Генерален секретар на Советот за регионална соработка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/generalen-sekretar-na-sovetot-za-regionalna-sorabotka/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Mar 2024 17:30:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Генерален секретар на Советот за регионална соработка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/generalen-sekretar-na-sovetot-za-regionalna-sorabotka/ 32 32 Нов повик за избор на Генерален секретар на Советот за регионална соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nov-povik-za-izbor-na-generalen-sekretar-na-sovetot-za-regionalna-sorabotka/ Tue, 12 Mar 2024 17:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=754125

Во својство на Претседавач со Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), Македонија иницира нов повик за избор на Генерален секретар на Советот за регионална соработка поради недостиг на консензус во последниве две години  за пријавените кандидати, на последниот повик.

За таа цел, министерот за надворешни работи, Бујар Османи испрати писмо до Министрите за надворешни работи на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа со што ги информираше дека се поништува претходниот конкурс и дека се отвора нов, на кој, учесниците на Процесот, можат да пријават кандидатури.

“Како Претседавач на оваа иницијатива, донесов одлука да се поништи досегашниот процес на компетиција или на конкурс за избор на Генерален секретар којшто ние го наследивме од двете претходни претседавање (...) Затоа донесовме одлука да се објави нов конкурс за избор на Генерален секретар во којшто Македонија ќе има свој кандидат, за прв пат, со голема амбиција” рече Османи на денешната прес конференција.

Изборот на раководни позиции на важни регионални иницијативи, во последниве години, се покажа како доста тежок процес. Со цел да направи обид за деблокирање на тој процес, како што истакна министерот Османи, предлогот од наша страна е преминување  во процес на ротирачко претседавање согласно првата буква на држава или главен град,  “Првата буква да биде избрана на ждрепка, а потоа ротирачки по азбучен ред за избор мандат по мандат”, со што би се овозможиле еднакви можности за сите учесници да бидат дел од „кормилото“ на Регионалните иницијативи.

The post Нов повик за избор на Генерален секретар на Советот за регионална соработка appeared first on Република.

]]>