Герасимовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gerasimovski/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Feb 2023 11:46:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Герасимовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gerasimovski/ 32 32 Советниците во Центар во среда треба да гласаат за формирање претпријатие за производство и продажба на струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sovetnitsite-vo-tsentar-vo-sreda-treba-da-glasaat-za-formirane-pretprijatie-za-proizvodstvo-i-prodazhba-na-struja/ Mon, 20 Feb 2023 11:46:08 +0000 https://republika.mk/?p=611030

Советот на Општина Центар на седницата која ќе се одржи во среда треба да расправа за Предлог – одлуката за основање општинско претпријатие за продажба и производство на струја.

Според градоначалникот Горан Герасимовски, станува збор за капитален проект кој предвидува поставување фотоволтаични електрани на крововите на јавните објекти во општината за нивно снабдување со електрична енергија, но и за производство вишоци кои ќе се продаваат. Веќе се направени елаборати и испитувања за тоа каде се ќе се постават тие фотоволтаични системи, а планирано е да се опфатат сите општински училишта и градинки.

Изгубивме неколку месеци околу тоа дали ќе биде Јавно претпријатие, дали ќе биде Акционерско друштво или ДООЕЛ за да на крај одлучиме да одиме со ДООЕЛ поради тоа што така имаме можност и да произведуваме за сопствени потреби и да продаваме на пазарот. Имавме доста состаноци со Регулаторна комисија со Централен регистар со ЕВН да видиме на кој начин ќе се регистрира. Потоа во ЕВН во делот на броилата како истите да бидат префрлени и да бидат под училиштата или да бидат во новиот ДООЕЛ или во сопственост на општината. Регулаторна за добивање на лиценци и се останато. Верувам дека во среда советниците ќе го изгласаат и новиот тим на луѓе коишто ќе бидат задолжени за раководење на истото од следната недела ќе се зафатат и со начинот и планирањето каде ќе се отпочне. Имаме одредена рамка и треба и самиот тим да го отпочне со работа – изјави Герасимовски на денешното гостување на Македонска телевизија.

Според проекциите фотоволтаични централи првично ќе бидат поставени во ООУ „Киро Глигоров“ како училиште со највисоки сметки за електрична енергија, а потоа и на останатите основни училишта во земјата. Вишоците на електрична енергија општината, како што рече Герасимовски, ќе ги продава и средствата ќе ги искористи за нови развојни проекти, нови паркови, енергетско ефикасни фасади, детски игралишта и останати проекти.

The post Советниците во Центар во среда треба да гласаат за формирање претпријатие за производство и продажба на струја appeared first on Република.

]]>

Советот на Општина Центар на седницата која ќе се одржи во среда треба да расправа за Предлог – одлуката за основање општинско претпријатие за продажба и производство на струја. Според градоначалникот Горан Герасимовски, станува збор за капитален проект кој предвидува поставување фотоволтаични електрани на крововите на јавните објекти во општината за нивно снабдување со електрична енергија, но и за производство вишоци кои ќе се продаваат. Веќе се направени елаборати и испитувања за тоа каде се ќе се постават тие фотоволтаични системи, а планирано е да се опфатат сите општински училишта и градинки.
Изгубивме неколку месеци околу тоа дали ќе биде Јавно претпријатие, дали ќе биде Акционерско друштво или ДООЕЛ за да на крај одлучиме да одиме со ДООЕЛ поради тоа што така имаме можност и да произведуваме за сопствени потреби и да продаваме на пазарот. Имавме доста состаноци со Регулаторна комисија со Централен регистар со ЕВН да видиме на кој начин ќе се регистрира. Потоа во ЕВН во делот на броилата како истите да бидат префрлени и да бидат под училиштата или да бидат во новиот ДООЕЛ или во сопственост на општината. Регулаторна за добивање на лиценци и се останато. Верувам дека во среда советниците ќе го изгласаат и новиот тим на луѓе коишто ќе бидат задолжени за раководење на истото од следната недела ќе се зафатат и со начинот и планирањето каде ќе се отпочне. Имаме одредена рамка и треба и самиот тим да го отпочне со работа – изјави Герасимовски на денешното гостување на Македонска телевизија.
Според проекциите фотоволтаични централи првично ќе бидат поставени во ООУ „Киро Глигоров“ како училиште со највисоки сметки за електрична енергија, а потоа и на останатите основни училишта во земјата. Вишоците на електрична енергија општината, како што рече Герасимовски, ќе ги продава и средствата ќе ги искористи за нови развојни проекти, нови паркови, енергетско ефикасни фасади, детски игралишта и останати проекти.

The post Советниците во Центар во среда треба да гласаат за формирање претпријатие за производство и продажба на струја appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Гратиси за лизгање за 200 одлични ученици од деветто одделение од Општина Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-gratisi-za-lizgane-za-200-odlichni-uchenitsi-od-devetto-oddelenie-od-opshtina-tsentar/ Thu, 16 Feb 2023 10:47:41 +0000 https://republika.mk/?p=609687

200 ГРАТИСИ ЗА ЛИЗГАЊЕ ЗА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ ОД ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ ОД УЧИЛИШТАТА ВО ЦЕНТАР, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Одлична можност за забава, смеа и креативна игра на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“. Воедно и одлична мотивација за подобрување на оценките.

Голема благодарност до Филип Даскаловски, директор на Boris Trajkovski Sports Center / Спортски Центар Борис Трајковски за доделените карти.

Уживајте!, напиша Герасимовски.

The post Герасимовски: Гратиси за лизгање за 200 одлични ученици од деветто одделение од Општина Центар appeared first on Република.

Герасимовски: Акциите на зелениот пазар ќе продолжат се додека не се тргнат дивите препродавачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-aktsiite-na-zeleniot-pazar-ke-prodolzhat-se-dodeka-ne-se-trgnat-divite-preprodavachi/ Mon, 13 Feb 2023 11:00:15 +0000 https://republika.mk/?p=608355

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски гостуваше во „Утринска на Телма“ каде зборуваше за акцијата на Зелениот пазар кој општината ја спроведува веќе една недела. Станува збор за спроведување на акција со поддршка од министерството за внатрешни работи преку која се расчистуваат узурпираните површини од дивите препродавачи.

„Почнувајќи од минатата недела веќе осми ден сме во акција за целосно да ги отстраниме дивите препродавачи. Општината добива голем број поплаки од жителите во тој дел, особено во делот на хигиената, уништување на зеленилото, узурпирање на јавниот дури и на подземниот простор, а исто така има и чести напади на жители во реонот. Заради овие проблеми акциите ќе продолжат се додека не се сменат навиките. Дополнително имавме и средба со директорите на Скопски пазар. Има барање до нас за реконструкција на пазарот и при овој разговор бидејќи имаат обезбедување да ни се вклучат во акцијата и ни помогнат да ги отстраниме дивите препродавачи“, изјави Герасимовски на Телма.

Состојбата со Зелениот пазар и дивите препродавачи беше тема и на средбите со граѓани кои градоначалникот Герасимовски ги организираше во неколку населби. На средбите жителите околу Зелениот пазар, јасно кажаа за какви проблеми станува збор поради што побараа сериозен пристап за нивно решавање. Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со проведување на овие акции.

The post Герасимовски: Акциите на зелениот пазар ќе продолжат се додека не се тргнат дивите препродавачи appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски гостуваше во „Утринска на Телма“ каде зборуваше за акцијата на Зелениот пазар кој општината ја спроведува веќе една недела. Станува збор за спроведување на акција со поддршка од министерството за внатрешни работи преку која се расчистуваат узурпираните површини од дивите препродавачи. „Почнувајќи од минатата недела веќе осми ден сме во акција за целосно да ги отстраниме дивите препродавачи. Општината добива голем број поплаки од жителите во тој дел, особено во делот на хигиената, уништување на зеленилото, узурпирање на јавниот дури и на подземниот простор, а исто така има и чести напади на жители во реонот. Заради овие проблеми акциите ќе продолжат се додека не се сменат навиките. Дополнително имавме и средба со директорите на Скопски пазар. Има барање до нас за реконструкција на пазарот и при овој разговор бидејќи имаат обезбедување да ни се вклучат во акцијата и ни помогнат да ги отстраниме дивите препродавачи“, изјави Герасимовски на Телма. Состојбата со Зелениот пазар и дивите препродавачи беше тема и на средбите со граѓани кои градоначалникот Герасимовски ги организираше во неколку населби. На средбите жителите околу Зелениот пазар, јасно кажаа за какви проблеми станува збор поради што побараа сериозен пристап за нивно решавање. Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со проведување на овие акции.

The post Герасимовски: Акциите на зелениот пазар ќе продолжат се додека не се тргнат дивите препродавачи appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Бесплатни стоматолошки услуги за сите пензионери, за учениците и за децата во градинките во социјален ризик https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-besplatni-stomatoloshki-uslugi-za-site-penzioneri-za-uchenitsite-i-za-detsata-vo-gradinkite-vo-sotsijalen-rizik/ Fri, 10 Feb 2023 12:25:18 +0000 https://republika.mk/?p=607380

Општина Центар во соработка со Стоматолошкиот факултет – Скопје ги проширува проектите на бесплатни стоматолошки прегледи, со кои, покрај учениците, ќе може да ги користат и децата од градинките, кои исто така се во социјален ризик и сите пензионери во општина Центар. По тој повод, градоначалникот на општина Центар, вчера одржа средба со проф. д-р Ќиро Ивановски, декан на Стоматолошкиот факултет во Скопје, проф. д-р Сања Панчевска, продекан за настава, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија и со секретарот Влатко Коколански, со кои ги прецизира деталите за проектот „Дејствувај за подобро орално здравје“.

Општина Центар се грижи за сите граѓани еднакво, затоа преку овој проект сакаме да им помогнеме на семејствата од социјален ризик обезбедувајќи бесплатни стоматолошки услуги за нивните деца. Одржувањето на оралното здравје е од суштинско значење за да се задржи правилното функционирање на организмот и севкупното здравје и квалитет на животот воопшто. Затоа, покрај поправката на запчињата, децата на Стоматолошкиот факултет ќе добијат и совети за здрави навики и здрава исхрана, како и едукативни предавања за правилно четкање на забите. Воедно, преку овој проект важно е што дечињата од најмала возраст се соочуваат и го победуваат стравот од одење на забар. Во соработка со Здружението за пензионерите, бесплатни стоматолошки услуги добиваат и сите пензионери во општина Центар, изјави Герасимовски.

Бесплатните стоматолошки услуги ќе може да ги користат децата во градинките и основните училишта чии родители имаат законски одредена минимална плата, корисници се на социјална помош, самохрани родители со законски одредена минимална плата, глувонеми родители со законски одредена минимална плата или пензија, слепи родители со законски одредена минимална плата или пензија.

Заинтересираните пензионери од денеска може да закажат бесплатен стоматолошки преглед на следниот телефонски број: 071/223-320, секој работен ден во периодот од 8 до 14 часот. Стоматолошките прегледи ќе се спроведат од 20.2.2023 до 24.2.2023 година во претходно закажаниот термин. На овие стоматолошки прегледи пензионерите ќе добијат дополнителен датум следствено проблематиката на услугата и потребната стоматолошка интервенција.

Целта на овој проект е подигнување на свеста и поттикнување на семејствата и заедницата за преземање мерки за намалување на штетните последици што ги предизвикуваат оралните болести. Преку овие бесплатни стоматолошки услуги, особено децата, ќе научат како правилно се четкаат забите, како се одржува оралната хигиена и колку е важно оралното здравје почнувајќи од најраната возраст.

The post Герасимовски: Бесплатни стоматолошки услуги за сите пензионери, за учениците и за децата во градинките во социјален ризик appeared first on Република.

]]>

Општина Центар во соработка со Стоматолошкиот факултет – Скопје ги проширува проектите на бесплатни стоматолошки прегледи, со кои, покрај учениците, ќе може да ги користат и децата од градинките, кои исто така се во социјален ризик и сите пензионери во општина Центар. По тој повод, градоначалникот на општина Центар, вчера одржа средба со проф. д-р Ќиро Ивановски, декан на Стоматолошкиот факултет во Скопје, проф. д-р Сања Панчевска, продекан за настава, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија и со секретарот Влатко Коколански, со кои ги прецизира деталите за проектот „Дејствувај за подобро орално здравје“.
Општина Центар се грижи за сите граѓани еднакво, затоа преку овој проект сакаме да им помогнеме на семејствата од социјален ризик обезбедувајќи бесплатни стоматолошки услуги за нивните деца. Одржувањето на оралното здравје е од суштинско значење за да се задржи правилното функционирање на организмот и севкупното здравје и квалитет на животот воопшто. Затоа, покрај поправката на запчињата, децата на Стоматолошкиот факултет ќе добијат и совети за здрави навики и здрава исхрана, како и едукативни предавања за правилно четкање на забите. Воедно, преку овој проект важно е што дечињата од најмала возраст се соочуваат и го победуваат стравот од одење на забар. Во соработка со Здружението за пензионерите, бесплатни стоматолошки услуги добиваат и сите пензионери во општина Центар, изјави Герасимовски.
Бесплатните стоматолошки услуги ќе може да ги користат децата во градинките и основните училишта чии родители имаат законски одредена минимална плата, корисници се на социјална помош, самохрани родители со законски одредена минимална плата, глувонеми родители со законски одредена минимална плата или пензија, слепи родители со законски одредена минимална плата или пензија. Заинтересираните пензионери од денеска може да закажат бесплатен стоматолошки преглед на следниот телефонски број: 071/223-320, секој работен ден во периодот од 8 до 14 часот. Стоматолошките прегледи ќе се спроведат од 20.2.2023 до 24.2.2023 година во претходно закажаниот термин. На овие стоматолошки прегледи пензионерите ќе добијат дополнителен датум следствено проблематиката на услугата и потребната стоматолошка интервенција. Целта на овој проект е подигнување на свеста и поттикнување на семејствата и заедницата за преземање мерки за намалување на штетните последици што ги предизвикуваат оралните болести. Преку овие бесплатни стоматолошки услуги, особено децата, ќе научат како правилно се четкаат забите, како се одржува оралната хигиена и колку е важно оралното здравје почнувајќи од најраната возраст.

The post Герасимовски: Бесплатни стоматолошки услуги за сите пензионери, за учениците и за децата во градинките во социјален ризик appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Апелирам до младите, бидете разумни направената грешка не се исправа https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-apeliram-do-mladite-bidete-razumni-napravenata-greshka-ne-se-isprava/ Sun, 25 Sep 2022 12:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=554037

По неодамнешната групна тепачка на млади лица во Дебар Маало вчера вечер градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски со помошник командирот на полициска станица Беко Игор Петровски направија обиколка на локациите кои беа посочени на социјалните мрежи како места на кои се договарале тепачки.
Низ Дебар Маало Герасимовски и Петровски забележаа групи на млади луѓе кои разговарат и се дружат но што по таа дружба може да се случи никој не може да предвиди.
Затоа Герасимовски апелираше до родителите и младите да бидат разумни и мислат на последиците кои може да произлезат.
„Апелирам до младите да бидат разумни и ги воздржат страстите, за да се случи најстрашното потребен е само миг кој не ќе може да се врати. Многу често сме сведоци на немили настани во кои се случуваат тешки повреди или најлошото, во прашање се фамилии и животи. Исто така упатувам апел и до родителите да внимаваат на однесувањето на своите деца и го насочат воспитувањето кон солидарните и животните вредности на секој поединец во државата. Полициската поддршка е тука но доколку немаме самосвест таа е залудна“, рече Герасимовски вечерва во Дебар Маало.
Помошник командирот Петровски при вчеравечерната обиколка го извести Герасимовски дека неколку полициски службеници патролираат на неколку точки во општината но за да се интензивираат патролите и да се зголеми бројноста на полициските службеници потребно е општината да поднесе иницијатива до Министерството за внатрешни работи.
„Полициски службеници веќе патролираат на неколку локации во централното градско подрачје но нив ги нема на секоја улица. Затоа ги повикувам младите да размислат за псоледиците затоа што многу често вербалната караница може да се претвори во масовна тепачка со несакани последици“, рече Петровски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги пријавуваат ваквите нарушувања на јавниот ред и мир ги повикува институциите меѓу кои и образовните да пристапат кон зголемена едукација во училиштата за лична безбедност на учениците и намалување на сите облици на насилство.

The post Герасимовски: Апелирам до младите, бидете разумни направената грешка не се исправа appeared first on Република.

]]>

По неодамнешната групна тепачка на млади лица во Дебар Маало вчера вечер градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски со помошник командирот на полициска станица Беко Игор Петровски направија обиколка на локациите кои беа посочени на социјалните мрежи како места на кои се договарале тепачки. Низ Дебар Маало Герасимовски и Петровски забележаа групи на млади луѓе кои разговарат и се дружат но што по таа дружба може да се случи никој не може да предвиди. Затоа Герасимовски апелираше до родителите и младите да бидат разумни и мислат на последиците кои може да произлезат. „Апелирам до младите да бидат разумни и ги воздржат страстите, за да се случи најстрашното потребен е само миг кој не ќе може да се врати. Многу често сме сведоци на немили настани во кои се случуваат тешки повреди или најлошото, во прашање се фамилии и животи. Исто така упатувам апел и до родителите да внимаваат на однесувањето на своите деца и го насочат воспитувањето кон солидарните и животните вредности на секој поединец во државата. Полициската поддршка е тука но доколку немаме самосвест таа е залудна“, рече Герасимовски вечерва во Дебар Маало. Помошник командирот Петровски при вчеравечерната обиколка го извести Герасимовски дека неколку полициски службеници патролираат на неколку точки во општината но за да се интензивираат патролите и да се зголеми бројноста на полициските службеници потребно е општината да поднесе иницијатива до Министерството за внатрешни работи. „Полициски службеници веќе патролираат на неколку локации во централното градско подрачје но нив ги нема на секоја улица. Затоа ги повикувам младите да размислат за псоледиците затоа што многу често вербалната караница може да се претвори во масовна тепачка со несакани последици“, рече Петровски. Општина Центар ги повикува граѓаните да ги пријавуваат ваквите нарушувања на јавниот ред и мир ги повикува институциите меѓу кои и образовните да пристапат кон зголемена едукација во училиштата за лична безбедност на учениците и намалување на сите облици на насилство.

The post Герасимовски: Апелирам до младите, бидете разумни направената грешка не се исправа appeared first on Република.

]]>
Фирма ангажирана од Општина Центар заедно со улицата Козара ги асфалтирала и шахтите и решетките за канализација https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/firma-angazirana-od-opshtina-centar-zaedno-so-ulicata-kozara-gi-asfaltirala-i-shahtite-i-reshetkite-za-kanalizacija/ Wed, 07 Sep 2022 12:22:56 +0000 https://republika.mk/?p=548342

Фирма ангажирана од Општина Центар заедно со улицата Козара ги асфалтирала и шахтите и решетките за канализација. Откако со месеци оваа улица во скопски Капиштец каде изминатиот период изникнаа куп згради стоеше раскопана, деновиве почна да се асфалтира. Како што раскажуваат жителите, заедно со улицата асфалт бил ставен и на шахтите.

Откако се побунивме како тоа со асфалт ги затвораат шахтите, работниците го раскопаа и го фрлија во шахтите. Нека ни каже некој како се вади асфалт од шахти, велат граѓани на улицата.

По реакциите на граѓаните, денеска на терен излезе градоначалникот Горан Герасимовски и општинските служби кои вршеа чистење на сливниците.

Герасимовски на револтираните граѓани им кажа дека Општината ќе биде строга и ригорозна со казнување доколку во иднина повторно се случат недоследности во работата на изведувачите како затрупувањето на шахтите во овој случај.

The post Фирма ангажирана од Општина Центар заедно со улицата Козара ги асфалтирала и шахтите и решетките за канализација appeared first on Република.

Герасимовски: МВР изврши увид во катната гаража кај ТЦ „Буњаковец“ – оштетени се вкупно 18 возила и приведено 1 лице https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-mvr-izvrshi-uvid-vo-katnata-garaza-kaj-tc-bunjakovec-oshteteni-se-vkupno-18-vozila-i-privedeno-1-lice/ Fri, 22 Jul 2022 13:04:37 +0000 https://republika.mk/?p=532177

По немилиот настан кој утринава се случи во монтажната катна гаража зад ТЦ „Буњаковец“, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, разговараше со Игор Стаменковски, командир на ПСОН Центар.

„Сликите од утринава со искршени прозорци и шофершајбни во катната гаража кај трговскиот центар ‘Буњаковец’ навистина ги вознемири центарци. Разговарав и со командирот на ПСОН Центар, кој ме информираше дека оштетени се вкупно 18 возила и веќе има приведено едно лице, кое во моментов се наоѓа во полициска станица“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Изминатиот период, Герасимовски заедно со општинските служби и припадници на Министерството за внатрешни работи оствари неколку средби со граѓани во повеќе центарски населби, на кои се разговараше и за воведување на тн. маалски позорникари, со цел зачувување на мирот и зголемување на степенот на безбедност во сите маала.

Градоначалникот Герасимовски и Општина Центар апелираат до граѓаните, доколку забележат сомнителни дејства во околината на нивните домови и живеалишта, истите да ги пријават до МВР со повик на бројот 192.

The post Герасимовски: МВР изврши увид во катната гаража кај ТЦ „Буњаковец“ – оштетени се вкупно 18 возила и приведено 1 лице appeared first on Република.

]]>

По немилиот настан кој утринава се случи во монтажната катна гаража зад ТЦ „Буњаковец“, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, разговараше со Игор Стаменковски, командир на ПСОН Центар. „Сликите од утринава со искршени прозорци и шофершајбни во катната гаража кај трговскиот центар ‘Буњаковец’ навистина ги вознемири центарци. Разговарав и со командирот на ПСОН Центар, кој ме информираше дека оштетени се вкупно 18 возила и веќе има приведено едно лице, кое во моментов се наоѓа во полициска станица“, изјави градоначалникот Герасимовски. Изминатиот период, Герасимовски заедно со општинските служби и припадници на Министерството за внатрешни работи оствари неколку средби со граѓани во повеќе центарски населби, на кои се разговараше и за воведување на тн. маалски позорникари, со цел зачувување на мирот и зголемување на степенот на безбедност во сите маала. Градоначалникот Герасимовски и Општина Центар апелираат до граѓаните, доколку забележат сомнителни дејства во околината на нивните домови и живеалишта, истите да ги пријават до МВР со повик на бројот 192.

The post Герасимовски: МВР изврши увид во катната гаража кај ТЦ „Буњаковец“ – оштетени се вкупно 18 возила и приведено 1 лице appeared first on Република.

]]>
Герасимовски бара парк од 9000 м2 и градинка на просторот на „Треска“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-bara-park-od-9000-m2-i-gradinka-na-prostorot-na-treska/ Thu, 31 Mar 2022 07:51:07 +0000 https://republika.mk/?p=481233

Државното земјиште на локацијата „Треска“ во Центар да биде парк со големина од 9.000 метри квадратни, а да се изгради и градинка, бара градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Јас уште во предизборниот период зборував дека ќе се залагам за хуман урбанизам и тоа навистина го спроведувам“, вели Герасимовски, во интервју за Локално, образложувајќи што бара од градежниците како би се заштитил јавниот интерес кај поранешна „Треска“.

Во „Треска“ бараме изградба на објекти од јавен интерес како градинка, но и многу зеленило. Без разлика што актуелниот ДУП од 2012 година предвидува само 5% зеленило, Општината има побарување просторот да се уреди согласно Законот за урбано зеленило кој предвидува задолжителен процент зеленило на градежна парцела од најмалку 20%“, вели Герасимовски.

Градоначалникот побарал од сопствениците на приватните имоти, освен почитување на законскиот минимум за зелени површини, на таа локација да има дополнително и парк со што би имало многу повеќе зеленило од предвиденото според ДУП-от.

Покрај почитување на законскиот минимум со обезбедување зеленило како партерно уредување, во тој опфат има и државно земјиште од околу 9.000 м2 кое би сакале да се реализира во голем парк. Тоа е многу повеќе зеленило кое не е планирано со ДУП-от, а го надминува и законскиот минимум, што пак го потврдува фактот дека не се окупира целиот простор само за нови градби. Јас постојано повторувам дека се залагаме за зелен Центар и сакаме нови и поголеми зелени површини во општината. Парковите и зелените површини не можеме целосно да ги направиме на приватни парцели, но силно ќе се залагаме за максимална реализација на нашите барања од страна на сопствениците“, изјави градоначалникот на Општината.

The post Герасимовски бара парк од 9000 м2 и градинка на просторот на „Треска“ appeared first on Република.

]]>

Државното земјиште на локацијата „Треска“ во Центар да биде парк со големина од 9.000 метри квадратни, а да се изгради и градинка, бара градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Јас уште во предизборниот период зборував дека ќе се залагам за хуман урбанизам и тоа навистина го спроведувам“, вели Герасимовски, во интервју за Локално, образложувајќи што бара од градежниците како би се заштитил јавниот интерес кај поранешна „Треска“. Во „Треска“ бараме изградба на објекти од јавен интерес како градинка, но и многу зеленило. Без разлика што актуелниот ДУП од 2012 година предвидува само 5% зеленило, Општината има побарување просторот да се уреди согласно Законот за урбано зеленило кој предвидува задолжителен процент зеленило на градежна парцела од најмалку 20%“, вели Герасимовски.
Градоначалникот побарал од сопствениците на приватните имоти, освен почитување на законскиот минимум за зелени површини, на таа локација да има дополнително и парк со што би имало многу повеќе зеленило од предвиденото според ДУП-от.
Покрај почитување на законскиот минимум со обезбедување зеленило како партерно уредување, во тој опфат има и државно земјиште од околу 9.000 м2 кое би сакале да се реализира во голем парк. Тоа е многу повеќе зеленило кое не е планирано со ДУП-от, а го надминува и законскиот минимум, што пак го потврдува фактот дека не се окупира целиот простор само за нови градби. Јас постојано повторувам дека се залагаме за зелен Центар и сакаме нови и поголеми зелени површини во општината. Парковите и зелените површини не можеме целосно да ги направиме на приватни парцели, но силно ќе се залагаме за максимална реализација на нашите барања од страна на сопствениците“, изјави градоначалникот на Општината.

The post Герасимовски бара парк од 9000 м2 и градинка на просторот на „Треска“ appeared first on Република.

]]>
Герасимовски на средба со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-na-sredba-so-amerikanskata-ambasadorka-kejt-mari-brnz/ Wed, 02 Mar 2022 09:46:55 +0000 https://republika.mk/?p=466351

Продлабочување на соработката и нови заеднички локални активности со Амбасадата на САД во РСМ - ова го договоривме на вчерашната средба со амбасадорката на САД во РСМ, Н.Е. Кејт Мари Брнз, соопшти градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на својот фејсбук профил.

Имав можност на амбасадорката лично да ѝ ги претставам моите заложби и планови за функционирање на општината, со кои значително ќе го подобриме животот на граѓаните во Општина Центар, особено во делот на екологијата и транспарентноста.

Ѝ благодарам на амбасадорката Брнз за денешната средба, која е чекор напред во продлабочување и соработката на Општина Центар со Амбасадата на САД во РСМ.

The post Герасимовски на средба со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз appeared first on Република.

Герасимовски во посета на градинката „Пинокио“ во Центар, најави реконструкција на два клона https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-vo-poseta-na-gradinkata-pinokio-vo-centar-najavi-rekonstrukcija-na-dva-klona/ Fri, 18 Feb 2022 14:12:43 +0000 https://republika.mk/?p=460517

Градоначалникот на општина Центарн, Горан Герасимовски, денеска, беше во посета на градинката „Р.Ј.Корчагин“ и матичниот објект „Пинокио“ кои слават 74 години од постоењето.

По повод овој патронен празник кој поради ковид пандемијата не се прославува вообичаено го искористив за посета и обиколка на просториите. За овој објект планираме целосна реконструкција по примерот на двата клона “Пепелашка“ и „Палешка“, порача Гераисмовски при посетата.

Тој информираше и дека годинава Општина Центар ја почнува и изградбата на првата градинка во населба Пролет која ќе биде клон на градинката „Р.Ј. Корчагин“.

The post Герасимовски во посета на градинката „Пинокио“ во Центар, најави реконструкција на два клона appeared first on Република.

77 прочистувачи за воздух во основните училишта во Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/77-prochistuvachi-za-vozduh-vo-osnovnite-uchilishta-vo-centar/ Fri, 11 Feb 2022 11:04:39 +0000 https://republika.mk/?p=457152

Општина Центар достави 77 прочистувачи за воздух во седум основни училишта во општината. Денеска, градоначалникот Горан Герасимовски, со претставници од општинските служби, достави 11 прочистувачи на воздух во ООУ „Коле Неделковски“.

Прочистувачите во сите основни училишта ќе бидат поставени во училниците каде се одржува одделенска настава, со што се обезбедува здрав и квалитетен воздух за учениците.

Прочистувачите за воздух кои денеска се доставуваат во основните училишта ќе придонесат за слободно извршување на секојдневните задачи на учениците, како и нивна помала изложеност на загадениот воздух и штетните честички. Здравјето е непроценлива вредност за секој човек, затоа Општина Центар има за приоритет да го зачува кај сите граѓани, особено на младите. Прочистувачите за воздух имаат позитивни ефекти со кои ги редуцираат вирусите и бактериите, спречуваат настанување на мувла и влага по ѕидовите и со нивно користење учениците ќе добијат поквалитетен и поздрав воздух во просториите, изјави Герасимовски.

Општина Центар достави прочистувачи за воздух во училиштата „Гоце Делчев“, „Коле Неделковски“, „Кочо Рацин“, „Киро Глигоров“, „Димитар Миладинов“, „Ј.К.Песталоци“ и „11 Октомври“, додека „Св. Кирил и Методиј“ веќе има прочистувачи за воздух во сите простории.

Претходно, општината обезбеди прочистувачи за воздух за сите 3 градинки и 8 објекти-клонови, во висина од 1.600.000 денари преку програмата за животна средина при Министерство за животна средина и просторно планирање.

The post 77 прочистувачи за воздух во основните училишта во Центар appeared first on Република.

]]>

Општина Центар достави 77 прочистувачи за воздух во седум основни училишта во општината. Денеска, градоначалникот Горан Герасимовски, со претставници од општинските служби, достави 11 прочистувачи на воздух во ООУ „Коле Неделковски“.
Прочистувачите во сите основни училишта ќе бидат поставени во училниците каде се одржува одделенска настава, со што се обезбедува здрав и квалитетен воздух за учениците.
Прочистувачите за воздух кои денеска се доставуваат во основните училишта ќе придонесат за слободно извршување на секојдневните задачи на учениците, како и нивна помала изложеност на загадениот воздух и штетните честички. Здравјето е непроценлива вредност за секој човек, затоа Општина Центар има за приоритет да го зачува кај сите граѓани, особено на младите. Прочистувачите за воздух имаат позитивни ефекти со кои ги редуцираат вирусите и бактериите, спречуваат настанување на мувла и влага по ѕидовите и со нивно користење учениците ќе добијат поквалитетен и поздрав воздух во просториите, изјави Герасимовски.
Општина Центар достави прочистувачи за воздух во училиштата „Гоце Делчев“, „Коле Неделковски“, „Кочо Рацин“, „Киро Глигоров“, „Димитар Миладинов“, „Ј.К.Песталоци“ и „11 Октомври“, додека „Св. Кирил и Методиј“ веќе има прочистувачи за воздух во сите простории. Претходно, општината обезбеди прочистувачи за воздух за сите 3 градинки и 8 објекти-клонови, во висина од 1.600.000 денари преку програмата за животна средина при Министерство за животна средина и просторно планирање.

The post 77 прочистувачи за воздух во основните училишта во Центар appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Состојбата на Водно ја решаваме заедно со граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-sostojbata-na-vodno-ja-reshavame-zaedno-so-gragjanite/ Fri, 28 Jan 2022 18:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=450884

На барање на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вчеравечер се одржа средба со граѓаните од Водно, односно со жителите од улиците „Питу Гули“, „Козара“, „Салвадор Аљенде“ и околните улици, на која е разговарано за решавање на проблемите со новите градби на Водно и заштитата на парк шумата.

Како што информираат од прес-служба на Општина Центар, градоначалникот им понудил општинска поддршка на претставниците на жителите преку целосен увид во документација од Деталниот урбанистички план Градска четврт Ј 07 – Локалитети: Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара.

На вечерашната средба со граѓаните на Водно, им понудив заедничка соработка и увид во документацијата за ДУП-от Ј 07, која ќе биде достапна за претставниците на жителите од овој дел од Центар. Нашиот заеднички интерес е заштита на зелениот појас и ние како општина, ќе сториме сѐ во рамки на можностите за да ги сопреме градбите кои се надвор од законот. Затоа и барам внимателна анализа и од страна на жителите. Исто така, на оваа средба ги повикав граѓаните да ја пријават секоја нова градба за која сметаат дека е надвор од законските прописи, потенцираше Герасимовски.

Од локалната самоуправа соопштуваат дека претставници на групата граѓани од Водно во текот на наредната недела ќе се сретнат со градоначалникот Герасимовски и општинските служби, со цел, како што велат, подетално и од прва рака да се информираат за градежните активности, но и за тековните состојби на падините на скопските бели дробови.

Заедничката и директна комуникација со граѓаните носи подобри резултати и решенија во полза на сите засегнати страни. Од оваа причина, градоначалникот на Општина Центар иницира директни средби за брзи и конкретни решенија, велат од општинската прес-служба.

The post Герасимовски: Состојбата на Водно ја решаваме заедно со граѓаните appeared first on Република.

]]>

На барање на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вчеравечер се одржа средба со граѓаните од Водно, односно со жителите од улиците „Питу Гули“, „Козара“, „Салвадор Аљенде“ и околните улици, на која е разговарано за решавање на проблемите со новите градби на Водно и заштитата на парк шумата. Како што информираат од прес-служба на Општина Центар, градоначалникот им понудил општинска поддршка на претставниците на жителите преку целосен увид во документација од Деталниот урбанистички план Градска четврт Ј 07 – Локалитети: Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара.