генерација 2009 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/generacija-2009/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Nov 2022 15:35:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png генерација 2009 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/generacija-2009/ 32 32 ФК Кул го декласираше Шкупи со 5-0, Јован Гиевски двапати биеше прецизно https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fk-kul-go-deklasirashe-shkupi-so-5-0-jovan-gievski-dvapati-bieshe-precizno/ Sat, 05 Nov 2022 15:35:04 +0000 https://republika.mk/?p=570092

ФК Кул, генерација 2009 го декласираше Шкупи со 5-0 и со тоа ја забележа четвртата победа во регионалната Скопска лига. Натпреварот од 6. коло денеска се играше на стадионот на Цементарница.

Натпреварот го започнаа: Божидар Георгиевски, Матеј Ивановски (К), Матеј Фидановски, Андреј Илиевски, Теодор Љубомировски, Петар Крчаноски, Јован Гиевски, Марко Стојаноски, Кирил Стојановски, Филип Дукоски и Јорго Цаца.

Избраниците на Марко Арсовски тргнаа офанзивно уште од стартот на натпреварот и тој начин на игра донесе резултат. Младите надежи ги искористија речиси сите шанси и по првиот дел имаа висока предност од 3-0. Резултатот за го отвори Јован Гиевски во 18. минута, кој беше најприсебен во противничкиот шеснаесетник, после центар шут од прекин на Матеј Ивановски. По три минути игра, ФК Кул веќе имаше предност од 2-0. Теодор Љубомировски од својата половина даде пас топка до Јорго Цаца, кој беше побрз од противничкиот играч, успеа да го издржи дуелот и да го лобува голманот на Шкупи, за зголемување на резултатот.

Противникот немаше ниту една сериозна шанса. Во 34. минута младите надежи на ФК Кул имаа предност од 3-0, со вториот гол на Јован Гиевски кој ја затресе противничката мрежа после една добра акција.

Следните 45. минути се одиграа рутински, кога беа постигнати уште два гола. Во овој дел од напреварот тренерот Арсовски им даде шанса за игра и на Стефан Адамчески, Мартин Митановски, Горазд Ѓуроски, Иван Смилевски, Марио Николовски, Леон Андовски и Марко Матларовски. Екипата на Шкупи во вториот дел имаше два удари кон противничкиот гол.

Токму нововлезените играчи во нашите редови учествуваа во создавањето на нови шанси и голови. После една акција, Гиевски во противничкиот шеснаесетник додаде до Иван Смилевски кој успеа да се запише во листата на стрелци и да донесе предност од 4:0. Конечните 5:0 на натпреварот ги постави капитенот Матеј Ивановски, кој после одлично проигрување од Матларовски успеа да ја погоди мрежата на гостинскиот тим и да го постави конечниот резултат.

 

 

 

The post ФК Кул го декласираше Шкупи со 5-0, Јован Гиевски двапати биеше прецизно appeared first on Република.

]]>

ФК Кул, генерација 2009 го декласираше Шкупи со 5-0 и со тоа ја забележа четвртата победа во регионалната Скопска лига. Натпреварот од 6. коло денеска се играше на стадионот на Цементарница. Натпреварот го започнаа: Божидар Георгиевски, Матеј Ивановски (К), Матеј Фидановски, Андреј Илиевски, Теодор Љубомировски, Петар Крчаноски, Јован Гиевски, Марко Стојаноски, Кирил Стојановски, Филип Дукоски и Јорго Цаца. Избраниците на Марко Арсовски тргнаа офанзивно уште од стартот на натпреварот и тој начин на игра донесе резултат. Младите надежи ги искористија речиси сите шанси и по првиот дел имаа висока предност од 3-0. Резултатот за го отвори Јован Гиевски во 18. минута, кој беше најприсебен во противничкиот шеснаесетник, после центар шут од прекин на Матеј Ивановски. По три минути игра, ФК Кул веќе имаше предност од 2-0. Теодор Љубомировски од својата половина даде пас топка до Јорго Цаца, кој беше побрз од противничкиот играч, успеа да го издржи дуелот и да го лобува голманот на Шкупи, за зголемување на резултатот. Противникот немаше ниту една сериозна шанса. Во 34. минута младите надежи на ФК Кул имаа предност од 3-0, со вториот гол на Јован Гиевски кој ја затресе противничката мрежа после една добра акција. Следните 45. минути се одиграа рутински, кога беа постигнати уште два гола. Во овој дел од напреварот тренерот Арсовски им даде шанса за игра и на Стефан Адамчески, Мартин Митановски, Горазд Ѓуроски, Иван Смилевски, Марио Николовски, Леон Андовски и Марко Матларовски. Екипата на Шкупи во вториот дел имаше два удари кон противничкиот гол. Токму нововлезените играчи во нашите редови учествуваа во создавањето на нови шанси и голови. После една акција, Гиевски во противничкиот шеснаесетник додаде до Иван Смилевски кој успеа да се запише во листата на стрелци и да донесе предност од 4:0. Конечните 5:0 на натпреварот ги постави капитенот Матеј Ивановски, кој после одлично проигрување од Матларовски успеа да ја погоди мрежата на гостинскиот тим и да го постави конечниот резултат.      

The post ФК Кул го декласираше Шкупи со 5-0, Јован Гиевски двапати биеше прецизно appeared first on Република.

]]>