генерално собрание Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/generalno-sobranie/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Sep 2024 11:26:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png генерално собрание Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/generalno-sobranie/ 32 32 Муцунски на Генералното собрание на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-na-generalnoto-sobranie-na-on/ Sun, 22 Sep 2024 11:26:16 +0000 https://republika.mk/?p=818703

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во Соединетите Американски Држави, каде што ќе биде дел од македонската државна делегација на 79. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, предводена од претседателката Гордана Силјановска Давкова.

Покрај учеството во македонската делегација, министерот Муцунски ќе има значајни средби со земјите од А5, земјите членки на ПСЈИЕ, ОБСЕ Тројката, и ќе оствари билатерални средби со министри за надворешни работи на повеќе земји. Исто така, тој ќе одржи бизнис средби поврзани со надворешната трговија и странските инвестиции.

Планирано е министерот да се обрати на „Интерактивниот дијалог 2“ на тема „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународен мир и безбедност“, што е клучен настан за повторно обврзување на глобалното единство според Повелбата на ОН.

Дополнително, Муцунски ќе учествува и на вториот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Г20, како и на отворената дебата на високо ниво на Советот за безбедност на ООН на тема: „Лидерство за мир: Обединети во почитување на Повелбата на ООН во потрага по безбедна иднина.“

Во рамките на планираните активности, министерот ќе зема учество и на Министерскиот состанок на групата пријатели на Западен Балкан и на Појадокот со министрите од Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).

The post Муцунски на Генералното собрание на ОН appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во Соединетите Американски Држави, каде што ќе биде дел од македонската државна делегација на 79. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, предводена од претседателката Гордана Силјановска Давкова. Покрај учеството во македонската делегација, министерот Муцунски ќе има значајни средби со земјите од А5, земјите членки на ПСЈИЕ, ОБСЕ Тројката, и ќе оствари билатерални средби со министри за надворешни работи на повеќе земји. Исто така, тој ќе одржи бизнис средби поврзани со надворешната трговија и странските инвестиции. Планирано е министерот да се обрати на „Интерактивниот дијалог 2“ на тема „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународен мир и безбедност“, што е клучен настан за повторно обврзување на глобалното единство според Повелбата на ОН. Дополнително, Муцунски ќе учествува и на вториот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Г20, како и на отворената дебата на високо ниво на Советот за безбедност на ООН на тема: „Лидерство за мир: Обединети во почитување на Повелбата на ООН во потрага по безбедна иднина.“ Во рамките на планираните активности, министерот ќе зема учество и на Министерскиот состанок на групата пријатели на Западен Балкан и на Појадокот со министрите од Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).

The post Муцунски на Генералното собрание на ОН appeared first on Република.

]]>
Светските лидери пристигнуваат на самитот на Генералното собрание на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/svetskite-lideri-pristignuvaat-na-samitot-na-generalnoto-sobranie-na-on/ Sun, 22 Sep 2024 09:56:41 +0000 https://republika.mk/?p=818669

Светските лидери денеска пристигнуваат на дводневниот Самит за иднината во Њујорк, во рамки на 79. сесија на Генералното собрание на ОН, што е вовед во генералната дебата на сесијата во вторник, 24 септември.

Самитот е увертира на овогодинешниот состанок на високо ниво, што се одржува секој септември.

Повеќе од 130 претседатели, премиери и монарси ќе зборуваат заедно со десетици министри, а се очекува една од главните теми да бидат војните во Газа, Украина и Судан и смирување на ескалацијата на војната на Блискиот Исток.

The post Светските лидери пристигнуваат на самитот на Генералното собрание на ОН appeared first on Република.

]]>

Светските лидери денеска пристигнуваат на дводневниот Самит за иднината во Њујорк, во рамки на 79. сесија на Генералното собрание на ОН, што е вовед во генералната дебата на сесијата во вторник, 24 септември. Самитот е увертира на овогодинешниот состанок на високо ниво, што се одржува секој септември. Повеќе од 130 претседатели, премиери и монарси ќе зборуваат заедно со десетици министри, а се очекува една од главните теми да бидат војните во Газа, Украина и Судан и смирување на ескалацијата на војната на Блискиот Исток.

The post Светските лидери пристигнуваат на самитот на Генералното собрание на ОН appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално Собрание на ОН во Њујорк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-ja-predvodi-makedonskata-delegatsija-na-79-generalno-sobranie-na-on-vo-nujork/ Sat, 21 Sep 2024 08:44:55 +0000 https://republika.mk/?p=818411

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во Соединетите Американски Држави, каде што ја предводи македонската државна делегација на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Сиљановска Давкова во четврток е предвидено да се обрати на Генералната дебата на 79. сесија на Генералното собрание на ОН, што се одржува на тема „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“.

Како што јавува известувачот на МИА од Њујорк, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, предвидено е претседателката Сиљановска Давкова да оствари средба и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Шефицата на државата ќе се обрати и на Самитот на иднината, што ќе се одржи во седиштето на ОН, на тема „Мултилатерални решенија за подобро утре“ со учество на шефови на држави и влади. Сиљановска Давкова ќе учествува и на Годишниот состанок на Платформата на жени – лидери на Генералното Собрание на Обединетите Нации, на тема „Еднакво учество на жените во процесот на донесување одлуки: обезбедување на мир, социо-економски можности, одржлив развој и човечко достоинство за сегашните и идните генерации“, додека на покана на претседателот на САД, Џо Бајден ќе присуствува на состанок на тема „Глобална коалиција за справување со заканата од синтетички дроги“.

За време на учеството на Генералното собрание на ОН, претседателката Сиљановска Давкова ќе оствари повеќе билатерални средби.

Посетата на САД, претседателката Сиљановска Давкова ја почнува денеска во македонската православна црква „Свети Никола“ во Тотова, Њу Џерси, каде ќе присуствува на литургија по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица). Попладне претседателката заедно со делегацијата во Фрихолд исто така во Њу Џерси ќе ја посети џамијата во рамки на граѓанската заедница „Дебар“, која во себе обединува нашинци по потекло од дебарскиот крај.

Во состав на македонската државна делегација се министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

The post Претседателката Сиљановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално Собрание на ОН во Њујорк appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во Соединетите Американски Држави, каде што ја предводи македонската државна делегација на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Сиљановска Давкова во четврток е предвидено да се обрати на Генералната дебата на 79. сесија на Генералното собрание на ОН, што се одржува на тема „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“. Како што јавува известувачот на МИА од Њујорк, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, предвидено е претседателката Сиљановска Давкова да оствари средба и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Шефицата на државата ќе се обрати и на Самитот на иднината, што ќе се одржи во седиштето на ОН, на тема „Мултилатерални решенија за подобро утре“ со учество на шефови на држави и влади. Сиљановска Давкова ќе учествува и на Годишниот состанок на Платформата на жени – лидери на Генералното Собрание на Обединетите Нации, на тема „Еднакво учество на жените во процесот на донесување одлуки: обезбедување на мир, социо-економски можности, одржлив развој и човечко достоинство за сегашните и идните генерации“, додека на покана на претседателот на САД, Џо Бајден ќе присуствува на состанок на тема „Глобална коалиција за справување со заканата од синтетички дроги“. За време на учеството на Генералното собрание на ОН, претседателката Сиљановска Давкова ќе оствари повеќе билатерални средби. Посетата на САД, претседателката Сиљановска Давкова ја почнува денеска во македонската православна црква „Свети Никола“ во Тотова, Њу Џерси, каде ќе присуствува на литургија по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица). Попладне претседателката заедно со делегацијата во Фрихолд исто така во Њу Џерси ќе ја посети џамијата во рамки на граѓанската заедница „Дебар“, која во себе обединува нашинци по потекло од дебарскиот крај. Во состав на македонската државна делегација се министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

The post Претседателката Сиљановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално Собрание на ОН во Њујорк appeared first on Република.

]]>
Висока делегација на ЕУ на Генералното собрание на ОН: Главен фокус – справувањето со конфликтите и кризите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/visoka-delegatsija-na-eu-na-generalnoto-sobranie-na-on-glaven-fokus-spravuvaneto-so-konfliktite-i-krizite/ Sat, 21 Sep 2024 07:02:01 +0000 https://republika.mk/?p=818376

Висока делегација на Европската Унија, предводена од претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен, во чиј состав ќе бидат и неколкумина еврокомесари, во наредните денови ќе престојува во Њујорк, каде ќе учествува во работата на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, при што главен фокус на нејзиниот ангажман ќе биде ставен на справување со конфликтите и кризите ширум светот.

EУ и нејзините земји членки доаѓаат на 79-та седница ГС на ОН, решени да промовираат мултилатерални решенија засновани на Повелбата на ОН и да направат тие да функционираат за доброто на сите. Оваа година означува клучна пресвртница за ОН. Како што рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во април, „не можеме да ги решиме проблемите од 21-от век со алатки од 20-от век“. Настанот насловен „Самитот на иднината“, кој се подготвува веќе четири години, претставува клучна можност за колективно размислување за тоа како ОН да бидат прилагодени на целта и на иднината, соопшти ЕК.

Активностите на претставниците на ЕУ во Њујорк, почнаа уште синоќа со учеството на потпретседателката на ЕК за демократија и демографија на Дубравка Шуица на Деновите за акција на Самитот на иднината за зајакнување на младите и градење отпорност, одржлив развој, меѓугенерациска правичност и демографија и за зајакнување на напорите за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата, настан кој продолжува и денеска.

Извршната потпретседателка на ЕК за Европа прилагодена на дигиталната ера и еврокомесарка за конкурентност Маргрете Вестагер денеска ќе учествува на тркалезната маса на тема „Поставување на основите за дигитална иднина за сите“ и ќе има серија разговори посветени на Глобалниот дигитален договор што допрва треба да се усогласи и за неговите принципи и активности за поддршка на отворената, слободна и безбедна дигитална иднина за сите оние што ги поддржуваат човековите права и го надминуваат дигиталниот јаз.

Мишел, Високиот претставник за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и еврокомесарката Јута Урпилаинен во понеделник ќе ја претставуваат ЕУ на трилатерален состанок со Африканската Унија и Обединетите нации и ќе имаат билатерална средба со генералниот секретар на ОН, Гутереш.

Дополнително, истиот ден, Борел во Меѓународниот институт за мир ќе биде кодомаќин на вечера за министри за надворешни работи на која ќе се разговара за состојбата на Блискиот Исток, Урпилаинен ќе учествува на интерактивниот дијалог на Самитот на иднината насловен „Трансформирање на глобалното управување и забрзување на имплементацијата на Агендата за одржлив развој 2030 година“, додека еврокомесарката за здравство и безбедност на храната Стела Киријакидес ќе присуствува на годишниот прием на жените политички лидери насловен „Оцртување на курсот: Политиката во 21-от век“.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел најави дека и денеска, на вториот ден од самитот на Европскиот совет во Брисел, ќе се разговара за дијалогот меѓу Белград и Приштина, јави дописн

В понеделник, Фон дер Лајен ќе биде главен говорник на состанокот на лидерите на Асоцијацијата на малите островски држави, а Борел ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7+ посветен на енергетската инфраструктура на Украина, по што ќе претседава и со неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ на кој главни теми ќе бидат Украина и тензиите на Блискиот Исток. Борел во вечерните часови ќе учествува и на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7.

Шуица истиот ден ќе биде кодомаќинка на настанот на ЕУ-АУ-УНИЦЕФ насловен „Докажани решенија за деца: забрзување на напредокот на целите на одржлив развој “, еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон ќе биде домаќин на придружниот настан на ЕУ „Насочување по патот напред: Менаџирање на миграцијата на глобално ниво“, додека Урпилаинен ќе претседава со Глобалниот образовен форум, на кој треба да биде потпишана Декларација за училишен оброк и ќе присуствува на ручекот на високо ниво „Жените се креваат за сите“.

Еврокомесарката за енергија Кадри Симсон в понеделник ќе учествува на Глобалниот самит за обновливите извори на енергија, на кој ќе се разговара за напредокот, можностите и предизвиците за тројно зголемување на обновливите извори на енергија на глобално ниво до 2030 година, а ќе има и воведно обраќање на Самитот за одржливост, додека еврокомесарот за климатска акција Вопке Хукстра ќе учествува на тркалезна маса организирана од Светскиот економски форум посветен за мобилизирање на бизнисот во остварувањето на глобалните климатски цели.

Мишел, Фон дер Лајен и Борел во вторник ќе присуствуваат на отворањето на сесијата на генералната дебата на 79-то Генерално собрание на ОН.

Во продолжение, Фон дер Лајен заедно со канадскиот премиер Џастин Трудо ќе копретседаваат со настанот на високо ниво „Иновирање за одржливата иднина: Работиме заедно на индустриски раст и декарбонизација“, а ќе има и воведно обраќање на Глобалниот самит за обновливи извори на енергија, на кој ќе учествува и еврокомесарката Симсон.

Истиот ден, Борел ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН на состанокот на високо ниво посветен на Украина и ќе учествува на вечера министрите за надворешни работи од Европа и Cеверна Америка, чиј домаќин е САД.

Урпилаинен во вторник ќе го отвори панелот посветен на одржливите синџири на снабдување во рамки на Самитот на лидерите на Глобалниот договор на ОН и ќе се обрати на собирот „Три години - Поддршка на правата на жените во Авганистан“, во коорганизација на ЕУ и агенцијата ОН Жени, ќе се обрати на придружниот настан „Инвестирање во иднината: Обезбедување на одржливо финансирање на сексуалното и репродуктивното здравје“ и ќе се сретне со претставници на младински организации од т.н. Голема шесторка.

Истиот ден, Киријакидес ќе говори на придружниот настан за превенција и контрола на инфекциите и антимикробното управување, Симсон ќе учествува на панел за финансирање на чистата транзиција, а Хукстра и на тркалезната маса „Пазари на јаглерод“, организиран од Глобалниот бизнис форум на Блумберг.

Шефот на Европската дипломатија Жозеп Борел денеска изрази длабоко жалење поради одлуката на Иран да укине какво било ограничување за збогатување ураниум, како што е предвидено во договорот о

Борел в среда ќе биде домаќин на традиционалниот работен ручек со лидерите на шесте земји од Западниот Балкан, ќе ја претставува ЕУ на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20, чиј домаќин е бразилското претседателство со Групата, а заедно со претставници на Германија и Франција ќе биде кодомаќин на министерски состанок за Судан насловен „Обединети за мир во Судан“.

Истиот ден, еврокомесарот Хукстра ќе се обрати на состанокот на високо ниво посветен за покачувањето на нивото на морето и ќе учествува на панел на високо ниво за глобалните трошоци за солидарност и финансирање на развојот, а еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич заедно со претставник на Белгија ќе биде кодомаќин на настанот посветен на меѓународното хуманитарно право, како и на настанот „Една и пол година конфликт – Како да се спречи Судан да стане заборавена криза?“, што го организира ЕУ заедно со Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања (ОЦХА), Саудиска Арабија и САД.

Комесарката Киријакидес в среда ќе учествува на настан посветен на поттикнување на солидарноста меѓу земјите за решавање на антимикробната резистентност (АМР), како и на состанокот на насловен „АМР и повеќе од тоа“, а ќе присуствува на Годишниот самит за ракот на дојката и на дебата за универзалните стратегии за вакцинација против ХПВ.

Симсон, пак, истиот ден ќе ја претставува ЕУ на министерскиот консултативен состанок за Договорот за загадување од пластика.

За в четврток е предвидено обраќање на Мишел на генералната дебата на ГС на ОН, додека Борел ќе копретседава со неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на Европската Унија и на Заедницата на државите од Латинска Америка и Карибите (ЦЕЛАЦ), како и со министерскиот настан за посветен блискоисточниот мировен процес, кој заедно го организираа ЕУ, Арапксата лига, Саудиска Арабија, Египет и Јордан. Тој ќе учествува и на министерските состаноци на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) и на Ад Хок Комитетот за врски (АХЛЦ), задолжен за координација на дистрибуцијата на хуманитарната помош за Палестинците.

Истиот ден, еврокомесарката Киријакидес ќе учествува на состанокот на високо ниво за антимикробната резистентност, Симсон ќе присуствува на промоцијата на Програмата за транзиција на трговијата и чистата енергија, додека еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс ќе присуствува на состанок посветен на запирање на дестабилизирачкиот проток на чувствителна технологија, организиран од Украина.

В петок Борел заедно со претставник на Египет ќе копретседава со 14-от Министерски состанок на Глобалниот форум за борба против тероризмот, а ќе се обрати и на настанот „Европските предизвици со навигацијата“, организиран од американскиот тинк-тенк Совет за надворешни односи.

The post Висока делегација на ЕУ на Генералното собрание на ОН: Главен фокус – справувањето со конфликтите и кризите appeared first on Република.

]]>

Висока делегација на Европската Унија, предводена од претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен, во чиј состав ќе бидат и неколкумина еврокомесари, во наредните денови ќе престојува во Њујорк, каде ќе учествува во работата на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, при што главен фокус на нејзиниот ангажман ќе биде ставен на справување со конфликтите и кризите ширум светот.
EУ и нејзините земји членки доаѓаат на 79-та седница ГС на ОН, решени да промовираат мултилатерални решенија засновани на Повелбата на ОН и да направат тие да функционираат за доброто на сите. Оваа година означува клучна пресвртница за ОН. Како што рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во април, „не можеме да ги решиме проблемите од 21-от век со алатки од 20-от век“. Настанот насловен „Самитот на иднината“, кој се подготвува веќе четири години, претставува клучна можност за колективно размислување за тоа како ОН да бидат прилагодени на целта и на иднината, соопшти ЕК.
Активностите на претставниците на ЕУ во Њујорк, почнаа уште синоќа со учеството на потпретседателката на ЕК за демократија и демографија на Дубравка Шуица на Деновите за акција на Самитот на иднината за зајакнување на младите и градење отпорност, одржлив развој, меѓугенерациска правичност и демографија и за зајакнување на напорите за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата, настан кој продолжува и денеска. Извршната потпретседателка на ЕК за Европа прилагодена на дигиталната ера и еврокомесарка за конкурентност Маргрете Вестагер денеска ќе учествува на тркалезната маса на тема „Поставување на основите за дигитална иднина за сите“ и ќе има серија разговори посветени на Глобалниот дигитален договор што допрва треба да се усогласи и за неговите принципи и активности за поддршка на отворената, слободна и безбедна дигитална иднина за сите оние што ги поддржуваат човековите права и го надминуваат дигиталниот јаз. Мишел, Високиот претставник за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и еврокомесарката Јута Урпилаинен во понеделник ќе ја претставуваат ЕУ на трилатерален состанок со Африканската Унија и Обединетите нации и ќе имаат билатерална средба со генералниот секретар на ОН, Гутереш. Дополнително, истиот ден, Борел во Меѓународниот институт за мир ќе биде кодомаќин на вечера за министри за надворешни работи на која ќе се разговара за состојбата на Блискиот Исток, Урпилаинен ќе учествува на интерактивниот дијалог на Самитот на иднината насловен „Трансформирање на глобалното управување и забрзување на имплементацијата на Агендата за одржлив развој 2030 година“, додека еврокомесарката за здравство и безбедност на храната Стела Киријакидес ќе присуствува на годишниот прием на жените политички лидери насловен „Оцртување на курсот: Политиката во 21-от век“. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел најави дека и денеска, на вториот ден од самитот на Европскиот совет во Брисел, ќе се разговара за дијалогот меѓу Белград и Приштина, јави дописн В понеделник, Фон дер Лајен ќе биде главен говорник на состанокот на лидерите на Асоцијацијата на малите островски држави, а Борел ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7+ посветен на енергетската инфраструктура на Украина, по што ќе претседава и со неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ на кој главни теми ќе бидат Украина и тензиите на Блискиот Исток. Борел во вечерните часови ќе учествува и на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7. Шуица истиот ден ќе биде кодомаќинка на настанот на ЕУ-АУ-УНИЦЕФ насловен „Докажани решенија за деца: забрзување на напредокот на целите на одржлив развој “, еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон ќе биде домаќин на придружниот настан на ЕУ „Насочување по патот напред: Менаџирање на миграцијата на глобално ниво“, додека Урпилаинен ќе претседава со Глобалниот образовен форум, на кој треба да биде потпишана Декларација за училишен оброк и ќе присуствува на ручекот на високо ниво „Жените се креваат за сите“. Еврокомесарката за енергија Кадри Симсон в понеделник ќе учествува на Глобалниот самит за обновливите извори на енергија, на кој ќе се разговара за напредокот, можностите и предизвиците за тројно зголемување на обновливите извори на енергија на глобално ниво до 2030 година, а ќе има и воведно обраќање на Самитот за одржливост, додека еврокомесарот за климатска акција Вопке Хукстра ќе учествува на тркалезна маса организирана од Светскиот економски форум посветен за мобилизирање на бизнисот во остварувањето на глобалните климатски цели. Мишел, Фон дер Лајен и Борел во вторник ќе присуствуваат на отворањето на сесијата на генералната дебата на 79-то Генерално собрание на ОН. Во продолжение, Фон дер Лајен заедно со канадскиот премиер Џастин Трудо ќе копретседаваат со настанот на високо ниво „Иновирање за одржливата иднина: Работиме заедно на индустриски раст и декарбонизација“, а ќе има и воведно обраќање на Глобалниот самит за обновливи извори на енергија, на кој ќе учествува и еврокомесарката Симсон. Истиот ден, Борел ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН на состанокот на високо ниво посветен на Украина и ќе учествува на вечера министрите за надворешни работи од Европа и Cеверна Америка, чиј домаќин е САД. Урпилаинен во вторник ќе го отвори панелот посветен на одржливите синџири на снабдување во рамки на Самитот на лидерите на Глобалниот договор на ОН и ќе се обрати на собирот „Три години - Поддршка на правата на жените во Авганистан“, во коорганизација на ЕУ и агенцијата ОН Жени, ќе се обрати на придружниот настан „Инвестирање во иднината: Обезбедување на одржливо финансирање на сексуалното и репродуктивното здравје“ и ќе се сретне со претставници на младински организации од т.н. Голема шесторка. Истиот ден, Киријакидес ќе говори на придружниот настан за превенција и контрола на инфекциите и антимикробното управување, Симсон ќе учествува на панел за финансирање на чистата транзиција, а Хукстра и на тркалезната маса „Пазари на јаглерод“, организиран од Глобалниот бизнис форум на Блумберг. Шефот на Европската дипломатија Жозеп Борел денеска изрази длабоко жалење поради одлуката на Иран да укине какво било ограничување за збогатување ураниум, како што е предвидено во договорот о Борел в среда ќе биде домаќин на традиционалниот работен ручек со лидерите на шесте земји од Западниот Балкан, ќе ја претставува ЕУ на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20, чиј домаќин е бразилското претседателство со Групата, а заедно со претставници на Германија и Франција ќе биде кодомаќин на министерски состанок за Судан насловен „Обединети за мир во Судан“. Истиот ден, еврокомесарот Хукстра ќе се обрати на состанокот на високо ниво посветен за покачувањето на нивото на морето и ќе учествува на панел на високо ниво за глобалните трошоци за солидарност и финансирање на развојот, а еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич заедно со претставник на Белгија ќе биде кодомаќин на настанот посветен на меѓународното хуманитарно право, како и на настанот „Една и пол година конфликт – Како да се спречи Судан да стане заборавена криза?“, што го организира ЕУ заедно со Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања (ОЦХА), Саудиска Арабија и САД. Комесарката Киријакидес в среда ќе учествува на настан посветен на поттикнување на солидарноста меѓу земјите за решавање на антимикробната резистентност (АМР), како и на состанокот на насловен „АМР и повеќе од тоа“, а ќе присуствува на Годишниот самит за ракот на дојката и на дебата за универзалните стратегии за вакцинација против ХПВ. Симсон, пак, истиот ден ќе ја претставува ЕУ на министерскиот консултативен состанок за Договорот за загадување од пластика. За в четврток е предвидено обраќање на Мишел на генералната дебата на ГС на ОН, додека Борел ќе копретседава со неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на Европската Унија и на Заедницата на државите од Латинска Америка и Карибите (ЦЕЛАЦ), како и со министерскиот настан за посветен блискоисточниот мировен процес, кој заедно го организираа ЕУ, Арапксата лига, Саудиска Арабија, Египет и Јордан. Тој ќе учествува и на министерските состаноци на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) и на Ад Хок Комитетот за врски (АХЛЦ), задолжен за координација на дистрибуцијата на хуманитарната помош за Палестинците. Истиот ден, еврокомесарката Киријакидес ќе учествува на состанокот на високо ниво за антимикробната резистентност, Симсон ќе присуствува на промоцијата на Програмата за транзиција на трговијата и чистата енергија, додека еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс ќе присуствува на состанок посветен на запирање на дестабилизирачкиот проток на чувствителна технологија, организиран од Украина. В петок Борел заедно со претставник на Египет ќе копретседава со 14-от Министерски состанок на Глобалниот форум за борба против тероризмот, а ќе се обрати и на настанот „Европските предизвици со навигацијата“, организиран од американскиот тинк-тенк Совет за надворешни односи.

The post Висока делегација на ЕУ на Генералното собрание на ОН: Главен фокус – справувањето со конфликтите и кризите appeared first on Република.

]]>
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за прекин на огнот во Појасот Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/generalnoto-sobranie-na-on-usvoi-rezolutsija-za-prekin-na-ognot-vo-pojasot-gaza/ Wed, 13 Dec 2023 07:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=722396

Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која се повикува на итен прекин на огнот во Појасот Газа.

За усвојување на резолуцијата гласаа 153 земји, 10 беа против, а 23 членки на ОН беа воздржани. Израел и САД беа против.

Резолуцијата повикува на „итен хуманитарен прекин на огнот“, како и „сите страни да ги почитуваат своите обврски според меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право, особено во однос на заштитата на цивилите“. Одбиени беа два амандмана од САД.

Дополнително, се повикува на „итно и безусловно ослободување на сите заложници“ и „обезбедување пристап до хуманитарна помош“ до Појасот Газа. Нацрт-резолуцијата беше поднесена од група од 20 арапски земји и Организацијата за исламска соработка.

Израел е под притисок од своите сојузници поради конфликтот во Газа, при што клучниот поддржувач САД го критикуваше нивното бомбардирање како одговор на нападите на 7 октомври.

Американскиот претседател Џо Бајден на предизборен настан во Вашингтон нагласи дека Израел „...почнува да ја губи поддршката со неселективното бомбардирање“.

Повторувајќи ја поддршката на САД за Израел, тој додаде дека „безбедноста на невините Палестинци се уште предизвикува голема загриженост“.

Хамас ги нападна јужните израелски заедници на 7 октомври, убивајќи околу 1.200 луѓе и земајќи околу 240 заложници, според израелската влада. Оттогаш, 18.412 луѓе се убиени во израелски напади врз Појасот Газа, а најмалку 50.100 луѓе се повредени, според Министерството за здравство во енклавата управувана од Хамас. Најмалку 7.600 луѓе се водат како исчезнати, според канцеларијата за медиуми на Хамас.
Речиси 40.000 згради или околу 18 отсто од сите објекти пред конфликтот се оштетени или уништени во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, покажа проценката на ОН

The post Генералното собрание на ОН усвои резолуција за прекин на огнот во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која се повикува на итен прекин на огнот во Појасот Газа. За усвојување на резолуцијата гласаа 153 земји, 10 беа против, а 23 членки на ОН беа воздржани. Израел и САД беа против. Резолуцијата повикува на „итен хуманитарен прекин на огнот“, како и „сите страни да ги почитуваат своите обврски според меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право, особено во однос на заштитата на цивилите“. Одбиени беа два амандмана од САД. Дополнително, се повикува на „итно и безусловно ослободување на сите заложници“ и „обезбедување пристап до хуманитарна помош“ до Појасот Газа. Нацрт-резолуцијата беше поднесена од група од 20 арапски земји и Организацијата за исламска соработка. Израел е под притисок од своите сојузници поради конфликтот во Газа, при што клучниот поддржувач САД го критикуваше нивното бомбардирање како одговор на нападите на 7 октомври. Американскиот претседател Џо Бајден на предизборен настан во Вашингтон нагласи дека Израел „...почнува да ја губи поддршката со неселективното бомбардирање“. Повторувајќи ја поддршката на САД за Израел, тој додаде дека „безбедноста на невините Палестинци се уште предизвикува голема загриженост“. Хамас ги нападна јужните израелски заедници на 7 октомври, убивајќи околу 1.200 луѓе и земајќи околу 240 заложници, според израелската влада. Оттогаш, 18.412 луѓе се убиени во израелски напади врз Појасот Газа, а најмалку 50.100 луѓе се повредени, според Министерството за здравство во енклавата управувана од Хамас. Најмалку 7.600 луѓе се водат како исчезнати, според канцеларијата за медиуми на Хамас. Речиси 40.000 згради или околу 18 отсто од сите објекти пред конфликтот се оштетени или уништени во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, покажа проценката на ОН

The post Генералното собрание на ОН усвои резолуција за прекин на огнот во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ и владата која ќе ја предводи ќе ги исполни вистинските критериуми за членство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-i-vladata-koja-ke-ja-predvodi-ke-gi-ispolni-vistinskite-kriteriumi-za-chlenstvo-mitskoski-se-obrati-na-generalnoto-sobranie-na-tsdi/ Thu, 18 May 2023 11:56:18 +0000 https://republika.mk/?p=642284

На Македонија, и покрај 30 годишната аспирација да стане членка на евроатлантските организации, и е ускратено тоа право. Тоа е заради непринципиелните барања на соседите кои кулминираа со историските етнонационални барања на Бугарија, рече во своето обраќање на Генералното собрание на ЦДИ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Како држава ние секогаш правиме сѐ за да придонесеме кон европските вредности, регионалната стабилност и безбедност. Но, прашањето е дали истите тие вредности се споделуваат кога станува збор за нашето пристапување кон ЕУ. Ние бевме првата држава од регионот која го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација, станавме кандидат за ЕУ заедно со Хрватска, а требаше и да станеме членка на НАТО во исто време. Сепак, од непринципиелните барања на нашите соседи, ние и денес сме во лобито, надвор од преговорите - истакна Мицкоски.

Но, не смееме да се откажуваме. ВМРО-ДПМНЕ и владата која ќе ја предводи ќе направи сѐ што е во наша моќ да ги исполниме вистинските критериуми за членство, да направиме вистински реформи во економијата, да завладее правото и да се избориме со корупцијата во општеството. Само на тој начин ќе ја донесеме Европа во Македонија и за македонските граѓани, но и Македонија поблиску до Европа, додаде Мицкоски.

The post ВМРО-ДПМНЕ и владата која ќе ја предводи ќе ги исполни вистинските критериуми за членство appeared first on Република.

]]>

На Македонија, и покрај 30 годишната аспирација да стане членка на евроатлантските организации, и е ускратено тоа право. Тоа е заради непринципиелните барања на соседите кои кулминираа со историските етнонационални барања на Бугарија, рече во своето обраќање на Генералното собрание на ЦДИ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Како држава ние секогаш правиме сѐ за да придонесеме кон европските вредности, регионалната стабилност и безбедност. Но, прашањето е дали истите тие вредности се споделуваат кога станува збор за нашето пристапување кон ЕУ. Ние бевме првата држава од регионот која го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација, станавме кандидат за ЕУ заедно со Хрватска, а требаше и да станеме членка на НАТО во исто време. Сепак, од непринципиелните барања на нашите соседи, ние и денес сме во лобито, надвор од преговорите - истакна Мицкоски.
Но, не смееме да се откажуваме. ВМРО-ДПМНЕ и владата која ќе ја предводи ќе направи сѐ што е во наша моќ да ги исполниме вистинските критериуми за членство, да направиме вистински реформи во економијата, да завладее правото и да се избориме со корупцијата во општеството. Само на тој начин ќе ја донесеме Европа во Македонија и за македонските граѓани, но и Македонија поблиску до Европа, додаде Мицкоски.

The post ВМРО-ДПМНЕ и владата која ќе ја предводи ќе ги исполни вистинските критериуми за членство appeared first on Република.

]]>
Генералното собрание на ОН донесе резолуција со која се бара повлекување на Русија од Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/generalnoto-sobranie-na-on-donese-rezolutsija-so-koja-se-bara-povlekuvane-na-rusija-od-ukraina/ Fri, 24 Feb 2023 08:15:00 +0000 https://republika.mk/?p=612623

Генералното собрание на ОН донесе резолуција со која се бара „веднаш“ повлекување на руските војници од Украина, повикувајќи на „праведен и траен“ мир.

Резолуцијата доби 141 глас „За“, седум „Против“ (Русија, Белорусија, Сирија, Северен Крит, Мали, Никарагва, Еритреја), а воздржани беа 32 земји, меѓу кои Кина и Индија.

Украина и нејзините сојузници се надеваа дека резолуцијата ќе добие најмалку 143 гласа како во октомври 2022 година, кога беше донесена резолуција со која се осудува руската анексија на источна Украина.

Како и претходните резолуции, кои се сите необврзувачки, така и оваа ја потврдува „посветеноста на територијалниот интегритет на Украина“ и „бара Русија веднаш, целосно и безусловно да ги повлече сите свои воени сили од територијата на Украина“.

„За една година не треба да се состанеме за да ја одбележиме втората годишнина од оваа бесмислена војна на агресија“, рече јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши пред гласањето, надевајќи се на „самит за мир“ во 2024 година.

Но, „Русија не покажува желба за мир… Таа не познава мир освен тишината на мртвите и урнатините“, предупреди шефицата на француската дипломатија, Катрин Колона, на вториот ден од дебатите во Генералното собрание каде што синоќа беше усвоена резолуцијата.

„Русија се обидува да убеди некои од вас дека нејзините обиди да го наруши светскиот поредок и да наметне поредок заснован на сила ќе функционираат во нивна полза. Тоа е илузија“, додаде таа и повика на гласање за резолуцијата.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во средата изјави дека „никогаш во поновата историја линијата меѓу доброто и злото не била толку јасна“.

„Една земја едноставно сака да опстане. Другиот сака да убива и уништува“, рече Кулеба, повикувајќи на солидарност на меѓународната заедница.

Кина и Индија беа воздржани при гласањето во ОН за Украина.

The post Генералното собрание на ОН донесе резолуција со која се бара повлекување на Русија од Украина appeared first on Република.

]]>

Генералното собрание на ОН донесе резолуција со која се бара „веднаш“ повлекување на руските војници од Украина, повикувајќи на „праведен и траен“ мир. Резолуцијата доби 141 глас „За“, седум „Против“ (Русија, Белорусија, Сирија, Северен Крит, Мали, Никарагва, Еритреја), а воздржани беа 32 земји, меѓу кои Кина и Индија. Украина и нејзините сојузници се надеваа дека резолуцијата ќе добие најмалку 143 гласа како во октомври 2022 година, кога беше донесена резолуција со која се осудува руската анексија на источна Украина. Како и претходните резолуции, кои се сите необврзувачки, така и оваа ја потврдува „посветеноста на територијалниот интегритет на Украина“ и „бара Русија веднаш, целосно и безусловно да ги повлече сите свои воени сили од територијата на Украина“. „За една година не треба да се состанеме за да ја одбележиме втората годишнина од оваа бесмислена војна на агресија“, рече јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши пред гласањето, надевајќи се на „самит за мир“ во 2024 година. Но, „Русија не покажува желба за мир… Таа не познава мир освен тишината на мртвите и урнатините“, предупреди шефицата на француската дипломатија, Катрин Колона, на вториот ден од дебатите во Генералното собрание каде што синоќа беше усвоена резолуцијата. „Русија се обидува да убеди некои од вас дека нејзините обиди да го наруши светскиот поредок и да наметне поредок заснован на сила ќе функционираат во нивна полза. Тоа е илузија“, додаде таа и повика на гласање за резолуцијата. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во средата изјави дека „никогаш во поновата историја линијата меѓу доброто и злото не била толку јасна“. „Една земја едноставно сака да опстане. Другиот сака да убива и уништува“, рече Кулеба, повикувајќи на солидарност на меѓународната заедница. Кина и Индија беа воздржани при гласањето во ОН за Украина.

The post Генералното собрание на ОН донесе резолуција со која се бара повлекување на Русија од Украина appeared first on Република.

]]>
Генералното собрание на ОН ќе гласа за подобрување на хуманитарната помош за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/generalnoto-sobranie-na-on-kje-glasa-za-podobruvanje-na-humanitarnata-pomosh-za-ukraina/ Mon, 21 Mar 2022 08:21:44 +0000 https://republika.mk/?p=475924

Генералното собрание на ОН се очекува наредните денови да гласа за резолуција за подобрување на хуманитарната помош за Украина.

Нацртот на документот синоќа бил разделен на 193-те држави-членки на најголемото тело на ОН.

Се очекува нацрт-резолуцијата со големо мнозинство да биде поддржана во Генералното собрание на ОН.

Претходно овој месец Собранието изгласа Резолуција со која се потврдува суверенитот, независноста и интегритетот на Украина.

The post Генералното собрание на ОН ќе гласа за подобрување на хуманитарната помош за Украина appeared first on Република.

]]>

Генералното собрание на ОН се очекува наредните денови да гласа за резолуција за подобрување на хуманитарната помош за Украина. Нацртот на документот синоќа бил разделен на 193-те држави-членки на најголемото тело на ОН. Се очекува нацрт-резолуцијата со големо мнозинство да биде поддржана во Генералното собрание на ОН. Претходно овој месец Собранието изгласа Резолуција со која се потврдува суверенитот, независноста и интегритетот на Украина.

The post Генералното собрание на ОН ќе гласа за подобрување на хуманитарната помош за Украина appeared first on Република.

]]>