гејмери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gejmeri/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Feb 2023 20:14:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гејмери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gejmeri/ 32 32 Гејмерите од Балканот заработуваат и до седум просечни плати, по пет години можат комотно во пензија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/gejmerite-od-balkanot-zarabotuvaat-i-do-sedum-prosechni-plati-po-pet-godini-mozhat-komotno-vo-penzija/ Tue, 07 Feb 2023 20:04:26 +0000 https://republika.mk/?p=606193

Гејмингот, односно играњето видео игри преку интернет полека станува една од најпрофитабилните индустрии во денешно време, а оваа активност на играчите со текот на времето може да им донесе многу пари.

За тоа сведочат информациите кои доаѓаат од Хрватска, а се однесуваат на гејмерите и на најголемиот настан во регионот, „Wandercon gaming“, кој викендов собра бројни професионалци во Осиек.

Како што вели еден од учесниците на натпреварот, „можете да заработите многу пари од игри, особено ако сте професионален е-спортист кој игра игри, бидејќи тогаш вашата плата може да достигне шест или седум просечни хрватски плати“.

Од друга страна, ако си инфлуенсер и снимаш, спонзорите кои можат да ти платат да играш, тоа го гледаат многу луѓе, вели тој.

Други играч додава дека 10 години активно се занимава со гејминг, но исклучиво како хоби, пишува „Пословни.хр“.

Сепак, третиот гејмер е на мислење дека „во Хрватска оваа индустрија не е многу развиена за да може да се заработи од неа, бидејќи земјата се уште заостанува во однос на новите технологии“.

Еден од организаторите на настанот, Иван Галетиќ, вели дека биле потребни два месеци напорна работа за да се создаде овој фестивал и додава дека луѓето сега почнуваат да забележуваат дека има иднина во гејмингот и е-спортот.

Оваа сцена е повеќе ценета надвор, е-спортот денес е како спорт, а фудбалерите (играчите, гејмерите) заработуваат многу. Е-спортистите можат да играат пет години и да се пензионираат на таков начин што ќе ја обезбедат иднината - открива Галетиќ.

Тој објаснува како изгледа денот на гејмерот.

Стануваш, се средуваш, седнуваш на компјутер и играш, играш, играш. Има и разни видови тренинзи, во зависност од типот на игрите, заклучува тој.

The post Гејмерите од Балканот заработуваат и до седум просечни плати, по пет години можат комотно во пензија appeared first on Република.

]]>

Гејмингот, односно играњето видео игри преку интернет полека станува една од најпрофитабилните индустрии во денешно време, а оваа активност на играчите со текот на времето може да им донесе многу пари. За тоа сведочат информациите кои доаѓаат од Хрватска, а се однесуваат на гејмерите и на најголемиот настан во регионот, „Wandercon gaming“, кој викендов собра бројни професионалци во Осиек. Како што вели еден од учесниците на натпреварот, „можете да заработите многу пари од игри, особено ако сте професионален е-спортист кој игра игри, бидејќи тогаш вашата плата може да достигне шест или седум просечни хрватски плати“.
Од друга страна, ако си инфлуенсер и снимаш, спонзорите кои можат да ти платат да играш, тоа го гледаат многу луѓе, вели тој.
Други играч додава дека 10 години активно се занимава со гејминг, но исклучиво како хоби, пишува „Пословни.хр“. Сепак, третиот гејмер е на мислење дека „во Хрватска оваа индустрија не е многу развиена за да може да се заработи од неа, бидејќи земјата се уште заостанува во однос на новите технологии“. Еден од организаторите на настанот, Иван Галетиќ, вели дека биле потребни два месеци напорна работа за да се создаде овој фестивал и додава дека луѓето сега почнуваат да забележуваат дека има иднина во гејмингот и е-спортот.