герман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/german/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Feb 2023 14:07:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png герман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/german/ 32 32 Втор ден се пробива патот до Герман, село Дренак отсечено веќе петти ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vtor-den-se-probiva-patot-do-german-selo-drenak-otsecheno-veke-petti-den/ Mon, 06 Feb 2023 14:07:48 +0000 https://republika.mk/?p=605518

Повеќе од половина од трасата на регионалниот пат Ранковце-село Герман е пробиена, а екипите на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патни правци, секција Крива Паланка веќе втор ден интензивно го пробиваат овој правец.

Како што информира раководителот на секцијата Боби Димитровски, се работи во екстремно лоши услови, висината на снежната покривка е околу осумдесетина сантиметри, а силниот ветар континуирано прави навеви на патот, високи и над еден метар.

Овој патен правец е планински, работиме интензивно, условите се отежнати, но веќе успешно е расчистен поголем дел од трасата. Машините се стасани до село П'клиште, очекувам дека до крајот на денот ќе биде пробиен и расчистен целиот пат. Инаку, сите останати регионални патни правци, кон повисоките села: Огут, Луке, се проодни, а чист е целосно магистралниот пат А2, рече Димитровски.

Градоначалникот на Општина Ранковце, Борче Спасовски, информира дека селото е отсечено втор ден, а лошите временски услови ја отежнуваат работата на екипите за расчистување.

Вкупно шеснаесет ученици кои учат во селото денеска не се на настава бидејќи ниту наставниците не можеа да доспеат до своите работни места.

Селото Дренак во Крива Паланка е остечено уште од четврток, по паѓањето на снегот, но овој патен правец што го поврзува селото и осуммината жители што живеат на 40- тина километри од градот, е локален,но и земјен пат, така што, истиот не може да се расчисти и речиси секоја зима е неминовна невоља што ги снаоѓа мештаните, велат од Подрачната единица на ЦУК, Крива Паланка.

Пепица Давитковска, жителка на селото, рече дека нејзиниот сопруг е во селото и информира дека снежната покривка е околу четириесетина сантиметри.
Таа со своите деца е во градот, дечињата редовно се сместени во општинскиот ученички дом, од каде одат на настава, а престојуваат од понеделник до петок. Но таа има изнајмено стан под кирија и ги прифаќа за време на викендите, прва зима, бидејќи досега тие не можеле да одат дома за викенд и по неколку месеци за време на зимскиот период, па биле приморани да остануваат кај роднини или соседи во градот.

Што се однесува до останатите села, и Нерав е отсечено веќе трет ден, а за зимско одржување на овој локален пат задолжени се екипите на Јавното претпријатие Комуналец од Крива Паланка кои, според директорот Миле Марковски,на терен се и вчера и денеска.

Екипите и механизација се на терен, се расчистува, но станува збор за лоша конфигурацијата на теренот, заледени површини и многу потешки се условите за работа. И нашите вработени прават напори за расчистување во што пократок рок, но вчера помагаа и мештаните, информира Марковски.

Информира дека во текот на изминатите 24 часа од страна на екипи на ЈП Комуналец расчистени се локалните патишта кон селата: Подржикоњ, Странци, денес интензивно се работи на расчистување на патните правци кон село Дурачка Река, Метов и кон Трново.

The post Втор ден се пробива патот до Герман, село Дренак отсечено веќе петти ден appeared first on Република.

]]>

Повеќе од половина од трасата на регионалниот пат Ранковце-село Герман е пробиена, а екипите на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патни правци, секција Крива Паланка веќе втор ден интензивно го пробиваат овој правец. Како што информира раководителот на секцијата Боби Димитровски, се работи во екстремно лоши услови, висината на снежната покривка е околу осумдесетина сантиметри, а силниот ветар континуирано прави навеви на патот, високи и над еден метар.
Овој патен правец е планински, работиме интензивно, условите се отежнати, но веќе успешно е расчистен поголем дел од трасата. Машините се стасани до село П'клиште, очекувам дека до крајот на денот ќе биде пробиен и расчистен целиот пат. Инаку, сите останати регионални патни правци, кон повисоките села: Огут, Луке, се проодни, а чист е целосно магистралниот пат А2, рече Димитровски.
Градоначалникот на Општина Ранковце, Борче Спасовски, информира дека селото е отсечено втор ден, а лошите временски услови ја отежнуваат работата на екипите за расчистување. Вкупно шеснаесет ученици кои учат во селото денеска не се на настава бидејќи ниту наставниците не можеа да доспеат до своите работни места.
Селото Дренак во Крива Паланка е остечено уште од четврток, по паѓањето на снегот, но овој патен правец што го поврзува селото и осуммината жители што живеат на 40- тина километри од градот, е локален,но и земјен пат, така што, истиот не може да се расчисти и речиси секоја зима е неминовна невоља што ги снаоѓа мештаните, велат од Подрачната единица на ЦУК, Крива Паланка.
Пепица Давитковска, жителка на селото, рече дека нејзиниот сопруг е во селото и информира дека снежната покривка е околу четириесетина сантиметри. Таа со своите деца е во градот, дечињата редовно се сместени во општинскиот ученички дом, од каде одат на настава, а престојуваат од понеделник до петок. Но таа има изнајмено стан под кирија и ги прифаќа за време на викендите, прва зима, бидејќи досега тие не можеле да одат дома за викенд и по неколку месеци за време на зимскиот период, па биле приморани да остануваат кај роднини или соседи во градот. Што се однесува до останатите села, и Нерав е отсечено веќе трет ден, а за зимско одржување на овој локален пат задолжени се екипите на Јавното претпријатие Комуналец од Крива Паланка кои, според директорот Миле Марковски,на терен се и вчера и денеска.
Екипите и механизација се на терен, се расчистува, но станува збор за лоша конфигурацијата на теренот, заледени површини и многу потешки се условите за работа. И нашите вработени прават напори за расчистување во што пократок рок, но вчера помагаа и мештаните, информира Марковски.
Информира дека во текот на изминатите 24 часа од страна на екипи на ЈП Комуналец расчистени се локалните патишта кон селата: Подржикоњ, Странци, денес интензивно се работи на расчистување на патните правци кон село Дурачка Река, Метов и кон Трново.

The post Втор ден се пробива патот до Герман, село Дренак отсечено веќе петти ден appeared first on Република.

]]>
Герман четврти ден отсечен од светот, од Македонија пат велат не можат ништо против природата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/german-chetvrti-den-otsechen-od-svetot-od-makedonija-pat-velat-ne-mozat-nishto-protiv-prirodata/ Sat, 05 Feb 2022 08:37:09 +0000 https://republika.mk/?p=454440

Жителите на планинското село Герман во Ранковце четврти ден се без пристап до општината откако вечерта на 1-ви месецов наврна многу снег. Висината на снежната покривка изнесува околу седумдесет сантиметри.

Надлежните од Јавното претпријатие Македонија пат информираат дека во текот на вчерашниот ден расчистено е до село П’клиште, а од раните утрински часови специјално возило е повторно на терен и се очекува, согласно временските услови, патот денеска конечно да биде пробиен.

Станува збор за специфична конфигурација на теренот, деновиве интензивно, и по десетина часа се работеше активно за расчистување на овој регионален пат, но соспите што ги навева силниот ветер наместа надминуваат и метар и половина, така што нашите вработени прават натчовечки напори за пробивање на патот и очекуваме, ако времето ни биде наклонето, патот да се расчисти. Години наназад наидуваме на ист проблем и свесни сме дека не можеме ништо против природата, така што, правиме се што е во наша моќ и работиме согласно состојбата на теренот, информираат од ЈП Македонија пат.

Жителите информираат дека имаат потреба од набавка на лекови и намирници. Петнаесетте деца кои учат во основно училиште „Христијан Тодоровски – Карпош”, три дена следеа онлајн настава.

Во согласност со временските услови се прилагодивме и наставниот процес изминатите три дена за петнаесетте ученици од селото Герман се одвива онлајн. Тие се активно вклучени во наставата, со доделување наставни содржини, а дополнително, ќе се координираме и физички да се одржат часовите, изјави директорката на училиштето Христина Младеновска.

The post Герман четврти ден отсечен од светот, од Македонија пат велат не можат ништо против природата appeared first on Република.

]]>

Жителите на планинското село Герман во Ранковце четврти ден се без пристап до општината откако вечерта на 1-ви месецов наврна многу снег. Висината на снежната покривка изнесува околу седумдесет сантиметри. Надлежните од Јавното претпријатие Македонија пат информираат дека во текот на вчерашниот ден расчистено е до село П’клиште, а од раните утрински часови специјално возило е повторно на терен и се очекува, согласно временските услови, патот денеска конечно да биде пробиен.