Генералка викенд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/generalka-vikend/ За подобро да се разбереме Wed, 15 May 2024 07:42:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Генералка викенд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/generalka-vikend/ 32 32 Викендов е најголемата еколошка акција во Македонија, ќе се чисти во сите 81 општина и на Шар Планина и Галичица https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vikendov-e-najgolemata-ekoloshka-aktsija-vo-makedonija-ke-se-chisti-vo-site-81-opshtina-i-na-shar-planina-i-galichitsa/ Wed, 15 May 2024 07:42:22 +0000 https://republika.mk/?p=778154

Од 17 до 19 мај ќе се одржи Генералка викенд, најголемата еколошка акција во историјата на Македонија во организација на Мен енд Маунтен, заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак. Ова е четврта година по ред да се организира масовната еколошка акција.

Ќе се чисти во сите 81 општина и во Националните паркови Шар Планина и Галичица. Повеќе од 16.000 волонтери од над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и од повеќе од 300 образовни институции се очекува да излезат и да чистат на над 300 локации.

Волонтерите од Пивара Скопје во петок, на 17 мај, ќе собираат отпад на археолошкиот локалитет Кале заедно со сите партнери и волонтери од Град Скопје.

Партнерската улога на Пивара Скопје во GENERALKA WEEKEND ја гледаме како дел од нашата долгорочна стратегија за одржлив развој, и е продолжение на активностите под платформата „Свет без отпад“ и иницијативата „Нула емисии на СО2 во атмосферата“. Нашата должност како корпоративен граѓанин е да придонесеме за одржлива средина и апелираме до сите со кои ги делиме истите вредности, да ни се придружат во создавање на одржлива иднина за сите“, изјави Снежана Савиќ Димовска, директорка за корпоративни политики и одржливост на Пивара Скопје.

„Пакомак четврта година по ред ја поддржува оваа акција за чистење на локации ширум Македонија. Со вакви активности, симболично покажуваме дека со секој килограм селектиран и рециклиран отпад, придонесуваме за позелена планета и поздрава животна средина", рече Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак.

За секои 10 кг собран отпад, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Националните шуми посветуваат по едно дрво во нивните годишни планови за пошумување. Од 2022 година поради Генералка викенд беа засадени повеќе од 100.000 дрвја.

Како и лани, на листата официјални партнери водат Шпаркасе банка и Нула Отпад, на кои годинава им се придружуваат и Макстил, Бучим Боров Дол, ЕВН, Бимилк и Костал. Црвениот крст и оваа година ќе се грижи за безбедноста на учесниците низ државата.

Гордана Софија и Ханес Јекл од Мен енд Маунтен истакнуваат дека „Сите локации за чистење можете да ги најдете на www.generalka-weekend.com. Споделете ги вашите искуства со нас на https://www.facebook.com/groups/generalka.weekend и гледајте го целиот настан во живо на YouTube на https://www.youtube.com/@UrbanFM90.8 -

The post Викендов е најголемата еколошка акција во Македонија, ќе се чисти во сите 81 општина и на Шар Планина и Галичица appeared first on Република.

]]>

Од 17 до 19 мај ќе се одржи Генералка викенд, најголемата еколошка акција во историјата на Македонија во организација на Мен енд Маунтен, заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак. Ова е четврта година по ред да се организира масовната еколошка акција. Ќе се чисти во сите 81 општина и во Националните паркови Шар Планина и Галичица. Повеќе од 16.000 волонтери од над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и од повеќе од 300 образовни институции се очекува да излезат и да чистат на над 300 локации. Волонтерите од Пивара Скопје во петок, на 17 мај, ќе собираат отпад на археолошкиот локалитет Кале заедно со сите партнери и волонтери од Град Скопје.
Партнерската улога на Пивара Скопје во GENERALKA WEEKEND ја гледаме како дел од нашата долгорочна стратегија за одржлив развој, и е продолжение на активностите под платформата „Свет без отпад“ и иницијативата „Нула емисии на СО2 во атмосферата“. Нашата должност како корпоративен граѓанин е да придонесеме за одржлива средина и апелираме до сите со кои ги делиме истите вредности, да ни се придружат во создавање на одржлива иднина за сите“, изјави Снежана Савиќ Димовска, директорка за корпоративни политики и одржливост на Пивара Скопје.
„Пакомак четврта година по ред ја поддржува оваа акција за чистење на локации ширум Македонија. Со вакви активности, симболично покажуваме дека со секој килограм селектиран и рециклиран отпад, придонесуваме за позелена планета и поздрава животна средина", рече Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак. За секои 10 кг собран отпад, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Националните шуми посветуваат по едно дрво во нивните годишни планови за пошумување. Од 2022 година поради Генералка викенд беа засадени повеќе од 100.000 дрвја. Како и лани, на листата официјални партнери водат Шпаркасе банка и Нула Отпад, на кои годинава им се придружуваат и Макстил, Бучим Боров Дол, ЕВН, Бимилк и Костал. Црвениот крст и оваа година ќе се грижи за безбедноста на учесниците низ државата. Гордана Софија и Ханес Јекл од Мен енд Маунтен истакнуваат дека „Сите локации за чистење можете да ги најдете на www.generalka-weekend.com. Споделете ги вашите искуства со нас на https://www.facebook.com/groups/generalka.weekend и гледајте го целиот настан во живо на YouTube на https://www.youtube.com/@UrbanFM90.8 -

The post Викендов е најголемата еколошка акција во Македонија, ќе се чисти во сите 81 општина и на Шар Планина и Галичица appeared first on Република.

]]>
Еколошка акција „Генералка викенд“ во Битола https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ekoloshka-aktsija-generalka-vikend-vo-bitola/ Thu, 11 May 2023 12:39:06 +0000 https://republika.mk/?p=639732

Општина Битола во соработка со јавните претпријатија, приватни фирми, месните и урбаните заедници, воспитно образовни институции и граѓаните, ќе спроведе акција „Генералка викенд“.

Работните активности за почиста животна средина ќе почнат утре од 8 часот, а ќе се одвиваат на обиколница на регионален пат Битола – Охрид, АРМ простор на поранешната касарна, просторот околу хотел „Битола“, улици „Тошо Даскалот“ и „Партизанска“, на Тумбе Кафе кај авионите и местото наречено „Кајнак“.

На посочените локации може да се вклучат сите заинтересирани граѓани, а своето учество со чистење на површините околу училиштата веќе го најавија 8 основни училишта и средното општинско училиште Гимназија „Јосип Броз Тито“, со што во акцијата учество ќе земат над 1.500 ученици. Културно уметничкото друштво „Илинден“, за време на „Генералка викенд“, заедно со жителите од урбаната заедница, ќе спроведе активности за чистење на УЗ „Даме Груев“, а во акцијата ќе се вклучи и месното население од урбаните заедници „Панде Кајзерот“, „Васко Карангелевски“, „Ѓорги Наумов“ и „Благојче Силјанов-Џуџето“, соопштија од секторот за односи со јавност на Општина Битола.

The post Еколошка акција „Генералка викенд“ во Битола appeared first on Република.

]]>

Општина Битола во соработка со јавните претпријатија, приватни фирми, месните и урбаните заедници, воспитно образовни институции и граѓаните, ќе спроведе акција „Генералка викенд“. Работните активности за почиста животна средина ќе почнат утре од 8 часот, а ќе се одвиваат на обиколница на регионален пат Битола – Охрид, АРМ простор на поранешната касарна, просторот околу хотел „Битола“, улици „Тошо Даскалот“ и „Партизанска“, на Тумбе Кафе кај авионите и местото наречено „Кајнак“.
На посочените локации може да се вклучат сите заинтересирани граѓани, а своето учество со чистење на површините околу училиштата веќе го најавија 8 основни училишта и средното општинско училиште Гимназија „Јосип Броз Тито“, со што во акцијата учество ќе земат над 1.500 ученици. Културно уметничкото друштво „Илинден“, за време на „Генералка викенд“, заедно со жителите од урбаната заедница, ќе спроведе активности за чистење на УЗ „Даме Груев“, а во акцијата ќе се вклучи и месното население од урбаните заедници „Панде Кајзерот“, „Васко Карангелевски“, „Ѓорги Наумов“ и „Благојче Силјанов-Џуџето“, соопштија од секторот за односи со јавност на Општина Битола.
 
The post Еколошка акција „Генералка викенд“ во Битола appeared first on Република.

]]>
На еко акцијата „Генералка викенд 2022“, 8.000 волонтери собраа 185 тони отпад https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/na-eko-akcijata-generalka-vikend-2022-8-000-volonteri-sobraa-185-toni-otpad/ Mon, 16 May 2022 14:12:49 +0000 https://republika.mk/?p=502972

На еко акцијата „Генералка викенд 2022“ која се одржа од 6 до 8 Мај во 26 општини во земјава, учествуваа речиси 8.000 волонтери и се собраа 185 тони отпад. Тоа е за осум пати повеќе собран отпад од минатата година, или околу 25 килограми за секој волонтер. „Генералка викенд“ е планирано да се повторува секоја година сѐ до 2031, со цел да се исчисти целата земја од отпад и да се имплементира одржлив систем за селектирање и менаџирање на отпад. Есенва, за секои десет килограми отпад што ќе се собрани, ќе биде посадено по едно дрво во шумските насади наречени „Сончева гора“.

Резултатите од акцијата денеска ги соопштија организаторите „Мен енд Маунтен“, заедно со Пивара Скопје и „Пакомак“, поддржани од Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Честитајќи им го успехот на организаторите на акцијата министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини потенцираше дека успешно воспоставување на одржлив систем за управување на отпадот мора да биде следено со изградени навики и одреден степен на општествена свест.

Акцијата ја покажува важноста на секој од чинителите во процесот на постапување со отпадот и има двојна улога – се развива свеста за правилно одложување, се развиваат позитивните навики за селектирање и се развива потребата за одржување на чиста животна средина, рече Нуредини и додаде дека со засадувањето дрвца отпадот се претвара во бенефит за сите.

Целокупната неопходна инфраструктура за собирање, селекција и соодветен третман на отпадот ја обезбеди „Пакомак“.

Пакомак секогаш ги поддржува акциите за собирање отпад на јавните површини. Од нашето искуство досега, 90% од оние кои учествувале во вакви акции собирајќи несовесно фрлен отпад од нашите сограѓани, никогаш повеќе не фрлаат отпад вон кантите или контејнерите. Уште повеќе, тие стануваат промотори за чиста природа и животна средина. Со акцијата минатата недела, земјава доби промотори и потврдени екологисти, кои успеаа да соберат огромна количина различен отпад. Замислете дека денес, камионите со отпад од Тетово и Битола да го истурат целиот собран смет од градот во природа… тоа е отприлика собраната количина отпад со оваа акција, отпад собран од нашите полиња, шуми и реки. Ние како Пакомак, дел од овој отпад што се рециклира ќе го однесеме на понатамошна обработка во нови суровини, но за жал поголемиот дел ќе биде само прописно депониран. Селекцијата на отпад од дома и одлагање во одделни контејнери иканти, се уште е најдобар опција, изјави извршниот директор на Пакомак, Филип Ивановски.

Претставниците на „Мен енд Маунтен“ се заблагодарија на учесниците и најавија дека до 2031 година, до 40-та годишнина од независноста на земјата, заедно можеме да ја оствариме целта која си ја поставивме, а тоа е да ја исчистиме нашата земја од отпад.

The post На еко акцијата „Генералка викенд 2022“, 8.000 волонтери собраа 185 тони отпад appeared first on Република.

]]>

На еко акцијата „Генералка викенд 2022“ која се одржа од 6 до 8 Мај во 26 општини во земјава, учествуваа речиси 8.000 волонтери и се собраа 185 тони отпад. Тоа е за осум пати повеќе собран отпад од минатата година, или околу 25 килограми за секој волонтер. „Генералка викенд“ е планирано да се повторува секоја година сѐ до 2031, со цел да се исчисти целата земја од отпад и да се имплементира одржлив систем за селектирање и менаџирање на отпад. Есенва, за секои десет килограми отпад што ќе се собрани, ќе биде посадено по едно дрво во шумските насади наречени „Сончева гора“. Резултатите од акцијата денеска ги соопштија организаторите „Мен енд Маунтен“, заедно со Пивара Скопје и „Пакомак“, поддржани од Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Честитајќи им го успехот на организаторите на акцијата министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини потенцираше дека успешно воспоставување на одржлив систем за управување на отпадот мора да биде следено со изградени навики и одреден степен на општествена свест.
Акцијата ја покажува важноста на секој од чинителите во процесот на постапување со отпадот и има двојна улога – се развива свеста за правилно одложување, се развиваат позитивните навики за селектирање и се развива потребата за одржување на чиста животна средина, рече Нуредини и додаде дека со засадувањето дрвца отпадот се претвара во бенефит за сите.
Целокупната неопходна инфраструктура за собирање, селекција и соодветен третман на отпадот ја обезбеди „Пакомак“.
Пакомак секогаш ги поддржува акциите за собирање отпад на јавните површини. Од нашето искуство досега, 90% од оние кои учествувале во вакви акции собирајќи несовесно фрлен отпад од нашите сограѓани, никогаш повеќе не фрлаат отпад вон кантите или контејнерите. Уште повеќе, тие стануваат промотори за чиста природа и животна средина. Со акцијата минатата недела, земјава доби промотори и потврдени екологисти, кои успеаа да соберат огромна количина различен отпад. Замислете дека денес, камионите со отпад од Тетово и Битола да го истурат целиот собран смет од градот во природа… тоа е отприлика собраната количина отпад со оваа акција, отпад собран од нашите полиња, шуми и реки. Ние како Пакомак, дел од овој отпад што се рециклира ќе го однесеме на понатамошна обработка во нови суровини, но за жал поголемиот дел ќе биде само прописно депониран. Селекцијата на отпад од дома и одлагање во одделни контејнери иканти, се уште е најдобар опција, изјави извршниот директор на Пакомак, Филип Ивановски.
Претставниците на „Мен енд Маунтен“ се заблагодарија на учесниците и најавија дека до 2031 година, до 40-та годишнина од независноста на земјата, заедно можеме да ја оствариме целта која си ја поставивме, а тоа е да ја исчистиме нашата земја од отпад.

The post На еко акцијата „Генералка викенд 2022“, 8.000 волонтери собраа 185 тони отпад appeared first on Република.

]]>
Стојкоски: Успешно организиран првиот ден од „Генералка викенд“ во Ѓорче Петров https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stojkoski-uspeshno-organiziran-prviot-den-od-generalka-vikend-vo-gjorche-petrov/ Fri, 06 May 2022 18:45:40 +0000 https://republika.mk/?p=498800

Успешно организиран првиот ден од „Генералка викенд“ во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров во соработка со Пакомак, Пивара Скопје / Pivara Skopje и МЕН ЕНД МАУНТЕН успешно ја спроведе првата голема еколошка акција „Генералка викенд“ која се одвиваше на три локации.
Се собираше смет, пластика и хартија. За отпадот правилно да биде селектриран и дистрибуиран на соодветни места ќе се погрижи „Пакомак“.
Во акцијата се вклучија граѓаните, администрацијата, како и училиштата на територија на општина Ѓорче Петров.
Ако сакаме младите да живеат тука треба да им дадеме добар пример и причина како повозрасна генерација, да им овозможиме и таква средина.
Ја остваривме целта да ги вклучиме сите генерации, повеќе општествени групи и со тоа да ја подигнеме свеста кај граѓаните. Се заложивме да ја подобриме еко сликата во Ѓорче. На ваков начин продолжуваме да ја реализираме платформата „Ѓорче без отпад“ што е дел од нашата долгорочна стратегија за одржлив развој, а истовремено придонесуваме и за доброто на целата заедница.
Со секои 10 килограми отпад се придонесува во засадувањето нови пристапни шуми "СОНЧЕВА ГОРА" - национални зелени споменици што ќе бидат засадени во соодветно време од годината.

Акцијата продолжува и утре во 10 часот на локалитет „Крст“ во Кучково. Општина Ѓорче Петров ги повикува граѓаните масовно да се придружат и заеднички да придонесеме за здрава и зелена животна средина за сите.

The post Стојкоски: Успешно организиран првиот ден од „Генералка викенд“ во Ѓорче Петров appeared first on Република.

Почнува акцијата „Генералка викенд 2022″ https://arhiva3.republika.mk/zivot/pochnuva-akcijata-generalka-vikend-2022/ Fri, 06 May 2022 14:48:25 +0000 https://republika.mk/?p=498668

Од планината Водно денеска ќе биде означен официјалниот почеток на пролетниот дел од досега најголемата акција за чистење и пошумување во земјата „Генералка викенд 2022″, што до 8-ми мај ќе се спроведува во 26 општини ширум земјата.

Во масовна чистка на ѓубрето во цела Македонија се приклучија 26 општини на ентузијастите од проектот „Зелена сончева“ што го спроведуваат Гордана Софија и Ханес Јаецкл, продуцент од Австрија кои ја основаа австриско-македонската компанија „Мен енд маунтен“.

„Генералка викенд“ е најголемата акција за чистење и селектирање отпад, а во акцијата може да се вклучи буквално секој кој се грижи за здрава и чиста животна средина без ограничување на возраста.

Минатата година во три дена, во десет општини, собрани се 175 илјади килограми отпад што, ако се земе предвид дека за секои десет килограми се сади по едно дрво, значи тоа биле 17 500 садници, велат организаторите.

The post Почнува акцијата „Генералка викенд 2022″ appeared first on Република.

]]>

Од планината Водно денеска ќе биде означен официјалниот почеток на пролетниот дел од досега најголемата акција за чистење и пошумување во земјата „Генералка викенд 2022″, што до 8-ми мај ќе се спроведува во 26 општини ширум земјата. Во масовна чистка на ѓубрето во цела Македонија се приклучија 26 општини на ентузијастите од проектот „Зелена сончева“ што го спроведуваат Гордана Софија и Ханес Јаецкл, продуцент од Австрија кои ја основаа австриско-македонската компанија „Мен енд маунтен“. „Генералка викенд“ е најголемата акција за чистење и селектирање отпад, а во акцијата може да се вклучи буквално секој кој се грижи за здрава и чиста животна средина без ограничување на возраста. Минатата година во три дена, во десет општини, собрани се 175 илјади килограми отпад што, ако се земе предвид дека за секои десет килограми се сади по едно дрво, значи тоа биле 17 500 садници, велат организаторите.

The post Почнува акцијата „Генералка викенд 2022″ appeared first on Република.

]]>
Со генералка на Водно започна „Генералка викенд 2022“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/so-generalka-na-vodno-zapochna-generalka-vikend-2022/ Fri, 06 May 2022 10:34:08 +0000 https://republika.mk/?p=498513

Со генералка на Водно започна најголемата еко-акција досега „Генералка викенд 2022“, во која денеска и претстојниов викенд во 26 општини ќе се реализираат големи акции за чистење.

Повеќе од 200 волонтери од Град Скопје, Општина Кисела вода и Општина Гази Баба, јавните градски претпријатија, Пивара Скопје, Пакомак, Мен енд Маунтен и амбасадите на САД, Швајцарија, Велика Британија и Холандија денеска во акција за чистење на патеките, местата за рекреација и паркинзите на Водно, како дел од најголемата еколошка акција за чистење на зелениот штит на Скопје. Ефектот од оваа акција е двоен - за секои 10 килограми собран отпад ќе биде засадено по едно дрвце.

Сакам да им се заблагодарам на сите партнери кои помагаат да ја реализираме оваа фантастична иницијатива. Пред сѐ, тука се претставниците на приватниот сектор кои ја покренаа оваа иницијатива и со кои ќе постигнеме Водно да биде почисто и поубаво место за скопјани. Сакам да се заблагодарам и на претставниците на дипломатските претставништва и на сите оние кои активно се вклучија во денешните активности. Денешната акција е навистина посебна затоа што во неа се вклучуваат 100 волонтери од приватниот сектор и од организациите кои се активно вклучени во овој проект, но и 100 волонтери од Градот Скопје, од средните училишта на Град Скопје, од комуналното претпријатие и волонтери кои доаѓаат од општините Гази Баба и Кисела Вода кои преку своите јавни претпријатија придонесуваат Водно да го исчистиме во интерес на сите граѓани, рече градоначалничката Данела Арсовска, на стартот на денешната акција за чистење.

Таа упати апел до граѓаните да придонесат за чиста природа без отпад кој треба соодветно да се собира, депонира и рециклира. Неопходно е, нагласи Арсовска, да се подигне свесноста на граѓаните дека оваа природа е природниот штит на градот Скопје.

Чистењето на Водно се врши од 9 часот до 14 часот. Со оваа еколошка акција се постигнува двоен ефект, односно за секои 10 килограми собран отпад ќе биде засадено по едно дрвце.

За сите учесници во акцијата „Генералка викенд“ се обезбедени кеси за отпад, ракавици и налепници, а волонтерите ќе бидат поделени во неколку групи за да опфатат што е можно поголем број локации на планината. Една група ќе се кажува кон врвот на Водно и ќе ја чисти пензионерската патека до Средно Водно, друга група ќе го чисти асфалтниот пат, трета група потегот од Средно Водно до полициската станица - пешачката шумска патека, а четврта група  на Средно Водно ќе ги чистат паркинзите, просторот под телескопот, паркчето со фитнес справи и кај црквата. Групи на волонтери ќе чистат и на потегот кон Матка (еден километар), видиковецот, потегот кон Горно Соње и околу крстот.

Oваа акција за чистење на отпадот и создавање еколошки одржлива иднина треба да прерасне во традиција, а напорот вложен во собирањето на отпадот секоја година да резултира со што поголем број засадени дрва.

Градот Скопје секогаш ќе подржува иницијативи за вакви еколошки акции за почисто и поубав град за сите скопјани.

The post Со генералка на Водно започна „Генералка викенд 2022“ appeared first on Република.

]]>

Со генералка на Водно започна најголемата еко-акција досега „Генералка викенд 2022“, во која денеска и претстојниов викенд во 26 општини ќе се реализираат големи акции за чистење. Повеќе од 200 волонтери од Град Скопје, Општина Кисела вода и Општина Гази Баба, јавните градски претпријатија, Пивара Скопје, Пакомак, Мен енд Маунтен и амбасадите на САД, Швајцарија, Велика Британија и Холандија денеска во акција за чистење на патеките, местата за рекреација и паркинзите на Водно, како дел од најголемата еколошка акција за чистење на зелениот штит на Скопје. Ефектот од оваа акција е двоен - за секои 10 килограми собран отпад ќе биде засадено по едно дрвце. Сакам да им се заблагодарам на сите партнери кои помагаат да ја реализираме оваа фантастична иницијатива. Пред сѐ, тука се претставниците на приватниот сектор кои ја покренаа оваа иницијатива и со кои ќе постигнеме Водно да биде почисто и поубаво место за скопјани. Сакам да се заблагодарам и на претставниците на дипломатските претставништва и на сите оние кои активно се вклучија во денешните активности. Денешната акција е навистина посебна затоа што во неа се вклучуваат 100 волонтери од приватниот сектор и од организациите кои се активно вклучени во овој проект, но и 100 волонтери од Градот Скопје, од средните училишта на Град Скопје, од комуналното претпријатие и волонтери кои доаѓаат од општините Гази Баба и Кисела Вода кои преку своите јавни претпријатија придонесуваат Водно да го исчистиме во интерес на сите граѓани, рече градоначалничката Данела Арсовска, на стартот на денешната акција за чистење. Таа упати апел до граѓаните да придонесат за чиста природа без отпад кој треба соодветно да се собира, депонира и рециклира. Неопходно е, нагласи Арсовска, да се подигне свесноста на граѓаните дека оваа природа е природниот штит на градот Скопје. Чистењето на Водно се врши од 9 часот до 14 часот. Со оваа еколошка акција се постигнува двоен ефект, односно за секои 10 килограми собран отпад ќе биде засадено по едно дрвце. За сите учесници во акцијата „Генералка викенд“ се обезбедени кеси за отпад, ракавици и налепници, а волонтерите ќе бидат поделени во неколку групи за да опфатат што е можно поголем број локации на планината. Една група ќе се кажува кон врвот на Водно и ќе ја чисти пензионерската патека до Средно Водно, друга група ќе го чисти асфалтниот пат, трета група потегот од Средно Водно до полициската станица - пешачката шумска патека, а четврта група  на Средно Водно ќе ги чистат паркинзите, просторот под телескопот, паркчето со фитнес справи и кај црквата. Групи на волонтери ќе чистат и на потегот кон Матка (еден километар), видиковецот, потегот кон Горно Соње и околу крстот. Oваа акција за чистење на отпадот и создавање еколошки одржлива иднина треба да прерасне во традиција, а напорот вложен во собирањето на отпадот секоја година да резултира со што поголем број засадени дрва. Градот Скопје секогаш ќе подржува иницијативи за вакви еколошки акции за почисто и поубав град за сите скопјани.

The post Со генералка на Водно започна „Генералка викенд 2022“ appeared first on Република.

]]>
Најголема акција за чистење на ѓубрето во Македонија: Почнува „Генералка викенд“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/najgolema-akcija-za-chistenje-na-gjubreto-vo-makedonija-pochnuva-generalka-vikend/ Fri, 06 May 2022 08:19:06 +0000 https://republika.mk/?p=498437

Од планината Водно денеска ќе биде означен официјалниот почеток на пролетниот дел од досега најголемата акција за чистење и пошумување во земјата „Генералка викенд 2022“, што до 8-ми мај ќе се спроведува во 26 општини ширум земјата.

Организатори на еколошката акција „Генералка викенд“ се „Мен енд Маунтен“ и „Пакомак“, а е поддржана од Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и таа ќе се одвива од 6 до 8 мај во општините Аеродром, Берово, Битола, Град Скопје, Ѓорче Петров, Кавадарци, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Сарај, Теарце, Велес, Валандово, Босилово, Демир Капија, Гостивар, Крушево, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип, Гевгелија, Конче и Струмица.

На 9 мај ќе има специјална акција во Дебар, а на 17/18 мај во Шуто Оризари.

Како што информираат организаторите на еко-акцијата, во рамки на настанот ќе биде спроведена акција за собирање на отпадот од пешачките патеки и местата за одмор и рекреација на планината Водно.

За собраниот отпад ќе се погрижи „Пакомак“, кој ќе направи негова соодветна селекција и рециклирање. Планирано е за секои десет килограми собран отпад да се посади едно дрво. Акцијата на пошумување ќе се спроведе наесен. Дополнителен број садници ќе се обезбедат од средствата што ќе бидат донирани преку платформата „Сончева гора“, која ќе биде отворена за сите заинтересирани поединци и компании

Откако ја започнавме ‘Генералка викенд‘ во 2021 ги поврзавме сите слоеви на нашето општество, граѓани, невладини организации, општини, важни компании и институции, за да следиме заедничка цел: да го рециклираме отпадот од минатото во зелена иднина, која треба да даде надеж и можности за нашите и следните генерации да останат во нашата земја. Нашата цел е да ја исчистиме татковината од отпад во периодот од 2021 до 2031, вели Гордана Софија од „Мен енд Маунтен“.

The post Најголема акција за чистење на ѓубрето во Македонија: Почнува „Генералка викенд“ appeared first on Република.

]]>

Од планината Водно денеска ќе биде означен официјалниот почеток на пролетниот дел од досега најголемата акција за чистење и пошумување во земјата „Генералка викенд 2022“, што до 8-ми мај ќе се спроведува во 26 општини ширум земјата. Организатори на еколошката акција „Генералка викенд“ се „Мен енд Маунтен“ и „Пакомак“, а е поддржана од Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и таа ќе се одвива од 6 до 8 мај во општините Аеродром, Берово, Битола, Град Скопје, Ѓорче Петров, Кавадарци, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Сарај, Теарце, Велес, Валандово, Босилово, Демир Капија, Гостивар, Крушево, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип, Гевгелија, Конче и Струмица. На 9 мај ќе има специјална акција во Дебар, а на 17/18 мај во Шуто Оризари. Како што информираат организаторите на еко-акцијата, во рамки на настанот ќе биде спроведена акција за собирање на отпадот од пешачките патеки и местата за одмор и рекреација на планината Водно. За собраниот отпад ќе се погрижи „Пакомак“, кој ќе направи негова соодветна селекција и рециклирање. Планирано е за секои десет килограми собран отпад да се посади едно дрво. Акцијата на пошумување ќе се спроведе наесен. Дополнителен број садници ќе се обезбедат од средствата што ќе бидат донирани преку платформата „Сончева гора“, која ќе биде отворена за сите заинтересирани поединци и компании