георги прванов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/georgi-prvanov/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Jul 2022 17:07:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png георги прванов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/georgi-prvanov/ 32 32 Прванов ќе објавува книга за Илинден и „вистината“ за настаните меѓу Македонија и Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prvanov-kje-objavuva-kniga-za-ilinden-i-vistinata-za-nastanite-megju-makedonija-i-bugarija/ Mon, 04 Jul 2022 17:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=523702

Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов повика на конструктивен пристап помеѓу Софија и Скопје. Како што јави дописникот на МИА во Софија, според Прванов, колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан и дава некаква основа и насока за излез од оваа неколкугодишна дипломатска криза.

Поранешниот бугарски претседател изрази надеж дека ќе се направи потег да заврши и оваа сага. Тој нагласи дека со укинувањето на ветото, Бугарија ја губи битката за историјата.

Очигледно, ветото не може да го смени ставот на македонското општество. Дури и повеќе од најблиските народи, какви што беа и како што нè прогласија двајцата премиери на Бугарија и Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, земјите станаа најнепријателски, коментира Прванов.

Прванов е дециден дека треба да се работи на обновување на билатералните односи, за ново зближување меѓу Бугарија и Македонија, а тоа е можно, но не на начин да се влијае врз европските институции.

Тој го најави новото издание на книгата „Илинденско-преображенското востание 1903 низ очите на европските дипломати“, чиј коавтор е самиот тој.

Публикацијата, како што рече и Георги Прванов, ја расветлува документарната вистина за настаните меѓу двата народа пред повеќе од 100 години. Ќе се дистрибуира во бугарските амбасади во странство и европските институции.

The post Прванов ќе објавува книга за Илинден и „вистината“ за настаните меѓу Македонија и Бугарија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов повика на конструктивен пристап помеѓу Софија и Скопје. Како што јави дописникот на МИА во Софија, според Прванов, колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан и дава некаква основа и насока за излез од оваа неколкугодишна дипломатска криза. Поранешниот бугарски претседател изрази надеж дека ќе се направи потег да заврши и оваа сага. Тој нагласи дека со укинувањето на ветото, Бугарија ја губи битката за историјата.
Очигледно, ветото не може да го смени ставот на македонското општество. Дури и повеќе од најблиските народи, какви што беа и како што нè прогласија двајцата премиери на Бугарија и Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, земјите станаа најнепријателски, коментира Прванов.
Прванов е дециден дека треба да се работи на обновување на билатералните односи, за ново зближување меѓу Бугарија и Македонија, а тоа е можно, но не на начин да се влијае врз европските институции. Тој го најави новото издание на книгата „Илинденско-преображенското востание 1903 низ очите на европските дипломати“, чиј коавтор е самиот тој. Публикацијата, како што рече и Георги Прванов, ја расветлува документарната вистина за настаните меѓу двата народа пред повеќе од 100 години. Ќе се дистрибуира во бугарските амбасади во странство и европските институции.

The post Прванов ќе објавува книга за Илинден и „вистината“ за настаните меѓу Македонија и Бугарија appeared first on Република.

]]>