генерален штрајк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/generalen-shtrajk/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Apr 2024 06:27:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png генерален штрајк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/generalen-shtrajk/ 32 32 Сѐ запира: Не одете денеска во Грција, има генерален штрајк https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/s-zapira-ne-odete-deneska-vo-grtsija-ima-generalen-shtrajk/ Wed, 17 Apr 2024 06:20:02 +0000 https://republika.mk/?p=766969

Синдикатот на вработените во приватниот сектор во Грција, еден од двата најголеми синдикати во земјата, утрово започна со генерален 24-часовен штрајк во кој учествуваат и низа федерации, а за претпладнево е закажан и протест, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Синдикатот штрајкуваат против поскапувањата и бараат зголемување на платите и враќање на колективните договори.

Бродовите денеска ќе останат закотвени на пристаништата, намален ќе биде бројот на возови што ќе сообраќаат, а проблеми ќе има и во јавниот превоз во Атина.

Грчката метропола ќе биде без метро и трамвај, автобусите и тролејбусите ќе работат од 9 до 21 часот, а до 15 часот ќе штрајкуваат и таксистите.

Иако во штрајкот не учествува другиот голем синдикат, оној на вработените во јавниот сектор, сепак одредени федерации донесоа одлука денеска да штрајкуваат.

Меѓу нив се Асоцијацијата на лекари во државните болници во Атина, Федерацијата на просветни работници, Федерацијата на сметководители, Федерацијата на организациите на банкарските службеници.

Новинарите во Грција, како што е пракса во изминатите години при генерални штрајкови, учествуваат, но ден претходно, па така вчера одржаа 24-часовен штрајк, поддржувајќи ги барањата на синдикатот.

За претпладнево, во Атина и во други грчки градови закажани се низа протест.

The post Сѐ запира: Не одете денеска во Грција, има генерален штрајк appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на вработените во приватниот сектор во Грција, еден од двата најголеми синдикати во земјата, утрово започна со генерален 24-часовен штрајк во кој учествуваат и низа федерации, а за претпладнево е закажан и протест, јави дописничката на МИА од Атина. Од Синдикатот штрајкуваат против поскапувањата и бараат зголемување на платите и враќање на колективните договори. Бродовите денеска ќе останат закотвени на пристаништата, намален ќе биде бројот на возови што ќе сообраќаат, а проблеми ќе има и во јавниот превоз во Атина. Грчката метропола ќе биде без метро и трамвај, автобусите и тролејбусите ќе работат од 9 до 21 часот, а до 15 часот ќе штрајкуваат и таксистите. Иако во штрајкот не учествува другиот голем синдикат, оној на вработените во јавниот сектор, сепак одредени федерации донесоа одлука денеска да штрајкуваат. Меѓу нив се Асоцијацијата на лекари во државните болници во Атина, Федерацијата на просветни работници, Федерацијата на сметководители, Федерацијата на организациите на банкарските службеници. Новинарите во Грција, како што е пракса во изминатите години при генерални штрајкови, учествуваат, но ден претходно, па така вчера одржаа 24-часовен штрајк, поддржувајќи ги барањата на синдикатот. За претпладнево, во Атина и во други грчки градови закажани се низа протест.

The post Сѐ запира: Не одете денеска во Грција, има генерален штрајк appeared first on Република.

]]>
Јовановиќ: Вработените во УЈП се во право, да блокираат дел од државата и да го насочат својот револт кон функционерите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/jovanovik-ujp-se-vo-pravo-da-blokiraat-del-od-drzhavata-i-da-go-nasochat-svojot-revolt-kon-funktsionerite/ Sun, 25 Jun 2023 19:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=655033

Доколку УЈП престане целосно со работа, а царина ги спушти рампите тоа би значело дека нема да има исплата на плати во цела држава, наплата на придонеси и даноци, прибирање средства во Буџетот по основ на казни и давачи, нема да има наплата на царини. Министерот за финансии тврди, согласно закон не можело да се стопира исплата на плата, но синдикатот и експертите го демантираа – не постои таков закон. Правото на штрајк е загарантирано со устав. Се зависи од УЈП како ќе се одлучат да го спроведат штрајкот . Според експертите последиците ќе бидат неизбежни и по Буџетот и по целата држава ама на краток рок.

Нема една дефиниција што значи штрајк. Се зависи од тоа што ќе сакаат да работат службениците во УЈП, тоа ќе значи дека ако тие сакаат да прекинат целосно со работа тоа би значело дека нема да има исплата на плати во државата, нема да може да се исплати легално. Ако УЈП сака да направи вистински штрајк, апсолутно може тоа да го направи и тоа е апсолутно легитимно средство. УЈП се во право. Поентата на штрајкот е да покаже дека работите во државата не се како што треба. Да блокираат дел од државата и да го насочат својот револт кон функционерите, вели Бранимир Јовановиќ економски истражувач и професор.

Владата одбива да ги зголеми платите иако колективниот договор е на сила, што им дава на работниците легитимно право да покренат тужба. Тоа што Владата не сака да си ги исполни законските обврски е многу поголем ризик и може да има поголеми фискални импликации од самиот штрајк. Според Јовановиќ, пари во Буџетот има, само потребна е политичка волја.

Нема право на автентично толкување на платите за функционерите, а кога треба да се покачат платите на работниците, тогаш се наоѓаат или автентични толкувања или методологија - тоа се само изговори. Не може обичните работници да не добиваат покачување на плати кога имаме инфлација од 25 отсто во овие две години, а самите државни функционери си ги покачија платите од 78 отсто, не е праведно и не е економски издржано. Буџетот е повисок од минатата година. Една милијарда и нешто се вкупните плати на сите службеници од 5 милијарди, колку што тежи Буџетот. Најдоа една милијарда за сите други работи, а не можат да најдат 100-200 илјади, колку што се потребни за покачување на платите на работниците. Апсолутно тоа не е издржано. Државата никогаш нема пари, но може да ги најде, проблемот е отсуство на политичка волја.

Кон крајот на следната недела ќе се знае дали помирувачот- професор Лазар Јовески ќе успее да ги доближи ставовите помеѓу УЈП и Владата. Првите најави од Јовески не се многу оптимистички. Економско- социјалниот совет ќе седне повторно на маса за колективните договори во четврток и овој пат ќе може да го следи целата јавност . Владините министри ќе понудат зголемување на платите не за 5 како до сегашната понуда туку за 2 и пол години.

The post Јовановиќ: Вработените во УЈП се во право, да блокираат дел од државата и да го насочат својот револт кон функционерите appeared first on Република.

Вработените во УЈП бараат потпишување на новиот Колективен договор за повисоки плати или најавуваат генерален штрајк https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vrabotenite-vo-ujp-baraat-potpishuvane-na-noviot-kolektiven-dogovor-za-povisoki-plati-ili-najavuvaat-generalen-shtrajk/ Tue, 13 Jun 2023 12:16:23 +0000 https://republika.mk/?p=650867

Вработените во Управата за јавни приходи (УЈП), денеска, со протест пред Министерството за финансии, го изразија незадоволството од недавањето согласност од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими за потпишување на новиот Колективен договор за покачување на нивните платите.

Претседателот на Синдикалната организација „Солидарност“ при УЈП, Васе Неданоски, изјави дека изготвен е нов Колективен договор во кој се утврдени неопходните права потребни за функционирање на управата, меѓу кои е и правото на зголемување на платите кое е одобрено со член 66 од Законот за буџети.

Таквата содржина на договорот беше прифатена од двете страни и беше испратена до Министерството за финансии на одобрување – истакна Неданоски додавајќи дека со цел да се направи компромис во врска со договорот вработените на УЈП се откажале од некои финансиски права.

Вработените од Управата за јавни приходи предупредуваат дека доколку не се потпише Колективниот договор со кој се овозможуваат 30 отсто повисоки плати на вработените следен чекор им е радикален штрајк, кој како што нагласи Неданоски, ќе биде во штета на целата држава.

The post Вработените во УЈП бараат потпишување на новиот Колективен договор за повисоки плати или најавуваат генерален штрајк appeared first on Република.

]]>

Вработените во Управата за јавни приходи (УЈП), денеска, со протест пред Министерството за финансии, го изразија незадоволството од недавањето согласност од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими за потпишување на новиот Колективен договор за покачување на нивните платите. Претседателот на Синдикалната организација „Солидарност“ при УЈП, Васе Неданоски, изјави дека изготвен е нов Колективен договор во кој се утврдени неопходните права потребни за функционирање на управата, меѓу кои е и правото на зголемување на платите кое е одобрено со член 66 од Законот за буџети.
Таквата содржина на договорот беше прифатена од двете страни и беше испратена до Министерството за финансии на одобрување – истакна Неданоски додавајќи дека со цел да се направи компромис во врска со договорот вработените на УЈП се откажале од некои финансиски права.
Вработените од Управата за јавни приходи предупредуваат дека доколку не се потпише Колективниот договор со кој се овозможуваат 30 отсто повисоки плати на вработените следен чекор им е радикален штрајк, кој како што нагласи Неданоски, ќе биде во штета на целата држава.  

The post Вработените во УЈП бараат потпишување на новиот Колективен договор за повисоки плати или најавуваат генерален штрајк appeared first on Република.

]]>
Генерален штрајк на Државниот испитен центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/generalen-shtrajk-na-drzhavniot-ispiten-tsentar/ Mon, 24 Apr 2023 18:58:19 +0000 https://republika.mk/?p=633707

Синдикалната организација на Државниот испитен центар (СОДИЦ-СФДМ) од денеска стапи во Генерален штрајк, поради недобивање на согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од страна на Министерството за финансии, a со цел заштита на економските и социјални права на своите членови, соопштија оттаму.

Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар (Државна матура, државно тестирање, обука и испит за директори, приправнички испити, меѓународно тестирање ТИМС итн.) ќе бидат запрени до добивање на согласност од Министерството за финансии. Сите 29 вработени се членови на синдикатот и состојбата на штрајк која би траела подолго од една недела би значела невозможност да се спроведе државната матура, стои во соопштението на СОДИЦ-СФДМ.

Оттаму апелираат Министерството за финансии, како што велат, итно да даде согласност на веќе потпишаните измени на колективниот договор со кои вработените би добиле достоинствени плати. Како што посочуваат, во овој момент 11 од вкупно 29 вработени на различни позиции се изедначени и имаат минимална плата од 20.000 денари.

Претставници на СОДИЦ-СФДМ најавија повеќе детали утре во изјава за медиумите.

The post Генерален штрајк на Државниот испитен центар appeared first on Република.

]]>

Синдикалната организација на Државниот испитен центар (СОДИЦ-СФДМ) од денеска стапи во Генерален штрајк, поради недобивање на согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од страна на Министерството за финансии, a со цел заштита на економските и социјални права на своите членови, соопштија оттаму.

Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар (Државна матура, државно тестирање, обука и испит за директори, приправнички испити, меѓународно тестирање ТИМС итн.) ќе бидат запрени до добивање на согласност од Министерството за финансии. Сите 29 вработени се членови на синдикатот и состојбата на штрајк која би траела подолго од една недела би значела невозможност да се спроведе државната матура, стои во соопштението на СОДИЦ-СФДМ.

Оттаму апелираат Министерството за финансии, како што велат, итно да даде согласност на веќе потпишаните измени на колективниот договор со кои вработените би добиле достоинствени плати. Како што посочуваат, во овој момент 11 од вкупно 29 вработени на различни позиции се изедначени и имаат минимална плата од 20.000 денари. Претставници на СОДИЦ-СФДМ најавија повеќе детали утре во изјава за медиумите.

The post Генерален штрајк на Државниот испитен центар appeared first on Република.

]]>
Незадоволството е огромно: Вработените во Култура почнуваат со генерален штрајк? https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nezadovolstvoto-e-ogromno-vrabotenite-vo-kultura-pochnuvaat-so-generalen-shtrajk/ Sun, 02 Oct 2022 14:24:08 +0000 https://republika.mk/?p=556551

Незадоволството на вработените во Министерството за култура е огромно, особено по негативното мислење на Министерството за финансии кое и покрај информацијата дека средствата за покачување на платите се обезбедени во Буџетот на Култура, не даде согласност за потпишување на Колективен договор, велат извори за „Вечер“.

Државата е за некого мајка, а за некого маќеа, велат за весникот од Култура.

Вработените од Министерството за култура посочуваат дека е интересно што нивното барање за зголемување на платата е одбиено од Министерството за финансии, со образложение дека е економска криза. Само еден ден подоцна, додаваат, излезе новиот Закон за буџетите со кој, нивните колеги вработени во Министерството за финансии, им се обезбедува трајно зголемување од 30 проценти на основната плата, како надополнување на редовната плата од 1 јануари 2023 година?!

Од Министерството за финансии се посочува дека согласно Законот за буџетот, „буџетските корисници не смеат да преземат обврски или да направат расходи над лимитот на одобрените средства со Буџетот“.

Истовремено, во писмото се напоменува дека продлабочувањето на енергетската криза во светски рамки се одразува и врз економијата на нашата држава и остварувањето на предвидените стапки на економскиот раст.

Во такви услови фискалната политика е насочена кон зачувување на макроекономската стабилност и спроведување на рестриктивна буџетска потрошувачка во согласност со реалните можности на страната на приходите и ефикасно управување со јавниот долг, без притоа да се предизвика неоправдано зголемување на долгот до ниво кое може да ја загрози стабилноста на економијата и економскиот раст во државата. Имајќи предвид дека примената на Колективниот договор предизвикува фискални импликации за кои не се планирани средства во буџетот на Министерството за култура за 2022 година, Министерство за финансии дава негативен одговор, стои во писмото потпишано од министерот Бесими.

Од Министерството за култура посочуваат дека е интересно и дискутабилно што само ден подоцна во „Службениот весник“ бр. 203/2022 излегува новиот Закон за Буџетите со кој, нивните колеги вработени во Министерството за финансии, трајно ги решиле своите права од работен однос.

Имено согласно член 66, став 3 од Законот, на вработените од Министерството за финансии им се обезбедува трајно зголемување од 30 проценти на основната плата, како надополнување на редовната плата, почнувајќи од 1 јануари 2023 година. Ова решение е за поздравување и претставува законски модел, како работодавецот ги унапредува и зголемува правата на своите вработени, велат изворите на „Вечер“ во Министерството за култура.

Навистина е лицемерно да се оцени барањето на Култура како нереално, а веќе следниот ден, со Законот за буџети да се обезбеди покачување од 30% само за вработените во Министерството за финансии.

Според информациите на Вечер.мк, повеќе од 70% од вработените во Министерството за култура имаат помала од просечната плата во државата.

Одлуката за штрајк е донесена поради неиздржливата економско социјална положба во која се наоѓаат вработените во Министерството, како резултат на економската и енергетската криза.

Вработените во Министерството веќе ја добија поддршката од Собранието на УПОЗ како и од Синдикатот на културата, а сега на потег е министерката за култура.

Дали министерката за култура ќе покаже интегритет и ќе се избори за унапредување на правата на своите вработени или ова ќе биде почеток на битката ќе се знае веќе наредната недела, заклучуваат од Вечер.

The post Незадоволството е огромно: Вработените во Култура почнуваат со генерален штрајк? appeared first on Република.

]]>

Незадоволството на вработените во Министерството за култура е огромно, особено по негативното мислење на Министерството за финансии кое и покрај информацијата дека средствата за покачување на платите се обезбедени во Буџетот на Култура, не даде согласност за потпишување на Колективен договор, велат извори за „Вечер“.
Државата е за некого мајка, а за некого маќеа, велат за весникот од Култура.
Вработените од Министерството за култура посочуваат дека е интересно што нивното барање за зголемување на платата е одбиено од Министерството за финансии, со образложение дека е економска криза. Само еден ден подоцна, додаваат, излезе новиот Закон за буџетите со кој, нивните колеги вработени во Министерството за финансии, им се обезбедува трајно зголемување од 30 проценти на основната плата, како надополнување на редовната плата од 1 јануари 2023 година?! Од Министерството за финансии се посочува дека согласно Законот за буџетот, „буџетските корисници не смеат да преземат обврски или да направат расходи над лимитот на одобрените средства со Буџетот“. Истовремено, во писмото се напоменува дека продлабочувањето на енергетската криза во светски рамки се одразува и врз економијата на нашата држава и остварувањето на предвидените стапки на економскиот раст.
Во такви услови фискалната политика е насочена кон зачувување на макроекономската стабилност и спроведување на рестриктивна буџетска потрошувачка во согласност со реалните можности на страната на приходите и ефикасно управување со јавниот долг, без притоа да се предизвика неоправдано зголемување на долгот до ниво кое може да ја загрози стабилноста на економијата и економскиот раст во државата. Имајќи предвид дека примената на Колективниот договор предизвикува фискални импликации за кои не се планирани средства во буџетот на Министерството за култура за 2022 година, Министерство за финансии дава негативен одговор, стои во писмото потпишано од министерот Бесими.
Од Министерството за култура посочуваат дека е интересно и дискутабилно што само ден подоцна во „Службениот весник“ бр. 203/2022 излегува новиот Закон за Буџетите со кој, нивните колеги вработени во Министерството за финансии, трајно ги решиле своите права од работен однос.
Имено согласно член 66, став 3 од Законот, на вработените од Министерството за финансии им се обезбедува трајно зголемување од 30 проценти на основната плата, како надополнување на редовната плата, почнувајќи од 1 јануари 2023 година. Ова решение е за поздравување и претставува законски модел, како работодавецот ги унапредува и зголемува правата на своите вработени, велат изворите на „Вечер“ во Министерството за култура.
Навистина е лицемерно да се оцени барањето на Култура како нереално, а веќе следниот ден, со Законот за буџети да се обезбеди покачување од 30% само за вработените во Министерството за финансии. Според информациите на Вечер.мк, повеќе од 70% од вработените во Министерството за култура имаат помала од просечната плата во државата. Одлуката за штрајк е донесена поради неиздржливата економско социјална положба во која се наоѓаат вработените во Министерството, како резултат на економската и енергетската криза. Вработените во Министерството веќе ја добија поддршката од Собранието на УПОЗ како и од Синдикатот на културата, а сега на потег е министерката за култура. Дали министерката за култура ќе покаже интегритет и ќе се избори за унапредување на правата на своите вработени или ова ќе биде почеток на битката ќе се знае веќе наредната недела, заклучуваат од Вечер.

The post Незадоволството е огромно: Вработените во Култура почнуваат со генерален штрајк? appeared first on Република.

]]>
Протест на вработените од „Колска“, блокада на пругата Скопје-Гевгелија кај Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/protest-na-vrabotenite-od-kolska-blokada-na-prugata-skopje-gevgelija-kaj-veles/ Thu, 28 Jul 2022 07:14:28 +0000 https://republika.mk/?p=534071

Вработените во фабриката за шински возила „Велес“ поточно „Колска“ денеска од 07:30 часот ќе протестираат на железничката станица Велес изразувајќи незадоволство од нерешавањето на нивните проблеми.

Протестот ќе се реализира со блокада на железничкиот сообраќај. На протестот најавено е присуство на претставници од Сојузот на синдикати на Македонија, во чиј состав е и синдикалната организација на „Колска“.

Другите облици на изразување на работничкото незадоволство поврзани со барањата од генералниот штрајк, барањата на работниците и штрајкувачите во наредниот период ќе бидат се поизразени, стои во објавата на Сојузот на синдикати на „Фејсбук“.

The post Протест на вработените од „Колска“, блокада на пругата Скопје-Гевгелија кај Велес appeared first on Република.

]]>

Вработените во фабриката за шински возила „Велес“ поточно „Колска“ денеска од 07:30 часот ќе протестираат на железничката станица Велес изразувајќи незадоволство од нерешавањето на нивните проблеми. Протестот ќе се реализира со блокада на железничкиот сообраќај. На протестот најавено е присуство на претставници од Сојузот на синдикати на Македонија, во чиј состав е и синдикалната организација на „Колска“.
Другите облици на изразување на работничкото незадоволство поврзани со барањата од генералниот штрајк, барањата на работниците и штрајкувачите во наредниот период ќе бидат се поизразени, стои во објавата на Сојузот на синдикати на „Фејсбук“.

The post Протест на вработените од „Колска“, блокада на пругата Скопје-Гевгелија кај Велес appeared first on Република.

]]>
Штрајкот на ССМ продолжува – денеска пред министерството за финансии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shtrajkot-na-ssm-deneska-pred-ministerstvoto-za-finansii/ Fri, 24 Jun 2022 11:19:10 +0000 https://republika.mk/?p=519265

Членовите на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска генералниот штрајк на вработените во јавниот сектор го реализираат пред Министерството за финансии, од каде повторно побараа нивното барање за линеарно зголемување на платите од 2.806 денари за секој работник да се вметне или преку амандман или преку Општиот колективен договор.

Претседателот на ССМ Дарко Димовски испрати апел до министерот за финансии да го прифати ова барање бидејќи како што посочи, истото е издржано согласно покачувањето на цените на храната, нафтените деривати, електрична енергија.

Денеска сме пред Министерството за финансии каде бараме од целото Министерство вклучително и од службите да го вметнат нашето барање за линеарно зголемување од 2806 денари за секој работник, сакаат преку амандманот поднесен од ССМ во Собранието на Македонија, сакаат преку Општиот колективен договор за јавниот сектор, бидејќи гледаме и денеска се состанува РКЕ за да ја покачи струјата од 1 јули. Затоа, ова што го зборуваме денеска навистина е неопходно. Апелираме до министерот за финансии да го прифати нашето барање - изјави Димовски.

Генералниот секретар на ССМ, Трпе Дејановски изјави дека вработените не браат луксуз, туку начин како да ја преживеат инфлацијата.

За време на штрајкот денеска се појавија и неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, СПМ и Беса, кои дадоа поддршка на барањето на ССМ, и посочија дека во рамки на Комисиската расправа за ребалансот на Буџетот, на крајот како комисиски предложен амандман ќе гласаат. Пратениците испратија повик од СДСМ и ДУИ да гласаат за овој закон, или дури и самите да го предложат како амандман со цел да се излезе во пресрет на работникот.

На десеттиот ден од амандманската расправа ние повторно ќе поднесеме комисиски амандман. Ја користиме секоја прилика, секој работен ден да ги убедиме пратениците од мнозинството кои го создаваат во Комисијата дека треба да го поддржат овој амандман и апелирам до пратениците да уште еднаш направат елаборација на сопствениот став да го променат и на 10-иот ден од амандманската расправа да го прифатат комисискиот амандман - изјави пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според пратеникот Љупчо Димовски од СПМ, 2.806 денари во овие кризни ситуации се од драгоцена вредност за секој работник кој е исцрпен и е на работ на голасра егзистенција.

Станува збор за две суштински работи. Станува збор прво за почитување на Законот за минимални плати и неговото усогласување линеарно со овие спомнати 2806 денари за коишто Владата има обврска да ги реализира. Втората работа е човечката димензија затоа што во вакви кризни ситуации тие 2806 денари се драгоцена вредност за секој работник којшто е и онака до крајност финансиски изнемоштен, исцрпен и на работ на голата егзистенција - изјави Димовски.

Пратеникот Фадил Зендели од БЕСА изјави оти смета дека власта од ветувања треба да премине во конкретни акции за да може да се разрешат овие проблеми што ги имаат вработените затоа што, како што рече, станува збор за минимални барања.

Ситуацијата економска се влошува секој ден. Не дека со тие 2806 денари ќе се решат проблемите на нашите семејства, но секако ќе биде по благонаклоно кон секојдневното живеење и секојдневниот стандард на нашите граѓани - изјави Зендели.

ССМ најави дека штрајкот продолжува, а во понеделник органите на Синдикатот ќе одлучат кои ќе бидат дополнителни активности.

Во меѓувреме останува онаа одлука дека вработените во јавниот сектор ќе бидат на своите работни места но нема да извршуваат работни задачи, освен 10 проценти од вработените кои ќе бидат на располагање за потребите на граѓаните.

The post Штрајкот на ССМ продолжува – денеска пред министерството за финансии appeared first on Република.

]]>

Членовите на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска генералниот штрајк на вработените во јавниот сектор го реализираат пред Министерството за финансии, од каде повторно побараа нивното барање за линеарно зголемување на платите од 2.806 денари за секој работник да се вметне или преку амандман или преку Општиот колективен договор. Претседателот на ССМ Дарко Димовски испрати апел до министерот за финансии да го прифати ова барање бидејќи како што посочи, истото е издржано согласно покачувањето на цените на храната, нафтените деривати, електрична енергија.
Денеска сме пред Министерството за финансии каде бараме од целото Министерство вклучително и од службите да го вметнат нашето барање за линеарно зголемување од 2806 денари за секој работник, сакаат преку амандманот поднесен од ССМ во Собранието на Македонија, сакаат преку Општиот колективен договор за јавниот сектор, бидејќи гледаме и денеска се состанува РКЕ за да ја покачи струјата од 1 јули. Затоа, ова што го зборуваме денеска навистина е неопходно. Апелираме до министерот за финансии да го прифати нашето барање - изјави Димовски.
Генералниот секретар на ССМ, Трпе Дејановски изјави дека вработените не браат луксуз, туку начин како да ја преживеат инфлацијата. За време на штрајкот денеска се појавија и неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, СПМ и Беса, кои дадоа поддршка на барањето на ССМ, и посочија дека во рамки на Комисиската расправа за ребалансот на Буџетот, на крајот како комисиски предложен амандман ќе гласаат. Пратениците испратија повик од СДСМ и ДУИ да гласаат за овој закон, или дури и самите да го предложат како амандман со цел да се излезе во пресрет на работникот.
На десеттиот ден од амандманската расправа ние повторно ќе поднесеме комисиски амандман. Ја користиме секоја прилика, секој работен ден да ги убедиме пратениците од мнозинството кои го создаваат во Комисијата дека треба да го поддржат овој амандман и апелирам до пратениците да уште еднаш направат елаборација на сопствениот став да го променат и на 10-иот ден од амандманската расправа да го прифатат комисискиот амандман - изјави пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според пратеникот Љупчо Димовски од СПМ, 2.806 денари во овие кризни ситуации се од драгоцена вредност за секој работник кој е исцрпен и е на работ на голасра егзистенција.
Станува збор за две суштински работи. Станува збор прво за почитување на Законот за минимални плати и неговото усогласување линеарно со овие спомнати 2806 денари за коишто Владата има обврска да ги реализира. Втората работа е човечката димензија затоа што во вакви кризни ситуации тие 2806 денари се драгоцена вредност за секој работник којшто е и онака до крајност финансиски изнемоштен, исцрпен и на работ на голата егзистенција - изјави Димовски.
Пратеникот Фадил Зендели од БЕСА изјави оти смета дека власта од ветувања треба да премине во конкретни акции за да може да се разрешат овие проблеми што ги имаат вработените затоа што, како што рече, станува збор за минимални барања.
Ситуацијата економска се влошува секој ден. Не дека со тие 2806 денари ќе се решат проблемите на нашите семејства, но секако ќе биде по благонаклоно кон секојдневното живеење и секојдневниот стандард на нашите граѓани - изјави Зендели.
ССМ најави дека штрајкот продолжува, а во понеделник органите на Синдикатот ќе одлучат кои ќе бидат дополнителни активности. Во меѓувреме останува онаа одлука дека вработените во јавниот сектор ќе бидат на своите работни места но нема да извршуваат работни задачи, освен 10 проценти од вработените кои ќе бидат на располагање за потребите на граѓаните.

The post Штрајкот на ССМ продолжува – денеска пред министерството за финансии appeared first on Република.

]]>
ССМ: Јавниот сектор утре во генерален штрајк https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-javniot-sektor-utre-vo-generalen-shtrajk/ Tue, 21 Jun 2022 10:41:04 +0000 https://republika.mk/?p=518002

Сојузот на синдикати на Македонија за утре најави генерален штрајк во јавниот сектор бидејќи, како што нагласуваат оттаму, не се исполнети нивните барања за линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година.

На седница на Комисијата за финансирање и буџет вчера не помина амандманот на ССМ на ребалансот на Буџетот со кој требаше да се обезбедат средства за линеарно покачување на платите.

Работниците беа сведоци на срамно однесување на пратениците од владејачкото мнозинство членови на Комисијата за финансирање и буџет кои најостро се спротиставија на предлог-амандманот на ССМ кој предвидуваше средства во буџетот за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2806 денари - велат од ССМ.

Од Синдикатот додаваат дека не е добро да не си на страната на работниците, кои воедно се и гласачи.

Гласот против работниците е уште еден глас против политичката партија која ја претставуваш и уште еден глас за генерален штрајк кој поради овие седум пратеници од владеачкото мнозинство започнува утре, потенцираат од ССМ. Денеска работниците ве молеа, утре ќе ги молите - се вели во соопштението од ССМ по неприфаќањето на нивниот амандман.

Од Сојузот на синдикати на Македонија појаснуваат дека согласно правилата за време на генералниот штрајк ќе обезбедат расположив капацитет од 10 проценти од вработените во овој сектор.

Претседателството на ССМ на седница што се одржа на 17 јуни утврди правила за производно одржувачки и нужни работи кои не смеат да се прекинуваат за време на штрајк.

The post ССМ: Јавниот сектор утре во генерален штрајк appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати на Македонија за утре најави генерален штрајк во јавниот сектор бидејќи, како што нагласуваат оттаму, не се исполнети нивните барања за линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година. На седница на Комисијата за финансирање и буџет вчера не помина амандманот на ССМ на ребалансот на Буџетот со кој требаше да се обезбедат средства за линеарно покачување на платите.
Работниците беа сведоци на срамно однесување на пратениците од владејачкото мнозинство членови на Комисијата за финансирање и буџет кои најостро се спротиставија на предлог-амандманот на ССМ кој предвидуваше средства во буџетот за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2806 денари - велат од ССМ.
Од Синдикатот додаваат дека не е добро да не си на страната на работниците, кои воедно се и гласачи.
Гласот против работниците е уште еден глас против политичката партија која ја претставуваш и уште еден глас за генерален штрајк кој поради овие седум пратеници од владеачкото мнозинство започнува утре, потенцираат од ССМ. Денеска работниците ве молеа, утре ќе ги молите - се вели во соопштението од ССМ по неприфаќањето на нивниот амандман.
Од Сојузот на синдикати на Македонија појаснуваат дека согласно правилата за време на генералниот штрајк ќе обезбедат расположив капацитет од 10 проценти од вработените во овој сектор. Претседателството на ССМ на седница што се одржа на 17 јуни утврди правила за производно одржувачки и нужни работи кои не смеат да се прекинуваат за време на штрајк.  

The post ССМ: Јавниот сектор утре во генерален штрајк appeared first on Република.

]]>
ССМ одлучи за генерален штрајк од 22 јуни ако до тогаш нема раст на платите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-odluchi-za-generalen-shtrajk-od-22-juni-ako-do-togash-nema-rast-na-platite/ Fri, 03 Jun 2022 17:09:21 +0000 https://republika.mk/?p=510797

Сојузот на синдикати на Македонија донесе одлука со која на Владата и остава рок од дваесетина дена да го исполни ветувањето кое го даде дека ќе обезбеди линеарно покачување на платите во износ од 2.806 денари и дека ќе го врати регресот за годишен одмор во јавниот сектор. Во спротивно, синдикалците најавија дека од 22 јуни ќе има генерален штрајк во јавниот сектор.

Одлуката на ССМ за генерален штрајк следи по вчерашната, како што ја опишаа, неуспешна средба со владините преставници. Според ССМ, двоцифрената инфлација и секојдневниот раст на цените не дозволува уште многу простор за преговори. На барање на Владата се сложуваат платите да се покачат од јули. Сепак, доколку во меѓувреме не добијат одговор, од 22 јуни вработените во јавниот сектор ќе бидат на своите работни места но, нема да извршуваат работни задачи.

Од Владата, пак, се оптимисти за продолжување на социјалниот дијалог. Но, според нив, треба да се дефинира и моделот според кој во иднина ќе се врши корекција на платите согласно растот на минималецот, а треба да се определи и методологија за оценување на продуктивноста на вработените во јавниот сектор.

The post ССМ одлучи за генерален штрајк од 22 јуни ако до тогаш нема раст на платите appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати на Македонија донесе одлука со која на Владата и остава рок од дваесетина дена да го исполни ветувањето кое го даде дека ќе обезбеди линеарно покачување на платите во износ од 2.806 денари и дека ќе го врати регресот за годишен одмор во јавниот сектор. Во спротивно, синдикалците најавија дека од 22 јуни ќе има генерален штрајк во јавниот сектор. Одлуката на ССМ за генерален штрајк следи по вчерашната, како што ја опишаа, неуспешна средба со владините преставници. Според ССМ, двоцифрената инфлација и секојдневниот раст на цените не дозволува уште многу простор за преговори. На барање на Владата се сложуваат платите да се покачат од јули. Сепак, доколку во меѓувреме не добијат одговор, од 22 јуни вработените во јавниот сектор ќе бидат на своите работни места но, нема да извршуваат работни задачи. Од Владата, пак, се оптимисти за продолжување на социјалниот дијалог. Но, според нив, треба да се дефинира и моделот според кој во иднина ќе се врши корекција на платите согласно растот на минималецот, а треба да се определи и методологија за оценување на продуктивноста на вработените во јавниот сектор.

The post ССМ одлучи за генерален штрајк од 22 јуни ако до тогаш нема раст на платите appeared first on Република.

]]>
СОНК и МТСП се договорија, нема да се кратат платите за вработените во градинките кои штрајкуваа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sonk-i-mtsp-se-dogovorija-nema-da-se-kratat-platite-za-vrabotenite-vo-gradinkite-koi-shtrajkuvaa/ Fri, 20 May 2022 10:49:17 +0000 https://republika.mk/?p=504739

Министерството за труд и социјална политика и СОНК ги потпишаа измените и дополнувањата на колективниот договор со кој се регулира исплатата на плати и придонеси на плати за време на штрајк, по што тие ќе бидат испратени во Службен весник. Покрај потпишувањето на измените и дополнувањата, МТСП и СОНК договориле до крајот на мај да биде донесен и новиот колективен договор.

Пред некој ден на состанокот со претставниците на МОН беше донесено решение со кое што се согласија и двете страни да платите во дејноста – детските градинки и во образованието се зголеми за 15 проценти. Значи, сите делови коишто беа дел од одлуката за штрајк се реализирани и последното е отпочнувањето на процесот на подготовка на новиот колективен договор. Веднаш по 24 мај, по празникот започнуваме со работните групи коишто се веќе дефинирани и формирани од двете страни. До крајот на месец мај ќе го донесеме новиот колективен договор којшто ќе значи дополнителни права на вработените, односно на носителите на дејноста во детските градинки, рече министерката за труд и социјална политика Јованча Тренчевска по средбата со претседателот на СОНК Јаким Неделков.

Тој на прес-конференцијата посочи дека со ова практично и е заокружен процесот на преговори во однос на барањата на СОНК кон МТСП.

Она што беше како спорно исплатата на дневници на вработените во детските градинки кои штрајкуваат денеска со измена на Колективниот договор во тој дел го регулиравме и ова право на вработените, затоа што сметавме дека од разни причини се дискриминирани и не беше во ред на нив да им се скрати од платата. МТСП, пред се министерката, имаа разбирање за тоа што го баравме, го усогласивме и овој дел и сметам дека во целост овој процес на штрајк и преговори со МТСП конечно е затворен, рече Неделков.

Тренчевска појасни дека овие измени и и дополнувања на Колективниот договор се испратени во „Службен весник“, и оти се очекува денеска или утре да бидат објавени.

Затоа е изменет и дополнет Колективниот договор и тука е регулиран начинот на исплата на платите за време на штрајк и придонесите од плати и согласно овие измени ќе бидат исплатени платите за месец април 2022 година, истакна Тренчевска.

Штрајкот во градинките и училиштата почна на 11 април со барање за зголемување на платите од 18,4 проценти. На Синдикатот му беше понудено зголемување на платите од 10 и 12 проценти, но ваквите предлози беа одбиени од страна на членството.

На 26 април штрајкот во градинките беше ставен во мирување со образложение дека тоа е направено во интерес на родителите и стопанството кое трпи поради неможноста кој да ги згрижи децата од предшколска возраст. На 28 април, штрајкот беше ставен во мирување откако Синдикатот доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека МОН бара мирно решавање на работниот спор со посредство на медијатор.

По назначувањето на медијаторот од страна на Министерството за труд и социјална политика почна процесот на помирување меѓу СОНК и МОН кој на истекот на законски утврдениот рок од 20 дена, неделава заврши со усогласување на ставовите на двете страни.

The post СОНК и МТСП се договорија, нема да се кратат платите за вработените во градинките кои штрајкуваа appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика и СОНК ги потпишаа измените и дополнувањата на колективниот договор со кој се регулира исплатата на плати и придонеси на плати за време на штрајк, по што тие ќе бидат испратени во Службен весник. Покрај потпишувањето на измените и дополнувањата, МТСП и СОНК договориле до крајот на мај да биде донесен и новиот колективен договор.
Пред некој ден на состанокот со претставниците на МОН беше донесено решение со кое што се согласија и двете страни да платите во дејноста – детските градинки и во образованието се зголеми за 15 проценти. Значи, сите делови коишто беа дел од одлуката за штрајк се реализирани и последното е отпочнувањето на процесот на подготовка на новиот колективен договор. Веднаш по 24 мај, по празникот започнуваме со работните групи коишто се веќе дефинирани и формирани од двете страни. До крајот на месец мај ќе го донесеме новиот колективен договор којшто ќе значи дополнителни права на вработените, односно на носителите на дејноста во детските градинки, рече министерката за труд и социјална политика Јованча Тренчевска по средбата со претседателот на СОНК Јаким Неделков.
Тој на прес-конференцијата посочи дека со ова практично и е заокружен процесот на преговори во однос на барањата на СОНК кон МТСП.
Она што беше како спорно исплатата на дневници на вработените во детските градинки кои штрајкуваат денеска со измена на Колективниот договор во тој дел го регулиравме и ова право на вработените, затоа што сметавме дека од разни причини се дискриминирани и не беше во ред на нив да им се скрати од платата. МТСП, пред се министерката, имаа разбирање за тоа што го баравме, го усогласивме и овој дел и сметам дека во целост овој процес на штрајк и преговори со МТСП конечно е затворен, рече Неделков.
Тренчевска појасни дека овие измени и и дополнувања на Колективниот договор се испратени во „Службен весник“, и оти се очекува денеска или утре да бидат објавени.
Затоа е изменет и дополнет Колективниот договор и тука е регулиран начинот на исплата на платите за време на штрајк и придонесите од плати и согласно овие измени ќе бидат исплатени платите за месец април 2022 година, истакна Тренчевска.
Штрајкот во градинките и училиштата почна на 11 април со барање за зголемување на платите од 18,4 проценти. На Синдикатот му беше понудено зголемување на платите од 10 и 12 проценти, но ваквите предлози беа одбиени од страна на членството. На 26 април штрајкот во градинките беше ставен во мирување со образложение дека тоа е направено во интерес на родителите и стопанството кое трпи поради неможноста кој да ги згрижи децата од предшколска возраст. На 28 април, штрајкот беше ставен во мирување откако Синдикатот доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека МОН бара мирно решавање на работниот спор со посредство на медијатор. По назначувањето на медијаторот од страна на Министерството за труд и социјална политика почна процесот на помирување меѓу СОНК и МОН кој на истекот на законски утврдениот рок од 20 дена, неделава заврши со усогласување на ставовите на двете страни.

The post СОНК и МТСП се договорија, нема да се кратат платите за вработените во градинките кои штрајкуваа appeared first on Република.

]]>
МОН нема да ги реализира заканите, наставниците ќе земат цела плата за април https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-nema-da-gi-realizira-zakanite-nastavnicite-kje-zemat-cela-plata-za-april/ Wed, 18 May 2022 18:40:52 +0000 https://republika.mk/?p=503990

Прифатени се сите препораки на посредникот кој согласно позитивните правни прописи беше назначен да управува со процесот на преговори за надминување на предизвиците помеѓу Министерството за образование и наука Синдикатот за образование, наука и култура. Претставниците на двете страни се согласија да има покачување на платите на вработените во основните и средните училишта за 15% почнувајќи од септември годинава, а воедно и да нема кратење на платите за минатиот месец кога поради генералниот штрајк, 12 дена не се реализираше настава.

МОН и СОНК ги усогласија и ставовите за потпишување на нови колективни договори за основно и средно образование кои одат во прилог на унапредување на општествената и економска положба на вработените во двете области. Исто така, утврдена е и нова методологја за постојан раст на платите во образованието, како и спроведување на низа други заеднички активности за унапредување на воспитно - образовниот процес во училиштата.

Двете страни ги прифатија предлозите на посредникот кој се вклучи во преговарачкиот процес и тоа е нотирано во записникот кој е потпишан од учесниците на последниот состанок со кој процесот на преговори со посредство на трета страна завршуваат. Воедно, со тоа се потврди и дека опцијата за надминување на предизвици со помош на посредник е ефикасна и ќе овозможи продолжување, но и јакнење на социјалниот дијалог помеѓу МОН и СОНК, кои остануваат партнери фокусирани на градење подобар и поквалитетен национален образовен систем.

The post МОН нема да ги реализира заканите, наставниците ќе земат цела плата за април appeared first on Република.

]]>

Прифатени се сите препораки на посредникот кој согласно позитивните правни прописи беше назначен да управува со процесот на преговори за надминување на предизвиците помеѓу Министерството за образование и наука Синдикатот за образование, наука и култура. Претставниците на двете страни се согласија да има покачување на платите на вработените во основните и средните училишта за 15% почнувајќи од септември годинава, а воедно и да нема кратење на платите за минатиот месец кога поради генералниот штрајк, 12 дена не се реализираше настава. МОН и СОНК ги усогласија и ставовите за потпишување на нови колективни договори за основно и средно образование кои одат во прилог на унапредување на општествената и економска положба на вработените во двете области. Исто така, утврдена е и нова методологја за постојан раст на платите во образованието, како и спроведување на низа други заеднички активности за унапредување на воспитно - образовниот процес во училиштата. Двете страни ги прифатија предлозите на посредникот кој се вклучи во преговарачкиот процес и тоа е нотирано во записникот кој е потпишан од учесниците на последниот состанок со кој процесот на преговори со посредство на трета страна завршуваат. Воедно, со тоа се потврди и дека опцијата за надминување на предизвици со помош на посредник е ефикасна и ќе овозможи продолжување, но и јакнење на социјалниот дијалог помеѓу МОН и СОНК, кои остануваат партнери фокусирани на градење подобар и поквалитетен национален образовен систем.

The post МОН нема да ги реализира заканите, наставниците ќе земат цела плата за април appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Се разгледуваат сите начини за учебната година да заврши на 10 јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-se-razgleduvaat-site-nachini-za-uchebnata-godina-da-zavrshi-na-10-juni/ Mon, 16 May 2022 12:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=502900

Министерството за образование и наука ги разгледува сите начини и препораки за завршување на учебната година до 10 јуни. Директорот на Бирото за развој на образование треба да има состаноци со сите директори на училиштата и да се види до каде е реализиацијата на програмата, изјави министерот Јетон Шаќири.

Со препораките од сите директори ќе се разгледа можноста како да се реализира делот од програмата кој останува. За другите години, освен тие што завршуваат деветто одделение, ќе најдеме начин како да се надополни делот од програмата и со почетокот на следната учебна година. Ќе се разгледаат сите комбинации и ако заврши до 10 јуни тоа ќе биде со препораки од Бирото. Се гледаат сите начини за до 10 јуни да заврши учебната година, но се уште немаме официјален одговор од Бирото, истакна Шаќири, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на меѓународната научна коференција „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“ што се одржува во Охрид.

Во однос на преговорите со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), тој повтори дека се доближуваат во ставовите за кои двете страни повторно ќе разговараат утре на нова средба со помирувач.

Од нашата страна и од страната на СОНК заеднички е ставот дека се доближуваме со мислењата и утре заедно со помирувачот, ќе ги видиме сите препораки што ќе ги има помирувачот, рече Шаќири и додаде дека МОН ќе најде начин за покачување на платите на вработените во образованието.

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков на новинарско прашање дали наставниците и воспитувачите треба да ги добијат цела плата за деновите од штрајкот, одговори дека Општина Охрид ќе подели цели плати и се надева, рече, дека и МОН го има истиот став.

The post Шаќири: Се разгледуваат сите начини за учебната година да заврши на 10 јуни appeared first on Република.

Тренчевска: Има придвижување во преговорите меѓу СОНК и МОН и можност за скоро решение https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-ima-pridvizuvanje-vo-pregovorite-megju-sonk-i-mon-i-moznost-za-skoro-reshenie/ Fri, 06 May 2022 11:48:19 +0000 https://republika.mk/?p=498562

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевкса вели дека има придвижување и позитивни сигнали дека е можно наскоро да биде постигнато решение меѓу СОНК и Министерството за образование и наука со кое штрајкот, што сега е во мирување, би бил прекинат, а платите во образованието би биле зголемени.

Министерството за труд и социјална политика не е дел од страните кои имаат спор. Тоа се МОН од една и СОНК од друга страна. Информирана сум од министерот за образование дека денеска од 10 часот требало да има состанок и тој сигурно се одржал. Преговорите продолжуваат, има придвижување и позитивни сигнали дека е возможно за многу скоро да се дојде до заедничко решение кое ќе значи прекин на штрајкот и покачување на платите во образованието, рече Тренчевска во одговор на новинарско прашање при посетата на Струмица.

Но, додаде таа, да му оставиме време на помирувачот и на двете страни во спорот да ги водат преговорите и да не известат за она што ќе биде одлучено на седниците на одборите што се формирани согласно законот за мирно решавање на спорови.

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) штрајкот го стави во мирување на 28 април откако доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека Министерството за образование и наука пристапува кон мирно решавање на спорот.

Максималниот рок на мирното решавање на споровите е 20 дена, а првичниот рок е 10 дена. Доколку за 10 дена една од страните не е задоволна, се бара формирање на дополнително тело на помирување, така што максимум за 20 дена треба да заврши постапката. Медијатор во спорот е Драгица Исаиловска-Митровска.

Штрајкот на вработените во основните и средните училишта и во детските градинки почна на 11 април со барање веднаш да бидат зголемени платите за 18,4 проценти и потоа да се изнајде методологија за нивно усогласување со минималната плата. Во текот на преговорите, првично на Синдикатот му беше понудено зголемување на платите за 10 проценти, а потоа и за 12 проценти, но предлозите не беа прифатени од членството на СОНК. На последната седница на Советот на СОНК и по изјаснувањето на членството, беше донесена одлука градинките повторно да почнат со работа, а вработените во училиштата останаа и понатаму да штрајк, кој е ставен во мирување на 28 април по стартот на медијацијата.

The post Тренчевска: Има придвижување во преговорите меѓу СОНК и МОН и можност за скоро решение appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевкса вели дека има придвижување и позитивни сигнали дека е можно наскоро да биде постигнато решение меѓу СОНК и Министерството за образование и наука со кое штрајкот, што сега е во мирување, би бил прекинат, а платите во образованието би биле зголемени.
Министерството за труд и социјална политика не е дел од страните кои имаат спор. Тоа се МОН од една и СОНК од друга страна. Информирана сум од министерот за образование дека денеска од 10 часот требало да има состанок и тој сигурно се одржал. Преговорите продолжуваат, има придвижување и позитивни сигнали дека е возможно за многу скоро да се дојде до заедничко решение кое ќе значи прекин на штрајкот и покачување на платите во образованието, рече Тренчевска во одговор на новинарско прашање при посетата на Струмица.
Но, додаде таа, да му оставиме време на помирувачот и на двете страни во спорот да ги водат преговорите и да не известат за она што ќе биде одлучено на седниците на одборите што се формирани согласно законот за мирно решавање на спорови. Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) штрајкот го стави во мирување на 28 април откако доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека Министерството за образование и наука пристапува кон мирно решавање на спорот. Максималниот рок на мирното решавање на споровите е 20 дена, а првичниот рок е 10 дена. Доколку за 10 дена една од страните не е задоволна, се бара формирање на дополнително тело на помирување, така што максимум за 20 дена треба да заврши постапката. Медијатор во спорот е Драгица Исаиловска-Митровска. Штрајкот на вработените во основните и средните училишта и во детските градинки почна на 11 април со барање веднаш да бидат зголемени платите за 18,4 проценти и потоа да се изнајде методологија за нивно усогласување со минималната плата. Во текот на преговорите, првично на Синдикатот му беше понудено зголемување на платите за 10 проценти, а потоа и за 12 проценти, но предлозите не беа прифатени од членството на СОНК. На последната седница на Советот на СОНК и по изјаснувањето на членството, беше донесена одлука градинките повторно да почнат со работа, а вработените во училиштата останаа и понатаму да штрајк, кој е ставен во мирување на 28 април по стартот на медијацијата.

The post Тренчевска: Има придвижување во преговорите меѓу СОНК и МОН и можност за скоро решение appeared first on Република.

]]>
MTСП нареди да не им се исплати платата на негователките https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mtsp-naredi-da-ne-im-se-isplati-platata-na-negovatelkite/ Fri, 06 May 2022 09:44:40 +0000 https://republika.mk/?p=498481

Во време кога штрајкот на просветните работници е ставен во мирување, Владата одлучи на негoвателките во градинките да не им исплати плата, алармира Левица. После обидите за прекинување на штрајкот, притисоците, уцените и убедување на родителите да се свртат против просветните работници, велат од Левица, Владата им заби нож во грб на најнезаштитените и тоа во време кога одлучија да седнат на преговарачка маса.

До Левица стигнаа реакција од негувателки во градинките дека по наредба на Министерството за труд и социјална политика, за периодот додека траеше штрајкот да не им се исплатат платите!?! Како да не беше доволно што вршеа притисоци, упатуваа закани и уцени, беа издавани списоци и директорите царуваа со нивните познати методи за на крај да им се одмаздат на најкревките, тие што ги чуваат нашите дечиња кога се најмали. Како ќе продолжи штрајкот со вакви подмолни постапки и како ќе се осмелат да дигнат глас тие што се најзагрозени? Цените во продавниците се зголемија повеќекратно, а платите останаа исти. Владата ја интересираат само “проекти” од кои се полнат нивните џебови, не ја интересира обичниот човек и неговите маки, реагираат од Трудовиот сектор на партијата.

Додаваат дека наместо веднаш по најавата за штрајк да седнат на маса и да се обидат да ги исполнат барањата на работниците, Владата смислуваше секакви изговори за инфлации, пропусти во образованието, револт на родителите и незнаејќи што да направи следно, одлучи да ги казни негувателките во градинките.

Неисплаќањето на плата за време на штрајк е најнечовечното нешто што не смее да го направи ниту една Влада.

Пораката која им се испраќа на работниците е дека ќе има санкции за сите што ќе штрајкуваат во иднина, иако правото на штрајк е уставно загарантирано право на работникот.

За да биде иронијата поголема, ваквото поведение го промовира токму Министерството за ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, министерство надлежно да ги штити и унапредува работничките права и да биде праведен арбитер и креатор на социјалните политики во државава.

Продолжете така, но не заборавајте колку повеќе нè угнетувате толку сме посилни!, порачаа од Левица.

The post MTСП нареди да не им се исплати платата на негователките appeared first on Република.

]]>

Во време кога штрајкот на просветните работници е ставен во мирување, Владата одлучи на негoвателките во градинките да не им исплати плата, алармира Левица. После обидите за прекинување на штрајкот, притисоците, уцените и убедување на родителите да се свртат против просветните работници, велат од Левица, Владата им заби нож во грб на најнезаштитените и тоа во време кога одлучија да седнат на преговарачка маса.
До Левица стигнаа реакција од негувателки во градинките дека по наредба на Министерството за труд и социјална политика, за периодот додека траеше штрајкот да не им се исплатат платите!?! Како да не беше доволно што вршеа притисоци, упатуваа закани и уцени, беа издавани списоци и директорите царуваа со нивните познати методи за на крај да им се одмаздат на најкревките, тие што ги чуваат нашите дечиња кога се најмали. Како ќе продолжи штрајкот со вакви подмолни постапки и како ќе се осмелат да дигнат глас тие што се најзагрозени? Цените во продавниците се зголемија повеќекратно, а платите останаа исти. Владата ја интересираат само “проекти” од кои се полнат нивните џебови, не ја интересира обичниот човек и неговите маки, реагираат од Трудовиот сектор на партијата.
Додаваат дека наместо веднаш по најавата за штрајк да седнат на маса и да се обидат да ги исполнат барањата на работниците, Владата смислуваше секакви изговори за инфлации, пропусти во образованието, револт на родителите и незнаејќи што да направи следно, одлучи да ги казни негувателките во градинките.
Неисплаќањето на плата за време на штрајк е најнечовечното нешто што не смее да го направи ниту една Влада. Пораката која им се испраќа на работниците е дека ќе има санкции за сите што ќе штрајкуваат во иднина, иако правото на штрајк е уставно загарантирано право на работникот. За да биде иронијата поголема, ваквото поведение го промовира токму Министерството за ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, министерство надлежно да ги штити и унапредува работничките права и да биде праведен арбитер и креатор на социјалните политики во државава. Продолжете така, но не заборавајте колку повеќе нè угнетувате толку сме посилни!, порачаа од Левица.
 
The post MTСП нареди да не им се исплати платата на негователките appeared first on Република.

]]>
Помирувачот помеѓу СОНК и владата е десна рака на Тренчевска, со оваа измама власта ги понижува наставниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pomiruvachot-pomegju-sonk-i-vladata-e-desna-raka-na-trenchevska-so-ovaa-izmama-vlasta-gi-ponizuva-nastavnicite/ Sat, 30 Apr 2022 07:48:35 +0000 https://republika.mk/?p=495610

Помирувачот помеѓу СОНК и владата е десна рака на Тренчевска, ова е измама, власта ги понижува наставниците, обвинуваат од ВМР0-ДПМНЕ.

Помирувачот е човек вработен во кабинетот на министерката за труд и социјална политика. Тој не може да биде непристрасна страна, кога една од засегнатите страни е владата, односно Ковачевски и неговата шефица Тренчевска. СОНК е во подредена полжба, а наставниците се деградирани и понижени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираат дека Владата го прекрши Занонот за мирно решавање на споровите.

Владата лаже за ветеното покачување. Вистинско покачување на платите е кога ќе бидат исполнети барањата на СОНК, се друго е притискање на наставниците да ги прифатат условите на владата, за на истата да и останат повеќе пари за матни тендери.

The post Помирувачот помеѓу СОНК и владата е десна рака на Тренчевска, со оваа измама власта ги понижува наставниците appeared first on Република.

]]>

Помирувачот помеѓу СОНК и владата е десна рака на Тренчевска, ова е измама, власта ги понижува наставниците, обвинуваат од ВМР0-ДПМНЕ.
Помирувачот е човек вработен во кабинетот на министерката за труд и социјална политика. Тој не може да биде непристрасна страна, кога една од засегнатите страни е владата, односно Ковачевски и неговата шефица Тренчевска. СОНК е во подредена полжба, а наставниците се деградирани и понижени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Потенцираат дека Владата го прекрши Занонот за мирно решавање на споровите. Владата лаже за ветеното покачување. Вистинско покачување на платите е кога ќе бидат исполнети барањата на СОНК, се друго е притискање на наставниците да ги прифатат условите на владата, за на истата да и останат повеќе пари за матни тендери.

The post Помирувачот помеѓу СОНК и владата е десна рака на Тренчевска, со оваа измама власта ги понижува наставниците appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Најважно за децата е да тече образовниот процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-najvazno-za-decata-e-da-teche-obrazovniot-proces/ Fri, 29 Apr 2022 08:08:25 +0000 https://republika.mk/?p=495093

Учениците да бидат во училишните клупи, да следат настава и да тече образованиот процес е најважно за децата, велат од СДСМ.

Наставата за учениците започна денеска откако СОНК објави дека штрајкот е во мирување, согласно Законот за мирно решавање работни спорови.

Прекинот на штрајкот дава шанса на дијалогот и продолжување на разговорите. Само преку дијалог може да се дојде до решение.

Во ниту еден момент не смее да се заборави дека сите чинители во образованието постојат за децата да имаат образовен процес, велат од СДСМ.

The post СДСМ: Најважно за децата е да тече образовниот процес appeared first on Република.

]]>

Учениците да бидат во училишните клупи, да следат настава и да тече образованиот процес е најважно за децата, велат од СДСМ.
Наставата за учениците започна денеска откако СОНК објави дека штрајкот е во мирување, согласно Законот за мирно решавање работни спорови. Прекинот на штрајкот дава шанса на дијалогот и продолжување на разговорите. Само преку дијалог може да се дојде до решение. Во ниту еден момент не смее да се заборави дека сите чинители во образованието постојат за децата да имаат образовен процес, велат од СДСМ.

The post СДСМ: Најважно за децата е да тече образовниот процес appeared first on Република.

]]>
Јаневски: Како Неделков, Тренчевска и Шакири ги излажаа наставниците и воспитувачките https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevski-kako-nedelkov-trenchevska-i-shakiri-gi-izlazaa-nastavnicite-i-vospituvachkite/ Fri, 29 Apr 2022 06:29:05 +0000 https://republika.mk/?p=495025

Новинарот Дарко Јаневски во колумна на Денешен.мк ги анализира случувањата со штрајкот на просветните работници и неговото ставање во мирување.

Колумната на Јаневски ја пренесуваме во целост:

Претседателот на СОНК и Советот на СОНК денеска го ставија штрајкот на наставниците во мирување, со образложение дека ако не го сторлеле тоа ќе го прекршеле законот, а штрајкот ќе бил во мирување додека спорот не бил решен со „мировни преговори“.

Неделков не појасни на кој закон мисли кога вели дека ќе бил прекршен ако не го ставеле штрајкот во мирување, но очигледно станува збор за Законот за мирно решавање на спорови.

Ова е нов изум од таборот на Министерството за труд и социјала на Тренчевска, која веќе се прослави со недугавите изјави дека кривично ќе одговарала ако им ги исплатела платите на штрајкувачите, но станува збор за сериозна манипулација, која очигледно ја прифати и СОНК.

Имено, Законот за мирно решавање на спорови се базира на принципот на добрволност. Начелото на доброволност, кое е основно начело на Законот (член 5) предвидува дека „страните во колеткивен или индивидуален работен спор се слободни доброволно да одлучат дали ќе пристапат кон мирно решавање на спорот, ако со овој закон не е поинаку определено“.

Значи, СОНК, не морал да го стави штрајкот во мирување, ако не сакал, освен ако со Законот не поинаку определено. Дали е поинаку определено, па СОНК морал така да постапи, како што вели Неделков?

Член 18 од Законот вели дека во случај на штрајк во сферата на образование и заштита на децата, страните во спорот се должни веднаш да пристапат кон мирно решавање на спорот. Во тој случај за време на помирувањето, штрајкот се става во мирување. Значи должноста постои. Но, секогаш има едно „но…“.

Имено, во овој случај, тоа „но“ е член 19 кој вели дека „страните на спорот (во овој случај СОНК, МО и МТСП), се должни да поднесат предлог за помирување во рок до два дена од настанување на спорот“.

Веројатно не треба да ви објаснувам дека спорот е настанат со месеци наназад, односно одамна, па следеше штрајк кој трае веќе три недели и облигаторниот рок од два дена е одамна истечен. Толку од познавањето на законите во МО и МТСП на Тренчевска.

Па, понатаму се вели дека „ако страните во спорот не поднесат заеднички предлог се должни да го известат министерството за надлежно за работите од областа на трудот“ (во случајот МТСП да се извести само себе), „кое во рок до ДВА дена од ДЕНОТ НА НАСТАНУВАЊЕ НА СПОРОТ ИЛИ ШТРАЈК во дејностите од член 18“ (каде спаѓа и образование и заштита на децата), „по службена должност покренува постапка за помирување“.

Е, сега, повторно да нагласам дека веројатно не треба да ви напоменувам дека тие два дена од денот на настанување на спорот се одамна поминати и дека токму МТСП и МО го прекршиле Законот за мирно решавање на спорови непостапувајќи на овој начин и се директни виновници за штрајкот, за кој сега СОНК нема обврска да го стави во мирување, бидејќи роковите се истечени, наспроти тврдењата на Неделков.

Тоа значи дека СОНК, во оваа фаза од штрајкот немаше должност да го прифати мировното решавање, а Тренчевска можеше слободно да се обрати до надлежниот суд па таму да објаснува зошто во првите денви по започнување на штрајкот не го испочитувала барањето од Законот за мировни спорови и зошто заедно со Неделков сега го повредуваат правото на штрајк на наставниот кадар и другите вработени, манипулирајќи ги со некакви законски одредби кои во овој момент, после месеци од избивање на спорот (кој фактички трае од моментот кога минималната плата лани беше зголемена на 15 000 денари, а платите на останатите не беа усогласени) немаат никакво значење.

Патем, ниеден штрајк не започнува туку-така, постои процедура во која се известува работодавачот, постои процедура преку која беа запознаени и МО и МТСП и тие, во тие први денови, како што налага Законот, требаше да побараат мирно решавање. Испуштајќи ги роковите, го испуштиле од раце и Законот на кој сега им текна како последна сламка за спас, па наводно применувајќи го, вршат ново беззаконие.

Има и други одредби во Законот во врска со ова, но тие битно не ја менуваат суштината дека помирувањето во основа се базира на доброволност, дека во образованието и детската заштита страните се должни да пристапат кон помирување, но роковите за тоа се одамна одминати (член 18 вели „веднаш“, па потоа следи рокот од два дена за поднесување прелдог по почетокот на штрајот итн, а целта на овие одредби е всушност да се спречи прекин на работата во битни за државата дејности), така што СОНК немаше да прекрши никаков закон, посебно не овој, ако продолжеше со штрајот, кој всушност требало да биде ставен во мирување ако тие што треба од Министерството на Тренчевска и самата госпожа министерка го познаваа Законот.

Сега, мирувањето на штрајкот е очигледно изнудено, нема врска со Законот за мирно решавање на спорови, а наставниците и вработените во градинките остануваат со своите ниски плати, за на крај да прифатат некој ситнеж што наводно ќе биде мирно договорен.

Тоа што е најинтересно е дека според Закон кој токму Тренчевска и нејзиното Министерство пропуштија да го применат на време, страните на спорот немаат обврска да го прифатат тоа што ќе произлезе од „мировните преговори“ и во тој случај штрајкот ќе може да продолжи.

Но, целата поента е да овој процес на „мировни преговори“ трае до завршување на школската година за да има кој да ги чува децата на родителите, а потоа СОНК може да штрајкува колку сака. До есен, кога повторно ќе биде измислено нешто ново, за одново да ги преведат жедни преку вода наставниците, доколку не го прифатат ситнежот што ќе им биде понуден.

Но, тоа е тоа! Ама, барем да се знае дека ставањето на штрајкот во мирување, во овој момент, нема никаква врска со никаков закон. Колку да ја извадиме лагата на видело!

А ова подоле се релевантните членови од Законот за кој Неделков и СОНК наводно не знаеле, а за кој наводно, како што вели Неделков, во МТСП имале подбро познавање. Уште една лага.

(Да не ве залажува став 2 од член 18 кој вели дека сето ова ќе заврши за десет дена. Нема! Но, обрнете внимание на роковите од член 19 кои се одамна изминати!)

The post Јаневски: Како Неделков, Тренчевска и Шакири ги излажаа наставниците и воспитувачките appeared first on Република.

]]>

Новинарот Дарко Јаневски во колумна на Денешен.мк ги анализира случувањата со штрајкот на просветните работници и неговото ставање во мирување. Колумната на Јаневски ја пренесуваме во целост:  
Претседателот на СОНК и Советот на СОНК денеска го ставија штрајкот на наставниците во мирување, со образложение дека ако не го сторлеле тоа ќе го прекршеле законот, а штрајкот ќе бил во мирување додека спорот не бил решен со „мировни преговори“. Неделков не појасни на кој закон мисли кога вели дека ќе бил прекршен ако не го ставеле штрајкот во мирување, но очигледно станува збор за Законот за мирно решавање на спорови. Ова е нов изум од таборот на Министерството за труд и социјала на Тренчевска, која веќе се прослави со недугавите изјави дека кривично ќе одговарала ако им ги исплатела платите на штрајкувачите, но станува збор за сериозна манипулација, која очигледно ја прифати и СОНК. Имено, Законот за мирно решавање на спорови се базира на принципот на добрволност. Начелото на доброволност, кое е основно начело на Законот (член 5) предвидува дека „страните во колеткивен или индивидуален работен спор се слободни доброволно да одлучат дали ќе пристапат кон мирно решавање на спорот, ако со овој закон не е поинаку определено“. Значи, СОНК, не морал да го стави штрајкот во мирување, ако не сакал, освен ако со Законот не поинаку определено. Дали е поинаку определено, па СОНК морал така да постапи, како што вели Неделков? Член 18 од Законот вели дека во случај на штрајк во сферата на образование и заштита на децата, страните во спорот се должни веднаш да пристапат кон мирно решавање на спорот. Во тој случај за време на помирувањето, штрајкот се става во мирување. Значи должноста постои. Но, секогаш има едно „но…“. Имено, во овој случај, тоа „но“ е член 19 кој вели дека „страните на спорот (во овој случај СОНК, МО и МТСП), се должни да поднесат предлог за помирување во рок до два дена од настанување на спорот“. Веројатно не треба да ви објаснувам дека спорот е настанат со месеци наназад, односно одамна, па следеше штрајк кој трае веќе три недели и облигаторниот рок од два дена е одамна истечен. Толку од познавањето на законите во МО и МТСП на Тренчевска. Па, понатаму се вели дека „ако страните во спорот не поднесат заеднички предлог се должни да го известат министерството за надлежно за работите од областа на трудот“ (во случајот МТСП да се извести само себе), „кое во рок до ДВА дена од ДЕНОТ НА НАСТАНУВАЊЕ НА СПОРОТ ИЛИ ШТРАЈК во дејностите од член 18“ (каде спаѓа и образование и заштита на децата), „по службена должност покренува постапка за помирување“. Е, сега, повторно да нагласам дека веројатно не треба да ви напоменувам дека тие два дена од денот на настанување на спорот се одамна поминати и дека токму МТСП и МО го прекршиле Законот за мирно решавање на спорови непостапувајќи на овој начин и се директни виновници за штрајкот, за кој сега СОНК нема обврска да го стави во мирување, бидејќи роковите се истечени, наспроти тврдењата на Неделков. Тоа значи дека СОНК, во оваа фаза од штрајкот немаше должност да го прифати мировното решавање, а Тренчевска можеше слободно да се обрати до надлежниот суд па таму да објаснува зошто во првите денви по започнување на штрајкот не го испочитувала барањето од Законот за мировни спорови и зошто заедно со Неделков сега го повредуваат правото на штрајк на наставниот кадар и другите вработени, манипулирајќи ги со некакви законски одредби кои во овој момент, после месеци од избивање на спорот (кој фактички трае од моментот кога минималната плата лани беше зголемена на 15 000 денари, а платите на останатите не беа усогласени) немаат никакво значење. Патем, ниеден штрајк не започнува туку-така, постои процедура во која се известува работодавачот, постои процедура преку која беа запознаени и МО и МТСП и тие, во тие први денови, како што налага Законот, требаше да побараат мирно решавање. Испуштајќи ги роковите, го испуштиле од раце и Законот на кој сега им текна како последна сламка за спас, па наводно применувајќи го, вршат ново беззаконие. Има и други одредби во Законот во врска со ова, но тие битно не ја менуваат суштината дека помирувањето во основа се базира на доброволност, дека во образованието и детската заштита страните се должни да пристапат кон помирување, но роковите за тоа се одамна одминати (член 18 вели „веднаш“, па потоа следи рокот од два дена за поднесување прелдог по почетокот на штрајот итн, а целта на овие одредби е всушност да се спречи прекин на работата во битни за државата дејности), така што СОНК немаше да прекрши никаков закон, посебно не овој, ако продолжеше со штрајот, кој всушност требало да биде ставен во мирување ако тие што треба од Министерството на Тренчевска и самата госпожа министерка го познаваа Законот. Сега, мирувањето на штрајкот е очигледно изнудено, нема врска со Законот за мирно решавање на спорови, а наставниците и вработените во градинките остануваат со своите ниски плати, за на крај да прифатат некој ситнеж што наводно ќе биде мирно договорен. Тоа што е најинтересно е дека според Закон кој токму Тренчевска и нејзиното Министерство пропуштија да го применат на време, страните на спорот немаат обврска да го прифатат тоа што ќе произлезе од „мировните преговори“ и во тој случај штрајкот ќе може да продолжи. Но, целата поента е да овој процес на „мировни преговори“ трае до завршување на школската година за да има кој да ги чува децата на родителите, а потоа СОНК може да штрајкува колку сака. До есен, кога повторно ќе биде измислено нешто ново, за одново да ги преведат жедни преку вода наставниците, доколку не го прифатат ситнежот што ќе им биде понуден. Но, тоа е тоа! Ама, барем да се знае дека ставањето на штрајкот во мирување, во овој момент, нема никаква врска со никаков закон. Колку да ја извадиме лагата на видело! А ова подоле се релевантните членови од Законот за кој Неделков и СОНК наводно не знаеле, а за кој наводно, како што вели Неделков, во МТСП имале подбро познавање. Уште една лага. (Да не ве залажува став 2 од член 18 кој вели дека сето ова ќе заврши за десет дена. Нема! Но, обрнете внимание на роковите од член 19 кои се одамна изминати!)

The post Јаневски: Како Неделков, Тренчевска и Шакири ги излажаа наставниците и воспитувачките appeared first on Република.

]]>
СОНК очекува денеска покана за преговори со Владата, вели Неделков https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sonk-ochekuva-deneska-pokana-za-pregovori-so-vladata-veli-nedelkov/ Thu, 28 Apr 2022 10:55:32 +0000 https://republika.mk/?p=494713

СОНК очекува денеска покана за преговори со Владата, вели синдикалниот лидер Јаким Неделков за МКД.мк. Тој вели дека до СОНК пристигнуваат пријави за отворени притисоци од страна на директорите врз наставниците за да отпочнат со настава.

За секој поединечен случај прибираме докази и доколку пријавите бидат потврдени соодветно ќе реагираме, вели Неделков и додава дека во СОНК пристигнале пријави од наставници кои се пожалиле дека директорите им вршат притисок да организираат настава „како знаат и умеат“.

Работа на СОНК е штрајкот да го реализира онака како што е зацртан и по сите правила, а министерството нека си ја тера својата работа. Но не се во ред заплашувања на наставниците. Тие реагираат затоа што некаде им се закануваат со одземање на дневниците за време на штрајкот или пак со работење во летни месеци. Како и да е, наши претставници ги посетуваат училиштата, имаме редовна комуникација со нашите претставници во училиштата, собираме докази, нагласува Неделков.

The post СОНК очекува денеска покана за преговори со Владата, вели Неделков appeared first on Република.

]]>

СОНК очекува денеска покана за преговори со Владата, вели синдикалниот лидер Јаким Неделков за МКД.мк. Тој вели дека до СОНК пристигнуваат пријави за отворени притисоци од страна на директорите врз наставниците за да отпочнат со настава.
За секој поединечен случај прибираме докази и доколку пријавите бидат потврдени соодветно ќе реагираме, вели Неделков и додава дека во СОНК пристигнале пријави од наставници кои се пожалиле дека директорите им вршат притисок да организираат настава „како знаат и умеат“. Работа на СОНК е штрајкот да го реализира онака како што е зацртан и по сите правила, а министерството нека си ја тера својата работа. Но не се во ред заплашувања на наставниците. Тие реагираат затоа што некаде им се закануваат со одземање на дневниците за време на штрајкот или пак со работење во летни месеци. Како и да е, наши претставници ги посетуваат училиштата, имаме редовна комуникација со нашите претставници во училиштата, собираме докази, нагласува Неделков.

The post СОНК очекува денеска покана за преговори со Владата, вели Неделков appeared first on Република.

]]>
10% од матурантите пропуштија упис на факултет во јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/10-od-maturantite-propushtija-upis-na-fakultet-vo-juni/ Wed, 27 Apr 2022 18:59:37 +0000 https://republika.mk/?p=494432

Десет проценти од матураните го пробија рокот за државната матура. Согласно календарот кој лани го подготви Министерството за образование и наука, проктните задачи кои се составен дел од државната матура, требаше да бидат изработени во 21 април. Заклучно со денеска од вкупно близу 17.000 матуранти, 1.600 не го поминале првиот дел од матрурата и не можат да полагаат експетрни испити во јуни.

Од Државен испитен центар велат дека ќе направат сè што е во нивна моќ да се поместат роковите за изработка на проектните задачи, со цел екстерните предмети кои се закажани за 4 и 13 јуни да се полагаат навреме. Навременото матурирање е најважно за децата кои веќе се запишале на факултети во странство и треба да ја комплетираат документацијата.

Штрајкот на СОНК започна на 11 април. Од денеска градинките работат редовно, но учениците се веќе трета недела надвор од клиупите. Членството на СОНК вчера ја одби понудата на Владат за покачување на платите од 12% и завршување на штрајкот. За 4 мај најавен е и голем протест.

The post 10% од матурантите пропуштија упис на факултет во јуни appeared first on Република.

]]>

Десет проценти од матураните го пробија рокот за државната матура. Согласно календарот кој лани го подготви Министерството за образование и наука, проктните задачи кои се составен дел од државната матура, требаше да бидат изработени во 21 април. Заклучно со денеска од вкупно близу 17.000 матуранти, 1.600 не го поминале првиот дел од матрурата и не можат да полагаат експетрни испити во јуни. Од Државен испитен центар велат дека ќе направат сè што е во нивна моќ да се поместат роковите за изработка на проектните задачи, со цел екстерните предмети кои се закажани за 4 и 13 јуни да се полагаат навреме. Навременото матурирање е најважно за децата кои веќе се запишале на факултети во странство и треба да ја комплетираат документацијата. Штрајкот на СОНК започна на 11 април. Од денеска градинките работат редовно, но учениците се веќе трета недела надвор од клиупите. Членството на СОНК вчера ја одби понудата на Владат за покачување на платите од 12% и завршување на штрајкот. За 4 мај најавен е и голем протест.

The post 10% од матурантите пропуштија упис на факултет во јуни appeared first on Република.

]]>
Им ветувале добри оценки ако ги убедат соучениците да дојдат на настава: Притисок врз ученици и наставници од „Васил Антевски-Дрен“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/im-vetuvale-dobri-ocenki-ako-gi-ubedat-souchenicite-da-dojdat-na-nastava-pritisok-vrz-uchenici-i-nastavnici-od-vasil-antevski-dren/ Wed, 27 Apr 2022 16:18:20 +0000 https://republika.mk/?p=494374

Во средното скопско училиште „Васил Антевски-Дрен“ се врши притисок врз учениците за да се вратат на настава, а како што дознава „Курир“ од свои извори на некои ученици ветувани им се оценки доколку истите ги натераат да ги убедат останатите да се вратат во училишните клупи. Според изворите на порталот, повикувани биле поедини ученици и им биле ветувани оценки, доколку ги натераат останатите ученици утре да се појават во училиште.

Покрај притисоците врз учениците, се врши притисок и врз наставниот кадар кој што не е во штрајк, и од нив се бара да ги повикаат учениците да се вратат во училиште. „Курир“ дојде до допис од директорката на училиштето „Васил Антевски-Дрен“, кој што беше испратен до наставниците, и од кои се бара да ги повикаат учениците да се вратат во училишните клупи.

Класните раководители и наставници кои не се во штрајк, и се на своите работни места, согласно донесената Одлука бр. 02-724/1. од 27.04.2022 год. а во согласност со Законот за средно образование и Законот на наставници да ги повикаат учениците да се вратат наредовна настава утре 28.04.2022 година (четврток) која продолжува да се организира со цел исполнување на наставнитепрограми со распоред на часови кои ќе се прилагодуваат согласно наставниците кои не се во штрајк, стои во дописот од директорката на средното училиште „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје Таља Јовановска, а испратен до наставниците.

The post Им ветувале добри оценки ако ги убедат соучениците да дојдат на настава: Притисок врз ученици и наставници од „Васил Антевски-Дрен“ appeared first on Република.

]]>

Во средното скопско училиште „Васил Антевски-Дрен“ се врши притисок врз учениците за да се вратат на настава, а како што дознава „Курир“ од свои извори на некои ученици ветувани им се оценки доколку истите ги натераат да ги убедат останатите да се вратат во училишните клупи. Според изворите на порталот, повикувани биле поедини ученици и им биле ветувани оценки, доколку ги натераат останатите ученици утре да се појават во училиште. Покрај притисоците врз учениците, се врши притисок и врз наставниот кадар кој што не е во штрајк, и од нив се бара да ги повикаат учениците да се вратат во училиште. „Курир“ дојде до допис од директорката на училиштето „Васил Антевски-Дрен“, кој што беше испратен до наставниците, и од кои се бара да ги повикаат учениците да се вратат во училишните клупи.