германци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/germanci/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Aug 2023 14:21:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png германци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/germanci/ 32 32 Речиси две третини Германци сакаат нова влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rechisi-dve-tretini-germantsi-sakaat-nova-vlada/ Sat, 19 Aug 2023 14:21:58 +0000 https://republika.mk/?p=673719

Речиси две третини од германските граѓани сакаат нова влада, според анкетата објавена деенска, само еден ден откако мнозинството изјави дека не се задоволни од работата на канцеларот Олаф Шолц и неговата коалициска влада во друга анкета.

Дури 64 отсто од испитаниците сметаат дека промената на власта би била добра за Германија, покажуваат резултатите од истражувањето на ИНСА за неделното издание на Билд.

Само 22 отсто од нив би сакале да ја задржат сегашната коалициска влада составена од социјалдемократите на Шолц (СПД), Зелените и бизнис-ориентираните Слободни демократи (ФДП).

Анкета во петокот покажа дека 51 отсто од Германците не се задоволни од Шолц како канцелар, а 58 отсто сметаат дека коалициската влада работи лошо.

Новата анкета покажува дека задоволството од Шолц и неговата СПД опаѓа, а сега 70 отсто од испитаниците се незадоволни од неговата работа, што е зголемување за 10 процентни поени во споредба со анкетата од пред четири недели.

Според анкетата на неделното издание на Билд, СПД го зголемува својот јаз во однос на десничарската Алтернатива за Германија (АфД) и сега има само 18 отсто поддршка, два процентни поени помалку од минатата недела, додека АфД остана на 21 проценти.

Опозицискиот конзервативен блок ЦДУ/ЦСУ има 27 отсто поддршка, Зелените 14 отсто, а ФДП осум отсто. Левичарската партија Die Linke остана непроменета на пет проценти.

The post Речиси две третини Германци сакаат нова влада appeared first on Република.

]]>

Речиси две третини од германските граѓани сакаат нова влада, според анкетата објавена деенска, само еден ден откако мнозинството изјави дека не се задоволни од работата на канцеларот Олаф Шолц и неговата коалициска влада во друга анкета. Дури 64 отсто од испитаниците сметаат дека промената на власта би била добра за Германија, покажуваат резултатите од истражувањето на ИНСА за неделното издание на Билд. Само 22 отсто од нив би сакале да ја задржат сегашната коалициска влада составена од социјалдемократите на Шолц (СПД), Зелените и бизнис-ориентираните Слободни демократи (ФДП). Анкета во петокот покажа дека 51 отсто од Германците не се задоволни од Шолц како канцелар, а 58 отсто сметаат дека коалициската влада работи лошо. Новата анкета покажува дека задоволството од Шолц и неговата СПД опаѓа, а сега 70 отсто од испитаниците се незадоволни од неговата работа, што е зголемување за 10 процентни поени во споредба со анкетата од пред четири недели. Според анкетата на неделното издание на Билд, СПД го зголемува својот јаз во однос на десничарската Алтернатива за Германија (АфД) и сега има само 18 отсто поддршка, два процентни поени помалку од минатата недела, додека АфД остана на 21 проценти. Опозицискиот конзервативен блок ЦДУ/ЦСУ има 27 отсто поддршка, Зелените 14 отсто, а ФДП осум отсто. Левичарската партија Die Linke остана непроменета на пет проценти.

The post Речиси две третини Германци сакаат нова влада appeared first on Република.

]]>
Три четвртини од Германците се незадоволни од Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tri-chetvrtini-od-germantsite-se-nezadovolni-od-vladata/ Tue, 11 Jul 2023 09:21:07 +0000 https://republika.mk/?p=659971

Околу три четвртини од Германците не се задоволни од работата на Владата, покажуваат резултатите од најновата анкета на Институтот Форса, објавена од радиодифузерот РТЛ.

Дури 77 отсто се изјасниле дека се помалку задоволни или воопшто не се задоволни од Владата.

Клучна тема во истражувањето беше контроверзниот закон за греење во Германија, кој има за цел да обезбеди најмалку 65 отсто од новите системи за греење да се напојуваат со обновлива енергија.

Како удар за владата на канцеларот Олаф Шолц, законот за греење беше стопиран од страна на највисокиот суд на Германија минатата недела, за да ги спречи пратениците да го префрлат прашањето во Парламентот. Законот е одложен до септември.

Истражувањето покажа дека 61 отсто од луѓето сметаат дека проблемот со законот за греење покажува дека коалицијата владее „непрофесионално и хаотично“.

Анкетата е спроведена на 1.002 граѓани на почетокот на месецов.

The post Три четвртини од Германците се незадоволни од Владата appeared first on Република.

]]>

Околу три четвртини од Германците не се задоволни од работата на Владата, покажуваат резултатите од најновата анкета на Институтот Форса, објавена од радиодифузерот РТЛ. Дури 77 отсто се изјасниле дека се помалку задоволни или воопшто не се задоволни од Владата. Клучна тема во истражувањето беше контроверзниот закон за греење во Германија, кој има за цел да обезбеди најмалку 65 отсто од новите системи за греење да се напојуваат со обновлива енергија. Како удар за владата на канцеларот Олаф Шолц, законот за греење беше стопиран од страна на највисокиот суд на Германија минатата недела, за да ги спречи пратениците да го префрлат прашањето во Парламентот. Законот е одложен до септември. Истражувањето покажа дека 61 отсто од луѓето сметаат дека проблемот со законот за греење покажува дека коалицијата владее „непрофесионално и хаотично“. Анкетата е спроведена на 1.002 граѓани на почетокот на месецов.

The post Три четвртини од Германците се незадоволни од Владата appeared first on Република.

]]>
Германците се помалку јадат месо https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germantsite-se-pomalku-jadat-meso/ Thu, 29 Jun 2023 07:34:23 +0000 https://republika.mk/?p=656308

Според германското Министерство за земјоделство, сè повеќе Германци ги заменуваат месните производи за протеини од растително потекло, но не сите се подготвени да се откажат од нив, пишува „Еуроњуз“.

И покрај тоа што се познати по нивната љубов кон колбасите и шницлите, Германците постојано јадат помалку месо во последните неколку години.

„Јадењето помалку месо дефинитивно придонесува и за животната средина и за животните. А исто така е здраво“, рече 28-годишен работник во локалната самоуправа на фестивалот за веганско лето во Берлин.

Бројките на германското Министерство за земјоделство покажуваат дека потрошувачката на месо се намалила на 52 килограми по лице во 2022 година, што е најниска бројка од почетокот на пресметките во 1989 година.

За споредба, бројката изнесуваше околу 61 килограм по човек пред само пет години.

Се чини дека грижите за благосостојбата на животните, климатските промени и повисоките цени ги натераа потрошувачите да бараат алтернативи за месото за да ги наполнат своите чинии.

Денес, 10 отсто од Германците се одлучуваат за храна од растителна основа во споредба со шест отсто во 2018 година.

The post Германците се помалку јадат месо appeared first on Република.

]]>

Според германското Министерство за земјоделство, сè повеќе Германци ги заменуваат месните производи за протеини од растително потекло, но не сите се подготвени да се откажат од нив, пишува „Еуроњуз“. И покрај тоа што се познати по нивната љубов кон колбасите и шницлите, Германците постојано јадат помалку месо во последните неколку години.
„Јадењето помалку месо дефинитивно придонесува и за животната средина и за животните. А исто така е здраво“, рече 28-годишен работник во локалната самоуправа на фестивалот за веганско лето во Берлин.
Бројките на германското Министерство за земјоделство покажуваат дека потрошувачката на месо се намалила на 52 килограми по лице во 2022 година, што е најниска бројка од почетокот на пресметките во 1989 година. За споредба, бројката изнесуваше околу 61 килограм по човек пред само пет години. Се чини дека грижите за благосостојбата на животните, климатските промени и повисоките цени ги натераа потрошувачите да бараат алтернативи за месото за да ги наполнат своите чинии. Денес, 10 отсто од Германците се одлучуваат за храна од растителна основа во споредба со шест отсто во 2018 година.

The post Германците се помалку јадат месо appeared first on Република.

]]>
Поради високите цени на гасот, 15 отсто Германци нема да можат да ги платат комуналните услуги https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poradi-visokite-ceni-na-gasot-15-otsto-germanci-nema-da-mozat-da-gi-platat-komunalnite-uslugi/ Wed, 31 Aug 2022 09:04:03 +0000 https://republika.mk/?p=545983

Германските комунални претпријатија проценуваат дека поради високите цени на гасот, до 15 отсто од нивните клиенти нема да можат да ги платат сметките за комунални услуги, изјави шефот на здруженијата VKU за медиумската групација Funke.

Околу 900 комунални претпријатија дистрибуираат две третини од гасот во Германија, а испорачуваат и струја, вода и топлинска енергија, го собираат отпадот и обезбедуваат широкопојасен пристап до интернет.

Претпријатијата купувале гас по многу високи цени, па се очекува дека од октомври ќе ги пренесат врз граѓаните низ планираните надоместоци за гасот.

Некои комунални претпријатија проценуваат дека до 15 отсто од клиентите нема да можат да ги платат сметките, вели во разговорот за Funke, директорот на Германското здружение на комуналните претпријатија (VKU), Ингберт Либинг.

Смета дека би требало да биде воведе мораториум на објавата на инсолвентност на добавувачите на енергијата, додавајќи и дека на претпријатијата ќе им биде потребна помош и есенва. Владата би требало да го намали ДДВ-то за гасот и струјата, предлага Либинг.

Социјалдемократска партија на Германија (SPD) веќе состави предлог кој предвидува заштита на комуналните претпријатија од инсолвентност, доколку бидат принудени да го набавуваат гасот по повисоки цени, напомнува агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на документ од владејачката партија.

The post Поради високите цени на гасот, 15 отсто Германци нема да можат да ги платат комуналните услуги appeared first on Република.

]]>

Германските комунални претпријатија проценуваат дека поради високите цени на гасот, до 15 отсто од нивните клиенти нема да можат да ги платат сметките за комунални услуги, изјави шефот на здруженијата VKU за медиумската групација Funke. Околу 900 комунални претпријатија дистрибуираат две третини од гасот во Германија, а испорачуваат и струја, вода и топлинска енергија, го собираат отпадот и обезбедуваат широкопојасен пристап до интернет. Претпријатијата купувале гас по многу високи цени, па се очекува дека од октомври ќе ги пренесат врз граѓаните низ планираните надоместоци за гасот.
Некои комунални претпријатија проценуваат дека до 15 отсто од клиентите нема да можат да ги платат сметките, вели во разговорот за Funke, директорот на Германското здружение на комуналните претпријатија (VKU), Ингберт Либинг.
Смета дека би требало да биде воведе мораториум на објавата на инсолвентност на добавувачите на енергијата, додавајќи и дека на претпријатијата ќе им биде потребна помош и есенва. Владата би требало да го намали ДДВ-то за гасот и струјата, предлага Либинг. Социјалдемократска партија на Германија (SPD) веќе состави предлог кој предвидува заштита на комуналните претпријатија од инсолвентност, доколку бидат принудени да го набавуваат гасот по повисоки цени, напомнува агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на документ од владејачката партија.

The post Поради високите цени на гасот, 15 отсто Германци нема да можат да ги платат комуналните услуги appeared first on Република.

]]>
Околу 3.8 милиони Германци никогаш не користеле интернет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/okolu-3-8-milioni-germanci-nikogash-ne-koristele-internet/ Tue, 05 Apr 2022 11:15:49 +0000 https://republika.mk/?p=483555

Околу шест отсто од германските државјани на возраст од 16 до 74 години, никогаш не користеле интернет, покажаа официјални податоци објавени денеска, јави ДПА.

Заводот за статистика соопшти дека ова одговара на околу 3.8 милиони луѓе, кои никогаш не биле онлајн.

Колку постари се луѓето, толку е поголем процентот на оние офлајн: највисок е меѓу лицата од 65 до 74 години – околу 21 отсто, меѓу 55 до 64 години – осум проценти, а под 55 години е најмногу три отсто.

Заводот за статистика го подвлече тоа, колку е потежок животот, за оние кои живеат надвор од интернетот во изминатите две години, со оглед на тоа колку услуги се префрлија онлајн за време на пандемијата на коронавирусот, од состаноци до испорака до дигитални сертификати за вакцина.

Низ Европската унија, просечната бројка за офлајн корисници беше осум отсто минатата година, но, има големи варијации меѓу земјите.

Според Еуростат, во Ирска, скандинавските земји, Холандија и во Луксембург, процентот на лица од 16 до 74 години, кои никогаш не користеле интернет, е под пет проценти.

Највисок процент имаше во Грција – 20, а потоа следуваа Бугарија и Португалија.

Според проценките на Меѓународната телекомуникациска унија на Обединетите нации, 37 отсто од светската популација никогаш не користела интернет – околу 2,9 милијарди луѓе ширум светот.

The post Околу 3.8 милиони Германци никогаш не користеле интернет appeared first on Република.

]]>

Околу шест отсто од германските државјани на возраст од 16 до 74 години, никогаш не користеле интернет, покажаа официјални податоци објавени денеска, јави ДПА. Заводот за статистика соопшти дека ова одговара на околу 3.8 милиони луѓе, кои никогаш не биле онлајн. Колку постари се луѓето, толку е поголем процентот на оние офлајн: највисок е меѓу лицата од 65 до 74 години – околу 21 отсто, меѓу 55 до 64 години – осум проценти, а под 55 години е најмногу три отсто. Заводот за статистика го подвлече тоа, колку е потежок животот, за оние кои живеат надвор од интернетот во изминатите две години, со оглед на тоа колку услуги се префрлија онлајн за време на пандемијата на коронавирусот, од состаноци до испорака до дигитални сертификати за вакцина. Низ Европската унија, просечната бројка за офлајн корисници беше осум отсто минатата година, но, има големи варијации меѓу земјите. Според Еуростат, во Ирска, скандинавските земји, Холандија и во Луксембург, процентот на лица од 16 до 74 години, кои никогаш не користеле интернет, е под пет проценти. Највисок процент имаше во Грција – 20, а потоа следуваа Бугарија и Португалија. Според проценките на Меѓународната телекомуникациска унија на Обединетите нации, 37 отсто од светската популација никогаш не користела интернет – околу 2,9 милијарди луѓе ширум светот.

The post Околу 3.8 милиони Германци никогаш не користеле интернет appeared first on Република.

]]>