Георги Панајотов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/georgi-panajotov/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Sep 2022 18:59:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Георги Панајотов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/georgi-panajotov/ 32 32 Бугарија потврди дека услов да почнеме преговори е да прифатиме дека имаме заедничка историја https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-potvrdi-deka-uslov-da-pochneme-pregovori-e-da-prifatime-deka-imame-zaednichka-istorija/ Fri, 02 Sep 2022 16:26:52 +0000 https://republika.mk/?p=546854

Услов бугарската Влада да поддржи отворање и затворање на поглавјата со Европската Унија е Македонија во целост да ги исполни одредбите од Договорот од 2017 година, во кој многу важен дел се историските прашања, вели новиот бугарски амбасадор во Вашингтон Георги Панајотов во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик.

Прашан дали Бугарија ќе бара промена на историјата како услов за да ѝ дозволи на Македонија да ги отвора и затвора поглавјата во преговорите со ЕУ, Панајотов наведува дека работата на Комисија за историски и образовни прашања за сите периоди од, како што вели, нашата заедничка историја мора да заврши пред Македонија да влезе во ЕУ.

– Одлуката на нашиот Парламент утврди правно обврзувачки услови за секоја бугарска влада да го поддржи секој иден чекор во процесот на проширување, вклучително и отворање/затворање на поглавјата од acquis. Овие услови се Македонија целосно да гарантира еднакви права како на другите нејзини граѓани и на своето бугарско население, вклучително и преку релевантните уставни амандмани и целосно да ги спроведува одредбите од Договорот од 2017 година и неговите протоколи. Многу важен дел од Договорот од 2017 година е билатералната Комисија за историски и образовни прашања и нејзината работа на објективното, научно толкување на заедничката историја на двете земји. Во текот на изминатите неколку години, Комисијата постигна неколку важни препораки. Имплементацијата на овие и на сите идни препораки во двете земји е од клучно значење за надминување на штетните стари стереотипи и национални предрасуди и за изградба на иднина на заемна поддршка и разбирање. Работата на Комисијата за сите периоди од нашата заедничка историја мора да заврши пред Македонија да влезе во ЕУ и оваа заложба е дел од Протоколот од јули 2022 година, вели бугарскиот амбасадор.

Според него, штом ќе се реши историското прашање, проблемот со јазикот нема да може да го наруши односот меѓу двете држави.

Малите промени во францускиот предлог, наведува амбасадорот Панајотов, не ја смениле суштината на бугарските барања, а ако тоа било случај, Бугарија немала да го тргне ветото.

-Бугарија одлучи да го поддржи првичниот предлог на Претседателството на Советот и нашиот парламент го изгласа тоа на 24 јули. Не ја донесовме оваа одлука лесно, но прифативме дека гаранциите, обезбедени со преговарачката рамка, заклучоците на Советот и билатералниот протокол, се доволни за да се компензира недостатокот на доверба и се здрава основа за обновување на нашето партнерство. Малите промени што следеа во она што разговорно е познато како изменет француски предлог од 30 јуни, не ја сменија суштината на предлогот. Да го стореле тоа, Бугарија немаше да ги укине резервите за време на гласањето во Европскиот совет. На крајот на краиштата, бугарската Влада беше обврзана со условите поставени со правно обврзувачката одлука на нашиот Парламент, вели бугарскиот амбасадор.

The post Бугарија потврди дека услов да почнеме преговори е да прифатиме дека имаме заедничка историја appeared first on Република.

]]>

Услов бугарската Влада да поддржи отворање и затворање на поглавјата со Европската Унија е Македонија во целост да ги исполни одредбите од Договорот од 2017 година, во кој многу важен дел се историските прашања, вели новиот бугарски амбасадор во Вашингтон Георги Панајотов во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик. Прашан дали Бугарија ќе бара промена на историјата како услов за да ѝ дозволи на Македонија да ги отвора и затвора поглавјата во преговорите со ЕУ, Панајотов наведува дека работата на Комисија за историски и образовни прашања за сите периоди од, како што вели, нашата заедничка историја мора да заврши пред Македонија да влезе во ЕУ.
– Одлуката на нашиот Парламент утврди правно обврзувачки услови за секоја бугарска влада да го поддржи секој иден чекор во процесот на проширување, вклучително и отворање/затворање на поглавјата од acquis. Овие услови се Македонија целосно да гарантира еднакви права како на другите нејзини граѓани и на своето бугарско население, вклучително и преку релевантните уставни амандмани и целосно да ги спроведува одредбите од Договорот од 2017 година и неговите протоколи. Многу важен дел од Договорот од 2017 година е билатералната Комисија за историски и образовни прашања и нејзината работа на објективното, научно толкување на заедничката историја на двете земји. Во текот на изминатите неколку години, Комисијата постигна неколку важни препораки. Имплементацијата на овие и на сите идни препораки во двете земји е од клучно значење за надминување на штетните стари стереотипи и национални предрасуди и за изградба на иднина на заемна поддршка и разбирање. Работата на Комисијата за сите периоди од нашата заедничка историја мора да заврши пред Македонија да влезе во ЕУ и оваа заложба е дел од Протоколот од јули 2022 година, вели бугарскиот амбасадор.
Според него, штом ќе се реши историското прашање, проблемот со јазикот нема да може да го наруши односот меѓу двете држави. Малите промени во францускиот предлог, наведува амбасадорот Панајотов, не ја смениле суштината на бугарските барања, а ако тоа било случај, Бугарија немала да го тргне ветото.
-Бугарија одлучи да го поддржи првичниот предлог на Претседателството на Советот и нашиот парламент го изгласа тоа на 24 јули. Не ја донесовме оваа одлука лесно, но прифативме дека гаранциите, обезбедени со преговарачката рамка, заклучоците на Советот и билатералниот протокол, се доволни за да се компензира недостатокот на доверба и се здрава основа за обновување на нашето партнерство. Малите промени што следеа во она што разговорно е познато како изменет француски предлог од 30 јуни, не ја сменија суштината на предлогот. Да го стореле тоа, Бугарија немаше да ги укине резервите за време на гласањето во Европскиот совет. На крајот на краиштата, бугарската Влада беше обврзана со условите поставени со правно обврзувачката одлука на нашиот Парламент, вели бугарскиот амбасадор.

The post Бугарија потврди дека услов да почнеме преговори е да прифатиме дека имаме заедничка историја appeared first on Република.

]]>
Браќата Манаки одиграле клучна улога во регистрација на битолските Евреи кои требало да бидат депортирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/brakjata-manaki-odigrale-kluchna-uloga-vo-registracija-na-bitolskite-evrei-koi-trebalo-da-bidat-deportirani/ Fri, 02 Sep 2022 09:22:01 +0000 https://republika.mk/?p=546680

Како е можно браќата Манаки да се слават како херои во сегашната Cеверна Македонија додека тие одиграа клучна улога во регистрацијата на битолските Евреи кои требаше да бидат депортирани?, вели бугарскиот амбасадор во Вашингтон Георги Панајотов во интервју за Гласот на Америка.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-ambasador-vo-vashington-istorijata-kje-bide-uslov-za-vlez-na-makedonija-vo-eu/

Од 2018 година, Бугарија е членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (ИХРА). Како земја членка на ИХРА, Бугарија става акцент на важноста на сеопфатно и научно истражување на Холокаустот, како и на борбата против искривувањето и негирањето на Холокаустот. Ова е единствениот начин да се обезбеди ефикасна, историски информирана противреакција на современиот антисемитизам. За да се разберат трагичните настани од пред 80 години, треба да се знаат фактите. Бугарија, во тоа време сојузник на Германија, привремено управуваше со делови од германската окупирана северна Грција и тогашна Југославија. Бугарија немала никаков суверенитет над овие земји, бугарските трупи и администрација, составена претежно од локално население, биле подредени на локалната германска команда и германските власти не им дозволувале на локалните Евреи да добијат бугарско државјанство. Во овие околности, 11.343 локални Евреи биле депортирани во нацистичкиот логор Треблинка. По војната, Бугарија исплати репарации на Грција и тогашна Југославија и одговорните за воените злосторства беа изведени пред лицето на правдата, а многу од нив беа префрлени на грчките и тогашните југословенски власти за оваа цел. Ова е историскиот контекст на оваа трагедија. Бугарската историска наука и бугарската држава никогаш не се оддалечија од трагедијата на 11.343 Евреи од делови на тогашна Југославија и делови од северна Грција. Бугарските политичари, државни функционери и други јавни личности постојано го почитуваат споменот на овие жртви. Во својата декларација од март 2013 година, Националното собрание го осуди криминалниот чин на нацистичката команда и изрази жалење што не е во моќ на локалната бугарска администрација да го спречи. Денешниот наратив во Македонија, сепак, е сосема поинаков. Тој е селективен, ненаучен и служи за политички цели, во целосна спротивност со принципите на истражувањето на Холокаустот. Нашата надеж е дека неодамнешното пристапување на Македонија во ИХРА ќе ѝ помогне на земјата да ја напушти политичката реторика „сите Бугари се фашисти“ и да се фокусира на научните истражувања на Холокаустот и на сеќавањето на жртвите. Ова во голема мера ќе ја олесни објективната јавна дебата и позитивното политичко дејствување од двете страни на границата. Покрај тоа, ова е неопходно, бидејќи многу епизоди од Холокаустот остануваат да се разјаснат и многу прашања бараат одговори. Еден пример - како е можно браќата Манаки да се слават како херои во сегашната Македонија додека тие одиграа клучна улога во регистрацијата на битолските Евреи кои требаше да бидат депортирани? Следната година ќе ја одбележиме 80-годишнината од спасот на бугарските Евреи за време на Холокаустот. Овој чин на храброст и толеранција среде ужасите на Втората светска војна е позитивен пример како да се спротивставиме на антисемитизмот, кој треба да го паметиме и да го учиме на училиште. Всушност, и покрај сите тешкотии на војната и антисемитското законодавство, бугарската еврејска заедница беше единствената во континентална Европа која природно се зголеми во број за време на Втората светска војна. Ова е без пресметка за бројните Евреи од другите европски земји кои побараа засолниште од нацистичкиот прогон во Бугарија или безбедно преминување на Блискиот Исток, вели Панајотов во интервјуто.

The post Браќата Манаки одиграле клучна улога во регистрација на битолските Евреи кои требало да бидат депортирани appeared first on Република.

]]>

Како е можно браќата Манаки да се слават како херои во сегашната Cеверна Македонија додека тие одиграа клучна улога во регистрацијата на битолските Евреи кои требаше да бидат депортирани?, вели бугарскиот амбасадор во Вашингтон Георги Панајотов во интервју за Гласот на Америка. https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-ambasador-vo-vashington-istorijata-kje-bide-uslov-za-vlez-na-makedonija-vo-eu/ Од 2018 година, Бугарија е членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (ИХРА). Како земја членка на ИХРА, Бугарија става акцент на важноста на сеопфатно и научно истражување на Холокаустот, како и на борбата против искривувањето и негирањето на Холокаустот. Ова е единствениот начин да се обезбеди ефикасна, историски информирана противреакција на современиот антисемитизам. За да се разберат трагичните настани од пред 80 години, треба да се знаат фактите. Бугарија, во тоа време сојузник на Германија, привремено управуваше со делови од германската окупирана северна Грција и тогашна Југославија. Бугарија немала никаков суверенитет над овие земји, бугарските трупи и администрација, составена претежно од локално население, биле подредени на локалната германска команда и германските власти не им дозволувале на локалните Евреи да добијат бугарско државјанство. Во овие околности, 11.343 локални Евреи биле депортирани во нацистичкиот логор Треблинка. По војната, Бугарија исплати репарации на Грција и тогашна Југославија и одговорните за воените злосторства беа изведени пред лицето на правдата, а многу од нив беа префрлени на грчките и тогашните југословенски власти за оваа цел. Ова е историскиот контекст на оваа трагедија. Бугарската историска наука и бугарската држава никогаш не се оддалечија од трагедијата на 11.343 Евреи од делови на тогашна Југославија и делови од северна Грција. Бугарските политичари, државни функционери и други јавни личности постојано го почитуваат споменот на овие жртви. Во својата декларација од март 2013 година, Националното собрание го осуди криминалниот чин на нацистичката команда и изрази жалење што не е во моќ на локалната бугарска администрација да го спречи. Денешниот наратив во Македонија, сепак, е сосема поинаков. Тој е селективен, ненаучен и служи за политички цели, во целосна спротивност со принципите на истражувањето на Холокаустот. Нашата надеж е дека неодамнешното пристапување на Македонија во ИХРА ќе ѝ помогне на земјата да ја напушти политичката реторика „сите Бугари се фашисти“ и да се фокусира на научните истражувања на Холокаустот и на сеќавањето на жртвите. Ова во голема мера ќе ја олесни објективната јавна дебата и позитивното политичко дејствување од двете страни на границата. Покрај тоа, ова е неопходно, бидејќи многу епизоди од Холокаустот остануваат да се разјаснат и многу прашања бараат одговори. Еден пример - како е можно браќата Манаки да се слават како херои во сегашната Македонија додека тие одиграа клучна улога во регистрацијата на битолските Евреи кои требаше да бидат депортирани? Следната година ќе ја одбележиме 80-годишнината од спасот на бугарските Евреи за време на Холокаустот. Овој чин на храброст и толеранција среде ужасите на Втората светска војна е позитивен пример како да се спротивставиме на антисемитизмот, кој треба да го паметиме и да го учиме на училиште. Всушност, и покрај сите тешкотии на војната и антисемитското законодавство, бугарската еврејска заедница беше единствената во континентална Европа која природно се зголеми во број за време на Втората светска војна. Ова е без пресметка за бројните Евреи од другите европски земји кои побараа засолниште од нацистичкиот прогон во Бугарија или безбедно преминување на Блискиот Исток, вели Панајотов во интервјуто.

The post Браќата Манаки одиграле клучна улога во регистрација на битолските Евреи кои требало да бидат депортирани appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот амбасадор во Вашингтон: Историјата ќе биде услов за влез на Македонија во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-ambasador-vo-vashington-istorijata-kje-bide-uslov-za-vlez-na-makedonija-vo-eu/ Fri, 02 Sep 2022 09:18:08 +0000 https://republika.mk/?p=546678

Услов бугарската влада да поддржи отворање и затворање на поглавјата со Европската Унија е Македонија во целост да ги исполни одредбите од Договорот од 2017 година, во кој многу важен дел се историските прашања, изјави новиот бугарскиот амбасадор во Вашингтон Георги Панајотов во интервју за Гласот на Америка.

Според гласилото, амбасадорот изјавил дека Мешовитата комисија составена од македонски и бугарски историчари ќе мора да ги реши сите периоди од заедничката историја пред Македонија да влезе во Европската Унија.

Многу важен дел од Договорот од 2017 година е билатералната Комисија за историски и образовни прашања и нејзината работа на објективно, научно толкување на заедничката историја на двете земји, изјави Панајотов.

Панајотов додал и дека штом ќе се реши историското прашање, проблемот со јазикот нема да може да го наруши односот меѓу двете држави.

Според него, малите промени во францускиот предлог не ја смениле суштината на бугарските барања, и оти ако тоа било случај, Бугарија немала да го тргне ветото.

Бугарскиот амбасадор, меѓудругото, истакнал и за санкционирање на говорот на омраза, како и за депортацијата на македонските Евреи во Треблинка, велејќи: „Како е можно браќата Манаки да се слават како херои во сегашната Македонија додека тие одиграа клучна улога во регистрацијата на битолските Евреи кои требаше да бидат депортирани?“

Гласот на Америка потсетува дека министерот за надворешни работи Бујар Османи веднаш по потпишувањето на вториот билатерален протокол за исполнување на Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година, рече дека историските прашања нема да бидат одредница за отворање и затворање на поглавјата со ЕУ.

Целосното интервју е објавено на сајтот на Гласот на Америка на македoнски.

The post Бугарскиот амбасадор во Вашингтон: Историјата ќе биде услов за влез на Македонија во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Услов бугарската влада да поддржи отворање и затворање на поглавјата со Европската Унија е Македонија во целост да ги исполни одредбите од Договорот од 2017 година, во кој многу важен дел се историските прашања, изјави новиот бугарскиот амбасадор во Вашингтон Георги Панајотов во интервју за Гласот на Америка. Според гласилото, амбасадорот изјавил дека Мешовитата комисија составена од македонски и бугарски историчари ќе мора да ги реши сите периоди од заедничката историја пред Македонија да влезе во Европската Унија.
Многу важен дел од Договорот од 2017 година е билатералната Комисија за историски и образовни прашања и нејзината работа на објективно, научно толкување на заедничката историја на двете земји, изјави Панајотов.
Панајотов додал и дека штом ќе се реши историското прашање, проблемот со јазикот нема да може да го наруши односот меѓу двете држави. Според него, малите промени во францускиот предлог не ја смениле суштината на бугарските барања, и оти ако тоа било случај, Бугарија немала да го тргне ветото. Бугарскиот амбасадор, меѓудругото, истакнал и за санкционирање на говорот на омраза, како и за депортацијата на македонските Евреи во Треблинка, велејќи: „Како е можно браќата Манаки да се слават како херои во сегашната Македонија додека тие одиграа клучна улога во регистрацијата на битолските Евреи кои требаше да бидат депортирани?“ Гласот на Америка потсетува дека министерот за надворешни работи Бујар Османи веднаш по потпишувањето на вториот билатерален протокол за исполнување на Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година, рече дека историските прашања нема да бидат одредница за отворање и затворање на поглавјата со ЕУ. Целосното интервју е објавено на сајтот на Гласот на Америка на македoнски.

The post Бугарскиот амбасадор во Вашингтон: Историјата ќе биде услов за влез на Македонија во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Панајотов: Во интерес на САД е да нема проблеми меѓу Бугарија и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/panajotov-vo-interes-na-sad-e-da-nema-problemi-megju-bugarija-i-makedonija/ Mon, 27 Jun 2022 08:01:11 +0000 https://republika.mk/?p=520093

Новиот бугарски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Георги Панајотов, кој беше вршител на должноста министер за одбрана во двете влади, минатата година, му ги предаде акредитивните писма на американскиот претседател Џо Бајден. Тој за БНТ изјави дека се уште нема реакција во САД на одлуката што ја донесе бугарскиот Парламент минатата недела, во врска со укинувањето на ветото за членство на Република Македонија во ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Панајотов, не може да се зборува за притисок за одлука од САД. Нема притисок, дециден беше тој, велејќи дека минатата недела имал разговори со Стејт департментот, како и со американски пратеници и конгресмени.

Притисок дефинитивно нема, но во интерес на САД е да нема сличен проблем меѓу Бугарија и Република Македонија, но притисок немаше - изјави Георги Панајотов.

Тој најави дека за неколку дена ќе почне изградбата на првиот ловец Ф-16 за Бугарија во САД.

Американскиот претседател Џо Бајден пред неколку дена и официјално ги прими акредитивните писма на новиот бугарски амбасадор во Вашингтон. Пајотов изјави дека Бајден во разговорот им рекол дека Бугарија и САД се пријатели, сојузници и стратешки партнери.

Според Панајотов, Бугарија може да добие многу од продлабочувањето на односите со САД, кои се лидер на слободниот свет и столб на демократијата, светски шампион во технологија, најбогата земја со единствени воени способности, огромен пазар за стоки и услуги.

Модернизацијата и просперитетот на Бугарија бараат блиска соработка со САД и јас ќе работам за тоа - вели Панајотов.

The post Панајотов: Во интерес на САД е да нема проблеми меѓу Бугарија и Македонија appeared first on Република.

]]>

Новиот бугарски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Георги Панајотов, кој беше вршител на должноста министер за одбрана во двете влади, минатата година, му ги предаде акредитивните писма на американскиот претседател Џо Бајден. Тој за БНТ изјави дека се уште нема реакција во САД на одлуката што ја донесе бугарскиот Парламент минатата недела, во врска со укинувањето на ветото за членство на Република Македонија во ЕУ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Панајотов, не може да се зборува за притисок за одлука од САД. Нема притисок, дециден беше тој, велејќи дека минатата недела имал разговори со Стејт департментот, како и со американски пратеници и конгресмени.
Притисок дефинитивно нема, но во интерес на САД е да нема сличен проблем меѓу Бугарија и Република Македонија, но притисок немаше - изјави Георги Панајотов.
Тој најави дека за неколку дена ќе почне изградбата на првиот ловец Ф-16 за Бугарија во САД. Американскиот претседател Џо Бајден пред неколку дена и официјално ги прими акредитивните писма на новиот бугарски амбасадор во Вашингтон. Пајотов изјави дека Бајден во разговорот им рекол дека Бугарија и САД се пријатели, сојузници и стратешки партнери. Според Панајотов, Бугарија може да добие многу од продлабочувањето на односите со САД, кои се лидер на слободниот свет и столб на демократијата, светски шампион во технологија, најбогата земја со единствени воени способности, огромен пазар за стоки и услуги.
Модернизацијата и просперитетот на Бугарија бараат блиска соработка со САД и јас ќе работам за тоа - вели Панајотов.

The post Панајотов: Во интерес на САД е да нема проблеми меѓу Бугарија и Македонија appeared first on Република.

]]>