Генци Кадриу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gentsi-kadriu/ За подобро да се разбереме Sat, 07 Sep 2024 07:02:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Генци Кадриу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gentsi-kadriu/ 32 32 Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо, со самостојна изложба во Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/skulptorot-gentsi-kadriu-makedonets-od-golo-brdo-so-samostojna-izlozhba-vo-tirana-2/ Sat, 07 Sep 2024 07:02:19 +0000 https://republika.mk/?p=813997

Македонците во Албанија, со повеќе активности ќе го одбележат 8 Септември - Денот на независноста.

Во тие рамки синоќа, во „Parking Art Gallery“ во Тирана беше отворена изложбата „Постојан експеримент“ на истакнатиот ликовен уметник Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо, кој живее и работи во градот Фиер.

Самостојна изложба на уметникот Кадриу е во организација на Марјана Костофски- Фелах, претставник на македонското национално малцинство во Комитетот за малцинствата, а поддржана од амбасадата на Република Македонија во Тирана. На истата присуствуваше и амбасадорот Данчо Марковски, објави амбасадата.

Во соопштението се додава дека изложбата ги обработува естетските елементи на македонската народна носија, инспирирана од носиите на ансамблот „Танец“, праисториска антика, керамички предмети, како и минијатурни скулптури.

За делата на скулпторот зборуваше и Сеад Казанџиу, потпретседател на Комитетот.

Кадриу има завршено високо образование на Академијата за ликовни уметности во Тирана во 1990 година, а покрај другите, негово познато дело е „Македонија“ уметничко прикажување на главните личности од македонската историја, изработено врз основа на историски материјали, моделирани во глина.

Во пресрет на Денот на независноста, денеска во  Библиотеката „Тими Митко“ во Корча, со почеток во 11:00 часот ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа, што е  завршен настан од проектот „Создавање традиционални носии на македонското национално малцинство од областа на Преспа“.

Ќе бидат промовирани традиционални женски носии на Македонците од Преспа и минијатурни верзии на носиите, рачно изработени од познатата костимографка од Корча, Лирика Појани.

Исто така ќе биде промовирана и двојазична брошура, на македонски и албански јазик, за македонските народни носии од Преспа, чиј автор е Васил Стерјовски.

Настанот го организира Македонското друштво „Сонце“, во соработка со Комитетот за национални малцинства, орган на албанската влада.

The post Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо, со самостојна изложба во Тирана appeared first on Република.

]]>

Македонците во Албанија, со повеќе активности ќе го одбележат 8 Септември - Денот на независноста. Во тие рамки синоќа, во „Parking Art Gallery“ во Тирана беше отворена изложбата „Постојан експеримент“ на истакнатиот ликовен уметник Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо, кој живее и работи во градот Фиер.
Самостојна изложба на уметникот Кадриу е во организација на Марјана Костофски- Фелах, претставник на македонското национално малцинство во Комитетот за малцинствата, а поддржана од амбасадата на Република Македонија во Тирана. На истата присуствуваше и амбасадорот Данчо Марковски, објави амбасадата.
Во соопштението се додава дека изложбата ги обработува естетските елементи на македонската народна носија, инспирирана од носиите на ансамблот „Танец“, праисториска антика, керамички предмети, како и минијатурни скулптури. За делата на скулпторот зборуваше и Сеад Казанџиу, потпретседател на Комитетот. Кадриу има завршено високо образование на Академијата за ликовни уметности во Тирана во 1990 година, а покрај другите, негово познато дело е „Македонија“ уметничко прикажување на главните личности од македонската историја, изработено врз основа на историски материјали, моделирани во глина. Во пресрет на Денот на независноста, денеска во  Библиотеката „Тими Митко“ во Корча, со почеток во 11:00 часот ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа, што е  завршен настан од проектот „Создавање традиционални носии на македонското национално малцинство од областа на Преспа“. Ќе бидат промовирани традиционални женски носии на Македонците од Преспа и минијатурни верзии на носиите, рачно изработени од познатата костимографка од Корча, Лирика Појани. Исто така ќе биде промовирана и двојазична брошура, на македонски и албански јазик, за македонските народни носии од Преспа, чиј автор е Васил Стерјовски. Настанот го организира Македонското друштво „Сонце“, во соработка со Комитетот за национални малцинства, орган на албанската влада.

The post Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо, со самостојна изложба во Тирана appeared first on Република.

]]>
Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо со самостојна изложба во Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/skulptorot-gentsi-kadriu-makedonets-od-golo-brdo-so-samostojna-izlozhba-vo-tirana/ Tue, 03 Sep 2024 06:42:59 +0000 https://republika.mk/?p=812541

Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо, во петок ќе има самостојна изложба во Тирана, којашто е потпомогната од Комитетот за национални малцинства при албанската Влада.

Според објавата на Комитетот на официјалната веб страна, делата на Кадриу ќе бидат изложени во „ParkingArtGallery“, а куратор ќе биде Сеад Казанџиу, потпретседател на Комитетот, кој ќе зборува за делата на Кадриу.

- Изложбата ќе биде отворена на 6 септември во 18 часот. Македонското друштво „Илинден“-Тирана, чија мисија е заштита на македонскиот идентитет и култура, ги повикува сите заинтересирани, љубители на уметноста, припадници на македонското национално малцинство и сите љубители на уметноста, да дојдат и одблиску да ги видат делата на уметникот Генци Кадриу, чие потекло е од селото Требиште област Голо Брдо, а живее во градот Фиер, вели за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Кадриу има завршено високо образование на Академијата за ликовни уметности во Тирана во 1990 година, а покрај другите, негово познато дело е „Македонија“ уметничко прикажување на главните личности од македонската историја, изработено врз основа на историски материјали, моделирани во глина.

Како што самиот во една прилика кажа делото ја отсликува посветеноста на јазичното и културното наследство на неговото семејство, кое го вградил во комплементарното уметничко дело и оти „неговата поставка Македонија е рефлексија и на неговата посветеност на социјалните прашања, каде уметноста и културата ги обединуваат луѓето и народите“.

 

The post Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо со самостојна изложба во Тирана appeared first on Република.

]]>

Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо, во петок ќе има самостојна изложба во Тирана, којашто е потпомогната од Комитетот за национални малцинства при албанската Влада. Според објавата на Комитетот на официјалната веб страна, делата на Кадриу ќе бидат изложени во „ParkingArtGallery“, а куратор ќе биде Сеад Казанџиу, потпретседател на Комитетот, кој ќе зборува за делата на Кадриу. - Изложбата ќе биде отворена на 6 септември во 18 часот. Македонското друштво „Илинден“-Тирана, чија мисија е заштита на македонскиот идентитет и култура, ги повикува сите заинтересирани, љубители на уметноста, припадници на македонското национално малцинство и сите љубители на уметноста, да дојдат и одблиску да ги видат делата на уметникот Генци Кадриу, чие потекло е од селото Требиште област Голо Брдо, а живее во градот Фиер, вели за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. Кадриу има завршено високо образование на Академијата за ликовни уметности во Тирана во 1990 година, а покрај другите, негово познато дело е „Македонија“ уметничко прикажување на главните личности од македонската историја, изработено врз основа на историски материјали, моделирани во глина. Како што самиот во една прилика кажа делото ја отсликува посветеноста на јазичното и културното наследство на неговото семејство, кое го вградил во комплементарното уметничко дело и оти „неговата поставка Македонија е рефлексија и на неговата посветеност на социјалните прашања, каде уметноста и културата ги обединуваат луѓето и народите“.  

The post Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо со самостојна изложба во Тирана appeared first on Република.

]]>