гениталии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/genitalii/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Sep 2022 10:54:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гениталии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/genitalii/ 32 32 Eкспертите предупредуваат: Трендот за сончање на гениталиите е опасна и многу глупава идеја https://arhiva3.republika.mk/intima/ekspertite-predupreduvaat-trendot-za-sonchanje-na-genitaliite-e-opasna-i-mnogu-glupava-ideja/ Sun, 04 Sep 2022 10:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=547307

Инфлуенсерите ги охрабруваат луѓето да ги сончаат гениталиите во видеата кои стануваат вирални на „Тик ток“, но експертите предупредуваат дека тоа може да има негативни здравствени последици.

Клиповите за „сончање на перинеумот“ добиваат милиони прегледи на социјалната платформа, и во нив се тврди дека изложувањето на интимните делови на директно сонце носи многу позитивни ефекти, но експертите советуваат да не се практикува и предупредуваат дека тоа може да биде штетно за здравјето.

Д-р Дастин Портела возврати на трендот во свое видео на „Тик ток“ во кое вели дека нема апсолутно никаков доказ за тврдењата на лаиците инфлуенсери, додека науката веќе го кажала своето - не треба да ги сончате вашите навистина чувствителни места.

Еволуиравме да одиме исправено, при што до интимната област буквално не допира сонце, така што не треба да ја разголувате кон овој директен извор на светлина и топлина. Сум отстранувал толку многу тумори и рак на кожата околу анусот, вулвата и пенисот. Не сакате рак во таа област и ставајќи ги интимните делови на сонце, голема е веројатноста дека ќе изгорите и ќе го зголемите ризикот од рак на кожата, а потоа некој како мене ќе мора да забие игла таму долу, да почне да сече и реконструира за да ги „спои“ деловите повторно и да ги врати на место. Ви велам немојте да го сончате перинеумот, тоа е опасна и многу глупава идеја, вели тој.

The post Eкспертите предупредуваат: Трендот за сончање на гениталиите е опасна и многу глупава идеја appeared first on Република.

]]>

Инфлуенсерите ги охрабруваат луѓето да ги сончаат гениталиите во видеата кои стануваат вирални на „Тик ток“, но експертите предупредуваат дека тоа може да има негативни здравствени последици. Клиповите за „сончање на перинеумот“ добиваат милиони прегледи на социјалната платформа, и во нив се тврди дека изложувањето на интимните делови на директно сонце носи многу позитивни ефекти, но експертите советуваат да не се практикува и предупредуваат дека тоа може да биде штетно за здравјето. Д-р Дастин Портела возврати на трендот во свое видео на „Тик ток“ во кое вели дека нема апсолутно никаков доказ за тврдењата на лаиците инфлуенсери, додека науката веќе го кажала своето - не треба да ги сончате вашите навистина чувствителни места.