генерален секретар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/generalen-sekretar/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 14:06:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png генерален секретар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/generalen-sekretar/ 32 32 Руте: НАТО ќе се посвети на изградба на побезбеден свет за нашите граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rute-nato-ke-se-posveti-na-izgradba-na-pobezbeden-svet-za-nashite-gragani-2/ Tue, 01 Oct 2024 14:06:39 +0000 https://republika.mk/?p=821457

Сојузниците во НАТО се соочуваат со сериозни предизвици и мора да работиме на справување со нив, согласно определбата за изградба на побезбеден свет за милијарда наши граѓани, порача новиот генерален секретар Марк Руте, на прес-конференција во Брисел по неговото денешно стапување на должноста.

– Моја обврска ќе биде да работам на спроведување на ова и на приспособување на нашата Алијанса на се покомплексниот свет. Не постои ништо што не можеме да го постигнеме заедно, рече Руте.

Тој посочи дека за време на неговиот мандат на чело НАТО ќе се посвети на три главни приоритети – обезбедување гаранции дека Алијансата ќе може да одговори на сите закани, поддршка на Украина во борбата против руската агресија и справување со растечките глобални предизвици поврзани со евроатлантската безбедност.

– Основна цел на НАТО е да ја гарантира нашата безбедност. Во измината деценија постигнавме драматичен напредок во зајакнување на способноста на нашите сили за справување со која било закана, од кој било правец, рече Руте.

Според него, за справување со новите предизвици, НАТО ќе мора да ја засили трансатлантската одбранбена индустрија и да ги зголеми нејзините производствените капацитети, да инвестира во иновации и да ги обезбеди синџирите за снабдување.

– За да ја оствариме неопходната способност, потребни ни се поголеми трошоци за одбраната. Ќе работам со сојузниците да обезбедиме доволно инвестиции во потребните области и да ја зајакнеме нашата колективна безбедност, додаде Руте.

Руте нагласи и дека поддршката за Украина претставува инвестирање во сопствената безбедност, бидејќи опстојувањето на независна и слободна Украина е гаранција за мирот и стабилноста на Европа. Тој посочи дека ја посетил Украина неколку пати од почетокот на војната и бил сведок на бруталноста на руска агресија, но и на храброста на украинскиот народ во неговата борба за слобода.

– Цената на поддршката на Украина е многу, многу помала, од цената со која би се соочиле доколку му дозволиме на (рускиот претседател Владимир) Путин да го добие она што го сака, порача Руте.

Тој потсети дека на последниот Самит на НАТО во јули годинава во Вашингтон, членките на Алијансата се обврзаа на долгорочна поддршка за Украина и за трасирање на нејзиниот пат кон членство во Пактот.

– Ќе работам со сојузниците за целосно спроведување на нашите одлуки и за продолжување на напорите за приближување на Украина до НАТО, рече Руте.

На новинарско прашање за неговиот став во однос на барањето на Киев за дозвола за користење на проектилите со голем дострел донирани од западните земји за напади на руска територија, Руте рече дека согласно меѓународното право Украина има право да се брани и таа одбрана не се ограничува само во рамки на нејзините граници, но нагласи дека одлуката за евентуално одобрување на користењето на тие ракети не е во надлежност на НАТО, туку за тоа решаваат земјите членки индивидуално.

Во однос на заканите на Путин за можна употреба на нуклеарно оружје, Руте рече дека Западот редовно добива закани од Кремљ, но дека засега апсолутно нема показатели за опасноста од употреба на нуклеарно оружје од страна на Русија.

Тој натаму посочи дека фокусот на НАТО мора да остане на евроатлантската безбедност и на сигурноста на неговите милијарда жители во услови на глобален раст на заканите.

– Во таа насока ќе работам на зајакнување на нашето партнерство со голем број земји во поблиското и подалечното опкружување, кои ги споделуваат нашите вредности. Европската Унија е наш уникатен и суштински партнер. Постојат многу области за зајакнување на нашата соработка, од поддршката на Украина, до справување со хибридните закани, истакна Руте.

Новиот генерален секретар на НАТО најави и засилување на соработката со земјите од Блискиот Исток, северна Африка и регионот на Сахел со цел зајакнување на стабилноста во јужното соседство на Алијансата.

– Мора да направиме повеќе за справување со заканите од тероризмот по нашите држави и население, порача Руте и во тој контекст ја нагласи соработката со властите на Ирак и ирачкиот регион Курдистан во борбата против терористичките групи и пред се против организацијата Исламска држава.

Руте нагласи дека посебно внимание ќе посвети на зајакнување на соработката со земјите од Индо-пацифичкиот регион во справувањето со заедничките предизвици, па затоа на претстојниот состанок на министрите за одбрана на НАТО кон средината на овој месец во Брисел, првпат ќе бидат поканети да учествуваат и нивните колеги од Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд.

– Со својата поддршка на руската воена индустрија, Кина ја овозможува руската војна против Украина. Кина не може да продолжи да го овозможува најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна, без да се соочи со последици по нејзините интереси и репутација, истакна Руте, нагласувајќи дека за својата „илегална војна против Украина“, Русија добива поддршка и од Северна Кореја и Иран.

Тој им се заблагодари и на сите, како што рече, мажи и жени во униформа кои и служат на Алијансата, затоа што секојдневно во пракса ја штитат слободата на земјите членки, често пати и во услови на големи ризици по нивните животи.

Руте воедно му се заблагодари и на досегашниот генерален секретар Јенс Столтенберг за неговата работа, како и на сите земји членки на НАТО за нивната поддршка при неговиот избор на новата должност во раководењето со, како што рече, најуспешната воено-политичка алијанса во историјата.

 

The post Руте: НАТО ќе се посвети на изградба на побезбеден свет за нашите граѓани appeared first on Република.

]]>

Сојузниците во НАТО се соочуваат со сериозни предизвици и мора да работиме на справување со нив, согласно определбата за изградба на побезбеден свет за милијарда наши граѓани, порача новиот генерален секретар Марк Руте, на прес-конференција во Брисел по неговото денешно стапување на должноста. – Моја обврска ќе биде да работам на спроведување на ова и на приспособување на нашата Алијанса на се покомплексниот свет. Не постои ништо што не можеме да го постигнеме заедно, рече Руте. Тој посочи дека за време на неговиот мандат на чело НАТО ќе се посвети на три главни приоритети – обезбедување гаранции дека Алијансата ќе може да одговори на сите закани, поддршка на Украина во борбата против руската агресија и справување со растечките глобални предизвици поврзани со евроатлантската безбедност. – Основна цел на НАТО е да ја гарантира нашата безбедност. Во измината деценија постигнавме драматичен напредок во зајакнување на способноста на нашите сили за справување со која било закана, од кој било правец, рече Руте. Според него, за справување со новите предизвици, НАТО ќе мора да ја засили трансатлантската одбранбена индустрија и да ги зголеми нејзините производствените капацитети, да инвестира во иновации и да ги обезбеди синџирите за снабдување. – За да ја оствариме неопходната способност, потребни ни се поголеми трошоци за одбраната. Ќе работам со сојузниците да обезбедиме доволно инвестиции во потребните области и да ја зајакнеме нашата колективна безбедност, додаде Руте. Руте нагласи и дека поддршката за Украина претставува инвестирање во сопствената безбедност, бидејќи опстојувањето на независна и слободна Украина е гаранција за мирот и стабилноста на Европа. Тој посочи дека ја посетил Украина неколку пати од почетокот на војната и бил сведок на бруталноста на руска агресија, но и на храброста на украинскиот народ во неговата борба за слобода. – Цената на поддршката на Украина е многу, многу помала, од цената со која би се соочиле доколку му дозволиме на (рускиот претседател Владимир) Путин да го добие она што го сака, порача Руте. Тој потсети дека на последниот Самит на НАТО во јули годинава во Вашингтон, членките на Алијансата се обврзаа на долгорочна поддршка за Украина и за трасирање на нејзиниот пат кон членство во Пактот. – Ќе работам со сојузниците за целосно спроведување на нашите одлуки и за продолжување на напорите за приближување на Украина до НАТО, рече Руте. На новинарско прашање за неговиот став во однос на барањето на Киев за дозвола за користење на проектилите со голем дострел донирани од западните земји за напади на руска територија, Руте рече дека согласно меѓународното право Украина има право да се брани и таа одбрана не се ограничува само во рамки на нејзините граници, но нагласи дека одлуката за евентуално одобрување на користењето на тие ракети не е во надлежност на НАТО, туку за тоа решаваат земјите членки индивидуално. Во однос на заканите на Путин за можна употреба на нуклеарно оружје, Руте рече дека Западот редовно добива закани од Кремљ, но дека засега апсолутно нема показатели за опасноста од употреба на нуклеарно оружје од страна на Русија. Тој натаму посочи дека фокусот на НАТО мора да остане на евроатлантската безбедност и на сигурноста на неговите милијарда жители во услови на глобален раст на заканите. – Во таа насока ќе работам на зајакнување на нашето партнерство со голем број земји во поблиското и подалечното опкружување, кои ги споделуваат нашите вредности. Европската Унија е наш уникатен и суштински партнер. Постојат многу области за зајакнување на нашата соработка, од поддршката на Украина, до справување со хибридните закани, истакна Руте. Новиот генерален секретар на НАТО најави и засилување на соработката со земјите од Блискиот Исток, северна Африка и регионот на Сахел со цел зајакнување на стабилноста во јужното соседство на Алијансата. – Мора да направиме повеќе за справување со заканите од тероризмот по нашите држави и население, порача Руте и во тој контекст ја нагласи соработката со властите на Ирак и ирачкиот регион Курдистан во борбата против терористичките групи и пред се против организацијата Исламска држава. Руте нагласи дека посебно внимание ќе посвети на зајакнување на соработката со земјите од Индо-пацифичкиот регион во справувањето со заедничките предизвици, па затоа на претстојниот состанок на министрите за одбрана на НАТО кон средината на овој месец во Брисел, првпат ќе бидат поканети да учествуваат и нивните колеги од Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд. – Со својата поддршка на руската воена индустрија, Кина ја овозможува руската војна против Украина. Кина не може да продолжи да го овозможува најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна, без да се соочи со последици по нејзините интереси и репутација, истакна Руте, нагласувајќи дека за својата „илегална војна против Украина“, Русија добива поддршка и од Северна Кореја и Иран. Тој им се заблагодари и на сите, како што рече, мажи и жени во униформа кои и служат на Алијансата, затоа што секојдневно во пракса ја штитат слободата на земјите членки, често пати и во услови на големи ризици по нивните животи. Руте воедно му се заблагодари и на досегашниот генерален секретар Јенс Столтенберг за неговата работа, како и на сите земји членки на НАТО за нивната поддршка при неговиот избор на новата должност во раководењето со, како што рече, најуспешната воено-политичка алијанса во историјата.  

The post Руте: НАТО ќе се посвети на изградба на побезбеден свет за нашите граѓани appeared first on Република.

]]>
Ѓорѓи Божинов именуван за генерален секретар на Кабинетот на претседателката Силјановска Давкова, Момировски е негов заменик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gorgi-bozhinov-imenuvan-za-generalen-sekretar-na-kabinetot-na-pretsedatelkata-siljanovska-davkova-momirovski-e-negov-zamenik/ Sat, 18 May 2024 12:14:34 +0000 https://republika.mk/?p=779530

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова за генерален секретар на својот кабинет го именувала Ѓорѓи Божинов, правник кој работел во Министерството за земјоделство, а за негов заменик новинарот Горан Момировски.

Од функциите се разрешени генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров, кои беа ангажирани во мандатот на доскорешниот претседател Стево Пендаровски.

Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, јавни набавки, програмите за финансиска поддршка и легислативата на Европската унија во овие области. Тој во кабинетот доаѓа од раководна позиција во Министерството за земјоделие.

Момировски, пак, е долгогодишен новинар, соработник на Сиљановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година.

Освен првите луѓе во кабиентот, претседателката во наредниот период треба да именува и свои советници од областа на безбедноста, меѓународните односи, комуникациите. Имиња не се споменуваат, но се највува дека овие позиции ќе ги заземе дел од академската фела блиска до Сиљановска.

The post Ѓорѓи Божинов именуван за генерален секретар на Кабинетот на претседателката Силјановска Давкова, Момировски е негов заменик appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова за генерален секретар на својот кабинет го именувала Ѓорѓи Божинов, правник кој работел во Министерството за земјоделство, а за негов заменик новинарот Горан Момировски. Од функциите се разрешени генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров, кои беа ангажирани во мандатот на доскорешниот претседател Стево Пендаровски. Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, јавни набавки, програмите за финансиска поддршка и легислативата на Европската унија во овие области. Тој во кабинетот доаѓа од раководна позиција во Министерството за земјоделие. Момировски, пак, е долгогодишен новинар, соработник на Сиљановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година. Освен првите луѓе во кабиентот, претседателката во наредниот период треба да именува и свои советници од областа на безбедноста, меѓународните односи, комуникациите. Имиња не се споменуваат, но се највува дека овие позиции ќе ги заземе дел од академската фела блиска до Сиљановска.

The post Ѓорѓи Божинов именуван за генерален секретар на Кабинетот на претседателката Силјановска Давкова, Момировски е негов заменик appeared first on Република.

]]>
За малку ќе беше Бујар, кој рече му нуделе, но тој скромно одбил: Каја Калас е нов генерален секретар на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-malku-ke-beshe-bujar-koj-reche-mu-nudele-no-toj-skromno-odbil-kaja-kalas-e-nov-generalen-sekretar-na-nato/ Tue, 02 Apr 2024 17:38:53 +0000 https://republika.mk/?p=761418

Каја Калас, актуелната премиерка на Естонија, ја доби поддршката од Соединетите Американски Држави, Франција, Германија и Обединетото Кралство за да стане следниот генерален секретар на НАТО, со што стана првата жена и првата од источна и централна Европа што ќе ja предводи Алијансата.

До неодамна, фаворит за наследник на Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО беше холандскиот премиер во заминување, Марк Руте, но се чини дека Калас ги освои Германците и Американците, кои го променија мислењето.

Бујар Османи тврдеше дека му е предложено по мандатот како министер за надворешни работи да се кандидира за генерален секретар на НАТО, пренесоа повеќе медиуми на албански јазик. Веста ја објави и ТВ21 повикувајќи се на дипломатски извори. И самиот Османи потврди дека има препораки од меѓународни организации, но без конкретно да посочи кои.

А за ова дека неодамна беше објавемо дека на Бујар Османи му е предложено, Османи изјави:

Точно е дека имам некои препораки за некои меѓународни организации, но сега сум фокусиран на моите политички определби во земјата.

The post За малку ќе беше Бујар, кој рече му нуделе, но тој скромно одбил: Каја Калас е нов генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>

Каја Калас, актуелната премиерка на Естонија, ја доби поддршката од Соединетите Американски Држави, Франција, Германија и Обединетото Кралство за да стане следниот генерален секретар на НАТО, со што стана првата жена и првата од источна и централна Европа што ќе ja предводи Алијансата. До неодамна, фаворит за наследник на Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО беше холандскиот премиер во заминување, Марк Руте, но се чини дека Калас ги освои Германците и Американците, кои го променија мислењето. Бујар Османи тврдеше дека му е предложено по мандатот како министер за надворешни работи да се кандидира за генерален секретар на НАТО, пренесоа повеќе медиуми на албански јазик. Веста ја објави и ТВ21 повикувајќи се на дипломатски извори. И самиот Османи потврди дека има препораки од меѓународни организации, но без конкретно да посочи кои. А за ова дека неодамна беше објавемо дека на Бујар Османи му е предложено, Османи изјави:
Точно е дека имам некои препораки за некои меѓународни организации, но сега сум фокусиран на моите политички определби во земјата.

The post За малку ќе беше Бујар, кој рече му нуделе, но тој скромно одбил: Каја Калас е нов генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>
Наталиа Илиевска Божиновска нов генерален секретар на ФФМ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/natalia-ilievska-bozhinovska-nov-generalen-sekretar-na-ffm/ Wed, 12 Jul 2023 17:06:45 +0000 https://republika.mk/?p=660539

Нов генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) од денеска е Наталиа Илиевска Божиновска.

Како што е соопштено попладнево, Илиевска Божиновска доаѓа од генералниот секретаријат на ФФМ, а на должноста ќе го наследи Филип Поповски, кому по истекот на вториот четиригодишен период му престана законски утврдениот максимален мандат.

Управниот одбор на ФФМ на денешната седница донесе и одлука за користење на средствата од Форвард 3 и Форвард 2 програмата на ФИФА за инвестициските проекти.

The post Наталиа Илиевска Божиновска нов генерален секретар на ФФМ appeared first on Република.

]]>

Нов генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) од денеска е Наталиа Илиевска Божиновска. Како што е соопштено попладнево, Илиевска Божиновска доаѓа од генералниот секретаријат на ФФМ, а на должноста ќе го наследи Филип Поповски, кому по истекот на вториот четиригодишен период му престана законски утврдениот максимален мандат. Управниот одбор на ФФМ на денешната седница донесе и одлука за користење на средствата од Форвард 3 и Форвард 2 програмата на ФИФА за инвестициските проекти.

The post Наталиа Илиевска Божиновска нов генерален секретар на ФФМ appeared first on Република.

]]>
ЕК: Фон дер Лајен не е во игра за нов генерален секретар на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-fon-der-lajen-ne-e-vo-igra-za-nov-generalen-sekretar-na-nato/ Sat, 01 Apr 2023 15:09:47 +0000 https://republika.mk/?p=626099

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен не е во игра да биде следниот шеф на НАТО, изјави денеска портпарол на комисијата за ДПА.

Извештаите во британскиот весник „Сан“ се „неосновани шпекулации“, рече портпаролот како одговор на прашањето на ДПА.

„Сан“, цитирајќи дипломатски извор, објави дека Фон дер Лајен е во трка за наследник на актуелниот шеф на Алијансата, Јенс Столтенберг, а функцијата требало да ја преземе од октомври.

Британскиот весник, исто така, објави од свои извори дека британската Влада ќе стави вето на назначувањето на Фон дер Лајен врз основа на согледани грешки за време на нејзиниот мандат како германска министерка за одбрана.

Мандатот на Столтенберг беше продолжен до 30 септември 2023 година во март минатата година, непосредно по почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина.

Највисокиот функционер на НАТО ја извршуваше функцијата речиси девет години, а мандатот му беше продолжен трипати, пренесе ДПА.

Неодамна се шпекулираше дека мандатот на 63-годишниот би можел повторно да биде продолжен поради конфликтот во Украина, иако, истовремено, дипломатите истакнуваат дека тоа може да остави впечаток дека НАТО не може да се договори за нов прв човек на организацијата.

The post ЕК: Фон дер Лајен не е во игра за нов генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен не е во игра да биде следниот шеф на НАТО, изјави денеска портпарол на комисијата за ДПА. Извештаите во британскиот весник „Сан“ се „неосновани шпекулации“, рече портпаролот како одговор на прашањето на ДПА. „Сан“, цитирајќи дипломатски извор, објави дека Фон дер Лајен е во трка за наследник на актуелниот шеф на Алијансата, Јенс Столтенберг, а функцијата требало да ја преземе од октомври. Британскиот весник, исто така, објави од свои извори дека британската Влада ќе стави вето на назначувањето на Фон дер Лајен врз основа на согледани грешки за време на нејзиниот мандат како германска министерка за одбрана. Мандатот на Столтенберг беше продолжен до 30 септември 2023 година во март минатата година, непосредно по почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина. Највисокиот функционер на НАТО ја извршуваше функцијата речиси девет години, а мандатот му беше продолжен трипати, пренесе ДПА. Неодамна се шпекулираше дека мандатот на 63-годишниот би можел повторно да биде продолжен поради конфликтот во Украина, иако, истовремено, дипломатите истакнуваат дека тоа може да остави впечаток дека НАТО не може да се договори за нов прв човек на организацијата.

The post ЕК: Фон дер Лајен не е во игра за нов генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен кандидатка за генерален секретар на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-kandidatka-za-generalen-sekretar-na-nato/ Sat, 01 Apr 2023 08:22:54 +0000 https://republika.mk/?p=626005

Британскиот таблоид „Сан“ доцна синоќа соопшти дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен е кандидатка за нов генерален секретар на Алијансата, пренесува Хина.

Британските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори, пишуваат дека дел од членките на НАТО предложиле Германија да го преземе раководството на Алијансата од октомври годинава, по завршувањето на мандатот на актуелниот генерален секретар, Норвежанецот Јенс Столтенберг.

Се очекува Столтенберг да ја напушти оваа функцијата по девет години, додека мандатот на претседателката на Европската комисија истекува следната година.

Таблоидот пишува дека Фон дер Лајен ја очекува тешка борба бидејќи Велика Британија ќе се спротивстави на нејзината кандидатура, затоа што смета дека таа лошо управуваше со вооружените сили додека беше министерка за одбрана на Германија.

Германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ напиша дека меѓу кандидатите за нов генерален секретар на НАТО се и актуелниот британски министер за одбрана Бен Валас и шпанскиот премиер Педро Санчез. „Сан“ го споменува актуелниот британски премиер Риши Сунак, а како кандидати се споменуваат и естонската премиерка Каја Калас и канадската министерка за финансии Кристија Фриланд.

The post Фон дер Лајен кандидатка за генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>

Британскиот таблоид „Сан“ доцна синоќа соопшти дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен е кандидатка за нов генерален секретар на Алијансата, пренесува Хина. Британските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори, пишуваат дека дел од членките на НАТО предложиле Германија да го преземе раководството на Алијансата од октомври годинава, по завршувањето на мандатот на актуелниот генерален секретар, Норвежанецот Јенс Столтенберг. Се очекува Столтенберг да ја напушти оваа функцијата по девет години, додека мандатот на претседателката на Европската комисија истекува следната година. Таблоидот пишува дека Фон дер Лајен ја очекува тешка борба бидејќи Велика Британија ќе се спротивстави на нејзината кандидатура, затоа што смета дека таа лошо управуваше со вооружените сили додека беше министерка за одбрана на Германија. Германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ напиша дека меѓу кандидатите за нов генерален секретар на НАТО се и актуелниот британски министер за одбрана Бен Валас и шпанскиот премиер Педро Санчез. „Сан“ го споменува актуелниот британски премиер Риши Сунак, а како кандидати се споменуваат и естонската премиерка Каја Калас и канадската министерка за финансии Кристија Фриланд.

The post Фон дер Лајен кандидатка за генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>
Разрешен генералниот секретар на СПМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/razreshen-generalniot-sekretar-na-spm/ Tue, 20 Sep 2022 16:56:34 +0000 https://republika.mk/?p=552678

Од причини што СПМ и Претседателот на СПМ измимативе денови се јавно нападнати и омаловажени од страна на веќе разрешен генерален секретар на овој синдикат, должност ни е да кажеме дека наводите во неговите објави, зборови кои ни се под честа и интегритетот да ги повторуваме, се чиста лага и апсолутно непознавање на правните акти на СПМ!

Во тој контекст, мора да нагласиме дека една од причините за разрешување е таквото непознавање и неупатеност во нашите правни акти, нешто што е крајно недозволиво за носител на функција Генерален секретар.
Обвинувањата дека со Самовластие, Претседателот на СПМ му ги одзел функцијата и правата, целосно ги демантираме. Правата и обврските на Претседателот и Генералниот секретар се децидно предвидени во Статутот на СПМ – правен акт на кој потписник е и сега веќе разрешениот Ген-сек, кој дал своја согласност за негово донесување, и тие како такви можат да се разгледаат во Статутот.

Сега, во овој контекст, нагласуваме и тврдиме, дека тоа е уште една од причините за разрешувањето – неизвршување на задачите и обврските зададени со Статут, непочитување на хиерархијата поставена во Статутот односно ставање на самиот себе над сите и пред сите, што е очевидно и во неговите невистинити изјави. Уште на самите почетоци на формирањето на СПМ, дотичниот самоиницијативно и јавно се наметна како Ген-сек на СПМ со тоа ставајќи ги останатите во незавидна положба и пред свршен чин, што мора да признаеме дека беше наша многу голема грешка.

Очигледно!

Но, она што на почетокот изгледаше “незапирлива бура” од страна на дотичниот, со неговите настапи во првите неколку месеци, на крај излезе промаја. Во наша штета. Во штета на СПМ!!! Или што би рекол народот “Се тресеше гората, се роди глушец”!

Како следна причина за негово разрешување се неговите лични пресметки, водени на неговиот личен профил, со навредливи и недокажани тврдења, обвинувања без докази насочени кон Министерот за внатрешни работи. Точно е тоа дека СПМ не се согласува со работењето на Министерот, не се согласува со неговиот однос кон вработените итн итн, но во нити еден случај и можност не сме искажале или објавиле невистина, лага, навреди или омаловажување кон нити една јавна личност. Таквото “работење” на дотичниот го доведе него лично до неколку постапки за кои, до 14.09.2022 година се криеше позади СПМ, користејќи ја функцијата и заштитата која ја носи истата, а притоа нанесувајќи секојдневно штета на синдикатот.

Бидејќи се повикува на “некакви” авторски права, лични идејни решенија, графички дизајни” во врска со логото, грбот и знамето на СПМ, јавно го повикуваме да објави акт, од релевантна институција, со кој ќе ги докаже таквите тврдења. Таков акт не постои бидејќи СПМ со о
Одлука веќе ги озакони тие обележја на Синдикатот, одлука на која и самиот тој е потписник и запознат. Со ова целосно ја демантираме неговата манипулација дека некој “го украл”, противправно го присвоил” неговиот личен труд.

Останатите негови напори за чинење намерна штета, изјавите во кои користи речник и изрази идентични со неговите изјави на неговиот личен профил, што значи крајно навредливи и омаловажувачки, како од личен така и од поглед на организација, нема да ги споменуваме и објавуваме затоа што не доликуваат на нити еден човек а камоли на академски граѓанин.

Да сумираме:

Дејан Саздов е разрешен од функцијата Генерален секретар на СПМ од 14.09.2022 година, со Одлука врз основа на Статутот на СПМ која е испратена за запознавање до потребните во МВР, од причини за непочитување, непознавање, неизвршување, намерно манипулирање и предизвикување штета на СПМ и раководството, систематско уништување на честа и угледот на организацијата и членството на СПМ.

Со оглед на наведеното нема да коментираме наводна поврзаност и задкулисна соработка со Министерот, бидејќи таква не постои, што мислиме дека доволен доказ се нашите досегашни објави. Како синдикат, јасно изјавивме дека бараме соработка и средба со Министерот, но во насока на подобрување на условите и правата од работен однос на работниците.

Во никој случај за да му наштетиме на Дејан Саздов од причини што дотичниот се покажа како најслабата алка во синџирот на СПМ и тоа е единствената причина што не е повеќе дел од тој синџир.

ЗА КРАЈ:

Јавно го предупредуваме Дејан Саздов, најнапред-да ја отстрани категоризацијата за професија на неговиот личен профил “Генерален секретар на СПМ”, бидејќи со тоа веќе сторил дело и не сакаме да има последици од тоа.

Следно, да прекине со обидите и со ширење на лажни и непотврдени информации бидејќи и со тоа веќе сторил дело и не сакаме да има последици од тоа.

Веднаш да запре со јавните навреди и лажни наводи за дела на Претседателот на СПМ и Синдикатот, бидејќи повторно веќе сторил дело и не сакаме да има последици од тоа.

Г-дине Дејан Саздов, те поздравуваме но нема да ти заблагодариме за досегашната… работа или соработка… бидејќи ти како таква, не ја почитуваше и самиот ја уништи.

Но сепак ти посакуваме секое добро.

Да живее Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ.

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

The post Разрешен генералниот секретар на СПМ appeared first on Република.

]]>

Од причини што СПМ и Претседателот на СПМ измимативе денови се јавно нападнати и омаловажени од страна на веќе разрешен генерален секретар на овој синдикат, должност ни е да кажеме дека наводите во неговите објави, зборови кои ни се под честа и интегритетот да ги повторуваме, се чиста лага и апсолутно непознавање на правните акти на СПМ! Во тој контекст, мора да нагласиме дека една од причините за разрешување е таквото непознавање и неупатеност во нашите правни акти, нешто што е крајно недозволиво за носител на функција Генерален секретар. Обвинувањата дека со Самовластие, Претседателот на СПМ му ги одзел функцијата и правата, целосно ги демантираме. Правата и обврските на Претседателот и Генералниот секретар се децидно предвидени во Статутот на СПМ – правен акт на кој потписник е и сега веќе разрешениот Ген-сек, кој дал своја согласност за негово донесување, и тие како такви можат да се разгледаат во Статутот. Сега, во овој контекст, нагласуваме и тврдиме, дека тоа е уште една од причините за разрешувањето – неизвршување на задачите и обврските зададени со Статут, непочитување на хиерархијата поставена во Статутот односно ставање на самиот себе над сите и пред сите, што е очевидно и во неговите невистинити изјави. Уште на самите почетоци на формирањето на СПМ, дотичниот самоиницијативно и јавно се наметна како Ген-сек на СПМ со тоа ставајќи ги останатите во незавидна положба и пред свршен чин, што мора да признаеме дека беше наша многу голема грешка. Очигледно! Но, она што на почетокот изгледаше “незапирлива бура” од страна на дотичниот, со неговите настапи во првите неколку месеци, на крај излезе промаја. Во наша штета. Во штета на СПМ!!! Или што би рекол народот “Се тресеше гората, се роди глушец”! Како следна причина за негово разрешување се неговите лични пресметки, водени на неговиот личен профил, со навредливи и недокажани тврдења, обвинувања без докази насочени кон Министерот за внатрешни работи. Точно е тоа дека СПМ не се согласува со работењето на Министерот, не се согласува со неговиот однос кон вработените итн итн, но во нити еден случај и можност не сме искажале или објавиле невистина, лага, навреди или омаловажување кон нити една јавна личност. Таквото “работење” на дотичниот го доведе него лично до неколку постапки за кои, до 14.09.2022 година се криеше позади СПМ, користејќи ја функцијата и заштитата која ја носи истата, а притоа нанесувајќи секојдневно штета на синдикатот. Бидејќи се повикува на “некакви” авторски права, лични идејни решенија, графички дизајни” во врска со логото, грбот и знамето на СПМ, јавно го повикуваме да објави акт, од релевантна институција, со кој ќе ги докаже таквите тврдења. Таков акт не постои бидејќи СПМ со о Одлука веќе ги озакони тие обележја на Синдикатот, одлука на која и самиот тој е потписник и запознат. Со ова целосно ја демантираме неговата манипулација дека некој “го украл”, противправно го присвоил” неговиот личен труд. Останатите негови напори за чинење намерна штета, изјавите во кои користи речник и изрази идентични со неговите изјави на неговиот личен профил, што значи крајно навредливи и омаловажувачки, како од личен така и од поглед на организација, нема да ги споменуваме и објавуваме затоа што не доликуваат на нити еден човек а камоли на академски граѓанин. Да сумираме: Дејан Саздов е разрешен од функцијата Генерален секретар на СПМ од 14.09.2022 година, со Одлука врз основа на Статутот на СПМ која е испратена за запознавање до потребните во МВР, од причини за непочитување, непознавање, неизвршување, намерно манипулирање и предизвикување штета на СПМ и раководството, систематско уништување на честа и угледот на организацијата и членството на СПМ. Со оглед на наведеното нема да коментираме наводна поврзаност и задкулисна соработка со Министерот, бидејќи таква не постои, што мислиме дека доволен доказ се нашите досегашни објави. Како синдикат, јасно изјавивме дека бараме соработка и средба со Министерот, но во насока на подобрување на условите и правата од работен однос на работниците. Во никој случај за да му наштетиме на Дејан Саздов од причини што дотичниот се покажа како најслабата алка во синџирот на СПМ и тоа е единствената причина што не е повеќе дел од тој синџир. ЗА КРАЈ: Јавно го предупредуваме Дејан Саздов, најнапред-да ја отстрани категоризацијата за професија на неговиот личен профил “Генерален секретар на СПМ”, бидејќи со тоа веќе сторил дело и не сакаме да има последици од тоа. Следно, да прекине со обидите и со ширење на лажни и непотврдени информации бидејќи и со тоа веќе сторил дело и не сакаме да има последици од тоа. Веднаш да запре со јавните навреди и лажни наводи за дела на Претседателот на СПМ и Синдикатот, бидејќи повторно веќе сторил дело и не сакаме да има последици од тоа. Г-дине Дејан Саздов, те поздравуваме но нема да ти заблагодариме за досегашната… работа или соработка… бидејќи ти како таква, не ја почитуваше и самиот ја уништи. Но сепак ти посакуваме секое добро. Да живее Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ. ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

The post Разрешен генералниот секретар на СПМ appeared first on Република.

]]>
НАТО бара нов генсек, фаворити Фредерика Могерини, Тереза Меј, Марк Руте, Клаус Јоханис https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nato-bara-nov-gensek-favoriti-frederika-mogerini-tereza-mej-mark-rute-klaus-johanis/ Fri, 04 Feb 2022 14:07:43 +0000 https://republika.mk/?p=454245

По завршувањето на мандатот во септември, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг,  заминува на функцијата претседател на норвешката Централна банка, поради што Алијансата има задача да утврди негов наследник.

Според германската агенција ДПА, главни кандидати за оваа функција се поранешната британска премиерка Тереза Меј, холандскиот премиер Марк Руте, романскиот претседател Клаус Јоханис, естонската премиерка Каја Калас и поранешната висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Столтенберг е генерален секретар на НАТО од 2014 година, а неговиот сегашен мандат истекува во септември. Тој претходно беше норвешки премиер од 2005 до 2013 година.

The post НАТО бара нов генсек, фаворити Фредерика Могерини, Тереза Меј, Марк Руте, Клаус Јоханис appeared first on Република.

]]>

По завршувањето на мандатот во септември, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг,  заминува на функцијата претседател на норвешката Централна банка, поради што Алијансата има задача да утврди негов наследник. Според германската агенција ДПА, главни кандидати за оваа функција се поранешната британска премиерка Тереза Меј, холандскиот премиер Марк Руте, романскиот претседател Клаус Јоханис, естонската премиерка Каја Калас и поранешната висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Столтенберг е генерален секретар на НАТО од 2014 година, а неговиот сегашен мандат истекува во септември. Тој претходно беше норвешки премиер од 2005 до 2013 година.

The post НАТО бара нов генсек, фаворити Фредерика Могерини, Тереза Меј, Марк Руте, Клаус Јоханис appeared first on Република.

]]>