геноцид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/genocid/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jun 2024 08:22:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png геноцид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/genocid/ 32 32 Конго, Руанда, Јасеновац: За овие геноциди немаше резолуции https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kongo-ruanda-jasenovats-za-ovie-genotsidi-nemashe-rezolutsii/ Mon, 03 Jun 2024 08:22:07 +0000 https://republika.mk/?p=784244

Резолуцијата за Сребреница  предизвика бурни реакции во Србија и регионот. Многумина истакнуваат дека оваа резолуција неправедно означува цела нација како геноцидна, додека историјата покажува дека бројни големи светски нации со текот на времето извршиле злосторства од слични или поголеми размери, анализира „Борба.ме“

Германија: Холокаустот

Еден од најстрашните геноциди во историјата се случи за време на Втората светска војна кога нацистичките сили во Германија систематски убиваа шест милиони Евреи, како и милиони други, вклучително и Роми и политички противници. Холокаустот е пример за геноцид кој е темелно документиран и широко признат низ целиот свет.

https://republika.mk/vesti/makedonija/hrvatski-general-go-optsu-vasko-eftov-i-ja-napushti-emisijata/

Турција: Ерменски геноцид

За време на Првата светска војна, Отоманската империја (чиј наследник е модерна Турција) изврши геноцид врз Ерменците. Околу 1,5 милиони Ерменци беа убиени преку масовни убиства, депортации и маршеви на принудна смрт. Овој настан е широко признат како геноцид, и покрај контроверзите и негирањата од страна на турската влада.

Хрватска: Злосторства во Втората светска војна

За време на Втората светска војна, усташкиот режим во Независна Држава Хрватска изврши масовни злосторства врз Србите, Евреите и Ромите. Логорот Јасеновац беше местото каде што беа убиени стотици илјади луѓе, што се смета за едно од најбруталните злосторства во Европа во тоа време.

Белгија: Конго

Белгискиот крал Леополд II владеел со Конго како приватен имот, каде што неговите режими и експлоатација резултирале со смрт на околу 10 милиони Африканци преку принудна работа, глад и болести. Овој период на белгиско колонијално владеење е еден од најозлогласените примери на колонијална бруталност.

извор Борба.ме

The post Конго, Руанда, Јасеновац: За овие геноциди немаше резолуции appeared first on Република.

]]>

Резолуцијата за Сребреница  предизвика бурни реакции во Србија и регионот. Многумина истакнуваат дека оваа резолуција неправедно означува цела нација како геноцидна, додека историјата покажува дека бројни големи светски нации со текот на времето извршиле злосторства од слични или поголеми размери, анализира „Борба.ме“ Германија: Холокаустот Еден од најстрашните геноциди во историјата се случи за време на Втората светска војна кога нацистичките сили во Германија систематски убиваа шест милиони Евреи, како и милиони други, вклучително и Роми и политички противници. Холокаустот е пример за геноцид кој е темелно документиран и широко признат низ целиот свет. https://republika.mk/vesti/makedonija/hrvatski-general-go-optsu-vasko-eftov-i-ja-napushti-emisijata/ Турција: Ерменски геноцид За време на Првата светска војна, Отоманската империја (чиј наследник е модерна Турција) изврши геноцид врз Ерменците. Околу 1,5 милиони Ерменци беа убиени преку масовни убиства, депортации и маршеви на принудна смрт. Овој настан е широко признат како геноцид, и покрај контроверзите и негирањата од страна на турската влада. Хрватска: Злосторства во Втората светска војна За време на Втората светска војна, усташкиот режим во Независна Држава Хрватска изврши масовни злосторства врз Србите, Евреите и Ромите. Логорот Јасеновац беше местото каде што беа убиени стотици илјади луѓе, што се смета за едно од најбруталните злосторства во Европа во тоа време. Белгија: Конго Белгискиот крал Леополд II владеел со Конго како приватен имот, каде што неговите режими и експлоатација резултирале со смрт на околу 10 милиони Африканци преку принудна работа, глад и болести. Овој период на белгиско колонијално владеење е еден од најозлогласените примери на колонијална бруталност. извор Борба.ме

The post Конго, Руанда, Јасеновац: За овие геноциди немаше резолуции appeared first on Република.

]]>
Милановиќ: Во Разолуцијата за Сребреница нема ни збор за Србија или Србите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/milanovik-vo-razolutsijata-za-srebrenitsa-nema-ni-zbor-za-srbija-ili-srbite/ Sat, 25 May 2024 07:12:17 +0000 https://republika.mk/?p=781566

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ потенцираше дека во Резолуцијата за геноцидот во Сребреница на Обединетите нации не се ни споменуваат Србите.

Се обидувам да им кажам на сите политички Срби и Срби во политиката дека Резолуцијата за Сребреница не ги допира ниту Србите, српството или Србија, поточо нема ниту збор за Србите. Ако тоа им пречи или пак сметаат дека е газење, искоренување и трауматизирање на Србите, тогаш утре ќе им пречи облачен ден, рече Милановиќ во Света Недела, коментирајќи ја усвоената резолуција на Обединетите нации за геноцидот во Сребреница.

https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-najmnogu-me-pogodi-shto-makedonija-glasashe-za-srebrenitsa-iako-znam-deka-ke-rechat-deka-toa-se-albantsite/

Тој додаде дека „во Сребреница се случи страшно злосторство, судот го нарече геноцид“.

Ништо не може да го смени фактот дека една манијакална група убијци уби илјадници луѓе, главно мажи од сите возрасти, и тоа секогаш ќе остане така. Мислам дека е време да го затвориме ова и да почнеме нормално да живееме во Босна и Херцеговина, бидејќи оваа мисија за отцепување е невозможна, рече Милановиќ, пренесе неговата прес-служба во соопштението.

Тој нагласи дека Република Српска не може да се отцепи од Босна и Херцеговина и дека „се прави голема врева без добра причина“.

Милановиќ ја критикуваше хрватската влада дека не се консултирала со него за резолуцијата за Сребреница, бидејќи тоа се бара според Уставот.

Тој оцени дека начинот на кој Хрватска ја ко-спонзорирала резолуцијата за Сребреница е неуставен.

Не ја оспорувам содржината и би ја поддржал, но тоа е направено зад мој грб, без консултации и дискусии, нагласи хрватскиот претседател.

Тој повтори дека сите тие се одлуки кои според Уставот не смее да ги носи владата без претседателот.

The post Милановиќ: Во Разолуцијата за Сребреница нема ни збор за Србија или Србите appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ потенцираше дека во Резолуцијата за геноцидот во Сребреница на Обединетите нации не се ни споменуваат Србите.
Се обидувам да им кажам на сите политички Срби и Срби во политиката дека Резолуцијата за Сребреница не ги допира ниту Србите, српството или Србија, поточо нема ниту збор за Србите. Ако тоа им пречи или пак сметаат дека е газење, искоренување и трауматизирање на Србите, тогаш утре ќе им пречи облачен ден, рече Милановиќ во Света Недела, коментирајќи ја усвоената резолуција на Обединетите нации за геноцидот во Сребреница.
https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-najmnogu-me-pogodi-shto-makedonija-glasashe-za-srebrenitsa-iako-znam-deka-ke-rechat-deka-toa-se-albantsite/ Тој додаде дека „во Сребреница се случи страшно злосторство, судот го нарече геноцид“.
Ништо не може да го смени фактот дека една манијакална група убијци уби илјадници луѓе, главно мажи од сите возрасти, и тоа секогаш ќе остане така. Мислам дека е време да го затвориме ова и да почнеме нормално да живееме во Босна и Херцеговина, бидејќи оваа мисија за отцепување е невозможна, рече Милановиќ, пренесе неговата прес-служба во соопштението.
Тој нагласи дека Република Српска не може да се отцепи од Босна и Херцеговина и дека „се прави голема врева без добра причина“. Милановиќ ја критикуваше хрватската влада дека не се консултирала со него за резолуцијата за Сребреница, бидејќи тоа се бара според Уставот. Тој оцени дека начинот на кој Хрватска ја ко-спонзорирала резолуцијата за Сребреница е неуставен.
Не ја оспорувам содржината и би ја поддржал, но тоа е направено зад мој грб, без консултации и дискусии, нагласи хрватскиот претседател.
Тој повтори дека сите тие се одлуки кои според Уставот не смее да ги носи владата без претседателот.

The post Милановиќ: Во Разолуцијата за Сребреница нема ни збор за Србија или Србите appeared first on Република.

]]>
Напладне ќе бијат сите камбани низ Србија, „Ние не сме геноциден народ“ порачуваат тие https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/napladne-ke-bijat-site-kambani-niz-srbija-nie-ne-sme-genotsiden-narod-porachuvaat-tie/ Thu, 23 May 2024 09:40:12 +0000 https://republika.mk/?p=781080

Генералното собрание на ОН денеска ќе гласа за резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и осуда на негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.

Истовремено во Србија напладне по благослов на патријархот Порфириј ќе бијат камбаните во сите православни храмови, повикувајќи го „верниот народ на молитва, смиреност, меѓусебна солидарност и непоколебливост во правењето добро, и покрај целосно лажните и неправедни обвинувања на кои се изложени во ОН“, јави дописникот на МИА од Белград.

Патријархот Порфириј го повика српскиот православен народ да се обедини во молитва за правда и мир за сите народи, особено за оние со кои дели заедничка историја со векови.

Паралелно во Белград и градовите во Србија на билбордите е истакнат текстот „Ние не сме геноциден народ“- Горда Србија и Српска, а ист текст е поставен и на Кулата Белград.

Истиот текст на своите социјални мрежи го имаат поставено речиси сите претставници на државниот врв.

https://republika.mk/vesti/balkan/deneska-e-sednitsata-vo-on-dali-makedonija-ke-glasa-srbija-da-bide-genotsidna-drzhava/

Медиумите ги пренесуваат пораките на претседателот Александар Вучиќ и делегацијата од Њујорк за дипломатската борба во докажувањето дека Србите не се геноциден народ.

Вучиќ во Њујорк синоќа изјави дека при гласањето на резолуцијата за Сребреница „ќе се види кои се пријатели, а кои лажни пријатели на Србија“.

Утре ми е најтешкиот ден во политичка смисла откако станав претседател или премиер. За мене ова е Видовдан. Ќе видам дали ќе му се спротивставам на најголемиот, најмоќниот, најдрскиот, најнепромислениот, од кого во претходните неколку дена речиси сите побегнаа или се повлекоа уплашени од бруталните закани, рече Вучиќ.

Гласањето во ГС на ОН ќе биде во 16 часот.

The post Напладне ќе бијат сите камбани низ Србија, „Ние не сме геноциден народ“ порачуваат тие appeared first on Република.

]]>

Генералното собрание на ОН денеска ќе гласа за резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и осуда на негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници. Истовремено во Србија напладне по благослов на патријархот Порфириј ќе бијат камбаните во сите православни храмови, повикувајќи го „верниот народ на молитва, смиреност, меѓусебна солидарност и непоколебливост во правењето добро, и покрај целосно лажните и неправедни обвинувања на кои се изложени во ОН“, јави дописникот на МИА од Белград. Патријархот Порфириј го повика српскиот православен народ да се обедини во молитва за правда и мир за сите народи, особено за оние со кои дели заедничка историја со векови. Паралелно во Белград и градовите во Србија на билбордите е истакнат текстот „Ние не сме геноциден народ“- Горда Србија и Српска, а ист текст е поставен и на Кулата Белград. Истиот текст на своите социјални мрежи го имаат поставено речиси сите претставници на државниот врв. https://republika.mk/vesti/balkan/deneska-e-sednitsata-vo-on-dali-makedonija-ke-glasa-srbija-da-bide-genotsidna-drzhava/ Медиумите ги пренесуваат пораките на претседателот Александар Вучиќ и делегацијата од Њујорк за дипломатската борба во докажувањето дека Србите не се геноциден народ. Вучиќ во Њујорк синоќа изјави дека при гласањето на резолуцијата за Сребреница „ќе се види кои се пријатели, а кои лажни пријатели на Србија“.
Утре ми е најтешкиот ден во политичка смисла откако станав претседател или премиер. За мене ова е Видовдан. Ќе видам дали ќе му се спротивставам на најголемиот, најмоќниот, најдрскиот, најнепромислениот, од кого во претходните неколку дена речиси сите побегнаа или се повлекоа уплашени од бруталните закани, рече Вучиќ.
Гласањето во ГС на ОН ќе биде во 16 часот.

The post Напладне ќе бијат сите камбани низ Србија, „Ние не сме геноциден народ“ порачуваат тие appeared first on Република.

]]>
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-pristigna-vo-nujork-zaradi-glasaneto-na-rezolutsijata-za-srebrenitsa-vo-on/ Mon, 20 May 2024 18:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=780253

Српскиот претседател Александар Вучиќ допатува во Њујорк каде на 23 мај ќе присуствува на седницата на Генералното собрание на ОН каде ќе се разгледува предлогот-резолуцијата за Сребреница.

Во делегацијата со Вучиќ е и министерот за надворешни работи на Србија Марко Ѓуриќ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-vlasta-na-zaminuvane-so-poddrshka-na-rezolutsijata-za-srebrenitsa-ke-i-se-zablagodari-na-srbija-za-vaktsinite-i-pchenitsata/

Пред заминувањето за Њујорк и учеството на седницата на Генералното собрание на ОН, Вучиќ утрово присуствуваше на богослужба на српскиот патријарх Порфирије.

Одам во Њујорк да се борам со сета сила и срце за иднината на нашата земја, изјави Вучиќ пред патувањето.

Генералното собрание на Обединетите нации на 23 мај ќе гласа за резолуцијата за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. За резолуцијата требаше да се расправа на 2 мај, но датумот беше поместен од процедурални причини.

Со резолуцијата, исто така, безрезервно се осудува секое негирање на геноцидот во Сребреница и се поттикнуваат државите членки да ги сочуваат утврдените факти преку своите образовни системи со развивање на соодветните програми. Предлагачи на резолуцијата за геноцидот во Сребреница се Германија и Руанда, а Македонија е меѓу повеќето коспонзори на резолуцијата.

Масакрот во Сребреница е прогласен за геноцид и од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

The post Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ допатува во Њујорк каде на 23 мај ќе присуствува на седницата на Генералното собрание на ОН каде ќе се разгледува предлогот-резолуцијата за Сребреница. Во делегацијата со Вучиќ е и министерот за надворешни работи на Србија Марко Ѓуриќ. https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-vlasta-na-zaminuvane-so-poddrshka-na-rezolutsijata-za-srebrenitsa-ke-i-se-zablagodari-na-srbija-za-vaktsinite-i-pchenitsata/ Пред заминувањето за Њујорк и учеството на седницата на Генералното собрание на ОН, Вучиќ утрово присуствуваше на богослужба на српскиот патријарх Порфирије.
Одам во Њујорк да се борам со сета сила и срце за иднината на нашата земја, изјави Вучиќ пред патувањето.
Генералното собрание на Обединетите нации на 23 мај ќе гласа за резолуцијата за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. За резолуцијата требаше да се расправа на 2 мај, но датумот беше поместен од процедурални причини. Со резолуцијата, исто така, безрезервно се осудува секое негирање на геноцидот во Сребреница и се поттикнуваат државите членки да ги сочуваат утврдените факти преку своите образовни системи со развивање на соодветните програми. Предлагачи на резолуцијата за геноцидот во Сребреница се Германија и Руанда, а Македонија е меѓу повеќето коспонзори на резолуцијата. Масакрот во Сребреница е прогласен за геноцид и од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

The post Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН appeared first on Република.

]]>
Олбрајт во ОН ги скрила доказите за геноцид врз Србите во Сребреница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/olbrajt-vo-on-gi-skrila-dokazite-za-genotsid-vrz-srbite-vo-srebrenitsa/ Tue, 30 Apr 2024 20:54:00 +0000 https://republika.mk/?p=772658

Информацијата дека на 2 јуни 1993 година, Обединетите нации го потврдиле приемот на Меморандумот за злосторствата врз српскиот народ во Братунац, Милиќ, Скелани и Сребреница, кај професорот Миливој Иванишевиќ, ја разгорел надежта дека правдољубивиот свет ќе се сожали на српските жртви.

Сепак во о администрацијата на Советот за безбедност, Тунижанец и Мароканец прикриле извештаи за страдањата на Србите, а во документите за жртвите муслимани додале неколку нули.. Медлин Олбрајт, поранешниот државниот секретар на САД, имала најголема заслуга што се спречила вистината за Србите да дојде до јавноста.

Според сведочењето на проф. Иванишевиќ, Србинките најмногу настрадале во Сараево. Некои од камповите во Босна и Херцеговина биле и  јавни куќи.

- Толку садисти и развратни умови излегоа на површина за време на таа војна, а нивното уживање беше слушањето на крикот и офкањето на жените и децата што ги убиваа - вели проф. Иванишевиќ.

The post Олбрајт во ОН ги скрила доказите за геноцид врз Србите во Сребреница appeared first on Република.

]]>

Информацијата дека на 2 јуни 1993 година, Обединетите нации го потврдиле приемот на Меморандумот за злосторствата врз српскиот народ во Братунац, Милиќ, Скелани и Сребреница, кај професорот Миливој Иванишевиќ, ја разгорел надежта дека правдољубивиот свет ќе се сожали на српските жртви. Сепак во о администрацијата на Советот за безбедност, Тунижанец и Мароканец прикриле извештаи за страдањата на Србите, а во документите за жртвите муслимани додале неколку нули.. Медлин Олбрајт, поранешниот државниот секретар на САД, имала најголема заслуга што се спречила вистината за Србите да дојде до јавноста. Според сведочењето на проф. Иванишевиќ, Србинките најмногу настрадале во Сараево. Некои од камповите во Босна и Херцеговина биле и  јавни куќи.
- Толку садисти и развратни умови излегоа на површина за време на таа војна, а нивното уживање беше слушањето на крикот и офкањето на жените и децата што ги убиваа - вели проф. Иванишевиќ.

The post Олбрајт во ОН ги скрила доказите за геноцид врз Србите во Сребреница appeared first on Република.

]]>
На Маричиќ конечно му текна дека Османи работи против македонските интереси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-marichik-konechno-mu-tekna-deka-osmani-raboti-protiv-makedonskite-interesi/ Thu, 18 Apr 2024 08:39:08 +0000 https://republika.mk/?p=767388

Не стивнуваат реакциите по вчерашното скандалозно однесување на министерот за надворешни работи на ДУИ Бујар Османи кој работи спротивно на македонските интереси. Османи вчера ја презеде улогата на претседател на државата па самиот носи одлуки дали Македонија ќе излезе од регионални иницијативи како „Отворен Балкан“, дали имало геноцид во Сребреница. „Европски“ што би рекол Бујар во кампањата.

За изненадување е што конечно има реакција од помалиот коалициски партнер на власта СДСМ.Се огласи  вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ кој смета дека одговорноста за случувањата во Сребреница треба да биде индивидуална, а не колективна.

https://republika.mk/vesti/balkan/ekspert-za-holokaust-tvrdi-vo-srebrenitsa-nemashe-genotsid/

-Ставот на Македонија е многу јасен и утврден со Декларација на Собранието уште на почетокот на 2010 година, тогаш едногласно нашето собрание ја поддржало резолуцијата на ЕП за Сребреница каде таа е осудена како геноцид. Меѓутоа треба да разграничиме две работи, едно е тоа во Сребреница, но таа дамка не може да се фрли врз целиот српски народ или Србија. Одговорноста кон Сребреница треба да се индивидуализира и затоа постојат меѓународни судови и трибунали, таа треба да биде со име и презиме за да во никој случај не биде доведена со цел народ или цела држава, изјави Маричиќ за ТВ Канал 5.

Османи вчера најави дека ќе предложи Македонија да излезе  од иницијативата „Отворен Балкан“. Маричиќ и на тоа има реакција и нагласува дека секоја регионална соработка е добра за државата.

-Ние инсистиравме да остане таа иницијатива отворена и таа остана отворена. И се додека имаше и има поддршка од нашите стратешки партнери, треба во неа да партиципираме и да се фокусираме на конкретните придобивки без големи политички теми. Затоа што тие крупни политички теми блокираа други регионални процси и не донесоа ништо добро. Берлинскиот процес, Отворен Балкан и сите тие иницијативи ги гледаме како позитивни и треба од нив да извлечеме максимум, наместо да ги доведуваме во политички контекст, вели Маричиќ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/po-kojznae-kojpat-osmani-dokazha-deka-e-kosovski-a-ne-makedonski-minister/

Од каде тоа Османи има информации за случувањата во Бањска на Косово па уште и ќе ги презентира на затворена седница на Влада.

И зошто на седница на Влада би се расправало за настан во друга држава која патем не е ни држава туку полу-протекторат.

https://republika.mk/vesti/makedonija/diplomatijata-kidnapirana-od-dui-2-200-gragani-ke-ostanat-bez-rabota-vo-srbija-preku-otvoren-balkan-poradi-bujar/

Тоа е работа на властите во Приштина и на државата Србија е не на Османи.

Oсмани вчера решаваше и меѓународни проблеми па дури и се пофали дека самиот одлучил Македонија да биде промотор на Резолуцијата што Обединетите нации. Османи треба да знае дека во Сребреница навистина се случија ужасни убиства, но за тоа одговорноста треба да биде индивидуална а не колективна.Затоа вистинскиот збор е воени злосторства а не геноцид.

The post На Маричиќ конечно му текна дека Османи работи против македонските интереси appeared first on Република.

]]>

Не стивнуваат реакциите по вчерашното скандалозно однесување на министерот за надворешни работи на ДУИ Бујар Османи кој работи спротивно на македонските интереси. Османи вчера ја презеде улогата на претседател на државата па самиот носи одлуки дали Македонија ќе излезе од регионални иницијативи како „Отворен Балкан“, дали имало геноцид во Сребреница. „Европски“ што би рекол Бујар во кампањата. За изненадување е што конечно има реакција од помалиот коалициски партнер на власта СДСМ.Се огласи  вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ кој смета дека одговорноста за случувањата во Сребреница треба да биде индивидуална, а не колективна. https://republika.mk/vesti/balkan/ekspert-za-holokaust-tvrdi-vo-srebrenitsa-nemashe-genotsid/
-Ставот на Македонија е многу јасен и утврден со Декларација на Собранието уште на почетокот на 2010 година, тогаш едногласно нашето собрание ја поддржало резолуцијата на ЕП за Сребреница каде таа е осудена како геноцид. Меѓутоа треба да разграничиме две работи, едно е тоа во Сребреница, но таа дамка не може да се фрли врз целиот српски народ или Србија. Одговорноста кон Сребреница треба да се индивидуализира и затоа постојат меѓународни судови и трибунали, таа треба да биде со име и презиме за да во никој случај не биде доведена со цел народ или цела држава, изјави Маричиќ за ТВ Канал 5.
Османи вчера најави дека ќе предложи Македонија да излезе  од иницијативата „Отворен Балкан“. Маричиќ и на тоа има реакција и нагласува дека секоја регионална соработка е добра за државата.
-Ние инсистиравме да остане таа иницијатива отворена и таа остана отворена. И се додека имаше и има поддршка од нашите стратешки партнери, треба во неа да партиципираме и да се фокусираме на конкретните придобивки без големи политички теми. Затоа што тие крупни политички теми блокираа други регионални процси и не донесоа ништо добро. Берлинскиот процес, Отворен Балкан и сите тие иницијативи ги гледаме како позитивни и треба од нив да извлечеме максимум, наместо да ги доведуваме во политички контекст, вели Маричиќ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/po-kojznae-kojpat-osmani-dokazha-deka-e-kosovski-a-ne-makedonski-minister/ Од каде тоа Османи има информации за случувањата во Бањска на Косово па уште и ќе ги презентира на затворена седница на Влада. И зошто на седница на Влада би се расправало за настан во друга држава која патем не е ни држава туку полу-протекторат. https://republika.mk/vesti/makedonija/diplomatijata-kidnapirana-od-dui-2-200-gragani-ke-ostanat-bez-rabota-vo-srbija-preku-otvoren-balkan-poradi-bujar/ Тоа е работа на властите во Приштина и на државата Србија е не на Османи. Oсмани вчера решаваше и меѓународни проблеми па дури и се пофали дека самиот одлучил Македонија да биде промотор на Резолуцијата што Обединетите нации. Османи треба да знае дека во Сребреница навистина се случија ужасни убиства, но за тоа одговорноста треба да биде индивидуална а не колективна.Затоа вистинскиот збор е воени злосторства а не геноцид.  

The post На Маричиќ конечно му текна дека Османи работи против македонските интереси appeared first on Република.

]]>
Oсмани: Србите треба да прифатат дека ќе бидат прогласени за геноциден народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-se-gordee-shto-srbite-ke-bidat-proglaseni-za-genotsiden-narod/ Wed, 17 Apr 2024 11:59:28 +0000 https://republika.mk/?p=767132

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека е изненаден од реакциите по објавата дека Република Македонија е меѓу 17 држави кои ја коспонзорираа Резолуцијата на Обединетите нации за прогласување на 11 јули за меѓународен ден за сеќавање на геноцидот во Сребреница од 1995 година.

Пред сѐ, рече, е изненаден од луѓе кои сметаат дека тоа влијае на односите со Србија, нагласувајќи дека е „универзална човекова должност да се осуди која било форма на геноцид, независно кои се сторителите“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-darko-kaevski-albanski-zet-dedo-mu-e-albert-musliu-shura-ambasador-na-dui/

-Не очекував реакции, дури сум малку и шокиран од реакциите на дел од граѓаните кои мислам дека се поттикнати од одредени политички партии. Не смееме да реагираме на оваа тема зашто ова прашање влегува во делот на негирање на геноцидот и тоа е строго забрането... Веќе има одлука на Меѓународниот суд на правдата што неделата во Сребреница ги имаат прогласено за геноцид и тие судски одлуки веќе ниту може да се коментираат, ниту да се интерпретираат. Република Македонија во 2010 година во Парламентот има донесено декларација со која се поддржува Европската резолуција за прогласување геноцид во Сребреница. Така што, мислам дека овие реакции и интерпретации се жални, бидејќи немам дилема дека кој било граѓанин во Република Македонија нема да го осуди убиството во еден ден на над 8000 цивили - деца, возрасни, кои биле истребени, иако со одлука на Советот за безбедност било прогласена безбедна зона, изјави Османи од седиштето на Бошњачкиот демократски сојуз каде што пред неговата изјава беше организирана панел-дискусија.

Коспонзорирањето значи дека државава е дел од иницијативата, предложена од Босна и Херцеговина, и со другите земји коспознори учествува во составувањето на текстот на резолуцијата. Таа денеска ќе биде претставена пред Генералното собрание на Обединетите нации пред гласањето на 2 мај.

Османи нагласи дека посебно од нашата држава се очекува да биде коспонзор „како еден од најголемите промотори на мултиетничноста и различноста“ и посебно од нас се очекува, рече, „да осудиме секој говор на омраза и секое убиство засновано на омраза кон другите“.

Во однос на реакциите од Србија ја нагласи важноста од помирувањето и посочи примери од историјата кога државници се извиниле за жртви во конфликти и војни, меѓу другото посочувајќи ги Франција и Германија кои, рече, денес се најголемите пријатели „бидејќи се залечени раните со јасно зборување за тоа што се случило“, како и на мерките што ги презема Германија за сеќавање на холокаустот.

-Горд сум што Македонија е дел од коспонзорирањето на резолуцијата. Тоа е единствен начин да се спречи повторување на таквото дело. Геноцидот не е само актот на истребување туку почнува со говор на омраза, а завршува со негово негирање. Затоа не смееме да бидеме дел од ниту една фаза од геноцидот, туку напротив Македонија треба да биде промотор на таквите вредности. Би сакал тука до мене денеска да беше и министерот за надворешни работи на Србија, и на Босна и Херцеговина, и сите заедно да се помириме. Затоа што има две опции – или војување или помирување. Војните на Балканот завршија, единствена алтернатива ни е да се помириме, да ги залечиме раните и да се извини секој кој сторил дела спротивни на меѓународното и хуманитарното право, за да може да продолжиме понатаму како што тоа го направила Европската Унија,  истакна Османи.

Прашан во врска со апелот од учесници на дискусијата да се покрене судска постапка против лидерот на Демократска партија на Србите во земјава Иван Стоиљковиќ кој во реакција на коспонзорирањето ја нарече Сребреница „некрофилски дизниленд“, Османи одговори дека нема да навлегува во тоа зашто е изборен процес и „може да се интерпретира поинаку“.

-Но, се разбира, по допрен глас институциите можат да реагираат. Во Министерството имаше вчера средба со амбасадорката на Република Србија и ние јасно го кажавме нашиот став дека ова не е однос кон Србија, не е однос кон српскиот народ, ова е однос кон едно злосторство кое е направено и за кое меѓународните судови веќе имаат констатирано дека е геноцид и дека негирањето и глорифицирањето на сторителите е продолжување на геноцидот во друга форма. Мислам дека е најдобро и за Србија да ја залечи оваа рана како што тоа го направија Германците и како што го направија сите народи. Секаде каде што има меѓународна судска одлука за злосторство против човештвото јас не правам поделби во однос на сторителите. Утре може ние да  бидеме жртва или генерациите што доаѓаат по нас и затоа не смееме да останеме неми на злосторства од тој тип, туку, напротив, да ги објасниме, посебно пред децата во образовниот процес, рече Османи.

На прашањето дали со денешната посета на партијата на Бошњаците ги разграничува активностите меѓу функцијата министер и кандидат за претседател на државата, одговори дека одлуката за коспонзорирање е на МНР, а дека денеска е поканет од Бошњачкиот демократски сојуз за заедно со министерот на БиХ, Елмедин Конаковиќ, да ја објаснат резолуцијата на ОН за Сребреница.

Конаковиќ во видеообраќање на дискусијата се заблагодари на Македонија за конспонзорирањето на резолуцијата, убеден дека прогласувањето на 11 јули за меморијален ден значително ќе придонесе за мирот и безбедноста на регионот.

-Дозволете ми да ве потсетам на геноцидот извршен во јули 1995 година во заштитената безбедна зона на Обединетите нации, Сребреница, брутално беа убиени повеќе од 8000 момчиња и мажи, 1000 беа насилно раселени, цели семејства беа уништени, а нивните домови беа опустошени. Бројни сторители беа изведени пред правдата, а најстрашното злосторство, систематското убивање на бошњачкото население во заштитената зона на Сребреница, беше законски признато како геноцид од страна на Меѓународниот суд на правдата и Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија. И никогаш не смее да биде предмет на различни толкувања. Ова го препознаа одговорните луѓе кои спроведуваат одговорни политики во Македонија, рече Конаковиќ во видеообраќањето.

The post Oсмани: Србите треба да прифатат дека ќе бидат прогласени за геноциден народ appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека е изненаден од реакциите по објавата дека Република Македонија е меѓу 17 држави кои ја коспонзорираа Резолуцијата на Обединетите нации за прогласување на 11 јули за меѓународен ден за сеќавање на геноцидот во Сребреница од 1995 година. Пред сѐ, рече, е изненаден од луѓе кои сметаат дека тоа влијае на односите со Србија, нагласувајќи дека е „универзална човекова должност да се осуди која било форма на геноцид, независно кои се сторителите“. https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-darko-kaevski-albanski-zet-dedo-mu-e-albert-musliu-shura-ambasador-na-dui/
-Не очекував реакции, дури сум малку и шокиран од реакциите на дел од граѓаните кои мислам дека се поттикнати од одредени политички партии. Не смееме да реагираме на оваа тема зашто ова прашање влегува во делот на негирање на геноцидот и тоа е строго забрането... Веќе има одлука на Меѓународниот суд на правдата што неделата во Сребреница ги имаат прогласено за геноцид и тие судски одлуки веќе ниту може да се коментираат, ниту да се интерпретираат. Република Македонија во 2010 година во Парламентот има донесено декларација со која се поддржува Европската резолуција за прогласување геноцид во Сребреница. Така што, мислам дека овие реакции и интерпретации се жални, бидејќи немам дилема дека кој било граѓанин во Република Македонија нема да го осуди убиството во еден ден на над 8000 цивили - деца, возрасни, кои биле истребени, иако со одлука на Советот за безбедност било прогласена безбедна зона, изјави Османи од седиштето на Бошњачкиот демократски сојуз каде што пред неговата изјава беше организирана панел-дискусија.
Коспонзорирањето значи дека државава е дел од иницијативата, предложена од Босна и Херцеговина, и со другите земји коспознори учествува во составувањето на текстот на резолуцијата. Таа денеска ќе биде претставена пред Генералното собрание на Обединетите нации пред гласањето на 2 мај. Османи нагласи дека посебно од нашата држава се очекува да биде коспонзор „како еден од најголемите промотори на мултиетничноста и различноста“ и посебно од нас се очекува, рече, „да осудиме секој говор на омраза и секое убиство засновано на омраза кон другите“. Во однос на реакциите од Србија ја нагласи важноста од помирувањето и посочи примери од историјата кога државници се извиниле за жртви во конфликти и војни, меѓу другото посочувајќи ги Франција и Германија кои, рече, денес се најголемите пријатели „бидејќи се залечени раните со јасно зборување за тоа што се случило“, како и на мерките што ги презема Германија за сеќавање на холокаустот.
-Горд сум што Македонија е дел од коспонзорирањето на резолуцијата. Тоа е единствен начин да се спречи повторување на таквото дело. Геноцидот не е само актот на истребување туку почнува со говор на омраза, а завршува со негово негирање. Затоа не смееме да бидеме дел од ниту една фаза од геноцидот, туку напротив Македонија треба да биде промотор на таквите вредности. Би сакал тука до мене денеска да беше и министерот за надворешни работи на Србија, и на Босна и Херцеговина, и сите заедно да се помириме. Затоа што има две опции – или војување или помирување. Војните на Балканот завршија, единствена алтернатива ни е да се помириме, да ги залечиме раните и да се извини секој кој сторил дела спротивни на меѓународното и хуманитарното право, за да може да продолжиме понатаму како што тоа го направила Европската Унија,  истакна Османи.
Прашан во врска со апелот од учесници на дискусијата да се покрене судска постапка против лидерот на Демократска партија на Србите во земјава Иван Стоиљковиќ кој во реакција на коспонзорирањето ја нарече Сребреница „некрофилски дизниленд“, Османи одговори дека нема да навлегува во тоа зашто е изборен процес и „може да се интерпретира поинаку“.
-Но, се разбира, по допрен глас институциите можат да реагираат. Во Министерството имаше вчера средба со амбасадорката на Република Србија и ние јасно го кажавме нашиот став дека ова не е однос кон Србија, не е однос кон српскиот народ, ова е однос кон едно злосторство кое е направено и за кое меѓународните судови веќе имаат констатирано дека е геноцид и дека негирањето и глорифицирањето на сторителите е продолжување на геноцидот во друга форма. Мислам дека е најдобро и за Србија да ја залечи оваа рана како што тоа го направија Германците и како што го направија сите народи. Секаде каде што има меѓународна судска одлука за злосторство против човештвото јас не правам поделби во однос на сторителите. Утре може ние да  бидеме жртва или генерациите што доаѓаат по нас и затоа не смееме да останеме неми на злосторства од тој тип, туку, напротив, да ги објасниме, посебно пред децата во образовниот процес, рече Османи.
На прашањето дали со денешната посета на партијата на Бошњаците ги разграничува активностите меѓу функцијата министер и кандидат за претседател на државата, одговори дека одлуката за коспонзорирање е на МНР, а дека денеска е поканет од Бошњачкиот демократски сојуз за заедно со министерот на БиХ, Елмедин Конаковиќ, да ја објаснат резолуцијата на ОН за Сребреница. Конаковиќ во видеообраќање на дискусијата се заблагодари на Македонија за конспонзорирањето на резолуцијата, убеден дека прогласувањето на 11 јули за меморијален ден значително ќе придонесе за мирот и безбедноста на регионот.
-Дозволете ми да ве потсетам на геноцидот извршен во јули 1995 година во заштитената безбедна зона на Обединетите нации, Сребреница, брутално беа убиени повеќе од 8000 момчиња и мажи, 1000 беа насилно раселени, цели семејства беа уништени, а нивните домови беа опустошени. Бројни сторители беа изведени пред правдата, а најстрашното злосторство, систематското убивање на бошњачкото население во заштитената зона на Сребреница, беше законски признато како геноцид од страна на Меѓународниот суд на правдата и Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија. И никогаш не смее да биде предмет на различни толкувања. Ова го препознаа одговорните луѓе кои спроведуваат одговорни политики во Македонија, рече Конаковиќ во видеообраќањето.

The post Oсмани: Србите треба да прифатат дека ќе бидат прогласени за геноциден народ appeared first on Република.

]]>
Експерт за холокауст тврди: Во Сребреница немаше геноцид https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ekspert-za-holokaust-tvrdi-vo-srebrenitsa-nemashe-genotsid/ Wed, 17 Apr 2024 09:34:25 +0000 https://republika.mk/?p=767054

Во Сребреница не се случи геноцид, туку воено злосторство,вели еден од најголемите светски експерти за холокаустот, Ефраим Зуроф и посочи дека денес, без никакво сомневање, овој термин се злоупотребува за политички цели, но и дека Генералното собрание на ОН не може да утврди што е геноцид.

Оригиналната дефиниција на зборот геноцид е обид да се уништи цел народ, тоа не се случи во Сребреница, тоа што се случи таму беше воено злосторство - рече Зуроф, кој е директор на Центарот „Симон Визентал“.

Зуроф смета дека најголемиот проблем е што Генералното собрание на ОН не е тело кое може да одредува што е геноцид.

- Тоа се луѓе кои претставуваат одредени земји кои се занимаваат со политика и понекогаш гласаат не за вистината, туку за политиката - прецизира Зуроф.

https://republika.mk/vesti/balkan/dachik-go-prasha-osmani-dali-ke-se-prikluchite-na-rezolutsija-na-srbija-protiv-hrvatska-za-genotsid/

The post Експерт за холокауст тврди: Во Сребреница немаше геноцид appeared first on Република.

Шешељ: Немаше геноцид во Сребреница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sheshel-nemashe-genotsid-vo-srebrenitsa/ Mon, 15 Apr 2024 13:18:06 +0000 https://republika.mk/?p=766211

Војислав Шешељ вели  дека има јасна разлика меѓу геноцид и криминал, и оти немало намера да се изврши геноцид во Сребреница.

- Сите треба да ја прочитате конвенцијата за геноцид, бидејќи тоа е уништување на национална, верска или расна група. Муслиманите од Сребреница не можат да се разликуваат од оние од цела Босна. Ниту една жена не е убиена, ниту еден старец и ниту едно дете не е убиено во Сребреница и немало намера да се изврши геноцид.

The post Шешељ: Немаше геноцид во Сребреница appeared first on Република.

Намерата на Западот е наместо Германците – Србите да бидат геноциден народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/namerata-na-zapadot-e-namesto-germantsite-srbite-da-bidat-genotsiden-narod/ Mon, 15 Apr 2024 09:24:56 +0000 https://republika.mk/?p=766177

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека добил официјална потврда од Соединетите Американски Држави дека исклучително тешко ќе лобираат во Обединетите нации за резолуција за Сребреница.

Тој најави и дека во случај Генералното собрание на ОН да ја усвои оваа резолуција, Србија истиот ден ќе аплицира за непостојана членка на Советот за безбедност.

Претседателот Вучиќ најави дека на 23 и 24 април во Њујорк ќе има многу средби и брифинзи за пријателските земји и дека отсега некои земји ќе се нарекуваат „партнери“, а не пријателски.

https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-za-namerata-na-zapadot-da-gi-proglasi-srbite-za-genotsiden-narod-germantsite-ne-bea-proglaseni-za-genotsiden-narod-poradi-toa-shto-go-napravija-vo-kraguevats/

Адвокатот Милан Јововиќ слушнал дека уште во 1995 година  кога беше потпишан Дејтонскиот договор, имало германски проект на работа каде што треба да се најдат некои други лоши момци, за да не бидат повеќе Германци, туку  Срби.

Во тој момент ми беше малку несфатливо, но кога повторно ќе го вратам филмот, тоа што ни го направија, го прават за да те повредат што повеќе. Значи, да направиме уште повеќе да боли, па иницијатор на резолуцијата ќе бидат оние кои ги направија најголемите злосторства и најголемиот геноцид, а тоа ќе бидат Руанда и Германија. Никој не спори дека тоа било кривично дело. Никој не спори дека тоа било злосторство и дека било злосторство врз заробени војници - смета Јоловиќ

The post Намерата на Западот е наместо Германците – Србите да бидат геноциден народ appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека добил официјална потврда од Соединетите Американски Држави дека исклучително тешко ќе лобираат во Обединетите нации за резолуција за Сребреница. Тој најави и дека во случај Генералното собрание на ОН да ја усвои оваа резолуција, Србија истиот ден ќе аплицира за непостојана членка на Советот за безбедност. Претседателот Вучиќ најави дека на 23 и 24 април во Њујорк ќе има многу средби и брифинзи за пријателските земји и дека отсега некои земји ќе се нарекуваат „партнери“, а не пријателски. https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-za-namerata-na-zapadot-da-gi-proglasi-srbite-za-genotsiden-narod-germantsite-ne-bea-proglaseni-za-genotsiden-narod-poradi-toa-shto-go-napravija-vo-kraguevats/ Адвокатот Милан Јововиќ слушнал дека уште во 1995 година  кога беше потпишан Дејтонскиот договор, имало германски проект на работа каде што треба да се најдат некои други лоши момци, за да не бидат повеќе Германци, туку  Срби.
Во тој момент ми беше малку несфатливо, но кога повторно ќе го вратам филмот, тоа што ни го направија, го прават за да те повредат што повеќе. Значи, да направиме уште повеќе да боли, па иницијатор на резолуцијата ќе бидат оние кои ги направија најголемите злосторства и најголемиот геноцид, а тоа ќе бидат Руанда и Германија. Никој не спори дека тоа било кривично дело. Никој не спори дека тоа било злосторство и дека било злосторство врз заробени војници - смета Јоловиќ

The post Намерата на Западот е наместо Германците – Србите да бидат геноциден народ appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Случувањата во Газа се пат до геноцид https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-sluchuvanata-vo-gaza-se-pat-do-genotsid/ Fri, 01 Mar 2024 17:49:57 +0000 https://republika.mk/?p=750175

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган на денешното отворање на Дипломатскиот форум во Анталија изјави дека настаните во Газа дефинитивно не се војна, туку пат до геноцид.

Настаните во Газа секако не се војна, тоа е пат кон геноцид, бидејќи дури и војната има морал, правила и закони кои мора да се почитуваат. Варварство е што ги осудува бебињата во мајчините раце на глад и жед, бомбардира болници, цркви, џамии, училишта, универзитети, бегалски кампови и амбулантни возила и подмолно и нечесно ги гаѓа цивилите кои чекаат на ред за помош во храна, исто како вчера, посочи Ердоган.

Според него во Газа не се брутално убиени само деца, жени и цивили, туку убиена е и вербата на милијарди луѓе во меѓународниот систем, правдата и правото. Ердоган наведе и дека западните сили, кои безусловно го поддржуваат Израел од првиот ден, се соучесници во крвопролевањето.

Уште еднаш ја повикувам меѓународната заедница искрено да ја поддржи Газа и палестинското прашање. Меѓународната заедница може да го плати својот долг кон палестинскиот народ само со формирање палестинска држава. Формирањето на независната држава Палестина, со источен Кудс како главен град, е неопходност. Турција е подготвена да преземе одговорност, вклучително и да биде гарант, истакна Ердоган.

На третиот Дипломатски форум во Анталија во следните три дена ќе учествуваат претставници на 147 држави, вклучително 19 претседатели, 73 министри и 57 претставници на меѓународни организации.

The post Ердоган: Случувањата во Газа се пат до геноцид appeared first on Република.

Советот за безбедност на ОН во среда ќе ја разгледа одлуката на Меѓународниот суд на правдата за Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sovetot-za-bezbednost-na-on-vo-sreda-ke-ja-razgleda-odlukata-na-megunarodniot-sud-na-pravdata-za-izrael/ Sat, 27 Jan 2024 10:37:49 +0000 https://republika.mk/?p=737422

Советот за безбедност на Обединетите Нации соопшти дека во среда ќе ја разгледа одлуката на Меѓународниот суд на правдата, кој го повика Израел да спречи каков било можен чин на геноцид во Газа. Состанокот ќе се одржи во 16 часот по локално време, на барање на Алжир.

Алжирското Министерство за надворешни работи соопшти дека состанокот треба да даде „обврзувачки ефект на одлуката на Меѓународниот суд на правдата за привремените мерки наметнати на израелската окупација“.

Највисокиот суд на Обединетите нации вчера не нареди прекин на огнот во Појасот Газа, но побара од Израел да ги преземе сите мерки за да ги спречи неговите сили да извршат геноцид во палестинската енклава.

Процесот против Израел за геноцид го покрена Јужна Африка, која побара од Меѓународниот суд на правдата да му нареди на Израел да ја прекине својата воена операција во Појасот Газа.

Меѓународниот суд на правдата одлучи да не го отфрли случајот и нареди шест таканаречени привремени мерки за заштита на Палестинците во Газа.

Израел ги отфрла обвинувањата за геноцид и бара од судот да го стори истото.

The post Советот за безбедност на ОН во среда ќе ја разгледа одлуката на Меѓународниот суд на правдата за Израел appeared first on Република.

]]>

Советот за безбедност на Обединетите Нации соопшти дека во среда ќе ја разгледа одлуката на Меѓународниот суд на правдата, кој го повика Израел да спречи каков било можен чин на геноцид во Газа. Состанокот ќе се одржи во 16 часот по локално време, на барање на Алжир. Алжирското Министерство за надворешни работи соопшти дека состанокот треба да даде „обврзувачки ефект на одлуката на Меѓународниот суд на правдата за привремените мерки наметнати на израелската окупација“. Највисокиот суд на Обединетите нации вчера не нареди прекин на огнот во Појасот Газа, но побара од Израел да ги преземе сите мерки за да ги спречи неговите сили да извршат геноцид во палестинската енклава. Процесот против Израел за геноцид го покрена Јужна Африка, која побара од Меѓународниот суд на правдата да му нареди на Израел да ја прекине својата воена операција во Појасот Газа. Меѓународниот суд на правдата одлучи да не го отфрли случајот и нареди шест таканаречени привремени мерки за заштита на Палестинците во Газа. Израел ги отфрла обвинувањата за геноцид и бара од судот да го стори истото.

The post Советот за безбедност на ОН во среда ќе ја разгледа одлуката на Меѓународниот суд на правдата за Израел appeared first on Република.

]]>
Меѓународниот суд на правдата пресуди: Израел да ги преземе сите мерки за да го спречи геноцидот во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/megunarodniot-sud-na-pravdata-presudi-izrael-da-gi-prezeme-site-merki-za-da-go-sprechi-genotsidot-vo-gaza/ Fri, 26 Jan 2024 21:46:25 +0000 https://republika.mk/?p=737321

Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг одлучи дека Израел мора да ги преземе сите мерки за да го спречи геноцидот во Газа, вклучително и убивањето припадници на палестинскиот народ и нанесување штета на Палестинците.

Судот пресуди дека Израел мора да стори сé што е можно за да спречи јавно поттикнување за уништување на Палестинците како група и мора да обезбеди проток на хуманитарна помош.

Израел за еден месец ќе треба да поднесе извештај за преземените мерки.

МСП исто така повика на ослободување на сите заложници заробени од Хамас за време на нападот врз Израел на 7 октомври.

Судот утврди дека хуманитарната ситуација во Појасот Газа бара донесување итни мерки за заштита на правата на Палестинците пред конечната пресуда, која би можела да биде донесена дури за неколку години.

Судот претходно објави дека има јурисдикција да донесе одлуки за итни мерки во судскиот спор што го покрена Јужна Африка и дека земјата има право да поднесе тужба против Израел.

Претседателката на МСП, Џејн Доногу, изјави дека некои од обвинувањата против Израел потпаѓаат под одредбите на Конвенцијата за геноцид и дека Палестинците претставуваат група заштитена според таа Конвенција.

The post Меѓународниот суд на правдата пресуди: Израел да ги преземе сите мерки за да го спречи геноцидот во Газа appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг одлучи дека Израел мора да ги преземе сите мерки за да го спречи геноцидот во Газа, вклучително и убивањето припадници на палестинскиот народ и нанесување штета на Палестинците. Судот пресуди дека Израел мора да стори сé што е можно за да спречи јавно поттикнување за уништување на Палестинците како група и мора да обезбеди проток на хуманитарна помош. Израел за еден месец ќе треба да поднесе извештај за преземените мерки. МСП исто така повика на ослободување на сите заложници заробени од Хамас за време на нападот врз Израел на 7 октомври. Судот утврди дека хуманитарната ситуација во Појасот Газа бара донесување итни мерки за заштита на правата на Палестинците пред конечната пресуда, која би можела да биде донесена дури за неколку години. Судот претходно објави дека има јурисдикција да донесе одлуки за итни мерки во судскиот спор што го покрена Јужна Африка и дека земјата има право да поднесе тужба против Израел. Претседателката на МСП, Џејн Доногу, изјави дека некои од обвинувањата против Израел потпаѓаат под одредбите на Конвенцијата за геноцид и дека Палестинците претставуваат група заштитена според таа Конвенција.

The post Меѓународниот суд на правдата пресуди: Израел да ги преземе сите мерки за да го спречи геноцидот во Газа appeared first on Република.

]]>
Шефот на израелската дипломатија: Во судот во Хаг не се презентирани докази против Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shefot-na-izraelskata-diplomatija-vo-sudot-vo-hag-ne-se-prezentirani-dokazi-protiv-izrael/ Fri, 12 Jan 2024 19:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=732414

Новиот шеф на израелската дипломатија,Израел Кац, изјави дека пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) не биле презентирани докази против неговата земја, туку „само индиции за морална војна“.

Самата Јужна Африка ги поткопува обвинувањата за геноцид поддржувајќи ја терористичката организација Хамас, која повикува на уништување на државата Израел, изјави шефот на израелската дипломатија.

Министерот изрази надеж дека обвинението ќе биде отфрлено и кажа дека верува оти правдата ќе победи.

Во Меѓународниот суд на правдата во Хаг, почнаа рочиштата по тужбата на Јужна Африка за извршен геноцид од Израел врз Палестинците во Газа, со изнесување на аргументите на правните застапници на Израел.

The post Шефот на израелската дипломатија: Во судот во Хаг не се презентирани докази против Израел appeared first on Република.

]]>

Новиот шеф на израелската дипломатија,Израел Кац, изјави дека пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) не биле презентирани докази против неговата земја, туку „само индиции за морална војна“.
Самата Јужна Африка ги поткопува обвинувањата за геноцид поддржувајќи ја терористичката организација Хамас, која повикува на уништување на државата Израел, изјави шефот на израелската дипломатија.
Министерот изрази надеж дека обвинението ќе биде отфрлено и кажа дека верува оти правдата ќе победи. Во Меѓународниот суд на правдата во Хаг, почнаа рочиштата по тужбата на Јужна Африка за извршен геноцид од Израел врз Палестинците во Газа, со изнесување на аргументите на правните застапници на Израел.

The post Шефот на израелската дипломатија: Во судот во Хаг не се презентирани докази против Израел appeared first on Република.

]]>
Во Хаг почнува процесот против Израел по тужба од Јужна Африка за геноцид во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-hag-pochnuva-protsesot-protiv-izrael-po-tuzhba-od-juzhna-afrika-za-genotsid-vo-gaza/ Thu, 11 Jan 2024 08:22:47 +0000 https://republika.mk/?p=731806

Правната расправа за војната во Газа започнува денеска во Хаг, а Меѓународниот суд на правдата (МСП) ќе ги разгледува аргументите во кои се наведува дека Израел извршил геноцид врз Палестинците на таа територија.

Јужноафриканската Република (ЈАР), која го иницираше случајот, бара од судот на ОН да дејствува итно за да се заштити од сериозна и непоправлива штета врз палестинскиот народ, повикувајќи се на конвенцијата за геноцид која, според тужбата, продолжува неказнето да се прекршува.

Од нападот на Хамас на 7 октомври, Израел уби повеќе од 23.000 Палестинци, од кои 70 отсто се жени или деца, според Министерството за здравство на Газа.

Во својата писмена апликација на 84 страници до Меѓународниот суд на правдата, ЈАР наведува: „Пропустите на Израел за кои се жали Јужна Африка се од геноциден карактер бидејќи имаат за цел да доведат до уништување на значителен дел од палестинската национална, расна и етничка група.

Случаите за докажување геноцид може да траат со години, но ЈАР бара од Судот брзо да ги спроведе привремените мерки и „да му нареди на Израел да престане да убива и да предизвикува сериозни ментални и физички повреди на палестинскиот народ во Газа.

Правните тимови од двете страни ќе имаат околу три часа да ги изнесат своите аргументи, а ЈАР ќе биде сослушана денеска, а Израел утре.

The post Во Хаг почнува процесот против Израел по тужба од Јужна Африка за геноцид во Газа appeared first on Република.

]]>

Правната расправа за војната во Газа започнува денеска во Хаг, а Меѓународниот суд на правдата (МСП) ќе ги разгледува аргументите во кои се наведува дека Израел извршил геноцид врз Палестинците на таа територија. Јужноафриканската Република (ЈАР), која го иницираше случајот, бара од судот на ОН да дејствува итно за да се заштити од сериозна и непоправлива штета врз палестинскиот народ, повикувајќи се на конвенцијата за геноцид која, според тужбата, продолжува неказнето да се прекршува. Од нападот на Хамас на 7 октомври, Израел уби повеќе од 23.000 Палестинци, од кои 70 отсто се жени или деца, според Министерството за здравство на Газа. Во својата писмена апликација на 84 страници до Меѓународниот суд на правдата, ЈАР наведува: „Пропустите на Израел за кои се жали Јужна Африка се од геноциден карактер бидејќи имаат за цел да доведат до уништување на значителен дел од палестинската национална, расна и етничка група. Случаите за докажување геноцид може да траат со години, но ЈАР бара од Судот брзо да ги спроведе привремените мерки и „да му нареди на Израел да престане да убива и да предизвикува сериозни ментални и физички повреди на палестинскиот народ во Газа. Правните тимови од двете страни ќе имаат околу три часа да ги изнесат своите аргументи, а ЈАР ќе биде сослушана денеска, а Израел утре.

The post Во Хаг почнува процесот против Израел по тужба од Јужна Африка за геноцид во Газа appeared first on Република.

]]>
Хамас и Исламски џихад ја поздравија тужбата на Јужна Африка за геноцид извршен од Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hamas-i-palestinski-islamski-dhihad-ja-pozdravija-tuzhbata-na-juzhna-afrika-protiv-izrael/ Sat, 30 Dec 2023 19:17:41 +0000 https://republika.mk/?p=728299

Палестинските организации Хамас и Исламски џихад ја поздравија Јужна Африка за поднесувањето тужба против Израел пред највисокиот суд на ОН.

Ова е важен чекор кон владата во Израел која е одговорна за војната во Газа, се вели во соопштение на групата Хамас.

Јужна Африка вчера официјално го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Појасот Газа и поднесе тужба до Меѓународниот суд на правдата на ОН (МСП) во Хаг, барајќи прекин на борбите.

Израелските лидери се криминалците на ова време кои ги извршија најужасните масакри што човештвото ги видело во модерната историја, наведуваат од Хамас кој е на власт во Газа.

Израел, преку портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лиор Хајат, ја осуди и отфрли жалбата на Јужна Африка.

Јужна Африка соработува со терористичка организација која повикува на уништување на државата Израел, напиша Хајат на палтформата „Х“.

The post Хамас и Исламски џихад ја поздравија тужбата на Јужна Африка за геноцид извршен од Израел appeared first on Република.

Јужна Африка го тужи Израел пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/juzhna-afrika-go-tuzhi-izrael-pred-megunarodniot-sud-na-pravdata-za-genotsid-vo-gaza/ Fri, 29 Dec 2023 22:09:15 +0000 https://republika.mk/?p=728067

Јужноафриканската Република поднесе тужба против Израел пред Меѓународниот суд на правдата, највисокото правосудно тело на Обединетите нации, за геноцид врз Палестинците во Газа и побара од институцијата да им нареди на Израелците да престанат со нападите.

Поднесокот на Јужна Африка тврди дека израелските „дејства и неактивности... имаат геноциден карактер“, имајќи предвид дека тие биле преземени со намера „да се уништат Палестинците во Газа како дел од пошироката палестинска национална, расна и етничка група“.

Од Меѓународниот суд на правдата, со седиште во Хаг, Холандија, се бара да донесе времена мерка со која ќе му се наложи на Израел да ги запре своите воени операции во Газа.

Јужна Африка може да ја иницира оваа постапка врз основа на Конвенцијата за геноцид, бидејќи и Израел и Јужна Африка се потписници на таа конвенција.

The post Јужна Африка го тужи Израел пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид во Газа appeared first on Република.

]]>

Јужноафриканската Република поднесе тужба против Израел пред Меѓународниот суд на правдата, највисокото правосудно тело на Обединетите нации, за геноцид врз Палестинците во Газа и побара од институцијата да им нареди на Израелците да престанат со нападите. Поднесокот на Јужна Африка тврди дека израелските „дејства и неактивности... имаат геноциден карактер“, имајќи предвид дека тие биле преземени со намера „да се уништат Палестинците во Газа како дел од пошироката палестинска национална, расна и етничка група“. Од Меѓународниот суд на правдата, со седиште во Хаг, Холандија, се бара да донесе времена мерка со која ќе му се наложи на Израел да ги запре своите воени операции во Газа. Јужна Африка може да ја иницира оваа постапка врз основа на Конвенцијата за геноцид, бидејќи и Израел и Јужна Африка се потписници на таа конвенција.

The post Јужна Африка го тужи Израел пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид во Газа appeared first on Република.

]]>
Османи, Курти и Коњуфца подготвуваат тужба за геноцид против Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/osmani-kurti-i-konuftsa-podgotvuvaat-tuzhba-za-genotsid-protiv-srbija/ Wed, 08 Nov 2023 11:36:07 +0000 https://republika.mk/?p=699493

Косовската министерка за правда Аљбуљена Хаџиу денеска изјави дека претседателката на Косово, премиерот и претседателот на Собранието, Вјоса Османи, Албин Курти и Гљаук Коњуфца подготвуваат тужба за геноцид против Србија, пренесе Бета.

Хаџиу на прес-конференцијата не ги откри деталите за оваа тужба, но рече дека се работи на неа, јавуваат приштинските медиуми.

Што се однесува до тужбата за геноцид, таа е во програмата на Владата. Во овој процес се ангажирани Курти, Османи и Коњуфца. Поради чувствителноста на ова прашање не можеме да дадеме повеќе детали, но ве уверувам дека се занимаваме со ова прашање, рече Хаџиу.

The post Османи, Курти и Коњуфца подготвуваат тужба за геноцид против Србија appeared first on Република.

]]>

Косовската министерка за правда Аљбуљена Хаџиу денеска изјави дека претседателката на Косово, премиерот и претседателот на Собранието, Вјоса Османи, Албин Курти и Гљаук Коњуфца подготвуваат тужба за геноцид против Србија, пренесе Бета. Хаџиу на прес-конференцијата не ги откри деталите за оваа тужба, но рече дека се работи на неа, јавуваат приштинските медиуми.
Што се однесува до тужбата за геноцид, таа е во програмата на Владата. Во овој процес се ангажирани Курти, Османи и Коњуфца. Поради чувствителноста на ова прашање не можеме да дадеме повеќе детали, но ве уверувам дека се занимаваме со ова прашање, рече Хаџиу.

The post Османи, Курти и Коњуфца подготвуваат тужба за геноцид против Србија appeared first on Република.

]]>
Ова е точното значење на терминот геноцид https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ova-e-tochnoto-znachene-na-terminot-genotsid/ Sat, 04 Nov 2023 09:05:25 +0000 https://republika.mk/?p=698043

Терминот геноцид првпат бил употребен за време на ужасите на холокаустот во Втората светска војна. Тоа се однесува на обид да се искорени нација или одредена група луѓе.

Во 1943 година, полско-еврејскиот адвокат Рафаел Лемкин го смислил тоа име за систематското убивање на Евреите во нацистичка Германија. Лемкин ги загубил сите членови на своето семејство во Холокаустот, освен братот. Тој водеше кампања за признавање на геноцидот како кривично дело според меѓународното право, отворајќи го патот за усвојување на Конвенцијата на Обединетите нации за геноцид во 1948 година, која стапи во сила во 1951 година.

Членот 2 од Конвенцијата го дефинира геноцидот како дело „извршено со намера целосно или делумно да се уништи национална, етничка, расна или религиозна група како таква“. Според дефиницијата на Обединетите нации, таквите злосторства вклучуваат: убивање луѓе, нанесување физички или психички повреди, влошување на условите за живот до опасни по живот, спречување на раѓање деца и насилно отстранување на децата од нивните родители од таа група.

Кој може да биде кривично гонет?

Конвенцијата на ОН за геноцид наведува дека секој може да биде кривично гонет и казнет за геноцид, вклучително и избраните владини функционери. Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства има мандат да истражува и гони геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото. Според статутот на тој суд, секој што ќе изврши, ќе нареди, ќе учествува или ќе поттикне геноцид може да биде кривично гонет.

Постои и Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кој се занимава со меѓудржавни спорови и може да одлучи дали државите се одговорни за геноцид.

Не е лесно да се докаже геноцид

Во секојдневниот живот, многу луѓе послободно го користат терминот геноцид за најголемите и најтешките злосторства, бидејќи тој звучи многу посилно од терминот воени злосторства или злосторства против човештвото. Во правен контекст, сепак, дефиницијата е многу тесна. Утврдувањето на геноцид не се одразува во бројот на убиените. Најважниот критериум е намерата за физичко истребување и уништување на групата“, за „Дојче Веле“ објаснува Валери Габард, експертка за меѓународно право во Хаг и коосновач на правната консултантска куќа UpRights.

Експертите истакнуваат дека е тешко да се докаже оваа намера, бидејќи често недостасуваат директни докази.

Проблемот со докажувањето на геноцидна намера е тоа што сторителите веројатно нема да го признаат тоа директно на суд. Судовите треба да заклучат дека имало геноцидна намера од однесувањето на сторителите. Тие мора да се потпрат на посредни докази и тоа мора да биде без никаков сомнеж. Ова е моментот кога геноцидот станува тешко докажлив“, објаснува Вилијам Шабас, професор по меѓународно право на Универзитетот Мидлсекс во Лондон и Универзитетот Лајден во Холандија.

За процесуирање геноцид е потребно време

Валери Габард работела во меѓународните кривични трибунали за Камбоџа, Руанда и поранешна Југославија. Таа истакнува дека процесуирањето на геноцидот може да потрае:

Кога станува збор за геноцид, секогаш има многу жртви и потребно е долго време да се истражат злосторствата. Не треба само да ја докажуваме намерата за убивање, туку намерата да убиеме луѓе затоа што припаѓаат на одредена група“, вели Габард .

The post Ова е точното значење на терминот геноцид appeared first on Република.

]]>

Терминот геноцид првпат бил употребен за време на ужасите на холокаустот во Втората светска војна. Тоа се однесува на обид да се искорени нација или одредена група луѓе. Во 1943 година, полско-еврејскиот адвокат Рафаел Лемкин го смислил тоа име за систематското убивање на Евреите во нацистичка Германија. Лемкин ги загубил сите членови на своето семејство во Холокаустот, освен братот. Тој водеше кампања за признавање на геноцидот како кривично дело според меѓународното право, отворајќи го патот за усвојување на Конвенцијата на Обединетите нации за геноцид во 1948 година, која стапи во сила во 1951 година. Членот 2 од Конвенцијата го дефинира геноцидот како дело „извршено со намера целосно или делумно да се уништи национална, етничка, расна или религиозна група како таква“. Според дефиницијата на Обединетите нации, таквите злосторства вклучуваат: убивање луѓе, нанесување физички или психички повреди, влошување на условите за живот до опасни по живот, спречување на раѓање деца и насилно отстранување на децата од нивните родители од таа група.

Кој може да биде кривично гонет?

Конвенцијата на ОН за геноцид наведува дека секој може да биде кривично гонет и казнет за геноцид, вклучително и избраните владини функционери. Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства има мандат да истражува и гони геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото. Според статутот на тој суд, секој што ќе изврши, ќе нареди, ќе учествува или ќе поттикне геноцид може да биде кривично гонет. Постои и Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кој се занимава со меѓудржавни спорови и може да одлучи дали државите се одговорни за геноцид.

Не е лесно да се докаже геноцид

Во секојдневниот живот, многу луѓе послободно го користат терминот геноцид за најголемите и најтешките злосторства, бидејќи тој звучи многу посилно од терминот воени злосторства или злосторства против човештвото. Во правен контекст, сепак, дефиницијата е многу тесна. Утврдувањето на геноцид не се одразува во бројот на убиените. Најважниот критериум е намерата за физичко истребување и уништување на групата“, за „Дојче Веле“ објаснува Валери Габард, експертка за меѓународно право во Хаг и коосновач на правната консултантска куќа UpRights.
Експертите истакнуваат дека е тешко да се докаже оваа намера, бидејќи често недостасуваат директни докази.
Проблемот со докажувањето на геноцидна намера е тоа што сторителите веројатно нема да го признаат тоа директно на суд. Судовите треба да заклучат дека имало геноцидна намера од однесувањето на сторителите. Тие мора да се потпрат на посредни докази и тоа мора да биде без никаков сомнеж. Ова е моментот кога геноцидот станува тешко докажлив“, објаснува Вилијам Шабас, професор по меѓународно право на Универзитетот Мидлсекс во Лондон и Универзитетот Лајден во Холандија.

За процесуирање геноцид е потребно време

Валери Габард работела во меѓународните кривични трибунали за Камбоџа, Руанда и поранешна Југославија. Таа истакнува дека процесуирањето на геноцидот може да потрае:
Кога станува збор за геноцид, секогаш има многу жртви и потребно е долго време да се истражат злосторствата. Не треба само да ја докажуваме намерата за убивање, туку намерата да убиеме луѓе затоа што припаѓаат на одредена група“, вели Габард .

The post Ова е точното значење на терминот геноцид appeared first on Република.

]]>
Во Сенатот на САД донесена резолуција според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-senatot-na-sad-donesena-rezolucija-spored-koja-dejstvata-na-rusija-vo-ukraina-se-priznavaat-za-genocid/ Wed, 07 Dec 2022 21:50:59 +0000 https://republika.mk/?p=583163

Сенаторите Џим Раш, член на сенатската комисија за надворешни работи и Бен Кардин, претседател на Хелсиншката комисија, денеска го поздравија донесувањето на резолуцијата според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид.

Со своите акции и зборови Путин целосно јасно даде до знаење дека негова цел е да го избрише од лицето на земјата украинскиот народ. Јас лично ја видов таа жестокост во Ирпен и во Киевска област, изјави Раш.

Тој додаде дека „оваа резолуција го осудува продолжителниот геноцид против украинскиот народ, ја повикува владата на САД да работи со нашите сојузници за да се спречат идни чинови на геноцид и ги подржува истрагите за виновните за тие ужасни злосторства да бидат повикани на одговорност“.

Треба да продолжиме да правиме се што можеме за да го поддржиме украинскиот народ во неговата борба за опстанок, рече Раш.

Според Кардин, „злосторствата извршени против украинскиот народ во текот на оваа незаконска и неиспровоцирана војна на Путин, противречат на безброј меѓународни конвенции и можат да бидат окарактеризирани само како геноцид“.

Резолуцијата исто така поддржува „формирање трибунали и спроведување меѓународни кривични истраги за да се повикаат на одговорност руските политички лидери и војници за агресивната војна, воените злосторства, злосторствата против човечноста и геноцид“.

Исто така, Резолуцијата го повикува претседателот на САД „да ги искористи санкциите во рамките на Глобалниот закон Магнитски, а против оние кои се одговорни за реализиацијата на геноцидот на Русија во Украина или соучесниците“.

The post Во Сенатот на САД донесена резолуција според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид appeared first on Република.

]]>

Сенаторите Џим Раш, член на сенатската комисија за надворешни работи и Бен Кардин, претседател на Хелсиншката комисија, денеска го поздравија донесувањето на резолуцијата според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид.
Со своите акции и зборови Путин целосно јасно даде до знаење дека негова цел е да го избрише од лицето на земјата украинскиот народ. Јас лично ја видов таа жестокост во Ирпен и во Киевска област, изјави Раш.
Тој додаде дека „оваа резолуција го осудува продолжителниот геноцид против украинскиот народ, ја повикува владата на САД да работи со нашите сојузници за да се спречат идни чинови на геноцид и ги подржува истрагите за виновните за тие ужасни злосторства да бидат повикани на одговорност“.
Треба да продолжиме да правиме се што можеме за да го поддржиме украинскиот народ во неговата борба за опстанок, рече Раш.
Според Кардин, „злосторствата извршени против украинскиот народ во текот на оваа незаконска и неиспровоцирана војна на Путин, противречат на безброј меѓународни конвенции и можат да бидат окарактеризирани само како геноцид“. Резолуцијата исто така поддржува „формирање трибунали и спроведување меѓународни кривични истраги за да се повикаат на одговорност руските политички лидери и војници за агресивната војна, воените злосторства, злосторствата против човечноста и геноцид“. Исто така, Резолуцијата го повикува претседателот на САД „да ги искористи санкциите во рамките на Глобалниот закон Магнитски, а против оние кои се одговорни за реализиацијата на геноцидот на Русија во Украина или соучесниците“.

The post Во Сенатот на САД донесена резолуција според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид appeared first on Република.

]]>