Генерално собрание на ОН Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/generalno-sobranie-na-on/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 18:14:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Генерално собрание на ОН Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/generalno-sobranie-na-on/ 32 32 Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговори со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-nashite-evropski-i-strateshki-partneri-ochekuvame-razbirane-i-pravedno-deblokirane-na-protsesot-na-pregovori-so-eu/ Thu, 26 Sep 2024 17:18:57 +0000 https://republika.mk/?p=819977

Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговори за членство во Европската Унија, отфрлање на двојните стандарди и почитување на сопствените принципи и вредности, вградени во основните уставни документи, потенцира денеска во својот говор претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред членовите на Генералното собрание на ОН.

Како што јави известувачот на МИА од Њујорк, проширувањето, според Сиљановска Давкова, мора да се врзе за меритократските Копенхагенски критериуми и да се ослободи од ветоизацијата врзана за обидот за ревизија на историјата и непочитување на националниот и културниот идентитет.

Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас. Европската Унија не е само политички систем туку и политичка филозофија во која веруваат најголемиот број македонски и балкански политички актери и граѓани. Интеграцијата е моќен мотив и клучна сила за демократскиот развој, рече шефицата на државата.

Целосната интеграција на Балканот во ЕУ, според неа, ќе стави крај на бескрајното прекројување на границите и на балканизацијата како феномен.

Но, се разбира, балканските држави мора да се однесуваат според европските стандарди, регионално поврзувајќи се и соработувајќи. Драгоцено е искуството и очекувана е помошта на земјите од регионот коишто станаа дел од ЕУ, но и на оние коишто се на трасираниот европскиот пат. Мора да научиме да се поддржуваме еден со друг, како во случајот со ковидот, поплавите и пожарите,  наместо да се блокираме на европскиот пат. Homo Balkanicus може да биде Homo Europicus, кога сака, истакна претседателката Сиљановска Давкова.

Како што кажа пред Генералното собрание, за нас, членството во ЕУ, по 20 години преговори и дури 16 позитивни извештаи од Европската комисија, наликува на господинот Годо, оти го чекаме од 2005 година, охрабрувани од меѓународните претставници со рефренот: „уште само овој услов“, „уште само оваа отстапка“, „уште само оваа уставна измена“.

Така, станавме „sui generis” држава, со 36 уставни измени за 30 години, закотвена во геополитичкиот  регион наречен „Западен Балкан“, истакна Сиљановска Давкова.

Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговори за членство во Европската Унија, отфрлање на двојните стандарди и почитување на соп

Таа потсети дека нашата земја како една од шесте конститутивни југословенски републики учествуваше во создавањето на ОН, и при приемот во ОН во 1993 година се соочи со голема неправда и оти се уште се соочува со тоа. Потсети дека бевме примена под привремената референца, но и со дополнителен услов „да преговара за изнаоѓање конечно решение за спорот за името“.

Во 2018 година беше потпишан и ратификуван Преспанскиот договор, по што следуваа неуспешен референдум и уставни измени со кои Република Македонија формално правно стана Република Cеверна Македонија, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Како професорка по уставно право и како поранешна членка на Венецијанската комисија, рече претседателката, знам дека она што е легално не секогаш е праведно и легитимно, оти во случајот на мојата држава, не се постапуваше во согласност со меѓународната и националното право, односно „се заборави“ правото на самоопределување на секој народ, загарантирано со Повелбата на ООН и уставот на СФРЈ од 1974 година.

Линијата којашто го двои легалното од праведното, понекогаш е само пукнатина, но друг пат е длабок јаз, па дури и бездна. Тој јаз, таа бездна најчесто и најтешко ги погодува малите народи и држави коишто се први жртви на судирот меѓу силата и правдата, оти може да биде непремостлива препрека за остварување на правото на напредок, нагласи претседателката.

Новото име, рече Сиљановска Давкова, е формално-правна реалност и ние како одговорна земја - членка на Обединетите нации и на НАТО, ги исполнуваме меѓународните обврски.

Но, членството во ЕУ, заради кое го прави тоа, не само што не се оствари, туку македонските граѓани сега се пред нов, повторно „последен услов“ за уште една уставна измена, но, не за членство, туку за почеток на преговорите и тоа по втор пат, рече претседателката.

Како мирољубива држава, посветена на добрососедството и на регионалната соработка, рече Сиљановска Давкова, очекуваме разбирање и соработка со нашите соседи, без закана со вето.

Каде што има вето, честопати, нема правда. Ветото стана инструмент за билатерализација на евроинтеграцијата, односно нејзина стагнација. Во услови на конфликт на европското тло, стагнацијата на евроинтеграцијата не само што ги демотивира македонските граѓани и ги забавува реформите, туку и го дестабилизира регионот на Југоисточна Европа, оставајќи простор за продор на малигни империјални и великодржавни влијанија, рече претседателката.

Зборувајќи за мултилатерализмот, Сиљановска Давкова кажа дека тој зависи и од почитувањето на меѓународните договори. Како држава што е посветена на добрососедството и регионалната соработка, ние, потенцираше таа, ги почитуваме билатералните договори со нашите соседи и очекуваме и нашите соседи да ги почитуваат договорите без да го злоупотребуваат правото на вето.

Пред Генералното собрание таа потенцира дека светот е пред голем предизвик: како правното да стане и праведно, односно праведното легално и, како, она што е легално и праведно, да се имплементира.

Соочени сме со големи прашања, рече претседателката, прашувајќи дали е можен праведен мир бидејќи се соочуваме со се повеќе војни и со флагрантно кршење на Повелбата на ОН.

Можно ли е човечко достоинство во амбиент на двојни стандарди, кога човековиот живот не е еднакво вреднуван и кога страдањата на невините жртви во конфликтите не се еднакво третирани, како да постигнеме праведен развој, како да се постигне социјална правда во услови на растечка економска, образовна, родова и дигитална нееднаквост меѓу државите и во самите држави, со сè помалобројни победници и сè побројни губитници на глобализацијата и дигитализацијата и како ќе обезбедиме генерациска правда ако продолжиме со неодговорната и неконтролирана експлоатација на ограничените ресурси, како ќе се создаде безбедна и одржлива иднина за нашите потомци, ако се продолжи со екоцидните производствени практики и конзумерски навики што оставаат свет задушен од аерозагадување, затруен со пестициди и затрупан со пластика. Со алармантното ниво на емисии на стакленички гасови што забрзано водат до климатски промени со катастрофални последици, дали ние воопшто, праѓа таа, можеме да зборуваме за одржливост или, пак, треба да почнеме да размислуваме за преживување/способност за живеење. Главниот проблем е што сите овие неправди се системски, што значи, дека ако не се легални, тогаш се премолчено толерирани. Она што е легално, за жал, не секогаш е праведно и морално, да повторам уште еднаш, рече Сиљановска Давкова.

Обединетите нации, рече Сиљановска-Давкова, постојат за да го облагородат суровиот Тукидитов свет, со тоа што, обезбедувајќи правна еднаквост меѓу нациите, ќе ја скротат моќта на големите и ќе ги заштитат малите народи.

Токму таа правна еднаквост е предуслов за постигнување на врвните цели на Обединетите нации – мир и безбедност, човекови права и одржлив развој. ОН постојат за да го надминат или барем да го намалат јазот меѓу легалното и праведното, подвлече Сиљановска-Давкова.

ОН, потсети таа, превенираа нова Светска војна, но не успеаја да ги превенираат и спречат регионалните конфликти, вклучително и војната во Украина и крвопролевањето на Блискиот Исток, не успева да ја искорени гладта, да го надмине јазот меѓу богатиот Север и сиромашниот Југ... Тие се главниот двигател за решавањето на глобалните безбедносни, мигрантски, здравствени, еколошки, енергетски и климатски кризи, но, додаде шефицата на државата, ретко која од нив е потполно и праведно разрешена.

Резолуциите на ова генерално собрание ја одразуваат волјата на мнозинството нации, но не секогаш се доследно почитувани. Меѓународниот суд на правдата е крајната инстанца на правдата меѓу државите, а сепак неговите пресуди не секогаш се спроведувани, па дури и се третирани како совети, рече таа.

Според Сиљановска Давкова, светот минува низ бурна геополитичка, економска, научна, технолошка и индустриска трансформација во која човекот има огромно влијание врз планетата, но наместо зголемена соработка и акција за горливите прашања, се интензивира геополитичкото ривалство и новата трка во вооружување што забрзано нѐ турка кон состојба што наликува на нова, втора студена војна и на Орвеловиот свет.

За да се надмине оваа политичка маргинализација, вели Сиљановска-Давкова, потребен е нов дух на мултилатерализам што ќе ги ублажи геополитичките ривалства и ќе ја зголеми довербата и соработката меѓу државите околу споделените предизвици. Тој мултилатерализам се потпира врз три столба.

Првиот столб, како што кажа, е доследното почитување на Повелбата на Обединетите нации и на меѓународното право коешто постои за да ги заштити послабите од предаторските инстинкти на посилните.

Во овој контекст, македонската држава цврсто стои на ставот дека територијалните претензии и обидот да се стекне територија со сила се флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации. Кога опасните преседани остануваат неоспорени, се трансформираат во толерирани практики што ги загрозуваат светскиот мир и безбедноста. Затоа, ние ги поддржуваме заложбите за одржлив, праведен и траен мир во Украина, втемелен врз меѓународното право, вклучително и Повелбата на Обединетите нации. На тој план, целосно се усогласивме со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, рече Сиљановска Давкова.

Ова, вели таа, е важно за нас, бидејќи војните и конфликтите се одразуваат и на мирот и стабилноста на Југоисточна Европа и Западниот Балкан.

Мултилатерализмот зависи и од почитувањето на меѓународните договори. Како држава што е посветена на добрососедството и регионалната соработка, ние ги почитуваме билатералните договори со нашите соседи и очекуваме и нашите соседи да ги почитуваат договорите без да го злоупотребуваат правото на вето, потенцира претседателката.

Вториот столб на мултилатерализмот, како што вели, е доследно спроведување на целите за одржлив развој и на сродниот Париски договор и Рамката од Сендаи за намалување на ризиците од катастрофи.

Третиот столб на новиот мултилатерализам, Сиљановска-Давкова го гледа во поголемата посветеност кон реформата на ОН, но суштинска, а не козметичка и корективна, односно реформи што ќе го отклучат потенцијалот на ОН и ќе овозможат гласот на секоја држава, голема или мала, да биде еднакво слушнат и вреднуван.

Првата група реформи треба да помогнат во усогласување на ОН со новите предизвици и новите развојни приоритети. Сè почестите екстремни временски појави предизвикани од климатските промени се само предигра на тоа каква иднина нè очекува нас и нашите потомци, доколку од корен не се промени односот на човештвото кон природата и планетата. Потребен ни е нов општествен договор (Русо) , но и природен договор ( Natural Contract ─ Мишел Сера ) со кој природата ќе ја третираме како партнер, рече Сиљановска Давкова.

Втората група реформи, според неа, би ги опфаќала структурите и процедурите на Обединетите нации, почнувајќи од правилата за гласање, преку финансирањето, до автономијата на генералниот секретар.

Како што реков, каде што има вето, честопати нема правда. Неспорен факт е дека правото на вето е легално, но, прашање е колку е праведно, кога се користи за да се парализираат процеси од коишто зависи исполнувањето на целите на Повелбата и очекувањата на народите во светот? Неопходно е Генералното  собрание да добие поголема улога во одлучувањето, како претставничко тело на народите, во духот на : We, the Peoples, We, the Nations! Легитимитетот на Советот за безбедност извира од Генералното собрание, па тој треба да функционира како своевидна коалициона влада на народите, посочи Сиљановска Давкова.

Третата група на реформи би ги зајакнала механизмите на ОН за заштита на ранливите популации и групи, што е особено важно денес, кога бројот на жртвите и бегалците, нагласува таа, е на највисоко ниво од Втората светска војна.

The post Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговори за членство во Европската Унија, отфрлање на двојните стандарди и почитување на сопствените принципи и вредности, вградени во основните уставни документи, потенцира денеска во својот говор претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред членовите на Генералното собрание на ОН. Како што јави известувачот на МИА од Њујорк, проширувањето, според Сиљановска Давкова, мора да се врзе за меритократските Копенхагенски критериуми и да се ослободи од ветоизацијата врзана за обидот за ревизија на историјата и непочитување на националниот и културниот идентитет.
Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас. Европската Унија не е само политички систем туку и политичка филозофија во која веруваат најголемиот број македонски и балкански политички актери и граѓани. Интеграцијата е моќен мотив и клучна сила за демократскиот развој, рече шефицата на државата.
Целосната интеграција на Балканот во ЕУ, според неа, ќе стави крај на бескрајното прекројување на границите и на балканизацијата како феномен.
Но, се разбира, балканските држави мора да се однесуваат според европските стандарди, регионално поврзувајќи се и соработувајќи. Драгоцено е искуството и очекувана е помошта на земјите од регионот коишто станаа дел од ЕУ, но и на оние коишто се на трасираниот европскиот пат. Мора да научиме да се поддржуваме еден со друг, како во случајот со ковидот, поплавите и пожарите,  наместо да се блокираме на европскиот пат. Homo Balkanicus може да биде Homo Europicus, кога сака, истакна претседателката Сиљановска Давкова.
Како што кажа пред Генералното собрание, за нас, членството во ЕУ, по 20 години преговори и дури 16 позитивни извештаи од Европската комисија, наликува на господинот Годо, оти го чекаме од 2005 година, охрабрувани од меѓународните претставници со рефренот: „уште само овој услов“, „уште само оваа отстапка“, „уште само оваа уставна измена“.
Така, станавме „sui generis” држава, со 36 уставни измени за 30 години, закотвена во геополитичкиот  регион наречен „Западен Балкан“, истакна Сиљановска Давкова.
Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговори за членство во Европската Унија, отфрлање на двојните стандарди и почитување на соп Таа потсети дека нашата земја како една од шесте конститутивни југословенски републики учествуваше во создавањето на ОН, и при приемот во ОН во 1993 година се соочи со голема неправда и оти се уште се соочува со тоа. Потсети дека бевме примена под привремената референца, но и со дополнителен услов „да преговара за изнаоѓање конечно решение за спорот за името“.
Во 2018 година беше потпишан и ратификуван Преспанскиот договор, по што следуваа неуспешен референдум и уставни измени со кои Република Македонија формално правно стана Република Cеверна Македонија, рече претседателката Сиљановска Давкова.
Како професорка по уставно право и како поранешна членка на Венецијанската комисија, рече претседателката, знам дека она што е легално не секогаш е праведно и легитимно, оти во случајот на мојата држава, не се постапуваше во согласност со меѓународната и националното право, односно „се заборави“ правото на самоопределување на секој народ, загарантирано со Повелбата на ООН и уставот на СФРЈ од 1974 година.
Линијата којашто го двои легалното од праведното, понекогаш е само пукнатина, но друг пат е длабок јаз, па дури и бездна. Тој јаз, таа бездна најчесто и најтешко ги погодува малите народи и држави коишто се први жртви на судирот меѓу силата и правдата, оти може да биде непремостлива препрека за остварување на правото на напредок, нагласи претседателката.
Новото име, рече Сиљановска Давкова, е формално-правна реалност и ние како одговорна земја - членка на Обединетите нации и на НАТО, ги исполнуваме меѓународните обврски.
Но, членството во ЕУ, заради кое го прави тоа, не само што не се оствари, туку македонските граѓани сега се пред нов, повторно „последен услов“ за уште една уставна измена, но, не за членство, туку за почеток на преговорите и тоа по втор пат, рече претседателката.
Како мирољубива држава, посветена на добрососедството и на регионалната соработка, рече Сиљановска Давкова, очекуваме разбирање и соработка со нашите соседи, без закана со вето.
Каде што има вето, честопати, нема правда. Ветото стана инструмент за билатерализација на евроинтеграцијата, односно нејзина стагнација. Во услови на конфликт на европското тло, стагнацијата на евроинтеграцијата не само што ги демотивира македонските граѓани и ги забавува реформите, туку и го дестабилизира регионот на Југоисточна Европа, оставајќи простор за продор на малигни империјални и великодржавни влијанија, рече претседателката.
Зборувајќи за мултилатерализмот, Сиљановска Давкова кажа дека тој зависи и од почитувањето на меѓународните договори. Како држава што е посветена на добрососедството и регионалната соработка, ние, потенцираше таа, ги почитуваме билатералните договори со нашите соседи и очекуваме и нашите соседи да ги почитуваат договорите без да го злоупотребуваат правото на вето. Пред Генералното собрание таа потенцира дека светот е пред голем предизвик: како правното да стане и праведно, односно праведното легално и, како, она што е легално и праведно, да се имплементира. Соочени сме со големи прашања, рече претседателката, прашувајќи дали е можен праведен мир бидејќи се соочуваме со се повеќе војни и со флагрантно кршење на Повелбата на ОН.
Можно ли е човечко достоинство во амбиент на двојни стандарди, кога човековиот живот не е еднакво вреднуван и кога страдањата на невините жртви во конфликтите не се еднакво третирани, како да постигнеме праведен развој, како да се постигне социјална правда во услови на растечка економска, образовна, родова и дигитална нееднаквост меѓу државите и во самите држави, со сè помалобројни победници и сè побројни губитници на глобализацијата и дигитализацијата и како ќе обезбедиме генерациска правда ако продолжиме со неодговорната и неконтролирана експлоатација на ограничените ресурси, како ќе се создаде безбедна и одржлива иднина за нашите потомци, ако се продолжи со екоцидните производствени практики и конзумерски навики што оставаат свет задушен од аерозагадување, затруен со пестициди и затрупан со пластика. Со алармантното ниво на емисии на стакленички гасови што забрзано водат до климатски промени со катастрофални последици, дали ние воопшто, праѓа таа, можеме да зборуваме за одржливост или, пак, треба да почнеме да размислуваме за преживување/способност за живеење. Главниот проблем е што сите овие неправди се системски, што значи, дека ако не се легални, тогаш се премолчено толерирани. Она што е легално, за жал, не секогаш е праведно и морално, да повторам уште еднаш, рече Сиљановска Давкова.
Обединетите нации, рече Сиљановска-Давкова, постојат за да го облагородат суровиот Тукидитов свет, со тоа што, обезбедувајќи правна еднаквост меѓу нациите, ќе ја скротат моќта на големите и ќе ги заштитат малите народи.
Токму таа правна еднаквост е предуслов за постигнување на врвните цели на Обединетите нации – мир и безбедност, човекови права и одржлив развој. ОН постојат за да го надминат или барем да го намалат јазот меѓу легалното и праведното, подвлече Сиљановска-Давкова.
ОН, потсети таа, превенираа нова Светска војна, но не успеаја да ги превенираат и спречат регионалните конфликти, вклучително и војната во Украина и крвопролевањето на Блискиот Исток, не успева да ја искорени гладта, да го надмине јазот меѓу богатиот Север и сиромашниот Југ... Тие се главниот двигател за решавањето на глобалните безбедносни, мигрантски, здравствени, еколошки, енергетски и климатски кризи, но, додаде шефицата на државата, ретко која од нив е потполно и праведно разрешена.
Резолуциите на ова генерално собрание ја одразуваат волјата на мнозинството нации, но не секогаш се доследно почитувани. Меѓународниот суд на правдата е крајната инстанца на правдата меѓу државите, а сепак неговите пресуди не секогаш се спроведувани, па дури и се третирани како совети, рече таа.
Според Сиљановска Давкова, светот минува низ бурна геополитичка, економска, научна, технолошка и индустриска трансформација во која човекот има огромно влијание врз планетата, но наместо зголемена соработка и акција за горливите прашања, се интензивира геополитичкото ривалство и новата трка во вооружување што забрзано нѐ турка кон состојба што наликува на нова, втора студена војна и на Орвеловиот свет. За да се надмине оваа политичка маргинализација, вели Сиљановска-Давкова, потребен е нов дух на мултилатерализам што ќе ги ублажи геополитичките ривалства и ќе ја зголеми довербата и соработката меѓу државите околу споделените предизвици. Тој мултилатерализам се потпира врз три столба. Првиот столб, како што кажа, е доследното почитување на Повелбата на Обединетите нации и на меѓународното право коешто постои за да ги заштити послабите од предаторските инстинкти на посилните.
Во овој контекст, македонската држава цврсто стои на ставот дека територијалните претензии и обидот да се стекне територија со сила се флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации. Кога опасните преседани остануваат неоспорени, се трансформираат во толерирани практики што ги загрозуваат светскиот мир и безбедноста. Затоа, ние ги поддржуваме заложбите за одржлив, праведен и траен мир во Украина, втемелен врз меѓународното право, вклучително и Повелбата на Обединетите нации. На тој план, целосно се усогласивме со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, рече Сиљановска Давкова.
Ова, вели таа, е важно за нас, бидејќи војните и конфликтите се одразуваат и на мирот и стабилноста на Југоисточна Европа и Западниот Балкан.
Мултилатерализмот зависи и од почитувањето на меѓународните договори. Како држава што е посветена на добрососедството и регионалната соработка, ние ги почитуваме билатералните договори со нашите соседи и очекуваме и нашите соседи да ги почитуваат договорите без да го злоупотребуваат правото на вето, потенцира претседателката.
Вториот столб на мултилатерализмот, како што вели, е доследно спроведување на целите за одржлив развој и на сродниот Париски договор и Рамката од Сендаи за намалување на ризиците од катастрофи. Третиот столб на новиот мултилатерализам, Сиљановска-Давкова го гледа во поголемата посветеност кон реформата на ОН, но суштинска, а не козметичка и корективна, односно реформи што ќе го отклучат потенцијалот на ОН и ќе овозможат гласот на секоја држава, голема или мала, да биде еднакво слушнат и вреднуван.
Првата група реформи треба да помогнат во усогласување на ОН со новите предизвици и новите развојни приоритети. Сè почестите екстремни временски појави предизвикани од климатските промени се само предигра на тоа каква иднина нè очекува нас и нашите потомци, доколку од корен не се промени односот на човештвото кон природата и планетата. Потребен ни е нов општествен договор (Русо) , но и природен договор ( Natural Contract ─ Мишел Сера ) со кој природата ќе ја третираме како партнер, рече Сиљановска Давкова.
Втората група реформи, според неа, би ги опфаќала структурите и процедурите на Обединетите нации, почнувајќи од правилата за гласање, преку финансирањето, до автономијата на генералниот секретар.
Како што реков, каде што има вето, честопати нема правда. Неспорен факт е дека правото на вето е легално, но, прашање е колку е праведно, кога се користи за да се парализираат процеси од коишто зависи исполнувањето на целите на Повелбата и очекувањата на народите во светот? Неопходно е Генералното  собрание да добие поголема улога во одлучувањето, како претставничко тело на народите, во духот на : We, the Peoples, We, the Nations! Легитимитетот на Советот за безбедност извира од Генералното собрание, па тој треба да функционира како своевидна коалициона влада на народите, посочи Сиљановска Давкова.
Третата група на реформи би ги зајакнала механизмите на ОН за заштита на ранливите популации и групи, што е особено важно денес, кога бројот на жртвите и бегалците, нагласува таа, е на највисоко ниво од Втората светска војна.

The post Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Абас пред ОН: Престанете со геноцидот! Целиот свет е одговорен за она што се случува во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/abas-pred-on-prestanete-so-genotsidot-tseliot-svet-e-odgovoren-za-ona-shto-se-sluchuva-vo-gaza/ Thu, 26 Sep 2024 17:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=819960

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го осуди Израел и неговата офанзива во Појасот Газа пред Генералното собрание на ОН. Тој ги повика другите држави да ја запрат војната.

Абас, претседателот на Палестинската власт, која управува со Западниот Брег, но не и со Појасот Газа, повика меѓународната заедница да престане да испраќа оружје во Израел.

Тој истакна дека неговата влада треба да управува со поствоена Газа како дел од независна Држава Палестина.

Палестина ќе остане наша. И ако некој треба да замине, тоа ќе бидат окупаторските узурпатори, потенцираше Абас.

Во своето обраќање пред ОН, палестинскиот претседател посочи дека Палестинците речиси една година го трпат она што тој го опиша како едно од најтешките злосторства на нашето време.

Престанете со овој криминал. Престанете веднаш. Престанете со убивањето на децата и жените. Престанете со геноцидот. Престанете да испраќате оружје во Израел. Ова лудило не може да продолжи. Целиот свет е одговорен за тоа што им се случува на нашите луѓе во Газа и на Западниот Брег, изјави тој.

Абас додаде дека Палестинците се „подложени на еден од најгнасните злосторства на нашето време, тоа е злосторството на целосна војна, на геноцид кој го извршува Израел.“

Меѓународниот суд на правдата истражува случај поднесен од Јужноафриканската Република, кој обвинува дека Израел врши „геноцидни акти“ во својата офанзива во Газа, што е прекршување на Конвенцијата на ОН за геноцид од 1948 година. Израел силно ги отфрли овие обвинувања.

Абас истакна дека во војната се убиени повеќе од 40,000 луѓе само во Газа и ранети се десетици илјади други.

„Стотици палестински семејства се уништени,“ рече тој. „Илјадници умреа поради ширењето на болести и епидемии, како и поради недостаток на лекови и вода.“

Тој додаде дека Израел го уништил Појасот Газа „речиси целосно,“ изјавувајќи дека територијата „веќе не е погодна за живот.“

Абас, исто така, го обвини Израел за „нова агресија“ врз Либан, кој во последните денови е погоден од бранови на израелски напади.

„Ја осудуваме оваа агресија и бараме таа веднаш да престане,“ додаде тој.

Конфликтот започна откако милитантите предводени од Хамас извршија терористички напад врз Израел на 7 октомври, при што загинаа околу 1,200 луѓе и беа земени околу 250 заложници. Потоа Израел започна одмазнички напади во Газа, каде се убиени над 40 илјади луѓе.

The post Абас пред ОН: Престанете со геноцидот! Целиот свет е одговорен за она што се случува во Газа appeared first on Република.

]]>

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го осуди Израел и неговата офанзива во Појасот Газа пред Генералното собрание на ОН. Тој ги повика другите држави да ја запрат војната. Абас, претседателот на Палестинската власт, која управува со Западниот Брег, но не и со Појасот Газа, повика меѓународната заедница да престане да испраќа оружје во Израел. Тој истакна дека неговата влада треба да управува со поствоена Газа како дел од независна Држава Палестина.
Палестина ќе остане наша. И ако некој треба да замине, тоа ќе бидат окупаторските узурпатори, потенцираше Абас.
Во своето обраќање пред ОН, палестинскиот претседател посочи дека Палестинците речиси една година го трпат она што тој го опиша како едно од најтешките злосторства на нашето време.
Престанете со овој криминал. Престанете веднаш. Престанете со убивањето на децата и жените. Престанете со геноцидот. Престанете да испраќате оружје во Израел. Ова лудило не може да продолжи. Целиот свет е одговорен за тоа што им се случува на нашите луѓе во Газа и на Западниот Брег, изјави тој.
Абас додаде дека Палестинците се „подложени на еден од најгнасните злосторства на нашето време, тоа е злосторството на целосна војна, на геноцид кој го извршува Израел.“ Меѓународниот суд на правдата истражува случај поднесен од Јужноафриканската Република, кој обвинува дека Израел врши „геноцидни акти“ во својата офанзива во Газа, што е прекршување на Конвенцијата на ОН за геноцид од 1948 година. Израел силно ги отфрли овие обвинувања. Абас истакна дека во војната се убиени повеќе од 40,000 луѓе само во Газа и ранети се десетици илјади други. „Стотици палестински семејства се уништени,“ рече тој. „Илјадници умреа поради ширењето на болести и епидемии, како и поради недостаток на лекови и вода.“ Тој додаде дека Израел го уништил Појасот Газа „речиси целосно,“ изјавувајќи дека територијата „веќе не е погодна за живот.“ Абас, исто така, го обвини Израел за „нова агресија“ врз Либан, кој во последните денови е погоден од бранови на израелски напади. „Ја осудуваме оваа агресија и бараме таа веднаш да престане,“ додаде тој. Конфликтот започна откако милитантите предводени од Хамас извршија терористички напад врз Израел на 7 октомври, при што загинаа околу 1,200 луѓе и беа земени околу 250 заложници. Потоа Израел започна одмазнички напади во Газа, каде се убиени над 40 илјади луѓе.

The post Абас пред ОН: Престанете со геноцидот! Целиот свет е одговорен за она што се случува во Газа appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова на состаноци на Советот за безбедност на ОН и на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-na-sostanotsi-na-sovetot-za-bezbednost-na-on-i-na-globalnata-koalitsija-za-spravuvane-so-zakanite-od-sintetichki-drogi/ Wed, 25 Sep 2024 12:52:27 +0000 https://republika.mk/?p=819570

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, присуствувала на состанокот на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги и на дебатата на Советот за безбедност, кадешто остварила куси средби со повеќе лидери и претставници на меѓународни организации.

На покана на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на состанокот на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги, што ја предводи САД, со цел обединување на меѓународните напори и преземање на координирани акции во справување со заканите од синтетички дроги, коишто се во пораст на глобално ниво. На состанокот се обратија американскиот претседател Бајден и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, соопштија од претседателскиот кабинет.

Претседателката Сиљановска Давкова присуствувала и на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите Нации, со кој претседавал словенечкиот премиер Роберт Голоб, на тема „Одржување на мирот и безбедноста на Украина“, на којшто се дискутирало и биле разменети информации за безбедносната состојба во Украина.

Во рамки на учеството на Генералното Собрание на Обединетите Нации претседателката Сиљановска Давкова остварила средба со извршната директорка на Агенцијата на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Woman), Сима Бахус.

Двете соговорнички споделија искуства за активностите што ги преземаат жените - лидери за промовирање и одржување на мирот и одржливиот развој и разменија мислења за чекорите што треба да ги преземат светските лидери со цел обезбедување на континуиран напредок во родовата еднаквост, јакнење на улогата на жените и нивна поголема вклученост во процесите на одлучување и креирање политики, се наведува во соопштението.

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакнала подготвеноста на македонските институции за натамошно продолжување на успешната соработка со Агенцијата на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените, како и нејзината силна посветеност за унапредување на севкупната улога на жените.

The post Сиљановска Давкова на состаноци на Советот за безбедност на ОН и на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, присуствувала на состанокот на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги и на дебатата на Советот за безбедност, кадешто остварила куси средби со повеќе лидери и претставници на меѓународни организации.
На покана на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на состанокот на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги, што ја предводи САД, со цел обединување на меѓународните напори и преземање на координирани акции во справување со заканите од синтетички дроги, коишто се во пораст на глобално ниво. На состанокот се обратија американскиот претседател Бајден и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, соопштија од претседателскиот кабинет.
Претседателката Сиљановска Давкова присуствувала и на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите Нации, со кој претседавал словенечкиот премиер Роберт Голоб, на тема „Одржување на мирот и безбедноста на Украина“, на којшто се дискутирало и биле разменети информации за безбедносната состојба во Украина. Во рамки на учеството на Генералното Собрание на Обединетите Нации претседателката Сиљановска Давкова остварила средба со извршната директорка на Агенцијата на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Woman), Сима Бахус.
Двете соговорнички споделија искуства за активностите што ги преземаат жените - лидери за промовирање и одржување на мирот и одржливиот развој и разменија мислења за чекорите што треба да ги преземат светските лидери со цел обезбедување на континуиран напредок во родовата еднаквост, јакнење на улогата на жените и нивна поголема вклученост во процесите на одлучување и креирање политики, се наведува во соопштението.
Претседателката Сиљановска Давкова ја истакнала подготвеноста на македонските институции за натамошно продолжување на успешната соработка со Агенцијата на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените, како и нејзината силна посветеност за унапредување на севкупната улога на жените.

The post Сиљановска Давкова на состаноци на Советот за безбедност на ОН и на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги appeared first on Република.

]]>
Македонската претседателка и претставници на земјите од Западен Балкан на работен ручек со еврокомесарот Борел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskata-pretsedatelka-i-pretstavnitsi-na-zemjite-od-zapaden-balkan-na-raboten-ruchek-so-evrokomesarot-borel/ Wed, 25 Sep 2024 05:50:08 +0000 https://republika.mk/?p=819396

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска се очекува да присуствува на работниот ручек со претставникот на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел со шефовите на делегациите на земјите од Западниот Балкан.

Како што јави известувачот на МИА од Њујорк, во попладневните часови, по американско време, Сиљановска Давкова со членови на македонската делегација ќе учествува на прием што го организира претседателот на САД Џо Бајден со сопругата по повод 79. Генерално собрание на ОН.

Денеска продолжуваат сесиите на Генералното собрание на ОН, а Сиљановска Давкова пред членките на ОН ќе се обрати утре, како и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за здравство Арбен Таравари.

The post Македонската претседателка и претставници на земјите од Западен Балкан на работен ручек со еврокомесарот Борел appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска се очекува да присуствува на работниот ручек со претставникот на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел со шефовите на делегациите на земјите од Западниот Балкан. Како што јави известувачот на МИА од Њујорк, во попладневните часови, по американско време, Сиљановска Давкова со членови на македонската делегација ќе учествува на прием што го организира претседателот на САД Џо Бајден со сопругата по повод 79. Генерално собрание на ОН. Денеска продолжуваат сесиите на Генералното собрание на ОН, а Сиљановска Давкова пред членките на ОН ќе се обрати утре, како и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за здравство Арбен Таравари.

The post Македонската претседателка и претставници на земјите од Западен Балкан на работен ручек со еврокомесарот Борел appeared first on Република.

]]>
Почнува Генералното собрание на ОН, Сиљановска Давкова ќе учествува на Годишниот состанок на Платформата на жени – лидери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-generalnoto-sobranie-na-on-silanovska-davkova-ke-uchestvuva-na-godishniot-sostanok-na-platformata-na-zheni-lideri/ Tue, 24 Sep 2024 06:47:30 +0000 https://republika.mk/?p=819139

Во Њујорк денеска во 9 часот почна Генералната дебата на 79. Генерално собрание на Обединетите нации, на која ќе учествува и македонската делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Темата на годинешново собрание е „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“.

По официјалниот пречек на шефовите на држави и влади од страна на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш следува отворањето на кое тој ќе има воведно обраќање. По него традиционално се обраќа претставник на Бразил, а потоа ќе зборува американскиот претседател Џо Бајден. Трет говорник е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Со сесијата ќе претседава камерунецот Филемон Јонг.

На Генералното, кое ќе трае до 30 септември, се очекува да присуствуваат 133 шефови на држави и влади, тројца потпретседатели, 80 потпретседатели на влади и 45 министри од земјите членки.

На покана на pретседателот на САД Џо Бајден, претседателката денеска ќе присуствува на состанок на тема „Глобална коалиција за справување со заканата од синтетички дроги“, а потоа и на Годишниот состанок на Платформата на жени – лидери на Генералното Собрание на Обединетите Нации, на тема „Еднакво учество на жените во процесот на донесување одлуки: обезбедување на мир, социо-економски можности, одржлив развој и човечко достоинство за сегашните и идните генерации“.

Утре во попладневните часови по македонско време е предвидено Сиљановска Давкова да се обрати на Генералната дебата на 79. сесија на Генералното собрание на ОН.

Синоќа претседателката присуствуваше на приемот организиран од Канцеларот на Германија Олаф Шолц и претседателот на Намибија Нанголо Мбумба по повод одржувањето на Самитот на иднината, што се одржа во изминатите два дена, како вовед во Генералното собрание.

Во македонската делегација се и министрите за надворешни работи и за надворешна трговија Тимчо Муцунски, за животна средина Изет Меџити, а вчера во Њујорк допатува и министерот за здравство Арбен Таравари. Муцунски денеска во Њујорк има и повеќе билатерални средби.

Њујорк деновиве живее под засилено полициско обезбедување поради настаните во неделата на Обединетите нации и многуте високи гости и делегации. Од почетокот на Самитот на иднината се блокирани некои улици на Менхетен а од вчера нивниот број се зголеми, а со тоа и метежот по улиците.

The post Почнува Генералното собрание на ОН, Сиљановска Давкова ќе учествува на Годишниот состанок на Платформата на жени – лидери appeared first on Република.

]]>

Во Њујорк денеска во 9 часот почна Генералната дебата на 79. Генерално собрание на Обединетите нации, на која ќе учествува и македонската делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Темата на годинешново собрание е „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“. По официјалниот пречек на шефовите на држави и влади од страна на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш следува отворањето на кое тој ќе има воведно обраќање. По него традиционално се обраќа претставник на Бразил, а потоа ќе зборува американскиот претседател Џо Бајден. Трет говорник е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Со сесијата ќе претседава камерунецот Филемон Јонг. На Генералното, кое ќе трае до 30 септември, се очекува да присуствуваат 133 шефови на држави и влади, тројца потпретседатели, 80 потпретседатели на влади и 45 министри од земјите членки. На покана на pретседателот на САД Џо Бајден, претседателката денеска ќе присуствува на состанок на тема „Глобална коалиција за справување со заканата од синтетички дроги“, а потоа и на Годишниот состанок на Платформата на жени – лидери на Генералното Собрание на Обединетите Нации, на тема „Еднакво учество на жените во процесот на донесување одлуки: обезбедување на мир, социо-економски можности, одржлив развој и човечко достоинство за сегашните и идните генерации“. Утре во попладневните часови по македонско време е предвидено Сиљановска Давкова да се обрати на Генералната дебата на 79. сесија на Генералното собрание на ОН. Синоќа претседателката присуствуваше на приемот организиран од Канцеларот на Германија Олаф Шолц и претседателот на Намибија Нанголо Мбумба по повод одржувањето на Самитот на иднината, што се одржа во изминатите два дена, како вовед во Генералното собрание. Во македонската делегација се и министрите за надворешни работи и за надворешна трговија Тимчо Муцунски, за животна средина Изет Меџити, а вчера во Њујорк допатува и министерот за здравство Арбен Таравари. Муцунски денеска во Њујорк има и повеќе билатерални средби. Њујорк деновиве живее под засилено полициско обезбедување поради настаните во неделата на Обединетите нации и многуте високи гости и делегации. Од почетокот на Самитот на иднината се блокирани некои улици на Менхетен а од вчера нивниот број се зголеми, а со тоа и метежот по улиците.

The post Почнува Генералното собрание на ОН, Сиљановска Давкова ќе учествува на Годишниот состанок на Платформата на жени – лидери appeared first on Република.

]]>
Силјановска-Давкова од Самитот на иднината во ООХ: Храбрите потфати се неможни без длабоки реформи во ООН https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-od-samitot-na-idninata-vo-ooh-hrabrite-potfati-se-nemozhni-bez-dlaboki-reformi-vo-oon/ Sun, 22 Sep 2024 20:55:53 +0000 https://republika.mk/?p=818810

Крајно време е за соочување со грдата реалност на војни, природни катастрофи, енормна сиромаштија, нееднаквост и нерамноправност, кршење на меѓународното право, па дури и на JUS GOGENS, практикување на правото на мажите, наместо владеење на правото, жртвување на правдата, етиката и моралот заради профит и моќ, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на Самитот на иднината во Обединетите Нации во Њујорк.

Како што јави известувачот на МИА од Њујорк, Сиљановска Давкова се залага за длабоки реформи на ООН кои, како што вели, мора да се бараат со осмислена решителна акција.

- Храбрите потфати се неможни без длабоки реформи во ООН, зајакнат мултилатерализам во одлучувањето, развиен механизам на спреги и кочници во односите меѓу генералниот секретар, Советот за безбедност и генералното Собрание, поголема инклузивност и транспаретностна процесот на одлучување, како и решителност и ефикасност во справувањето со енормните закани за мирот, одржливиот развој и човековите права, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Според неа, потребни се структурни, функционални, меритократски, демократски реформи, а треба да се зајакне и улогата на Генералното собрание, како претставничко тело на нациите.

-Меѓународиот суд на правдата мора да добие посилна улога, а неговите пресуди, да станат задолжителни за сите. Мора да се воспостави поинтензивна соработка и партнерство со граѓанското општество, да се зголеми транспаретноста на работата на сите органи и тела. Не мислам дека проширувањето на Советот за безбедност со неколку нови постојани членови, со ексклузивно право на вето, само по себе ќе значи поголема гаранција за мирот, за безбедноста иако ми е јасно дека односот на силите на глобалната сцена, денес не е оној од 1945 година. Како претставничка на мала држава, верувам дека во овој орган треба да се зголеми учеството на помалите држави за да се заштитат од реалната опасност од поголемите. За таа цел, Советот за безбедност го замислувам како своевидна светска коалициона влада, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Повелбата на ООН останува темелен акт, устав на нациите со највисока правна сила, но и своевидна универзална повелба, односно општествен, меѓудржавен и меѓунационален договор.

https://republika.mk/vesti/svet/zemjite-chlenki-na-on-go-usvoija-paktot-za-idninata/

Претседателката побара да се стави крај, како што нагласи, на непочитувањето, заобиколувањето и селективната примена на повелбата, како во македонскиот случај.

-Запоадниот Балкан од каде што доаѓам е климатски ранлив регион, што бара регионална стратегија и одговор, но и активна соработка со ЕУ и агенциите на ООН во потрага по обновливи извори на енергија, рече Сиљановска Давкова, информирајќи ги учесниците на самитот дека Агендата 2023 е интегрирана во македонската национална стратегија за развој, како и дека новоформираното Министерство за дигитална трансформација е соодветен институционален одговор на современите дигитални предизвици и претставува хармонизација со глобалниот дигитален договор.

Претседателката рече дека се залага посебно внимание да им се посвети на лицата со посебни потреби, лицата од сите ранливи категории, како најизложени на дискриминација.

- Како потписници на Истанбулската декларација, врз основа на која го усвоивме Законот за превенција од заштита од дискриминација и Законот за превенција и заштита од семејно насилство и насилство врз жените, високо се позициониравме во нивната заштита, рече таа истакнувајќи дека се залага за повеќе жени на највисоки функции и ги реализира тие заложби.

Најави дека соочени со егзодутот на младите ќе формира совет за млади и совет за дијаспора.

-Верувам дека Пактот за иднината, Глобалниот дигитален договир и Декларацијата за иднината се солидна и инасоиративна рамка за трасирање и градење иднина во која мирот, просперитетот и правдата нема да бидат „wishful thinking“ туку реална основа за акција, рече Сиљановска Давкова нагласувајќи дека глобалните предизвици бараат глобален усогласен договор и одговор.

Самитот на иднината официјално започна утринава по американско време. И покрај руските напори да го попречи договорот, меѓународната заедница усвои план за реформи на ОН.

Претседателот на Генералното собрание на ОН, Филемон Јанг, го прогласи Пактот за иднината на Обединетите нации за формално усвоен - против волјата на Москва и на неколку други држави.

Претседателката Гордана Силјановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН. Во составот на нашата делегација се и вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

The post Силјановска-Давкова од Самитот на иднината во ООХ: Храбрите потфати се неможни без длабоки реформи во ООН appeared first on Република.

]]>

Крајно време е за соочување со грдата реалност на војни, природни катастрофи, енормна сиромаштија, нееднаквост и нерамноправност, кршење на меѓународното право, па дури и на JUS GOGENS, практикување на правото на мажите, наместо владеење на правото, жртвување на правдата, етиката и моралот заради профит и моќ, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на Самитот на иднината во Обединетите Нации во Њујорк. Како што јави известувачот на МИА од Њујорк, Сиљановска Давкова се залага за длабоки реформи на ООН кои, како што вели, мора да се бараат со осмислена решителна акција.
- Храбрите потфати се неможни без длабоки реформи во ООН, зајакнат мултилатерализам во одлучувањето, развиен механизам на спреги и кочници во односите меѓу генералниот секретар, Советот за безбедност и генералното Собрание, поголема инклузивност и транспаретностна процесот на одлучување, како и решителност и ефикасност во справувањето со енормните закани за мирот, одржливиот развој и човековите права, рече претседателката Сиљановска Давкова.
Според неа, потребни се структурни, функционални, меритократски, демократски реформи, а треба да се зајакне и улогата на Генералното собрание, како претставничко тело на нациите.
-Меѓународиот суд на правдата мора да добие посилна улога, а неговите пресуди, да станат задолжителни за сите. Мора да се воспостави поинтензивна соработка и партнерство со граѓанското општество, да се зголеми транспаретноста на работата на сите органи и тела. Не мислам дека проширувањето на Советот за безбедност со неколку нови постојани членови, со ексклузивно право на вето, само по себе ќе значи поголема гаранција за мирот, за безбедноста иако ми е јасно дека односот на силите на глобалната сцена, денес не е оној од 1945 година. Како претставничка на мала држава, верувам дека во овој орган треба да се зголеми учеството на помалите држави за да се заштитат од реалната опасност од поголемите. За таа цел, Советот за безбедност го замислувам како своевидна светска коалициона влада, рече претседателката Сиљановска Давкова.
Повелбата на ООН останува темелен акт, устав на нациите со највисока правна сила, но и своевидна универзална повелба, односно општествен, меѓудржавен и меѓунационален договор. https://republika.mk/vesti/svet/zemjite-chlenki-na-on-go-usvoija-paktot-za-idninata/ Претседателката побара да се стави крај, како што нагласи, на непочитувањето, заобиколувањето и селективната примена на повелбата, како во македонскиот случај.
-Запоадниот Балкан од каде што доаѓам е климатски ранлив регион, што бара регионална стратегија и одговор, но и активна соработка со ЕУ и агенциите на ООН во потрага по обновливи извори на енергија, рече Сиљановска Давкова, информирајќи ги учесниците на самитот дека Агендата 2023 е интегрирана во македонската национална стратегија за развој, како и дека новоформираното Министерство за дигитална трансформација е соодветен институционален одговор на современите дигитални предизвици и претставува хармонизација со глобалниот дигитален договор.
Претседателката рече дека се залага посебно внимание да им се посвети на лицата со посебни потреби, лицата од сите ранливи категории, како најизложени на дискриминација.
- Како потписници на Истанбулската декларација, врз основа на која го усвоивме Законот за превенција од заштита од дискриминација и Законот за превенција и заштита од семејно насилство и насилство врз жените, високо се позициониравме во нивната заштита, рече таа истакнувајќи дека се залага за повеќе жени на највисоки функции и ги реализира тие заложби.
Најави дека соочени со егзодутот на младите ќе формира совет за млади и совет за дијаспора.
-Верувам дека Пактот за иднината, Глобалниот дигитален договир и Декларацијата за иднината се солидна и инасоиративна рамка за трасирање и градење иднина во која мирот, просперитетот и правдата нема да бидат „wishful thinking“ туку реална основа за акција, рече Сиљановска Давкова нагласувајќи дека глобалните предизвици бараат глобален усогласен договор и одговор.
Самитот на иднината официјално започна утринава по американско време. И покрај руските напори да го попречи договорот, меѓународната заедница усвои план за реформи на ОН. Претседателот на Генералното собрание на ОН, Филемон Јанг, го прогласи Пактот за иднината на Обединетите нации за формално усвоен - против волјата на Москва и на неколку други држави. Претседателката Гордана Силјановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН. Во составот на нашата делегација се и вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

The post Силјановска-Давкова од Самитот на иднината во ООХ: Храбрите потфати се неможни без длабоки реформи во ООН appeared first on Република.

]]>
Следната недела почнува најголемиот светски собир-Генералното Собрание на ОН, Македонија ќе ја претставува претседателката Силјановска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/slednata-nedela-pochnuva-najgolemiot-svetski-sobir-generalnoto-sobranie-na-on-makedonija-ke-ja-pretstavuva-pretsedatelkata-siljanovska/ Thu, 19 Sep 2024 10:27:59 +0000 https://republika.mk/?p=817757

Повеќе од 130 светски лидери ќе се сретнат следната недела во Њујорк на Генералното собрание на Обединетите нации, каде што ќе разговараат за војната на Блискиот Исток и Европа, бавното темпо на напорите за ставање крај на тие конфликти и влошувањето на климата и хуманитарната кризи.

Генералната дебата на 79-то заседание на Генералното собрание на ОН, како што е објавено на неговата веб-страница, се отвора во вторник, 24 септември и завршува в понеделник, 30 септември, а нејзината тема оваа година е „Никого да не оставиме зад себе: да дејствуваме заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“. „Војните во Газа, Украина и Судан ќе бидат трите главни точки на фокус на Генералното собрание“, рече директорот на ОН на Меѓународната кризна група Ричард Гован.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, минатата недела изјави дека решение за војните во Газа и Украина во моментов не е на повидок.

-Загриженоста за прелевањето на конфликтот во Газа во регионот повторно ескалира откако либанската милитантна група Хезболах го обвини Израел за детонирање пејџери и воки-токи. Постои сериозен ризик од драматична ескалација во Либан и мора да сториме се за да избегнеме тоа, рече вчера Гутереш.

Напорите за посредување на САД, Египет и Катар допрва треба да продолжат за прекин на огнот во Газа, а глобалното трпение е намалено девет месеци откако Генералното собрание на ОН со големо мнозинство побара хуманитарен прекин на огнот и бидејќи бројот на загинати во Газа достигна 41.000.

На 26 септември на Генералното собрание треба да се обратат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој долго време ги обвинува ОН дека се „антиизраелски“ и палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Додека настанот се базира на шестдневни лидерски говори во собранието, голем дел од „акцијата“ се одвива на маргините на билатералните средби и придружните настани, а оваа година една од темите ќе биде новата американска администрација. Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, кој го прекина финансирањето на ОН и го нарече телото „слабо и неспособно“ додека беше претседател од 2017 до 2021 година, ќе се соочи со демократската кандидатка Камала Харис на изборите на 5 ноември.

Оваа година темата ќе биде војната и хуманитарната криза во Судан, каде што преовладуваше гладот, потоа меѓународните напори да му се помогне на Хаити во борбата против насилството од бандите и талибанските напади врз правата на жените во Авганистан.

Новиот ирански претседател Масуд Пезешкијан во вторник ќе се обрати во Обединетите нации, а украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да се обрати на 15-члениот состанок на Советот за безбедност за Украина во вторник и на Генералното собрание во среда.

Додека рускиот претседател Владимир Путин се обрати на Генералното собрание во 2020 година практично за време на пандемијата на коронавирус, тој физички не патувал во Њујорк за настанот од 2015 година.

Наместо тоа, на Генералното собрание треба да се обрати рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 28 септември. Американскиот претседател Џо Бајден ќе биде на Генералното собрание на Обединетите нации од 23 до 25 септември.

Покрај неговото обраќање на 24 септември, Бајден ќе се сретне со светските лидери за да разговараат за соработката во борбата против заканите по меѓународниот мир и безбедност, унапредувањето на глобалниот просперитет и заштитата на човековите права.

The post Следната недела почнува најголемиот светски собир-Генералното Собрание на ОН, Македонија ќе ја претставува претседателката Силјановска appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 130 светски лидери ќе се сретнат следната недела во Њујорк на Генералното собрание на Обединетите нации, каде што ќе разговараат за војната на Блискиот Исток и Европа, бавното темпо на напорите за ставање крај на тие конфликти и влошувањето на климата и хуманитарната кризи. Генералната дебата на 79-то заседание на Генералното собрание на ОН, како што е објавено на неговата веб-страница, се отвора во вторник, 24 септември и завршува в понеделник, 30 септември, а нејзината тема оваа година е „Никого да не оставиме зад себе: да дејствуваме заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“. „Војните во Газа, Украина и Судан ќе бидат трите главни точки на фокус на Генералното собрание“, рече директорот на ОН на Меѓународната кризна група Ричард Гован. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, минатата недела изјави дека решение за војните во Газа и Украина во моментов не е на повидок.
-Загриженоста за прелевањето на конфликтот во Газа во регионот повторно ескалира откако либанската милитантна група Хезболах го обвини Израел за детонирање пејџери и воки-токи. Постои сериозен ризик од драматична ескалација во Либан и мора да сториме се за да избегнеме тоа, рече вчера Гутереш.
Напорите за посредување на САД, Египет и Катар допрва треба да продолжат за прекин на огнот во Газа, а глобалното трпение е намалено девет месеци откако Генералното собрание на ОН со големо мнозинство побара хуманитарен прекин на огнот и бидејќи бројот на загинати во Газа достигна 41.000. На 26 септември на Генералното собрание треба да се обратат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој долго време ги обвинува ОН дека се „антиизраелски“ и палестинскиот претседател Махмуд Абас. Додека настанот се базира на шестдневни лидерски говори во собранието, голем дел од „акцијата“ се одвива на маргините на билатералните средби и придружните настани, а оваа година една од темите ќе биде новата американска администрација. Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, кој го прекина финансирањето на ОН и го нарече телото „слабо и неспособно“ додека беше претседател од 2017 до 2021 година, ќе се соочи со демократската кандидатка Камала Харис на изборите на 5 ноември. Оваа година темата ќе биде војната и хуманитарната криза во Судан, каде што преовладуваше гладот, потоа меѓународните напори да му се помогне на Хаити во борбата против насилството од бандите и талибанските напади врз правата на жените во Авганистан. Новиот ирански претседател Масуд Пезешкијан во вторник ќе се обрати во Обединетите нации, а украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да се обрати на 15-члениот состанок на Советот за безбедност за Украина во вторник и на Генералното собрание во среда. Додека рускиот претседател Владимир Путин се обрати на Генералното собрание во 2020 година практично за време на пандемијата на коронавирус, тој физички не патувал во Њујорк за настанот од 2015 година. Наместо тоа, на Генералното собрание треба да се обрати рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 28 септември. Американскиот претседател Џо Бајден ќе биде на Генералното собрание на Обединетите нации од 23 до 25 септември. Покрај неговото обраќање на 24 септември, Бајден ќе се сретне со светските лидери за да разговараат за соработката во борбата против заканите по меѓународниот мир и безбедност, унапредувањето на глобалниот просперитет и заштитата на човековите права.

The post Следната недела почнува најголемиот светски собир-Генералното Собрание на ОН, Македонија ќе ја претставува претседателката Силјановска appeared first on Република.

]]>
Весела математика во Генералното собрание на ОН: Технички е можно две земји да гласаат „за“ а една „против“ и одлука ќе има https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vesela-matematika-vo-generalnoto-sobranie-na-on-tehnichki-e-mozhno-dve-zemji-da-glasaat-za-a-edna-protiv-i-odluka-ke-ima/ Mon, 27 May 2024 07:25:44 +0000 https://republika.mk/?p=781914

Гласањето за Резолуцијата за геноцид во Сребреница во Генералното собрание на Обединетите нации го покажа недемократскиот чин на одлучување во Светската организација. Одлуките таму се носат со мнозинство од присутните во салата а притоа воздржаните не се сметаат. Значи се бројат гласовите само на тие за или против.

Конкретно, на гласањето за Сребреница -За гласаа 84 членки, 19 против, имаше 68 воздржани а 22 не гласаа.

Значи од 191 земја со право на глас само 84 гласале За и тоа за Обединетите нации е мнозинство. Весела математика.

Преведено во прости бројки. Може да гласаат само две земји и едната да биде против, една За а 189 да бидат воздржани и одлука ќе има.

The post Весела математика во Генералното собрание на ОН: Технички е можно две земји да гласаат „за“ а една „против“ и одлука ќе има appeared first on Република.

]]>

Гласањето за Резолуцијата за геноцид во Сребреница во Генералното собрание на Обединетите нации го покажа недемократскиот чин на одлучување во Светската организација. Одлуките таму се носат со мнозинство од присутните во салата а притоа воздржаните не се сметаат. Значи се бројат гласовите само на тие за или против. Конкретно, на гласањето за Сребреница -За гласаа 84 членки, 19 против, имаше 68 воздржани а 22 не гласаа. Значи од 191 земја со право на глас само 84 гласале За и тоа за Обединетите нации е мнозинство. Весела математика. Преведено во прости бројки. Може да гласаат само две земји и едната да биде против, една За а 189 да бидат воздржани и одлука ќе има.

The post Весела математика во Генералното собрание на ОН: Технички е можно две земји да гласаат „за“ а една „против“ и одлука ќе има appeared first on Република.

]]>
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-pristigna-vo-nujork-zaradi-glasaneto-na-rezolutsijata-za-srebrenitsa-vo-on/ Mon, 20 May 2024 18:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=780253

Српскиот претседател Александар Вучиќ допатува во Њујорк каде на 23 мај ќе присуствува на седницата на Генералното собрание на ОН каде ќе се разгледува предлогот-резолуцијата за Сребреница.

Во делегацијата со Вучиќ е и министерот за надворешни работи на Србија Марко Ѓуриќ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-vlasta-na-zaminuvane-so-poddrshka-na-rezolutsijata-za-srebrenitsa-ke-i-se-zablagodari-na-srbija-za-vaktsinite-i-pchenitsata/

Пред заминувањето за Њујорк и учеството на седницата на Генералното собрание на ОН, Вучиќ утрово присуствуваше на богослужба на српскиот патријарх Порфирије.

Одам во Њујорк да се борам со сета сила и срце за иднината на нашата земја, изјави Вучиќ пред патувањето.

Генералното собрание на Обединетите нации на 23 мај ќе гласа за резолуцијата за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. За резолуцијата требаше да се расправа на 2 мај, но датумот беше поместен од процедурални причини.

Со резолуцијата, исто така, безрезервно се осудува секое негирање на геноцидот во Сребреница и се поттикнуваат државите членки да ги сочуваат утврдените факти преку своите образовни системи со развивање на соодветните програми. Предлагачи на резолуцијата за геноцидот во Сребреница се Германија и Руанда, а Македонија е меѓу повеќето коспонзори на резолуцијата.

Масакрот во Сребреница е прогласен за геноцид и од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

The post Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ допатува во Њујорк каде на 23 мај ќе присуствува на седницата на Генералното собрание на ОН каде ќе се разгледува предлогот-резолуцијата за Сребреница. Во делегацијата со Вучиќ е и министерот за надворешни работи на Србија Марко Ѓуриќ. https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-vlasta-na-zaminuvane-so-poddrshka-na-rezolutsijata-za-srebrenitsa-ke-i-se-zablagodari-na-srbija-za-vaktsinite-i-pchenitsata/ Пред заминувањето за Њујорк и учеството на седницата на Генералното собрание на ОН, Вучиќ утрово присуствуваше на богослужба на српскиот патријарх Порфирије.
Одам во Њујорк да се борам со сета сила и срце за иднината на нашата земја, изјави Вучиќ пред патувањето.
Генералното собрание на Обединетите нации на 23 мај ќе гласа за резолуцијата за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. За резолуцијата требаше да се расправа на 2 мај, но датумот беше поместен од процедурални причини. Со резолуцијата, исто така, безрезервно се осудува секое негирање на геноцидот во Сребреница и се поттикнуваат државите членки да ги сочуваат утврдените факти преку своите образовни системи со развивање на соодветните програми. Предлагачи на резолуцијата за геноцидот во Сребреница се Германија и Руанда, а Македонија е меѓу повеќето коспонзори на резолуцијата. Масакрот во Сребреница е прогласен за геноцид и од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

The post Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН appeared first on Република.

]]>
За состојбата во Босна можело да расправа Советот за Безбедност на ОН, за наводниот геноцид во Сребреница го оставија на Генералното собрание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-sostojbata-vo-bosna-mozhelo-da-rasprava-sovetot-za-bezbednost-na-on-za-navodniot-genotsid-vo-srebrenitsa-go-ostavija-na-generalnoto-sobranie/ Mon, 29 Apr 2024 10:18:20 +0000 https://republika.mk/?p=772144

Постојаната мисија на Малта во ОН потврди дека утре, 30 април, во 21 часот ќе се одржи итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Босна и Херцеговина (БиХ) на барање на Русија.

Како што јави Н1 БиХ, повикувајќи се на извори од мисијата на Малта во Њујорк, списокот на говорници за седницата се уште не е утврден.

На седниците на Советот за безбедност на ОН, списокот на говорници може да се утврди на самиот почеток на седницата на предлог на претседавачот, но и на заинтересираните земји членки на Советот за безбедност на ОН.

Од Бањалука беше соопштено дека на оваа седница на СБ на ОН ќе се обрати и членката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, но преку видеоврска бидејќи не побарала виза за САД.

За нејзиното обраќање, како и за сите други, ќе се одлучува пред почетокот на седницата со гласање на членките на Советот за безбедност на ОН.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачич, претходно изјави дека Цвијановиќ и веројатно некој од бошњачката страна ќе се обратат на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина на барање на Русија

The post За состојбата во Босна можело да расправа Советот за Безбедност на ОН, за наводниот геноцид во Сребреница го оставија на Генералното собрание appeared first on Република.

]]>

Постојаната мисија на Малта во ОН потврди дека утре, 30 април, во 21 часот ќе се одржи итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Босна и Херцеговина (БиХ) на барање на Русија. Како што јави Н1 БиХ, повикувајќи се на извори од мисијата на Малта во Њујорк, списокот на говорници за седницата се уште не е утврден. На седниците на Советот за безбедност на ОН, списокот на говорници може да се утврди на самиот почеток на седницата на предлог на претседавачот, но и на заинтересираните земји членки на Советот за безбедност на ОН. Од Бањалука беше соопштено дека на оваа седница на СБ на ОН ќе се обрати и членката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, но преку видеоврска бидејќи не побарала виза за САД. За нејзиното обраќање, како и за сите други, ќе се одлучува пред почетокот на седницата со гласање на членките на Советот за безбедност на ОН. Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачич, претходно изјави дека Цвијановиќ и веројатно некој од бошњачката страна ќе се обратат на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина на барање на Русија

The post За состојбата во Босна можело да расправа Советот за Безбедност на ОН, за наводниот геноцид во Сребреница го оставија на Генералното собрание appeared first on Република.

]]>
Голема дипломатска победа на Србија: Одложено гласањето во ОН за Резолуцијата за геноцид во Сребреница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/golema-diplomatska-pobeda-na-srbija-odlozheno-glasaneto-vo-on-za-rezolutsijata-za-genotsid-vo-srebrenitsa/ Thu, 25 Apr 2024 19:43:27 +0000 https://republika.mk/?p=771125

Генералното собрание на ОН требаше да гласа за резолуцијата за геноцидот во Сребреница на 2 мај, но гласањето е одложено.

Оваа информација ја потврди и амбасадорот на Босна и Херцеговина во ОН, Златко Лагумџија.

- Во овој момент знаеме дека седницата нема да се одржи на 2 мај, бидејќи денеска го испраќаме текстот на резолуцијата на ревизија, доколку земјите членки на ОН имаат други предлози за текстот. Генералното собрание секако ќе биде по 6 мај, во зависност од распоредот на седниците, кој ќе го знаеме во вторник. И мисијата на БиХ во ОН учествуваше во оваа одлука, така што оние на кои им треба време или оние кои се подготвени за подобро разбирање на текстот на резолуцијата, дека како група пријатели и спонзори на резолуцијата се отворени за понатамошни консултации - рече Лагумџија

The post Голема дипломатска победа на Србија: Одложено гласањето во ОН за Резолуцијата за геноцид во Сребреница appeared first on Република.

]]>

Генералното собрание на ОН требаше да гласа за резолуцијата за геноцидот во Сребреница на 2 мај, но гласањето е одложено. Оваа информација ја потврди и амбасадорот на Босна и Херцеговина во ОН, Златко Лагумџија.
- Во овој момент знаеме дека седницата нема да се одржи на 2 мај, бидејќи денеска го испраќаме текстот на резолуцијата на ревизија, доколку земјите членки на ОН имаат други предлози за текстот. Генералното собрание секако ќе биде по 6 мај, во зависност од распоредот на седниците, кој ќе го знаеме во вторник. И мисијата на БиХ во ОН учествуваше во оваа одлука, така што оние на кои им треба време или оние кои се подготвени за подобро разбирање на текстот на резолуцијата, дека како група пријатели и спонзори на резолуцијата се отворени за понатамошни консултации - рече Лагумџија

The post Голема дипломатска победа на Србија: Одложено гласањето во ОН за Резолуцијата за геноцид во Сребреница appeared first on Република.

]]>
Ердоган се пожали на ЛГБТ боите на Генералното собрание во ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-se-pozhali-na-lgbt-boite-na-generalnoto-sobranie-vo-on/ Fri, 22 Sep 2023 06:55:16 +0000 https://republika.mk/?p=683977

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера се пожали дека му било непријатно поради користењето на, како што рече, „ЛГБТ боите“ во Обединетите нации, чие седиште оваа недела беше обложено со светли бои за да ги промовира целите за одржлив развој.

Ердоган рече дека би сакал да разговара за ова прашање со генералниот секретар Антонио Гутереш, објавија турските медиуми.

Турската влада, предводена од Ердоган и неговата исламистичка Партија на правдата и развојот, го заостри својот став за слободите на ЛГБТК заедницата.

Едно од прашањата што најмногу ме загрижува... е тоа што кога влегувате во Генералното собрание на ОН, ги гледате ЛГБТ боите на скалите и на други места. Колку ЛГБТ луѓе има во светот во моментов? Сепак, тие имаат право на овие чекори, а оние кои се анти-ЛГБТ го имаат истото право, рече Ердоган, кој често ги нарекуваше членовите на ЛГБТ+ заедницата „девијантни““, особено во текот на неговата изборна кампања оваа година.

Сепак, некои дипломати на ОН сугерираа дека Ердоган можеби ги помешал 17-те различни бои поврзани со Целите за одржлив развој што красеа делови од седиштето на ОН, вклучително и патеката за самитот што се одржа претходно оваа недела, со боите на виножитото поврзани со правата на ЛГБТ+ заедницата.

The post Ердоган се пожали на ЛГБТ боите на Генералното собрание во ОН appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера се пожали дека му било непријатно поради користењето на, како што рече, „ЛГБТ боите“ во Обединетите нации, чие седиште оваа недела беше обложено со светли бои за да ги промовира целите за одржлив развој. Ердоган рече дека би сакал да разговара за ова прашање со генералниот секретар Антонио Гутереш, објавија турските медиуми. Турската влада, предводена од Ердоган и неговата исламистичка Партија на правдата и развојот, го заостри својот став за слободите на ЛГБТК заедницата.
Едно од прашањата што најмногу ме загрижува... е тоа што кога влегувате во Генералното собрание на ОН, ги гледате ЛГБТ боите на скалите и на други места. Колку ЛГБТ луѓе има во светот во моментов? Сепак, тие имаат право на овие чекори, а оние кои се анти-ЛГБТ го имаат истото право, рече Ердоган, кој често ги нарекуваше членовите на ЛГБТ+ заедницата „девијантни““, особено во текот на неговата изборна кампања оваа година.
Сепак, некои дипломати на ОН сугерираа дека Ердоган можеби ги помешал 17-те различни бои поврзани со Целите за одржлив развој што красеа делови од седиштето на ОН, вклучително и патеката за самитот што се одржа претходно оваа недела, со боите на виножитото поврзани со правата на ЛГБТ+ заедницата.

The post Ердоган се пожали на ЛГБТ боите на Генералното собрание во ОН appeared first on Република.

]]>
Вучиќ во ОН: Сите што извршија агресија врз Србија денес зборуваат за територијалниот интегритет на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-vo-on-site-shto-izvrshija-agresija-vrz-srbija-denes-zboruvaat-za-teritorijalniot-integritet-na-ukraina/ Thu, 21 Sep 2023 18:28:38 +0000 https://republika.mk/?p=683906

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во своето обраќање на 78-то Генерално собрание на Обединетите нации изјави дека причина за новиот глобален бран војни и насилство е напуштањето на принципите наведени во Повелбата на ОН.

Сите ние што зборуваме во овој Дом зборуваме за нашите проблеми, често се занимаваме со вистински и замислени непријатели, се додворуваме на сопственото јавно мислење, раскажуваме бајки од иднината со недоволно реално разбирање на работите, изјави Вучиќ.

Тој кажа дека зборува како претставник на слободна и независна земја, која е на пат за влез во ЕУ, но истовремено не е подготвена да ги погази нејзините традиционални пријателства градени со векови.

Во ерата на доминација на социјалните мрежи, во која е само важно да се добијат повеќе „лајкови“, во ера во која на секое милениче му се посветува поголемо внимание од децата, не е ни чудо што не ги препознаваме опасностите што се пред нас, истакна претседателот на Србија.

Вучиќ посочи дека не може и нема право како претседател на една „мала земја“ да зборува за односите меѓу големите сили, но дека може и сака да зборува за тоа како непочитувањето на меѓународното јавно право може да доведе до страшни последици.

Обидот за распарчување на мојата земја, формално почнат во 2008 година со едностраното прогласување независност на Косово, сè уште не е завршен. Погазувањето на Повелбата на ОН во случајот со Србија беше еден од видливите претходници на бројните проблеми со кои сите се соочуваат денес, кои ги надминуваат границите на мојата земја или во рамките на регионот од кој доаѓам, потенцира Вучиќ.

Според него, светот не станал подобро или побезбедно место од претходното Генерално собрание на ОН.

Напротив. Глобалниот мир и стабилност сè уште се акутно загрозени. Продолжуваме да се соочуваме со проблеми со енергетската безбедност, финансиската нестабилност, како и безбедноста и нарушувања во синџирите на снабдување со храна и лекови. Решенија за многу проблеми, не само што не најдовме, туку некои станаа побројни, а некои и покомплексни, рече Вучиќ.

Како што кажа, тој го поддржал излагањето на американскиот претседател за почитување на територијалниот интегритет и човековите права, но, како што вели, „речиси сите западни земји ја прекршиле Повелбата на ОН и Резолуцијата“.

Без одлука на Советот за безбедност на ОН брутално беше нападната суверена земја, а во 2008 година беше донесена незаконска одлука за сецесија на дел од Србија, рече Вучиќ.

Тој додава дека „сите што извршија агресија врз Србија денес зборуваат за територијалниот интегритет на Украина“, за кој вели дека го поддржува Србија и дека секое насилство е исто.

The post Вучиќ во ОН: Сите што извршија агресија врз Србија денес зборуваат за територијалниот интегритет на Украина appeared first on Република.

Хрватскиот претседател повика на признавање на Косово во говорот пред ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatskiot-pretsedatel-povika-na-priznavane-na-kosovo-vo-govorot-pred-on/ Thu, 21 Sep 2023 08:24:38 +0000 https://republika.mk/?p=683676

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН повика на реформа на Советот за безбедност на ОН, промена на изборниот закон во Босна и Херцеговина и признавање на Косово и се заложи за соработка на државите за зачувување на планетата.

Светот во кој живееме денес бара заеднички, глобални и координирани напори како клуч за успех во решавањето на сериозните глобални кризи, рече Милановиќ во вчерашниот говор, нагласувајќи дека „мора да се зачува улогата на ОН како центар на глобалната соработка“.

Милановиќ голем дел од својот говор посвети на прашањето за одржливиот развој, нагласувајќи дека досегашните напори на светот во оваа насока се покажале како „недоволни“.

Хрватскиот претседател повика на инвестирање во спречување конфликти бидејќи тоа е „далеку попрофитабилно од инвестирањето“ во нивно запирање и нивно последователно закрепнување.

Тој рече дека Хрватска останува посветена на борбата против говорот на омраза, вклучително и антисемитизмот, унапредувањето на правата на жените и децата, заштитата на малцинствата и укинувањето на смртната казна.

Во Њујорк, Милановиќ зборуваше за важноста на прашањето за 1.806 исчезнати за време на Татковинската војна и за ситуацијата во соседството во југоисточна Европа.

Тој посочи дека Хрватска ја поддржува европската перспектива на Босна и Херцеговина и ја поздравува одлуката на ЕУ да и додели кандидатски статус.

Исто така, ја истакна важноста на изборните реформи во таа земја, за да бидат претставени сите конститутивни народи на сите нивоа на власта, што е клучно за идната стабилност на Босна и Херцеговина.

Милановиќ ја изрази својата загриженост за последните настани во односите меѓу Косово и Србија и повика на деескалација на тензиите, но и на универзално признавање на Косово како рамноправен член на меѓународната заедница

The post Хрватскиот претседател повика на признавање на Косово во говорот пред ОН appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН повика на реформа на Советот за безбедност на ОН, промена на изборниот закон во Босна и Херцеговина и признавање на Косово и се заложи за соработка на државите за зачувување на планетата.
Светот во кој живееме денес бара заеднички, глобални и координирани напори како клуч за успех во решавањето на сериозните глобални кризи, рече Милановиќ во вчерашниот говор, нагласувајќи дека „мора да се зачува улогата на ОН како центар на глобалната соработка“.
Милановиќ голем дел од својот говор посвети на прашањето за одржливиот развој, нагласувајќи дека досегашните напори на светот во оваа насока се покажале како „недоволни“. Хрватскиот претседател повика на инвестирање во спречување конфликти бидејќи тоа е „далеку попрофитабилно од инвестирањето“ во нивно запирање и нивно последователно закрепнување. Тој рече дека Хрватска останува посветена на борбата против говорот на омраза, вклучително и антисемитизмот, унапредувањето на правата на жените и децата, заштитата на малцинствата и укинувањето на смртната казна. Во Њујорк, Милановиќ зборуваше за важноста на прашањето за 1.806 исчезнати за време на Татковинската војна и за ситуацијата во соседството во југоисточна Европа. Тој посочи дека Хрватска ја поддржува европската перспектива на Босна и Херцеговина и ја поздравува одлуката на ЕУ да и додели кандидатски статус. Исто така, ја истакна важноста на изборните реформи во таа земја, за да бидат претставени сите конститутивни народи на сите нивоа на власта, што е клучно за идната стабилност на Босна и Херцеговина. Милановиќ ја изрази својата загриженост за последните настани во односите меѓу Косово и Србија и повика на деескалација на тензиите, но и на универзално признавање на Косово како рамноправен член на меѓународната заедница

The post Хрватскиот претседател повика на признавање на Косово во говорот пред ОН appeared first on Република.

]]>
Почна Генералното собрание на ОН, денеска ќе се обратат Зеленски и Бајден https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochna-generalnoto-sobranie-na-on-deneska-ke-se-obratat-zelenski-i-bajden/ Tue, 19 Sep 2023 06:46:24 +0000 https://republika.mk/?p=683002

Повеќе од 140 светски лидери пристигнаа во Њујорк на годишното собрание на Обединетите нации, каде ќе разговараат за инвазијата на Русија на Украина, глобалната криза на трошоците за живот, влошената климатска вонредна состојба и нарушувањето на новите технологии како што е вештачката интелигенција.

На меѓународно ниво има несогласувања не само околу тоа што е најважно, туку и кои треба да бидат правните лекови, наведува Би-Би-Си. - Луѓето бараат излез од овој хаос од нивните лидери, вели Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН. - Сепак, и покрај сето ова и повеќе, геополитичките поделби го поткопуваат нашиот капацитет да одговориме. Се појавува нов мултиполарен свет, вели тој, што доведува до „ескалација на тензиите, фрагментација и полошо“.

На првиот ден од Генералното собрание на Светската организација, пред светските лидери во седиштето на Обединетите нации ќе се обратат американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ќе се обрати на Генералното собрание во име на ЕУ и ќе учествува на низа придружни настани. Приоритетите на Советот за 78-то Генерално собрание на ОН (септември 2023-септември 2024) се фокусираат на посветеноста на мултилатерализмот и меѓународниот поредок заснован на правила.

Земајќи ги предвид повеќекратните глобални кризи како што е нелегалната војна на Русија против Украина, ситуацијата во Сахел и климатската вонредна состојба, сеопфатните приоритети се:забрзување на имплементацијата на целите за одржлив развој, зајакнување на глобалното владеење во согласност со предлозите на генералниот секретар на ОН за „Нашата заедничка агенда“ и градење глобални партнерства, се наведува на интернет страната на Советот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, иранскиот премиер Ебрахим Раиси и германскиот канцелар Олаф Шолц се исто така меѓу оние што ќе говорат на 78-то Генерално собрание во Њујорк денеска.

Форумот почна вчера со Самитот на Обединетите нации за цели за одржлив развој.

Од денеска говор ќе одржат повеќе од 140 премиери и шефови на држави.

Зеленски, кој лично присуствува на настанот во Њујорк за првпат од почетокот на војната, најверојатно ќе привлече најголемо внимание - и ќе присуствува на многу состаноци, наведува германската агенција ДПА. Зеленски пристигна во Њујорк вчера попладне со неговата сопруга Олена.

Тој на социјалните мрежи напиша дека „ќе презентира конкретен предлог до членките на ОН за тоа како да се зајакне принципот на територијален интегритет и да се подобри капацитетот на ОН за спречување и запирање на агресијата“.

Зеленски, исто така, истакна дека ќе се сретне со Бајден во Вашингтон подоцна во текот на неделата, заедно со членовите на Конгресот и военото раководство.

Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на Генералното собрание, а како и минатата година, негов претставник ќе биде министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

The post Почна Генералното собрание на ОН, денеска ќе се обратат Зеленски и Бајден appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 140 светски лидери пристигнаа во Њујорк на годишното собрание на Обединетите нации, каде ќе разговараат за инвазијата на Русија на Украина, глобалната криза на трошоците за живот, влошената климатска вонредна состојба и нарушувањето на новите технологии како што е вештачката интелигенција. На меѓународно ниво има несогласувања не само околу тоа што е најважно, туку и кои треба да бидат правните лекови, наведува Би-Би-Си. - Луѓето бараат излез од овој хаос од нивните лидери, вели Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН. - Сепак, и покрај сето ова и повеќе, геополитичките поделби го поткопуваат нашиот капацитет да одговориме. Се појавува нов мултиполарен свет, вели тој, што доведува до „ескалација на тензиите, фрагментација и полошо“. На првиот ден од Генералното собрание на Светската организација, пред светските лидери во седиштето на Обединетите нации ќе се обратат американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ќе се обрати на Генералното собрание во име на ЕУ и ќе учествува на низа придружни настани. Приоритетите на Советот за 78-то Генерално собрание на ОН (септември 2023-септември 2024) се фокусираат на посветеноста на мултилатерализмот и меѓународниот поредок заснован на правила.
Земајќи ги предвид повеќекратните глобални кризи како што е нелегалната војна на Русија против Украина, ситуацијата во Сахел и климатската вонредна состојба, сеопфатните приоритети се:забрзување на имплементацијата на целите за одржлив развој, зајакнување на глобалното владеење во согласност со предлозите на генералниот секретар на ОН за „Нашата заедничка агенда“ и градење глобални партнерства, се наведува на интернет страната на Советот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, иранскиот премиер Ебрахим Раиси и германскиот канцелар Олаф Шолц се исто така меѓу оние што ќе говорат на 78-то Генерално собрание во Њујорк денеска. Форумот почна вчера со Самитот на Обединетите нации за цели за одржлив развој. Од денеска говор ќе одржат повеќе од 140 премиери и шефови на држави. Зеленски, кој лично присуствува на настанот во Њујорк за првпат од почетокот на војната, најверојатно ќе привлече најголемо внимание - и ќе присуствува на многу состаноци, наведува германската агенција ДПА. Зеленски пристигна во Њујорк вчера попладне со неговата сопруга Олена. Тој на социјалните мрежи напиша дека „ќе презентира конкретен предлог до членките на ОН за тоа како да се зајакне принципот на територијален интегритет и да се подобри капацитетот на ОН за спречување и запирање на агресијата“. Зеленски, исто така, истакна дека ќе се сретне со Бајден во Вашингтон подоцна во текот на неделата, заедно со членовите на Конгресот и военото раководство. Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на Генералното собрание, а како и минатата година, негов претставник ќе биде министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

The post Почна Генералното собрание на ОН, денеска ќе се обратат Зеленски и Бајден appeared first on Република.

]]>
Зеленски главна звезда на Генералното собрание на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-glavna-zvezda-na-generalnoto-sobranie-na-on/ Fri, 15 Sep 2023 07:12:42 +0000 https://republika.mk/?p=682040

Украинскиот претседател Володимир Зеленски планира да го посети Вашингтон по неговиот планиран говор на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, пренесе ДПА.

За наредната недела планирани се средба со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа и разговори со членовите на Конгресот во Капитол, информираа „Вашингтон пост“, Блумберг и Си-Ен-Ен, повикувајќи се на владини извори.

Сè уште не е јасно дали Зеленски ќе се обрати во Конгресот како во декември 2022 година.

Според извори од политичкиот сајт Punchbowl News, неговото патување во Вашингтон е планирано за следниот четврток.

За време на посетата, украинскиот претседател се очекува да побара континуирана поддршка за неговата земја во војната против Русија.

Зеленски последен пат го посети Вашингтон во декември 2022 година, се состана со Бајден и се обрати во двата дома на Конгресот во Капитол. САД обезбедуваат воена помош за Украина повеќе од кој било друг сојузник во војната против Русија.

Според Институтот Киел за светска економија, Вашингтон веќе обезбедил повеќе од 70 милијарди долари

The post Зеленски главна звезда на Генералното собрание на ОН appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски планира да го посети Вашингтон по неговиот планиран говор на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, пренесе ДПА. За наредната недела планирани се средба со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа и разговори со членовите на Конгресот во Капитол, информираа „Вашингтон пост“, Блумберг и Си-Ен-Ен, повикувајќи се на владини извори. Сè уште не е јасно дали Зеленски ќе се обрати во Конгресот како во декември 2022 година. Според извори од политичкиот сајт Punchbowl News, неговото патување во Вашингтон е планирано за следниот четврток. За време на посетата, украинскиот претседател се очекува да побара континуирана поддршка за неговата земја во војната против Русија. Зеленски последен пат го посети Вашингтон во декември 2022 година, се состана со Бајден и се обрати во двата дома на Конгресот во Капитол. САД обезбедуваат воена помош за Украина повеќе од кој било друг сојузник во војната против Русија. Според Институтот Киел за светска економија, Вашингтон веќе обезбедил повеќе од 70 милијарди долари

The post Зеленски главна звезда на Генералното собрание на ОН appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Обраќањето на Ковачевски на ООН е скандалозно, ниту еднаш не спомена македонски, Македонци и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-obrakjanjeto-na-kovachevski-na-oon-e-skandalozno-nitu-ednash-ne-spomena-makedonski-makedonci-i-makedonija/ Sun, 25 Sep 2022 10:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=554012

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки по прес конференцијата беше запрашан од медиумите кој е ставот на партијата за вчерашниот говор на Ковачевски на 77-то Генерално Собрание на Обединети Нации.

„Вчерашното обраќање на премиерот дезертер на 77-то Генерално Собрание на Обединетите Нации во најмала рака го цениме како скандалозно. Премиер кој што се срами да каже од каде доаѓа, кој е, и да не го спомене ниту еднаш името на својата држава Македонија, а 14 пати да го спомене името „Северна“, а притоа да не го спомене ниту еднаш зборот македонски и Македонци, ни ниту една друга заедница во Република Македонија, мислиме дека е скандалозно“, нагласи Ковачки.

Тој додаде дека истиот тој премиер дезертер и должи објаснување на македонската јавност.

The post Ковачки: Обраќањето на Ковачевски на ООН е скандалозно, ниту еднаш не спомена македонски, Македонци и Македонија appeared first on Република.

Ковачевски ја повика Русија да се повлече од Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ja-povika-rusija-da-se-povleche-od-ukraina/ Sat, 24 Sep 2022 19:17:49 +0000 https://republika.mk/?p=553900

Се наоѓаме пред голем предизвик, не очекува најтешката зима по втората светска војна, а тоа е да се обезбеди достапност до храна и енергија за нашите граѓани. Ова се заеднички проблеми, затоа заеднички треба да се дејствува, односно решенијата да се заеднички. Ова е дел од обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски во рамките на 77-генерално Собрание на Обединетите нации. Како што вели тој, ова е предизвикано од руската агресија врз Украина, која ја крши повелбата на Обединетите нации и меѓународното право. Ковачевски вели дека историјата потврдува дека ниту еден проблем не може да се реши по насилен пат, туку на маса, преку дипломатијата и дијалогот. Ковачевски во говорот порача дека нашата земја е вистински пример за Европа во мало, односно на функционалност на мултиетничноста. Ги спомна двата договори, со Грција и Бугарија како примери за решавање на спорови, а Отворен Балкан со Албанија и Србија како пример за добрососедска соработа.

-Водејќи се од политики на мостови, функционална дипломатија, дијалог и разбирање, постигнавме оствартување на стратешка цел, полноправно членство на НАТО и денес сме достоинствена членка на Алијанса и по 17 години од добиениот кандидатски статус ги почнавме преговорите со ЕУ….Граѓаните на Македонија заслужуваат најголем кредит, бидејќи предолго го чекаа овој момент и јас разбирам зошто можеби се чувствуваат фрустрирано и уморно одејќи по тој пат кон Европа. Но ние немаме друга алтернатива кој ќе ни овозможи подобар стантадр, а и никој не рече дека сето ова ќе биде лесно, порача Ковачевски во дел од своето обраќање во Обединетите нации.

The post Ковачевски ја повика Русија да се повлече од Украина appeared first on Република.

Ковачевски во ОН: Македонија е пример за функционална мултиетничка држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vo-on-severna-makedonija-e-primer-za-funkcionalna-multietnichka-drzava/ Wed, 21 Sep 2022 18:20:09 +0000 https://republika.mk/?p=552978

Унапредувањето на едно право што не загрозува друго право може само да ѝ користи на една држава што е посветена кон мирен развој. Мирот никогаш не треба да се гледа како крајна дестинација. Мирот е пат со многу кривини, мирот се добива со заедничко чекорење по овој пат во секојдневието. Тоа е пат по кој луѓето кои живеат во населба, во заедница, во општина, во држава, треба да го врват заеднички Тоа е пат на кој треба да напредуваме во заедништво, сите ние тука во оваа просторија, сите низ целиот свет“ – ова го порача премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на отворањето на Состанокот по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации.

И го велам ова затоа што денес сум тука во името на мојата татковина, Република Македонија, која денес е пример за функционална мулти-етничка држава и претставува фактор на стабилност на Западен Балкан што најмногу се должи на концептот „Едно општество за сите” кон кој се стремиме и го спроведуваме без предрасуди. Ова е концепт заснован на начелото на еднакви права и должности за сите граѓани, начело што Владата и поголемиот дел од граѓаните на Република Македонија го поддржуваат, рече Ковачевски.

Овие граѓани, продолжи премиерот, се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и други граѓани кои живеат во Република Македонија и кои според највисокиот законодавен документ, нашиот Устав, имаат еднакви слободи и права, без разлика на нивната национална, етничка, верска или друга припадност.

-Нашиот образовен систем гарантира и нуди образование за лицата што припаѓаат на етничките заедници на нивниот мајчин јазик, на сите нивоа на образованието, почнувајќи со основното. Усвоените законски измени и примената на начелото на еднаква застапеност им овозможија на лицата што припаѓаат на етничките заедници да бидат вклучени во сите области на општествениот живот, како што се локалната самоуправа, Собранието, правосудниот систем, како и телата на извршната власт. Всушност, ние ги пренесовме писмото и духот на Декларацијата за права на малцинствата на Обединетите Нации во реалност, во нашата секојдневна пракса. Македонија е силен поддржувач на оваа Декларација на ОН која ги штити основните начела за заштита на малцинствата. Веруваме дека сите демократски држави треба и мора да се водат од оваа Декларација, рече премиерот.

Тој рече и дека „граѓаните на Македонија се наполно свесни за фактот дека со тоа што им се овозможува на лицата што припаѓаат на другите етнички заедници да го користат својот јазик, што се разликува од македонскиот, да ги бараат своите права за социјални услуги, да ги бранат своите права пред судовите користејќи го својот мајчин јазик, тие не изгубиле ништо – напротив, добиле многу“.

-Со нашите политики за еднаквост го зацврстивме сврзувачкото ткиво на нашето општество и го отворивме патот за дискусија по прашања кои се од вистинска важност за граѓаните – нивното постоење и животен стандард, бидејќи тоа ни е заедничкиот јазик на сите нам, на сите наши граѓани. Со оглед на тоа дека сме цврсто и целосно посветени на Агендата 2030 и начелото „никој да не биде изоставен”, усвоивме Национална стратегија со која се елаборира концептот „Едно општество за сите и интеркултурализам” засновани на партиципативна демократија, што од своја страна, ги консолидира процесите за инклузивност во државата, а тоа е квалитетот по кој мојата држава е препознатлива во регионот, во ЕУ и низ светот, рече Ковачевски.

Тој потсети дека пред 21 година минавме низ сложен процес кога се постигна Охридскиот рамковен договор кој понуди решенија за отворените меѓуетнички прашања и оти денес овој Договор е пренесен во Уставот.

-Со тоа ние искрено покажуваме дека целосното уживање на човековите права од страна на малцинствата, во согласност со меѓународното право, може да се постигне само преку активни политики и стратешки планови што ги развиваме во соработка со секторот на граѓанското општество, кажа тој.

Ковачевски рече дека во моментов се развива нова Стратегија за еднаквост и недискриминација што ќе го покрива периодот од 2022 до 2026.

Работиме на развој на стратегијата со поддршка на ОБСЕ, додека целта на Стратегијата е да обезбеди подобрување и унапредување на статусот на најранливите категории на граѓани. Правата на жените што припаѓаат на малцинствата се клучни за сите области, почнувајќи со образованието преку вклучувањето на жени во процесите за носење одлуки до нивен ангажман во телата на државната администрација. Посветуваме особено внимание и инвестираме значителни напори во заштитата на правата на Ромите. Развивме нова Стратегија за периодот од 2022 до 2030 за инклузија на Ромите во согласност со насоките дефинирани во Стратешката рамка за Ромите на ЕУ, нагласи премиерот.

Коачевски подвлече дека Македонија спроведува уникатна политика за статусот на своите малцинства во државите во кои живеат, а што се заснова на примена на начелата што се дел од оваа Декларација на ОН и строгото спроведување на одредбите на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства.

-Со оглед на тоа дека сме успешна, функционална мулти-етничка демократска држава – мини Европа на Балканот – подготвени сме и имаме волја да гарантираме унапредување на етничкиот, културолошки, јазичен и верски идентитет на сите етнички заедници, додека истовремено ги штитиме државните интереси и ја развиваме Република Македонија на исто ниво со остатокот од демократскиот свет.

Со тоа што сме дел од регион кој многу претрпел од бескрајни раздори и конфликти во минатото, посветени сме на тоа да придонесеме кон подобри односи со нашите соседи кои исто така, се етнички различни. Нашата последна иницијатива – Отворен Балкан, заедно со земјите што нè опкружуваат – во моментов е најинспиративната идеја за мир и економски развој што ќе нè приближи до нашата крајна стратешка цел – членство во ЕУ, истакна премиерот.

Тој оцени дека пандемијата и војната во Украина покажаа дека, кога станува збор за човековите права, борбата никогаш не завршува, затоа што и за нивното зачувување и за нивното унапредување, потребна е силна волја и претпазливост.

-Посветеноста на човековите права не завршува на границите на нашата заедница, на нашата држава, на нашиот регион. Таа е универзална. Со тоа, би сакал да ја поздравам денешната дебата што ја поддржува нашата заедничка посветеност на градењето поправични држави и поправичен свет, заклучи премиерот во своето обраќање на Состанокот по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации.

The post Ковачевски во ОН: Македонија е пример за функционална мултиетничка држава appeared first on Република.

]]>

Унапредувањето на едно право што не загрозува друго право може само да ѝ користи на една држава што е посветена кон мирен развој. Мирот никогаш не треба да се гледа како крајна дестинација. Мирот е пат со многу кривини, мирот се добива со заедничко чекорење по овој пат во секојдневието. Тоа е пат по кој луѓето кои живеат во населба, во заедница, во општина, во држава, треба да го врват заеднички Тоа е пат на кој треба да напредуваме во заедништво, сите ние тука во оваа просторија, сите низ целиот свет“ – ова го порача премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на отворањето на Состанокот по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации.
И го велам ова затоа што денес сум тука во името на мојата татковина, Република Македонија, која денес е пример за функционална мулти-етничка држава и претставува фактор на стабилност на Западен Балкан што најмногу се должи на концептот „Едно општество за сите” кон кој се стремиме и го спроведуваме без предрасуди. Ова е концепт заснован на начелото на еднакви права и должности за сите граѓани, начело што Владата и поголемиот дел од граѓаните на Република Македонија го поддржуваат, рече Ковачевски.
Овие граѓани, продолжи премиерот, се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и други граѓани кои живеат во Република Македонија и кои според највисокиот законодавен документ, нашиот Устав, имаат еднакви слободи и права, без разлика на нивната национална, етничка, верска или друга припадност.
-Нашиот образовен систем гарантира и нуди образование за лицата што припаѓаат на етничките заедници на нивниот мајчин јазик, на сите нивоа на образованието, почнувајќи со основното. Усвоените законски измени и примената на начелото на еднаква застапеност им овозможија на лицата што припаѓаат на етничките заедници да бидат вклучени во сите области на општествениот живот, како што се локалната самоуправа, Собранието, правосудниот систем, како и телата на извршната власт. Всушност, ние ги пренесовме писмото и духот на Декларацијата за права на малцинствата на Обединетите Нации во реалност, во нашата секојдневна пракса. Македонија е силен поддржувач на оваа Декларација на ОН која ги штити основните начела за заштита на малцинствата. Веруваме дека сите демократски држави треба и мора да се водат од оваа Декларација, рече премиерот.
Тој рече и дека „граѓаните на Македонија се наполно свесни за фактот дека со тоа што им се овозможува на лицата што припаѓаат на другите етнички заедници да го користат својот јазик, што се разликува од македонскиот, да ги бараат своите права за социјални услуги, да ги бранат своите права пред судовите користејќи го својот мајчин јазик, тие не изгубиле ништо – напротив, добиле многу“.
-Со нашите политики за еднаквост го зацврстивме сврзувачкото ткиво на нашето општество и го отворивме патот за дискусија по прашања кои се од вистинска важност за граѓаните – нивното постоење и животен стандард, бидејќи тоа ни е заедничкиот јазик на сите нам, на сите наши граѓани. Со оглед на тоа дека сме цврсто и целосно посветени на Агендата 2030 и начелото „никој да не биде изоставен”, усвоивме Национална стратегија со која се елаборира концептот „Едно општество за сите и интеркултурализам” засновани на партиципативна демократија, што од своја страна, ги консолидира процесите за инклузивност во државата, а тоа е квалитетот по кој мојата држава е препознатлива во регионот, во ЕУ и низ светот, рече Ковачевски.
Тој потсети дека пред 21 година минавме низ сложен процес кога се постигна Охридскиот рамковен договор кој понуди решенија за отворените меѓуетнички прашања и оти денес овој Договор е пренесен во Уставот.
-Со тоа ние искрено покажуваме дека целосното уживање на човековите права од страна на малцинствата, во согласност со меѓународното право, може да се постигне само преку активни политики и стратешки планови што ги развиваме во соработка со секторот на граѓанското општество, кажа тој.
Ковачевски рече дека во моментов се развива нова Стратегија за еднаквост и недискриминација што ќе го покрива периодот од 2022 до 2026.
Работиме на развој на стратегијата со поддршка на ОБСЕ, додека целта на Стратегијата е да обезбеди подобрување и унапредување на статусот на најранливите категории на граѓани. Правата на жените што припаѓаат на малцинствата се клучни за сите области, почнувајќи со образованието преку вклучувањето на жени во процесите за носење одлуки до нивен ангажман во телата на државната администрација. Посветуваме особено внимание и инвестираме значителни напори во заштитата на правата на Ромите. Развивме нова Стратегија за периодот од 2022 до 2030 за инклузија на Ромите во согласност со насоките дефинирани во Стратешката рамка за Ромите на ЕУ, нагласи премиерот.
Коачевски подвлече дека Македонија спроведува уникатна политика за статусот на своите малцинства во државите во кои живеат, а што се заснова на примена на начелата што се дел од оваа Декларација на ОН и строгото спроведување на одредбите на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства.
-Со оглед на тоа дека сме успешна, функционална мулти-етничка демократска држава – мини Европа на Балканот – подготвени сме и имаме волја да гарантираме унапредување на етничкиот, културолошки, јазичен и верски идентитет на сите етнички заедници, додека истовремено ги штитиме државните интереси и ја развиваме Република Македонија на исто ниво со остатокот од демократскиот свет.
Со тоа што сме дел од регион кој многу претрпел од бескрајни раздори и конфликти во минатото, посветени сме на тоа да придонесеме кон подобри односи со нашите соседи кои исто така, се етнички различни. Нашата последна иницијатива – Отворен Балкан, заедно со земјите што нè опкружуваат – во моментов е најинспиративната идеја за мир и економски развој што ќе нè приближи до нашата крајна стратешка цел – членство во ЕУ, истакна премиерот. Тој оцени дека пандемијата и војната во Украина покажаа дека, кога станува збор за човековите права, борбата никогаш не завршува, затоа што и за нивното зачувување и за нивното унапредување, потребна е силна волја и претпазливост.
-Посветеноста на човековите права не завршува на границите на нашата заедница, на нашата држава, на нашиот регион. Таа е универзална. Со тоа, би сакал да ја поздравам денешната дебата што ја поддржува нашата заедничка посветеност на градењето поправични држави и поправичен свет, заклучи премиерот во своето обраќање на Состанокот по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации.

The post Ковачевски во ОН: Македонија е пример за функционална мултиетничка држава appeared first on Република.

]]>
Ковачевски ќе се обрати во Њујорк на состанок по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-kje-se-obrati-vo-njujork-na-sostanok-po-povod-30-godini-od-deklaracijata-za-pravata-na-malcinstvata/ Wed, 21 Sep 2022 06:41:34 +0000 https://republika.mk/?p=552767

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Њујорк ќе учествува и ќе говори на отворањето на Состанокот по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации.

Обраќањето на премиерот Ковачевски е предвидено околу 11 часот по локално, односно 18 часот по македонско време.

Премиерот Ковачевски денеска ќе одржи предавање и на реномираниот Универзитет „Колумбија“, каде што ќе се осврне на, како што соопшти прес-службата на Владата – „уникатниот модел на одржлива демократија на Република Македонија, како и економската интеграција и трансформација“.

Предавањето е дел од серијата говори на светски лидери и се очекува да присуствуваат стотина професори, експерти и студенти.

-Изминатите два дена премиерот Ковачевски во Њујорк учествуваше на Самитот за трансформација на образованието и на отворањето на 77. Генерално собрание на ООН на кое воведно обраќање имаше генералниот секретар Антонио Гутереш. Ковачевски заедно со колегите од Западен Балкан присуствуваше и на работен ручек организиран од високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел, информира владината прес-служба.

The post Ковачевски ќе се обрати во Њујорк на состанок по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Њујорк ќе учествува и ќе говори на отворањето на Состанокот по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации. Обраќањето на премиерот Ковачевски е предвидено околу 11 часот по локално, односно 18 часот по македонско време. Премиерот Ковачевски денеска ќе одржи предавање и на реномираниот Универзитет „Колумбија“, каде што ќе се осврне на, како што соопшти прес-службата на Владата – „уникатниот модел на одржлива демократија на Република Македонија, како и економската интеграција и трансформација“. Предавањето е дел од серијата говори на светски лидери и се очекува да присуствуваат стотина професори, експерти и студенти. -Изминатите два дена премиерот Ковачевски во Њујорк учествуваше на Самитот за трансформација на образованието и на отворањето на 77. Генерално собрание на ООН на кое воведно обраќање имаше генералниот секретар Антонио Гутереш. Ковачевски заедно со колегите од Западен Балкан присуствуваше и на работен ручек организиран од високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел, информира владината прес-служба.

The post Ковачевски ќе се обрати во Њујорк на состанок по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата appeared first on Република.

]]>