георг вуцас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/georg-vucas/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Jun 2023 19:25:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png георг вуцас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/georg-vucas/ 32 32 Евроамбасадорот Гир без коментар за писмото од австрискиот амбасадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gir-bez-komentar-za-pismoto-od-avstriskiot-ambasador/ Wed, 28 Jun 2023 19:15:18 +0000 https://republika.mk/?p=656187

Шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, се воздржа од коментар за наводите во писмото на австрискиот амбасадор за нанесена штета на австриска фирма во судски процес, и при тоа посочи дека како дипломати треба да се посветени на промовирање позитивна средина за инвестирање.

Како што реков, не сакам да коментирам за овој случај, ова писмо. Очигледно е дека е важно, ние, како дипломати, да дадеме се од себе за да промовираме позитивна средина за инвестирање, бидејќи тоа е во заеднички интерес - и на бизнисите од ЕУ, но и на бизнисите и граѓаните тука. Општо кажано, како што знаете, е дека ние ЕУ, како и земјите членки сме многу ангажани во областа на владеењето на правото и судските реформи. Една од причините за тоа е да се осигураме дека има атрактивна бизнис средина овде за да имате повеќе директни странски инвестиции во земјава, во Велес, во други градови, кои ќе носат работни места и други практични бенефити на луѓето кои живеат овде, порача на новинарско прашање евроамбасадорот Гир во Велес каде присуствуваше на официјалното отворање на нова „Јуроп хаус“.

Австрискиот амбасадор, Георг Вуцас, вчера во отворено писмо до медиумите насловено „Што ќе надвладее? Владеење на правотот и заштита на австриски инвестиции во Македонија или криминални договори за заробување на судството и правните службеници“ обвини дека фирмите ДЕНА и ГЛОБАЛ ги заробиле судството и службениците (извршителите и нотари) во случајот со австриската инвестиција во земјава на „AMMA Import Export GmbH“ (AMMA), со седиште во Хоенемс, Австрија и повика „да се отстранат сите неспособни и пристрасни судии и обвинителите во овие случаи“.

The post Евроамбасадорот Гир без коментар за писмото од австрискиот амбасадор appeared first on Република.

]]>

Заев му се закани на австрискиот амбасадор: Ќе се видиме на суд! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaev-mu-se-zakani-na-avstriskiot-ambasador-ke-se-vidime-na-sud/ Tue, 27 Jun 2023 21:52:31 +0000 https://republika.mk/?p=655871

Поранешниот премиер Зоран Заев реагира на јавното обраќање на австрискиот амбасадор, Георг Вуцас, околу спречување на судска наплата на штета во интерес на австриска компанија во која, како што тврди амбасадорот, е инволвирана братучетка на Заев.

Целосно се оградувам од било каква моја инволвираност во споменатиот деловен спор што се води во судовите. Колку што гледам и читам од соопштението на амбасадорот, овој судски деловен процес е јавен и транспарентен како и сите други судски процеси. Законите важат еднакво за сите и убеден сум дека судот ќе донесе законита одлука како и впрочем се очекува без разлика за кој грагјанин или правен субјект се однесува.

Јас можам само да апелирам судот и правосудните органи, како и било која друга институција да си носат исклучиво законски одлуки и да не дозволат никој да им влијае на работењето и одлучувањето. Ако амбасадорот и амбасадата го споменат уште еднаш моето име во ваква негативна конотација нема да можам ништо друго да превземам освен што ќе морам да ги тужам за нанесена штета врз честа и угледот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/avstrija-bara-da-se-smenat-sudii-i-obviniteli-vo-sluchaj-so-firma-povrzana-so-bratuchetka-na-zaev/

Јас се сметам за пријател на Австрија и за време на мојата одговорност како премиер сум воспоставил одлични пријателски релации и соработка со Австрија. Така што нема да дозволам првиот претставник на Австрија во Македонија со ваква леснотија и без било какви докази и аргументи да го валка моето име. Следното споменување на моето име на ваков начин ќе значи дека ќе треба да се видиме на суд со амбасадорот на Австрија за да покаже и докаже било каква моја инволвираност, во спротивно ќе барам јавно извинување, надомест на штета за нарушени чест и углед и лично ќе го известам австриското МНР и Владата на Австрија за ваквиот однос на амбасадорот на Австрија, стои во реакцијата на Заев.

The post Заев му се закани на австрискиот амбасадор: Ќе се видиме на суд! appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер Зоран Заев реагира на јавното обраќање на австрискиот амбасадор, Георг Вуцас, околу спречување на судска наплата на штета во интерес на австриска компанија во која, како што тврди амбасадорот, е инволвирана братучетка на Заев.
Целосно се оградувам од било каква моја инволвираност во споменатиот деловен спор што се води во судовите. Колку што гледам и читам од соопштението на амбасадорот, овој судски деловен процес е јавен и транспарентен како и сите други судски процеси. Законите важат еднакво за сите и убеден сум дека судот ќе донесе законита одлука како и впрочем се очекува без разлика за кој грагјанин или правен субјект се однесува.   Јас можам само да апелирам судот и правосудните органи, како и било која друга институција да си носат исклучиво законски одлуки и да не дозволат никој да им влијае на работењето и одлучувањето. Ако амбасадорот и амбасадата го споменат уште еднаш моето име во ваква негативна конотација нема да можам ништо друго да превземам освен што ќе морам да ги тужам за нанесена штета врз честа и угледот.
https://republika.mk/vesti/makedonija/avstrija-bara-da-se-smenat-sudii-i-obviniteli-vo-sluchaj-so-firma-povrzana-so-bratuchetka-na-zaev/
Јас се сметам за пријател на Австрија и за време на мојата одговорност како премиер сум воспоставил одлични пријателски релации и соработка со Австрија. Така што нема да дозволам првиот претставник на Австрија во Македонија со ваква леснотија и без било какви докази и аргументи да го валка моето име. Следното споменување на моето име на ваков начин ќе значи дека ќе треба да се видиме на суд со амбасадорот на Австрија за да покаже и докаже било каква моја инволвираност, во спротивно ќе барам јавно извинување, надомест на штета за нарушени чест и углед и лично ќе го известам австриското МНР и Владата на Австрија за ваквиот однос на амбасадорот на Австрија, стои во реакцијата на Заев.

The post Заев му се закани на австрискиот амбасадор: Ќе се видиме на суд! appeared first on Република.

]]>
Австрија бара да се сменат судии и обвинители на случај со фирма поврзана со братучетка на Заев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avstrija-bara-da-se-smenat-sudii-i-obviniteli-na-sluchaj-so-firma-povrzana-so-bratuchetka-na-zaev/ Tue, 27 Jun 2023 21:22:05 +0000 https://republika.mk/?p=655866

Австрискиот амбасадор Георг Вуцас, преку допис до медиумите, упатува жестоки критики до македонското правосудство, барајќи да се разрешат сите судии и јавни обвинители, но и да им се укинат лиценците на извршителите и нотарите кои постапувале во спор што се води меѓу австриската компанија „АММА ДОО Хоенемс“ и валандовската фирма „ДЕНА трејд“ за производство на корнишони, поврзана со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.

Во случајот, за кој неодамна пишуваше Фокус, австриската компанија не може да си наплати долгот од 4,5 милиони евра во меѓународна арбитража. Станува збор за компанија која се занимава со трговија на големо и дистрибуција на земјоделски производи, која има побарувања во висина од 4,5 милиони евра од „ДЕНА“.

И покрај тоа што арбитражата е призната во Македонија, на македонските судови им беа потребни неколку месеци за да ја потврдат, а тој период „ДЕНА“ го искористила да префрли голем дел од својот имот на друга компанија, „Глобал трејд ДММ ДООЕЛ“. Во дописот, автсрискиот амбасадор наведува дека „Глобал трејд“ е фирма во сопственост на Емилија Заева Костова. Таа е сопруга на сопственикот на „ДЕНА продукт“, но и братучетка на поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, наведува амбасадорот.

Според дописот од австриската амбасада, сопружниците-сопственици на „ДЕНА продукт“ и „Глобал Трејд“ успеале да избегнат две присилни извршувања врз нивниот имот, преку манипулирање на податоците во Катастарот. Тие дури закажале и јавна аукција на две оранжерии, која треба да се одржи на 10-ти јули во Кавадарци, а доколку биде спроведена, холандската компанија повеќе нема да може да ги наплати своите побарувања.

Во јавниот допис насловен „Повик за владеење на правото“, амбасадорот смета дека потфрлиле и судиите и обвинителите, иако австриските инвеститори пријавувале дека не се почитува арбитражата и наплатата на долгот, како ни судските одлуки за замрзнување на имотот.

Последно на 7-ми јуни, Основниот граѓански суд во Скопје одобрил времена мерка со која го замрзнал недвижниот имот на компанијата до извршување на арбитражната одлука, односно додека не се наплати долгот од 4,5 милиони евра.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

The post Австрија бара да се сменат судии и обвинители на случај со фирма поврзана со братучетка на Заев appeared first on Република.

]]>

Австрискиот амбасадор Георг Вуцас, преку допис до медиумите, упатува жестоки критики до македонското правосудство, барајќи да се разрешат сите судии и јавни обвинители, но и да им се укинат лиценците на извршителите и нотарите кои постапувале во спор што се води меѓу австриската компанија „АММА ДОО Хоенемс“ и валандовската фирма „ДЕНА трејд“ за производство на корнишони, поврзана со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев. Во случајот, за кој неодамна пишуваше Фокус, австриската компанија не може да си наплати долгот од 4,5 милиони евра во меѓународна арбитража. Станува збор за компанија која се занимава со трговија на големо и дистрибуција на земјоделски производи, која има побарувања во висина од 4,5 милиони евра од „ДЕНА“. И покрај тоа што арбитражата е призната во Македонија, на македонските судови им беа потребни неколку месеци за да ја потврдат, а тој период „ДЕНА“ го искористила да префрли голем дел од својот имот на друга компанија, „Глобал трејд ДММ ДООЕЛ“. Во дописот, автсрискиот амбасадор наведува дека „Глобал трејд“ е фирма во сопственост на Емилија Заева Костова. Таа е сопруга на сопственикот на „ДЕНА продукт“, но и братучетка на поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, наведува амбасадорот. Според дописот од австриската амбасада, сопружниците-сопственици на „ДЕНА продукт“ и „Глобал Трејд“ успеале да избегнат две присилни извршувања врз нивниот имот, преку манипулирање на податоците во Катастарот. Тие дури закажале и јавна аукција на две оранжерии, која треба да се одржи на 10-ти јули во Кавадарци, а доколку биде спроведена, холандската компанија повеќе нема да може да ги наплати своите побарувања. Во јавниот допис насловен „Повик за владеење на правото“, амбасадорот смета дека потфрлиле и судиите и обвинителите, иако австриските инвеститори пријавувале дека не се почитува арбитражата и наплатата на долгот, како ни судските одлуки за замрзнување на имотот. Последно на 7-ми јуни, Основниот граѓански суд во Скопје одобрил времена мерка со која го замрзнал недвижниот имот на компанијата до извршување на арбитражната одлука, односно додека не се наплати долгот од 4,5 милиони евра. Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

The post Австрија бара да се сменат судии и обвинители на случај со фирма поврзана со братучетка на Заев appeared first on Република.

]]>
Владата го злоупотребува европското знаменце, новиот Закон за игри на среќа е неуставен, алармира австрискиот амбасадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-go-zloupotrebuva-evropskoto-znamentse-noviot-zakon-za-igri-na-sreka-e-neustaven-alarmira-avstriskiot-ambasador/ Tue, 28 Feb 2023 09:03:50 +0000 https://republika.mk/?p=614080

Пратениците од Комисијата за европски прашања да не дадат поддршка за новиот Закон за игри на среќа поради негова неуставност, реагира австрискиот амбасадор Георг Вуцас до Владата и пратениците откако измените на регулативата за игри на среќа стигнаа во законодавниот дом. Амбасадорот реагира дека Владата го злоупотребува и европското знаменце за да избегне јавна дебата за контроверзниот закон.

Актуелните одредби ги нарушуваат темелните вредности на уставниот поредок во член 8 од Уставот, т.е. владеење на правото, слобода на пазарот и претприемништво, почитување на општоприфатените норми на меѓународното право, пишува во писмото амбасадорот на Австрија во земјава.

Амбасадорот во писмото потенцира дека измените на Законот кои што ги предлага Владата се косат и со други членови од Уставот – членот 51 каде е регулирано дека сите закони мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Вуцас наведува дека измените на регулацијата се спротивни и со членот 52 од Уставот во кој е регулирано дека законот не може да има ретроактивно дејство, а се косат и со членот 59 кој гласи:

На странските вложувачи им се гарантира правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивка. Правата стекнати врз основа на вложениот капитал не можат да се намалуваат со закон или со друг пропис.

Австрискиот амбасадор бара од пратениците од Комисијата за европски прашања, доколку на дневен ред биде ставен предлог-законот, да не го разгледуваат поради ненадлежност и да не дадат согласност за предлог законот поради неуставност.

Вуцас укажува дека владеењето на правото ги опфаќа сите институции и процеси, а исклучително е важна одговорноста што ја има законодавниот дом.

Пратениците и Владата го добиле писмото од австрискиот амбасадор и за дел од медиумите информирале дека забелешките сериозно ќе ги разгледаат.

The post Владата го злоупотребува европското знаменце, новиот Закон за игри на среќа е неуставен, алармира австрискиот амбасадор appeared first on Република.

]]>

Пратениците од Комисијата за европски прашања да не дадат поддршка за новиот Закон за игри на среќа поради негова неуставност, реагира австрискиот амбасадор Георг Вуцас до Владата и пратениците откако измените на регулативата за игри на среќа стигнаа во законодавниот дом. Амбасадорот реагира дека Владата го злоупотребува и европското знаменце за да избегне јавна дебата за контроверзниот закон.
Актуелните одредби ги нарушуваат темелните вредности на уставниот поредок во член 8 од Уставот, т.е. владеење на правото, слобода на пазарот и претприемништво, почитување на општоприфатените норми на меѓународното право, пишува во писмото амбасадорот на Австрија во земјава.
Амбасадорот во писмото потенцира дека измените на Законот кои што ги предлага Владата се косат и со други членови од Уставот – членот 51 каде е регулирано дека сите закони мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Вуцас наведува дека измените на регулацијата се спротивни и со членот 52 од Уставот во кој е регулирано дека законот не може да има ретроактивно дејство, а се косат и со членот 59 кој гласи:
На странските вложувачи им се гарантира правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивка. Правата стекнати врз основа на вложениот капитал не можат да се намалуваат со закон или со друг пропис.
Австрискиот амбасадор бара од пратениците од Комисијата за европски прашања, доколку на дневен ред биде ставен предлог-законот, да не го разгледуваат поради ненадлежност и да не дадат согласност за предлог законот поради неуставност. Вуцас укажува дека владеењето на правото ги опфаќа сите институции и процеси, а исклучително е важна одговорноста што ја има законодавниот дом. Пратениците и Владата го добиле писмото од австрискиот амбасадор и за дел од медиумите информирале дека забелешките сериозно ќе ги разгледаат.  

The post Владата го злоупотребува европското знаменце, новиот Закон за игри на среќа е неуставен, алармира австрискиот амбасадор appeared first on Република.

]]>