Генерака Викенд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/generaka-vikend/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jun 2024 10:20:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Генерака Викенд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/generaka-vikend/ 32 32 Во најголемата еколошка акција во Македонија „Генералка викенд“ повеќе од 18 илјади волонтери собраа рекордни 300 тони отпад https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-najgolemata-ekoloshka-aktsija-vo-makedonija-generalka-vikend-poveke-od-18-iljadi-volonteri-sobraa-rekordni-300-toni-otpad/ Wed, 26 Jun 2024 10:20:23 +0000 https://republika.mk/?p=790941

Мен енд Маунтен по четврти пат ја организираше „Генералка викенд“, најголемата еколошка акција во Македонија и Западен Балкан, заедно со стратешките партнери Пивара Скопје и Пакомак и беа собрани рекордни над 300 тони отпад, информираат оттаму.

Нашите партнери од приватниот сектор, поддржувачите во општините и институциите, училиштата, градинките, невладините организации, спортските и пензионерските клубови, месните и урбани заедници, националните паркови, специјалците и многу други организации со здружени сили и со неспоредлив чин на национална солидарност и пријателство над сите етнички и политички граници придонесоа во Генерака викенд! Над 18.099 волонтери собраа 301,504 кг отпад на повеќе од 400 локации за време на Генерака викендпомеѓу 15-19 мај 2024 година!“ велат Гордана Софија и Ханес Јекл од Мен енд Маунтен.

Душан Митрев, генерален директор на Пивара Скопје, изјави дека големиот број на волонтери и постигнатите резултати даваат надеж дека заедно можеме да создадеме култура на одржливо живеење:

Нашата определба да бидеме водечки стратешки партнер на најмасовната национална еколошка иницијатива GENERALKA WEEKEND произлегува од потребата да ја заштитиме животната средина и да бидеме двигател на позитивна промена во заедницата во која работиме. За нас како компанија е значајно корпоративната одговорност да ја преточиме во дела, а исклучителните резултати од овогодинешната акција покажуваат дека сме на прав пат. Сакам да изразам благодарност до тимот на Пиварци и до сите волонтери и партнери кои се вклучија во акцијата, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Душан Митрев.

„Секоја година Генерака викенд придонесува за подигнување на јавната свест за потребата од селекција и рециклирање на отпадот. Ова е најмасовната и најефикасна еколошка акција во земјава и верувам ќе станува се помасовна, но исто се надевам дека ќе собираме се помалку несоодветно одложен отпад“, вели Филип Ивановски, генерален менаџер на Пакомак.

Врз основа на меморандумот меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Национални шуми и Мен енд Маунтен, Владата на нашата земја ќе посвети по 1 дрво на секои 10 килограми на собраниот отпад за време на Генерака викенд во рамки на нивните годишни планови за пошумување се до 2031 година. До денес се засадени повеќе од 100.000 дрвја благодарение на заложбата на народот на Македонија.

Реализацијата на Генералка викенд се должи и благодарение на поддршката од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, кои придонесуваат во оваа акција уште од 2021 година.

Како и во последните години, Шпаркасе Банка и Нула Отпад се официјални партнери на акцијата, а годинава им се придружија и Макстил, Бучим Боров Дол, ЕВН, Бимилк и Костал. И повторно како и досега Црвен крст се погрижи за безбедноста на сите учесници на Генералка викенд 24.

The post Во најголемата еколошка акција во Македонија „Генералка викенд“ повеќе од 18 илјади волонтери собраа рекордни 300 тони отпад appeared first on Република.

]]>

Мен енд Маунтен по четврти пат ја организираше „Генералка викенд“, најголемата еколошка акција во Македонија и Западен Балкан, заедно со стратешките партнери Пивара Скопје и Пакомак и беа собрани рекордни над 300 тони отпад, информираат оттаму.
Нашите партнери од приватниот сектор, поддржувачите во општините и институциите, училиштата, градинките, невладините организации, спортските и пензионерските клубови, месните и урбани заедници, националните паркови, специјалците и многу други организации со здружени сили и со неспоредлив чин на национална солидарност и пријателство над сите етнички и политички граници придонесоа во Генерака викенд! Над 18.099 волонтери собраа 301,504 кг отпад на повеќе од 400 локации за време на Генерака викендпомеѓу 15-19 мај 2024 година!“ велат Гордана Софија и Ханес Јекл од Мен енд Маунтен.
Душан Митрев, генерален директор на Пивара Скопје, изјави дека големиот број на волонтери и постигнатите резултати даваат надеж дека заедно можеме да создадеме култура на одржливо живеење:
Нашата определба да бидеме водечки стратешки партнер на најмасовната национална еколошка иницијатива GENERALKA WEEKEND произлегува од потребата да ја заштитиме животната средина и да бидеме двигател на позитивна промена во заедницата во која работиме. За нас како компанија е значајно корпоративната одговорност да ја преточиме во дела, а исклучителните резултати од овогодинешната акција покажуваат дека сме на прав пат. Сакам да изразам благодарност до тимот на Пиварци и до сите волонтери и партнери кои се вклучија во акцијата, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Душан Митрев.
„Секоја година Генерака викенд придонесува за подигнување на јавната свест за потребата од селекција и рециклирање на отпадот. Ова е најмасовната и најефикасна еколошка акција во земјава и верувам ќе станува се помасовна, но исто се надевам дека ќе собираме се помалку несоодветно одложен отпад“, вели Филип Ивановски, генерален менаџер на Пакомак. Врз основа на меморандумот меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Национални шуми и Мен енд Маунтен, Владата на нашата земја ќе посвети по 1 дрво на секои 10 килограми на собраниот отпад за време на Генерака викенд во рамки на нивните годишни планови за пошумување се до 2031 година. До денес се засадени повеќе од 100.000 дрвја благодарение на заложбата на народот на Македонија. Реализацијата на Генералка викенд се должи и благодарение на поддршката од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, кои придонесуваат во оваа акција уште од 2021 година. Како и во последните години, Шпаркасе Банка и Нула Отпад се официјални партнери на акцијата, а годинава им се придружија и Макстил, Бучим Боров Дол, ЕВН, Бимилк и Костал. И повторно како и досега Црвен крст се погрижи за безбедноста на сите учесници на Генералка викенд 24.

The post Во најголемата еколошка акција во Македонија „Генералка викенд“ повеќе од 18 илјади волонтери собраа рекордни 300 тони отпад appeared first on Република.

]]>