Гена Теодосиевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gena-teodosievska/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Feb 2023 14:39:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гена Теодосиевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gena-teodosievska/ 32 32 Гена Теодосиевска избрана за претседател на четирите жирија на меѓународната филмска критика Фипресци на 73.Берлински филмски фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/gena-teodosievska-izbrana-za-pretsedatel-na-chetirite-zhirija-na-megunarodnata-filmska-kritika-fiprestsi-na-73-berlinski-filmski-festival/ Fri, 03 Feb 2023 14:00:48 +0000 https://republika.mk/?p=604386

На 73.Берлински филмски фестивал, што годинава се одржува од 16-26 февруари,  за Претседател на четирите жиријата на меѓународната филмска критика Фипресци (Fipresci) е избрана, новинарката и филмска критичарка од Македонија , Гена Теодосиевска.

Позната како искусен ТВ новинар, критичар, фестивалски селектор и познавач на филмските и визуелните уметности, Теодосиевска  беше селектор, уметнички директор и директор на ИФФК „ Браќа Манаки“ (2008-2020), а од 2022 година е назначена за  уметнички директор на ИФФ КИНЕНОВА . Како соработник и продуцент се појавува во 23 кратки видео дела во продукција на МТВ, а беше извршен продуцент на филмот „Судијата“, прикажан на над 30-тина филмски фестивали низ светот, вклучително премиерно и на Венецискиот филмски фестивал во 2001 година.

Во последниве 30 години таа е посветен проследувач, туторинг експерт за документарен и краток филм на неколку европски филмски работилници, координатор на меѓународни копродукциски ТВ проекти и промотор на македонската визуелна уметност.

За член на жири била поканета на повеќе од 25 меѓународни филмски фестивали. Берлиналето е втор фестивал од А катергорија по IDFA во Амстердам , на кој таа е дел од оваа високопочитувана оценувачка комисија.  М-р Гена Теодосиевска е активен член на Македонската секција на Fipresci, а вработена е во МРТ.

МИА

 

The post Гена Теодосиевска избрана за претседател на четирите жирија на меѓународната филмска критика Фипресци на 73.Берлински филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

На 73.Берлински филмски фестивал, што годинава се одржува од 16-26 февруари,  за Претседател на четирите жиријата на меѓународната филмска критика Фипресци (Fipresci) е избрана, новинарката и филмска критичарка од Македонија , Гена Теодосиевска. Позната како искусен ТВ новинар, критичар, фестивалски селектор и познавач на филмските и визуелните уметности, Теодосиевска  беше селектор, уметнички директор и директор на ИФФК „ Браќа Манаки“ (2008-2020), а од 2022 година е назначена за  уметнички директор на ИФФ КИНЕНОВА . Како соработник и продуцент се појавува во 23 кратки видео дела во продукција на МТВ, а беше извршен продуцент на филмот „Судијата“, прикажан на над 30-тина филмски фестивали низ светот, вклучително премиерно и на Венецискиот филмски фестивал во 2001 година. Во последниве 30 години таа е посветен проследувач, туторинг експерт за документарен и краток филм на неколку европски филмски работилници, координатор на меѓународни копродукциски ТВ проекти и промотор на македонската визуелна уметност. За член на жири била поканета на повеќе од 25 меѓународни филмски фестивали. Берлиналето е втор фестивал од А катергорија по IDFA во Амстердам , на кој таа е дел од оваа високопочитувана оценувачка комисија.  М-р Гена Теодосиевска е активен член на Македонската секција на Fipresci, а вработена е во МРТ. МИА  

The post Гена Теодосиевска избрана за претседател на четирите жирија на меѓународната филмска критика Фипресци на 73.Берлински филмски фестивал appeared first on Република.

]]>