да биде прв, туку да го турка другиот да го направи тоа. Би било добро Германија, Италија, Австрија или Унгарија први да ја признаат независноста - се наведува во транскриптот.
Услуга на Ватикан и Берлин им направи Исланд, кој на 19 декември 1991 година прв ја призна Хрватска, но и Литванија, Летонија и Естонија 10 дена пред официјалното распуштање на СССР. Истиот ден Берлин донесе одлука за признавање, која стапи во сила на 15 јануари. Старата коалиција од 1941 година беше прикриена од Ватикан објавувајќи го признавањето на Хрватска на 13 јануари 1992 година, Сан Марино на 14 јануари, а еден ден подоцна тоа го сториле сите 12 земји на ЕУ.

The post Откриени тајни документи: Ватикан и Германија се залагале за независност само на Хрватска и Словенија, православната Македонија не ја сметале за жива appeared first on Република.

]]>
Германија наскоро веќе нема да биде индустриска сила – економијата „се сели“ во други земји https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-naskoro-veke-nema-da-bide-industriska-sila-ekonomijata-se-seli-vo-drugi-zemji/ Sun, 11 Feb 2024 10:31:57 +0000 https://republika.mk/?p=742551

Германија наскоро ќе престане да биде индустриска сила, пишува „Блумберг“.

Иако беа избегнати најлошите сценарија, како на пример останување без греење во домовите и ограничувања за користење на гас, цените остануваат повисоки отколку во другите земји, пишува во текстот.

Основните гранки на германската индустрија се во опаѓање. САД се оддалечуваат од Европа и почнуваат да се натпреваруваат со своите трансатлантски сојузници. Кина станува сериозен ривал и повеќе не купува германски стоки толку често. Најголемиот удар за производителите на тешката индустрија е прекинот на снабдување со големи количини евтин руски гас“, анализира Блумберг.

Во статијата се додава дека заедно со надворешните фактори, внатрешните превирања во Германија, вклучително и недостатокот на инвестиции во различни сектори и стареењето на работната сила, само ја влошуваат ситуацијата за официјален Берлин.

Се затвораат најстарите фабрики и фирми во земјава, пишува авторот.

Во истовреме, за тешката состојба на индустријата во Германија пишува и „Билд“, од каде алармираат дека германската економија „се сели“ во други земји.

Во текстот на „Билд“ се наведува дека најголемите проблеми се поврзани со цените на енергијата. Затоа, плановите на локалните корпорации и индустрии за мигрирање во странство се интензивираат.

Во овој момент, двојно повеќе компании ја напуштаат земјава во однос на 2022 година (кога беше 16%), пишува „Билд“.

The post Германија наскоро веќе нема да биде индустриска сила – економијата „се сели“ во други земји appeared first on Република.

]]>

Германија наскоро ќе престане да биде индустриска сила, пишува „Блумберг“. Иако беа избегнати најлошите сценарија, како на пример останување без греење во домовите и ограничувања за користење на гас, цените остануваат повисоки отколку во другите земји, пишува во текстот.
Основните гранки на германската индустрија се во опаѓање. САД се оддалечуваат од Европа и почнуваат да се натпреваруваат со своите трансатлантски сојузници. Кина станува сериозен ривал и повеќе не купува германски стоки толку често. Најголемиот удар за производителите на тешката индустрија е прекинот на снабдување со големи количини евтин руски гас“, анализира Блумберг.
Во статијата се додава дека заедно со надворешните фактори, внатрешните превирања во Германија, вклучително и недостатокот на инвестиции во различни сектори и стареењето на работната сила, само ја влошуваат ситуацијата за официјален Берлин.
Се затвораат најстарите фабрики и фирми во земјава, пишува авторот.
Во истовреме, за тешката состојба на индустријата во Германија пишува и „Билд“, од каде алармираат дека германската економија „се сели“ во други земји. Во текстот на „Билд“ се наведува дека најголемите проблеми се поврзани со цените на енергијата. Затоа, плановите на локалните корпорации и индустрии за мигрирање во странство се интензивираат.
Во овој момент, двојно повеќе компании ја напуштаат земјава во однос на 2022 година (кога беше 16%), пишува „Билд“.

The post Германија наскоро веќе нема да биде индустриска сила – економијата „се сели“ во други земји appeared first on Република.

]]>
Најпознатиот германски синџир на стоковни куќи оди во банкрот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najpoznatiot-germanski-sindhir-na-stokovni-kuki-odi-vo-bankrot/ Sun, 11 Feb 2024 07:51:12 +0000 https://republika.mk/?p=739855

Најпознатиот германски синџир на стоковни куќи „КаДеВе“ (KaDeWe) оди во банкрот.

Првата продавница што ќе се затвори ќе биде во Берлин, а потоа во Хамбург и други градови. Стечајот се должи на големите долгови на синџирот, зголемените трошоци за енергија и изнајмување и остриот пад на продажбата.

„Kaufhaus des Westens“ (германски значи „Трговска куќа на Западот“), со кратенка „КаДеВе“, има стоковна куќа во берлинскиот кварт Шенеберг. Таа некогаш се сметаше за најголема во континентална Европа и беше една од петте најголеми стоковни куќи во светот.

Основана во 1905 година од страна на бизнисменот Адолф Јандорф, зградата е дизајнирана од архитектот Јохан Емил Шаудт. Трговската куќа е отворена во април 1907 година. Се протега на 43.000 квадратни метри малопродажен простор, седум ката, над четвртина милион производи, а одделот за сувомеснати производи нуди околу 500 сорти леб и речиси 1.800 видови сирење.

„КаДеВе“ вработува приближно 2.400 луѓе и генерира продажба од 800 милиони евра годишно.

The post Најпознатиот германски синџир на стоковни куќи оди во банкрот appeared first on Република.

]]>

Најпознатиот германски синџир на стоковни куќи „КаДеВе“ (KaDeWe) оди во банкрот. Првата продавница што ќе се затвори ќе биде во Берлин, а потоа во Хамбург и други градови. Стечајот се должи на големите долгови на синџирот, зголемените трошоци за енергија и изнајмување и остриот пад на продажбата. „Kaufhaus des Westens“ (германски значи „Трговска куќа на Западот“), со кратенка „КаДеВе“, има стоковна куќа во берлинскиот кварт Шенеберг. Таа некогаш се сметаше за најголема во континентална Европа и беше една од петте најголеми стоковни куќи во светот. Основана во 1905 година од страна на бизнисменот Адолф Јандорф, зградата е дизајнирана од архитектот Јохан Емил Шаудт. Трговската куќа е отворена во април 1907 година. Се протега на 43.000 квадратни метри малопродажен простор, седум ката, над четвртина милион производи, а одделот за сувомеснати производи нуди околу 500 сорти леб и речиси 1.800 видови сирење. „КаДеВе“ вработува приближно 2.400 луѓе и генерира продажба од 800 милиони евра годишно.

The post Најпознатиот германски синџир на стоковни куќи оди во банкрот appeared first on Република.

]]>
Илјадници Германци излегоа на протести против екстремната десница https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iljadnitsi-germantsi-izlegoa-na-protesti-protiv-ekstremnata-desnitsa/ Sat, 10 Feb 2024 19:28:28 +0000 https://republika.mk/?p=742621

Во Германија повторно денеска илјадници луѓе протестираа против растечкиот десничарски екстремизам, а фокусот на демонстрациите беше во помалите градови.

„Никогаш повеќе е токму сега“, „Стоп за ширењето на омразата“ и „Рамо до рамо против фашизмот“ извикуваа демонстрантите на митинзите организирани од црковни здруженија, синдикати и организации за заштита на човековите права.

Бранот протести кој трае речиси еден месец започна откако медиумите објавија дека на крајот на ноември во Потсдам се одржал состанок на екстремните десничари, на кој учествувале претставници на десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД) и ултраконзервативното крило на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

На средбата се разговарало за можни депортации на германски жители со странско потекло во случај овие партии да дојдат на власт. Од почетокот на протестите, популарноста на АфД на федерално ниво малку падна и сега се движи околу 20 отсто.

Но, таа партијата, има повеќе од 30 отсто поддршка и сè уште е најсилната политичка сила во некои источногермански сојузни покраини каде што годинава се одржуваат локални избори. Протестите продолжуваат и утре.

https://youtu.be/t8dAg5vIMjc

The post Илјадници Германци излегоа на протести против екстремната десница appeared first on Република.

]]>

Во Германија повторно денеска илјадници луѓе протестираа против растечкиот десничарски екстремизам, а фокусот на демонстрациите беше во помалите градови. „Никогаш повеќе е токму сега“, „Стоп за ширењето на омразата“ и „Рамо до рамо против фашизмот“ извикуваа демонстрантите на митинзите организирани од црковни здруженија, синдикати и организации за заштита на човековите права. Бранот протести кој трае речиси еден месец започна откако медиумите објавија дека на крајот на ноември во Потсдам се одржал состанок на екстремните десничари, на кој учествувале претставници на десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД) и ултраконзервативното крило на Христијанско-демократската унија (ЦДУ). На средбата се разговарало за можни депортации на германски жители со странско потекло во случај овие партии да дојдат на власт. Од почетокот на протестите, популарноста на АфД на федерално ниво малку падна и сега се движи околу 20 отсто. Но, таа партијата, има повеќе од 30 отсто поддршка и сè уште е најсилната политичка сила во некои источногермански сојузни покраини каде што годинава се одржуваат локални избори. Протестите продолжуваат и утре. https://youtu.be/t8dAg5vIMjc

The post Илјадници Германци излегоа на протести против екстремната десница appeared first on Република.

]]>
Дедото на германската шефица на дипломатијата, Аналена Бербок, бил жесток нацист и офицер на Хитлер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dedoto-na-germanskata-shefitsa-na-diplomatijata-analena-berbok-bil-zhestok-natsist-i-ofitser-na-hitler/ Sat, 10 Feb 2024 11:41:28 +0000 https://republika.mk/?p=742440

Германскиот весник „Билд“ објави дека дедото на германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок бил „жсток нацист“.

Таблоидот објави документи во кои се споменува дедото на Бербок по име Валдемар. Во текстот се наведува дека тој бил офицер на Вермахтот, кој служел во противвоздушната одбрана и бил „целосно на страната на националсоцијализмот“.

Досието што го објавува „Билд“ содржи проценка дека полковникот Валдемар Бербок не само што бил офицер на Вермахтот, туку и жесток поддржувач на нацизмот. Се вели вели дека тој бил „безусловен националсоцијалист“, ја прочитал книгата на Хитлер „Мајн Кампф“ и „стоел целосно врз основа на националсоцијализмот“.

Исто така, во текстот се додава дека во 1944 година, на дедото на Бербок му бил доделен Хитлеров крст за воени заслуги.

Аналена Барбок, во своите јавни настапи, сака да зборува на комеморативни настани за нејзиниот дедо Валдемар (1913-2016) и поуките од неговиот воен живот.

Од германското МНР соопштија дека документите презентирани од „Билд“  „не и биле познати на министерката Бербок“.

The post Дедото на германската шефица на дипломатијата, Аналена Бербок, бил жесток нацист и офицер на Хитлер appeared first on Република.

]]>

Германскиот весник „Билд“ објави дека дедото на германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок бил „жсток нацист“. Таблоидот објави документи во кои се споменува дедото на Бербок по име Валдемар. Во текстот се наведува дека тој бил офицер на Вермахтот, кој служел во противвоздушната одбрана и бил „целосно на страната на националсоцијализмот“. Досието што го објавува „Билд“ содржи проценка дека полковникот Валдемар Бербок не само што бил офицер на Вермахтот, туку и жесток поддржувач на нацизмот. Се вели вели дека тој бил „безусловен националсоцијалист“, ја прочитал книгата на Хитлер „Мајн Кампф“ и „стоел целосно врз основа на националсоцијализмот“. Исто така, во текстот се додава дека во 1944 година, на дедото на Бербок му бил доделен Хитлеров крст за воени заслуги. Аналена Барбок, во своите јавни настапи, сака да зборува на комеморативни настани за нејзиниот дедо Валдемар (1913-2016) и поуките од неговиот воен живот. Од германското МНР соопштија дека документите презентирани од „Билд“  „не и биле познати на министерката Бербок“.

The post Дедото на германската шефица на дипломатијата, Аналена Бербок, бил жесток нацист и офицер на Хитлер appeared first on Република.

]]>
Патните листови со кои иселениците ќе се враќаат во Македонија ќе чинат 30 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/patnite-listovi-so-koi-iselenitsite-ke-se-vrakaat-vo-makedonija-ke-chinat-30-evra/ Fri, 09 Feb 2024 10:13:31 +0000 https://republika.mk/?p=742126

Иселениците што имаат стар пасош по 12 февруари ќе можат да си дојдат во Македонија со патен лист, соопштија од македонската амбасада во Берлин.

Оттаму истакнуваат дека Македонците можат да поднесат барање за нов пасош и дека времето за издавање од денот на поднесување во просек изнесува 50-75 дена:

Во врска со законската одредба од Член 3 од Законот за патни исправи објавен во „Службен весник“ број 122/21 кој гласи „Патните исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во патната исправа, најдоцна до 12 февруари 2024 година и во тие рамки обврската на македонските државјани кои по разни основи престојуваат во СР Германија (воедно и во Полска и Чешка) за аплицирање за издавање на нови патни исправи со новото уставно име „Република Cеверна Македонија“, известуваме за следното:

Сите македонски државјани кои престојуваат во СР Германија може да аплицираат за издавање на пасош во најблиското дипломатско конзуларно претставништво на Македонија и тоа според следната поделба:

· Амбасадата во Берлин е надлежна за сојузните држави Берлин и Бранденбург, Тирингија, Саксонија, Долна Саксонија, Саксонија-Анхалт, Хамбург, Шлезвиг-Холштајн и Мекленбург- Померанија (Berlin und Brandenburg, Thüringen, Sachsen, Niedersachsen, Sachsen-Anhalt, Hamburg, Schleswig-Holstein und Mecklenburg-Vorpommern).
· Одделението во Бон е надлежно за сојузните држави Северна Рајна-Вестфалија, Рајнланд-Пфалц, Сарланд и Хесе (Nordrhein Westfalen, Rheinland-Pfalz, Saarland und Hessen).
· Генералниот конзулат во Минхен е надлежен за Баварија и Баден-Виртемберг (Bayern und Baden-Württemberg).
Аплицирањето се врши со претходно телефонско или по електронска комуникација закажување на термин за сликање за нова патна исправа на следните електронски адреси: berlin@mfa.gov.mk, bonn@mfa.gov.mk и munich@mfa.gov.mk.

Информираме дека базни станици за издавање на пасоши покрај оние во СР Германија, има и во амбасадите во: Берн, Виена, Љубљана, Лондон, Генералните конзулати во Њујорк и Чикаго. Мобилни станици за издавање пасоши се поставени во: амбасадите во Брисел, Стокхолм, и генералните конзулати во Венеција, Торонто и Мелбурн.

Ги информираме сите кои ќе поднесат барање за нова патна исправа дека времето за издавање на нов пасош од денот на поднесување на барањето во просек изнесува 50-75 дена, по што пасошите можат да ги лично да ги подигнат во ДКП каде го поднеле барањето.

Доколку државјаните на Република Македонија кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година се уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање на пасоши во РС Македонија, истите можат да се вратат во земјата со Патен лист кој се вади без термин, со важност на траење од 30 дена од денот на издавање и служи само за враќање во државата.

Напоменуваме дека при издавањето на патните листови пасошите со старото уставно име „Република Македонија“ да не бидат поништувани. Потребни документи за издавање на патен лист: пасош, пополнето барање за издавање на патен лист, две слики и конзуларна такса 30 евра.

The post Патните листови со кои иселениците ќе се враќаат во Македонија ќе чинат 30 евра appeared first on Република.

]]>

Иселениците што имаат стар пасош по 12 февруари ќе можат да си дојдат во Македонија со патен лист, соопштија од македонската амбасада во Берлин. Оттаму истакнуваат дека Македонците можат да поднесат барање за нов пасош и дека времето за издавање од денот на поднесување во просек изнесува 50-75 дена: Во врска со законската одредба од Член 3 од Законот за патни исправи објавен во „Службен весник“ број 122/21 кој гласи „Патните исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во патната исправа, најдоцна до 12 февруари 2024 година и во тие рамки обврската на македонските државјани кои по разни основи престојуваат во СР Германија (воедно и во Полска и Чешка) за аплицирање за издавање на нови патни исправи со новото уставно име „Република Cеверна Македонија“, известуваме за следното: Сите македонски државјани кои престојуваат во СР Германија може да аплицираат за издавање на пасош во најблиското дипломатско конзуларно претставништво на Македонија и тоа според следната поделба: · Амбасадата во Берлин е надлежна за сојузните држави Берлин и Бранденбург, Тирингија, Саксонија, Долна Саксонија, Саксонија-Анхалт, Хамбург, Шлезвиг-Холштајн и Мекленбург- Померанија (Berlin und Brandenburg, Thüringen, Sachsen, Niedersachsen, Sachsen-Anhalt, Hamburg, Schleswig-Holstein und Mecklenburg-Vorpommern). · Одделението во Бон е надлежно за сојузните држави Северна Рајна-Вестфалија, Рајнланд-Пфалц, Сарланд и Хесе (Nordrhein Westfalen, Rheinland-Pfalz, Saarland und Hessen). · Генералниот конзулат во Минхен е надлежен за Баварија и Баден-Виртемберг (Bayern und Baden-Württemberg). Аплицирањето се врши со претходно телефонско или по електронска комуникација закажување на термин за сликање за нова патна исправа на следните електронски адреси: berlin@mfa.gov.mk, bonn@mfa.gov.mk и munich@mfa.gov.mk. Информираме дека базни станици за издавање на пасоши покрај оние во СР Германија, има и во амбасадите во: Берн, Виена, Љубљана, Лондон, Генералните конзулати во Њујорк и Чикаго. Мобилни станици за издавање пасоши се поставени во: амбасадите во Брисел, Стокхолм, и генералните конзулати во Венеција, Торонто и Мелбурн. Ги информираме сите кои ќе поднесат барање за нова патна исправа дека времето за издавање на нов пасош од денот на поднесување на барањето во просек изнесува 50-75 дена, по што пасошите можат да ги лично да ги подигнат во ДКП каде го поднеле барањето. Доколку државјаните на Република Македонија кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година се уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање на пасоши во РС Македонија, истите можат да се вратат во земјата со Патен лист кој се вади без термин, со важност на траење од 30 дена од денот на издавање и служи само за враќање во државата. Напоменуваме дека при издавањето на патните листови пасошите со старото уставно име „Република Македонија“ да не бидат поништувани. Потребни документи за издавање на патен лист: пасош, пополнето барање за издавање на патен лист, две слики и конзуларна такса 30 евра.

The post Патните листови со кои иселениците ќе се враќаат во Македонија ќе чинат 30 евра appeared first on Република.

]]>
Персоналот на аеродромите во Франкфурт и Минхен почна 27-часовен штрајк https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/personalot-na-aerodromite-vo-frankfurt-i-minhen-pochna-27-chasoven-shtrajk/ Wed, 07 Feb 2024 08:37:29 +0000 https://republika.mk/?p=741287

Штрајкот на копнениот персонал на Луфтханза започна на неколку германски аеродроми, потврди утринава портпаролот на синдикатот Верди во Франкфурт, јави ДПА.

Аеродромите во Франкфурт и Минхен ќе бидат најтешко погодени. Луфтханза, најголемата германска авиокомпанија, откажа меѓу 80 проценти и 90 отсто од своите околу илјада летови закажани за денеска.

Верди ги повика и вработените во различни компании на Луфтханза во Хамбург, Берлин и Дизелдорф да преземат индустриски мерки.

Според компанијата, повеќе од 100.000 патници ќе мора да ги презакажат своите летови. На другите аеродроми во Германија генерално беа откажани врските до и од Франкфурт и Минхен.

Билетите за домашни германски летови може да се претворат во ваучери за железнички патувања, соопшти авиокомпанијата.

Луфтханза предупреди дека не треба да доаѓаат на аеродромот патниците чиј лет е откажан, бидејќи шалтерите за пререзервации нема да бидат екипирани.

Во центрите во Минхен и Франкфурт, екипажот за кратки летови ќе им даде приоритет на услугите на странските подружници на Луфтханза, Swiss, Austrian и Brussels Airlines со цел да ги одржат своите мрежи оперативни.

Индустриската акција е одговор на тековните преговори за платите на Групацијата Луфтханза за приближно 25.000 вработени во копнената екипа во Deutsche Lufthansa, Lufthansa Technik и Lufthansa Cargo.

Одбиена е понудата на работодавачите во вториот круг преговори на 23 јануари.

The post Персоналот на аеродромите во Франкфурт и Минхен почна 27-часовен штрајк appeared first on Република.

]]>

Штрајкот на копнениот персонал на Луфтханза започна на неколку германски аеродроми, потврди утринава портпаролот на синдикатот Верди во Франкфурт, јави ДПА. Аеродромите во Франкфурт и Минхен ќе бидат најтешко погодени. Луфтханза, најголемата германска авиокомпанија, откажа меѓу 80 проценти и 90 отсто од своите околу илјада летови закажани за денеска. Верди ги повика и вработените во различни компании на Луфтханза во Хамбург, Берлин и Дизелдорф да преземат индустриски мерки. Според компанијата, повеќе од 100.000 патници ќе мора да ги презакажат своите летови. На другите аеродроми во Германија генерално беа откажани врските до и од Франкфурт и Минхен. Билетите за домашни германски летови може да се претворат во ваучери за железнички патувања, соопшти авиокомпанијата. Луфтханза предупреди дека не треба да доаѓаат на аеродромот патниците чиј лет е откажан, бидејќи шалтерите за пререзервации нема да бидат екипирани. Во центрите во Минхен и Франкфурт, екипажот за кратки летови ќе им даде приоритет на услугите на странските подружници на Луфтханза, Swiss, Austrian и Brussels Airlines со цел да ги одржат своите мрежи оперативни. Индустриската акција е одговор на тековните преговори за платите на Групацијата Луфтханза за приближно 25.000 вработени во копнената екипа во Deutsche Lufthansa, Lufthansa Technik и Lufthansa Cargo. Одбиена е понудата на работодавачите во вториот круг преговори на 23 јануари.

The post Персоналот на аеродромите во Франкфурт и Минхен почна 27-часовен штрајк appeared first on Република.

]]>