газпром Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gazprom/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 15:14:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png газпром Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gazprom/ 32 32 Русија ја стопира испораката на гас за Австрија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-ja-stopira-isporakata-na-gas-za-avstrija/ Sat, 16 Nov 2024 19:32:49 +0000 https://republika.mk/?p=838564

Австриската енергетска компанија ОМВ објави дека руската нафтена компанија Газпром ќе го прекине снабдувањето, пренесува весникот „Дер Стандард“.

Основа за суспензијата е одлуката на арбитражниот суд кој на ОМВ и досуди отштета од 230 милиони евра.

Компанијата во средата вечерта објави дека сака да го пребие побарувањето од обврските за плаќање кон Газпром, односно, ОМВ повеќе да не префрла пари во Русија. На таквата одлука, Гаспром одговори со прекин на испораката.

Денешните постапки на руски Газпром уште еднаш докажуваат: Русија не е партнер. Ако повеќе не добиваме руски залихи, веќе не може да бидеме уценувани“, изјави австриската министерка за животна средина, Леонора Гевеслер.

The post Русија ја стопира испораката на гас за Австрија appeared first on Република.

]]>

Австриската енергетска компанија ОМВ објави дека руската нафтена компанија Газпром ќе го прекине снабдувањето, пренесува весникот „Дер Стандард“. Основа за суспензијата е одлуката на арбитражниот суд кој на ОМВ и досуди отштета од 230 милиони евра. Компанијата во средата вечерта објави дека сака да го пребие побарувањето од обврските за плаќање кон Газпром, односно, ОМВ повеќе да не префрла пари во Русија. На таквата одлука, Гаспром одговори со прекин на испораката.
Денешните постапки на руски Газпром уште еднаш докажуваат: Русија не е партнер. Ако повеќе не добиваме руски залихи, веќе не може да бидеме уценувани“, изјави австриската министерка за животна средина, Леонора Гевеслер.

The post Русија ја стопира испораката на гас за Австрија appeared first on Република.

]]>
„Гаспром“ ги тужи полските енергетски компании за 935 милиони долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gasprom-gi-tuzhi-polskite-energetski-kompanii-za-935-milioni-dolari/ Thu, 07 Mar 2024 14:37:22 +0000 https://republika.mk/?p=752325

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ поднесе тужба против две полски енергетски компании, барајќи отштета во износ од 935 милиони долари.

Во Арбитражниот суд во Санкт Петербург и Ленинградската област беа покренати судски постапки против полските компании „Орлен“ и „Европол Гас“. Конкретните причини за тужбата не се откриени.

Овој потег доаѓа во време на тензии меѓу „Гаспром“ и Полска, поради несогласувањата околу испораката на енергенси и плаќањата.

Спорот датира од 2022 година, кога „Гаспром“ прекина да испорачува руски гас за Полска. Прекинот се случи откако Полска одби да го плати гасот во рубљи, што „Гаспром“ почна да го спроведува како резултат на меѓународните санкции и економските притисоци.

Како одмаздничка мерка, полската Влада го префрли уделот на „Гаспром“ во „Европол Гас“ на полската енергетска компанија „Орлен“.

The post „Гаспром“ ги тужи полските енергетски компании за 935 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ поднесе тужба против две полски енергетски компании, барајќи отштета во износ од 935 милиони долари. Во Арбитражниот суд во Санкт Петербург и Ленинградската област беа покренати судски постапки против полските компании „Орлен“ и „Европол Гас“. Конкретните причини за тужбата не се откриени. Овој потег доаѓа во време на тензии меѓу „Гаспром“ и Полска, поради несогласувањата околу испораката на енергенси и плаќањата. Спорот датира од 2022 година, кога „Гаспром“ прекина да испорачува руски гас за Полска. Прекинот се случи откако Полска одби да го плати гасот во рубљи, што „Гаспром“ почна да го спроведува како резултат на меѓународните санкции и економските притисоци. Како одмаздничка мерка, полската Влада го префрли уделот на „Гаспром“ во „Европол Гас“ на полската енергетска компанија „Орлен“.

The post „Гаспром“ ги тужи полските енергетски компании за 935 милиони долари appeared first on Република.

]]>
„Газпром“ ќе гради складиште за гас во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/gazprom-ke-gradi-skladishte-za-gas-vo-srbija/ Sun, 17 Dec 2023 08:39:48 +0000 https://republika.mk/?p=723733

Српската компанија „СрбијаГас“ и руски „Газпром“ почнаа преговори за изградба на складиште за гас во Војводина. Доколку руските партнери се заинтересираат за овие проекти, постои можност „СрбијаГас“ да ги изгради овие капацитети со помош на државата.

Се планира проширување на складиштето Банатски двор, во кое може да се складираат 450 милиони кубни метри гас, до соседното наоѓалиште Честерег, што ќе овозможи складирање на 1,5 милијарди кубни метри таму. Се очекува да работи и Српски Итебеј, но производството на гас на ова наоѓалиште се уште не е завршено, па прашањето ќе треба да се реши со партнерите од Русија.

За потсетување, „Гаспром“ е мнозински сопственик на Банатски двор и го бара правото на користење на локациите Итебеј и Тилва, според договорот меѓу Србија и Русија од 2008 година, кој вклучуваше продажба на нафтената компанија „НИС“.

The post „Газпром“ ќе гради складиште за гас во Србија appeared first on Република.

]]>

Српската компанија „СрбијаГас“ и руски „Газпром“ почнаа преговори за изградба на складиште за гас во Војводина. Доколку руските партнери се заинтересираат за овие проекти, постои можност „СрбијаГас“ да ги изгради овие капацитети со помош на државата. Се планира проширување на складиштето Банатски двор, во кое може да се складираат 450 милиони кубни метри гас, до соседното наоѓалиште Честерег, што ќе овозможи складирање на 1,5 милијарди кубни метри таму. Се очекува да работи и Српски Итебеј, но производството на гас на ова наоѓалиште се уште не е завршено, па прашањето ќе треба да се реши со партнерите од Русија. За потсетување, „Гаспром“ е мнозински сопственик на Банатски двор и го бара правото на користење на локациите Итебеј и Тилва, според договорот меѓу Србија и Русија од 2008 година, кој вклучуваше продажба на нафтената компанија „НИС“.

The post „Газпром“ ќе гради складиште за гас во Србија appeared first on Република.

]]>
Извозот на руски гас надвор од поранешниот советски блок паднал за 45,5 отсто во 2022 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izvozot-na-ruski-gas-nadvor-od-poraneshniot-sovetski-blok-padnal-za-45-5-otsto-vo-2022-godina/ Mon, 02 Jan 2023 16:06:10 +0000 https://republika.mk/?p=592856

Извозот на гас од руската компанија „Газпром“ надвор од земјите од поранешниот советски блок паднал за 45,5 отсто во 2022 година.

„Газпром“ ги објави овие податоци во анализа на операциите на компанијата во минатата година обележана со нагло намалување на испораката на руски енергетски производи во Европа како резултат на санкциите на Западот поради руската воена операција во Украина.

Извршниот директор на компанијата, Алексеј Милер, објави дека концернот извезол 100,9 милијарди кубни метри гас во 2022 година во земји „далеку во странство“, термин што не ги вклучува поранешните советски републики.

Во 2021 година, „Газпром“ испорачал 181,1 милијарди кубни метри гас во истите тие земји

The post Извозот на руски гас надвор од поранешниот советски блок паднал за 45,5 отсто во 2022 година appeared first on Република.

]]>

Извозот на гас од руската компанија „Газпром“ надвор од земјите од поранешниот советски блок паднал за 45,5 отсто во 2022 година. „Газпром“ ги објави овие податоци во анализа на операциите на компанијата во минатата година обележана со нагло намалување на испораката на руски енергетски производи во Европа како резултат на санкциите на Западот поради руската воена операција во Украина. Извршниот директор на компанијата, Алексеј Милер, објави дека концернот извезол 100,9 милијарди кубни метри гас во 2022 година во земји „далеку во странство“, термин што не ги вклучува поранешните советски републики. Во 2021 година, „Газпром“ испорачал 181,1 милијарди кубни метри гас во истите тие земји

The post Извозот на руски гас надвор од поранешниот советски блок паднал за 45,5 отсто во 2022 година appeared first on Република.

]]>
„Газпром“ се закани со прекин на транзитот на гас низ Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gazprom-se-zakani-so-prekin-na-tranzitot-na-gas-niz-ukraina/ Tue, 22 Nov 2022 16:08:56 +0000 https://republika.mk/?p=577018

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ денеска соопшти дека регистрирал „исчезнување“ руски гас во Украина, наменет за испорака до молдавските потрошувачи.

Компанијата предупреди дека, доколку потрае транзитниот дисбаланс, ќе ја прекине испораката на гас в понеделник, 28 ноември, од десет часот.

Според наводите на „Газпром“, количината гас што се испорачува за транзит до „Молдовагаз“ преку украинската територија, го надминува физичкиот обем што се пренесува на границата на Украина со Молдавија.

The post „Газпром“ се закани со прекин на транзитот на гас низ Украина appeared first on Република.

]]>

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ денеска соопшти дека регистрирал „исчезнување“ руски гас во Украина, наменет за испорака до молдавските потрошувачи. Компанијата предупреди дека, доколку потрае транзитниот дисбаланс, ќе ја прекине испораката на гас в понеделник, 28 ноември, од десет часот. Според наводите на „Газпром“, количината гас што се испорачува за транзит до „Молдовагаз“ преку украинската територија, го надминува физичкиот обем што се пренесува на границата на Украина со Молдавија.

The post „Газпром“ се закани со прекин на транзитот на гас низ Украина appeared first on Република.

]]>
Путин: Гаспром го испита местото на експлозијата на Северен тек https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-gasprom-go-ispita-mestoto-na-eksplozijata-na-severen-tek/ Tue, 01 Nov 2022 07:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=568113

Компанијата „Гаспром“ изврши увид на местото каде што се случи експлозијата во која беа оштетени цевките на гасоводот „Северен тек“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Добив извештај од (директорот на Газпром, Алексеј) Мулер дека го испитале местото. На Гаспром, инаку, му е дозволено да ги испита местата на експлозијата“, рече Путин во понеделникот вечерта.

Тој додаде дека се пронајдени два кратери – еден длабок три метри и еден длабок пет метри.

Путин оцени дека е бесмислено да се обвинува Русија дека е одговорна за експлозијата на гасоводот.

Нападите на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ беа извршени на 26 септември.

Руското Министерство за одбрана ги обвини претставниците на британската морнарица за учество во планирањето и спроведувањето на, како што тврди Москва, „терористички напад“ во Балтичкото Море на 26 септември, кога беа оштетени гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“. РИА потсетува Вести.

Москва тврди дека тие го режирале и нападот на Севастопол со помош на беспилотни летала, кој бил извршен во неделата наутро.

Велика Британија ги отфрли руските наводи, нарекувајќи ги „лажни тврдења од епски размери“.

The post Путин: Гаспром го испита местото на експлозијата на Северен тек appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Гаспром“ изврши увид на местото каде што се случи експлозијата во која беа оштетени цевките на гасоводот „Северен тек“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Добив извештај од (директорот на Газпром, Алексеј) Мулер дека го испитале местото. На Гаспром, инаку, му е дозволено да ги испита местата на експлозијата“, рече Путин во понеделникот вечерта.
Тој додаде дека се пронајдени два кратери – еден длабок три метри и еден длабок пет метри. Путин оцени дека е бесмислено да се обвинува Русија дека е одговорна за експлозијата на гасоводот. Нападите на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ беа извршени на 26 септември. Руското Министерство за одбрана ги обвини претставниците на британската морнарица за учество во планирањето и спроведувањето на, како што тврди Москва, „терористички напад“ во Балтичкото Море на 26 септември, кога беа оштетени гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“. РИА потсетува Вести. Москва тврди дека тие го режирале и нападот на Севастопол со помош на беспилотни летала, кој бил извршен во неделата наутро. Велика Британија ги отфрли руските наводи, нарекувајќи ги „лажни тврдења од епски размери“.

The post Путин: Гаспром го испита местото на експлозијата на Северен тек appeared first on Република.

]]>
Газпром со закана: Ако се воведат ограничувања на цената, ќе ја прекинеме испораката на гас за Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gazprom-so-zakana-ako-se-vovedat-ogranichuvanja-na-cenata-kje-ja-prekineme-isporakata-na-gas-za-evropa/ Thu, 20 Oct 2022 08:44:41 +0000 https://republika.mk/?p=563440

Рускиот државен енергетски гигант Газпром во неделата се закани дека ќе го запре извозот на природен гас во Европската унија доколку Унијата воведе ограничување на цената на горивото, објави Ројтерс, повторувајќи го сличното предупредување од рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец.

Г7 – во која се вклучени САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија – и ЕУ се во дискусии за воведување ограничувања на цените на руската нафта и природен гас. Алексеј Милер, извршниот директор на Гаспром, ги опиша ограничувањата како „еднострана одлука“, за Ројтерс.

„Таквата еднострана одлука е секако кршење на постоечките договори, што би довело до прекин на испораките“, рече Милер на руската државна телевизија, за Ројтерс.

 

The post Газпром со закана: Ако се воведат ограничувања на цената, ќе ја прекинеме испораката на гас за Европа appeared first on Република.

]]>

Рускиот државен енергетски гигант Газпром во неделата се закани дека ќе го запре извозот на природен гас во Европската унија доколку Унијата воведе ограничување на цената на горивото, објави Ројтерс, повторувајќи го сличното предупредување од рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец. Г7 – во која се вклучени САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија – и ЕУ се во дискусии за воведување ограничувања на цените на руската нафта и природен гас. Алексеј Милер, извршниот директор на Гаспром, ги опиша ограничувањата како „еднострана одлука“, за Ројтерс. „Таквата еднострана одлука е секако кршење на постоечките договори, што би довело до прекин на испораките“, рече Милер на руската државна телевизија, за Ројтерс.  

The post Газпром со закана: Ако се воведат ограничувања на цената, ќе ја прекинеме испораката на гас за Европа appeared first on Република.

]]>
Шефот на „Газпром“ до ЕУ: Имате гас уште за два месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shefot-na-gazprom-do-eu-imate-gas-ushte-za-dva-meseci/ Wed, 12 Oct 2022 19:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=560296

Шефот на рускиот државен гасен гигант „Газпром“, Алексеј Милер, денеска изјави дека во германското подземно складиште ќе има доволно гас за уште од два до два и пол месеци.

Говорејќи на конференцијата „Руска енергетска недела“ во Москва, Милер ја предупреди Европа за последиците од откажувањето од рускиот гас велејќи дека нема гаранција дека Европа ќе ја преживее зимата врз основа на сегашниот капацитет за складирање гас.

Милер рече дека поправката на оштетените гасоводи „Северен тек“ ќе трае најмалку една година и дека на Русија сè уште не ѝ е дозволен пристап до областа која е оштетена.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва е подготвена да продолжи со испораките на гас за Европа преку гасоводот „Северен тек 2“, кој оди до Германија под Балтичкото Море.

ЕУ сè уште може да се снабдува гас од преостанатиот недопрен дел од гасоводот „Северен тек 2“, но сега топката е во дворот на Европската Унија, која мора да одлучи дали сака или не да се испорачува гас преку него. Ако сакаат, можат само да ја отворат чешмата, рече рускиот претседател Владимир Путин во својот говор на пленарната сесија на меѓународниот форум „Руска енергетска недела“.

Путин, исто така, рече дека Русија може да ги пренасочи испораките од Балтикот кон Црното Море за да создаде голем европски центар за гас во Турција.

Недостатоците во испораките на руски гас ги зголемија цените, поттикнувајќи ја инфлацијата и вршејќи притисок врз владите да помогнат во олеснувањето на вртоглавите сметки за енергија за домаќинствата и бизнисите.

The post Шефот на „Газпром“ до ЕУ: Имате гас уште за два месеци appeared first on Република.

]]>

Шефот на рускиот државен гасен гигант „Газпром“, Алексеј Милер, денеска изјави дека во германското подземно складиште ќе има доволно гас за уште од два до два и пол месеци. Говорејќи на конференцијата „Руска енергетска недела“ во Москва, Милер ја предупреди Европа за последиците од откажувањето од рускиот гас велејќи дека нема гаранција дека Европа ќе ја преживее зимата врз основа на сегашниот капацитет за складирање гас. Милер рече дека поправката на оштетените гасоводи „Северен тек“ ќе трае најмалку една година и дека на Русија сè уште не ѝ е дозволен пристап до областа која е оштетена. Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва е подготвена да продолжи со испораките на гас за Европа преку гасоводот „Северен тек 2“, кој оди до Германија под Балтичкото Море.
ЕУ сè уште може да се снабдува гас од преостанатиот недопрен дел од гасоводот „Северен тек 2“, но сега топката е во дворот на Европската Унија, која мора да одлучи дали сака или не да се испорачува гас преку него. Ако сакаат, можат само да ја отворат чешмата, рече рускиот претседател Владимир Путин во својот говор на пленарната сесија на меѓународниот форум „Руска енергетска недела“.
Путин, исто така, рече дека Русија може да ги пренасочи испораките од Балтикот кон Црното Море за да создаде голем европски центар за гас во Турција. Недостатоците во испораките на руски гас ги зголемија цените, поттикнувајќи ја инфлацијата и вршејќи притисок врз владите да помогнат во олеснувањето на вртоглавите сметки за енергија за домаќинствата и бизнисите.

The post Шефот на „Газпром“ до ЕУ: Имате гас уште за два месеци appeared first on Република.

]]>
„Газпром“: Прекинато истекувањето гас од „Северен поток“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gazprom-prekinato-istekuvanjeto-gas-od-severen-potok/ Mon, 03 Oct 2022 11:43:51 +0000 https://republika.mk/?p=556821

Руската компанија „Газпром“ денеска соопшти дека притисокот во гасоводите „Северен тек“ е стабилизиран и оти престанало истекувањето гас од оштетените места на гасоводите.

Притисокот во цевководот А на ’Северен поток 2’ и во двата цевководи на ’Северен поток 1’ се стабилизирани по прекинот, истекувањето гас престана, соопшти „Газпром“.

„Газпром“ соопшти дека работи на намалување на притисокот на цевководот Б од гасоводот „Северен поток 2“.

Руската компанија исто така изјави дека работи на намалување на ризикот за животната средина.

The post „Газпром“: Прекинато истекувањето гас од „Северен поток“ appeared first on Република.

]]>

Руската компанија „Газпром“ денеска соопшти дека притисокот во гасоводите „Северен тек“ е стабилизиран и оти престанало истекувањето гас од оштетените места на гасоводите. Притисокот во цевководот А на ’Северен поток 2’ и во двата цевководи на ’Северен поток 1’ се стабилизирани по прекинот, истекувањето гас престана, соопшти „Газпром“. „Газпром“ соопшти дека работи на намалување на притисокот на цевководот Б од гасоводот „Северен поток 2“. Руската компанија исто така изјави дека работи на намалување на ризикот за животната средина.

The post „Газпром“: Прекинато истекувањето гас од „Северен поток“ appeared first on Република.

]]>
„Газпром“ ја прекина испораката на гас за Италија – проблем наводно е транспортот низ Австрија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gazprom-ja-prekina-isporakata-na-gas-za-italija-problem-navodno-e-transportot-niz-avstrija/ Sat, 01 Oct 2022 18:24:38 +0000 https://republika.mk/?p=556419

Руски „Газпром“ ја прекина испораката на гас за италијанската компанија „Ени“, наведувајќи го како проблем транспортот преку Австрија, соопшти денеска италијанскиот енергетски гигант, додавајќи дека работи на решението на проблемот.

„Газпром“ ни соопшти дека не може да ја потврди испораката на потребните количества за денеска, а како причина ја наведе неможноста за транспорт на гасот преку Австрија, соопшти „Ени“, пренесе Радио Слободна Европа.

Италијанската компанија додаде дека од овие причини „ќе биде суспендиран протокот на руски гас до нив преку влезната точка во Тарвизио“.

Поголемиот дел од рускиот гас испорачан во Италија минува низ Украина, а потоа преку Трансавстрискиот гасовод (ТАГ) до Тарвизио, во северна Италија, на границата со Австрија.

Од почетокот на инвазијата врз Украина, на 24 февруари, европските земји и Русија се расправаат околу снабдувањето на ЕУ со природен гас.

Европската унија посочува дека Москва го користи гасот како економско оружје, што таа го негира, обвинувајќи го влијанието на западните санкции за какви било прекини во снабдувањето.

„Газпром“ на каналот Телеграм наведе дека проблемот со испораката на гас во Италија е поради регулаторните промени во Австрија.

Рускиот државен енергетски гигант соопшти дека транзитот на гас преку Австрија бил суспендиран откако мрежниот оператор во земјата одбил да ги потврди номинациите за транспорт.

Портпаролот на „Ени“, меѓутоа, кажа дека Австрија и натаму добива гас на границата со Словачка.

Пред војната во Украина, Италија увезуваше 95 отсто од својот гас. од кој околу 45 отсто доаѓаше од Русија.

Италијанскиот премиер во заминување Марио Драги потпиша нови договори со други производители на гас за намалување на зависноста од Русија, така што од јуни таа изнесува 10 отсто, додека увозот од Алжир и нордиските земји расте, а се забрзува транзицијата кон обновливи извори на енергија.

The post „Газпром“ ја прекина испораката на гас за Италија – проблем наводно е транспортот низ Австрија appeared first on Република.

]]>

Руски „Газпром“ ја прекина испораката на гас за италијанската компанија „Ени“, наведувајќи го како проблем транспортот преку Австрија, соопшти денеска италијанскиот енергетски гигант, додавајќи дека работи на решението на проблемот.
„Газпром“ ни соопшти дека не може да ја потврди испораката на потребните количества за денеска, а како причина ја наведе неможноста за транспорт на гасот преку Австрија, соопшти „Ени“, пренесе Радио Слободна Европа.
Италијанската компанија додаде дека од овие причини „ќе биде суспендиран протокот на руски гас до нив преку влезната точка во Тарвизио“. Поголемиот дел од рускиот гас испорачан во Италија минува низ Украина, а потоа преку Трансавстрискиот гасовод (ТАГ) до Тарвизио, во северна Италија, на границата со Австрија. Од почетокот на инвазијата врз Украина, на 24 февруари, европските земји и Русија се расправаат околу снабдувањето на ЕУ со природен гас. Европската унија посочува дека Москва го користи гасот како економско оружје, што таа го негира, обвинувајќи го влијанието на западните санкции за какви било прекини во снабдувањето. „Газпром“ на каналот Телеграм наведе дека проблемот со испораката на гас во Италија е поради регулаторните промени во Австрија. Рускиот државен енергетски гигант соопшти дека транзитот на гас преку Австрија бил суспендиран откако мрежниот оператор во земјата одбил да ги потврди номинациите за транспорт. Портпаролот на „Ени“, меѓутоа, кажа дека Австрија и натаму добива гас на границата со Словачка. Пред војната во Украина, Италија увезуваше 95 отсто од својот гас. од кој околу 45 отсто доаѓаше од Русија. Италијанскиот премиер во заминување Марио Драги потпиша нови договори со други производители на гас за намалување на зависноста од Русија, така што од јуни таа изнесува 10 отсто, додека увозот од Алжир и нордиските земји расте, а се забрзува транзицијата кон обновливи извори на енергија.

The post „Газпром“ ја прекина испораката на гас за Италија – проблем наводно е транспортот низ Австрија appeared first on Република.

]]>
„Газпром“: Нема испорака на гас за Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/gazprom-zgasnatata-kompresorska-stanica-na-severen-tek-1-ne-e-bezbedna-nema-isporaka-na-gas-za-germanija/ Mon, 05 Sep 2022 19:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=547793

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ денеска соопшти дека добил официјално предупредување од руските регулатори дека згаснатата компресорска станица „Портоваја“, што требаше да испумпува гас за Германија преку гасоводот „Северен тек-1“, не ги исполнува безбедносните стандарди.

„Газпром“ пред три дена соопшти дека забележал истекување на моторно масло од турбината која во тој момент сè уште работела во „Портоваја“ и дека ќе ја прекине испораката на природен гас додека не се отстрани дефектот.

Руската компанија, денеска ја цитираше компанијата „Сименс Енерџи, која врши ремонт на турбините на „Северен тек“, за тоа дека „истекувањето масло може да го поправи само специјализирана компанија“.

„Газпром“ во соопштението наведува дека „Портоваја“ сега е „опасен производствен капацитет“ и дека повеќе не може да работи легално.

„Сименс енерџи“ во саботата соопшти дека никој не побарал од неа да ја изврши поправката и дека истекувањето на маслото не треба да влијае врз функционалноста на турбината и дека дефектот може да се санира на лице место. Од оваа компанија соопштија и дека „Портоваја“ има на располагање и други турбини.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска го повтори ставот на Москва дека проблемите со испораките на гас од Русија се единствено резултат на санкциите на Западот.

Европа ја обвини Русија дека користи гас како оружје како одмазда за санкциите наметнати на Москва поради нејзината инвазија на Украина.

The post „Газпром“: Нема испорака на гас за Германија appeared first on Република.

]]>

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ денеска соопшти дека добил официјално предупредување од руските регулатори дека згаснатата компресорска станица „Портоваја“, што требаше да испумпува гас за Германија преку гасоводот „Северен тек-1“, не ги исполнува безбедносните стандарди. „Газпром“ пред три дена соопшти дека забележал истекување на моторно масло од турбината која во тој момент сè уште работела во „Портоваја“ и дека ќе ја прекине испораката на природен гас додека не се отстрани дефектот. Руската компанија, денеска ја цитираше компанијата „Сименс Енерџи, која врши ремонт на турбините на „Северен тек“, за тоа дека „истекувањето масло може да го поправи само специјализирана компанија“. „Газпром“ во соопштението наведува дека „Портоваја“ сега е „опасен производствен капацитет“ и дека повеќе не може да работи легално. „Сименс енерџи“ во саботата соопшти дека никој не побарал од неа да ја изврши поправката и дека истекувањето на маслото не треба да влијае врз функционалноста на турбината и дека дефектот може да се санира на лице место. Од оваа компанија соопштија и дека „Портоваја“ има на располагање и други турбини. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска го повтори ставот на Москва дека проблемите со испораките на гас од Русија се единствено резултат на санкциите на Западот. Европа ја обвини Русија дека користи гас како оружје како одмазда за санкциите наметнати на Москва поради нејзината инвазија на Украина.

The post „Газпром“: Нема испорака на гас за Германија appeared first on Република.

]]>
„Газпром“ утре нема да дистрибуира гас кон ЕУ преку „Северен поток 1“, нема информации кога ќе почне https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gazprom-utre-nema-da-distribuira-gas-kon-eu-preku-severen-potok-1-nema-informacii-koga-kje-pochne/ Fri, 02 Sep 2022 18:45:30 +0000 https://republika.mk/?p=546891

Руската компанија Газпром денеска најави дека утре нема да дистрибуира гас кон Европска Унија преку гасоводот Северен поток 1.

Во соопштението на Газпром се наведува дека утре нема да биде пуштен гасот поради истекување на масло од турбинскиот мотор.

Газпром пред неколку денови ја стопира испораката на гас преку Северен поток 1 поради ремонт и беше најавено дека утре ќе биде обновена доставата на гасот.

Газпром не наведе кога гасот повторно би можел да потече кон Европа преку Северен поток 1

The post „Газпром“ утре нема да дистрибуира гас кон ЕУ преку „Северен поток 1“, нема информации кога ќе почне appeared first on Република.

]]>

Руската компанија Газпром денеска најави дека утре нема да дистрибуира гас кон Европска Унија преку гасоводот Северен поток 1. Во соопштението на Газпром се наведува дека утре нема да биде пуштен гасот поради истекување на масло од турбинскиот мотор. Газпром пред неколку денови ја стопира испораката на гас преку Северен поток 1 поради ремонт и беше најавено дека утре ќе биде обновена доставата на гасот. Газпром не наведе кога гасот повторно би можел да потече кон Европа преку Северен поток 1

The post „Газпром“ утре нема да дистрибуира гас кон ЕУ преку „Северен поток 1“, нема информации кога ќе почне appeared first on Република.

]]>
Бугарите си легнаа на брашното, сега ќе преговараат со „Газпром“ за гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarite-si-legnaa-na-brashnoto-sega-kje-pregovaraat-so-gazprom-za-gas/ Thu, 01 Sep 2022 07:24:23 +0000 https://republika.mk/?p=546267

Бугарскиот преоден министер за енергетика, Росен Христов, за БНТ изјави дека неговата земја ги почнала преговорите со „Газпром“ и се обидува да постигне позитивен исход од преговорите и продолжување на испораките под услови поволни за неа.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Христов изјави дека клаузулите од договорот се доверливи, како и сите преговори и размена на информации. Тој информира дека се водат исклучително интензивни разговори и се надева дека наскоро ќе има позитивен резултат.

– Во моментов не зборуваме само за снабдување со гас, туку и за рокови за плаќање во рамките на ограничувањата наметнати од ЕУ, рече Христов.

Поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков, го нарече „Газпром“ небезбеден снабдувач со гас, бидејќи на крајот на зимата нагло и без предупредување ги прекина испораките за Бугарија. Тој додаде дека Бугарија имала обезбедени слотови за испорака на американски течен гас од октомври до декември, па, за него, е неразбирливо зошто шесте бродови со течен гас од САД биле одбиени од привремената влада на Галаб Донев.

Во Софија имаше протести на граѓаните кои не сакаат Бугарија да склучи нов договор со „Газпром“. Учесници во нив протестираа против бугарскиот претседател Румен Радев и рускиот претседател Владимир Путин и нивната зависност од Русија. Демонстрантите побараа смена на министерот за енергетика Росен Христов

The post Бугарите си легнаа на брашното, сега ќе преговараат со „Газпром“ за гас appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот преоден министер за енергетика, Росен Христов, за БНТ изјави дека неговата земја ги почнала преговорите со „Газпром“ и се обидува да постигне позитивен исход од преговорите и продолжување на испораките под услови поволни за неа. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Христов изјави дека клаузулите од договорот се доверливи, како и сите преговори и размена на информации. Тој информира дека се водат исклучително интензивни разговори и се надева дека наскоро ќе има позитивен резултат.
– Во моментов не зборуваме само за снабдување со гас, туку и за рокови за плаќање во рамките на ограничувањата наметнати од ЕУ, рече Христов.
Поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков, го нарече „Газпром“ небезбеден снабдувач со гас, бидејќи на крајот на зимата нагло и без предупредување ги прекина испораките за Бугарија. Тој додаде дека Бугарија имала обезбедени слотови за испорака на американски течен гас од октомври до декември, па, за него, е неразбирливо зошто шесте бродови со течен гас од САД биле одбиени од привремената влада на Галаб Донев. Во Софија имаше протести на граѓаните кои не сакаат Бугарија да склучи нов договор со „Газпром“. Учесници во нив протестираа против бугарскиот претседател Румен Радев и рускиот претседател Владимир Путин и нивната зависност од Русија. Демонстрантите побараа смена на министерот за енергетика Росен Христов

The post Бугарите си легнаа на брашното, сега ќе преговараат со „Газпром“ за гас appeared first on Република.

]]>
„Газпром“ го запре дотокот на гас кон Европа преку Северен тек 1 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gazprom-go-zapre-dotokot-na-gas-kon-evropa-preku-severen-tek-1/ Wed, 31 Aug 2022 08:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=545971

Руската државна компанија „Газпром“ го запре во средата дотокот на гас преку најголемиот активен гасовод во Европа, со што се зголемува опасноста од раст на инфлацијата и тонење во рецесија на водечките економии на континентот, а најбогатите европски земји ги натера на незапаметени рационализирања на потрошувачката на енергијата.

Снабдувањето со гас преку Северен тек 1 падна на нула кубни метри на час, работата на гасоводот е прекината три дена поради закажаните поправки на компресорската станица „Портоваја“, покажуваат податоците на операторите на мрежата за пренос на гас. Гасот за Германија нема да биде испорачуван меѓу 3 часот по средноевропско време во средата до раните утрински часови во сабота, соопшти „Газпром“.

Протокот на гасот падна на нула во Северен тек 1, кој од Русија преку Балтичкото Море оди во Германија, покажуваат податоците од влезната точка на германската гасна мрежа.

Така, според информациите на операторот на гасоводот „Opal“, кој добива гориво од Северен тек 1, испораките по балтичкиот автопат престанаа од 04:00 часот по московско време, како што соопшти „Газпром“. Помалку моќниот гасовод „Nel“ престана да добива гас уште порано – од 03:00 часот наутро.

The post „Газпром“ го запре дотокот на гас кон Европа преку Северен тек 1 appeared first on Република.

]]>

Руската државна компанија „Газпром“ го запре во средата дотокот на гас преку најголемиот активен гасовод во Европа, со што се зголемува опасноста од раст на инфлацијата и тонење во рецесија на водечките економии на континентот, а најбогатите европски земји ги натера на незапаметени рационализирања на потрошувачката на енергијата. Снабдувањето со гас преку Северен тек 1 падна на нула кубни метри на час, работата на гасоводот е прекината три дена поради закажаните поправки на компресорската станица „Портоваја“, покажуваат податоците на операторите на мрежата за пренос на гас. Гасот за Германија нема да биде испорачуван меѓу 3 часот по средноевропско време во средата до раните утрински часови во сабота, соопшти „Газпром“. Протокот на гасот падна на нула во Северен тек 1, кој од Русија преку Балтичкото Море оди во Германија, покажуваат податоците од влезната точка на германската гасна мрежа. Така, според информациите на операторот на гасоводот „Opal“, кој добива гориво од Северен тек 1, испораките по балтичкиот автопат престанаа од 04:00 часот по московско време, како што соопшти „Газпром“. Помалку моќниот гасовод „Nel“ престана да добива гас уште порано – од 03:00 часот наутро.

The post „Газпром“ го запре дотокот на гас кон Европа преку Северен тек 1 appeared first on Република.

]]>
„Газпром“ го исклучи „Северен тек 1“: Нема гас за Германија до сабота https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gazprom-go-iskluchi-severen-tek-1-nema-gas-za-germanija-do-sabota/ Wed, 31 Aug 2022 07:01:13 +0000 https://republika.mk/?p=545924

Русија во средата го запре протокот на гас низ најголемиот гасовод во Европа, интензивирајќи ја економската војна меѓу Москва и Брисел и зголемувајќи ги изгледите за рецесија и енергетска рационализација во некои од најбогатите европски земји.

Протокот падна на нула во Северен тек 1, кој се упатува кон Германија преку Балтичкото Море, покажуваат податоците од влезната точка на Северен тек во германската гасоводна мрежа.

Нема да има гас за Германија до раните утрински часови во сабота, објави руски „Газпром“.

Европските влади стравуваат дека Москва би можела да го продолжи тој период поради западните санкции наметнати по инвазијата на Украина и веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин ја користи енергијата како воено оружје.

Понатамошните ограничувања на европските испораки на гас би ја влошиле енергетската криза во која веќе се забележани скокови на големопродажните цени на бензинот за повеќе од 400 отсто од август минатата година, создавајќи криза за трошоците на животот за потрошувачите и отежнувајќи ги компаниите да работат и ги принудуваат владите да потроши милијарди за да го олесни товарот.

Москва, која веќе го намали снабдувањето преку Северен тек 1 до 40 отсто од капацитетот во јуни и 20 отсто во јули, ги обвинува проблемите со одржувањето и санкциите кои според неа го спречуваат враќањето и инсталирањето на опремата.

„Газпром“ објави дека последниот потег е неопходен за одржување на единствениот преостанат компресор на гасоводот.

The post „Газпром“ го исклучи „Северен тек 1“: Нема гас за Германија до сабота appeared first on Република.

]]>

Русија во средата го запре протокот на гас низ најголемиот гасовод во Европа, интензивирајќи ја економската војна меѓу Москва и Брисел и зголемувајќи ги изгледите за рецесија и енергетска рационализација во некои од најбогатите европски земји. Протокот падна на нула во Северен тек 1, кој се упатува кон Германија преку Балтичкото Море, покажуваат податоците од влезната точка на Северен тек во германската гасоводна мрежа.
Нема да има гас за Германија до раните утрински часови во сабота, објави руски „Газпром“.
Европските влади стравуваат дека Москва би можела да го продолжи тој период поради западните санкции наметнати по инвазијата на Украина и веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин ја користи енергијата како воено оружје. Понатамошните ограничувања на европските испораки на гас би ја влошиле енергетската криза во која веќе се забележани скокови на големопродажните цени на бензинот за повеќе од 400 отсто од август минатата година, создавајќи криза за трошоците на животот за потрошувачите и отежнувајќи ги компаниите да работат и ги принудуваат владите да потроши милијарди за да го олесни товарот. Москва, која веќе го намали снабдувањето преку Северен тек 1 до 40 отсто од капацитетот во јуни и 20 отсто во јули, ги обвинува проблемите со одржувањето и санкциите кои според неа го спречуваат враќањето и инсталирањето на опремата. „Газпром“ објави дека последниот потег е неопходен за одржување на единствениот преостанат компресор на гасоводот.

The post „Газпром“ го исклучи „Северен тек 1“: Нема гас за Германија до сабота appeared first on Република.

]]>
Бугарија се уште не добила одговор од „Газпром“дали ќе разговараат за обнова на снабдувањето со гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-se-ushte-ne-dobila-odgovor-od-gazprom-dali-kje-razgovaraat-za-obnova-na-snabduvanjeto-so-gas/ Tue, 30 Aug 2022 12:46:29 +0000 https://republika.mk/?p=545650

Компанијата „Газпром“ не му дала одговор на бугарското Министерство за енергетика дали може да почнат преговори за обновување на испораките на природен гас, објави ТВ Еуроњуз Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерот за енергетика Росен Христов најави дека Бугарија до крајот на вчерашниот ден очекувала одговор од Гаспром, но засега не добила.

Преодната влада на земјата очекуваше руската компанија да именува лице со кое Бугарија би можела да преговара.

Денеска имаше протести пред бугарското Министерство за енергетика во Софија, каде претставници на граѓанското здружение Борец на влезот го исцртаа знакот „Z“ со кој се изјаснија против преговорите меѓу Бугарија и Гаспром.

Иван Георгиев од „Борец“ побарал средба со вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија Росен Христов, но од обезбедувањето на зградата не му било дозволено да влезе. Георгиев го дефинираше Министерството за енергетика како министерство на Гаспром. Тој коментира дека Румен Радев, Бојко Борисов и Галаб Донев треба да ја сносат одговорноста пред својот господар од Кремљ за дадените ветувања и додаде дека нема да дозволат Гаспром да и постави стапица на Бугарија. Протестот пред зградата на бугарската Влада ќе остане до утре, кога ќе се одржи состанокот на преодната влада.

Цените на гасот за септември во Бугарија ќе се зголемат за 17 отсто, бидејќи проценетата цена на природниот гас во земјара е 350 лева (175 евра), најави извршниот директор на државната компанија Булгаргаз Деница Златева. Зголемувањето на цената се должи на зголемениот берзански индекс.

Булгаргаз, според Златева, го исполнува договорот со Гаспром, секој ден испраќа барања за испорака на гас, но добива потврда за нула количини за следниот ден од руска страна. Таа рече дека разговорите се на политичко ниво. Булгаргаз го исполнува само постоечкиот договор, така што Бугарија не може да биде обвинета дека не го испочитувала договорот со Гаспром. Обезбедени се количините гас за Бугарија за септември. Бугарија во октомври ќе добие еден од танкерите со американски течен гас договорен од поранешната влада на Кирил Петков. Исто така, распишан е тендер за добивање гас од гасниот центар „Балкан“, коментира и Златева.

The post Бугарија се уште не добила одговор од „Газпром“дали ќе разговараат за обнова на снабдувањето со гас appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Газпром“ не му дала одговор на бугарското Министерство за енергетика дали може да почнат преговори за обновување на испораките на природен гас, објави ТВ Еуроњуз Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерот за енергетика Росен Христов најави дека Бугарија до крајот на вчерашниот ден очекувала одговор од Гаспром, но засега не добила. Преодната влада на земјата очекуваше руската компанија да именува лице со кое Бугарија би можела да преговара. Денеска имаше протести пред бугарското Министерство за енергетика во Софија, каде претставници на граѓанското здружение Борец на влезот го исцртаа знакот „Z“ со кој се изјаснија против преговорите меѓу Бугарија и Гаспром. Иван Георгиев од „Борец“ побарал средба со вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија Росен Христов, но од обезбедувањето на зградата не му било дозволено да влезе. Георгиев го дефинираше Министерството за енергетика како министерство на Гаспром. Тој коментира дека Румен Радев, Бојко Борисов и Галаб Донев треба да ја сносат одговорноста пред својот господар од Кремљ за дадените ветувања и додаде дека нема да дозволат Гаспром да и постави стапица на Бугарија. Протестот пред зградата на бугарската Влада ќе остане до утре, кога ќе се одржи состанокот на преодната влада. Цените на гасот за септември во Бугарија ќе се зголемат за 17 отсто, бидејќи проценетата цена на природниот гас во земјара е 350 лева (175 евра), најави извршниот директор на државната компанија Булгаргаз Деница Златева. Зголемувањето на цената се должи на зголемениот берзански индекс. Булгаргаз, според Златева, го исполнува договорот со Гаспром, секој ден испраќа барања за испорака на гас, но добива потврда за нула количини за следниот ден од руска страна. Таа рече дека разговорите се на политичко ниво. Булгаргаз го исполнува само постоечкиот договор, така што Бугарија не може да биде обвинета дека не го испочитувала договорот со Гаспром. Обезбедени се количините гас за Бугарија за септември. Бугарија во октомври ќе добие еден од танкерите со американски течен гас договорен од поранешната влада на Кирил Петков. Исто така, распишан е тендер за добивање гас од гасниот центар „Балкан“, коментира и Златева.

The post Бугарија се уште не добила одговор од „Газпром“дали ќе разговараат за обнова на снабдувањето со гас appeared first on Република.

]]>
Бугарија бара од „Газпром“ враќање на преговорите за гасот, се чека одговор од руската компанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-bara-od-gazprom-vrakjanje-na-pregovorite-za-gasot-se-cheka-odgovor-od-ruskata-kompanija/ Mon, 29 Aug 2022 08:23:01 +0000 https://republika.mk/?p=545147

„Газпром“ се очекува да и одговори на Бугарија дали ќе се вратат на преговарачката маса, а според бугарскиот министер за енергетика, Румен Христов, тоа треба да се случи најдоцна денеска.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на крајот на минатата недела техничката влада и официјално стапила во контакт со руската компанија за обнова на испораките на гас во рамките на постојниот договор, што истекува на 31 декември.

Целта на евентуалните преговори е „Газпром“ да го врати снабдувањето со природен гас за Бугарија во рамките на овој договор.

Бугарското министерство ќе инсистира на промена на начинот на плаќање, како и продолжување на испораките до крајот на грејната сезона.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска ќе разговара со претставниците на двете грчки компании „Гастраде“ и „Копелузос груп“ на кои ќе се разговара за можностите за зголемување на испораките на гас што Бугарија ќе ги увезува преку терминалот за течен гас во градот Александрополис. На средбата ќе присуствуваат техничкиот премиер Галаб Донев, министерот за енергетика Румен Христов, како и шефовите на двете бугарски компании за трговија со гас „Булгаргаз“ и „Булгартрансгаз“.

Бугарија, на овој начин, сака да ги интензивира разговорите за зголемување на испораките од терминалот Александропулис.

Граѓанското здружение „Боец“ за вечерва организира протест пред зградата на претседателската администрација во Софија против евентуалното продолжување на преговорите меѓу Бугарија и руската компанија „Газпром“. Тие ќе бараат оставка од техничкиот министер за енергетика Румен Христов. Здружението „Боец“ бара Бугарија не само да не ги продолжи преговорите со „Газпром“ според стариот договор, туку и да не потпишува нови долгорочни договори со Русија.

The post Бугарија бара од „Газпром“ враќање на преговорите за гасот, се чека одговор од руската компанија appeared first on Република.

]]>

„Газпром“ се очекува да и одговори на Бугарија дали ќе се вратат на преговарачката маса, а според бугарскиот министер за енергетика, Румен Христов, тоа треба да се случи најдоцна денеска. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на крајот на минатата недела техничката влада и официјално стапила во контакт со руската компанија за обнова на испораките на гас во рамките на постојниот договор, што истекува на 31 декември. Целта на евентуалните преговори е „Газпром“ да го врати снабдувањето со природен гас за Бугарија во рамките на овој договор. Бугарското министерство ќе инсистира на промена на начинот на плаќање, како и продолжување на испораките до крајот на грејната сезона. Претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска ќе разговара со претставниците на двете грчки компании „Гастраде“ и „Копелузос груп“ на кои ќе се разговара за можностите за зголемување на испораките на гас што Бугарија ќе ги увезува преку терминалот за течен гас во градот Александрополис. На средбата ќе присуствуваат техничкиот премиер Галаб Донев, министерот за енергетика Румен Христов, како и шефовите на двете бугарски компании за трговија со гас „Булгаргаз“ и „Булгартрансгаз“. Бугарија, на овој начин, сака да ги интензивира разговорите за зголемување на испораките од терминалот Александропулис. Граѓанското здружение „Боец“ за вечерва организира протест пред зградата на претседателската администрација во Софија против евентуалното продолжување на преговорите меѓу Бугарија и руската компанија „Газпром“. Тие ќе бараат оставка од техничкиот министер за енергетика Румен Христов. Здружението „Боец“ бара Бугарија не само да не ги продолжи преговорите со „Газпром“ според стариот договор, туку и да не потпишува нови долгорочни договори со Русија.

The post Бугарија бара од „Газпром“ враќање на преговорите за гасот, се чека одговор од руската компанија appeared first on Република.

]]>
Христов: Бугарија ќе преговара со Газпром https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hristov-bugarija-kje-pregovara-so-gazprom/ Mon, 22 Aug 2022 16:40:30 +0000 https://republika.mk/?p=542930

Вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија Росен Христов најави дека неговата земја очигледно ќе мора да преговара со руски Газпром, јави дописникот на МИА од Софија.

По брифингот во бугарската влада за справување со гасната криза, Христов коментираше дека тоа ќе бидат многу тешки разговори.

Според него, Министерството за енергетика на Бугарија подготвило различни опции за разговор, но се чека одговор од Газпром.

Росен Христов вели дека интерконекторот на Бугарија со Грција бил оставен без надзор од претходната администрација, а има акумулација на голем број проблеми поврзани со неговата изградба и документација.

Тој додаде дека преодната влада нашла тотален хаос и раководство кое не помогнало да се реши проблемот.

„Топлификација Софија“ му должи на „Булгаргаз“ стотици милиони лева и нема шанси тоа да заврши со сегашниот начин на раководење, напротив дури се очекува да расте за 300 милиони лева (150 милиони евра) месечно, додаде Христов.

The post Христов: Бугарија ќе преговара со Газпром appeared first on Република.

]]>

Вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија Росен Христов најави дека неговата земја очигледно ќе мора да преговара со руски Газпром, јави дописникот на МИА од Софија. По брифингот во бугарската влада за справување со гасната криза, Христов коментираше дека тоа ќе бидат многу тешки разговори. Според него, Министерството за енергетика на Бугарија подготвило различни опции за разговор, но се чека одговор од Газпром. Росен Христов вели дека интерконекторот на Бугарија со Грција бил оставен без надзор од претходната администрација, а има акумулација на голем број проблеми поврзани со неговата изградба и документација. Тој додаде дека преодната влада нашла тотален хаос и раководство кое не помогнало да се реши проблемот.
„Топлификација Софија“ му должи на „Булгаргаз“ стотици милиони лева и нема шанси тоа да заврши со сегашниот начин на раководење, напротив дури се очекува да расте за 300 милиони лева (150 милиони евра) месечно, додаде Христов.

The post Христов: Бугарија ќе преговара со Газпром appeared first on Република.

]]>
„Газпром“ најавува огромно зголемување на цената на гасот во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gazprom-najavuva-ogromno-zgolemuvanje-na-cenata-na-gasot-vo-evropa/ Tue, 16 Aug 2022 12:41:50 +0000 https://republika.mk/?p=540983

Рускиот производител на гас „Газпром“ денеска го претстави извештајот за работењето во првите 7,5 месеци од годината и најави дека цената на гасот во Европа во текот на зимата ќе надмине 4.000 долари за 1.000 кубни метри.

Според извештајот, извозот во земјите вон Заедницата независни држави изнесува 78,5 милијарди кубни метри, што е намалување за 36,2 проценти, додека во исто време бележи раст рускиот извоз на гас во Кина.

Производството на „Газпром“ од 1 јануари до 15 август, според прелиминарните податоци, изнесува 274,8 милијарди кубни метри гас, што е за 13,2 отсто помалку во однос на истиот период лани. Побарувачката за гас што го произведува „Газпром“ на домашниот пазар е намалена за 2,3 проценти.

Рускиот весник „Комерсант“ објави дека на крајот на јули цената на гасот во Европа почнала да расте, што сега надминала 2.000 долари за 1.000 кубни метри, а причината за тоа е намалувањето на понудата на Северен поток од страна на „Газпром“.

Цената на гасот во Европа вчера се искачи на рекордни 2.500 долари за илјада кубни метри, надминувајќи ги вредностите од почетокот на март. Гасот е сè поскап поради високите температури на воздухот и сушата, што го отежнува транспортот на јаглен по река. Дополнително, намалени се испораките на гас од Норвешка поради поправки во производните капацитети, се наведува во текстот на „Комерсант“.

The post „Газпром“ најавува огромно зголемување на цената на гасот во Европа appeared first on Република.

]]>

Рускиот производител на гас „Газпром“ денеска го претстави извештајот за работењето во првите 7,5 месеци од годината и најави дека цената на гасот во Европа во текот на зимата ќе надмине 4.000 долари за 1.000 кубни метри. Според извештајот, извозот во земјите вон Заедницата независни држави изнесува 78,5 милијарди кубни метри, што е намалување за 36,2 проценти, додека во исто време бележи раст рускиот извоз на гас во Кина. Производството на „Газпром“ од 1 јануари до 15 август, според прелиминарните податоци, изнесува 274,8 милијарди кубни метри гас, што е за 13,2 отсто помалку во однос на истиот период лани. Побарувачката за гас што го произведува „Газпром“ на домашниот пазар е намалена за 2,3 проценти. Рускиот весник „Комерсант“ објави дека на крајот на јули цената на гасот во Европа почнала да расте, што сега надминала 2.000 долари за 1.000 кубни метри, а причината за тоа е намалувањето на понудата на Северен поток од страна на „Газпром“. Цената на гасот во Европа вчера се искачи на рекордни 2.500 долари за илјада кубни метри, надминувајќи ги вредностите од почетокот на март. Гасот е сè поскап поради високите температури на воздухот и сушата, што го отежнува транспортот на јаглен по река. Дополнително, намалени се испораките на гас од Норвешка поради поправки во производните капацитети, се наведува во текстот на „Комерсант“.

The post „Газпром“ најавува огромно зголемување на цената на гасот во Европа appeared first on Република.

]]>
Нинова бара Софија веднаш да започне преговори со „Газпром“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ninova-bara-sofija-vednash-da-zapochne-pregovori-so-gazprom/ Fri, 12 Aug 2022 09:57:56 +0000 https://republika.mk/?p=539503

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, повика на итни преговори со руската енергетска компанија „Газпром“ за да се избегнат банкроти на деловните активности и да се осигура дека луѓето во земјата нема да страдаат во претстојната зима. Според Нинова, додека политичарите во Бугарија и експертите се расправаат кој е виновен, дали има бродови со течен гас, дали ќе работи интерконекторот со Грција, фабрики за ѓубрива во земјатаа почнаа да го затвораат производството и да отпуштаат работници.

Министерот за економија и индустрија на Бугарија дури сега ќе направи анкета колку компании работат на гас и ќе им даде инструкции да ја намалат потрошувачката за 15%.

Овие податоци се достапни – 28.000 претпријатија користат гас во кои работат 250.000 луѓе, смета и Нинова. Таа повика овие претпријатија во Бугарија да не се принудуваат да ја намалуваат потрошувачката на гас, бидејќи некои од нив никогаш повеќе нема да можат да ги стартуваат машините.

Се губи драгоцено време во расправии и ПР акции. Според лидерот на бугарските социјалисти, решението во оваа фаза за економијата и домаќинствата е само едно – итни преговори со „Газпром“, како што направија голем број европски лидери. БСП тоа го повторува уште од март. На оваа позадина, претседателот на Бугарија Румен Радев ќе одржи средба со сопственикот и менаџментот на градежната компанија „Авакс“, која го гради интерконекторот меѓу Грција и Бугарија и со менаџментот на проектната компанија која ја нарача изградбата – ИЦГБ. Целта на средбата е да се разјасни реалната состојба и потребните активности за што побрзо завршување на проектот.

На средбата Радев ги покани и вршителот на должноста премиер на Бугарија Галаб Донев, како и министрите за енергетика и регионален развој и јавни работи Росен Христов и Иван Шишков. Една недела пред претседателската администрација во Бугарија протестираат граѓани кои се против враќањето на Гаспром како снабдувач со гас.

The post Нинова бара Софија веднаш да започне преговори со „Газпром“ appeared first on Република.

]]>

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, повика на итни преговори со руската енергетска компанија „Газпром“ за да се избегнат банкроти на деловните активности и да се осигура дека луѓето во земјата нема да страдаат во претстојната зима. Според Нинова, додека политичарите во Бугарија и експертите се расправаат кој е виновен, дали има бродови со течен гас, дали ќе работи интерконекторот со Грција, фабрики за ѓубрива во земјатаа почнаа да го затвораат производството и да отпуштаат работници. Министерот за економија и индустрија на Бугарија дури сега ќе направи анкета колку компании работат на гас и ќе им даде инструкции да ја намалат потрошувачката за 15%. Овие податоци се достапни – 28.000 претпријатија користат гас во кои работат 250.000 луѓе, смета и Нинова. Таа повика овие претпријатија во Бугарија да не се принудуваат да ја намалуваат потрошувачката на гас, бидејќи некои од нив никогаш повеќе нема да можат да ги стартуваат машините. Се губи драгоцено време во расправии и ПР акции. Според лидерот на бугарските социјалисти, решението во оваа фаза за економијата и домаќинствата е само едно – итни преговори со „Газпром“, како што направија голем број европски лидери. БСП тоа го повторува уште од март. На оваа позадина, претседателот на Бугарија Румен Радев ќе одржи средба со сопственикот и менаџментот на градежната компанија „Авакс“, која го гради интерконекторот меѓу Грција и Бугарија и со менаџментот на проектната компанија која ја нарача изградбата – ИЦГБ. Целта на средбата е да се разјасни реалната состојба и потребните активности за што побрзо завршување на проектот. На средбата Радев ги покани и вршителот на должноста премиер на Бугарија Галаб Донев, како и министрите за енергетика и регионален развој и јавни работи Росен Христов и Иван Шишков. Една недела пред претседателската администрација во Бугарија протестираат граѓани кои се против враќањето на Гаспром како снабдувач со гас.

The post Нинова бара Софија веднаш да започне преговори со „Газпром“ appeared first on Република.

]]>